Илинденски денови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilindenski-denovi/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 11:12:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илинденски денови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilindenski-denovi/ 32 32 „Балканско патување“ – концерт во Битола на Пламенка гудачки квартет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/balkansko-patuvane-kontsert-vo-bitola-na-plamenka-gudachki-kvartet/ Sun, 28 Jul 2024 11:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=801016

Во рамките на 54. фестивал „Илинденски денови“ во Битола, Пламенка – гудачки квартет вечерва ќе одржи концерт на платото пред Офицерскиот дом во Битола.

Концертот претставува музички истражувачки проект во кој преку одделните композиции од балканските земји се доловуваат заедничките музички корени на балканските простори.

На концертот ќе бидат изведени нови аранжмани за гудачки квартет базирани на балкански фолклорни теми во аранжман на Пламенка Трајковска.

Во гудачкиот квартет ќе учествуваат музичарките Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

„Балканско патување“ се осврнува кон богатата балканска музичка ризница а посебен осврт е направен на  одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на целиот регион и за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користеа како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.

Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет - виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика кои имаат само еден наслов – балканска композиција.

Концертот „Балканско патување“ е  покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во светската музичка ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.

Пламенка Трајковска до сега има реализирано повеќе проекти кои се осврнуваат на светското музичко наследство. Таа е дел од етно составот Келтикум кој интерпретираше фолкорна музика од Ирска, Франција, Шпанија и сефардска музика, дел од камерниот состав Агогик со кој интерпретира танго музика. До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе, Ламенто вело и други.

Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

The post „Балканско патување“ – концерт во Битола на Пламенка гудачки квартет appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 54. фестивал „Илинденски денови“ во Битола, Пламенка – гудачки квартет вечерва ќе одржи концерт на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Концертот претставува музички истражувачки проект во кој преку одделните композиции од балканските земји се доловуваат заедничките музички корени на балканските простори. На концертот ќе бидат изведени нови аранжмани за гудачки квартет базирани на балкански фолклорни теми во аранжман на Пламенка Трајковска. Во гудачкиот квартет ќе учествуваат музичарките Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. „Балканско патување“ се осврнува кон богатата балканска музичка ризница а посебен осврт е направен на  одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на целиот регион и за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користеа како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет. Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет - виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика кои имаат само еден наслов – балканска композиција. Концертот „Балканско патување“ е  покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во светската музичка ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи. Пламенка Трајковска до сега има реализирано повеќе проекти кои се осврнуваат на светското музичко наследство. Таа е дел од етно составот Келтикум кој интерпретираше фолкорна музика од Ирска, Франција, Шпанија и сефардска музика, дел од камерниот состав Агогик со кој интерпретира танго музика. До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе, Ламенто вело и други. Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

The post „Балканско патување“ – концерт во Битола на Пламенка гудачки квартет appeared first on Република.

]]>
“Илинденски денови”, повеќе од пет децении се културна екстраваганција на народите и обичаите која ја прикажува убавината и богатството на народните традиции од целиот свет. https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ilindenski-denovi-poveke-od-pet-detsenii-se-kulturna-ekstravagantsija-na-narodite-i-obichaite-koja-ja-prikazhuva-ubavinata-i-bogatstvoto-na-narodnite-traditsii-od-tseliot-svet/ Sat, 27 Jul 2024 12:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=800750

Со дефиле по Широк Сокак и со традиционалната изведба на Комитското на КУД Илинден, по 54 пат вчера светскиот фолклор се славеше на овој интернационален фестивал во Битола.

Над 1.300 гости од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена. Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови, со одлчина претпрограма која опфаќа етнографски филмски фестивал, детски работилници и изложби, кои заедно со камерните и големите концерти прават бројка од 70 настани. Овој фестивал формиран пред повеќе од половина век како културно ехо на манифестот од 1903, како смотра на фолклорот во националните граници, денес ја живее светската слава како еден од најпознатите и најголеми фестивали препознати и сертифицирани од CIOFF (International Counsil of Organizations of Folklore Festivals and Folklore Arts) официјален партнер на УНЕСКО, формиран во 1970 година, кој работи за заштита, промоција и ширење на традиционалната култура на глобално ниво.

Големото дефиле на „Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се  преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации. За градот домаќин и организаторот овој фестивал над половина век е печатот на нашиот идентитет. Место каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.

На платото пред Офицерски дом, беше свечено отворено 54. издание под мотото „ Уметноста на традицијата “ .

На церемонијата фестивалот за отворен го прогласи потпретседателката на Собранието како покровител на Илинденски денови Весна Бендевска. 

Министерот  Зоран Љутков, во своето обраќање истакна дека Министерството за култура и туризам во иднина значително ќе ја зголеми поддршката на фолклорните ансамбли со одвојување на поголеми финансиски средства за нивно функционирање, а со тоа одржување на македонската традиција

Во име на општина Битола се обрати градоначалникот Тони Коњановски.

“Илинденски денови” отсекогаш бил отворен круг за уметници, љубители на традицијата, нови кадри. Луѓето што го востановиле овој фестивал секогаш гледале подалеку, иако некои мислат дека гледале кон минатото, но минатото е секогаш учител за нашата иднина. Цели 54 години фестивалот настојува да ја продолжи традицијата живо да егзистира меѓу народот. Фестивалот во последните години целосно се отвори кон светот, благодарејќи на добивањето на сертификат на интернационален CIOFF фестивал и со тоа влезе во семејството на  CIOFF.

“Овој фестивал буди носталгија, убави спомени и ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да се интересираат за фолклорот” истакна директорката на Центарот за култура Битола, Маја Андоновска-Илијевски кои се организатори на овој голем фестивал кој се реализира со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а под покровителство на на Собранието на РСМ.

The post “Илинденски денови”, повеќе од пет децении се културна екстраваганција на народите и обичаите која ја прикажува убавината и богатството на народните традиции од целиот свет. appeared first on Република.

Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ilindenskite-denovi-vo-bitola-se-ogledalo-na-multikulturnata-raznovidnost/ Sat, 27 Jul 2024 11:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=800740

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, се обрати на свеченото отворање на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
„Деновиве цела Битола е една огромна сцена, празнична, колоритна и дотерана, во која еднакво бликаат надежта од ʼкомитскотоʻ и драматиката на ʼтешкотоʻ оро, во слава на македонскиот идентитет, историја и култура, а седумосминскиот такт татни во слава на различностите од целиот свет, кои нè обединуваат, поврзуваат и зближуваат“, истакна министерот Љутков.
Тој дополни дека посетата на уметниците од повеќе земји од светот, само потврдува дека во пресрет на Илинден, Битола е главниот град на културната разновидност, од која до светот се испраќаат искрените пораки за  заедништво и културен натпревар меѓу народите.
Истакнувајќи дека „Илинденските денови во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност“, министерот Љутков потенцираше дека „се и своевиден поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности“.

Од име на Министерството за култура и туризам и лично, министерот Љутков изрази уверување дека во годините пред нас значително ќе се зголеми финансиската поддршка за фолклорните ансамбли во градовите низ државава и ќе се обезбедат средства за нивно успешно функционирање и промоција.
Придружната програма на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ започна на 19 јули, а на официјалното отворање се одржа традиционалното фолклорно дефиле низ Широк сокак. На вечерта посветена на традиционалната музика и игра, КУД „Илинден“ од Битола го изведе орото „Комитско“. Се одржа и Саем на книги инспирирани од македонската традиција и култура и промоција на македонски автори, а, меѓу другото, свечено беше отворена и 5. конференција: „Етномузикологијата и етнокореологијата и практикувањето на фолклорот на Балканот“.

The post Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, се обрати на свеченото отворање на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. „Деновиве цела Битола е една огромна сцена, празнична, колоритна и дотерана, во која еднакво бликаат надежта од ʼкомитскотоʻ и драматиката на ʼтешкотоʻ оро, во слава на македонскиот идентитет, историја и култура, а седумосминскиот такт татни во слава на различностите од целиот свет, кои нè обединуваат, поврзуваат и зближуваат“, истакна министерот Љутков. Тој дополни дека посетата на уметниците од повеќе земји од светот, само потврдува дека во пресрет на Илинден, Битола е главниот град на културната разновидност, од која до светот се испраќаат искрените пораки за  заедништво и културен натпревар меѓу народите. Истакнувајќи дека „Илинденските денови во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност“, министерот Љутков потенцираше дека „се и своевиден поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности“. Од име на Министерството за култура и туризам и лично, министерот Љутков изрази уверување дека во годините пред нас значително ќе се зголеми финансиската поддршка за фолклорните ансамбли во градовите низ државава и ќе се обезбедат средства за нивно успешно функционирање и промоција. Придружната програма на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ започна на 19 јули, а на официјалното отворање се одржа традиционалното фолклорно дефиле низ Широк сокак. На вечерта посветена на традиционалната музика и игра, КУД „Илинден“ од Битола го изведе орото „Комитско“. Се одржа и Саем на книги инспирирани од македонската традиција и култура и промоција на македонски автори, а, меѓу другото, свечено беше отворена и 5. конференција: „Етномузикологијата и етнокореологијата и практикувањето на фолклорот на Балканот“.

The post Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност appeared first on Република.

]]>
54. издание на фестивалот „Илинденски денови“ под мотото „Уметноста на традицијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/54-izdanie-na-festivalot-ilindenski-denovi-pod-mototo-umetnosta-na-traditsijata/ Fri, 19 Jul 2024 07:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=798271

Под мотото „Уметноста на традицијата“ вечерва во Битола започнува 54. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура.

Овој фестивал, на кој се слават народни песни и игри од целиот свет, ќе трае 13 дена и ќе учествуваат 1.300 учесници од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД.

Мисијата на фестивалот е да ја зачува и негува традицијата, вредност која се одржува повеќе од половина век. Настанот ја трансформира Битола во живописна сцена, со настапи кои започнуваат од Старата битолска чаршија, вдолж Широк сокак до платото на Офицерскиот дом, ветувајќи живописен приказ на традиционални облеки, автентична музика и танц од сите меридијани на светот.

Маја Андоновска-Илијевски, директорка на Центарот за култура Битола, на прес конференцијата го истакна значењето на фестивалот: “Ова е еден од најатрактивните и најголемите фестивали кај нас. Фестивал кој широко ги отвора вратите на повеќе од илјада учесници кои го негуваат фолклорот и традицијата. Ова е еден од ретките светски фестивали сертифицирани од CIOFF - светската организација која ги обединува чуварите на нематеријалното културно наследство, поддржана од УНЕСКО. Оттука и неговата големина” - истакна таа.

Фестивалот ќе започне со меѓународниот филмски фестивал на етнографски филмови, кој годинава го има своето трето издание. На фестивалот ќе бидат прикажани 40 филмови, кои ја поминаа строгата селекција од вкупно 2.681 пријавени, што зборува за еден неверојатен интерес. Селекторот Тони Гламчевски ја изрази својата посветеност кон овој млад фестивал и кон одржувањето на традицијата на големиот фестивал: „Нашата цел е да останеме верни на суштината на „Илинденски денови“, прикажувајќи го потеклото и богатството на светските традиции преку седмата уметност. Филмовите годинава вклучуваат неверојатни автентични приказни кои даваат поинаква визура на традициите кои станале фокус на луѓето кои снимаат филмови”.

Валентин Соклевски е столб на фестивалот. Неговата посветеност со децении на овој проект е евидентна, со растот кој го има, особено последните 10 години. На денешниот прес, низ емоции зборуваше за посветената работа и за тимот кој работи со него во креирањето и реализацијата на обемната програма на фестивалот која вклучува работилници, изложби, модни ревии и интерактивни сесии дизајнирани да ангажираат публика од сите возрасти. Најблиската соработничка на Соклевски, Љупка Стефановска ја истакна важноста и на научната дејност која ја негуваат како фестивал, со научно стручна конференција, која ќе ги собере истакнати гости од Европа за да разговараат за културното и историското значење на народните традиции.

За време на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да ја искусат енергичната атмосфера на Битола, со традиционални музички и танцови изведби кои ќе ги оживеат улиците и плоштадите.

фото | Диоген Хаџи Коста Милевски

The post 54. издание на фестивалот „Илинденски денови“ под мотото „Уметноста на традицијата“ appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Уметноста на традицијата“ вечерва во Битола започнува 54. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура. Овој фестивал, на кој се слават народни песни и игри од целиот свет, ќе трае 13 дена и ќе учествуваат 1.300 учесници од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД. Мисијата на фестивалот е да ја зачува и негува традицијата, вредност која се одржува повеќе од половина век. Настанот ја трансформира Битола во живописна сцена, со настапи кои започнуваат од Старата битолска чаршија, вдолж Широк сокак до платото на Офицерскиот дом, ветувајќи живописен приказ на традиционални облеки, автентична музика и танц од сите меридијани на светот. Маја Андоновска-Илијевски, директорка на Центарот за култура Битола, на прес конференцијата го истакна значењето на фестивалот: “Ова е еден од најатрактивните и најголемите фестивали кај нас. Фестивал кој широко ги отвора вратите на повеќе од илјада учесници кои го негуваат фолклорот и традицијата. Ова е еден од ретките светски фестивали сертифицирани од CIOFF - светската организација која ги обединува чуварите на нематеријалното културно наследство, поддржана од УНЕСКО. Оттука и неговата големина” - истакна таа. Фестивалот ќе започне со меѓународниот филмски фестивал на етнографски филмови, кој годинава го има своето трето издание. На фестивалот ќе бидат прикажани 40 филмови, кои ја поминаа строгата селекција од вкупно 2.681 пријавени, што зборува за еден неверојатен интерес. Селекторот Тони Гламчевски ја изрази својата посветеност кон овој млад фестивал и кон одржувањето на традицијата на големиот фестивал: „Нашата цел е да останеме верни на суштината на „Илинденски денови“, прикажувајќи го потеклото и богатството на светските традиции преку седмата уметност. Филмовите годинава вклучуваат неверојатни автентични приказни кои даваат поинаква визура на традициите кои станале фокус на луѓето кои снимаат филмови”. Валентин Соклевски е столб на фестивалот. Неговата посветеност со децении на овој проект е евидентна, со растот кој го има, особено последните 10 години. На денешниот прес, низ емоции зборуваше за посветената работа и за тимот кој работи со него во креирањето и реализацијата на обемната програма на фестивалот која вклучува работилници, изложби, модни ревии и интерактивни сесии дизајнирани да ангажираат публика од сите возрасти. Најблиската соработничка на Соклевски, Љупка Стефановска ја истакна важноста и на научната дејност која ја негуваат како фестивал, со научно стручна конференција, која ќе ги собере истакнати гости од Европа за да разговараат за културното и историското значење на народните традиции. За време на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да ја искусат енергичната атмосфера на Битола, со традиционални музички и танцови изведби кои ќе ги оживеат улиците и плоштадите. фото | Диоген Хаџи Коста Милевски

The post 54. издание на фестивалот „Илинденски денови“ под мотото „Уметноста на традицијата“ appeared first on Република.

]]>
Градскиот ансамбл од Пожаревац гостува на „Илинденски денови“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gradskiot-ansambl-od-pozharevats-gostuva-na-ilindenski-denovi-vo-bitola/ Sun, 30 Jul 2023 10:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=666876

Фестивалот „Илинденски денови“ продолжува со целовечерен концерт на Градскиот ансамбл на народни игри и песни - Пожаревац од Србија, што ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Членовите на ансамблот од Пожаревац ќе изведат дел од своите над 40 кореографии подготвени од еминиентни српски кореографи, а ги презентирале на фестивали во Франција, Полска, Шпанија, Романија, Грција и вечер во Македонија.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека по концертот на ГАНИП-Пожаревац, на плоштадот „Магнолија“ ќе се одржи и концерт на инструментална музика со наслов „Од колено на колено“ кој ќе го приреди Александар Јовевски.

The post Градскиот ансамбл од Пожаревац гостува на „Илинденски денови“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Илинденски денови“ продолжува со целовечерен концерт на Градскиот ансамбл на народни игри и песни - Пожаревац од Србија, што ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Членовите на ансамблот од Пожаревац ќе изведат дел од своите над 40 кореографии подготвени од еминиентни српски кореографи, а ги презентирале на фестивали во Франција, Полска, Шпанија, Романија, Грција и вечер во Македонија. Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека по концертот на ГАНИП-Пожаревац, на плоштадот „Магнолија“ ќе се одржи и концерт на инструментална музика со наслов „Од колено на колено“ кој ќе го приреди Александар Јовевски.

The post Градскиот ансамбл од Пожаревац гостува на „Илинденски денови“ во Битола appeared first on Република.

]]>
Ансамбли од Мексико, Ирска, Италија и Хрватска вечерва на „Илиденски денови“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ansambli-od-meksiko-irska-italija-i-hrvatska-vecherva-na-ilidenski-denovi-vo-bitola/ Sat, 29 Jul 2023 10:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=666579

Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ продолжува со вечер на традиционална музика на која ќе настапат ансамбли од Мексико, Ирска, Италија и Хрватска.

Фолклорниот ансамбл од Мексико прв пат гостува во Битола и вечерва ќе презентира дел од културното наследство на таа држава, информира за МИА професорот Еуљалио Родригез Кастиљо.

Оваа година во овој летен фестивалски период гостуваме низ Европа. Настапивме во италијанските градови Тревизо и Венеција, патувавме и настапивме на фестивал во Тирана, Албанија, а деновиве сме во Македонија. Среќни сме што добивме покана да бидеме ваши гости и гледаме дека сте многу љубезни, гостопримливи и тоа уште повеќе на мотивира на фестивалската сцена да го презентираме нашиот фолклор, истакна Родригез Кастиљо во пресрет на вечерашниот настап.

Според програмата, освен гостите од странство, на третата фестивалска вечер ќе настапат и КУД „Илинден“-Битола, КУД „Весели пензионери“-Пробиштип, КУД „Ибе Паликуќи“-Скопје и ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ од Битола.

Ансамблите од Мексико и Италија ќе настапат и на манифестацијата „Фолклорна прошетка низ светот“ која се одржува на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

The post Ансамбли од Мексико, Ирска, Италија и Хрватска вечерва на „Илиденски денови“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ продолжува со вечер на традиционална музика на која ќе настапат ансамбли од Мексико, Ирска, Италија и Хрватска. Фолклорниот ансамбл од Мексико прв пат гостува во Битола и вечерва ќе презентира дел од културното наследство на таа држава, информира за МИА професорот Еуљалио Родригез Кастиљо.
Оваа година во овој летен фестивалски период гостуваме низ Европа. Настапивме во италијанските градови Тревизо и Венеција, патувавме и настапивме на фестивал во Тирана, Албанија, а деновиве сме во Македонија. Среќни сме што добивме покана да бидеме ваши гости и гледаме дека сте многу љубезни, гостопримливи и тоа уште повеќе на мотивира на фестивалската сцена да го презентираме нашиот фолклор, истакна Родригез Кастиљо во пресрет на вечерашниот настап.
Според програмата, освен гостите од странство, на третата фестивалска вечер ќе настапат и КУД „Илинден“-Битола, КУД „Весели пензионери“-Пробиштип, КУД „Ибе Паликуќи“-Скопје и ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ од Битола. Ансамблите од Мексико и Италија ќе настапат и на манифестацијата „Фолклорна прошетка низ светот“ која се одржува на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

The post Ансамбли од Мексико, Ирска, Италија и Хрватска вечерва на „Илиденски денови“ во Битола appeared first on Република.

]]>
Вечер на староградска музика и игра на „Илинденски денови“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecher-na-starogradska-muzika-i-igra-na-ilindenski-denovi-vo-bitola/ Fri, 28 Jul 2023 06:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=666129

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со Вечер на староградска музика и игра на која ќе настапат пејачки групи, староградски групи и ансамбли од Скопје, Штип, Прилеп, Крива Паланка, Струмица, Тетово и Битола.

Во текот на денот ќе се реализира придружната програма во која ќе се одржат саем на книги од областа на фоклорот и народната култура, промоција на мултимедијална мапа за надвижното културно наследство на градот Битола, како и промоција на документарен филм за ансамблот на народни песни и игри „Орце Николов“ - Скопје.

Според програмата, вечер од 21 часот на плоштадот „Магнолија“ во фолклорната проштека низ светот ќе настапат членовите на фолклорната група „Родина“ од Варна, Бугарија, а на платото пред Офицерски дом ќе настапи ансамблот „Летечки Грузијци“ од Тбилиси.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

The post Вечер на староградска музика и игра на „Илинденски денови“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со Вечер на староградска музика и игра на која ќе настапат пејачки групи, староградски групи и ансамбли од Скопје, Штип, Прилеп, Крива Паланка, Струмица, Тетово и Битола. Во текот на денот ќе се реализира придружната програма во која ќе се одржат саем на книги од областа на фоклорот и народната култура, промоција на мултимедијална мапа за надвижното културно наследство на градот Битола, како и промоција на документарен филм за ансамблот на народни песни и игри „Орце Николов“ - Скопје. Според програмата, вечер од 21 часот на плоштадот „Магнолија“ во фолклорната проштека низ светот ќе настапат членовите на фолклорната група „Родина“ од Варна, Бугарија, а на платото пред Офицерски дом ќе настапи ансамблот „Летечки Грузијци“ од Тбилиси. Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

The post Вечер на староградска музика и игра на „Илинденски денови“ во Битола appeared first on Република.

]]>
Со дефиле по Широк Сокак и со изведба на Комитското, по 53. пат светскиот фолклор се славешево Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-defile-po-shirok-sokak-i-so-izvedba-na-komitskoto-po-53-pat-svetskiot-folklor-se-slaveshevo-bitola/ Thu, 27 Jul 2023 07:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=665756

Со дефиле по Широк Сокак и со изведба на Комитското, по 53 пат вчера светскиот фолклор се славеше на Илинденски денови во Битола

Над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена во следните неколку денови. Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови и има испланирано 60 настани, како културно ехо на манифестот од 1903- а годинава се одржува под мотото “Отворен круг”.

По традиционалното дефиле на Широк Сокак и изведбата на  “Комитското” на КУД Илинден од Битола 53-то издание на фестивалот „Илинденски денови“ го отвори потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

Големото дефиле на „Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се  преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации. За градот домаќин и организаторот овој фестивал над половина век е печатот на нашиот идентитет. Место каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.

“Илинденски денови” отсекогаш бил отворен круг за уметници, љубители на традицијата, нови кадри. Луѓето што го востановиле овој фестивал секогаш гледале подалеку, иако некои мислат дека гледале кон минатото, но минатото е секогаш учител за нашата иднина. Цели 53 години фестивалот настојува да ја продолжи традицијата живо да егзистира меѓу народот. Фестивалот во последните години целосно се отвори кон светот, благодарејќи на добивањето на сертификат на интернационален CIOFF фестивал и со тоа влезе во семејството на  CIOFF (International Counsil of Organizations of Folklore Festivals and Folklore Arts)  официјален партнер на УНЕСКО, формиран во 1970 година, кој работи за заштита, промоција и ширење на традиционалната култура на глобално ниво.

“Илинденски денови” е амбасадор на македонската култура во светот. Фестивал што започна скромно како републички фестивал на народни песни и игри пред повеќе од половина век, а прерасна во интернационален и е единствен фестивал од Македонија што е во елитата на фолклорни фестивали во светот.

Овој фестивал буди носталгија, убави спомени и ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да се интересираат за фолклорот” истакна директорката на Центарот за култура Битола, Маја Андоновска-Илијевски кои се организатори на овој голем фестивал кој се реализира со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а под покровителство на на Собранието на РСМ.

The post Со дефиле по Широк Сокак и со изведба на Комитското, по 53. пат светскиот фолклор се славешево Битола appeared first on Република.

]]>

Со дефиле по Широк Сокак и со изведба на Комитското, по 53 пат вчера светскиот фолклор се славеше на Илинденски денови во Битола Над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена во следните неколку денови. Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови и има испланирано 60 настани, како културно ехо на манифестот од 1903- а годинава се одржува под мотото “Отворен круг”. По традиционалното дефиле на Широк Сокак и изведбата на  “Комитското” на КУД Илинден од Битола 53-то издание на фестивалот „Илинденски денови“ го отвори потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Големото дефиле на „Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се  преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации. За градот домаќин и организаторот овој фестивал над половина век е печатот на нашиот идентитет. Место каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла. “Илинденски денови” отсекогаш бил отворен круг за уметници, љубители на традицијата, нови кадри. Луѓето што го востановиле овој фестивал секогаш гледале подалеку, иако некои мислат дека гледале кон минатото, но минатото е секогаш учител за нашата иднина. Цели 53 години фестивалот настојува да ја продолжи традицијата живо да егзистира меѓу народот. Фестивалот во последните години целосно се отвори кон светот, благодарејќи на добивањето на сертификат на интернационален CIOFF фестивал и со тоа влезе во семејството на  CIOFF (International Counsil of Organizations of Folklore Festivals and Folklore Arts)  официјален партнер на УНЕСКО, формиран во 1970 година, кој работи за заштита, промоција и ширење на традиционалната култура на глобално ниво. “Илинденски денови” е амбасадор на македонската култура во светот. Фестивал што започна скромно како републички фестивал на народни песни и игри пред повеќе од половина век, а прерасна во интернационален и е единствен фестивал од Македонија што е во елитата на фолклорни фестивали во светот.
Овој фестивал буди носталгија, убави спомени и ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да се интересираат за фолклорот” истакна директорката на Центарот за култура Битола, Маја Андоновска-Илијевски кои се организатори на овој голем фестивал кој се реализира со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а под покровителство на на Собранието на РСМ.
 
The post Со дефиле по Широк Сокак и со изведба на Комитското, по 53. пат светскиот фолклор се славешево Битола appeared first on Република.

]]>
Почнуваат „Илинденски денови“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuvaat-ilindenski-denovi-vo-bitola/ Wed, 26 Jul 2023 07:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=665378

Со традиционално дефиле по Широк сокак и со изведба на орото „Комитско“ вечер во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Фестивалот „Илинденски денови“ е член на светската асоцијација на фоклорни фестивали ЦИОФФ со чија поддршка годинава во Битола ќе гостуваат и настапат ансамбли од Чиле, Мексико, Ирска, Хрватска, Грузија, Италија, Бугарија и од Србија.

Првата фестивалска вечер ќе ја отворат членовите на ансамблот „Македонија“ од Скопје и освен гостите од странство, пред битолската публика со свои кореографии ќе се претстават фолклорните ансамбли „Бисер“ од Кичево, „Цветови“ од Дедино и „Русалии“ од Секирник.

Организаторот и домаќин на фестивалот, НУ Центар за култура-Битола деновиве реализира богата придружна програма во чии рамки претпладнево ќе се одржат коњички марш „Патот на Илинденците“, промоција на Зборник на трудови за семинарот на традиционална музика и игра, проекција на македонскиот етнографски филм „Лазаренки“ и изложба на тема „Традиционалната култура на градот Штип“.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

The post Почнуваат „Илинденски денови“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Со традиционално дефиле по Широк сокак и со изведба на орото „Комитско“ вечер во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Фестивалот „Илинденски денови“ е член на светската асоцијација на фоклорни фестивали ЦИОФФ со чија поддршка годинава во Битола ќе гостуваат и настапат ансамбли од Чиле, Мексико, Ирска, Хрватска, Грузија, Италија, Бугарија и од Србија. Првата фестивалска вечер ќе ја отворат членовите на ансамблот „Македонија“ од Скопје и освен гостите од странство, пред битолската публика со свои кореографии ќе се претстават фолклорните ансамбли „Бисер“ од Кичево, „Цветови“ од Дедино и „Русалии“ од Секирник. Организаторот и домаќин на фестивалот, НУ Центар за култура-Битола деновиве реализира богата придружна програма во чии рамки претпладнево ќе се одржат коњички марш „Патот на Илинденците“, промоција на Зборник на трудови за семинарот на традиционална музика и игра, проекција на македонскиот етнографски филм „Лазаренки“ и изложба на тема „Традиционалната култура на градот Штип“. Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

The post Почнуваат „Илинденски денови“ во Битола appeared first on Република.

]]>
Во Битола оставивме дел од нашите срца засекогаш https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vo-bitola-ostavivme-del-od-nashite-srca-zasekogash/ Sun, 31 Jul 2022 08:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=535264

Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, синоќа во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”.

Фестивалот годинава започна на 18 јули и се одржуваше под мотото „Од корените до цветот”. Стручно жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски, одлучи награда за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра да додели на ЖФК „Радовишанки” од Радовиш, награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.

Награди на најуспешните и благодарници за учество на гостите од странство им додели директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски.

За еден фестивал дека е успешен сведочат насмевките на учесниците и на публиката, силината на аплаузите, радоста на организаторите. На Министерството за култура и Општина Битола бескрајно им благодарам за препознавањето и значењето, како и поддршката на најстариот фестивал во нашиот град, фестивалот кој го претвори градот во крстопат, каде се споија истокот и западот, северот и југот, создавајќи пријателства што ќе траат, истакна Андоновска Илијевски.

На завршната вечер и на македонски јазик се обрати Диего Мантано член на ансамблот „Франциско де Гоја” од Мадрид.

Ви благодарам за вашето гостопримство и бидете сигурни дека од сега и понатаму секој од нас кога ќе ги насочи очите кон изгрејсонцето ќе се сети дека има една прекрасна земја Македонија со прекрасен град Битола, и каде во јули 2022 година оставивме дел од нашите срца засекогаш, истакна гостинот од Шпанија, Мантано.

Низ бројки…. 52 издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата 12 фестивалски денови бележат ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година 61 настан понуди неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции … 1.300 учесници и гости 7 земји учеснички 3 паралелни сцени и целиот град претворен во отворена сцена за настап.

Фестивалот ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост на овој стар Фестивал. Мотото на фестивалот е оправдано „Од коренот до цветот“.

The post Во Битола оставивме дел од нашите срца засекогаш appeared first on Република.

„Илинденски денови“ овозможува да се сретне фолклорот на светот во еден град https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konjanovski-ilindenski-denovi-ovozmozuva-da-se-sretne-folklorot-na-svetot-vo-eden-grad/ Sat, 30 Jul 2022 19:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=535187

На последниот ден од 52 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, организираше свечен прием на делегација од интернационалните гости на фестивалот.

На средбата, своите впечатоци за овој значаен фестивал ги споделија гостите од Србија, Полска, Италија, Колумбија, Шпанија, Мексико и САД кои заедно со македонските културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли, вечерва ќе го означат завршувањето на уште едно успешно издание на „Илинденски денови“.

Градоначалникот Коњановски, им се заблагодари на гостите за нивното присуство во Битола, за енергијата и колоритот со кои низ песна и игра, промовирајќи ги своите традиции, култури, и специфичности, ја донесоа светската музика кај нас и внесоа посебна убавина на повеќе локации во градот.

Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски, се заблагодари за поддршката која фестивалот ја добива од општина Битола и битолското културно лето БИТ ФЕСТ, нагласувајќи дека „Илинденски денови“ во досегашниот период израсна генерации играорци, пречека и испрати гости од сите континенти, со што успешно се движи кон целта да стане културен туристички производ, привлечен за многу туристи кои ќе сакаат да го сретнат фолклорот на светот во еден град.

The post „Илинденски денови“ овозможува да се сретне фолклорот на светот во еден град appeared first on Република.

]]>

На последниот ден од 52 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, организираше свечен прием на делегација од интернационалните гости на фестивалот. На средбата, своите впечатоци за овој значаен фестивал ги споделија гостите од Србија, Полска, Италија, Колумбија, Шпанија, Мексико и САД кои заедно со македонските културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли, вечерва ќе го означат завршувањето на уште едно успешно издание на „Илинденски денови“. Градоначалникот Коњановски, им се заблагодари на гостите за нивното присуство во Битола, за енергијата и колоритот со кои низ песна и игра, промовирајќи ги своите традиции, култури, и специфичности, ја донесоа светската музика кај нас и внесоа посебна убавина на повеќе локации во градот. Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски, се заблагодари за поддршката која фестивалот ја добива од општина Битола и битолското културно лето БИТ ФЕСТ, нагласувајќи дека „Илинденски денови“ во досегашниот период израсна генерации играорци, пречека и испрати гости од сите континенти, со што успешно се движи кон целта да стане културен туристички производ, привлечен за многу туристи кои ќе сакаат да го сретнат фолклорот на светот во еден град.

The post „Илинденски денови“ овозможува да се сретне фолклорот на светот во еден град appeared first on Република.

]]>
Со македонското „Комитско“ во Битола почнува фестивалот „Илинденски денови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-makedonskoto-komitsko-vo-bitola-pochnuva-festivalot-ilindenski-denovi/ Tue, 26 Jul 2022 07:19:01 +0000 https://republika.mk/?p=533228

Со македонското оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечер почнува 52. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.

Во пресрет на настапите на културно-уметничките друштва и филкорни групи од државата и странство, деновиве во Битола се реализира фестивалска предпрограма исполнета со изложби, работилници и за прв пат Интернационален етнографски филмски фестивал.

На фестивалската сцена ќе настапат повеќе од 1.000 учесници членови на ансамбли од повеќе македонски градови, а со оглед дека нашиот фестивал е член на светската фолклорна асоцијација ЦИОФФ, во Битола вечер ќе ги погледнеме и настапите на гостите од САД, Полска, Шпанија, Србија, Италија, Мексико и Колумбија, најави Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот.

Годинава фестивалот „Илинденски денови“ се одржува под мотото „Од корените до цветот“, а корените датираат од 1971 година, вели м-р Валентин Соклевски, програмски селектор на фестивалот.

Фестивалот е прекрасен мозаик, традиција која потекнува од корените и од цветовите кои ја содржат креативноста на луѓето од овој фестивал. И годинава од Битола испраќаме желби за добро здравје, заедништво, соработка, мир и разбирање. И годинава, истакна Соклевски, додавајќи дека го славиме Илинден, верни на традицијата и на мисијата на фестивалот за заштита, промоција и афирмација на духовното и материјалното културно наследство, претставено преку традиционалната музика, игри, песни, обичаи, носија, инструменти и друго.

Утрово во градот, за прв пат на фестивалот и по Широк Сокак ќе мине битолската коњаница „Галоп“ и до 2. Август ќе се движи по патот на илинденците, информираа од НУ Центар за култура-Битола.

The post Со македонското „Комитско“ во Битола почнува фестивалот „Илинденски денови“ appeared first on Република.

]]>

Со македонското оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечер почнува 52. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Во пресрет на настапите на културно-уметничките друштва и филкорни групи од државата и странство, деновиве во Битола се реализира фестивалска предпрограма исполнета со изложби, работилници и за прв пат Интернационален етнографски филмски фестивал.
На фестивалската сцена ќе настапат повеќе од 1.000 учесници членови на ансамбли од повеќе македонски градови, а со оглед дека нашиот фестивал е член на светската фолклорна асоцијација ЦИОФФ, во Битола вечер ќе ги погледнеме и настапите на гостите од САД, Полска, Шпанија, Србија, Италија, Мексико и Колумбија, најави Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот.
Годинава фестивалот „Илинденски денови“ се одржува под мотото „Од корените до цветот“, а корените датираат од 1971 година, вели м-р Валентин Соклевски, програмски селектор на фестивалот.
Фестивалот е прекрасен мозаик, традиција која потекнува од корените и од цветовите кои ја содржат креативноста на луѓето од овој фестивал. И годинава од Битола испраќаме желби за добро здравје, заедништво, соработка, мир и разбирање. И годинава, истакна Соклевски, додавајќи дека го славиме Илинден, верни на традицијата и на мисијата на фестивалот за заштита, промоција и афирмација на духовното и материјалното културно наследство, претставено преку традиционалната музика, игри, песни, обичаи, носија, инструменти и друго.
Утрово во градот, за прв пат на фестивалот и по Широк Сокак ќе мине битолската коњаница „Галоп“ и до 2. Август ќе се движи по патот на илинденците, информираа од НУ Центар за култура-Битола.

The post Со македонското „Комитско“ во Битола почнува фестивалот „Илинденски денови“ appeared first on Република.

]]>
„Популус“ вечерва на „Илинденски денови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/populus-vecherva-na-ilindenski-denovi/ Fri, 22 Jul 2022 08:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=532042

Популус.

Илинденски денови

Народен театар- Битола

Петок, 22 јули 2022, 20ч. Влезот е бесплатен.

Кон средината на 18 век, во екот на европскиот романтизам, германскиот филозоф Јохан Готфрид вон Хердер пројавува интерес во локалните дијалекти на германската селска популација, како и во нивните приказни, митови и легенди. Свесен за социјалните и општествените норми на ова доминантно население, тој им се придружува на поголемата група на филозофи кои оваа група на луѓе ја насловуваат како volk, додека во Велика Британија се јавува поимот folk како превод на истиот термин. А која е оваа група на луѓе? Едноставно речено—народот. Колективното тело на заедницата. Но, уште побитно за европските романтичари—колективното тело на нацијата, истата онаа што за прв пат се раѓа низ овие идеи.

Меѓутоа ваквите идеи датираат уште многу одамна. На пример, латинскиот термин vulgus populus може да се толкува исто ко и “народот,” меѓутоа она што е водечко во овој перформанс е засебното значење на кованицата, односно: vulgus, однесувајќи се на примитивната и ниската класа во општеството, онаа која што се исповетува со автентичност и оригиналност и populus, односно сèвкупното население кое ја сочинува една нација. Базиран на ваквите дискурси, овој танцов перформанс има за цел да ги обработи, прекрши, видоизмени и истошти сите оние танци и движења кои се врзуваат со заедниците кои го населувале просторот на она што денес го викаме национална држава.

Овој перформанс претставува еден нов вид на танцово изразување, особено кога станува збор за начин на кој се презентира традиционалниот танц во државава, поаѓајќи од фактот дека од 1950 година, па сè до ден денес, не постојат нови правци на кореографирање и осовремување на традиционалниот танц кој низ годините бил диктиран од перформативните политики на националните установи. База и инспирација на кореографскиот опус се социјалните танци на Македонците, Албанците, Турците и Ромите кои се синтезирани во современ и оригинален продукт, сработен преку истражувачки процес во кои танчерите и кореографот имаа за цел да истражат што е тоа што ги спојува овие заедници, наместо да нагласи што е тоа што ги прави различни. Она што е исто така новитет во овој процес е взаемната соработка на танчери кои се занимаваат со традиционален танц, балет, и современ танц, кои за прв пат работат и танцуваат заедно и учат едни од други.

Режија и кореографија: Филип Петковски

Танчери: Теодора Ѓоргиева, Стефанија Маневска, Марија Саздовска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Дени Синадиновски, Антонио Стојчески и Балаж Лучеи.

Костимографија: Антонија Гугинска Јордановска, Маја Ѓуреска и Гордана Божиновска

Музика: Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски, Љубојна, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Мирослав Тадиќ, ДахаБраха, Мобајл Соул Систем.

Камера и фотографија: Марко Марјановиќ

Графички дизајн: Ивана Мојсовска

The post „Популус“ вечерва на „Илинденски денови“ appeared first on Република.

]]>

Популус. Илинденски денови Народен театар- Битола Петок, 22 јули 2022, 20ч. Влезот е бесплатен.   Кон средината на 18 век, во екот на европскиот романтизам, германскиот филозоф Јохан Готфрид вон Хердер пројавува интерес во локалните дијалекти на германската селска популација, како и во нивните приказни, митови и легенди. Свесен за социјалните и општествените норми на ова доминантно население, тој им се придружува на поголемата група на филозофи кои оваа група на луѓе ја насловуваат како volk, додека во Велика Британија се јавува поимот folk како превод на истиот термин. А која е оваа група на луѓе? Едноставно речено—народот. Колективното тело на заедницата. Но, уште побитно за европските романтичари—колективното тело на нацијата, истата онаа што за прв пат се раѓа низ овие идеи.   Меѓутоа ваквите идеи датираат уште многу одамна. На пример, латинскиот термин vulgus populus може да се толкува исто ко и “народот,” меѓутоа она што е водечко во овој перформанс е засебното значење на кованицата, односно: vulgus, однесувајќи се на примитивната и ниската класа во општеството, онаа која што се исповетува со автентичност и оригиналност и populus, односно сèвкупното население кое ја сочинува една нација. Базиран на ваквите дискурси, овој танцов перформанс има за цел да ги обработи, прекрши, видоизмени и истошти сите оние танци и движења кои се врзуваат со заедниците кои го населувале просторот на она што денес го викаме национална држава.   Овој перформанс претставува еден нов вид на танцово изразување, особено кога станува збор за начин на кој се презентира традиционалниот танц во државава, поаѓајќи од фактот дека од 1950 година, па сè до ден денес, не постојат нови правци на кореографирање и осовремување на традиционалниот танц кој низ годините бил диктиран од перформативните политики на националните установи. База и инспирација на кореографскиот опус се социјалните танци на Македонците, Албанците, Турците и Ромите кои се синтезирани во современ и оригинален продукт, сработен преку истражувачки процес во кои танчерите и кореографот имаа за цел да истражат што е тоа што ги спојува овие заедници, наместо да нагласи што е тоа што ги прави различни. Она што е исто така новитет во овој процес е взаемната соработка на танчери кои се занимаваат со традиционален танц, балет, и современ танц, кои за прв пат работат и танцуваат заедно и учат едни од други. Режија и кореографија: Филип Петковски Танчери: Теодора Ѓоргиева, Стефанија Маневска, Марија Саздовска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Дени Синадиновски, Антонио Стојчески и Балаж Лучеи. Костимографија: Антонија Гугинска Јордановска, Маја Ѓуреска и Гордана Божиновска Музика: Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски, Љубојна, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Мирослав Тадиќ, ДахаБраха, Мобајл Соул Систем. Камера и фотографија: Марко Марјановиќ Графички дизајн: Ивана Мојсовска            

The post „Популус“ вечерва на „Илинденски денови“ appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Од корените до цветот“ од 18 јули Фестивалот „Илинденски денови“ ќе ја претвори Битола во голема отворена сцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pod-mototo-od-korenite-do-cvetot-od-18-juli-festivalot-ilindenski-denovi-kje-ja-pretvori-bitola-vo-golema-otvorena-scena/ Fri, 15 Jul 2022 17:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=529495

„Од корените до цветот“ е мотото на 52 издание на Фестивалот на народни игри и песни “Илинденски денови“ кој на 18 јули започнува во Битола и ќе трае цели 12 денови.

Со најобемна програма досега, која за прв пат вклучува и Интернационален фестивал на етно филмови, па ќе следуваат работилници, изложби и стручен симпозиум кои ќе бидат убав вовед во фестивалските вечери, кои повторно со големото дефиле по улиците на Битола стартуваат на 26 и ќе завршат на 30 јули, испланирани се до детал сите фестивалски денови кои на едно место ќе соберат над 1.000 учесници.

Оваа година започнуваме порано, а поводот е навистина посебен. Иницијативата во рамките на фестивалот да заживее и филмот како медиум, ја реализиравме и од годинава Илинденски денови се и организатори на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, кој носи 11 филмски наслови од кои 6 се долгометражни. Селектор на фестивалот е познатиот македонски новинар кој живее во Франција, Тони Гламчевски и кој заедно со својата сопруга таму организираат фестивал кој ги надмина нивните национални граници. Оттука и сериозноста на овој проект, кој со таа поддршка оттаму, дава сериозни намери и за локалната домашна филмска продукција да го негува етно жанрот, зошто конечно истиот добива свој фестивал кај нас„- истакна Маја Андоновска Илијевски на денешната средба со новинарите.

Гости од Шпанија, Мексико, Колумбија, САД, Полска, Италија, Србија и десетици домашни ансамбли ќе го донесат националниот фолклор низ улиците на Битола, под светлата на фестивалските сцени кои годинава ќе ги има и на стари и познати, но и на некои сосем нови локации. Овој фестивал, кој пред неколку години се стекна со ЦИОФФ цертификат, при што се вброи во елитната листа на најдобри светски фестивали на фолклор не е случајно толку познат и признат ширум светот.

Ако во 1971 година идејата беше револуционерна за фестивалот, оттогаш до денес фестивалот има еволутивен тек и зад него стојат генерации на луѓе кои вградиле многу. Овој фестивал не е само фестивал во традиционална смисла на зборот, каде што некои мислат дека ќе дојдат, ќе заиграат и ќе заминат, овој е фестивал кој чува и поттикнува на истражување, инспирира, креира и создава нови вредности. Заради сето  тоа денешната слика на фестивалот е прекрасен мозаик од традиција, која потекнува од корените и од цветовите кои што ги сочинуваат креативноста и луѓето од овој фестивал„ изјави за новинарите Валентин Соклевски, програмски селектор на фестивалот.

На фестивалот покрај надалеку познатото дефиле „Со песни и игри по битолските улици“ кое градот го претвора во една голема отворена сцена со илјада учесници, и стартот на концертна програма кој го означува домашниот ансамбл „Илинден“ со изведба на „Комитското“ денес беа најавени и концертите на Влатко Стефановски и Танец, танцовиот перформанс Популус на Филип Петковски, мултимедијалниот проект за градската култура на ансамблот „Македонија“ како и за прв пат вклучувањето на битолската коњаница „Галоп“ која ќе го помине Широк Сокак станувајќи дел од овој фестивал.

Реализацијата на програмата на „Илинденски денови“ е поддржана од Министерството за култура и Општина Битола во рамките на битолското културно лето Битфест.

The post Под мотото „Од корените до цветот“ од 18 јули Фестивалот „Илинденски денови“ ќе ја претвори Битола во голема отворена сцена appeared first on Република.