Илинденски пливачки маратон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilindenski-plivachki-maraton/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 11:24:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илинденски пливачки маратон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilindenski-plivachki-maraton/ 32 32 Пливачите на Охридскиот пливачки маратон одат кон Градското пристаниште https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/plivachite-na-ohridskiot-plivachki-maraton-odat-kon-gradskoto-pristanishte/ Sat, 31 Aug 2024 11:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=811769

Сите 19 пријавени пливачи точно во 11 часот запливаа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 37-миот меѓународен Охридски пливачки маратон.

Деветнаесетте маратонци, осум во женска и единаесет во машка конкуренција, ќе треба да ја испливаат 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.

Стартот на трката го означи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во присуство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова.

Покрај маратонците од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово, во водите на езерото боите на Македонија ќе ги бранат Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.

Температурата на водата е просечно околу 24,5 степени Целзиусови, но моменталните временските услови со засилен ветар од северозападен правец секако не оди во прилог на пливачите, така што во такви услови за да стигнат до целта ќе им бидат потребни повеќе од пет и пол часа.

Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.

Маратонот и оваа година е завршниот настан на Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид, со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.

Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи

The post Пливачите на Охридскиот пливачки маратон одат кон Градското пристаниште appeared first on Република.

]]>

Сите 19 пријавени пливачи точно во 11 часот запливаа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 37-миот меѓународен Охридски пливачки маратон. Деветнаесетте маратонци, осум во женска и единаесет во машка конкуренција, ќе треба да ја испливаат 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Стартот на трката го означи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во присуство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова. Покрај маратонците од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово, во водите на езерото боите на Македонија ќе ги бранат Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева. Температурата на водата е просечно околу 24,5 степени Целзиусови, но моменталните временските услови со засилен ветар од северозападен правец секако не оди во прилог на пливачите, така што во такви услови за да стигнат до целта ќе им бидат потребни повеќе од пет и пол часа. Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови. Маратонот и оваа година е завршниот настан на Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид, со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид. Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи

The post Пливачите на Охридскиот пливачки маратон одат кон Градското пристаниште appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон на патеката Горица-Охрид https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/utre-ke-se-odrzhi-ilindenskiot-plivachki-maraton-na-patekata-goritsa-ohrid/ Thu, 01 Aug 2024 07:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=802173

Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, во петок, на 2-ри август 2024 година, ќе се одржи XLV издание на Илинденскиот пливачки маратон – Куп во далечинско пливање на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 километри.

На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 60 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории. Првата група (пливачи постари од 16 години старост – родени 2008 година и постари), и втора група (пливачи од 8-15 годишна возраст, односно родени 2009 и помлади).

Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, – „К`ј Дивоно“ и тоа: првата група ќе стартува во 10:30 часот, а втората група во 11:30 часот. Целта ќе биде на Градското пристаниште во Охрид – кеј „Македонија“, на потегор пред хотел „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартувањето.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

The post Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон на патеката Горица-Охрид appeared first on Република.

]]>

Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, во петок, на 2-ри август 2024 година, ќе се одржи XLV издание на Илинденскиот пливачки маратон – Куп во далечинско пливање на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 километри. На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 60 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории. Првата група (пливачи постари од 16 години старост – родени 2008 година и постари), и втора група (пливачи од 8-15 годишна возраст, односно родени 2009 и помлади).

Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, – „К`ј Дивоно“ и тоа: првата група ќе стартува во 10:30 часот, а втората група во 11:30 часот. Целта ќе биде на Градското пристаниште во Охрид – кеј „Македонија“, на потегор пред хотел „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартувањето.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

The post Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон на патеката Горица-Охрид appeared first on Република.

]]>
На Охридското Езеро денеска ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-ohridskoto-ezero-deneska-ke-se-odrzhi-44-ilindenski-plivachki-maraton/ Wed, 02 Aug 2023 08:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=667808

Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално денеска на Охридското Езеро ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон.

На патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид во должина се пријавени пеесеттина пливачи од Македонија и странство, поделени во две категории - пливачи постари од 16 години старост и пливачи родени 2008 година и помлади.

Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, со тоа што помладите стартуваат во 10:30 часот, додека втората група час подоцна. Целта е на Кеј Македонија во Охрид кај хотелот „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу пладне.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

The post На Охридското Езеро денеска ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално денеска на Охридското Езеро ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон. На патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид во должина се пријавени пеесеттина пливачи од Македонија и странство, поделени во две категории - пливачи постари од 16 години старост и пливачи родени 2008 година и помлади. Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, со тоа што помладите стартуваат во 10:30 часот, додека втората група час подоцна. Целта е на Кеј Македонија во Охрид кај хотелот „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу пладне. Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

The post На Охридското Езеро денеска ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон appeared first on Република.

]]>
Стојановски, Неделковска, Велковски и Јанковиќ победници на Илинденскиот пливачки маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/stojanovski-nedelkovska-velkovski-i-jankovikj-pobednici-na-ilindenskiot-plivachki-maraton/ Tue, 02 Aug 2022 16:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=536200

Кристијан Стојаноски во машка и Ивана Неделковска во женска конкуренција на натпреварувачи постари од 17 години, се победници на Илинденскиот пливачки маратон, што традиционално по 43. пат се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.

Првото место во групата до 16 години го освоија Никола Велковски во машка и Сара Јанковиќ во женска конкуренција. Втор на целта во оваа конкуренција беше Стефан Тодоров, а Сергеј Малјановски Арнаудовски трет. Од девојките втора беше Нада Миленковска, а трета Росана Гошева.

Во категоријата над 17 години втор до целта пристигна Урош Трпоски, а трет беше Предраг Мургоски. Во женска конкуренција второто место и припадна на Јована Неделковска, а трета на Ангела Смилевска.

Организатор на Илинденскиот пливачки маратон е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а се одржа под покровителство на Општина Охрид. Натпреварувачите пливаа од плажата „Горица“ до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри. На годинашната манифестација беа пријавени 44 пливачи, 29 во машка и 15 во женска конкуренција.

The post Стојановски, Неделковска, Велковски и Јанковиќ победници на Илинденскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Кристијан Стојаноски во машка и Ивана Неделковска во женска конкуренција на натпреварувачи постари од 17 години, се победници на Илинденскиот пливачки маратон, што традиционално по 43. пат се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.

Првото место во групата до 16 години го освоија Никола Велковски во машка и Сара Јанковиќ во женска конкуренција. Втор на целта во оваа конкуренција беше Стефан Тодоров, а Сергеј Малјановски Арнаудовски трет. Од девојките втора беше Нада Миленковска, а трета Росана Гошева. Во категоријата над 17 години втор до целта пристигна Урош Трпоски, а трет беше Предраг Мургоски. Во женска конкуренција второто место и припадна на Јована Неделковска, а трета на Ангела Смилевска. Организатор на Илинденскиот пливачки маратон е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а се одржа под покровителство на Општина Охрид. Натпреварувачите пливаа од плажата „Горица“ до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри. На годинашната манифестација беа пријавени 44 пливачи, 29 во машка и 15 во женска конкуренција.

The post Стојановски, Неделковска, Велковски и Јанковиќ победници на Илинденскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>