Иловица-Штука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilovitsa-shtuka/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 15:11:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иловица-Штука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilovitsa-shtuka/ 32 32 Патот до одговорно рударство и одржливост на проектот „Иловица-Штука” https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/patot-do-odgovorno-rudarstvo-i-odrzhlivost-na-proektot-ilovitsa-shtuka/ Tue, 24 Oct 2023 14:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=694605

Ние геолозите знаеме колку труд и енергија е потребно да се вложи за една минерална појава да се развие во наоѓалиште и да добие третман на иден рударски проект. Се разбира, не секогаш истражувањата ги даваат очекуваните резултати, меѓутоа кога резултатите се успешни не постои поголема награда за нашата работа. Со својата истражувачка активност на Проектот „Иловица-Штука”, се стремевме кон разбирање на границите и карактеристиките на ова наоѓалиште. Секое каменче, претставуваше разговор со природата која ни раскажуваше посебна приказна за земјата, нејзиниот развој и потенцијалот за одржливост.

Долгогодишната работа, почнуваќи од 2004 година на развојот на Проектот „Иловица-Штука” емотивно нè поврза и допринесе за мотивираност и посветеност во областа. Во Проектот е вложено многу труд, почнувајќи од анализа на примероци на површина, се до големиот број на детални длабински истражувања спроведени со цел да се докаже важноста и оправданоста на идниот рудник.

Во рударството и минералната индустрија, има комплексна интеракција меѓу економските, социјалните и еколошките аспекти. Тие три димензии на одржливоста мораат да бидат во согласност со изградбата на модерно и одржливо општество, а истовремено имплементација на принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој” (The UN Agenda 2030 for Sustainable Development). Агендата е возвишен идеал за да се искорени сиромаштијата и гладот, да се почитуваат човековите права, да се постигне вистинска еднаквост, и што е најважно, да се заштити нашата планета и нејзините непроценливи природни ресурси. Целите за одржлив развој ги балансираат трите суштински димензии: економската, социјалната и еколошката.

Изградбата и развојот на едно модерно и одржливо општество ќе има зголемена потреба од метали и минерали, кои го претставуваат крвотокот на инфраструктурата, блокови од кои се изградени комуникациски системи и самото срце на одржливи енергетски решенија, како што се соларни ќелии, турбини на ветер и батерии. Меѓутоа, во нашата потрага по овие непроценливи ресурси, ние мора да чекориме одговорно. Екстракцијата на метали и ископувањето на индустриски минерали мора да се прави со најголема грижа за луѓето, животната средина и економијата. За луѓето, ова подразбира заштита на здравјето, зачувување на социјалното и културното наследство и обезбедување на благосостојбата на заедниците. Еколошките размислувања бараат ригорозна контрола на емисиите, ефективно управување со отпадот, соодветна санација на просторот по екстракцијата, непоколеблива посветеност на зачувување на природата, одговорната употреба на енергија и свест за климатските промени. А на економски план, мораме да го негуваме социјалниот развој, да промовираме просперитет, да ја поттикнуваме конкурентноста, одржливо да управуваме со ресурсите и да ги браниме идеалите на кружната економија.

Како одговор на овие предизвици, рударскиот комплекс „Иловица-Штука” е дизајниран како модерен рудник кој ги имплементира принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој”. Исто така, инплементирани се највисоките стандарди на „ESG” (Environmental, Social, and Governance) принципите, поддржани од организациите како „IRMA” (The Initiative for Responsible Mining Assurance) и „ICMM” (International Council on Mining and Metals).  „EBRD” (European Bank for Reconstruction and Development) е вклучена во проектот, што значи дека се вклучени нејзините строги критериуми за изведба, кои вклучуваат еколошка и социјална оддговорност, одржливи практики и ангажман на сите засегнатите страни. Со тоа, проектот нема да биде само извор на корисни минерални суровини, туку и доказ дека со посветеноста на индустријата може да се постигне одржлив и хармоничен соживот со општеството и животната средина. Потенцијалот на рударскиот комплекс „Иловица-Штука” е огромен. Преку неговата реализација ќе се придонесе до подобрување на квалитетот на животот на локалните жители и заедници, стимулирање на регионален и национален економски раст и поттикнување на еколошка одржливост. Со реализацијата на Проектот Иловица-Штука ќе се спречи негативниот тренд на миграција, ќе се обезбеди чиста вода за пиење на локалните жители, ќе се подобри локалната инфраструктура, со еден збор значајно ќе се подобри квалитетот на живот во целиот регион.

Преку соодветната реализација на Проектот „Иловица-Штука”, со изградба на модерен и современ рудник во склад со сите строги стандарди за заштита на животната средина и со активно промовирање на принципот на одговорно рударство, нашиот успех во претворувањето на наоѓалиштето во иден рудник ќе биде уште поголем. Така мотивирани и горди на нашиот успех, дека сме дел од една успешна приказна, од која сите засегнати страни ќе имаат значајни придобивки, ќе продолжиме мотивирани со нашата научна геолошка работа се во насока да оставиме значен белег и продобивки во поставената „Агендата 2030 на ОН за Одржлив Развој”.

М-р Митко Лиговски, дпл. инг. геолог
Главен геолог во Еуромакс Ресоурцес ДОО


Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Патот до одговорно рударство и одржливост на проектот „Иловица-Штука” appeared first on Република.

]]>

Ние геолозите знаеме колку труд и енергија е потребно да се вложи за една минерална појава да се развие во наоѓалиште и да добие третман на иден рударски проект. Се разбира, не секогаш истражувањата ги даваат очекуваните резултати, меѓутоа кога резултатите се успешни не постои поголема награда за нашата работа. Со својата истражувачка активност на Проектот „Иловица-Штука”, се стремевме кон разбирање на границите и карактеристиките на ова наоѓалиште. Секое каменче, претставуваше разговор со природата која ни раскажуваше посебна приказна за земјата, нејзиниот развој и потенцијалот за одржливост. Долгогодишната работа, почнуваќи од 2004 година на развојот на Проектот „Иловица-Штука” емотивно нè поврза и допринесе за мотивираност и посветеност во областа. Во Проектот е вложено многу труд, почнувајќи од анализа на примероци на површина, се до големиот број на детални длабински истражувања спроведени со цел да се докаже важноста и оправданоста на идниот рудник. Во рударството и минералната индустрија, има комплексна интеракција меѓу економските, социјалните и еколошките аспекти. Тие три димензии на одржливоста мораат да бидат во согласност со изградбата на модерно и одржливо општество, а истовремено имплементација на принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој” (The UN Agenda 2030 for Sustainable Development). Агендата е возвишен идеал за да се искорени сиромаштијата и гладот, да се почитуваат човековите права, да се постигне вистинска еднаквост, и што е најважно, да се заштити нашата планета и нејзините непроценливи природни ресурси. Целите за одржлив развој ги балансираат трите суштински димензии: економската, социјалната и еколошката. Изградбата и развојот на едно модерно и одржливо општество ќе има зголемена потреба од метали и минерали, кои го претставуваат крвотокот на инфраструктурата, блокови од кои се изградени комуникациски системи и самото срце на одржливи енергетски решенија, како што се соларни ќелии, турбини на ветер и батерии. Меѓутоа, во нашата потрага по овие непроценливи ресурси, ние мора да чекориме одговорно. Екстракцијата на метали и ископувањето на индустриски минерали мора да се прави со најголема грижа за луѓето, животната средина и економијата. За луѓето, ова подразбира заштита на здравјето, зачувување на социјалното и културното наследство и обезбедување на благосостојбата на заедниците. Еколошките размислувања бараат ригорозна контрола на емисиите, ефективно управување со отпадот, соодветна санација на просторот по екстракцијата, непоколеблива посветеност на зачувување на природата, одговорната употреба на енергија и свест за климатските промени. А на економски план, мораме да го негуваме социјалниот развој, да промовираме просперитет, да ја поттикнуваме конкурентноста, одржливо да управуваме со ресурсите и да ги браниме идеалите на кружната економија. Како одговор на овие предизвици, рударскиот комплекс „Иловица-Штука” е дизајниран како модерен рудник кој ги имплементира принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој”. Исто така, инплементирани се највисоките стандарди на „ESG” (Environmental, Social, and Governance) принципите, поддржани од организациите како „IRMA” (The Initiative for Responsible Mining Assurance) и „ICMM” (International Council on Mining and Metals).  „EBRD” (European Bank for Reconstruction and Development) е вклучена во проектот, што значи дека се вклучени нејзините строги критериуми за изведба, кои вклучуваат еколошка и социјална оддговорност, одржливи практики и ангажман на сите засегнатите страни. Со тоа, проектот нема да биде само извор на корисни минерални суровини, туку и доказ дека со посветеноста на индустријата може да се постигне одржлив и хармоничен соживот со општеството и животната средина. Потенцијалот на рударскиот комплекс „Иловица-Штука” е огромен. Преку неговата реализација ќе се придонесе до подобрување на квалитетот на животот на локалните жители и заедници, стимулирање на регионален и национален економски раст и поттикнување на еколошка одржливост. Со реализацијата на Проектот Иловица-Штука ќе се спречи негативниот тренд на миграција, ќе се обезбеди чиста вода за пиење на локалните жители, ќе се подобри локалната инфраструктура, со еден збор значајно ќе се подобри квалитетот на живот во целиот регион. Преку соодветната реализација на Проектот „Иловица-Штука”, со изградба на модерен и современ рудник во склад со сите строги стандарди за заштита на животната средина и со активно промовирање на принципот на одговорно рударство, нашиот успех во претворувањето на наоѓалиштето во иден рудник ќе биде уште поголем. Така мотивирани и горди на нашиот успех, дека сме дел од една успешна приказна, од која сите засегнати страни ќе имаат значајни придобивки, ќе продолжиме мотивирани со нашата научна геолошка работа се во насока да оставиме значен белег и продобивки во поставената „Агендата 2030 на ОН за Одржлив Развој”. М-р Митко Лиговски, дпл. инг. геолог Главен геолог во Еуромакс Ресоурцес ДОО

Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Патот до одговорно рударство и одржливост на проектот „Иловица-Штука” appeared first on Република.

]]>
Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/matichnata-kompanija-na-buchim-otfrla-sekakva-povrzanost-so-rusija/ Fri, 13 Oct 2023 12:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=690936

Компанијата Бучим се огласи по повод неодамнешните медиумски содржини за нејзината поврзаност со проектот Иловица-Штука.

Го пренесуваме во целост нивното соопштение:

„Во интерес на вистината и правилното информирање на јавноста во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале формално да обезбедиме фактички корекции:

1. Единствената интеракција која матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп ја имал со Еуромакс Рисорсис во врска со проектот Иловица-Штука е во 2019 година и тоа по пат на јавна понуда. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна. Информацијата е достапна на следниов линк: https://solwaygroup.com/2019/04/25/solway-investment-group-offers-euromax-resources-ltd-and-the-ilovica-shtuka-project-a-better-path-forward/. На 26 април, 2019 година Еуромакс Рисорсис го одби овој предлог преку официјално соопштение. Оттогаш, предлогот ја изгуби својата важност и немаше никаква понатамошна комуникација помеѓу Солвеј и Еуромакс Рисорсис.

2. Ниту Бучим, ниту пак нејзината матична компанија немаат сопственост, контрола, поврзаност или пак влијание од Русија. Во декември 2022 година, поттикнати од, како што веруваа, неоправданите наводи за „руско влијание“ и „корупција“ поднесени од страна на Американската Канцеларија за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) против подружниците на Солвеј во Гватемала и двајца оттогаш веќе поранешни вработени, „одборот на директори на Солвеј започна независна целосна истрага кои исто така меѓу другото го истражуваа и таканареченото „руско влијание“. Независната истрага ја спроведе американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), во соработка со владата на САД, при што истрагата ја водеа искусни и почитувани пензионирани федерални агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД. Истрагата е завршена и резултатите се официјално доставени до американската влада. Набргу откако владата на САД беше известена за резултатите од истрагата, на санкционираните подружници на Солвеј во Гватемала од страна на американската влада им беше одобрено повторно да започнат со деловните операции во Гватемала и добија дозвола повторно да работат со рудниците. По повеќе од 100 спроведени интервјуа и преглед на терабајти податоци, истрагата јасно заклучи, дека Солвеј Инвестмент Груп нема никаква сопственост, контрола, поврзаност или влијание од Русија. Ова беше јавно објавено во мај 2023 година и е лесно достапно на Интернет: https://solwaygroup.com/2023/10/03/solway-investment-group-guatemalan-subsidiaries-granted-license-to-resume-operations/

3. Матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп е семејна компанија за рударство и метали со седиште во Швајцарија со проекти во Украина, Македонија, Гватемала, Индонезија и Аргентина. Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин. Солвеј е основан во 2003 година од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Тој се повлече од сите позиции во Солвеј во 2020 година и престана да поседува секаков интерес во компанијата. Компанијата е во сопственост на синовите на основачот, кои се германски државјани без руски врски и без руски пасоши. Солвеј никогаш не бил санкциониран за врски со Русија. Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија.

4. Ниту Бучим, ниту кои било други подружници на Солвеј Инвестмент Груп не сè и никогаш не биле контролирани од Дмитриј Кудрјаков, поединецот споменат како санкциониран во официјалната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ).
Дмитриј Кудрјаков долги години имаше раководни позиции во подружниците на Солвеј, сите негови договори со Солвеј и подружниците беа веднаш прекинати во ноември 2022 година, кога Солвеј дозна за американските санкции по изјавата на OFAC. Со одлука на акционерите на Дмитриј Кудрјаков официјално веднаш беше отповикан од каква било поврзаност со Солвеј и вклучително и од неговите позции во подружниците.“

The post Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија appeared first on Република.

]]>

Компанијата Бучим се огласи по повод неодамнешните медиумски содржини за нејзината поврзаност со проектот Иловица-Штука. Го пренесуваме во целост нивното соопштение: „Во интерес на вистината и правилното информирање на јавноста во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале формално да обезбедиме фактички корекции: 1. Единствената интеракција која матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп ја имал со Еуромакс Рисорсис во врска со проектот Иловица-Штука е во 2019 година и тоа по пат на јавна понуда. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна. Информацијата е достапна на следниов линк: https://solwaygroup.com/2019/04/25/solway-investment-group-offers-euromax-resources-ltd-and-the-ilovica-shtuka-project-a-better-path-forward/. На 26 април, 2019 година Еуромакс Рисорсис го одби овој предлог преку официјално соопштение. Оттогаш, предлогот ја изгуби својата важност и немаше никаква понатамошна комуникација помеѓу Солвеј и Еуромакс Рисорсис. 2. Ниту Бучим, ниту пак нејзината матична компанија немаат сопственост, контрола, поврзаност или пак влијание од Русија. Во декември 2022 година, поттикнати од, како што веруваа, неоправданите наводи за „руско влијание“ и „корупција“ поднесени од страна на Американската Канцеларија за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) против подружниците на Солвеј во Гватемала и двајца оттогаш веќе поранешни вработени, „одборот на директори на Солвеј започна независна целосна истрага кои исто така меѓу другото го истражуваа и таканареченото „руско влијание“. Независната истрага ја спроведе американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), во соработка со владата на САД, при што истрагата ја водеа искусни и почитувани пензионирани федерални агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД. Истрагата е завршена и резултатите се официјално доставени до американската влада. Набргу откако владата на САД беше известена за резултатите од истрагата, на санкционираните подружници на Солвеј во Гватемала од страна на американската влада им беше одобрено повторно да започнат со деловните операции во Гватемала и добија дозвола повторно да работат со рудниците. По повеќе од 100 спроведени интервјуа и преглед на терабајти податоци, истрагата јасно заклучи, дека Солвеј Инвестмент Груп нема никаква сопственост, контрола, поврзаност или влијание од Русија. Ова беше јавно објавено во мај 2023 година и е лесно достапно на Интернет: https://solwaygroup.com/2023/10/03/solway-investment-group-guatemalan-subsidiaries-granted-license-to-resume-operations/ 3. Матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп е семејна компанија за рударство и метали со седиште во Швајцарија со проекти во Украина, Македонија, Гватемала, Индонезија и Аргентина. Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин. Солвеј е основан во 2003 година од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Тој се повлече од сите позиции во Солвеј во 2020 година и престана да поседува секаков интерес во компанијата. Компанијата е во сопственост на синовите на основачот, кои се германски државјани без руски врски и без руски пасоши. Солвеј никогаш не бил санкциониран за врски со Русија. Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија. 4. Ниту Бучим, ниту кои било други подружници на Солвеј Инвестмент Груп не сè и никогаш не биле контролирани од Дмитриј Кудрјаков, поединецот споменат како санкциониран во официјалната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ). Дмитриј Кудрјаков долги години имаше раководни позиции во подружниците на Солвеј, сите негови договори со Солвеј и подружниците беа веднаш прекинати во ноември 2022 година, кога Солвеј дозна за американските санкции по изјавата на OFAC. Со одлука на акционерите на Дмитриј Кудрјаков официјално веднаш беше отповикан од каква било поврзаност со Солвеј и вклучително и од неговите позции во подружниците.“

The post Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија appeared first on Република.

]]>
Обединети гробари, против ЕУ и НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/obedineti-grobari-protiv-eu-i-nato/ Fri, 13 Oct 2023 08:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=690772

Крај на колумната

За жал, денес Македонија е заложник на ликови, како што е и министерката Шукова, којашто, за жал, не само што од рудници не знае ниту „р“, туку како по Павлов рефлекс е анблок против рудници. И тој свој став упорно го брани по медиумите. А јас, не би бил Виктор ако не би сакал на ТВ дуел, ем да ја критикувам, ем да ѝ помогнам да не тресе зелени. Не заради друго, туку заради тоа што им посакувам добрина и на моите, но и на сите други деца во Македонија.

Еве, конкретна понуда до неа. Подготвен сум во интерес на иднината на сите граѓани да ѝ ги расветлам сите нејзини и заблудите на нејзината Влада, која под притисок на лажни еко-активисти се пишмани. Нека избере ТВ станица која ја покрива терестријално целата територија на Македонија, нека дојде ако треба и со сите вработени во министерството, а јас ќе дојдам сам. Ама со книгата на Ванчо Чифлиганец под мишка. Да поразговараме за рударството во минатото, сегашноста ииднината на Македонија и за нејзината компарација за рудниците дека се тешка металична индустрија. Еве, и од старт најавувам каде ќе ја критикувам. Прво ќе почнеме со 8-те стадиуми за отворање на рудник. Нека знае каде ќе ја потфатам на прва. Баш за 8-от. За пошумувањето на рудникот.

Нека собере храброст и нека повели. За другите делови само сум разочаран една министерка за животна средина да не ја разбира следнава поента на Иво Андриќ:

„Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку недостасува.“

Да живее Македонија!

Почеток на колумната

Македонија може да напредува само со комплетна индустријализација и така да ја сопре сопствената економска пропаст. Апсолутно ги разбирам ликовите кои од клиентелистички побуди прифаќаат лажно да се претставуваат како Еко активисти кои се свесни или несвесни дека всушност одработуваат за економската пропаст на државата, туку ми е многу криво што во високите позиции во општеството на различни политички власти во последниве 15 години има луѓе кои свесно работат на финансиско разнебитување на Македонија. Сакаат едноставно да нѐ стават во стечај. И овие скриени личности ви се претставуваат како академици, професори, политичари, аналитичари, новинари итн, а впрочем се „Сеачи на страв“. Играат на картата емоција. А емоцијата е најбитната алатка во Македонија од која излага несекојдневниот израз познат само за овие простори: ИНАЕТ.

Морам да признаам, мошне умно. Ама инаетот има две страни. Е на едната страна сум јас и оние кои промовираат Индустријализација преку Металургија која ќе го користи своето природно богатство на металична руда во вредност од 18 милијарди евра и ќе го зголеми преку екстрактива и преработувачка металургија на 70 милијарди евра. Има да се направи инвестициски фронт за производство до последен штраф, а ископан и истопен во Македонија.

За жал, моменталната вистина е следна, а ние нормалните ќе ја смениме.

Иво Андриќ некогаш кажал: „Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне“. Така и една г-ѓа Милена Зафирова, која вели за себеси дека е еко-активист на некоја организација, заборава дека вистината е шило. – Ова последново морав да го кажам зошто ми става на товар дека Никола Груевски ме инспирирал за моите рударски текстовим и тоа финансиски. – За Милена мене ми е многу жал што не ја примиле во рудникот Иловица-Штука каде аплицирала како археолог. Исто така, ми е жал што нејзиниот татко е на многу слики со некогашниот директор Стив Шарп на Иловица-Штука и сега не е ангажиран.

Исто така, многу ми е жал и затоа што на оваа девојка „ѝ вадат“ муабет за следниве работи, за кои ѝ должи одговори на јавноста, особено на оние искрени луѓе кои со умисла се оставени да живеат во страв дека некој навистина ќе ги труе нив и нивните деца:

1. Дали организирала протести и плаќала по 1.500 денари и сендвич?
2. Дали собирала пари од оние кои во туѓина со тешки маки го вадат лебот и наводно
после ги трошела на разни туристички дестинации?
3. Точно ли е дека нејзината мајка била директор во некое комунално претпријатие
(Огражден, во Општина Босилово)?
4. Дали е вистина дека во истото претпријатие направила штета од 300.000 евра?

И, не ми е жал само за неа, туку и за другите. Еве, Анџел Наков ја бранел Гевгелија. Па тој е виц. Наводно реализирал гринфилд инвестиција од 19,1 милиони евра, ама почнала стечајна постапка во траење од 7 години за долгови во вредност од 3 милиони евра. Доверителите со стечаецот Макревски го продале договорот за 350.000 евра и, види чудом Анџел вика:

Алал да им е, и јас се сложувам и само да кажам дека мора веднаш да исплатат 2 милиони за столбовите и жичницата. Чуден домаќински пристап, нели?

И веднаш, Владата е крива! Не му го направила патот зошто ќе се отвораат рудници. Анџел облече одора на жртва. А зошто поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов вели дека во „Ски Кожув“ сѐ се правело „на ура“, „на ѓутуре“, без да се седне со стручни лица итн?

Изгледа дека со Борко Андреев како поранешен министер за стопанство од ДА на Васил Тупурковски ќе имаме одличен разговор на тема:

Анџел Наков. Сега ќе го боли, ама така е кога не размисли подобро пред да пласира грст навреди кон оние кои мислат поинаку.

Овие познаниците кои во една од претходните мои колумни ги споменав, кои живееле во Русија и многу добро ги познаваат тамошните околности, во неврзан разговор, ми велатбима едно златно правило кое мора да го знаат сите што си фатиле работа со нив. Можеш да им ветиш на Русите дека ќе исполниш една задача, може и пари однапред да им земеш, ама ако се дрзнеш да ги излажеш и да не го испорачаш ветеното, е тогаш има да има сериозни последици. Додека не се порамнат Русите не престануваат! Нека му ја мислат овие лажните еко-активисти. И да не се чудите што панично се поставуваат рокови во кои Владата според нив ќе морала да ги одземе концесиите за рударскиот комплекс Иловица – Штука. Им гори под нозете.

Како и да е, мене ме интересира само една работа. Наредбодавците на т.н екологисти мора да бидат разоткриени зошто зад тоа стојат финансиски и политички интереси. Овие интереси кочат сериозен финансиски развој кој можеме да го исполниме само преку западните сили. Источните се заглавени во Сан Стефанскиот договор.

Кои се финансиските интереси. Многу едноставно е, ако ја читаш нормално стратегијата на МАНУ и книгата на Ванчо Чифлиганец која е со мотото: „Можеш и ти, само делата се вистина“, разбираш кој зборува вистина,а кој лаже. Дел од МАНУ избира да манипулира во корист на Бучим, а Чифлиганец си ја кажува вистината.

Ај компарациите да идат вака. Прво со Чифлиганец, па со делот од МАНУ. Во своите сведоштва Чифлиганец навел како поделил К-15 на рударите за да можат да одат на одмор. Испратил свои луѓе од доверба (Лазе и Дени) во топилницата Бор, да земат 2 прачки злато од по 12 и пол килограми. И додава:

„Наше бучимско злато“ и тоа во трезорот на „Голд Мак“

И откако премиерот Никола Кљусев донел одлука македонското злато да остане во РМ, бучимските рудари го произвеле првото злато за трезорот наНБРМ и ја произведувале ………! Златото регуларно платено од Народна банка.

МАНУ во својата „Стратегија за геолошко истражување и одржливо истражување и експлоатцаија на минерални суровини во Македонија од 2025/2045“ вели дека „БУЧИМ Е РУДНИК САМО ЗА БАКАР“. Ова не знае да го напише Коцарев, Беџети, Камбовски, Таки Фити итн, ова може да го напише само Блажо Боев, дописен член на МАНУ, професор по геологија (петрологија, геохемија и минерологија), професор и ректор на Универзитет Гоце Делчев во Штип.

Па добро, бре, Блажо, каде е златото? Да не исчезна случајно? Еве му предлагам на „Блажо Академико“, заедно со неговиот школски другар до 8-мо одделение, а мене еден од најомилените професори и поранешен декан на ТМФм проф. Др Александар Димитров (меѓу сите металурзи, студенти или инженери, познат како Аце Брада) да го извадиме уредот („Атомецот“) за мерење и да утврдиме заедно каков е составот на метали во концентратот што се изнесува од Рудникот Бучим, ама и Боров Дол? Во ова испитување задолжително да учествува Државниот пазарен инспекторат? Да ја направиме контролата во следниве 365 дена.

Стратегијата на МАНУ и поврзаноста на „Блажо Академико“ ќе ја образложам во некои од следните колумни.


Пишува: Виктор Грозданов
Целата колумна прочитајте ја на Нетпрес.мк


Ставовите искажани во колумната се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Обединети гробари, против ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>

Крај на колумната За жал, денес Македонија е заложник на ликови, како што е и министерката Шукова, којашто, за жал, не само што од рудници не знае ниту „р“, туку како по Павлов рефлекс е анблок против рудници. И тој свој став упорно го брани по медиумите. А јас, не би бил Виктор ако не би сакал на ТВ дуел, ем да ја критикувам, ем да ѝ помогнам да не тресе зелени. Не заради друго, туку заради тоа што им посакувам добрина и на моите, но и на сите други деца во Македонија. Еве, конкретна понуда до неа. Подготвен сум во интерес на иднината на сите граѓани да ѝ ги расветлам сите нејзини и заблудите на нејзината Влада, која под притисок на лажни еко-активисти се пишмани. Нека избере ТВ станица која ја покрива терестријално целата територија на Македонија, нека дојде ако треба и со сите вработени во министерството, а јас ќе дојдам сам. Ама со книгата на Ванчо Чифлиганец под мишка. Да поразговараме за рударството во минатото, сегашноста ииднината на Македонија и за нејзината компарација за рудниците дека се тешка металична индустрија. Еве, и од старт најавувам каде ќе ја критикувам. Прво ќе почнеме со 8-те стадиуми за отворање на рудник. Нека знае каде ќе ја потфатам на прва. Баш за 8-от. За пошумувањето на рудникот. Нека собере храброст и нека повели. За другите делови само сум разочаран една министерка за животна средина да не ја разбира следнава поента на Иво Андриќ:
„Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку недостасува.“
Да живее Македонија! Почеток на колумната Македонија може да напредува само со комплетна индустријализација и така да ја сопре сопствената економска пропаст. Апсолутно ги разбирам ликовите кои од клиентелистички побуди прифаќаат лажно да се претставуваат како Еко активисти кои се свесни или несвесни дека всушност одработуваат за економската пропаст на државата, туку ми е многу криво што во високите позиции во општеството на различни политички власти во последниве 15 години има луѓе кои свесно работат на финансиско разнебитување на Македонија. Сакаат едноставно да нѐ стават во стечај. И овие скриени личности ви се претставуваат како академици, професори, политичари, аналитичари, новинари итн, а впрочем се „Сеачи на страв“. Играат на картата емоција. А емоцијата е најбитната алатка во Македонија од која излага несекојдневниот израз познат само за овие простори: ИНАЕТ. Морам да признаам, мошне умно. Ама инаетот има две страни. Е на едната страна сум јас и оние кои промовираат Индустријализација преку Металургија која ќе го користи своето природно богатство на металична руда во вредност од 18 милијарди евра и ќе го зголеми преку екстрактива и преработувачка металургија на 70 милијарди евра. Има да се направи инвестициски фронт за производство до последен штраф, а ископан и истопен во Македонија. За жал, моменталната вистина е следна, а ние нормалните ќе ја смениме. Иво Андриќ некогаш кажал: „Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне“. Така и една г-ѓа Милена Зафирова, која вели за себеси дека е еко-активист на некоја организација, заборава дека вистината е шило. – Ова последново морав да го кажам зошто ми става на товар дека Никола Груевски ме инспирирал за моите рударски текстовим и тоа финансиски. – За Милена мене ми е многу жал што не ја примиле во рудникот Иловица-Штука каде аплицирала како археолог. Исто така, ми е жал што нејзиниот татко е на многу слики со некогашниот директор Стив Шарп на Иловица-Штука и сега не е ангажиран. Исто така, многу ми е жал и затоа што на оваа девојка „ѝ вадат“ муабет за следниве работи, за кои ѝ должи одговори на јавноста, особено на оние искрени луѓе кои со умисла се оставени да живеат во страв дека некој навистина ќе ги труе нив и нивните деца: 1. Дали организирала протести и плаќала по 1.500 денари и сендвич? 2. Дали собирала пари од оние кои во туѓина со тешки маки го вадат лебот и наводно после ги трошела на разни туристички дестинации? 3. Точно ли е дека нејзината мајка била директор во некое комунално претпријатие (Огражден, во Општина Босилово)? 4. Дали е вистина дека во истото претпријатие направила штета од 300.000 евра? И, не ми е жал само за неа, туку и за другите. Еве, Анџел Наков ја бранел Гевгелија. Па тој е виц. Наводно реализирал гринфилд инвестиција од 19,1 милиони евра, ама почнала стечајна постапка во траење од 7 години за долгови во вредност од 3 милиони евра. Доверителите со стечаецот Макревски го продале договорот за 350.000 евра и, види чудом Анџел вика:
Алал да им е, и јас се сложувам и само да кажам дека мора веднаш да исплатат 2 милиони за столбовите и жичницата. Чуден домаќински пристап, нели?
И веднаш, Владата е крива! Не му го направила патот зошто ќе се отвораат рудници. Анџел облече одора на жртва. А зошто поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов вели дека во „Ски Кожув“ сѐ се правело „на ура“, „на ѓутуре“, без да се седне со стручни лица итн? Изгледа дека со Борко Андреев како поранешен министер за стопанство од ДА на Васил Тупурковски ќе имаме одличен разговор на тема:
Анџел Наков. Сега ќе го боли, ама така е кога не размисли подобро пред да пласира грст навреди кон оние кои мислат поинаку.
Овие познаниците кои во една од претходните мои колумни ги споменав, кои живееле во Русија и многу добро ги познаваат тамошните околности, во неврзан разговор, ми велатбима едно златно правило кое мора да го знаат сите што си фатиле работа со нив. Можеш да им ветиш на Русите дека ќе исполниш една задача, може и пари однапред да им земеш, ама ако се дрзнеш да ги излажеш и да не го испорачаш ветеното, е тогаш има да има сериозни последици. Додека не се порамнат Русите не престануваат! Нека му ја мислат овие лажните еко-активисти. И да не се чудите што панично се поставуваат рокови во кои Владата според нив ќе морала да ги одземе концесиите за рударскиот комплекс Иловица – Штука. Им гори под нозете. Како и да е, мене ме интересира само една работа. Наредбодавците на т.н екологисти мора да бидат разоткриени зошто зад тоа стојат финансиски и политички интереси. Овие интереси кочат сериозен финансиски развој кој можеме да го исполниме само преку западните сили. Источните се заглавени во Сан Стефанскиот договор. Кои се финансиските интереси. Многу едноставно е, ако ја читаш нормално стратегијата на МАНУ и книгата на Ванчо Чифлиганец која е со мотото: „Можеш и ти, само делата се вистина“, разбираш кој зборува вистина,а кој лаже. Дел од МАНУ избира да манипулира во корист на Бучим, а Чифлиганец си ја кажува вистината. Ај компарациите да идат вака. Прво со Чифлиганец, па со делот од МАНУ. Во своите сведоштва Чифлиганец навел како поделил К-15 на рударите за да можат да одат на одмор. Испратил свои луѓе од доверба (Лазе и Дени) во топилницата Бор, да земат 2 прачки злато од по 12 и пол килограми. И додава:
„Наше бучимско злато“ и тоа во трезорот на „Голд Мак“
И откако премиерот Никола Кљусев донел одлука македонското злато да остане во РМ, бучимските рудари го произвеле првото злато за трезорот наНБРМ и ја произведувале ………! Златото регуларно платено од Народна банка. МАНУ во својата „Стратегија за геолошко истражување и одржливо истражување и експлоатцаија на минерални суровини во Македонија од 2025/2045“ вели дека „БУЧИМ Е РУДНИК САМО ЗА БАКАР“. Ова не знае да го напише Коцарев, Беџети, Камбовски, Таки Фити итн, ова може да го напише само Блажо Боев, дописен член на МАНУ, професор по геологија (петрологија, геохемија и минерологија), професор и ректор на Универзитет Гоце Делчев во Штип. Па добро, бре, Блажо, каде е златото? Да не исчезна случајно? Еве му предлагам на „Блажо Академико“, заедно со неговиот школски другар до 8-мо одделение, а мене еден од најомилените професори и поранешен декан на ТМФм проф. Др Александар Димитров (меѓу сите металурзи, студенти или инженери, познат како Аце Брада) да го извадиме уредот („Атомецот“) за мерење и да утврдиме заедно каков е составот на метали во концентратот што се изнесува од Рудникот Бучим, ама и Боров Дол? Во ова испитување задолжително да учествува Државниот пазарен инспекторат? Да ја направиме контролата во следниве 365 дена. Стратегијата на МАНУ и поврзаноста на „Блажо Академико“ ќе ја образложам во некои од следните колумни.
Пишува: Виктор Грозданов Целата колумна прочитајте ја на Нетпрес.мк

Ставовите искажани во колумната се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Обединети гробари, против ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>
Кои се активистите кои се противат на новите рудници? Поддржувачи на Путин најгласни противници на западни инвестиции во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koi-se-aktivistite-koi-se-protivat-na-novite-rudnitsi-poddrzhuvachi-na-putin-najglasni-protivnitsi-na-zapadni-investitsii-vo-makedonija/ Tue, 10 Oct 2023 13:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=689944

Има ли вистина во написите на истражувачката мрежа „Белингкет“ и дали компанијата „Солвеј Инвестмент Груп“, како што се вели во текстот, претставува играч со руско влијание во земјава?

Сторијата се осврнува и на секторот рударство и тврди дека Русија се обидува да манипулира со пазарот и да влијае при одлучувањето на властите во секторите за кои има интерес.

Конкретно за Македонија се посочува делувањето на компанијата Солвеј Инвестмент Груп, која е сопственик на рудникот за бакар Бучим во Радовиш. Во текстот се вели дека оваа компанија официјално е швајцарска, но дека потекнува од Русија.

Кон крајот на 2022 година економскиот директор на рудникот Бучим Дмитриј Кудрјаков беше поставен на црната листа на САД. Во рудникот во Радовиш тој беше назначен по работата на Гватемала, каде според американските власти, учествувал во поткуп на администрацијата, политичарите и судиите за да оствари руски интерес, преку рудникот на Солвеј во земјата.

Во написот на мрежата „Белингкет“ уште се наведува дека групацијата „Солвеј“ е вклучена во многу проекти кои ги унапредуваат руските интереси – до тој степен што дури и владата во Москва лобира во нивно име, нарекувајќи ја „руска инвестиција“. Дополнително, во текстот се забележува, дека власта во рударството откажувала концесии на четири западни компании од 2017 година досега.

Во оваа насока во написот директно се споменуваат и имиња на „еко-активисти“ кои силно лобираат против најавите за инвестиции во рударството од страна на западни компании. Меѓу нив е и името на активистот Крум Велков од „Здрава котлина“. Во обвинувањата насочени кон реализацијата на проектот за рудник во Иловица-Штука, зад кој стои канадскиот рударски гигант „Трафигура“ преку домашната фирма „Еуромакс Ресоурсес“, тој дури и најавува создавање „општомакедонски еколошки фронт“.

Во една од своите објави на социјалните мрежи Велков дури споделува и оценка за евентуални „немили настани“ ако рудникот во Иловица-Штука се реализира.

– Сум укажал, всушност, дека револтот на народот од тоа што го прави „Еуромакс Ресурсис“ е толкав, што може да дојде до немили настани во случај на отворање на рудникот, бидејќи тој егзистенцијално ќе ги загрози сите жители. И порано сум предупредувал и сум ја повикувал владата да стави крај на ова – напиша Велков.

Во меѓувреме профилите на социјалните мрежи на еко-активистот од „Здрава котлина“ изобилуваат со објави во кои се велича руското државно раководство, особено по инвазијата во Украина.

– Русија ги отвора картите. Овде не се работи само за декларативна желба, туку за реален проект за ослободување на Европа од англо-американскиот геополитички режим – напиша Велков.

Според него, со војната во Украина започнал „официјалниот крај на униполарниот свет доминиран од Западот“. Во поткрепа на своите геополитички тези, еко-активистот Велков дополнително зборува дека пандемијата била „димна завеса која отпорот на слободниот човек ја развеал“.

Откако дел од домашните медиуми ја споделија сторијата на „Белингкет“ Крум Велков најави тужби, а новинарите од меѓународната истражувачка мрежа ги нарече „британски платеници“.

Претходно, од иницијативата „И здравје и работа“ која ја сочинуваат жители од југоистокот кои го поддржуваат проектот за изградба на рудникот за бакар Иловица-Штука, обвинија дека поради неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот, локалното население и генералната македонска јавност нема еднаков пристап до сите релевантни информации. Тие прашаа „кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението“ и најавија дека допрва ќе споделуваат повеќе детали.


Извор: Плусинфо

The post Кои се активистите кои се противат на новите рудници? Поддржувачи на Путин најгласни противници на западни инвестиции во Македонија appeared first on Република.

]]>

Има ли вистина во написите на истражувачката мрежа „Белингкет“ и дали компанијата „Солвеј Инвестмент Груп“, како што се вели во текстот, претставува играч со руско влијание во земјава? Сторијата се осврнува и на секторот рударство и тврди дека Русија се обидува да манипулира со пазарот и да влијае при одлучувањето на властите во секторите за кои има интерес. Конкретно за Македонија се посочува делувањето на компанијата Солвеј Инвестмент Груп, која е сопственик на рудникот за бакар Бучим во Радовиш. Во текстот се вели дека оваа компанија официјално е швајцарска, но дека потекнува од Русија. Кон крајот на 2022 година економскиот директор на рудникот Бучим Дмитриј Кудрјаков беше поставен на црната листа на САД. Во рудникот во Радовиш тој беше назначен по работата на Гватемала, каде според американските власти, учествувал во поткуп на администрацијата, политичарите и судиите за да оствари руски интерес, преку рудникот на Солвеј во земјата. Во написот на мрежата „Белингкет“ уште се наведува дека групацијата „Солвеј“ е вклучена во многу проекти кои ги унапредуваат руските интереси – до тој степен што дури и владата во Москва лобира во нивно име, нарекувајќи ја „руска инвестиција“. Дополнително, во текстот се забележува, дека власта во рударството откажувала концесии на четири западни компании од 2017 година досега. Во оваа насока во написот директно се споменуваат и имиња на „еко-активисти“ кои силно лобираат против најавите за инвестиции во рударството од страна на западни компании. Меѓу нив е и името на активистот Крум Велков од „Здрава котлина“. Во обвинувањата насочени кон реализацијата на проектот за рудник во Иловица-Штука, зад кој стои канадскиот рударски гигант „Трафигура“ преку домашната фирма „Еуромакс Ресоурсес“, тој дури и најавува создавање „општомакедонски еколошки фронт“. Во една од своите објави на социјалните мрежи Велков дури споделува и оценка за евентуални „немили настани“ ако рудникот во Иловица-Штука се реализира.
– Сум укажал, всушност, дека револтот на народот од тоа што го прави „Еуромакс Ресурсис“ е толкав, што може да дојде до немили настани во случај на отворање на рудникот, бидејќи тој егзистенцијално ќе ги загрози сите жители. И порано сум предупредувал и сум ја повикувал владата да стави крај на ова – напиша Велков.
Во меѓувреме профилите на социјалните мрежи на еко-активистот од „Здрава котлина“ изобилуваат со објави во кои се велича руското државно раководство, особено по инвазијата во Украина.
– Русија ги отвора картите. Овде не се работи само за декларативна желба, туку за реален проект за ослободување на Европа од англо-американскиот геополитички режим – напиша Велков.
Според него, со војната во Украина започнал „официјалниот крај на униполарниот свет доминиран од Западот“. Во поткрепа на своите геополитички тези, еко-активистот Велков дополнително зборува дека пандемијата била „димна завеса која отпорот на слободниот човек ја развеал“. Откако дел од домашните медиуми ја споделија сторијата на „Белингкет“ Крум Велков најави тужби, а новинарите од меѓународната истражувачка мрежа ги нарече „британски платеници“. Претходно, од иницијативата „И здравје и работа“ која ја сочинуваат жители од југоистокот кои го поддржуваат проектот за изградба на рудникот за бакар Иловица-Штука, обвинија дека поради неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот, локалното население и генералната македонска јавност нема еднаков пристап до сите релевантни информации. Тие прашаа „кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението“ и најавија дека допрва ќе споделуваат повеќе детали.
Извор: Плусинфо

The post Кои се активистите кои се противат на новите рудници? Поддржувачи на Путин најгласни противници на западни инвестиции во Македонија appeared first on Република.

]]>
Каква е врската меѓу понудата од Бучим за рудникот Иловица од 2019 со бунтот на еко-aктивистите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kakva-e-vrskata-megu-ponudata-od-buchim-za-rudnikot-ilovitsa-od-2019-so-buntot-na-eko-aktivistite/ Mon, 09 Oct 2023 11:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=689563

По најновите правни пречки со кои се соочи инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука дел од локалното население во југоистокот, под иницијативата „И здравје и работа“ почна да прашува кому му пречи проектот. Според нив, рудникот за бакар би имал големо економско значење за регионот и ќе го поддржат доколку се испочитуваат сите светски стандарди. Тие сега единствено ги гледаат придобивките од инвестицијата, особено откако во Собранието во 2019 година беа усвоени законските измени во Законот за минерални суровини, со кои се забранува употребата на штетни супстанции во новоотворените рудници.

Сепак, пред инвеститорот „Еуромакс рисорсис“ да се соочи со дополнителни правни предизвици и особено откако зад него застана канадската компанија „Трафигура“, понуда за инвестиција имаше и од фирмата во чија сопственост е рудникот „Бучим“ во Радовиш. Станува збор за „Солвеј инвестмент груп“. Тоа е компанија со седиште во Швајцарија, сопственост на естонски државјанин, но, како што се вели во шведската истражувачка сторија од 2022 година, „Рударски тајни“, кај концесионерот во Бучим наводно постои скриен руски капитал. Тогаш „Солвеј“ вети поддршка од локалната заедница и еколошките групи.

Токму таа спротивставеност на еколошките групи произведоа бројни шпекулации за тоа кој и како ги води тие групи на отпор или подрршка на проектот. Граѓаните прашуваат „кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението“.

Костадин Ристоманов од здружението Здрава котлина е еден од најгласните противници на рудникот Иловица – Штука, а за него се и најгласните приказни за наводната поврзаност со „Бучим“.

Во изјавата за МКД.мк тој вели дека засега битката на терен била добиена.

„Народот не сака и нема да дозволи рудници во струмичката котлина. Таму е невозможно да се направи рудник. Следува војната која сега се префрла на зелена маса на која се преговара за провизиите и репарациите, за обештетувањето кое државата ќе го плати на наводните инвеститори. Заради лакомоста на нашите политичари и нивната сервилност кон сè што доаѓа од Западот, сега државата ќе плаќа казна за нешто што е невозможно да се изгради, рудниците Иловица-Штука. Во моментов се преговара за сумите за провизии и за обештетување и за начинот како тоа да се изведе. Се работи за политички проект како да се профитира. Оваа разврска сега се темпира пред изборите за да му се соопшти на народот дека еве власта е со нив, се грижи за нив и ги спасува. Тоа ќе биде претставено како голем успех, а колкави ќе бидат провизиите – никој не знае.

Последните седум години мислам дека успеавме да го разоткриеме бандитскиот однос на нашите влади. Ова не е проект за рудници, ова е политички проект со цел да се продаде на ваков начин. Не е случајно тоа што првата концесија е добиена без елаборат за штетноста на животната средина. Таков елаборат не постои, а врз основа на наводното постоење на таков документ издадена е првата концесија. Дилот бил дозвола за провизија“, вели Ристоманов.

Тој признава дека неговата градежна фирма имала деловни односи со „Бучим“ во 2005 година, но тоа било многу порано од проектот на „Еуромакс“. И од „Бучим“ ни одговорија дека тие луѓе веќе не се дел од „деловното работење во компанијата“.

Огњан Лазаров од иницијативата И здравје и работа за МКД.мк вели дека тие не се исклучиви противници на рудникот Иловица-Штука.

„Да бидеме на јасно за да нема погрешни заклучоци – за нас употребата на цијанид и сулфурна киселина во експлоатацијата е затворено прашање. Не смее да ја има и затоа е забранета со закон. Ние сакаме низ стручна дебата и спротивставување на аргументи со инвеститорите да бидеме уверени и да ни се дадат гаранции дека на пример јаловината ќе се собира во сув ископ наместо во водена брана. Ние веруваме дека во 21 век постои модерен инфраструктурен концепт кој ќе овозможи ем заштитено здравје, животна средина и земјоделие, ем рударски комплекс кој ќе ја раздвижи македонската економија на долг рок и ќе овозможи враќање на младите од туѓина. Ние немаме море и пристаништа, но затоа божицата земја нè дарувала со вредна руда која треба мудро да се користи за да дава живот. Во нашата иницијатива има земјоделци, поранешни рудари, пензионери, родители на деца заминати во туѓина во потрага по подобар живот. Заради гласноста, агресивноста на другите, досега бевме тивки. За неколкумина од гласните противници на изградбата на рудникот се сомневаме во конфликт на интереси и скриени мотиви. Сметаме дека вреди да се размисли за предлогот да се формира едно независно мониторинг тело од нас граѓаните кои во сите фази од евентуална изградба на рудникот ќе врши надзор и ќе води сметка дека сите заштитни механизми се имплементираат од инвеститорот. Нашите мотиви се чесни и насочени исклучиво за обезбедување на иднина на младите, кои за жал се помалку ги има во Струмичката котлина.

Дел од жителите на Иловица и Штука велат дека се „за“ рудникот, бидејќи според институциите неговото работење нема да е штетно по здравјето.

„Со отворањето на рудникот  ќе се вработи овој народ, зашто од него можеме да имаме само ќар, а зијан не. Ќарот ќе е вработувањето, бидејќи ќе се вработат многу луѓе, многу млади. Ќе се вработат граѓани од општините Ново Село и Босилово и рудникот е предуслов за опстанок на овие две општини“, смета Митко Иванов од село Штука.

https://youtu.be/xajouwa_oD4

Извор: mkd.mk.


Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Каква е врската меѓу понудата од Бучим за рудникот Иловица од 2019 со бунтот на еко-aктивистите? appeared first on Република.

]]>

По најновите правни пречки со кои се соочи инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука дел од локалното население во југоистокот, под иницијативата „И здравје и работа“ почна да прашува кому му пречи проектот. Според нив, рудникот за бакар би имал големо економско значење за регионот и ќе го поддржат доколку се испочитуваат сите светски стандарди. Тие сега единствено ги гледаат придобивките од инвестицијата, особено откако во Собранието во 2019 година беа усвоени законските измени во Законот за минерални суровини, со кои се забранува употребата на штетни супстанции во новоотворените рудници. Сепак, пред инвеститорот „Еуромакс рисорсис“ да се соочи со дополнителни правни предизвици и особено откако зад него застана канадската компанија „Трафигура“, понуда за инвестиција имаше и од фирмата во чија сопственост е рудникот „Бучим“ во Радовиш. Станува збор за „Солвеј инвестмент груп“. Тоа е компанија со седиште во Швајцарија, сопственост на естонски државјанин, но, како што се вели во шведската истражувачка сторија од 2022 година, „Рударски тајни“, кај концесионерот во Бучим наводно постои скриен руски капитал. Тогаш „Солвеј“ вети поддршка од локалната заедница и еколошките групи. Токму таа спротивставеност на еколошките групи произведоа бројни шпекулации за тоа кој и како ги води тие групи на отпор или подрршка на проектот. Граѓаните прашуваат „кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението“. Костадин Ристоманов од здружението Здрава котлина е еден од најгласните противници на рудникот Иловица – Штука, а за него се и најгласните приказни за наводната поврзаност со „Бучим“. Во изјавата за МКД.мк тој вели дека засега битката на терен била добиена. „Народот не сака и нема да дозволи рудници во струмичката котлина. Таму е невозможно да се направи рудник. Следува војната која сега се префрла на зелена маса на која се преговара за провизиите и репарациите, за обештетувањето кое државата ќе го плати на наводните инвеститори. Заради лакомоста на нашите политичари и нивната сервилност кон сè што доаѓа од Западот, сега државата ќе плаќа казна за нешто што е невозможно да се изгради, рудниците Иловица-Штука. Во моментов се преговара за сумите за провизии и за обештетување и за начинот како тоа да се изведе. Се работи за политички проект како да се профитира. Оваа разврска сега се темпира пред изборите за да му се соопшти на народот дека еве власта е со нив, се грижи за нив и ги спасува. Тоа ќе биде претставено како голем успех, а колкави ќе бидат провизиите – никој не знае. Последните седум години мислам дека успеавме да го разоткриеме бандитскиот однос на нашите влади. Ова не е проект за рудници, ова е политички проект со цел да се продаде на ваков начин. Не е случајно тоа што првата концесија е добиена без елаборат за штетноста на животната средина. Таков елаборат не постои, а врз основа на наводното постоење на таков документ издадена е првата концесија. Дилот бил дозвола за провизија“, вели Ристоманов. Тој признава дека неговата градежна фирма имала деловни односи со „Бучим“ во 2005 година, но тоа било многу порано од проектот на „Еуромакс“. И од „Бучим“ ни одговорија дека тие луѓе веќе не се дел од „деловното работење во компанијата“. Огњан Лазаров од иницијативата И здравје и работа за МКД.мк вели дека тие не се исклучиви противници на рудникот Иловица-Штука. „Да бидеме на јасно за да нема погрешни заклучоци – за нас употребата на цијанид и сулфурна киселина во експлоатацијата е затворено прашање. Не смее да ја има и затоа е забранета со закон. Ние сакаме низ стручна дебата и спротивставување на аргументи со инвеститорите да бидеме уверени и да ни се дадат гаранции дека на пример јаловината ќе се собира во сув ископ наместо во водена брана. Ние веруваме дека во 21 век постои модерен инфраструктурен концепт кој ќе овозможи ем заштитено здравје, животна средина и земјоделие, ем рударски комплекс кој ќе ја раздвижи македонската економија на долг рок и ќе овозможи враќање на младите од туѓина. Ние немаме море и пристаништа, но затоа божицата земја нè дарувала со вредна руда која треба мудро да се користи за да дава живот. Во нашата иницијатива има земјоделци, поранешни рудари, пензионери, родители на деца заминати во туѓина во потрага по подобар живот. Заради гласноста, агресивноста на другите, досега бевме тивки. За неколкумина од гласните противници на изградбата на рудникот се сомневаме во конфликт на интереси и скриени мотиви. Сметаме дека вреди да се размисли за предлогот да се формира едно независно мониторинг тело од нас граѓаните кои во сите фази од евентуална изградба на рудникот ќе врши надзор и ќе води сметка дека сите заштитни механизми се имплементираат од инвеститорот. Нашите мотиви се чесни и насочени исклучиво за обезбедување на иднина на младите, кои за жал се помалку ги има во Струмичката котлина. Дел од жителите на Иловица и Штука велат дека се „за“ рудникот, бидејќи според институциите неговото работење нема да е штетно по здравјето. „Со отворањето на рудникот  ќе се вработи овој народ, зашто од него можеме да имаме само ќар, а зијан не. Ќарот ќе е вработувањето, бидејќи ќе се вработат многу луѓе, многу млади. Ќе се вработат граѓани од општините Ново Село и Босилово и рудникот е предуслов за опстанок на овие две општини“, смета Митко Иванов од село Штука. https://youtu.be/xajouwa_oD4 Извор: mkd.mk.

Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Каква е врската меѓу понудата од Бучим за рудникот Иловица од 2019 со бунтот на еко-aктивистите? appeared first on Република.

]]>
Грозданов: Македонија е под силен налет на специјален центар од источна словенска култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/grozdanov-makedonija-e-pod-silen-nalet-na-spetsijalen-tsentar-od-istochna-slovenska-kultura/ Sat, 23 Sep 2023 10:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=684338

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во најновата колумна за „Нетпрес“ ги нарече „зелена мафија“ еко-активистите кои протестираа против отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Тој во колумната најави дека ќе започне анализи што ќе ја разобличат, како што ја опиша, еколошката измама.

-Во наредниов период од неколку недели како што Ви ветив драги читатели ќе посветам внимание на тема непосредно врзана со моето образование како дипломиран инженер за екстрактивна металургија проткаено со професионалното минато, а тоа се медиумите. Мора да се обратам на здраво разумните луѓе во оваа Македонија дека сме под силен налет на специјален центар од источна словенска култура (ни се претставуваат како браќа), кој сака по секоја цена да ја разнебити оваа држава, која маченички сме ја стекнале и тоа само во еден правец, пишува Грозданов.

Без да наведе име на лицето за кое пишува тој вели дека екологисти од Скопје, со решено егзистенцијално прашање им кажуваат на струмичани дека земјоделието ќе пропадне ако рударскиот комплекс Иловица-Штука се изгради.

-Ни Струмица, ни котлина, ни Штука, важно тој си работи во Скопје и по налог на „Зелена Мафија“ и другите од центарот за разнебитување на Македонија е екологист од пристојна дистанца, кој треба по секоја цена да спречи долгорочен економски развој за регионот каде е роден. Е затоа се чувствувам повикан, како општествено одговорен човек, да дадам свој влог во разобличувањето на една еколошка измама, пишува Грозданов.

Според него, некој има интерес да не се реализира инвестицијата и оценува дека од таа причина има создадено екологисти „кои сите нормални би ги нарекле „Зелена Мафија“.

-Но, се удира врз најмилото и најсуштинското. Врз нашите деца и врз нашата определба Македонија. Едноставно да нема никој од нас кои со милениуми сме присутни. Да ја продадат и разнебитат оваа убавина Македонија и да Ве изманипулираат сите вас со нивните полтрони и еколошки „Вистински Лаги“ дека се живее од воздух. Ова е напад врз целата интелектуална сила без разлика дали станува збор за политичари, писатели, глумци, уметници, новинари или вистински научници и патриоти, пишува Грозданов во колумната.


The post Грозданов: Македонија е под силен налет на специјален центар од источна словенска култура appeared first on Република.

]]>

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во најновата колумна за „Нетпрес“ ги нарече „зелена мафија“ еко-активистите кои протестираа против отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Тој во колумната најави дека ќе започне анализи што ќе ја разобличат, како што ја опиша, еколошката измама.
-Во наредниов период од неколку недели како што Ви ветив драги читатели ќе посветам внимание на тема непосредно врзана со моето образование како дипломиран инженер за екстрактивна металургија проткаено со професионалното минато, а тоа се медиумите. Мора да се обратам на здраво разумните луѓе во оваа Македонија дека сме под силен налет на специјален центар од источна словенска култура (ни се претставуваат како браќа), кој сака по секоја цена да ја разнебити оваа држава, која маченички сме ја стекнале и тоа само во еден правец, пишува Грозданов.
Без да наведе име на лицето за кое пишува тој вели дека екологисти од Скопје, со решено егзистенцијално прашање им кажуваат на струмичани дека земјоделието ќе пропадне ако рударскиот комплекс Иловица-Штука се изгради.
-Ни Струмица, ни котлина, ни Штука, важно тој си работи во Скопје и по налог на „Зелена Мафија“ и другите од центарот за разнебитување на Македонија е екологист од пристојна дистанца, кој треба по секоја цена да спречи долгорочен економски развој за регионот каде е роден. Е затоа се чувствувам повикан, како општествено одговорен човек, да дадам свој влог во разобличувањето на една еколошка измама, пишува Грозданов.
Според него, некој има интерес да не се реализира инвестицијата и оценува дека од таа причина има создадено екологисти „кои сите нормални би ги нарекле „Зелена Мафија“.
-Но, се удира врз најмилото и најсуштинското. Врз нашите деца и врз нашата определба Македонија. Едноставно да нема никој од нас кои со милениуми сме присутни. Да ја продадат и разнебитат оваа убавина Македонија и да Ве изманипулираат сите вас со нивните полтрони и еколошки „Вистински Лаги“ дека се живее од воздух. Ова е напад врз целата интелектуална сила без разлика дали станува збор за политичари, писатели, глумци, уметници, новинари или вистински научници и патриоти, пишува Грозданов во колумната.

The post Грозданов: Македонија е под силен налет на специјален центар од источна словенска култура appeared first on Република.

]]>