Илир Кула Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilir-kula/ За подобро да се разбереме Sun, 26 Jun 2022 14:47:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илир Кула Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilir-kula/ 32 32 Илир Кула: Со Македонија сите се мајтапат, дали овие граѓани таму кои ќе станат дел од ЕУ имаат некакви права? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilir-kula-so-makedonija-site-se-majtapat-dali-ovie-gragjani-tamu-koi-kje-stanat-del-od-eu-imaat-nekakvi-prava/ Sun, 26 Jun 2022 12:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=519862

Еден од најпознатите експерти од областа на безбедноста во Албанија, Илир Кула, оценува дека тоа што се случува со Македонија е потсмев и оти е неправда која државата не ја заслужува.

Говорејќи за бугарското вето, што го условува отворањето на преговорите со Македонија и следствено со Албанија, Кула вели дека „секој поставува услови за Македонија, без разлика на правата на граѓаните кои живеат таму“. 

Вистината е тоа, дека со Македонија, простете ми за изразот, сите се мајтапат. Кога беше историјата, Грција ги условуваше со името, овие другите ѝ го условуваат јазикот, Еди Рама вели дека е западна Бугарија, Србија ја условуваше црквата. Дали овие граѓани таму кои ќе станат дел од ЕУ имаат некакви права? Проблемот е што цела Македонија ја ставивме на средина и ја направивме како салата - вели Кула. 

Тој додава дека „проблемот е што ѝ се прави на Македонија“, и дали „македонската Влада ќе го прифати падот“, како и дека Албанија е жртва на ова и не треба да се условува. 

Бугарија го одобри францускиот план. Сега доаѓаме до делот каде што зборуваме за средината, бидејќи во Скопје има политичка дебата, а политичката дебата во Скопје од страна на премиерот е дека не го прифаќаат францускиот план. Повторувам, ние сме земени како заложници, за политичко прашање кое нема врска со Албанија, таа е жртва на ова и не треба да се условува. Ова е вистината, сакал некој да признане или не - посочува Кула. 

The post Илир Кула: Со Македонија сите се мајтапат, дали овие граѓани таму кои ќе станат дел од ЕУ имаат некакви права? appeared first on Република.

]]>

Еден од најпознатите експерти од областа на безбедноста во Албанија, Илир Кула, оценува дека тоа што се случува со Македонија е потсмев и оти е неправда која државата не ја заслужува. Говорејќи за бугарското вето, што го условува отворањето на преговорите со Македонија и следствено со Албанија, Кула вели дека „секој поставува услови за Македонија, без разлика на правата на граѓаните кои живеат таму“. 