Илир Демири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilir-demiri/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 06:29:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илир Демири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilir-demiri/ 32 32 Пациентите стравуваат за своите животи, Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patsientite-stravuvaat-za-svoite-zhivoti-demiri-i-manoleva-si-pravat-rodendenski-zhurki-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Thu, 06 Jun 2024 06:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=785112

Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс.Три недели не се врши санација на хируршките сали. Три недели пациентите чекаат за хируршка интервенција, а надлежните не само што немаат решение, туку не ги интересира што човечки животи се во прашање.Додека министерството за здравство се натега, министерот Илир Демири држи прес конференции и се препукува со директорот на Кардиохирургија, заменичката министерка Маја Манолева прославува роденден, граѓаните чекаат да се најде решение, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Пациентите чекаат и стравуваат за сопствените животи, а Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство.

Власта во заминување го пробуши дното. Здравството во Македонија колабира.

За санирање на проблемот односно да се направи компресорот во хируршките сали потребни се околу 120.000 евра, но очигледно од ова немаат екстра заработувачка па не сакаат да го решат.

Наместо хируршки интервенции да се вршат во Клиничкиот центар, граѓаните се препраќаат во други здравствени установи сами да се снаоѓаат, како знаат и како умеат.

Ова е скандал од невидени размери. Човечкиот живот нема цена.

Со ова власта во заминување уште еднаш докажа и покажа дека не им се важни проблемите на граѓаните.

Ветуваа европско здравство, ветуваа модернизација на здравство, а донесоа тотален хаос.

Но, добро е што ова заврши. За многу брзо од денеска ќе се случат сериозни реформи и проекти во здравството.

Здравствениот систем бара итен и целосен рестарт. Граѓаните мора да се безбедни и сигурни дека ќе имаат добра и соодветна здравствена и медицинска услуга.

The post Пациентите стравуваат за своите животи, Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс.Три недели не се врши санација на хируршките сали. Три недели пациентите чекаат за хируршка интервенција, а надлежните не само што немаат решение, туку не ги интересира што човечки животи се во прашање.Додека министерството за здравство се натега, министерот Илир Демири држи прес конференции и се препукува со директорот на Кардиохирургија, заменичката министерка Маја Манолева прославува роденден, граѓаните чекаат да се најде решение, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Пациентите чекаат и стравуваат за сопствените животи, а Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство.
Власта во заминување го пробуши дното. Здравството во Македонија колабира. За санирање на проблемот односно да се направи компресорот во хируршките сали потребни се околу 120.000 евра, но очигледно од ова немаат екстра заработувачка па не сакаат да го решат.
Наместо хируршки интервенции да се вршат во Клиничкиот центар, граѓаните се препраќаат во други здравствени установи сами да се снаоѓаат, како знаат и како умеат.
Ова е скандал од невидени размери. Човечкиот живот нема цена. Со ова власта во заминување уште еднаш докажа и покажа дека не им се важни проблемите на граѓаните. Ветуваа европско здравство, ветуваа модернизација на здравство, а донесоа тотален хаос. Но, добро е што ова заврши. За многу брзо од денеска ќе се случат сериозни реформи и проекти во здравството. Здравствениот систем бара итен и целосен рестарт. Граѓаните мора да се безбедни и сигурни дека ќе имаат добра и соодветна здравствена и медицинска услуга.

The post Пациентите стравуваат за своите животи, Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска ќе ги казни Џафери и Демири до 500 евра ако не се откажат од двојните функции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-gi-kazni-dhaferi-i-demiri-do-500-evra-ako-ne-se-otkazhat-od-dvojnite-funktsii/ Mon, 03 Jun 2024 16:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=784466

Државната комисија за спречување корупција уште во саботата ги предупреди Талат Џафери и Илир Демири дека треба да ги почитуваат законите и затоа што се дел од новиот пратенички состав мора да се откажат од другите функции - технички премиер и технички министер за здравство, досега тоа не е направено.

Како што дознава „Телма“, и денеска двајцата барале документи со нивен потпис во министерството што јасно укажува дека се уште во забранета позиција на неспојливост на државни функции.

Од ДКСК велат дека ќе добијат и казна ако не се откажат од една функција.

Во случјаот де факто постои неспојливост односно една институција или едно лице извршува двојство на функции. Во тој случај, ДКСК има законска обврска да покрене прекршочна постпка согласно член 105 каде е уредено дека се изрекува глоба од 300 до 500 евра во денарска противвредност на избраното и именуваното лице каде што имаме утврдено неспојливост на функција, изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.

Крајниот рок е завршување на денешниот ден, рече Димитровска која ги потсетува пратениците дека треба да ги почитуваат законите, а не да работат спротивно на нив.

Второто решение е и во рацете на Собранието кое мора да ги почитува законите, тврди претседателката на ДКСК.

Собранието е тоа кое ја избира владата и има контролна функција. Треба да ги примени законските одредби, да констатира неспоива функција на пратеник со било која друга фунокија од извршната власта. И на сите пратеници да им укаже на неспоивост и во случај на непостапување од страна на пратениците Собранието треба да постапи согласно член 6 од Законот за Собрание и по член 8 од Законот на пратеници каде е уредено дека на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако настапи случај на неспоивост со функцијата пратеник, изјави за телевизијата Димитровска.

Токму првиот човек на Собранието денеска ги собра на координација претставниците на пратеничките групи, но не за она што го бара ДКСК туку за да испреговара брзо менување на законот за влада со нова структура на министерства. Претседателот на Собранието, Африм Гаши кој пред да биде избран на функцијата си поднесе оставка на лидерската позиција во партијата, сега не сака да ги чепка колегите од Европскиот фронт, па во Топ тема на Телма во петокот немаше одговор ниту на прашањето кој ќе им даде плата на двајцата функционери со по две функции.

Како оправдување за состојбата, Џафери и Демири рекоа дека ќе ги замрзнат пратеничките функции до нивна смена со новата влада, но такво решение не е предвидено во Уставот и законите.

The post Антикорупциска ќе ги казни Џафери и Демири до 500 евра ако не се откажат од двојните функции appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување корупција уште во саботата ги предупреди Талат Џафери и Илир Демири дека треба да ги почитуваат законите и затоа што се дел од новиот пратенички состав мора да се откажат од другите функции - технички премиер и технички министер за здравство, досега тоа не е направено. Како што дознава „Телма“, и денеска двајцата барале документи со нивен потпис во министерството што јасно укажува дека се уште во забранета позиција на неспојливост на државни функции. Од ДКСК велат дека ќе добијат и казна ако не се откажат од една функција.
Во случјаот де факто постои неспојливост односно една институција или едно лице извршува двојство на функции. Во тој случај, ДКСК има законска обврска да покрене прекршочна постпка согласно член 105 каде е уредено дека се изрекува глоба од 300 до 500 евра во денарска противвредност на избраното и именуваното лице каде што имаме утврдено неспојливост на функција, изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.
Крајниот рок е завршување на денешниот ден, рече Димитровска која ги потсетува пратениците дека треба да ги почитуваат законите, а не да работат спротивно на нив. Второто решение е и во рацете на Собранието кое мора да ги почитува законите, тврди претседателката на ДКСК.
Собранието е тоа кое ја избира владата и има контролна функција. Треба да ги примени законските одредби, да констатира неспоива функција на пратеник со било која друга фунокија од извршната власта. И на сите пратеници да им укаже на неспоивост и во случај на непостапување од страна на пратениците Собранието треба да постапи согласно член 6 од Законот за Собрание и по член 8 од Законот на пратеници каде е уредено дека на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако настапи случај на неспоивост со функцијата пратеник, изјави за телевизијата Димитровска.
Токму првиот човек на Собранието денеска ги собра на координација претставниците на пратеничките групи, но не за она што го бара ДКСК туку за да испреговара брзо менување на законот за влада со нова структура на министерства. Претседателот на Собранието, Африм Гаши кој пред да биде избран на функцијата си поднесе оставка на лидерската позиција во партијата, сега не сака да ги чепка колегите од Европскиот фронт, па во Топ тема на Телма во петокот немаше одговор ниту на прашањето кој ќе им даде плата на двајцата функционери со по две функции. Како оправдување за состојбата, Џафери и Демири рекоа дека ќе ги замрзнат пратеничките функции до нивна смена со новата влада, но такво решение не е предвидено во Уставот и законите.

The post Антикорупциска ќе ги казни Џафери и Демири до 500 евра ако не се откажат од двојните функции appeared first on Република.

]]>
Стручниот колегиум на Кардиохирургија остро реагира на изјавите на Демири: На овој човек ќе му се дозволи да ја доведува стручноста на специјалистите? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/struchniot-kolegium-na-kardiohirurgija-ostro-reagira-na-izjavite-na-demiri-na-ovoj-chovek-ke-mu-se-dozvoli-da-ja-doveduva-struchnosta-na-spetsijalistite/ Fri, 31 May 2024 16:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=783635

Стручниот колегиум од Државната кардиохирургија денеска во реакција на синоќешната изјава на министерот за здравство Илир Демири вели дека тој „лиферувал безброј лаги, шпекулации и невистини во врска со долгогодишното работење на Клиниката за кардиохирургија“.

„Дали е целта да се направи дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми во здравството, со што се доведуваат во општа опасност животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија? Имено, командната одговорност за нефункционирањето на хируршкиот блок на Клиничкиот центар, кој претставува срцето на здравствениот систем, е во рацете на човекот, за чија стручност и професионалност сите беа информирани, кога како раководител на Ковид-центарот во време на пандемија, Македонија заврши на неславното четврто место во Европа и шесто место во светот по бројот на смртни случаи“,

Зарем на овој човек ќе му се дозволи со давање паушални и своеволни субјективни судови, со кои ги доведува во прашање стручноста, капацитетот и многугодишното образование на малкумината специјалисти кои пожртвувано, свесно и одговорно го даваат и последниот атом од својата сила, за да им помогнат и да ги лекуваат најтешките случаи за кои навидум нема спас, притоа запоставувајќи ги своите семејства, своето здравје и жртвувајќи го своето слободно време, да предизвика непоправлива штета?“, наведуваат од стручниот колегиум во реакцијата.

Според соопштението, „со злоупотреба на својата позиција како министер, се служи со секакви методи познати во некои други општествени уредувања за да дисциплинира исклучителни професионалци“.

Од Клиниката велат дека тој го доведува во прашање кредибилитетот на образовниот систем, Медицинскиот факултет и на сите професионални здруженија на лекари.

„Ја напаѓа програмата на Владата за кардиоваскуларни болести, преку која во нашата институција дошле да ги споделат своите искуства врвни професионалци, како професор Омер Џемаили, кој е сега директор на Одделот за кардиохирургија во Цирих, Швајцарија, доктор Петар Ристевски кој е негов заменик, професор Светозар Путник, директор на Клиниката за кардиохирургија во Универзитетската клиничка болница во Белград, професор Слободан Мичовиќ, директор на Институтот за кардиоваскуларни заболувања – Дедиње во Белград, професор Иван Кнежевиќ, директор на хируршки блок при КБЦ – Љубљана, професор Марек Ерлих, шеф на Универзитетската клиника АКХ во Виена, професор Теодосиј Биздас, врвен експерт во ендоваскуларната хирургија од реномираниот центар Оназис во Атина. Судејќи според неговата стручност и експертиза, се сомневаме дека воопшто слушнал за овие центри и нивните достигнувања. Очигледно мотивиран од други цели, спротивни на хуманоста, грижата за здравјето и животот на граѓаните, а опкружен со луѓе кои се наоѓаат на дното на стручноста и професионалноста, неговиот порив е да се предизвика неповторлива штета на јавното здравство со непромислените и невистинити изјави, како и дејствија планирани во јавноста“, се вели во соопштението.

Демири во гостувањето демантираше дека е политичка пресметка разрешувањето на директорот на Државната кардиохирургија и рече дека таму ситуацијата е многу сериозна и оти треба да се донесе квалитетен експерт од странство кој ќе ги едуцира младите кадри.

The post Стручниот колегиум на Кардиохирургија остро реагира на изјавите на Демири: На овој човек ќе му се дозволи да ја доведува стручноста на специјалистите? appeared first on Република.

]]>

Стручниот колегиум од Државната кардиохирургија денеска во реакција на синоќешната изјава на министерот за здравство Илир Демири вели дека тој „лиферувал безброј лаги, шпекулации и невистини во врска со долгогодишното работење на Клиниката за кардиохирургија“. „Дали е целта да се направи дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми во здравството, со што се доведуваат во општа опасност животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија? Имено, командната одговорност за нефункционирањето на хируршкиот блок на Клиничкиот центар, кој претставува срцето на здравствениот систем, е во рацете на човекот, за чија стручност и професионалност сите беа информирани, кога како раководител на Ковид-центарот во време на пандемија, Македонија заврши на неславното четврто место во Европа и шесто место во светот по бројот на смртни случаи“,
Зарем на овој човек ќе му се дозволи со давање паушални и своеволни субјективни судови, со кои ги доведува во прашање стручноста, капацитетот и многугодишното образование на малкумината специјалисти кои пожртвувано, свесно и одговорно го даваат и последниот атом од својата сила, за да им помогнат и да ги лекуваат најтешките случаи за кои навидум нема спас, притоа запоставувајќи ги своите семејства, своето здравје и жртвувајќи го своето слободно време, да предизвика непоправлива штета?“, наведуваат од стручниот колегиум во реакцијата.
Според соопштението, „со злоупотреба на својата позиција како министер, се служи со секакви методи познати во некои други општествени уредувања за да дисциплинира исклучителни професионалци“. Од Клиниката велат дека тој го доведува во прашање кредибилитетот на образовниот систем, Медицинскиот факултет и на сите професионални здруженија на лекари.
„Ја напаѓа програмата на Владата за кардиоваскуларни болести, преку која во нашата институција дошле да ги споделат своите искуства врвни професионалци, како професор Омер Џемаили, кој е сега директор на Одделот за кардиохирургија во Цирих, Швајцарија, доктор Петар Ристевски кој е негов заменик, професор Светозар Путник, директор на Клиниката за кардиохирургија во Универзитетската клиничка болница во Белград, професор Слободан Мичовиќ, директор на Институтот за кардиоваскуларни заболувања – Дедиње во Белград, професор Иван Кнежевиќ, директор на хируршки блок при КБЦ – Љубљана, професор Марек Ерлих, шеф на Универзитетската клиника АКХ во Виена, професор Теодосиј Биздас, врвен експерт во ендоваскуларната хирургија од реномираниот центар Оназис во Атина. Судејќи според неговата стручност и експертиза, се сомневаме дека воопшто слушнал за овие центри и нивните достигнувања. Очигледно мотивиран од други цели, спротивни на хуманоста, грижата за здравјето и животот на граѓаните, а опкружен со луѓе кои се наоѓаат на дното на стручноста и професионалноста, неговиот порив е да се предизвика неповторлива штета на јавното здравство со непромислените и невистинити изјави, како и дејствија планирани во јавноста“, се вели во соопштението.
Демири во гостувањето демантираше дека е политичка пресметка разрешувањето на директорот на Државната кардиохирургија и рече дека таму ситуацијата е многу сериозна и оти треба да се донесе квалитетен експерт од странство кој ќе ги едуцира младите кадри.  

The post Стручниот колегиум на Кардиохирургија остро реагира на изјавите на Демири: На овој човек ќе му се дозволи да ја доведува стручноста на специјалистите? appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-bara-od-vladata-itno-da-se-smeni-kompresorskata-stanitsa-za-da-prorabotat-hirurshkite-sali/ Thu, 30 May 2024 17:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=783292

Министерот за здравство Илир Демири денеска испратил допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени.

Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу инсталацијата на новата компресорска станица, како и сите попратни елементи за непречено и континуирано функционирање на хируршкиот блок.

- Напоменувам, се работи за живот на луѓето и се работи за државен интерес. Како министер за здравство замолувам и се надевам дека ќе имаме разбирање за истото, иако сум многу свесен дека се наоѓаме во изборен процес пред формирање на нова влада, но животот на луѓето и државните интереси се поважни од сѐ, вели Демири во дописот до Владата.

Демири во понеделникот на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност. Според министерот, проблемот со неработењето на хируршките клиники е хаварија во компресорската станица за која се чекаат испитувања од Германија.

Откога не работат хируршките клиники, итните случаи на пациенти се пренесуваат во Општа Градска болница и во Болницата „8 септември“.

The post Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири денеска испратил допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени. Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу инсталацијата на новата компресорска станица, како и сите попратни елементи за непречено и континуирано функционирање на хируршкиот блок.
- Напоменувам, се работи за живот на луѓето и се работи за државен интерес. Како министер за здравство замолувам и се надевам дека ќе имаме разбирање за истото, иако сум многу свесен дека се наоѓаме во изборен процес пред формирање на нова влада, но животот на луѓето и државните интереси се поважни од сѐ, вели Демири во дописот до Владата.
Демири во понеделникот на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност. Според министерот, проблемот со неработењето на хируршките клиники е хаварија во компресорската станица за која се чекаат испитувања од Германија. Откога не работат хируршките клиники, итните случаи на пациенти се пренесуваат во Општа Градска болница и во Болницата „8 септември“.

The post Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали appeared first on Република.

]]>
Демири: Зошто да ја разрешам, сте се фатиле околу Бесија, таа не ги вработи 18 лица, тие се од лани вработени https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-zoshto-da-ja-razresham-ste-se-fatile-okolu-besija-taa-ne-gi-vraboti-18-litsa-tie-se-od-lani-vraboteni/ Mon, 27 May 2024 14:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=782118

Зошто да ја разрешам, кажа министерот за здравство, Илир Демири на новинарско прашање зошто не е разрешена организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази откако претходно кажа дека веднаш би ги остранил лицата од таквите позиции.

Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработиле тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени? Имам факти дека медицинскиот директор заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг, сум ги разрешил. Бесија кога ќе го прекрши законот, ќе биде разрешена. Таа не го прекршила законот. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали, рече Демири.

The post Демири: Зошто да ја разрешам, сте се фатиле околу Бесија, таа не ги вработи 18 лица, тие се од лани вработени appeared first on Република.

Хируршките сали вo Клинички центар остануваат затворени, се чека одговор од германска лабораторија од каде доаѓа смрдеата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hirurshkite-sali-vo-klinichki-tsentar-ostanuvaat-zatvoreni-se-cheka-odgovor-od-germanska-laboratorija-od-kade-doaga-smrdeata/ Mon, 27 May 2024 14:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=782112

Министерот за здравство, Илир Демири, информираше дека досега никој не поднел оставка за крахот што се случи во здравствениот систем по проблемот со компресорските станици поради кој хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје не работат повеќе од една недела.

Во одговор на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Демири изјави дека компресорските станици се во сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата и дека за нив не е одговорна Клиниката.

Од директори на хирургија досега немам ниедна оставка која е доставена кај мене. Со разидувањето на Клинички центар 2006 година е настаната една збрка која може многу лесно да се изгуби одговорноста. Сопственост на компресорската станица не е на Универзитетски клиники за хирургија и КАРИЛ, туку е на Службата за општи и заеднички работи при Владата, која, за жал, не е јавна здравствена институција, туку е државна институција под ингеренции на Влада на Република Македонија, рече тој.

Поради овие збиднувања и немање на континуитет, како што дополни, побарани се алтернативни решенија и е спроведена поправка на станиците, а одговорноста за одржување ја лоцира кај менаџерите на државните институции.

Менаџерите на државни институции независно дали се медицински или не, тие носат секако и одговорност за одржување, сервисирање редовно и да има континуитет во здравствениот систем. Токму тоа што Македонија како највисока установа за секакви хируршки интервенции го има само во Клинички центар „Мајка Тереза“ затоа и бев принуден да го известам и Обвинителството и да се бара причината која е, оти малку е необјасниво од каде доаѓа мирисот кога квалитетот на воздухот, на кислородот и на компримираниот воздух не е компромитиран, само има лоша миризба, дополни тој.

Според него, тоа е огромна мрежа која што треба да се испита дел по дел и најави дека ќе ја информира Владата за да го разреши проблемот.

Претходно, на прес-конференцијата, министерот изјави дека хируршките сали кои не работат веќе девет дена се стари околу 30 години и нема да работат сѐ додека не стигнат испитувањата од Германија, дали компресорските станици можат да работат и покрај лошата миризба што се шири откако ја санирале хаваријата што настанала во системот.

Месец дена од денеска имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на уље во тие цевки, по што тој компресор е прекратен од функција. Беа три компресори. Клиниката почна да функционира со два компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции кои не се поврзани со клинички центар. На сметка на квалитетно испорачување на компримиран воздух ја прекративме од функција хипербаричната комора која е како дел на пластична хирургија, рече тој.

Дополни дека пред околу девет дена повторно се случил истиот проблем.

Без да има никаква хаварија во системот, едноставно се појавува лоша миризба некоја во дистрибутивната мрежа на кислород и на компримиран воздух, поради што веднаш реагиравме. Повторно ги повикавме независните фирми, спроведуваа испитувања, по што во РСМ нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи во јавноста за квалитетот на испорачаните гасови. Побаравме странска компанија и денеска се испратени мостри во Република Германија, да се испитаат, рече Демири.

Министерот информираше дека од двете компании кои имаат независни лаборатории кои служат за нивни потреби, не е увиден никаков недостаток во квалитетот на гасови, освен што има зголемена влага и препорачале во два наврати да се менуваат филтрите од компресорските станици.

- Има некоја одбојност, не знам како да го наречам. Ако немаме документ валиден на кој може да се засноваме за да ги користиме салите, тогаш се одлучивме за алтернативно решение. Сите селективни случаи кои се предвидени во клинички центар да се откажуваат и да се оперираат само итни случаи, а дистрибуцијата на пациенти за неврохируршки потреби да биде во Градската општа болница, додека, за другите интервенции во болницата „8-ми септември“.

Прашан Дали хирурзите од Клинички ќе одат да оперираат таму и колку чекаат сега за операција тој одговори потврдно.

Таму има инфраструктура, има и неврохируршки микроскоп оти Дамјановски до пред некоја година оперираше таму, има специјализант по неврохирургија кој исто служи во таа болница, а неврохирурзите и сите хирурзи лекари каде што ќе имаат потреба државните институции, таму ќе одат, рече тој.

Тој додаде дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер и да послужат за пациенти кои се на Универзитетскара Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде добиваат квалитетен воздух, зошто, како што рече, ако се приклучат во надворешни компресори, таа миризба не е присутна, ако се приклучат на централниот довод од кислород, миризбата постои и токму затоа, како што рече, го алармирал и Јавното обвинителство да го истражи случајот.

Од ОЈО Скопје претходно за МИА информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело.

The post Хируршките сали вo Клинички центар остануваат затворени, се чека одговор од германска лабораторија од каде доаѓа смрдеата appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Илир Демири, информираше дека досега никој не поднел оставка за крахот што се случи во здравствениот систем по проблемот со компресорските станици поради кој хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје не работат повеќе од една недела. Во одговор на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Демири изјави дека компресорските станици се во сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата и дека за нив не е одговорна Клиниката.
Од директори на хирургија досега немам ниедна оставка која е доставена кај мене. Со разидувањето на Клинички центар 2006 година е настаната една збрка која може многу лесно да се изгуби одговорноста. Сопственост на компресорската станица не е на Универзитетски клиники за хирургија и КАРИЛ, туку е на Службата за општи и заеднички работи при Владата, која, за жал, не е јавна здравствена институција, туку е државна институција под ингеренции на Влада на Република Македонија, рече тој.
Поради овие збиднувања и немање на континуитет, како што дополни, побарани се алтернативни решенија и е спроведена поправка на станиците, а одговорноста за одржување ја лоцира кај менаџерите на државните институции.
Менаџерите на државни институции независно дали се медицински или не, тие носат секако и одговорност за одржување, сервисирање редовно и да има континуитет во здравствениот систем. Токму тоа што Македонија како највисока установа за секакви хируршки интервенции го има само во Клинички центар „Мајка Тереза“ затоа и бев принуден да го известам и Обвинителството и да се бара причината која е, оти малку е необјасниво од каде доаѓа мирисот кога квалитетот на воздухот, на кислородот и на компримираниот воздух не е компромитиран, само има лоша миризба, дополни тој.
Според него, тоа е огромна мрежа која што треба да се испита дел по дел и најави дека ќе ја информира Владата за да го разреши проблемот. Претходно, на прес-конференцијата, министерот изјави дека хируршките сали кои не работат веќе девет дена се стари околу 30 години и нема да работат сѐ додека не стигнат испитувањата од Германија, дали компресорските станици можат да работат и покрај лошата миризба што се шири откако ја санирале хаваријата што настанала во системот.
Месец дена од денеска имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на уље во тие цевки, по што тој компресор е прекратен од функција. Беа три компресори. Клиниката почна да функционира со два компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции кои не се поврзани со клинички центар. На сметка на квалитетно испорачување на компримиран воздух ја прекративме од функција хипербаричната комора која е како дел на пластична хирургија, рече тој.
Дополни дека пред околу девет дена повторно се случил истиот проблем.
Без да има никаква хаварија во системот, едноставно се појавува лоша миризба некоја во дистрибутивната мрежа на кислород и на компримиран воздух, поради што веднаш реагиравме. Повторно ги повикавме независните фирми, спроведуваа испитувања, по што во РСМ нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи во јавноста за квалитетот на испорачаните гасови. Побаравме странска компанија и денеска се испратени мостри во Република Германија, да се испитаат, рече Демири.
Министерот информираше дека од двете компании кои имаат независни лаборатории кои служат за нивни потреби, не е увиден никаков недостаток во квалитетот на гасови, освен што има зголемена влага и препорачале во два наврати да се менуваат филтрите од компресорските станици.
- Има некоја одбојност, не знам како да го наречам. Ако немаме документ валиден на кој може да се засноваме за да ги користиме салите, тогаш се одлучивме за алтернативно решение. Сите селективни случаи кои се предвидени во клинички центар да се откажуваат и да се оперираат само итни случаи, а дистрибуцијата на пациенти за неврохируршки потреби да биде во Градската општа болница, додека, за другите интервенции во болницата „8-ми септември“.
Прашан Дали хирурзите од Клинички ќе одат да оперираат таму и колку чекаат сега за операција тој одговори потврдно.
Таму има инфраструктура, има и неврохируршки микроскоп оти Дамјановски до пред некоја година оперираше таму, има специјализант по неврохирургија кој исто служи во таа болница, а неврохирурзите и сите хирурзи лекари каде што ќе имаат потреба државните институции, таму ќе одат, рече тој.
Тој додаде дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер и да послужат за пациенти кои се на Универзитетскара Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде добиваат квалитетен воздух, зошто, како што рече, ако се приклучат во надворешни компресори, таа миризба не е присутна, ако се приклучат на централниот довод од кислород, миризбата постои и токму затоа, како што рече, го алармирал и Јавното обвинителство да го истражи случајот. Од ОЈО Скопје претходно за МИА информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело.

The post Хируршките сали вo Клинички центар остануваат затворени, се чека одговор од германска лабораторија од каде доаѓа смрдеата appeared first on Република.

]]>
Министерот Демири не понесе одговорност за лошата миризба на Хирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-demiri-ne-ponese-odogovornost-za-loshata-mirizba-na-hirurgija/ Mon, 27 May 2024 12:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=782081

Десет дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно – не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба.Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста! oбвини Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=PUrizwt2-fg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија!

10 дена воздухот не бил компромитиран само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор.

Чувствувањето на мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту неговите директори, затоа како што вели кусо време бил министер?

https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-go-razreshi-direktorot-shokarovski-poradi-visoka-smrtnost-na-kardiohirurgija/

Ова почитувани е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност. Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема појма што се случува.

Но затоа, Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок.

Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДС/ ДУИ.Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка!

The post Министерот Демири не понесе одговорност за лошата миризба на Хирургија appeared first on Република.

]]>

Десет дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно – не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба.Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста! oбвини Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=PUrizwt2-fg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија!
10 дена воздухот не бил компромитиран само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор.
Чувствувањето на мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту неговите директори, затоа како што вели кусо време бил министер? https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-go-razreshi-direktorot-shokarovski-poradi-visoka-smrtnost-na-kardiohirurgija/ Ова почитувани е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност. Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема појма што се случува.
Но затоа, Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок.
  Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДС/ ДУИ.Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка!

The post Министерот Демири не понесе одговорност за лошата миризба на Хирургија appeared first on Република.

]]>
Сте се фатиле околу Бесија, таа не го прекршила законот, им порача Демири на новинарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ste-se-fatile-okolu-besija-taa-ne-go-prekrshila-zakonot-im-poracha-demiri-na-novinarite/ Mon, 27 May 2024 11:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=782047

Зошто да ја разрешам, кажа министерот за здравство, Илир Демири на новинарско прашање зошто не е разрешена организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази откако претходно кажа дека веднаш би ги остранил лицата од таквите позиции.

Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработиле тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени? Имам факти дека медицинскиот директор заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг, сум ги разрешил. Бесија кога ќе го заслужи законот, ќе биде разрешена. Таа не го прекршила законот. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали - праша Демири, критикувајќи дека Инспекторатот добива новинарски извештаи пред него како министер.

The post Сте се фатиле околу Бесија, таа не го прекршила законот, им порача Демири на новинарите appeared first on Република.

Ги чекаме анализите од Германија: Демири објасни зошто биле затворени хируршките сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gi-chekame-analizite-od-germanija-demiri-objasni-zoshto-bile-zatvoreni-hirurshkite-sali/ Mon, 27 May 2024 10:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=782034

Некаде пред 30 години се градени салите и тогаш е поставена инсталацијата за снабдување со кислород. Точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во станицата кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување и влезе масло во тие цевки, по што компресорот е надвор од употреба. Клиниката за хирургија функционираше со два компресори кои поминаа технички преглед од две независни институции - информира министерот за здравство, Илир Демири за ситуацијата со затворените хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје.

Додаде дека побарал од менаџерите на Центарот да поднесат барање, за да можат да се сервисираат компресорите.

Пред девет дена се случи истиот проблем и се појавува лоша миризба во мрежата на кислород и компромиран воздух. Повторно ги повикавме независните фирми кои спроведоа испитување. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици - рече министерот на прес-конференција со медиумите.

Демири обелодени дека постигнале договор за алтернативно решение – да се оперираат само итни случаи, односно дистрибуцијата на пациенти да биде за неврохируршки потреби во Градската болница, додека за другите интервенции во болницата „8-ми Септември“. Министерот истакна и дека набавени се шест компресори и можат да послужат за итни и неодложени интервенции и за пациентите кои се на КАРИЛ.

Бидејќи е необјасниво, побарав од Обвинителството да спроведе истрага и да се пронајде причината за проблемот. Додека не заврши испитувањето од Германија и не дојдат анализите, Клиничкиот центар ќе се послужи со надворешни компресори, кажа Демири пред новинарите.

The post Ги чекаме анализите од Германија: Демири објасни зошто биле затворени хируршките сали appeared first on Република.

]]>

Некаде пред 30 години се градени салите и тогаш е поставена инсталацијата за снабдување со кислород. Точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во станицата кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување и влезе масло во тие цевки, по што компресорот е надвор од употреба. Клиниката за хирургија функционираше со два компресори кои поминаа технички преглед од две независни институции - информира министерот за здравство, Илир Демири за ситуацијата со затворените хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје.
Додаде дека побарал од менаџерите на Центарот да поднесат барање, за да можат да се сервисираат компресорите.
Пред девет дена се случи истиот проблем и се појавува лоша миризба во мрежата на кислород и компромиран воздух. Повторно ги повикавме независните фирми кои спроведоа испитување. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици - рече министерот на прес-конференција со медиумите.
Демири обелодени дека постигнале договор за алтернативно решение – да се оперираат само итни случаи, односно дистрибуцијата на пациенти да биде за неврохируршки потреби во Градската болница, додека за другите интервенции во болницата „8-ми Септември“. Министерот истакна и дека набавени се шест компресори и можат да послужат за итни и неодложени интервенции и за пациентите кои се на КАРИЛ. Бидејќи е необјасниво, побарав од Обвинителството да спроведе истрага и да се пронајде причината за проблемот. Додека не заврши испитувањето од Германија и не дојдат анализите, Клиничкиот центар ќе се послужи со надворешни компресори, кажа Демири пред новинарите.

The post Ги чекаме анализите од Германија: Демири објасни зошто биле затворени хируршките сали appeared first on Република.

]]>
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте тоа како политичка кампања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/ Thu, 16 May 2024 15:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=778922

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири, изјави дека разрешувањето на директорот на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, не е политичка кампања. Како што истакна Демири, доколку го разрешел директорот пред изборите тогаш ќе било сватено како политичка кампања.

Зошто не е порано суспендиран директорот, јас кажав дека станав министер во техничка влада, бев многу свесен каква позиција земам, земав со единствена причина да има континуитет здравствениот систем оти луѓево имаат право да се разболуваат пред избори, за време на избори и по избори. Доколку ја направев оваа постапка да се суспендира директорот пред изборите, сите ќе го сфатевте тоа како политичка кампања. Значи, не се работи за политичка кампања - изборите се завршени. Се работи за грешки, професионални и за професионализам што е обврска како министер за здравство да има ова правда и да има квалитетна здравствена услуга, изјави министерот.

Според министерот, да било политички инструирано, тој ќе ги разрешел другите директори на клиниките во Клинички центар во Скопје, кои биле политички опоненти.

Вие јасно го знаете тоа и можете да ги следите нивните изјавувања и објави на „Фејсбук“. Јас сум загрижен за 18-те семејства кои не добиле плата, а тоа е обврска наша. Исто сум загрижен за 20-те семејства кои работат во оваа болница, специјалната болница во Лешок, каде имаме сериозни проблеми ако не се земе под покровителство на тетовската болница, таму ќе останат 20 луѓе без плата. Ако земете да ја анализирате структурата на вработените, направете калкулација и ќе видите дека не е инструирано од политичка желба, туку е инструирано баш од желба да има континуитет во здравствениот систем, па и во специјална болница Лешок и тие вработени кои се таму да немаат прекин ни во стаж ни во плати, оти се дел од здравствениот систем, изјави Демири.

На прашање околу тврдења во јавноста дека 18-те лица од Токсикологија не исполнуваат критериуми, тој одговори дека тоа прашање требало да се постави во 2023 година.

Тие луѓе работеле 12 месеци на Клиника за токсикологија и имаат договор 12 месеци. После биле дел од здравствените услуги до еден месец пред изборите кога почнаа овие превирања. Да беше целта позитивна, зошто ги оставиле да работат 12 месеци, па зошто ги ставиле на смени првите три месеци од годинава? Тоа требало да го поставите 2023 година. Јас коментирам дека ако некој има договор и е дел од здравствениот систем една година, кој сум јас да го прекратам договорот на тој? Ние имаме 1.390 здравствени работници кои работат по договор на дело, што би се случило кога би се прекинале таквите договори? Јас бев и менаџер на тетовската болница, сте слушнале дека сум прекратил некаков договор?, одговори министерот на новинарско прашање.

Според Демири, независно од тоа која политичка структура ги носи вработените, тие се на здравствениот систем и треба да добиваат трајно решение и трајно вработување. Министерот рече дека ќе се ангажира овие луѓе, кои се со договор на дело, да бидат приоритет при вработување на конкурсот што веќе ќе почне по изборите, а средствата биле обезбедени.

Ваше како новинари ви останува како долг во иднина да ги следите и дали ќе има примања на нови кадри место овие кои работеле со години во здравствениот систем, им рече тој на новинарите во Тетово.

Прашан дали им се продолжени договорите на засегнатите лица од Клиниката за токсикологија, Демири рече дека сега ќе се продолжат договорите.

Не може да се продолжат кога има врзан потпис, оти јас директорот го замолив пред изборите, го замолив, беше на разговор кај мене, го замолив да постапува според законски обврски. Директорот одби тоа да го направи, бевме пред избори. Јас чекав да заврши тоа, секој постапува според свои принципи и базирани на право. Јас се трудам секоја моја одлука да биде правно воздржана. Можат да се продолжат одма договорите, потенцира Демири.

За организациската директорка на Клиниката за токсикологија во Скопје, Бесија Иљази, министерот изјави дека таа ќе остане на својата позиција сѐ додека не го прекрши законот.

Медицинскиот директор на Токсикологија во Скопје, Петровски бил разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Тој и по разрешувањето ќе продолжи да работи на Клиниката, појаснија претходно од Министерството за здравство.

Вработени на Клиниката за токсикологија минатиот месец на прес-конференција се пожалија дека немаат соработка со организациската директорка Иљази, назначена на 12 февруари годинава и дека се инсистирало да се примат 18 лица со договор на дело што според лекарскиот колегиум, непотребен бил толкав број нови вработувања.

Демири при престојот во Тетово се осврна и на случајот со специјализантите кои протестираа изминатиот период со барања да им се реши статусот.

Каде се младиве деца кои до 2018 не добиваа никаква надокнада за специлизацијата, а една недела пред изборите, правеа притисок? Па кога им реков дека Македонија има потреба за здравствени работници во сите градови, ги снема, изјави Демири.

The post Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте тоа како политичка кампања appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири, изјави дека разрешувањето на директорот на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, не е политичка кампања. Како што истакна Демири, доколку го разрешел директорот пред изборите тогаш ќе било сватено како политичка кампања.
Зошто не е порано суспендиран директорот, јас кажав дека станав министер во техничка влада, бев многу свесен каква позиција земам, земав со единствена причина да има континуитет здравствениот систем оти луѓево имаат право да се разболуваат пред избори, за време на избори и по избори. Доколку ја направев оваа постапка да се суспендира директорот пред изборите, сите ќе го сфатевте тоа како политичка кампања. Значи, не се работи за политичка кампања - изборите се завршени. Се работи за грешки, професионални и за професионализам што е обврска како министер за здравство да има ова правда и да има квалитетна здравствена услуга, изјави министерот.
Според министерот, да било политички инструирано, тој ќе ги разрешел другите директори на клиниките во Клинички центар во Скопје, кои биле политички опоненти.
Вие јасно го знаете тоа и можете да ги следите нивните изјавувања и објави на „Фејсбук“. Јас сум загрижен за 18-те семејства кои не добиле плата, а тоа е обврска наша. Исто сум загрижен за 20-те семејства кои работат во оваа болница, специјалната болница во Лешок, каде имаме сериозни проблеми ако не се земе под покровителство на тетовската болница, таму ќе останат 20 луѓе без плата. Ако земете да ја анализирате структурата на вработените, направете калкулација и ќе видите дека не е инструирано од политичка желба, туку е инструирано баш од желба да има континуитет во здравствениот систем, па и во специјална болница Лешок и тие вработени кои се таму да немаат прекин ни во стаж ни во плати, оти се дел од здравствениот систем, изјави Демири.
На прашање околу тврдења во јавноста дека 18-те лица од Токсикологија не исполнуваат критериуми, тој одговори дека тоа прашање требало да се постави во 2023 година.
Тие луѓе работеле 12 месеци на Клиника за токсикологија и имаат договор 12 месеци. После биле дел од здравствените услуги до еден месец пред изборите кога почнаа овие превирања. Да беше целта позитивна, зошто ги оставиле да работат 12 месеци, па зошто ги ставиле на смени првите три месеци од годинава? Тоа требало да го поставите 2023 година. Јас коментирам дека ако некој има договор и е дел од здравствениот систем една година, кој сум јас да го прекратам договорот на тој? Ние имаме 1.390 здравствени работници кои работат по договор на дело, што би се случило кога би се прекинале таквите договори? Јас бев и менаџер на тетовската болница, сте слушнале дека сум прекратил некаков договор?, одговори министерот на новинарско прашање.
Според Демири, независно од тоа која политичка структура ги носи вработените, тие се на здравствениот систем и треба да добиваат трајно решение и трајно вработување. Министерот рече дека ќе се ангажира овие луѓе, кои се со договор на дело, да бидат приоритет при вработување на конкурсот што веќе ќе почне по изборите, а средствата биле обезбедени.
Ваше како новинари ви останува како долг во иднина да ги следите и дали ќе има примања на нови кадри место овие кои работеле со години во здравствениот систем, им рече тој на новинарите во Тетово.
Прашан дали им се продолжени договорите на засегнатите лица од Клиниката за токсикологија, Демири рече дека сега ќе се продолжат договорите.
Не може да се продолжат кога има врзан потпис, оти јас директорот го замолив пред изборите, го замолив, беше на разговор кај мене, го замолив да постапува според законски обврски. Директорот одби тоа да го направи, бевме пред избори. Јас чекав да заврши тоа, секој постапува според свои принципи и базирани на право. Јас се трудам секоја моја одлука да биде правно воздржана. Можат да се продолжат одма договорите, потенцира Демири.
За организациската директорка на Клиниката за токсикологија во Скопје, Бесија Иљази, министерот изјави дека таа ќе остане на својата позиција сѐ додека не го прекрши законот.
Медицинскиот директор на Токсикологија во Скопје, Петровски бил разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Тој и по разрешувањето ќе продолжи да работи на Клиниката, појаснија претходно од Министерството за здравство.
Вработени на Клиниката за токсикологија минатиот месец на прес-конференција се пожалија дека немаат соработка со организациската директорка Иљази, назначена на 12 февруари годинава и дека се инсистирало да се примат 18 лица со договор на дело што според лекарскиот колегиум, непотребен бил толкав број нови вработувања. Демири при престојот во Тетово се осврна и на случајот со специјализантите кои протестираа изминатиот период со барања да им се реши статусот.
Каде се младиве деца кои до 2018 не добиваа никаква надокнада за специлизацијата, а една недела пред изборите, правеа притисок? Па кога им реков дека Македонија има потреба за здравствени работници во сите градови, ги снема, изјави Демири.

The post Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте тоа како политичка кампања appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-cheka-izvinuvane-od-ministerot-demiri-se-nadevam-deka-objavata-e-bez-vashe-znaene-i-odobrenie/ Wed, 15 May 2024 08:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=778182

Откако на фејсбук страната на Министерството за здравство беше објавено дека разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради „несовесно работење во целиот овој изминат период“, а беше објавен и документ во кој имаше сериозни обвинувања до Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, докторот директно му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-si-odi-vonredna-inspektsija-pokazha-deka-11-litsa-rabotele-bez-vazhechki-dogovor-i-bez-soodvetno-obrazovanie-na-toksikologija/

ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, г-дин ИЛИР ДЕМИРИ

Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав Проф. д-р.сци Нико Беќаровски, се вели во коментарот на Беќаровски.

Беќаровски додава дека за вакви ЛАГИ И КЛЕВЕТИ, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавите писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ, порача тој.

The post Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение appeared first on Република.

]]>

Откако на фејсбук страната на Министерството за здравство беше објавено дека разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради „несовесно работење во целиот овој изминат период“, а беше објавен и документ во кој имаше сериозни обвинувања до Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, докторот директно му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири. https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-si-odi-vonredna-inspektsija-pokazha-deka-11-litsa-rabotele-bez-vazhechki-dogovor-i-bez-soodvetno-obrazovanie-na-toksikologija/
ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, г-дин ИЛИР ДЕМИРИ Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав Проф. д-р.сци Нико Беќаровски, се вели во коментарот на Беќаровски.
Беќаровски додава дека за вакви ЛАГИ И КЛЕВЕТИ, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавите писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ, порача тој.

The post Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-ne-znae-dali-toksikologija-koja-se-poplavi-e-osigurana-ama-e-siguren-deka-organizatsiskata-direktorka-odi-na-rabota-i-ne-se-parkira-pred-vlezot-na-klinikata/ Fri, 26 Apr 2024 14:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=771456

Министерот за здравство Илир Демири не знае дали Клиниката за Токсикологија која синоќа се поплавила е осигурана, но според него, не е законски ако Клиниката не е осигурана и менаџментот треба да преземе одговорност.

Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави поладнево Демири, кој присустваше на одбележувањето 100 години од формирањето на Инстутот за јавно здравје.

https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/

Синоќа на Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути.

Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Викендов, вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.

Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири не знае дали Клиниката за Токсикологија која синоќа се поплавила е осигурана, но според него, не е законски ако Клиниката не е осигурана и менаџментот треба да преземе одговорност.
Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави поладнево Демири, кој присустваше на одбележувањето 100 години од формирањето на Инстутот за јавно здравје.
https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ Синоќа на Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути. Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не. Викендов, вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.
Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.
Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката appeared first on Република.

]]>
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-klinikata-za-toksikologija-ne-bila-osigurena-menadhmentot-treba-da-prezeme-odgovornost/ Fri, 26 Apr 2024 14:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=771460

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.

Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

The post Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност appeared first on Република.

]]>

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.
- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.
Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не. Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.
- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.
Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.
- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

The post Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство денеска ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија д-р Петровски, а за економската директорка Иљази вели нема ниту едно прекршување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/ Mon, 22 Apr 2024 15:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=769344

Министерот за здравство Илир Демири денеска најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, а за економската директорка Бесија Иљази, вели дека нема констатирано ниту едно прекршување.

Медицинскиот директор и одредени лекари денеска и на Фејсбук имаат објавено навреди, не сакам да бидам нивни портпарол. Тврдам дека не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Јас ќе преземам сериозни мерки. Медицинскиот директор денеска ќе го разрешам иако сме влезени во изборите, рече Демири одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција која беше свикана по повод Европската недела на имунизација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-odbi-da-zboruva-na-makedonki-jazik-novinarite-ja-napushtija-salata/

Вработените на Токликологија вчера испратија писмо до медиумите во кое велат дека со назначување на в.д. организациската директорка Бесија Иљази на Клиниката за токсикологија, на само еден ден пред формирањето на техничката влада се случува деорганизација, а не организација во оваа здравствена установа, Демири рече дека лекарите се служат со навреди.

Стручниот колегиум комуницира со медиумите, лекарите што се служат со навреди комуницираат со навреди и денеска повикале на прес-конференција. Јас сум министер за здравство, сите неусогласувања треба да дојдат тука, а не да се искористат за дневни политички цели“, рече тој.

Според Демири, директорката Иљази е легално назначена и ги исполнувала критериумите за да биде на чело на таа Клиника, но не знаеше да каже точно какво високо образование поседува таа.

Во писмото испратено до медиумите се вели дека од назначување на Иљази за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

Испратив Трудов инспекторат и Државен санитарен и здравствен инспекторат да ги проверат вчерашните наводи од писмото на вработените од Токсикологија“, рече Демири.

На прашањето зошто директорката Иљази денеска на прес-конференција давала изјави само на албански јазик, Демири рече дека ако има потреба со преведувач ќе даде и друга изјава.

Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно инсистира да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31.12.2023.

The post Министерот за здравство денеска ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија д-р Петровски, а за економската директорка Иљази вели нема ниту едно прекршување appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири денеска најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, а за економската директорка Бесија Иљази, вели дека нема констатирано ниту едно прекршување. Медицинскиот директор и одредени лекари денеска и на Фејсбук имаат објавено навреди, не сакам да бидам нивни портпарол. Тврдам дека не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Јас ќе преземам сериозни мерки. Медицинскиот директор денеска ќе го разрешам иако сме влезени во изборите, рече Демири одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција која беше свикана по повод Европската недела на имунизација. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-odbi-da-zboruva-na-makedonki-jazik-novinarite-ja-napushtija-salata/ Вработените на Токликологија вчера испратија писмо до медиумите во кое велат дека со назначување на в.д. организациската директорка Бесија Иљази на Клиниката за токсикологија, на само еден ден пред формирањето на техничката влада се случува деорганизација, а не организација во оваа здравствена установа, Демири рече дека лекарите се служат со навреди.
Стручниот колегиум комуницира со медиумите, лекарите што се служат со навреди комуницираат со навреди и денеска повикале на прес-конференција. Јас сум министер за здравство, сите неусогласувања треба да дојдат тука, а не да се искористат за дневни политички цели“, рече тој.
Според Демири, директорката Иљази е легално назначена и ги исполнувала критериумите за да биде на чело на таа Клиника, но не знаеше да каже точно какво високо образование поседува таа. Во писмото испратено до медиумите се вели дека од назначување на Иљази за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/
Испратив Трудов инспекторат и Државен санитарен и здравствен инспекторат да ги проверат вчерашните наводи од писмото на вработените од Токсикологија“, рече Демири.
На прашањето зошто директорката Иљази денеска на прес-конференција давала изјави само на албански јазик, Демири рече дека ако има потреба со преведувач ќе даде и друга изјава. Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно инсистира да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31.12.2023.  

The post Министерот за здравство денеска ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија д-р Петровски, а за економската директорка Иљази вели нема ниту едно прекршување appeared first on Република.

]]>
Демири во одбрана на организациската директорка на Токсикологија: Тој рекол да не се даваат изјави, ама не кажа дали може изјави на албански https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demiri-vo-odbrana-na-organizatsiskata-direktorka-na-toksikologija-toj-rekol-da-ne-se-davaat-izjavi-ama-ne-kazha-dali-mozhe-izjavi-na-albanski/ Mon, 22 Apr 2024 14:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=769345

Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес-конференција најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски. Тој рече дека пред извесен период бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа.

Просто не можев да поверувам, дури мислев и дека е провокација. Многу ми е жал, три недели ја испитав ситуацијата. За жал, констатацијата е вистината. Длабоко сум уверен дека луѓето кои ги користат ваквите испади и навреди не го мислат тоа. Навреди на национална основа. Не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Ќе преземам сериозни мерки, директорот медицински денеска ќе го разрешам од позицијата, иако сме влезени во изборите - изјави Демири.

Министерот за здравство во врска со работењето на организацискиот директор на Токсикологија, рече дека кај економската директорка нема констатирано ниту едно прекршување на право.

Тој нагласи дека е министер за здравство и сите несогласувања „треба да дојдат тука, а не да се искористат за дневни политички цели“.

Демири посочи дека денеска потпишал решение со кое бара длабоко истражување од надлежните институции во врска со вработувањата во јавното здравство.

Прашан дали анонимни писма пуштени вчера во име на вработени, се користат да се одвлече вниманието, дека се исплатени илјадници денари на сметка на луѓе кои не работеле, Демири одговори дека има такви информации. Тој рече дека имало и информации дека се пишувале повеќе работни саати „за да се исплатат луѓе кои се нивни приврзаници“.

На прашањето зошто организациската директорка на Токсикологија денеска не даде изјава на македонски јазик, туку само на албански, додека новинарите беа на Клиниката за токсикологија, министерот кажа дека самиот рекол да не се даваат изјави.

Оти ако ме забележувате, колку сум воздржан во тоа што го кажувам. Ако има потреба, ќе даде и со преведувачи, одговори Демири на новинарско прашање.

За појавени фотографии на социјалните мрежи со паркирано возило на влез на клиниката, Демири искоментира дека не организациска директорка, министер да е, не смее да паркира на влез на клиника.

The post Демири во одбрана на организациската директорка на Токсикологија: Тој рекол да не се даваат изјави, ама не кажа дали може изјави на албански appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес-конференција најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски. Тој рече дека пред извесен период бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа.
Просто не можев да поверувам, дури мислев и дека е провокација. Многу ми е жал, три недели ја испитав ситуацијата. За жал, констатацијата е вистината. Длабоко сум уверен дека луѓето кои ги користат ваквите испади и навреди не го мислат тоа. Навреди на национална основа. Не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Ќе преземам сериозни мерки, директорот медицински денеска ќе го разрешам од позицијата, иако сме влезени во изборите - изјави Демири.
Министерот за здравство во врска со работењето на организацискиот директор на Токсикологија, рече дека кај економската директорка нема констатирано ниту едно прекршување на право. Тој нагласи дека е министер за здравство и сите несогласувања „треба да дојдат тука, а не да се искористат за дневни политички цели“. Демири посочи дека денеска потпишал решение со кое бара длабоко истражување од надлежните институции во врска со вработувањата во јавното здравство. Прашан дали анонимни писма пуштени вчера во име на вработени, се користат да се одвлече вниманието, дека се исплатени илјадници денари на сметка на луѓе кои не работеле, Демири одговори дека има такви информации. Тој рече дека имало и информации дека се пишувале повеќе работни саати „за да се исплатат луѓе кои се нивни приврзаници“. На прашањето зошто организациската директорка на Токсикологија денеска не даде изјава на македонски јазик, туку само на албански, додека новинарите беа на Клиниката за токсикологија, министерот кажа дека самиот рекол да не се даваат изјави. Оти ако ме забележувате, колку сум воздржан во тоа што го кажувам. Ако има потреба, ќе даде и со преведувачи, одговори Демири на новинарско прашање. За појавени фотографии на социјалните мрежи со паркирано возило на влез на клиниката, Демири искоментира дека не организациска директорка, министер да е, не смее да паркира на влез на клиника.

The post Демири во одбрана на организациската директорка на Токсикологија: Тој рекол да не се даваат изјави, ама не кажа дали може изјави на албански appeared first on Република.

]]>
Демири бара трпение од приватните специјализанти кои стапија во штрајк, им ветува повисоки примања по изборите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-bara-trpenie-od-privatnite-spetsijalizanti-koi-stapija-vo-shtrajk-im-vetuva-povisoki-primana-po-izborite/ Mon, 15 Apr 2024 14:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=766345

Министерот за здравство Илир Демири бара трпение од приватните специјализанти кои денеска стапија во штрајк и најавува дека по изборите ќе се избори со ребаланс на буџетот, за да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи.

На новинарско прашање за генералниот штрајк на приватните специјализанти, Демири рече дека е промотор за реализација на нивните барања и ја истакна тенденцијата за задржување на лекарите во државава.

Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика. Оти, до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите – рече Демири на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини.

Демири дополни дека е потребно трпение од специјализантите.

После изборите, ќе се изборам да има ребаланс во буџетот и нивните примања да се изедначат со примањата на другите специјализанти, кои се вработени во јавни здравствени установи.

Мислам дека е ова коректно, подвлече Демири. Претставниците на приватните специјализанти претходно информираа дека од Министерството за здравство биле повикани на средба во Владата во 14 часот.

Како што најавија, петмина нивни претставници ќе бидат на средбата, а штрајкот ќе продолжи се додека не добијат писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети.

The post Демири бара трпение од приватните специјализанти кои стапија во штрајк, им ветува повисоки примања по изборите appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири бара трпение од приватните специјализанти кои денеска стапија во штрајк и најавува дека по изборите ќе се избори со ребаланс на буџетот, за да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи. На новинарско прашање за генералниот штрајк на приватните специјализанти, Демири рече дека е промотор за реализација на нивните барања и ја истакна тенденцијата за задржување на лекарите во државава.
Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика. Оти, до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите – рече Демири на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини.
Демири дополни дека е потребно трпение од специјализантите. После изборите, ќе се изборам да има ребаланс во буџетот и нивните примања да се изедначат со примањата на другите специјализанти, кои се вработени во јавни здравствени установи. Мислам дека е ова коректно, подвлече Демири. Претставниците на приватните специјализанти претходно информираа дека од Министерството за здравство биле повикани на средба во Владата во 14 часот. Како што најавија, петмина нивни претставници ќе бидат на средбата, а штрајкот ќе продолжи се додека не добијат писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети.  

The post Демири бара трпение од приватните специјализанти кои стапија во штрајк, им ветува повисоки примања по изборите appeared first on Република.

]]>
Пристигнаа вакцини за возрасни против голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pristignaa-vaktsini-za-vozrasni-protiv-golema-kashlitsa/ Fri, 15 Mar 2024 12:28:50 +0000 https://republika.mk/?p=755130

Вакцините ДиТеПер за возрасни се пристигнати во државава и заинтересираните уште од денеска можа да примат ревакцина во вакциналните пунктови, информираше денеска министерот за здравство Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Скопје по повод одбележување на 17 март Ден на крводарителството и Денот на основање на Црвениот крст.

Вакцините се стигнати и веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба од таков вид ревакцина, изјави министерот за здравство, Демири.

Вакцината ДиТеПер за возрасни се препорачува да примат медицински лица, лица кои рработат со деца и возрасни кои живеат со млади деца кои би можеле да се заразат.

Тој посочи дека денеска ќе ја потпише одлуката на Комисијата за заразни болести за вакцинација на деца и истакна дека и без негов потпис таа е валидна.

Сега ќе ја потпишам откако ќе се вратам, после настанот, одлуката на Комисијата е валидна и без мој потпис, оти Комисијата е составена од експерти кои носат праведни одлуки во интерес на граѓаните и во интерес на спасување животи, рече министерот.

The post Пристигнаа вакцини за возрасни против голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Вакцините ДиТеПер за возрасни се пристигнати во државава и заинтересираните уште од денеска можа да примат ревакцина во вакциналните пунктови, информираше денеска министерот за здравство Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Скопје по повод одбележување на 17 март Ден на крводарителството и Денот на основање на Црвениот крст.
Вакцините се стигнати и веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба од таков вид ревакцина, изјави министерот за здравство, Демири.
Вакцината ДиТеПер за возрасни се препорачува да примат медицински лица, лица кои рработат со деца и возрасни кои живеат со млади деца кои би можеле да се заразат. Тој посочи дека денеска ќе ја потпише одлуката на Комисијата за заразни болести за вакцинација на деца и истакна дека и без негов потпис таа е валидна.
Сега ќе ја потпишам откако ќе се вратам, после настанот, одлуката на Комисијата е валидна и без мој потпис, оти Комисијата е составена од експерти кои носат праведни одлуки во интерес на граѓаните и во интерес на спасување животи, рече министерот.

The post Пристигнаа вакцини за возрасни против голема кашлица appeared first on Република.

]]>
Од прогласувањето на епидемија на голема кашлица во Скопје досега се вакцинирале повеќе од 22 илјади лица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-proglasuvaneto-na-epidemija-na-golema-kashlitsa-vo-skopje-dosega-se-vaktsinirale-poveke-od-22-iljadi-litsa/ Thu, 07 Mar 2024 11:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=752201

Министерот за здравство Илир Демири информира дека по прогласувањето на епидемија на голема кашлица во градот Скопје досега се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица.

Како што информираат од Министерството за здравство, во гостувањето во емисијата „10 минути“ на ТВ21 Демири посочил дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имуницираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот.

Во однос на функционирањето на здравствениот систем, министерот Демири рече дека има потреба од регионализација.

Тој изјави дека доколку му е дадена можноста да продолжи да ја извршува позицијата министер за здравство по изборите ќе се труди да се формираат регионални центри во Битола, Штип, Куманово и Тетово.

Со ова, вели, пациентите ќе добиваат здравствена услуга најблиску до местото на живеење. Како пример за регионален центар ја посочи Клиничката болница Тетово каде што работел на оваа идеја пред да стане министер.

The post Од прогласувањето на епидемија на голема кашлица во Скопје досега се вакцинирале повеќе од 22 илјади лица appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири информира дека по прогласувањето на епидемија на голема кашлица во градот Скопје досега се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица. Како што информираат од Министерството за здравство, во гостувањето во емисијата „10 минути“ на ТВ21 Демири посочил дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имуницираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот. Во однос на функционирањето на здравствениот систем, министерот Демири рече дека има потреба од регионализација. Тој изјави дека доколку му е дадена можноста да продолжи да ја извршува позицијата министер за здравство по изборите ќе се труди да се формираат регионални центри во Битола, Штип, Куманово и Тетово. Со ова, вели, пациентите ќе добиваат здравствена услуга најблиску до местото на живеење. Како пример за регионален центар ја посочи Клиничката болница Тетово каде што работел на оваа идеја пред да стане министер.

The post Од прогласувањето на епидемија на голема кашлица во Скопје досега се вакцинирале повеќе од 22 илјади лица appeared first on Република.

]]>
Ќе има системско решение за лекувањето на Леонид, но не во време на техничка Влада, вели министерот за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ke-ima-sistemsko-reshenie-za-lekuvaneto-na-leonid-no-ne-vo-vreme-na-tehnichka-vlada-veli-ministerot-za-zdravstvo/ Thu, 29 Feb 2024 10:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=749577

Министерот за здравство Илир Демири денеска на новинарско прашање во врска со случајот на Леонид Индов изјави дека владата и Министерството за здравство се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне, односно ќе му бидат покриени трошоците. Системско решение, како што посочи, во предизборниот период и во време на техничка влада, не може да се најде.

Досега е направено многу. Зборувавме со семејството и брзо ќе добиете епилог. Не сакам медиумска кампања апропо изнаоѓање на решение. Значи, Владата и министерството за здравство се комплетно посветени и ќе најдеме решение да му се помогне не само на Индов, туку и на секој еден пациент кој има потреба“, изјави Демири пред почетокот на панел дискусијата по повод одбележувањето на Денот на ретки болести во Скопје.

Тој напомена дека сега треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение ќе се зборува после изборите.

Системско решение во оваа техничка Влада и предизборие не може да се најде. Треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение после изборите ќе зборуваме, од повеќе сектори зависи тоа. Значи, промена на регулативи и на закони не зависи само од Министерството за здравство“, додаде Демири.

The post Ќе има системско решение за лекувањето на Леонид, но не во време на техничка Влада, вели министерот за здравство appeared first on Република.

Демири: Посветени сме и ќе најдеме решение да му се помогне на Индов, за системско решение ќе зборуваме по изборите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-posveteni-sme-i-ke-najdeme-reshenie-da-mu-se-pomogne-na-indov-za-sistemsko-reshenie-ke-zboruvame-po-izborite/ Thu, 29 Feb 2024 09:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=749548

Министерот за здравство Илир Демири денеска на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов изјави дека Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне, односно ќе му бидат покриени трошоците. Системско решение, како што посочи, во предизборниот период и во време на техничка влада, не може да се најде.

-Досега е направено многу. Зборувавме со семејството и брзо ќе добиете епилог. Не сакам медиумска кампања апропо изнаоѓање на решение. Значи, Владата и Министерството за здравство се комплетно посветени и ќе најдеме решение да му се помогне не само на Индов, туку на секој еден пациент кој има потреба, изјави Демири пред почетокот на панел дискусијата по повод одбележувањето на Денот на ретки болести во Скопје.

Тој напомена дека сега треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение ќе се зборува после изборите.

-Системско решение во оваа техничка Влада и предизборие не може да се најде. Треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение после изборите ќе зборуваме, од повеќе сектори зависи тоа. Значи, промена на регулативи и на закони не зависи само од Министерството за здравство, додаде Демири.

The post Демири: Посветени сме и ќе најдеме решение да му се помогне на Индов, за системско решение ќе зборуваме по изборите appeared first on Република.