Илире Даути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilire-dauti/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 13:53:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илире Даути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilire-dauti/ 32 32 Ќе се бара интерпелација на Илире Даути од Европскиот фронт ако не го стави на дневен ред законот за бранителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-bara-interpelatsija-na-ilire-dauti-od-evropskiot-front-ako-ne-go-stavi-na-dneven-red-zakonot-za-branitelite/ Mon, 23 Sep 2024 13:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=819033

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да продолжи заглавената процедура за измени на Законот за бранителите. Пратеничката Марија Митева денеска на прес-конференција во Собранието ги повика пратениците од СДСМ кои се членови на собраниската Комисија за труд и социјала да се потпишат на барањето до комисиската претседателка Илире Даути од Европскиот фронт да го стави законот на дневен ред.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија кои се членови на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ги повикаа пратениците од СДС од истата комисија да се потпишат на барање до г-ѓа Илире Даути за свикување на седница на Комисијата со точка на дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Р. Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка кој е поднесен и е предлог на пратеничката Славјанка Петровска. Ова барање е јавно предложено до пратеничката Славјанка и очекуваме одговор дали пратениците на СДС ќе се потпишат на истото и дали доколку претседателката на комисијата Илире Даути не свика седница ќе поднесат барање за нејзино разрешување или интерпелација – рече Митева.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе почека одговор до денеска до 15.30 часот, додаде Митева.

– Ја користам оваа прилика уште еднаш да ја повикам пратеничката Славјанка јавно да го соопшти ставот на СДС по однос на овој предлог. Во спротивно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесат ова барање без поддршка и потписи од пратениците на СДС, со што практично ќе се види нивната вистинска намера за политизирање – рече Митева.

Предлогот за измени на овој закон пред десетина дена предизвика многу политички реакции и меѓусебни обвинувања помеѓу партиите од власта и од опозицијата, како и во македонскиот блок и во албанскиот блок.

ОД ДУИ, пак, ја обвинија Вреди дека дозволила овој закон да се најде на дневен ред на пленарна седница без во него да бидат опфатени борците на ОНА.

ОД ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека безрезервно ги поддржуваат бранителите.

Но, откако на пленарна седница беше изгласана потребата законските измени да се донесат во скратена поспатка, претседаелката на матичната комисија Илире Даути не го испочитува Деловникот и не го закажа за комисиска расправа во рок од 24 часа. Таа ја закажа комисиската седница, но на неа се усвои само предлог-законот со кој се покачија пензиите. Нејзиното објаснување беше дека постапила како Албанка. Рече дека додека е таа на чело на Комисијата за труд и социјална политика нема да става на разгледување „закони што дискриминираат“.

Според Деловникот, штом Даути не го стави законот на дневен ред, седницата со тој закон на дневен ред требаше да ја свика претседателот на Собранието Африм Гаши, но тој не ја свика, со објаснување дека претседателката на Комисијата навреме ја свикала седницата, во рок од 24 часа по утврдувањето дека законите ќе се носат по скратена постапка, а тоа што овој закон не беше на дневниот ред, не е опфатено со Деловникот.

The post Ќе се бара интерпелација на Илире Даути од Европскиот фронт ако не го стави на дневен ред законот за бранителите appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да продолжи заглавената процедура за измени на Законот за бранителите. Пратеничката Марија Митева денеска на прес-конференција во Собранието ги повика пратениците од СДСМ кои се членови на собраниската Комисија за труд и социјала да се потпишат на барањето до комисиската претседателка Илире Даути од Европскиот фронт да го стави законот на дневен ред.
– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија кои се членови на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ги повикаа пратениците од СДС од истата комисија да се потпишат на барање до г-ѓа Илире Даути за свикување на седница на Комисијата со точка на дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Р. Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка кој е поднесен и е предлог на пратеничката Славјанка Петровска. Ова барање е јавно предложено до пратеничката Славјанка и очекуваме одговор дали пратениците на СДС ќе се потпишат на истото и дали доколку претседателката на комисијата Илире Даути не свика седница ќе поднесат барање за нејзино разрешување или интерпелација – рече Митева.
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе почека одговор до денеска до 15.30 часот, додаде Митева.
– Ја користам оваа прилика уште еднаш да ја повикам пратеничката Славјанка јавно да го соопшти ставот на СДС по однос на овој предлог. Во спротивно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесат ова барање без поддршка и потписи од пратениците на СДС, со што практично ќе се види нивната вистинска намера за политизирање – рече Митева.
Предлогот за измени на овој закон пред десетина дена предизвика многу политички реакции и меѓусебни обвинувања помеѓу партиите од власта и од опозицијата, како и во македонскиот блок и во албанскиот блок. ОД ДУИ, пак, ја обвинија Вреди дека дозволила овој закон да се најде на дневен ред на пленарна седница без во него да бидат опфатени борците на ОНА. ОД ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека безрезервно ги поддржуваат бранителите. Но, откако на пленарна седница беше изгласана потребата законските измени да се донесат во скратена поспатка, претседаелката на матичната комисија Илире Даути не го испочитува Деловникот и не го закажа за комисиска расправа во рок од 24 часа. Таа ја закажа комисиската седница, но на неа се усвои само предлог-законот со кој се покачија пензиите. Нејзиното објаснување беше дека постапила како Албанка. Рече дека додека е таа на чело на Комисијата за труд и социјална политика нема да става на разгледување „закони што дискриминираат“. Според Деловникот, штом Даути не го стави законот на дневен ред, седницата со тој закон на дневен ред требаше да ја свика претседателот на Собранието Африм Гаши, но тој не ја свика, со објаснување дека претседателката на Комисијата навреме ја свикала седницата, во рок од 24 часа по утврдувањето дека законите ќе се носат по скратена постапка, а тоа што овој закон не беше на дневниот ред, не е опфатено со Деловникот.

The post Ќе се бара интерпелација на Илире Даути од Европскиот фронт ако не го стави на дневен ред законот за бранителите appeared first on Република.

]]>
Илире Даути поднесе оставка, можеби ќе се кандидира за претседател на Алијанса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilire-dauti-podnese-ostavka-mozebi-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-alijansa/ Tue, 13 Sep 2022 08:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=550275

Илире Даути поднесе оставка на функцијата координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците. Во нејзината оставка се вели дека на таков чекор се решила поради катастрофалните резултати на партијата на изборите за советници во Општина Тетово. Наведената причина е истата што ја наведе и Зијадин Села кога, ден по изборите во Тетово, поднесе оставка од лидерската функција.

Многу слабиот резултат на изборите за Советот на Тетово и лично ме погоди, а како пратеник од шестата изборна единица совеста не може да го надмине тоа чувство и не можам да бидам рамнодушна. Затоа, информирам дека поднесов оставка од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, од единствената 'титула' што ја имам во моментов во политичкиот субјект. На сите вас, кои континуирано верувавте во мене, сакам од сѐ срце да ви кажам благодарам. Ако можете, верувајте и натаму во мене, зашто јас силно верувам во вас“, преку Фејсбук Даути им се обрати на пријателите, поддржувачите и сопартијците.

Индекс.мк, портал на албански јазик, пак, наведува дека не е само тоа причината за нејзината оставка, туку намерата да се кандидира за лидерската функција во Алијанса за Албанците.

Наводно, добро упатени извори велат, меѓу другото, дека таа за кандидатура има поддршка и од поранешниот претседател, Зијадин Села, со цел да биде противкандидатка на актуелниот потпретседател Арбен Таравари и да го победи. Во некои медиумите на албански јазик уште се тврди дека по прашањето дали Таравари да биде избран за претседател има многу несогласувања внатре во партијата кои се пренесени и низ разграноците, каде што попознати партиски челници ја напуштаат партијата.

Во дел од разграноците се обвинува старото раководство, во случајов сега Таравари, дека локалните сопартијци се игнорирани и дека Алијанса за Албанците е слабо присутна на терен, што се оценува и како причина за поразот во Тетово.

The post Илире Даути поднесе оставка, можеби ќе се кандидира за претседател на Алијанса appeared first on Република.

]]>

Илире Даути поднесе оставка на функцијата координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците. Во нејзината оставка се вели дека на таков чекор се решила поради катастрофалните резултати на партијата на изборите за советници во Општина Тетово. Наведената причина е истата што ја наведе и Зијадин Села кога, ден по изборите во Тетово, поднесе оставка од лидерската функција. Многу слабиот резултат на изборите за Советот на Тетово и лично ме погоди, а како пратеник од шестата изборна единица совеста не може да го надмине тоа чувство и не можам да бидам рамнодушна. Затоа, информирам дека поднесов оставка од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, од единствената 'титула' што ја имам во моментов во политичкиот субјект. На сите вас, кои континуирано верувавте во мене, сакам од сѐ срце да ви кажам благодарам. Ако можете, верувајте и натаму во мене, зашто јас силно верувам во вас“, преку Фејсбук Даути им се обрати на пријателите, поддржувачите и сопартијците. Индекс.мк, портал на албански јазик, пак, наведува дека не е само тоа причината за нејзината оставка, туку намерата да се кандидира за лидерската функција во Алијанса за Албанците. Наводно, добро упатени извори велат, меѓу другото, дека таа за кандидатура има поддршка и од поранешниот претседател, Зијадин Села, со цел да биде противкандидатка на актуелниот потпретседател Арбен Таравари и да го победи. Во некои медиумите на албански јазик уште се тврди дека по прашањето дали Таравари да биде избран за претседател има многу несогласувања внатре во партијата кои се пренесени и низ разграноците, каде што попознати партиски челници ја напуштаат партијата. Во дел од разграноците се обвинува старото раководство, во случајов сега Таравари, дека локалните сопартијци се игнорирани и дека Алијанса за Албанците е слабо присутна на терен, што се оценува и како причина за поразот во Тетово.

The post Илире Даути поднесе оставка, можеби ќе се кандидира за претседател на Алијанса appeared first on Република.

]]>
Даути: Во новиот состав има имиња на министри познати по неуспех и скандали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dauti-vo-noviot-sostav-ima-iminja-na-ministri-poznati-po-neuspeh-i-skandali/ Sun, 16 Jan 2022 19:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=445435

Во Собраниската сала сѐ уште трае расправата за избор на нова влада. Пратеничката на Алијанса за Албанците, Илире Даути смета дека се работи за имиња познати по неуспех и негативни резултати.

Меѓу имињата предложени за новата влада голем дел се од претходниот владин состав кои се познати по неуспех, негативни резултати и скандали но овојпат се предводени од еден друг мандатар, рече Даути.

-Кредибилноста на предложениот состав е под голем прашалник бидејќи мандатарот кој е пред нас промовира познати министри, истиот парламентарен состав ќе мора да избере влада иако овие луѓе не успеаја претходно да ги постигнат целите, додаде таа.

The post Даути: Во новиот состав има имиња на министри познати по неуспех и скандали appeared first on Република.