илјушин ил-76 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iljushin-il-76/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Apr 2022 20:35:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илјушин ил-76 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iljushin-il-76/ 32 32 Мистериозен лет од Москва до воена база во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/misteriozen-let-od-moskva-do-voena-baza-vo-evropa/ Thu, 21 Apr 2022 05:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=491436

Мистериозeн авион полетал од Москва кон Европа во вторникот наутро, покажуваат податоците на „Флајт радар“, шведскиот сајт кој прикажува податоци во реално време за летовите низ светот.

Дестинацијата на транспортниот авион „Иљушин Ил-76“ во сопственост на руската компанија „Волга-Днепр ерлајнс“ била означена како „непозната“. Авионот наместо да оди по заобиколен пат поради затворениот воздушен простор на ЕУ, ја поминал цела Полска и Словачка и по три часа лет слетал во унгарската воена база Папа.

Ова не е прв ваков лет. На почетокот на април унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека руски авион, кој носел нуклеарно гориво слетал во базатa Папа.

Руското нуклеарно гориво испорачано во Унгарија е потребно за функционирање на нуклеарната централа Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во Унгарија.

Сите три земји низ чиј воздушен простор минал рускиот авион дале дозвола бидејќи, како што истакна унгарскиот министер, „нуклеарната енергија е изземена од сите санкции на ЕУ“.

 

The post Мистериозен лет од Москва до воена база во Европа appeared first on Република.

]]>

Мистериозeн авион полетал од Москва кон Европа во вторникот наутро, покажуваат податоците на „Флајт радар“, шведскиот сајт кој прикажува податоци во реално време за летовите низ светот. Дестинацијата на транспортниот авион „Иљушин Ил-76“ во сопственост на руската компанија „Волга-Днепр ерлајнс“ била означена како „непозната“. Авионот наместо да оди по заобиколен пат поради затворениот воздушен простор на ЕУ, ја поминал цела Полска и Словачка и по три часа лет слетал во унгарската воена база Папа. Ова не е прв ваков лет. На почетокот на април унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека руски авион, кој носел нуклеарно гориво слетал во базатa Папа. Руското нуклеарно гориво испорачано во Унгарија е потребно за функционирање на нуклеарната централа Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во Унгарија. Сите три земји низ чиј воздушен простор минал рускиот авион дале дозвола бидејќи, како што истакна унгарскиот министер, „нуклеарната енергија е изземена од сите санкции на ЕУ“.  

The post Мистериозен лет од Москва до воена база во Европа appeared first on Република.

]]>