Илинка Митрева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilinka-mitreva/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Aug 2022 10:47:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илинка Митрева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilinka-mitreva/ 32 32 Бучковски, Милошоски, Османи, Никоски ѝ оддадоа почит на Илинка Митрева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/buchkovski-miloshoski-osmani-nikoski-i-oddadoa-pochit-na-ilinka-mitreva/ Wed, 17 Aug 2022 10:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=541338

Со колаж од фотографии од професионалната кариера на поранешната министерка за надворешни работи Илинска Митрева пренесуван на интернет преку видео врска до сите дипломатско конзуларни претставништва на земјава и обраќање на актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи и поранешната шефица на нејзиниот кабинет Санта Аргирова, денеска во Министерството за надворешни работи (МНР) беше одржана комеморација за Илинка Митрева – лавицата на македонската дипломатија која почина на 31 јули годинава во Скопје на 72-годишна возраст.

Илинка Митрева беше личност со префинет вкус со извонредни манири на однесување, вистинска дама која знаеше да ги користи своите таленти и доблести за постигнување дипломатски резултати за својата држава. Од колегите со подолг стаж во Министерството слушнав многу пофални зборови за Митрева. Таа била строга, но правична и искрена и целосно посветена на работата. Се залагала за работна дисциплина и за хиерархија, но знаела и да наградува за постигнати резултати, рече министерот Османи во своето обраќање на комеморацијата.

Тој нагласи дека Митрева спроведе бројни реформи во МНР, а круна на тоа беше донесувањето на првиот Закон за надворешни работи, во кој беше предвидено две третини од амбасадорите да бидат именувани од редовите на професионалниот кадар. Во нејзиниот мандат, како што кажа, првпат повеќе жени станаа амбасадори.

Илинка Митрева ќе му недостасува на нејзиното семејство, на своите пријатели, на своите поранешни колеги од МНР, на генерации на своите студенти, но едно е сигурно таа зад себе остави неизбришлива трага во МНР. Тука сме да одадеме почит на една извонредна личност која несомнено остави личен печат на нашата надворешна политика во исклучително важен и турбулентен период за нашата држава. Госпоѓа Илинка Митрева беше прва жена министер за надворешни работи и прв министер за надворешни работи во два мандати. Таа раководеше со Министерството 4,5 години, период кога успеа да оствари неколку големи стратешки цели за нашата држава. Таа беше исклучително храбра жена која не се плашеше од предизвиците и имаше  доволно доблест да прифати да биде министер за надворешни работи на врвот на конфликтот во Република Македонија во мај 2001 година, посочи Османи.

Тој истакна дека таа бескомпромисно се бореше за државните цели користејќи извонредни дипломатски финеси за да постигне позитивни резултати и достојно пред сите го бранеше Охридскиот рамковен договор кој беше потпишан во нејзино време.

Трпеливоста и упорноста останаа нејзин заштитен знак. Фактот што беше една од ретките жени министри за надворешни работи исклучително успешно знаеше да го искористи. Нејзините ораторски вештини и сега се спомнуваат кај колегите кои имаа привилегија да присуствуваат на разговорите кои таа ги водеше, истакна Османи.

Поранешната шефица на нејзиниот кабинет, Аргирова посочи дека Митрева гледаше далеку, а живееше во мигот и додаде дека имала чест за работи за уникатен човек, за жена која бескрајно ја сакаше својата татковина и не се штедеше да се бори за неа. Сакаше точност, дисциплина, работливост, лидер што покренуваше.

Ни требаат луѓе како Илинка Митрева – почитувана и на Запад и на Исток, почитувана и од Колин Пауел и од Сергеј Лавров и сите нејзини колеги, како и претседатели на држави и премиери. Ни требаат луѓе за кои во странски весници ќе напишат „ако ја немаше Илинка Митрева ќе требаше да ја измислиме“ или ја нарекуваат тигрица од Балканот не затоа што е сурова или свирепа, туку затоа што е жестока и со страст за својата држава. Или Митрева поради својата убедливост, остар јазик и непосредност стана миленичка на западната дипломатија, подеднакво ја сакаа во своето друштво и Пауел и Патен иако сешто им кажува. Точно е дека таа беше светски играч од мала земја, нејзините успеси ниту можеа, ниту, пак, можат да бидат минимализирани. Покрај неа имав чувство дека сме од голема и моќна држава. Таа жена со убеденост после долга елаборација со стисната тупаница пред европскиот комесар за надворешни работи Кристофер Патен му рече – Македонија направи сѐ и ние ќе аплицираме за членство, а вие размислете како ќе ни одговорите и со тоа го заклучи разговорот, рече Аргирова.

Таа истакна дека Митрева особено се гордееше со три моменти и велеше дека никогаш нема да го заборави утрото на 4 ноември 2004 година кога тогашниот американски амбасадор Лоренс Батлер влезе во кабинетот на претседателот со зборовите „од денеска сум амбасадор на САД во Република  Македонија“.

Вториот момент е во раното утро на 17 декември 2005 година кога прв од Брисел и се јави тогашниот министер за надворешни работи на Луксембург, Жан Асенборг и и кажа дека Македонија го доби статусот кандидат за членство во ЕУ. И третиот – моментот на нормализација на односите со Народна Република Кина по тајванската авантура, посочи Аргирова.

Митрева, потенцира Аргирова, беше достоинствена, а не арогантна, борбен, но фер играч – жена за која најголем подарок беше букет полско цвеќе или жолти рози, жена која сакаше да разговара со луѓето на улица и во такси и велеше дека тие се искрени соговорници кои ја држат на земја.

Го донесе Законот за надворешни работи и го сметаше за најголемата инвестиција во професионализација на македонската дипломатија. Оценката за работата на амбасадорите или дипломатите никогаш не ја формираше според партиската припадност. Велеше критиката мора да биде издржана, сега сите и требаме на државата, никој не треба да ги штеди своите напори, почнувајќи од мене. Бевме среќни што ја имавме за министерка и за пријател. Ми беше највисока чест да работам за неа, потсети Аргирова.

Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови.

Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно – европската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.

Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи во Владата на широката коалиција. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година.

Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година

The post Бучковски, Милошоски, Османи, Никоски ѝ оддадоа почит на Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>

Со колаж од фотографии од професионалната кариера на поранешната министерка за надворешни работи Илинска Митрева пренесуван на интернет преку видео врска до сите дипломатско конзуларни претставништва на земјава и обраќање на актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи и поранешната шефица на нејзиниот кабинет Санта Аргирова, денеска во Министерството за надворешни работи (МНР) беше одржана комеморација за Илинка Митрева – лавицата на македонската дипломатија која почина на 31 јули годинава во Скопје на 72-годишна возраст.
Илинка Митрева беше личност со префинет вкус со извонредни манири на однесување, вистинска дама која знаеше да ги користи своите таленти и доблести за постигнување дипломатски резултати за својата држава. Од колегите со подолг стаж во Министерството слушнав многу пофални зборови за Митрева. Таа била строга, но правична и искрена и целосно посветена на работата. Се залагала за работна дисциплина и за хиерархија, но знаела и да наградува за постигнати резултати, рече министерот Османи во своето обраќање на комеморацијата.
Тој нагласи дека Митрева спроведе бројни реформи во МНР, а круна на тоа беше донесувањето на првиот Закон за надворешни работи, во кој беше предвидено две третини од амбасадорите да бидат именувани од редовите на професионалниот кадар. Во нејзиниот мандат, како што кажа, првпат повеќе жени станаа амбасадори.
Илинка Митрева ќе му недостасува на нејзиното семејство, на своите пријатели, на своите поранешни колеги од МНР, на генерации на своите студенти, но едно е сигурно таа зад себе остави неизбришлива трага во МНР. Тука сме да одадеме почит на една извонредна личност која несомнено остави личен печат на нашата надворешна политика во исклучително важен и турбулентен период за нашата држава. Госпоѓа Илинка Митрева беше прва жена министер за надворешни работи и прв министер за надворешни работи во два мандати. Таа раководеше со Министерството 4,5 години, период кога успеа да оствари неколку големи стратешки цели за нашата држава. Таа беше исклучително храбра жена која не се плашеше од предизвиците и имаше  доволно доблест да прифати да биде министер за надворешни работи на врвот на конфликтот во Република Македонија во мај 2001 година, посочи Османи.
Тој истакна дека таа бескомпромисно се бореше за државните цели користејќи извонредни дипломатски финеси за да постигне позитивни резултати и достојно пред сите го бранеше Охридскиот рамковен договор кој беше потпишан во нејзино време.
Трпеливоста и упорноста останаа нејзин заштитен знак. Фактот што беше една од ретките жени министри за надворешни работи исклучително успешно знаеше да го искористи. Нејзините ораторски вештини и сега се спомнуваат кај колегите кои имаа привилегија да присуствуваат на разговорите кои таа ги водеше, истакна Османи.
Поранешната шефица на нејзиниот кабинет, Аргирова посочи дека Митрева гледаше далеку, а живееше во мигот и додаде дека имала чест за работи за уникатен човек, за жена која бескрајно ја сакаше својата татковина и не се штедеше да се бори за неа. Сакаше точност, дисциплина, работливост, лидер што покренуваше.
Ни требаат луѓе како Илинка Митрева – почитувана и на Запад и на Исток, почитувана и од Колин Пауел и од Сергеј Лавров и сите нејзини колеги, како и претседатели на држави и премиери. Ни требаат луѓе за кои во странски весници ќе напишат „ако ја немаше Илинка Митрева ќе требаше да ја измислиме“ или ја нарекуваат тигрица од Балканот не затоа што е сурова или свирепа, туку затоа што е жестока и со страст за својата држава. Или Митрева поради својата убедливост, остар јазик и непосредност стана миленичка на западната дипломатија, подеднакво ја сакаа во своето друштво и Пауел и Патен иако сешто им кажува. Точно е дека таа беше светски играч од мала земја, нејзините успеси ниту можеа, ниту, пак, можат да бидат минимализирани. Покрај неа имав чувство дека сме од голема и моќна држава. Таа жена со убеденост после долга елаборација со стисната тупаница пред европскиот комесар за надворешни работи Кристофер Патен му рече – Македонија направи сѐ и ние ќе аплицираме за членство, а вие размислете како ќе ни одговорите и со тоа го заклучи разговорот, рече Аргирова.
Таа истакна дека Митрева особено се гордееше со три моменти и велеше дека никогаш нема да го заборави утрото на 4 ноември 2004 година кога тогашниот американски амбасадор Лоренс Батлер влезе во кабинетот на претседателот со зборовите „од денеска сум амбасадор на САД во Република  Македонија“.
Вториот момент е во раното утро на 17 декември 2005 година кога прв од Брисел и се јави тогашниот министер за надворешни работи на Луксембург, Жан Асенборг и и кажа дека Македонија го доби статусот кандидат за членство во ЕУ. И третиот – моментот на нормализација на односите со Народна Република Кина по тајванската авантура, посочи Аргирова.
Митрева, потенцира Аргирова, беше достоинствена, а не арогантна, борбен, но фер играч – жена за која најголем подарок беше букет полско цвеќе или жолти рози, жена која сакаше да разговара со луѓето на улица и во такси и велеше дека тие се искрени соговорници кои ја држат на земја.
Го донесе Законот за надворешни работи и го сметаше за најголемата инвестиција во професионализација на македонската дипломатија. Оценката за работата на амбасадорите или дипломатите никогаш не ја формираше според партиската припадност. Велеше критиката мора да биде издржана, сега сите и требаме на државата, никој не треба да ги штеди своите напори, почнувајќи од мене. Бевме среќни што ја имавме за министерка и за пријател. Ми беше највисока чест да работам за неа, потсети Аргирова.
Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови. Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно – европската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи во Владата на широката коалиција. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година. Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година

The post Бучковски, Милошоски, Османи, Никоски ѝ оддадоа почит на Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>
Комеморација за Илинка Митрева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komemoracija-za-ilinka-mitreva/ Wed, 17 Aug 2022 07:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=541175

Во Министерството за надворешни работи денеска о 10 часот ќе се одржи комеморација за поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.

Настанот ќе се одвива во амфитеатарот на Министерството.

Митрева почина на 31 јули годинава на 72 години.

Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.

Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир, објави СДСМ.

Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови.

Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.

Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година.

Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година.

The post Комеморација за Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за надворешни работи денеска о 10 часот ќе се одржи комеморација за поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Настанот ќе се одвива во амфитеатарот на Министерството.
Митрева почина на 31 јули годинава на 72 години. Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир, објави СДСМ.
Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови. Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година. Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година.

The post Комеморација за Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>
Утре во МНР комеморација за Илинка Митрева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-vo-mnr-komemoracija-za-ilinka-mitreva/ Tue, 16 Aug 2022 19:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=541090

Утре (17 август 2022), во Министерството за надворешни работи ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева.

Настанот ќе се одвива во амфитеатарот на Министерството, со почеток во 10:00 часот.

The post Утре во МНР комеморација за Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>

Утре (17 август 2022), во Министерството за надворешни работи ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Настанот ќе се одвива во амфитеатарот на Министерството, со почеток во 10:00 часот.

The post Утре во МНР комеморација за Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>
МНР: Митрева ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во заштитата и промовирањето на интересите на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-mitreva-kje-ostane-zapametena-po-svojata-posvetenost-i-beskompromisnost-vo-zashtitata-i-promoviranjeto-na-interesite-na-drzavata/ Mon, 01 Aug 2022 18:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=535882

Вработените во Министерството за надворешни работи со големо жалење ја примија веста за смртта на Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи, информира МНР.

Митрева остави голем печат врз работењето на Министерството. Ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во остварувањето на надворешно-политичките приоритети, заштитата и промовирањето на интересите на државата, се наведува во соопштението.

Од МНР посочуваат дека за време на нејзиниот мандат, посебно место зазема добивањето на кандидатски​от статус за членство во Европската унија.

Митрева, која беше иницијатор и за донесување на првиот Закон за надворешни работи, постави високи стандарди во секојдневното работење, давајќи личен пример со својот безрезервен ангажман, за што беше ценета и уважувана од вработените. Министерството изразува најискрено сочувство до нејзиното семејство, се додава во соопштението.

The post МНР: Митрева ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во заштитата и промовирањето на интересите на државата appeared first on Република.

]]>

Вработените во Министерството за надворешни работи со големо жалење ја примија веста за смртта на Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи, информира МНР. Митрева остави голем печат врз работењето на Министерството. Ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во остварувањето на надворешно-политичките приоритети, заштитата и промовирањето на интересите на државата, се наведува во соопштението. Од МНР посочуваат дека за време на нејзиниот мандат, посебно место зазема добивањето на кандидатски​от статус за членство во Европската унија. Митрева, која беше иницијатор и за донесување на првиот Закон за надворешни работи, постави високи стандарди во секојдневното работење, давајќи личен пример со својот безрезервен ангажман, за што беше ценета и уважувана од вработените. Министерството изразува најискрено сочувство до нејзиното семејство, се додава во соопштението.

The post МНР: Митрева ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во заштитата и промовирањето на интересите на државата appeared first on Република.

]]>
Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија: Што велеше Илинка Митрева во 2020 за политиките на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stavovite-na-zaev-se-zavrshniot-udar-shto-toj-go-zadava-na-makedonija-shto-veleshe-ilinka-mitreva-vo-2020-za-politikite-na-sdsm/ Mon, 01 Aug 2022 15:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=535816

Почина поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Митрева беше поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и еднa од основачите на партијата.

Кон крајот на ноември 2020 година, Митрева која е поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, како реакција на интервјуто на тогашниот премиер Зоран Заев за агенцијата БГНЕС изјави дека е време Заев да се соочи со судот на јавноста.

Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста, рече поранешната министерка за надворешни работи.

Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија. Почна од Преспа и промената на името на нашата држава, а сега посегна по идентитетот, јазикот и историјата – по ноторни историски факти, фашистичката окупација на Македонија. Капитулираше пред најголемиот напад со кој се соочила Македонија од почетокот на нејзиното постоење: уцени, притисоци и барања што задираат во темелите на македонската нација. Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста. Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија. Но, има простор за вонреден конгрес - рече тогаш Митрева.

Таа сметаше дека е време „да се испрати натпартиска порака до сите општествени и политички сили во нашата земја, до сите граѓани, да се обединиме пред тешките предизвици што ни претстојат“.

Како поранешен политички деец, но и како граѓанин, имам право и обврска да застанам во одбрана на националната гордост - заклучи професорката Митрева.

The post Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија: Што велеше Илинка Митрева во 2020 за политиките на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Почина поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Митрева беше поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и еднa од основачите на партијата. Кон крајот на ноември 2020 година, Митрева која е поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, како реакција на интервјуто на тогашниот премиер Зоран Заев за агенцијата БГНЕС изјави дека е време Заев да се соочи со судот на јавноста. Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста, рече поранешната министерка за надворешни работи.
Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија. Почна од Преспа и промената на името на нашата држава, а сега посегна по идентитетот, јазикот и историјата – по ноторни историски факти, фашистичката окупација на Македонија. Капитулираше пред најголемиот напад со кој се соочила Македонија од почетокот на нејзиното постоење: уцени, притисоци и барања што задираат во темелите на македонската нација. Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста. Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија. Но, има простор за вонреден конгрес - рече тогаш Митрева.
Таа сметаше дека е време „да се испрати натпартиска порака до сите општествени и политички сили во нашата земја, до сите граѓани, да се обединиме пред тешките предизвици што ни претстојат“.
Како поранешен политички деец, но и како граѓанин, имам право и обврска да застанам во одбрана на националната гордост - заклучи професорката Митрева.

The post Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија: Што велеше Илинка Митрева во 2020 за политиките на СДСМ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на Илинка Митрева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-izrazuva-dlaboko-zalenje-za-smrtta-na-ilinka-mitreva/ Mon, 01 Aug 2022 15:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=535813

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и упатува искрено сочувство до семејството и најблиските.

Илинка Митрева како поранешен пратеник, министер и политички и општествен чинител беше дел од поновата македонска историја.

Таа делуваше во времињата кога без разлика на концептуалните и идеолошки разлики се опстојуваше од сите во промоција и заштита на националните и државни интереси на Република Македонија.

Нека почива во мир, се наведува во телеграмата со сочувство од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и упатува искрено сочувство до семејството и најблиските. Илинка Митрева како поранешен пратеник, министер и политички и општествен чинител беше дел од поновата македонска историја. Таа делуваше во времињата кога без разлика на концептуалните и идеолошки разлики се опстојуваше од сите во промоција и заштита на националните и државни интереси на Република Македонија. Нека почива во мир, се наведува во телеграмата со сочувство од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>
Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-poraneshnata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-ilinka-mitreva/ Mon, 01 Aug 2022 12:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=535730

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.

Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи.

Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.

Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.

Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.

Нека почива во мир.

The post Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.
Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи. Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир.

The post Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева appeared first on Република.

]]>