Илинденско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilindensko/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Aug 2022 10:59:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илинденско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilindensko/ 32 32 Во Софија во 1923 година се прославило Илинденското, а не Илинденско-Преображенско востание https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-sofija-vo-1923-godina-se-proslavilo-ilindenskoto-a-ne-ilindensko-preobrazensko-vostanie/ Tue, 02 Aug 2022 10:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=536065

На бугарските фалсификатори кратки им се нозете, пишува на фејсбук-постот на забранетата политичка партија на Македонците во Бугарија ОМО Илинден-Пирин. Тие објавија две фотографии од 1923 година, од прославата на Македонците на 20 годишнината од Илинденското востание во Софија.

Ова е уште една потврда дека името на востанието е Илинденско и дека не постои Илинденско-Преображенско востание, како што сакаат да го прикажат бугарските историчари - фалсификатори, кои му го смениле името во 60-тите години на 20 век, во времето на диктаторот Тодор Живков.

Бугарските историчари не знаеле како да го избришаат македонскиот идентитет на востанието, и решиле да му го сменат и фалсификуваат името, за да му дадат лажен бугарски карактер.

На двете фотографии од 1923 година се гледа како околу 10 илјади Македонци, од кои голем број емигранти во Бугарија, организираат прослава на 20-годишнината од Илинденското востание во Софија.

Под фотографиите добро се чита:

„Дваесетгодишнината од Илинденското македонско востание се отпразнува в Софија најторжествено (најсвечено). После панихидата во централната црква „Света Недела“, манифестацијата од неколку десетици илјади Македонци се упати кон гробиштата, на чело со Илинденското знаме, знамињата на разните братства наредени по азбучен ред, портретите на починалите македонски дејци и многубројни венци.

На десно се одделните братства пристигнати на плоштадот пред црквата. На лево, почетокот на манифестацијата, која завива (врти) по улицата „Гробарска“ напред со Илинденското знаме и грамадниот плакат со картата на Македонија“.

The post Во Софија во 1923 година се прославило Илинденското, а не Илинденско-Преображенско востание appeared first on Република.

]]>

На бугарските фалсификатори кратки им се нозете, пишува на фејсбук-постот на забранетата политичка партија на Македонците во Бугарија ОМО Илинден-Пирин. Тие објавија две фотографии од 1923 година, од прославата на Македонците на 20 годишнината од Илинденското востание во Софија. Ова е уште една потврда дека името на востанието е Илинденско и дека не постои Илинденско-Преображенско востание, како што сакаат да го прикажат бугарските историчари - фалсификатори, кои му го смениле името во 60-тите години на 20 век, во времето на диктаторот Тодор Живков. Бугарските историчари не знаеле како да го избришаат македонскиот идентитет на востанието, и решиле да му го сменат и фалсификуваат името, за да му дадат лажен бугарски карактер. На двете фотографии од 1923 година се гледа како околу 10 илјади Македонци, од кои голем број емигранти во Бугарија, организираат прослава на 20-годишнината од Илинденското востание во Софија. Под фотографиите добро се чита: „Дваесетгодишнината од Илинденското македонско востание се отпразнува в Софија најторжествено (најсвечено). После панихидата во централната црква „Света Недела“, манифестацијата од неколку десетици илјади Македонци се упати кон гробиштата, на чело со Илинденското знаме, знамињата на разните братства наредени по азбучен ред, портретите на починалите македонски дејци и многубројни венци. На десно се одделните братства пристигнати на плоштадот пред црквата. На лево, почетокот на манифестацијата, која завива (врти) по улицата „Гробарска“ напред со Илинденското знаме и грамадниот плакат со картата на Македонија“.

The post Во Софија во 1923 година се прославило Илинденското, а не Илинденско-Преображенско востание appeared first on Република.

]]>