Илинденско востание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilindensko-vostanie/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 08:15:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илинденско востание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilindensko-vostanie/ 32 32 Досега необјавени детали: Бугарија непосредно пред Илинденското востание ги затворила сите македонски здруженија во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dosega-neobjaveni-detali-bugarija-neposredno-pred-ilindenskoto-vostanie-gi-zatvorila-site-makedonski-zdruzhenija-vo-sofija/ Wed, 18 Oct 2023 08:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=692374

На Фејсбук страницата „Macedonia a true endless story“ се објавени досега детали за Илинденското востание и деновите пред втори авуст 1903 година.

Премиерот на Турското вазално кнежевство Бугарија во 1903 година свечено објавил дека ги затвора македонските здруженија и оти бугарските власти ќе апсат Македонци. Тоа се случува неколку месеци пред македонското национално Илинденско востание.
Ваквата политика била преземена поради дејностите на Македонците против Отоманскиот Султанат во борбата за национална слобода. Бугарија со хајките против Македонците повеќепати се истакнала како верен вазал на Отоманска Турција.

ИЗВОР: „Стенографически Дневник“, 1 февруари 1903 г.

 

 

The post Досега необјавени детали: Бугарија непосредно пред Илинденското востание ги затворила сите македонски здруженија во Софија appeared first on Република.

]]>

На Фејсбук страницата „Macedonia a true endless story“ се објавени досега детали за Илинденското востание и деновите пред втори авуст 1903 година.
Премиерот на Турското вазално кнежевство Бугарија во 1903 година свечено објавил дека ги затвора македонските здруженија и оти бугарските власти ќе апсат Македонци. Тоа се случува неколку месеци пред македонското национално Илинденско востание.
Ваквата политика била преземена поради дејностите на Македонците против Отоманскиот Султанат во борбата за национална слобода. Бугарија со хајките против Македонците повеќепати се истакнала како верен вазал на Отоманска Турција.
ИЗВОР: „Стенографически Дневник“, 1 февруари 1903 г.    

The post Досега необјавени детали: Бугарија непосредно пред Илинденското востание ги затворила сите македонски здруженија во Софија appeared first on Република.

]]>
Проф. Велев: Илинденското востание се сметало за македонско и никако поинаку https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-velev-ilindenskoto-vostanie-se-smetalo-za-makedonsko-i-nikako-poinaku/ Mon, 04 Sep 2023 08:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=678535

Годинава кога се прославува јубилејот 120 години од Илинденското востание (1903-2023) лично ни беше доставена песна со наслов Маћедонији 1903. (На Македонија во 1903.) напишана од основоположникот на црногорската поезија за деца Мило Јововиќ (Стар Бар, Црна Гора, 1866-1916). Песната ја добивме од страна на еден од поетовите потомци м-р Иван Јововиќ – актуелен претседател на Матица црногорска, кој заедно со генералниот секратар Иван Ивановиќ ни испратија снимка од култната песна за Илинденска Македонија во 1903 година. На 2 август годинава ја постиравме снимката со песната на нашиот фејсбук-профил како честитка за 120-годишниот јубилеј од Илинденското востание, која предизвика неизмерно позитивен интерес во пошироката македонска јавност. На социјалните мрежи песната доживеа масовни следења, коментирања и споделувања, зашто беше преземена уште преку веб-страната Македонска поезија и преку некои од македонските електронски портали. Повеќеилјадните позитивни празнични реакции во Македонија беа пренесени и од страна на црногорскиот дневен печатен и електронски весник Победа (pobjeda.me од 11.08.2023 г.), како и од Радио Бар (barinfo.me од истиот датум),пишува проф.Илија Велев за „Пресинг ТВ“.

Црногорскиот поет Мило Јововиќ потекнувал од стара позната барска фамилија, која со векови наназад се споменува во зачуваните писмени извори. Уште во 1881 година, на 15-годишна возраст, станал еден од најмладите основачи и членови на Барското читалиште во кое членувале 63 граѓани на Бар од сите три вероисповедни конфесии – римокатоличката, православната и муслиманската. Своите искуства ги стекнувал како чиновник во Барската надбискупија, што му овозможило да се издигне во истакнат интелектуалец кој зборувал неколку јазици: француски, италијански, турски и јужнословенските јазици. Покрај со книжевно творештво тој се занимавал уште со проучувања на флората и фауната во приморската област, а вршел и етнолошки истражувања за тој крај од Црна Гора. Поголемиот дел од книжевното творештво го посветил за младата читателска популација, на која бил и хуманитарно посветен како донатор за изградба на детската болница во Цетиње во 1908 година. За неговата истакната дејност бил и одликуван со Орден за ревност, а и сега постои улица во градот Бар која е посветена на овој поет.

Во последната деценија на XIX век Мило Јововиќ веќе бил познат со пишување на дидактичка и родољубива поезија, како одглас од актуелните за тоа време преродбенско-просветителски и романтичарски национални тенденции на Приморјето и пошироко на Балканот. Со таков инспиративен дух пишувал и пригодни песни во чест на последниот црногорски кнез и крал Никола I Петровиќ (кнез 1860-1910; крал 1910-1918), кој исто така бил и поет. Објавувал во повеќе весници и списанија, меѓу кои: Голуб, Босанска вила, Омладина, Славјански свет, Градина, Луча, Невесиње, Књижевни лист и др. Но и покрај тоа, поголемиот дел од творештвото на Јововиќ останало необјавено во форма на ракописна граѓа кај дел од неговите потомци кои сега не живеат во Црна Гора.

Песната на Мило Јововиќ во ракопис со наслов Маћедонији 1903. (На Македонија во 1903.) ја открил новинарот и публицист Жељко Миловиќ при неговите истражувања за просветните установи во градот Бар, при што и за првпат ја објавил во градскиот училишен весник Приморац бр. 2 за месец ноември во 1978 година. Но поради објавувањето во локалното гласило на градското основно училиште, оваа поетска творба не успеала да побуди поширок интерес кај читателската публика, па следствено и останала во заборав.

Впечатливо е што дури и по изминати 120 години откако Мило Јововиќ ја напишал поетската творба Маћедонији 1903. (На Македонија во 1903.) сè уште таа има исклучително значење за македонскиот културноисториски и национален идентитет, па се чита и се доживува како да е напишана и за современите состојби во Македонија. Стариот Баранин ја напишал песната во 1903 година како инспирација од штотуку случениот пораз на Илинденското востание, упатувајќи поетски проглас до совеста на Европа да ја зачува и да ја заштити Македонија. Овој несомнено голем почитувач на Македонија и на Македонците поетски ги излеал своите најдлабоки емотивни чувства кон земјата и народот кои ги доживувал за мошне блиски до Црна Гора и до Црногорците. Гледајќи ја Македонија беспомошна и оставена самата на себе по поразот на националното ослободително востание во 1903 година, црногорскиот поет суптилно и елегично ја опејува како „тажна“, „сирота“, „јадна“ и „бедна“. Покрај тоа што песната за Македонија во 1903 година како трогателно доживеано сведоштво ја напишал црногорски поет, а не македонски, сепак од нејзиниот инспиративен потхот извираат искрени братољубиви чувства кон страдалниот македонски народ – кој на повидокот на XX век со уметничко-пророчки наратив ги насетил идните негови асимилирања и оттуѓувања. Треба да се истакне дека песната го претставува Мило Јововиќ како исклучително опитен поет за млади со завидно ниво на надрасната поетика, инспиративна доживеаност и вешта версификација.

Нашето објавување на оваа култна песна за илинденска Македонија од пред 120 година во современата македонска културна јавност ќе претставува една досега неоткриена поетска звезда, која и во актуелната 2023-та година успеа да го осветли јубилејното семакедонско илинденско празнување. Зачуваната творба на Мило Јововиќ претставува трогателно поетско сведоштво за Македонија во 1903 година, дека и кај народите во балканското опкружување Илинденското востание се сметало за македонско – и никако поинаку! Како жив сведок на времето, пред 120 години поетот ниту видел и ниту насетувал бугарски револуционерен влог во илинденска Македонија – па и затоа вдохновено и братољубиво единствено ја опејува тешката македонска судбина.

Трогателниот поетски повик од црногорскиот поет во 1903 година да се заштити опстојувањето на Македонија и да се зачува во меморијата споменот за револуционерната илинденска епопеја, како изворно доживеано сведоштво од минатото, на најдиректен начин се спротивставува на денешниот бугарски хегемонистички диктат – со политички терор и со цензурурана диктатура да се фалсификува и да се асимилира македонската национална историја и самобитност. Притоа, неодамна бевме сведоци како се правеа обиди дури и од највисоката државна хиерархија во Бугарија на чело со претседателот: преку политички притисоци да се надополнува бугарската немоќ да ја порази македонската историографија и културна посебност. Со доза на изнасилена политиканска демонстрација во Бугарија беше повторено јубилејното календарско-празнично „чествување“ на македонското Илинденско востание и на 19 август, на празникот Преображение Господово – а со намера да се „оправда“ фалсификуваната дополнителна атрибуција на Востанието и како Преображенско (во смисла и како „бугарско“).

Апелираме дека на тој начин нема да се успее македонската национална историја да се „преобрази“ (асимилира) во бугарска, туку со политичкиот терор само ќе се поттикнуваат анахроните антагонизми меѓу народите во поширокиот балкански регион. Истовремено, ниту со политички прогласи или декларации од македонска страна не треба да се штитат македонскиот карактер на Илинденското востание и самобитноста на македонскиот историски, духовен, културен и национален идентитет. Впрочем и за што би служела македонската политичка декларација во Парламентот еден месец по јубилејното празнување, кога во чест на свечениот национален повод не беа финансирани какви и да се форми на достојно одбележување: централен научен собир, пригодна монографија или зборник, документарен филм, изложби и сл.  Веќе станува крајно алармантно за да се сфати: македонската историографија и македонистиката ќе бидат заштитени, развивани и меѓународно афирмирани само преку академските, научните и културните институции, на кои нема да им се загрозува автономијата во стручното работење преку политички изнасилените притисоци, влијанија или декларации. Конечно е дојдено времето во Македонија диктатот на политиката да ги тргне рацете од историографијата, науката и културата.

Од таквите бескруполозни причини сè до денес споменатово трогателно поетско сведоштво за илинденска Македонија од пред 120 години ги извишува реторичките стихови: а некому зарем си должна и неважна, Македонијо тажна!

По повод јубилејот од Илинденското востание (1903-2023) во прилог ја објавуваме песната Маћедонији 1903. (На Македонија во 1903) од црногорскиот поет Мило Јововиќ – изворно на неговиот црногорски јазик, како и во препев на современ македонски јазик направен од нас:

Снимка од објавената песна во училишниот весник „Приморац“, бр. 2 за месец ноември во 1978 година

Мило Јововиќ (Стар Бар – Црна Гора, 1866-1916)

НА МАКЕДОНИЈА ВО 1903-ТА

Црн облак над тебе се вие

и крв човечка по потокот се лие,

а некому зарем си должна и неважна,

Македонијо тажна!

Светот на неправдите божем се трогни,

а ти безнадежно го повикуваш: Помогни

од себе невербата да ја протерам банална

Македонијо страдална!

Човештвото зарем и во дваесетиот век

за тебе ниту трошка не изнаоѓа лек,

да ја угуши неправдата гадна

Македонијо јадна!

Европа тајум и со спокој гледа,

како твоите ти страдаат чеда

во срцето она е смрзнато ледна,

Македонијо бедна!

Црн облак над тебе се вие

и крв човечка по потокот се лие,

а зарем некому си должна и неважна,

Македонијо тажна!

 

Препев на македонски јазик

                                                Илија Велев

The post Проф. Велев: Илинденското востание се сметало за македонско и никако поинаку appeared first on Република.

]]>

Годинава кога се прославува јубилејот 120 години од Илинденското востание (1903-2023) лично ни беше доставена песна со наслов Маћедонији 1903. (На Македонија во 1903.) напишана од основоположникот на црногорската поезија за деца Мило Јововиќ (Стар Бар, Црна Гора, 1866-1916). Песната ја добивме од страна на еден од поетовите потомци м-р Иван Јововиќ – актуелен претседател на Матица црногорска, кој заедно со генералниот секратар Иван Ивановиќ ни испратија снимка од култната песна за Илинденска Македонија во 1903 година. На 2 август годинава ја постиравме снимката со песната на нашиот фејсбук-профил како честитка за 120-годишниот јубилеј од Илинденското востание, која предизвика неизмерно позитивен интерес во пошироката македонска јавност. На социјалните мрежи песната доживеа масовни следења, коментирања и споделувања, зашто беше преземена уште преку веб-страната Македонска поезија и преку некои од македонските електронски портали. Повеќеилјадните позитивни празнични реакции во Македонија беа пренесени и од страна на црногорскиот дневен печатен и електронски весник Победа (pobjeda.me од 11.08.2023 г.), како и од Радио Бар (barinfo.me од истиот датум),пишува проф.Илија Велев за „Пресинг ТВ“. Црногорскиот поет Мило Јововиќ потекнувал од стара позната барска фамилија, која со векови наназад се споменува во зачуваните писмени извори. Уште во 1881 година, на 15-годишна возраст, станал еден од најмладите основачи и членови на Барското читалиште во кое членувале 63 граѓани на Бар од сите три вероисповедни конфесии – римокатоличката, православната и муслиманската. Своите искуства ги стекнувал како чиновник во Барската надбискупија, што му овозможило да се издигне во истакнат интелектуалец кој зборувал неколку јазици: француски, италијански, турски и јужнословенските јазици. Покрај со книжевно творештво тој се занимавал уште со проучувања на флората и фауната во приморската област, а вршел и етнолошки истражувања за тој крај од Црна Гора. Поголемиот дел од книжевното творештво го посветил за младата читателска популација, на која бил и хуманитарно посветен како донатор за изградба на детската болница во Цетиње во 1908 година. За неговата истакната дејност бил и одликуван со Орден за ревност, а и сега постои улица во градот Бар која е посветена на овој поет. Во последната деценија на XIX век Мило Јововиќ веќе бил познат со пишување на дидактичка и родољубива поезија, како одглас од актуелните за тоа време преродбенско-просветителски и романтичарски национални тенденции на Приморјето и пошироко на Балканот. Со таков инспиративен дух пишувал и пригодни песни во чест на последниот црногорски кнез и крал Никола I Петровиќ (кнез 1860-1910; крал 1910-1918), кој исто така бил и поет. Објавувал во повеќе весници и списанија, меѓу кои: Голуб, Босанска вила, Омладина, Славјански свет, Градина, Луча, Невесиње, Књижевни лист и др. Но и покрај тоа, поголемиот дел од творештвото на Јововиќ останало необјавено во форма на ракописна граѓа кај дел од неговите потомци кои сега не живеат во Црна Гора. Песната на Мило Јововиќ во ракопис со наслов Маћедонији 1903. (На Македонија во 1903.) ја открил новинарот и публицист Жељко Миловиќ при неговите истражувања за просветните установи во градот Бар, при што и за првпат ја објавил во градскиот училишен весник Приморац бр. 2 за месец ноември во 1978 година. Но поради објавувањето во локалното гласило на градското основно училиште, оваа поетска творба не успеала да побуди поширок интерес кај читателската публика, па следствено и останала во заборав. Впечатливо е што дури и по изминати 120 години откако Мило Јововиќ ја напишал поетската творба Маћедонији 1903. (На Македонија во 1903.) сè уште таа има исклучително значење за македонскиот културноисториски и национален идентитет, па се чита и се доживува како да е напишана и за современите состојби во Македонија. Стариот Баранин ја напишал песната во 1903 година како инспирација од штотуку случениот пораз на Илинденското востание, упатувајќи поетски проглас до совеста на Европа да ја зачува и да ја заштити Македонија. Овој несомнено голем почитувач на Македонија и на Македонците поетски ги излеал своите најдлабоки емотивни чувства кон земјата и народот кои ги доживувал за мошне блиски до Црна Гора и до Црногорците. Гледајќи ја Македонија беспомошна и оставена самата на себе по поразот на националното ослободително востание во 1903 година, црногорскиот поет суптилно и елегично ја опејува како „тажна“, „сирота“, „јадна“ и „бедна“. Покрај тоа што песната за Македонија во 1903 година како трогателно доживеано сведоштво ја напишал црногорски поет, а не македонски, сепак од нејзиниот инспиративен потхот извираат искрени братољубиви чувства кон страдалниот македонски народ – кој на повидокот на XX век со уметничко-пророчки наратив ги насетил идните негови асимилирања и оттуѓувања. Треба да се истакне дека песната го претставува Мило Јововиќ како исклучително опитен поет за млади со завидно ниво на надрасната поетика, инспиративна доживеаност и вешта версификација. Нашето објавување на оваа култна песна за илинденска Македонија од пред 120 година во современата македонска културна јавност ќе претставува една досега неоткриена поетска звезда, која и во актуелната 2023-та година успеа да го осветли јубилејното семакедонско илинденско празнување. Зачуваната творба на Мило Јововиќ претставува трогателно поетско сведоштво за Македонија во 1903 година, дека и кај народите во балканското опкружување Илинденското востание се сметало за македонско – и никако поинаку! Како жив сведок на времето, пред 120 години поетот ниту видел и ниту насетувал бугарски револуционерен влог во илинденска Македонија – па и затоа вдохновено и братољубиво единствено ја опејува тешката македонска судбина. Трогателниот поетски повик од црногорскиот поет во 1903 година да се заштити опстојувањето на Македонија и да се зачува во меморијата споменот за револуционерната илинденска епопеја, како изворно доживеано сведоштво од минатото, на најдиректен начин се спротивставува на денешниот бугарски хегемонистички диктат – со политички терор и со цензурурана диктатура да се фалсификува и да се асимилира македонската национална историја и самобитност. Притоа, неодамна бевме сведоци како се правеа обиди дури и од највисоката државна хиерархија во Бугарија на чело со претседателот: преку политички притисоци да се надополнува бугарската немоќ да ја порази македонската историографија и културна посебност. Со доза на изнасилена политиканска демонстрација во Бугарија беше повторено јубилејното календарско-празнично „чествување“ на македонското Илинденско востание и на 19 август, на празникот Преображение Господово – а со намера да се „оправда“ фалсификуваната дополнителна атрибуција на Востанието и како Преображенско (во смисла и како „бугарско“).
Апелираме дека на тој начин нема да се успее македонската национална историја да се „преобрази“ (асимилира) во бугарска, туку со политичкиот терор само ќе се поттикнуваат анахроните антагонизми меѓу народите во поширокиот балкански регион. Истовремено, ниту со политички прогласи или декларации од македонска страна не треба да се штитат македонскиот карактер на Илинденското востание и самобитноста на македонскиот историски, духовен, културен и национален идентитет. Впрочем и за што би служела македонската политичка декларација во Парламентот еден месец по јубилејното празнување, кога во чест на свечениот национален повод не беа финансирани какви и да се форми на достојно одбележување: централен научен собир, пригодна монографија или зборник, документарен филм, изложби и сл.  Веќе станува крајно алармантно за да се сфати: македонската историографија и македонистиката ќе бидат заштитени, развивани и меѓународно афирмирани само преку академските, научните и културните институции, на кои нема да им се загрозува автономијата во стручното работење преку политички изнасилените притисоци, влијанија или декларации. Конечно е дојдено времето во Македонија диктатот на политиката да ги тргне рацете од историографијата, науката и културата.
Од таквите бескруполозни причини сè до денес споменатово трогателно поетско сведоштво за илинденска Македонија од пред 120 години ги извишува реторичките стихови: а некому зарем си должна и неважна, Македонијо тажна! По повод јубилејот од Илинденското востание (1903-2023) во прилог ја објавуваме песната Маћедонији 1903. (На Македонија во 1903) од црногорскиот поет Мило Јововиќ – изворно на неговиот црногорски јазик, како и во препев на современ македонски јазик направен од нас: Снимка од објавената песна во училишниот весник „Приморац“, бр. 2 за месец ноември во 1978 година Мило Јововиќ (Стар Бар – Црна Гора, 1866-1916) НА МАКЕДОНИЈА ВО 1903-ТА Црн облак над тебе се вие и крв човечка по потокот се лие, а некому зарем си должна и неважна, Македонијо тажна! Светот на неправдите божем се трогни, а ти безнадежно го повикуваш: Помогни од себе невербата да ја протерам банална Македонијо страдална! Човештвото зарем и во дваесетиот век за тебе ниту трошка не изнаоѓа лек, да ја угуши неправдата гадна Македонијо јадна! Европа тајум и со спокој гледа, како твоите ти страдаат чеда во срцето она е смрзнато ледна, Македонијо бедна! Црн облак над тебе се вие и крв човечка по потокот се лие, а зарем некому си должна и неважна, Македонијо тажна!   Препев на македонски јазик                                                 Илија Велев

The post Проф. Велев: Илинденското востание се сметало за македонско и никако поинаку appeared first on Република.

]]>
Нова провокација на навивачите на Левски: Илинден мајко, Илинден, за Бугарите Велигден https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nova-provokatsija-na-navivachite-na-levski-ilinden-majko-ilinden-za-bugarite-veligden/ Thu, 03 Aug 2023 18:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=668428

Teнзична е атмосферата на мечот Левски-Шкупи. Последните случувања со Илинденското востание се пренесоа и на трибините.

Па така, навивачите на Левски истакнаа транспарент на кој пишуваше:

„Илинден мајко Илинден, за Бугарите Велигден“

 

The post Нова провокација на навивачите на Левски: Илинден мајко, Илинден, за Бугарите Велигден appeared first on Република.

]]>

Teнзична е атмосферата на мечот Левски-Шкупи. Последните случувања со Илинденското востание се пренесоа и на трибините. Па така, навивачите на Левски истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Илинден мајко Илинден, за Бугарите Велигден“  

The post Нова провокација на навивачите на Левски: Илинден мајко, Илинден, за Бугарите Велигден appeared first on Република.

]]>
Фотографии од одбележувањето на 20 години од Илинденското востание во Софија: Никаде не се споменува Преображенско, ниту има Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fotografii-od-odbelezhuvaneto-na-20-godini-od-ilindenskoto-vostanie-vo-sofija-nikade-ne-se-spomenuva-preobrazhensko-nitu-ima-bugari/ Thu, 03 Aug 2023 16:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=668391

Фотографии од весници во Бугарија  го покажуваат одблежувањето на 20 годишнината од Илинденското востание во Софија. Таа 1923 година во главниот град на Бугарија се собрале илјадници Македонци да им оддадат чест на Илинденците и на водачот Гоце Делчев кој бил убиен неколку месеци пред кревањето на востанието.

Интересно е што тогаш бугарските медиуми никаде не пишуваат дека тоа е востание на Бугарите во Македонија туку на Македонците а уште помалку го нарекуваат Преображенско востание.

Илинден-национален празник на Македонците- е еден од насловите.

Ова е своевиден одговор до претседателот на Бугарија Румен Радев кој на претседателот на Македонија Стево Пендаровски му честита Преображенско востание.

Радев отиде и чекор понатаму па на одбележувањето на празникот во Софија провоцираше дека „влезот на Бугарите во Уставот е завет на Илинденците и оти востанието го објавиле камбаните од бугарските цркви“.

Одогвор за оваа провокација од страна на Радев од страна на Пендаровски, Ковачевски и Османи се разбира дека нема.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/radev-vlezot-na-bugarite-vo-ustavot-e-zavet-na-ilindentsite-vostanieto-go-objavile-kambanite-od-bugarskite-tsrkvi/

 

The post Фотографии од одбележувањето на 20 години од Илинденското востание во Софија: Никаде не се споменува Преображенско, ниту има Бугари appeared first on Република.

]]>

Фотографии од весници во Бугарија  го покажуваат одблежувањето на 20 годишнината од Илинденското востание во Софија. Таа 1923 година во главниот град на Бугарија се собрале илјадници Македонци да им оддадат чест на Илинденците и на водачот Гоце Делчев кој бил убиен неколку месеци пред кревањето на востанието. Интересно е што тогаш бугарските медиуми никаде не пишуваат дека тоа е востание на Бугарите во Македонија туку на Македонците а уште помалку го нарекуваат Преображенско востание.
Илинден-национален празник на Македонците- е еден од насловите.
Ова е своевиден одговор до претседателот на Бугарија Румен Радев кој на претседателот на Македонија Стево Пендаровски му честита Преображенско востание. Радев отиде и чекор понатаму па на одбележувањето на празникот во Софија провоцираше дека „влезот на Бугарите во Уставот е завет на Илинденците и оти востанието го објавиле камбаните од бугарските цркви“. Одогвор за оваа провокација од страна на Радев од страна на Пендаровски, Ковачевски и Османи се разбира дека нема.   https://republika.mk/vesti/makedonija/radev-vlezot-na-bugarite-vo-ustavot-e-zavet-na-ilindentsite-vostanieto-go-objavile-kambanite-od-bugarskite-tsrkvi/  

The post Фотографии од одбележувањето на 20 години од Илинденското востание во Софија: Никаде не се споменува Преображенско, ниту има Бугари appeared first on Република.

]]>
По примерот на Петков: И СДСМ поднесе декларација за Илинденското востание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-primerot-na-petkov-i-sdsm-podnese-deklaratsija-za-ilindenskoto-vostanie/ Fri, 28 Jul 2023 11:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=666267

СДСМ до Собранието поднесе Декларација за Илинден, најголемиот македонски државен празник. Ова следува откако иста декларација поднесе и партијата на поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков.

„Оваа година се навршуваат 120 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската република. Идеалите на таа Република и тоа востание беа инспирација на идните генерации борци за слобода кои во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ ја формираа првата македонската држава.

Овие настани имаат големо значење за македонската историја и за борбата на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.

Идеалите на Илинденците, македонските партизани и сите оние кои се бореа за слободна и демократска Македонија и за рамноправност и соживот на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или идеолошка припадност, треба да служат како основна водилка за сегашните и идни генерации за слободна, демократска и просперитетна Република Македонија.

Македонскиот народ, заедно со припадниците на другите народи кои живеат во неа и денес ја продолжуваат борбата за демократија и просперитет, водени од принципите на прогласите на Крушевската Република и Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија усвоени на Првото заседание на АСНОМ кои денес се преточени во преамбулата на Уставот на Македонија.

Оддавајќи почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија наша должност е постојано да го искажуваме нашиот восхит и почит кон сите оние кои ги дале своите животи за слобода, испраќајќи со тоа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија“, е содржано во Декларацијата што денеска е поднесена до Собранието.

The post По примерот на Петков: И СДСМ поднесе декларација за Илинденското востание appeared first on Република.

]]>

СДСМ до Собранието поднесе Декларација за Илинден, најголемиот македонски државен празник. Ова следува откако иста декларација поднесе и партијата на поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков.
„Оваа година се навршуваат 120 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската република. Идеалите на таа Република и тоа востание беа инспирација на идните генерации борци за слобода кои во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ ја формираа првата македонската држава.
Овие настани имаат големо значење за македонската историја и за борбата на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.
Идеалите на Илинденците, македонските партизани и сите оние кои се бореа за слободна и демократска Македонија и за рамноправност и соживот на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или идеолошка припадност, треба да служат како основна водилка за сегашните и идни генерации за слободна, демократска и просперитетна Република Македонија.
Македонскиот народ, заедно со припадниците на другите народи кои живеат во неа и денес ја продолжуваат борбата за демократија и просперитет, водени од принципите на прогласите на Крушевската Република и Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија усвоени на Првото заседание на АСНОМ кои денес се преточени во преамбулата на Уставот на Македонија. Оддавајќи почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија наша должност е постојано да го искажуваме нашиот восхит и почит кон сите оние кои ги дале своите животи за слобода, испраќајќи со тоа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија“, е содржано во Декларацијата што денеска е поднесена до Собранието.

The post По примерот на Петков: И СДСМ поднесе декларација за Илинденското востание appeared first on Република.

]]>
Матицата на иселеници од Македонија ја организира единствената Научна конференција по повод 120 години од Илинденското востание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/matitsata-na-iselenitsi-od-makedonija-ja-organizira-edinstvenata-nauchna-konferentsija-po-povod-120-godini-od-ilindenskoto-vostanie/ Fri, 28 Jul 2023 08:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=666164

Во организација на Матицата на иселениците од Македонија на 1 август 2023 година ќе се одржи Научна конференција во чест на 120 години од Илинденското востание. Покрај тоа, ќе се одржи и трибина на која ќе говорат Македонци од Бугарија за нивната голгота со бугарските Власи поради личниот ангажман за македонската кауза во Бугарија. На 2 Август 2023 година во организација на Матицата на иселеници од Македонија ќе се одржи традиционалната Семакедонска средба во Трново, Битолско.

Оваа година се навршуваат 120 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ кое е единствениот, најголем и најкрвав показ за потребата на македонското население да не биде манипулирано, туку самостојно и подготвено да се жртвува за својот сон – своја држава. За тоа сведочи и фактот што НИКОЈ и НИТУ ЕДНА од странските држави не се потрудил ниту да им помогне на Македонците за време на востанието, ниту да посредува за да се смири состојбата кога цели македонски села (заедно со жителите) биле пеплосувани од страна на Османлиите. Затоа пак, после сите стравотии што се случувале во селата и градовите низ Македонија, емисари дотрчале да приберат некој поен како миротворци.
ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ претставува меѓник во македонската историја, темелен настан врз кој се надѕидувала и надградувала катадневната исконска желба за слободна, независна и достоинствена македонска држава. За жал, денес слушаме за некаква си „заедничка историја“ со Бугарите, во која требало да биде вградено и Илинденското востание. Доколку прифатиме дека и бугарскиот народ има свое право врз овој празник тогаш им го даваме правото да тврдат дека и тие НЕБАРЕ пролеале крв за нашата македонска земја и тоа во најсветото и најчистото востание т.е. нашето историско срце. На тој начин, ние им го даваме и правото да кажат дека и денес Бугарите се поделени во две држави т.е. заедно биле во 1903 заедно треба да бидат и денес и во иднина. Иако тоа нема апсолутна врска со историската вистина, затоа пак, сто пати кажаната лага треба да стане вистина.
А за вистината да остане вистина темелена на сериозна историска анализа, документи и факти, Матицата на иселениците од Македонија, организира научна конференција со учество на истакнати македонски историчари по повод 120 години од Илинденското востание на 1 август во Крушево, велат од Матицата на иселениците од Мкаедонија.

The post Матицата на иселеници од Македонија ја организира единствената Научна конференција по повод 120 години од Илинденското востание appeared first on Република.

]]>

Во организација на Матицата на иселениците од Македонија на 1 август 2023 година ќе се одржи Научна конференција во чест на 120 години од Илинденското востание. Покрај тоа, ќе се одржи и трибина на која ќе говорат Македонци од Бугарија за нивната голгота со бугарските Власи поради личниот ангажман за македонската кауза во Бугарија. На 2 Август 2023 година во организација на Матицата на иселеници од Македонија ќе се одржи традиционалната Семакедонска средба во Трново, Битолско.
Оваа година се навршуваат 120 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ кое е единствениот, најголем и најкрвав показ за потребата на македонското население да не биде манипулирано, туку самостојно и подготвено да се жртвува за својот сон – своја држава. За тоа сведочи и фактот што НИКОЈ и НИТУ ЕДНА од странските држави не се потрудил ниту да им помогне на Македонците за време на востанието, ниту да посредува за да се смири состојбата кога цели македонски села (заедно со жителите) биле пеплосувани од страна на Османлиите. Затоа пак, после сите стравотии што се случувале во селата и градовите низ Македонија, емисари дотрчале да приберат некој поен како миротворци. ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ претставува меѓник во македонската историја, темелен настан врз кој се надѕидувала и надградувала катадневната исконска желба за слободна, независна и достоинствена македонска држава. За жал, денес слушаме за некаква си „заедничка историја“ со Бугарите, во која требало да биде вградено и Илинденското востание. Доколку прифатиме дека и бугарскиот народ има свое право врз овој празник тогаш им го даваме правото да тврдат дека и тие НЕБАРЕ пролеале крв за нашата македонска земја и тоа во најсветото и најчистото востание т.е. нашето историско срце. На тој начин, ние им го даваме и правото да кажат дека и денес Бугарите се поделени во две држави т.е. заедно биле во 1903 заедно треба да бидат и денес и во иднина. Иако тоа нема апсолутна врска со историската вистина, затоа пак, сто пати кажаната лага треба да стане вистина. А за вистината да остане вистина темелена на сериозна историска анализа, документи и факти, Матицата на иселениците од Македонија, организира научна конференција со учество на истакнати македонски историчари по повод 120 години од Илинденското востание на 1 август во Крушево, велат од Матицата на иселениците од Мкаедонија.

The post Матицата на иселеници од Македонија ја организира единствената Научна конференција по повод 120 години од Илинденското востание appeared first on Република.

]]>
Mицкоски прашува: Па нели беше заштитен идентитетот, сега чуму потребата од вакви декларации? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-prashuva-pa-neli-beshe-zashtiten-identitetot-sega-chumu-potrebata-od-vakvi-deklaratsii/ Tue, 25 Jul 2023 10:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=665055

Па нели беше заштитен идентитетот, сега чуму потребата од вакви декларации?

Се разбира дека ова го зборувам во форма на иронија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Битола, запрашан од новинарот за коментар за резолуцијата во македонското Собрание за Илинденското востание, која ја најавија од Социјалдемократскиот сојуз.„Не само што не го заштитија идентитетот, туку целосно го распродадоа и тоа го распродаваа еднострано мислејќи дека ќе се случат оние настани кои што се случија пред пет години.

Овој пат се излажаа и такво нешто нема да се случи. Кога ние предложивме да донесеме декларација во парламетот за Гоце Делчев, тогаш од страна ана СДСМ бевме исмејувани, од страна на СДСМ во тој период бевме игнорирани, одбивани и така натаму. И сега како наеднаш, после неколку месеци се јавува желбата на овие кои што тврдат дека го заштитиле идентитетот, а во суштина го уништиле и го распродале, да дадат една ваква декларација или резолуција“, рече Мицкоски.Истакна дека не може да ги разбере пораките од СДСМ, кои на дневна основа се конфузни, додавајќи дека не знае кој е човекот кој што ги создава тие пораки, но дефинитивно таму владее стихија и немаат јасна порака.„Јас ги разбирам дека тие имаат фрустрација, бидејќи се малцински коалиционен партнер во владата и оние пратеници во Парламентот иако по бројка се многу поголеми од пратениците на ДУИ, тие се инфериорни и мораат да ја поддржуваат оваа влада на ДУИ. Не знам зашто, претпоставувам од некој лични причини, но мој совет до нив би бил, да се консолидирираат и барем да имаат каква таква координација во пораките кои што ги даваат во јавноста. Бидејќи вака како што настапуваат, не само што дополнително се предмет на исмејување, туку, мислам дека, после дебаклот кој што ќе му се случи на парламентарните избори им се закануваат многу пострашни работи, да станат маргинална политичка партија во Македонија“, посочи Мицкоски.

The post Mицкоски прашува: Па нели беше заштитен идентитетот, сега чуму потребата од вакви декларации? appeared first on Република.

]]>

Па нели беше заштитен идентитетот, сега чуму потребата од вакви декларации? Се разбира дека ова го зборувам во форма на иронија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Битола, запрашан од новинарот за коментар за резолуцијата во македонското Собрание за Илинденското востание, која ја најавија од Социјалдемократскиот сојуз.„Не само што не го заштитија идентитетот, туку целосно го распродадоа и тоа го распродаваа еднострано мислејќи дека ќе се случат оние настани кои што се случија пред пет години.
Овој пат се излажаа и такво нешто нема да се случи. Кога ние предложивме да донесеме декларација во парламетот за Гоце Делчев, тогаш од страна ана СДСМ бевме исмејувани, од страна на СДСМ во тој период бевме игнорирани, одбивани и така натаму. И сега како наеднаш, после неколку месеци се јавува желбата на овие кои што тврдат дека го заштитиле идентитетот, а во суштина го уништиле и го распродале, да дадат една ваква декларација или резолуција“, рече Мицкоски.Истакна дека не може да ги разбере пораките од СДСМ, кои на дневна основа се конфузни, додавајќи дека не знае кој е човекот кој што ги создава тие пораки, но дефинитивно таму владее стихија и немаат јасна порака.„Јас ги разбирам дека тие имаат фрустрација, бидејќи се малцински коалиционен партнер во владата и оние пратеници во Парламентот иако по бројка се многу поголеми од пратениците на ДУИ, тие се инфериорни и мораат да ја поддржуваат оваа влада на ДУИ. Не знам зашто, претпоставувам од некој лични причини, но мој совет до нив би бил, да се консолидирираат и барем да имаат каква таква координација во пораките кои што ги даваат во јавноста. Бидејќи вака како што настапуваат, не само што дополнително се предмет на исмејување, туку, мислам дека, после дебаклот кој што ќе му се случи на парламентарните избори им се закануваат многу пострашни работи, да станат маргинална политичка партија во Македонија“, посочи Мицкоски.

The post Mицкоски прашува: Па нели беше заштитен идентитетот, сега чуму потребата од вакви декларации? appeared first on Република.

]]>
По Уставот следен е Илинден: Партијата на пријателот на Ковачевски, Петков, поднесе декларација дека Илинденското востание е бугарско https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-ustavot-sleden-e-ilinden-partijata-na-prijatelot-na-kovachevski-petkov-podnese-deklaratsija-deka-ilindenskoto-vostanie-e-bugarsko/ Sat, 22 Jul 2023 19:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=664318

Бугарија не губи време во присвојувањето на сѐ што е македонско. Во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско.

Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание.

Во образоложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.

За да биде иронијата поголема оваа декларација ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков.

Тој важи за голем пријател на премиерот Димитар Ковачевски.Петков на првата средба во Скопје со Ковачевски рече дека историјата ќе ја остават на страна и оти ќе се посветат на економијата.

The post По Уставот следен е Илинден: Партијата на пријателот на Ковачевски, Петков, поднесе декларација дека Илинденското востание е бугарско appeared first on Република.

]]>

Бугарија не губи време во присвојувањето на сѐ што е македонско. Во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско. Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание. Во образоложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“. За да биде иронијата поголема оваа декларација ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков. Тој важи за голем пријател на премиерот Димитар Ковачевски.Петков на првата средба во Скопје со Ковачевски рече дека историјата ќе ја остават на страна и оти ќе се посветат на економијата.

The post По Уставот следен е Илинден: Партијата на пријателот на Ковачевски, Петков, поднесе декларација дека Илинденското востание е бугарско appeared first on Република.

]]>
Што ќе слави власта на Илинден? Најголемиот ден ќе биде под бугарски диктат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-kje-slavi-vlasta-na-ilinden-najgolemiot-den-kje-bide-pod-bugarski-diktat/ Wed, 13 Jul 2022 10:49:09 +0000 https://republika.mk/?p=528025

Утре ни пристигнува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Искрено, прво што очекувам е да ни га прегрне и бакне нашиот Таче. Онака искрено, пријателски и од срце. Зашто, ваков курсист на Харвард ретко се наоѓа.

Само Димитар Ковачевски, во функција на премиер намесник на Република Македонија и лидер на владејачкиот СДСМ, може да направи глупост од планетарни размери. Да го прифати францускиот предлог за укинување на бугарското вето за заедничка фотосесија со европските бирократи. А, на официјалниот почеток на преговорите за членство на Македонија да чека две години.

Тогаш, а можеби и никогаш нема да дојде во ситуација да има двотретинско мнозинство во Собранието за менување на Уставот, со цел вметнување на македонските Бугари во него за официјален почеток на преговорите.

Официјалниот почеток на преговорите, пак, практично ќе претставува почеток на бескрајното патување кон членството во ЕУ се до конечното укинување на македонизмот под притисокот на бугарскиот национал-шовинизам. Таче наш и неговите слепи следбеници и послушници од СДСМ донесоа одлука да ги самоукинат Македонците! И тоа јавно да го манифестираат на собраниска седница.

Глупоста направена со потпишување на асиметричниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, со фамозниот термин „заедничка историја“, сега само се надоградува. И тоа на дваесетина дена пред Илинден!

Знае ли власта на СДСМ што сега ќе слави на Илинден?! На 2 Август, на денот на св.Илија Громовник, што до сега се славеше како Денот на Републиката!, прашува „Пресинг ТВ“ во својата анализа.

Апсолутно не! А, како што стојат работите, тоа не ја ни интересира. И тоа предавство нема да и го простат ни Македонците, ни св.Илија Громовник.

Претседателот Стево Пендаровски вчера беше во посета на Струга и на спомен-куќата на браќата Миладиновци. Не ги именуваше како Македонци, па само го потенцираше нивното значење за македонската култура. Велат, стравот лозје чува. Само пред неколку дена се правеше големо „мажиште“. Возвраќајќи на пцоста на лидерот на Левица на Фејсбук-статус, Димитар Апасиев, Пендаровски меѓу другото забележа:

-Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице, а не да се крие зад тастатурата. Преку глава ми е такви големи македонски мажиња.

Како што нему му е преку глава од такви големи мажиња, нам ни е преку глава од такви големи претседатели, кои се плашат да споменат дека некоја историска личност била Македонец. А, за глумењето големо „мажиште“ не треба ни да се говори. Зашто, токму претседателот Пендаровски минатата година се уплаши од народот македонски и прославата на Илинден ја сведе на панаѓурска, шаторска забава. Со тоа стана првиот претседател на Република Македонија, кој немаше свое обраќање.

Нашето претседателско „мажиште“ не му возврати ни на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој го „потсети“ дека браќата Миладиновци се Бугари и оти нема бегање од „заедничката историја“, која сега, со францускиот предлог, ќе мора да се спроведува по хоризонтална линија.

А, февруари беше, на чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, кога Пендаровски го спореди бугарскиот премиер Кирил Петков, сега во оставка, со Нелсон Мандела.

-Да ви кажам најискрено, од она што го слушам од Петков, последниве недели откако е премиер, е како да зборува Нелсон Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколку министри од претходната влада на Борисов. Имавме дневна количина на навреди кон нас како народ и како нација, изјави тогаш тој.

Според шефот на државата, Петков се држел до тоа што му е надлежност и дека не ја влошувал ситуацијата во односите, иако морал да маневрира и во внатрешниот политички контекст на Бугарија.

Истиот тој бугарски Нелсон Мандела успеа во тоа што не успеаја неговите неколкумина претходници-сите бугарски барања и услови да станат дел од преговарачката рамка за преговорите за членството на Македонија во ЕУ.

Со ова, според бугарскиот наратив, Илинденското востание станува Илинденско-Преображенско. Според нашиот црковен календар, Илинден секогаш е на 2 август, а Преображение на 18 август. Според бугарскиот верски календар, пак, двата празника се со други датуми, па историската комисија ќе треба да се пазари според кој календар ќе се празнуваат двете востанија!?

Истовремено, се губи значењето и на 2 Август 1944 година, денот на одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, вториот темел на македонската државност. И кој од големата тројка македонски државници ќе оди годинава во Пелинце, пред кого и што ќе говори?! Толку од државотворноста на владејачкиот СДСМ и „државничките визии“ и на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски.

The post Што ќе слави власта на Илинден? Најголемиот ден ќе биде под бугарски диктат appeared first on Република.

]]>

Утре ни пристигнува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Искрено, прво што очекувам е да ни га прегрне и бакне нашиот Таче. Онака искрено, пријателски и од срце. Зашто, ваков курсист на Харвард ретко се наоѓа. Само Димитар Ковачевски, во функција на премиер намесник на Република Македонија и лидер на владејачкиот СДСМ, може да направи глупост од планетарни размери. Да го прифати францускиот предлог за укинување на бугарското вето за заедничка фотосесија со европските бирократи. А, на официјалниот почеток на преговорите за членство на Македонија да чека две години. Тогаш, а можеби и никогаш нема да дојде во ситуација да има двотретинско мнозинство во Собранието за менување на Уставот, со цел вметнување на македонските Бугари во него за официјален почеток на преговорите. Официјалниот почеток на преговорите, пак, практично ќе претставува почеток на бескрајното патување кон членството во ЕУ се до конечното укинување на македонизмот под притисокот на бугарскиот национал-шовинизам. Таче наш и неговите слепи следбеници и послушници од СДСМ донесоа одлука да ги самоукинат Македонците! И тоа јавно да го манифестираат на собраниска седница. Глупоста направена со потпишување на асиметричниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, со фамозниот термин „заедничка историја“, сега само се надоградува. И тоа на дваесетина дена пред Илинден!
Знае ли власта на СДСМ што сега ќе слави на Илинден?! На 2 Август, на денот на св.Илија Громовник, што до сега се славеше како Денот на Републиката!, прашува „Пресинг ТВ“ во својата анализа.
Апсолутно не! А, како што стојат работите, тоа не ја ни интересира. И тоа предавство нема да и го простат ни Македонците, ни св.Илија Громовник. Претседателот Стево Пендаровски вчера беше во посета на Струга и на спомен-куќата на браќата Миладиновци. Не ги именуваше како Македонци, па само го потенцираше нивното значење за македонската култура. Велат, стравот лозје чува. Само пред неколку дена се правеше големо „мажиште“. Возвраќајќи на пцоста на лидерот на Левица на Фејсбук-статус, Димитар Апасиев, Пендаровски меѓу другото забележа:
-Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице, а не да се крие зад тастатурата. Преку глава ми е такви големи македонски мажиња.
Како што нему му е преку глава од такви големи мажиња, нам ни е преку глава од такви големи претседатели, кои се плашат да споменат дека некоја историска личност била Македонец. А, за глумењето големо „мажиште“ не треба ни да се говори. Зашто, токму претседателот Пендаровски минатата година се уплаши од народот македонски и прославата на Илинден ја сведе на панаѓурска, шаторска забава. Со тоа стана првиот претседател на Република Македонија, кој немаше свое обраќање. Нашето претседателско „мажиште“ не му возврати ни на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој го „потсети“ дека браќата Миладиновци се Бугари и оти нема бегање од „заедничката историја“, која сега, со францускиот предлог, ќе мора да се спроведува по хоризонтална линија. А, февруари беше, на чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, кога Пендаровски го спореди бугарскиот премиер Кирил Петков, сега во оставка, со Нелсон Мандела.
-Да ви кажам најискрено, од она што го слушам од Петков, последниве недели откако е премиер, е како да зборува Нелсон Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколку министри од претходната влада на Борисов. Имавме дневна количина на навреди кон нас како народ и како нација, изјави тогаш тој.
Според шефот на државата, Петков се држел до тоа што му е надлежност и дека не ја влошувал ситуацијата во односите, иако морал да маневрира и во внатрешниот политички контекст на Бугарија. Истиот тој бугарски Нелсон Мандела успеа во тоа што не успеаја неговите неколкумина претходници-сите бугарски барања и услови да станат дел од преговарачката рамка за преговорите за членството на Македонија во ЕУ. Со ова, според бугарскиот наратив, Илинденското востание станува Илинденско-Преображенско. Според нашиот црковен календар, Илинден секогаш е на 2 август, а Преображение на 18 август. Според бугарскиот верски календар, пак, двата празника се со други датуми, па историската комисија ќе треба да се пазари според кој календар ќе се празнуваат двете востанија!? Истовремено, се губи значењето и на 2 Август 1944 година, денот на одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, вториот темел на македонската државност. И кој од големата тројка македонски државници ќе оди годинава во Пелинце, пред кого и што ќе говори?! Толку од државотворноста на владејачкиот СДСМ и „државничките визии“ и на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски.

The post Што ќе слави власта на Илинден? Најголемиот ден ќе биде под бугарски диктат appeared first on Република.

]]>
Димитров за „Илинденско преображение“: Османи нападна со дефокус, вадејќи бугарска верзија на документ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-za-ilindensko-preobrazenie-osmani-napadna-so-defokus-vadejkji-bugarska-verzija-na-dokument/ Wed, 29 Jun 2022 19:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=521293

Информациите дека наводно сум прифатил Илинденското востание да стане „Илинденско преображение“ дојде тој ден, грижејќи се на топењето на условите кои премиерот Ковачевски ги најави од Брисел. Беа пет, но се споменуваше јазикот, ако речеме дека тој е заштитен, да дојдеме за само неколку дена за само еден збор што нѐ дели од успех. Од повик до Бугарското собрание да не го усвојува предлогот, тој после тоа го нарече голем напредок, изјави вечерва поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Тој истакна дека предупредил на ова, велејќи дека е време е гласно да ги повториме македонските позиции, за да ги чујат сите дома и надвор, особено еврокомесарот Вархеји, кој постојано игнорира што сака оваа земја.

Османи нападна со дефокус, вадејќи бугарска верзија на документ. Во бугарската верзија е така како што викаат Бугарите, кај нас е Илинденско востание. Тој документ е разговаран кога нема вето и кога Бугарија ја поддржува европската иднина на македонската страна. Се лаже дека сме прифатиле обврска. Беа изнесени две-три лаги во таа приказна, прокоментира Димитров по нападите, гостувајќи во емисијата „24 отворено“.

The post Димитров за „Илинденско преображение“: Османи нападна со дефокус, вадејќи бугарска верзија на документ appeared first on Република.

]]>

Информациите дека наводно сум прифатил Илинденското востание да стане „Илинденско преображение“ дојде тој ден, грижејќи се на топењето на условите кои премиерот Ковачевски ги најави од Брисел. Беа пет, но се споменуваше јазикот, ако речеме дека тој е заштитен, да дојдеме за само неколку дена за само еден збор што нѐ дели од успех. Од повик до Бугарското собрание да не го усвојува предлогот, тој после тоа го нарече голем напредок, изјави вечерва поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров. Тој истакна дека предупредил на ова, велејќи дека е време е гласно да ги повториме македонските позиции, за да ги чујат сите дома и надвор, особено еврокомесарот Вархеји, кој постојано игнорира што сака оваа земја.
Османи нападна со дефокус, вадејќи бугарска верзија на документ. Во бугарската верзија е така како што викаат Бугарите, кај нас е Илинденско востание. Тој документ е разговаран кога нема вето и кога Бугарија ја поддржува европската иднина на македонската страна. Се лаже дека сме прифатиле обврска. Беа изнесени две-три лаги во таа приказна, прокоментира Димитров по нападите, гостувајќи во емисијата „24 отворено“.

The post Димитров за „Илинденско преображение“: Османи нападна со дефокус, вадејќи бугарска верзија на документ appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Илинденското востание не било и нема да биде тема на Историската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-ilindenskoto-vostanie-ne-bilo-i-nema-da-bide-tema-na-istoriskata-komisija/ Wed, 29 Jun 2022 06:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=520929

За Илинденското востание досега не се разговарало во Комисијата, тврди Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Во изјава за Дојче веле на македонски јазик Ѓоргиев објаснува дека бугарската страна само еднаш го спомнала Илинденското востание како тема за која би можело да се разговара во иднина, но македонската страна го отфрлила предлогот.

Илинденското востание беше спомнато еднаш или двапати од колегите од Бугарија, како една од можните теми за разговор во иднина, во рамките на Комисијата. Но тој предлог не беше прифатен од наша страна и Илинденското востание никогаш не било тема на разговор во Комисијата. Не знам што разговарале политичарите, но ние никогаш таа тема не ја ставивме ‘на маса’, ниту пак дошла некаква сугестија од страна на политичарите да се разговара за Илинденското востание, дециден е Ѓоргиев.

Прашањето дали Илинденското востание било ставено на маса се наметна откако министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека во единствениот потпишан протокол од неговиот претходник Никола Димитров, било прифатено бугарското гледиште кон Илинденското востание и прифатена номенклатурата Илинденско-Преображенско востание. Со тоа, вели Османи, се создала рамка во која се очекува Комисијата да делува, што создава тешкотии во нивната работа, а воедно бил создаден и преседан во односите со Република Бугарија - дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dimitrov-potpishal-deka-ja-prifakja-bugarskata-verzija-za-ilindenskoto-vostanie/

Изразот „Илинденско-преображенско востание“, кој се користи за означување на востанието на македонските и тракиските Бугари вo бугарската историографија, всушност е назив за Илинденското востание од втори август 1903 година и Преображенското востание неколку седмици подоцна истата година (започнато на празникот Преображение).

The post Ѓоргиев: Илинденското востание не било и нема да биде тема на Историската комисија appeared first on Република.

]]>

За Илинденското востание досега не се разговарало во Комисијата, тврди Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања. Во изјава за Дојче веле на македонски јазик Ѓоргиев објаснува дека бугарската страна само еднаш го спомнала Илинденското востание како тема за која би можело да се разговара во иднина, но македонската страна го отфрлила предлогот.
Илинденското востание беше спомнато еднаш или двапати од колегите од Бугарија, како една од можните теми за разговор во иднина, во рамките на Комисијата. Но тој предлог не беше прифатен од наша страна и Илинденското востание никогаш не било тема на разговор во Комисијата. Не знам што разговарале политичарите, но ние никогаш таа тема не ја ставивме ‘на маса’, ниту пак дошла некаква сугестија од страна на политичарите да се разговара за Илинденското востание, дециден е Ѓоргиев.
Прашањето дали Илинденското востание било ставено на маса се наметна откако министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека во единствениот потпишан протокол од неговиот претходник Никола Димитров, било прифатено бугарското гледиште кон Илинденското востание и прифатена номенклатурата Илинденско-Преображенско востание. Со тоа, вели Османи, се создала рамка во која се очекува Комисијата да делува, што создава тешкотии во нивната работа, а воедно бил создаден и преседан во односите со Република Бугарија - дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dimitrov-potpishal-deka-ja-prifakja-bugarskata-verzija-za-ilindenskoto-vostanie/ Изразот „Илинденско-преображенско востание“, кој се користи за означување на востанието на македонските и тракиските Бугари вo бугарската историографија, всушност е назив за Илинденското востание од втори август 1903 година и Преображенското востание неколку седмици подоцна истата година (започнато на празникот Преображение).

The post Ѓоргиев: Илинденското востание не било и нема да биде тема на Историската комисија appeared first on Република.

]]>