илинден 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilinden-2024/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 08:49:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илинден 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilinden-2024/ 32 32 Во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности, вели претседателката а Мицкоски порача: Борбата продолжува! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-nashite-asnomski-temeli-se-prepoznavaat-naprednite-evropski-vrednosti-veli-pretsedatelkata-a-mitskoski-poracha-borbata-prodolzhuva/ Sat, 03 Aug 2024 06:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=802951

Под слоганот „Борбата трае“ вчера беше одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, на која државниот врв упати пораки за единство, сплотеност,  за сочувување на националниот идентитет, посветеност на економскиот развој и на реформската агенда на патот кон евроинтеграцијата на државата со цел таа стане пристојно место за живеење.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на манифестацијата во Пелинце подвлекувајќи дека на 2 август 1944 година, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи, како што посочи, пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес, рече претседателката Сиљановска Давкова, нашата независна Република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности.

Во однос на тоа зошто младите се отселуваат, Сиљановска-Давкова посочи дека животниот стандард не е единствената причина, во смисла на плати, туку пред се е владеењето на правото, односот на институциите кон граѓаните и меѓучовечките односи.

Успехот на Републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата, додаде претседателката.

Сиљановска-Давкова укажа дека младите ги следат зборовите на новоизбраната власт и тоа ќе вијале на нивните одуки за останување или заминување. Според претседателката, македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, како што посочи, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место, рече претседателката, беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија.

Во говорот таа се осврна и на соработката со стратешките партнери и европски пријатели, за кои кажа дека се врвен приоритет.

Нашата Република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија, рече претседателката.

Сиљановска Давкова потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, го посетија манастирот „Свети Прохор Пчињски“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ. Двајцата претседатели потоа одржаа состанок, а во изјава за медиумите заеднички оценија дека односите меѓу двете земји се извонредни, и дека ќе продолжат да се раазвиваат со меѓусебна почит и работа на конкретни проекти.

Централната манифестација за одбележување на Илинден - Денот на Републиката се одржа во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Тој порача дека Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е, рече, нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Во време на глобални предизвици, нагласи тој, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога, а Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата слобода.

Борбата не е завршена! Борбата продолжува! Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, нагласи Мицкоски.

Она што загрижува, посочи тој е што постојат елементи и субјекти во општеството кои во континуитет поставуваат барања кои создаваат конфликти и го напаѓаат единството. Но, според него, суштината не се политичките барања што може да се измислат, туку напорот да се подобри животот на граѓаните. Затоа, порача дека нема да води разговори за теми кои создаваат тензија и се злоупотребуваат етничките прашања и ги повика сите лидери, субјекти да разговараат за она кое што е вистински важно за сите граѓани, како што е економијата, владеењето на правото, образованието, иновациите кои носат иднина. Владата, вели, има економска визија за развој на државата, за нови работни места за создавање на подобар живот и сигурна иднина.

Така ќе го градиме единството и ќе создадеме иднина за сите. Имаме економска визија за развиена Македонија. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почеток на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина, истакна премиерот Мицкоски во својот говор на Мечин камен и упати повик на единство кон политички противници.

Во контекст на европските интеграции на земјата, тој нагласи дека се направени големи национални предавства,  но, вели, ќе се носиме достоинствено со овие проблеми и ќе градиме принципиелни односи помеѓу рамноправни партнери, а не помеѓу господари и поданици.

И сакам да потенцирам колку пати и да ме прашаат и во колку и форми да се постави прашањето за Бугарија, одговорот секогаш ќе биде единствен....ние сме за достоинствено решение, и сакаме решение, но не по цена на нашиот идентитет и по цена на погазено достоинство. Воедно неспорна е нашата заложба за членство во Европската Унија, исто како што е неспорен и нашиот ангажман во исполнување на критериумите. И ова го правиме не за да угодиме на некој однадвор, туку да си помогнеме себе си одвнатре. Но, воедно неодминлива е и забелешката дека овој процес трае предолго, со премногу препреки, сопки и барања кои не секогаш се разумни, а многу повеќе политички. Ние ќе водиме дијалог, но со блага горчиња ќе се присетиме дека држави кои направија многу помалку од нас, но и без политички сопки на тој план сега се рамноправни членки. Тој интегративен процес мора да биде двонасочна улица во кој ќе се слуша и нашиот глас. И верувам во решенија диктирани од разум, а не од силата. Решенија кои ќе создаваат и носат иднина, наместо живот во минатото, рече Мицкоски.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, се обрати пред зградата на Парламентот од каде порача дека Илинден е семето на визионерството, заедништвото, храброста, потсетник на заедничките вредности околу себе обединување, кои ги славиме и ги празнуваме.

Ilindeni është thelbi i vizionit, bashkimit, guximit, një kujtesë e vlerave të përbashkëta rreth bashkimit, të cilat i festojmë dhe kremtojmë. Në këto 30 vjet, ne kemi mësuar se e kaluara mba

Нашето единство е нашето најголемо богатство и токму преку ова единство ќе постигнеме величина. Да се издигнеме над состојбите и да најдеме фактори на обединување наместо на разединување, подвлече Гаши.

Според Гаши, заложбата на Илинденците, видоизменета, трае и денес. Тоа е, потенцираше, заложба за напредок на државата, благостојба за граѓаните, подобра иднина за поколенијата. Гаши појасни дека идејата која треба да не обедини денес е патриотизмот и заедничката цел за подобра држава.

Патриотизмот е искрена посветеност кон нашата земја и нашите граѓани. Патриотизмот е влог во државата преку чесна работа, добри одлуки. Илинден не е ограничен, затоа што тој ни припаѓа на сите, поаѓајќи од 1903, преку 1944-та и на сите кои денес вложуваме за европска Македонија. Како мултиетничка, мултикултурна и мултифункционална, нашата држава е уникатен гоблен извезен од сите различности. Тие различности се темелот врз кој се развива и напредува и денес нашата држава. Ова е во духот на вредностите кои беа промовирани и во Крушевската Република, како и во Асномската независна Македонија, рече Гаши.

Unë nuk jam njeriu që mund të them saktësisht se çfarë ka ndodhur. Vetëm kam ndërhyrë për të qetësuar situatën, që të mos bëhet incident diplomatik dhe mendoj se gjithçka përfundoi siç duhej.

Гаши порача дека е потребно да се фокусираме на реформи и напредок во образованието, здравството, судството, дигитализацијата и прашања од чие подобрување зависи и подобрувањето на квалитетот на секојдневието на граѓаните. Најуспешниот резултат е членството во НАТО, но втората траса од нашиот пат - онаа кон Европската Унија, додаде тој, се уште трае.

И покрај низа предизвици, јас сум убеден дека ние ќе изнајдеме решенија, сила и волја и на тој пат, за да ги надминеме и час поскоро да бидеме членка на ЕУ. Ние мора да се фокусираме на нашите аспирации за иднината. Нашето членство во ЕУ не е само политичка цел, тоа е посветеност на збир на вредности и принципи кои ќе ја унапредат нашата држава. Патот до членство во ЕУ  е пат кон економски просперитет, социјален напредок и посилна демократија. Тоа е патување кое бара посветеност, напорна работа и колективна одговорност, рече Гаши потенцирајќи дека е време да ја потврдиме нашата посветеност на единство, солидарност и напредок.

Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче во изјава за медиумите пред Собранието ги честиташе двата Илиндена, истакнувајќи дека „исполнувањето на аманетот на државотворците од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија“.

It is impermissible for there to be no official press release from the Interior Ministry over such a serious thing. There is an impression that someone wants to conceal the truth. We urge the

Нашата татковина е земја на вредни луѓе, изминативе години се изборивме за меѓународно признавање и афирмација на нашата земја, влеговме во НАТО, покажавме дека во оваа земја живеат граѓани со голема жилавост, подготвени да ги остварат сопствените цели, за демократска, слободна, праведна европска држава, рече претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека политиката не смее да биде пречка за обединување околу илинденските и асномските идеали.

Не смее политиката да биде извор на подеми и падови, уназадување на државата и причина за нови внатрешни кризи и поделби. Ова е време во која борбата е за подобар живот на младите, создавање на демократски институции и владеење на правото, почитување на различностите и создавање општество во кое сите граѓани ќе бидат рамноправни, додаде Филипче.

Чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република со низа свечености почна завчера во Крушево кога делегации ја посетија Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, а попладнето во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ беа пречекани коњаниците од целата држава. Воедно беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со читање на Крушевскиот манифест и  подигање на бајракот на Крушевската Република.

The post Во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности, вели претседателката а Мицкоски порача: Борбата продолжува! appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Борбата трае“ вчера беше одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, на која државниот врв упати пораки за единство, сплотеност,  за сочувување на националниот идентитет, посветеност на економскиот развој и на реформската агенда на патот кон евроинтеграцијата на државата со цел таа стане пристојно место за живеење. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на манифестацијата во Пелинце подвлекувајќи дека на 2 август 1944 година, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи, како што посочи, пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес, рече претседателката Сиљановска Давкова, нашата независна Република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности. Во однос на тоа зошто младите се отселуваат, Сиљановска-Давкова посочи дека животниот стандард не е единствената причина, во смисла на плати, туку пред се е владеењето на правото, односот на институциите кон граѓаните и меѓучовечките односи.
Успехот на Републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата, додаде претседателката.
Сиљановска-Давкова укажа дека младите ги следат зборовите на новоизбраната власт и тоа ќе вијале на нивните одуки за останување или заминување. Според претседателката, македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, како што посочи, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место, рече претседателката, беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија. Во говорот таа се осврна и на соработката со стратешките партнери и европски пријатели, за кои кажа дека се врвен приоритет.
Нашата Република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија, рече претседателката.
Сиљановска Давкова потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, го посетија манастирот „Свети Прохор Пчињски“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ. Двајцата претседатели потоа одржаа состанок, а во изјава за медиумите заеднички оценија дека односите меѓу двете земји се извонредни, и дека ќе продолжат да се раазвиваат со меѓусебна почит и работа на конкретни проекти. Централната манифестација за одбележување на Илинден - Денот на Републиката се одржа во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Тој порача дека Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е, рече, нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Во време на глобални предизвици, нагласи тој, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога, а Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата слобода.
Борбата не е завршена! Борбата продолжува! Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, нагласи Мицкоски.
Она што загрижува, посочи тој е што постојат елементи и субјекти во општеството кои во континуитет поставуваат барања кои создаваат конфликти и го напаѓаат единството. Но, според него, суштината не се политичките барања што може да се измислат, туку напорот да се подобри животот на граѓаните. Затоа, порача дека нема да води разговори за теми кои создаваат тензија и се злоупотребуваат етничките прашања и ги повика сите лидери, субјекти да разговараат за она кое што е вистински важно за сите граѓани, како што е економијата, владеењето на правото, образованието, иновациите кои носат иднина. Владата, вели, има економска визија за развој на државата, за нови работни места за создавање на подобар живот и сигурна иднина.
Така ќе го градиме единството и ќе создадеме иднина за сите. Имаме економска визија за развиена Македонија. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почеток на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина, истакна премиерот Мицкоски во својот говор на Мечин камен и упати повик на единство кон политички противници.
Во контекст на европските интеграции на земјата, тој нагласи дека се направени големи национални предавства,  но, вели, ќе се носиме достоинствено со овие проблеми и ќе градиме принципиелни односи помеѓу рамноправни партнери, а не помеѓу господари и поданици.
И сакам да потенцирам колку пати и да ме прашаат и во колку и форми да се постави прашањето за Бугарија, одговорот секогаш ќе биде единствен....ние сме за достоинствено решение, и сакаме решение, но не по цена на нашиот идентитет и по цена на погазено достоинство. Воедно неспорна е нашата заложба за членство во Европската Унија, исто како што е неспорен и нашиот ангажман во исполнување на критериумите. И ова го правиме не за да угодиме на некој однадвор, туку да си помогнеме себе си одвнатре. Но, воедно неодминлива е и забелешката дека овој процес трае предолго, со премногу препреки, сопки и барања кои не секогаш се разумни, а многу повеќе политички. Ние ќе водиме дијалог, но со блага горчиња ќе се присетиме дека држави кои направија многу помалку од нас, но и без политички сопки на тој план сега се рамноправни членки. Тој интегративен процес мора да биде двонасочна улица во кој ќе се слуша и нашиот глас. И верувам во решенија диктирани од разум, а не од силата. Решенија кои ќе создаваат и носат иднина, наместо живот во минатото, рече Мицкоски.
Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, се обрати пред зградата на Парламентот од каде порача дека Илинден е семето на визионерството, заедништвото, храброста, потсетник на заедничките вредности околу себе обединување, кои ги славиме и ги празнуваме. Ilindeni është thelbi i vizionit, bashkimit, guximit, një kujtesë e vlerave të përbashkëta rreth bashkimit, të cilat i festojmë dhe kremtojmë. Në këto 30 vjet, ne kemi mësuar se e kaluara mba
Нашето единство е нашето најголемо богатство и токму преку ова единство ќе постигнеме величина. Да се издигнеме над состојбите и да најдеме фактори на обединување наместо на разединување, подвлече Гаши.
Според Гаши, заложбата на Илинденците, видоизменета, трае и денес. Тоа е, потенцираше, заложба за напредок на државата, благостојба за граѓаните, подобра иднина за поколенијата. Гаши појасни дека идејата која треба да не обедини денес е патриотизмот и заедничката цел за подобра држава.
Патриотизмот е искрена посветеност кон нашата земја и нашите граѓани. Патриотизмот е влог во државата преку чесна работа, добри одлуки. Илинден не е ограничен, затоа што тој ни припаѓа на сите, поаѓајќи од 1903, преку 1944-та и на сите кои денес вложуваме за европска Македонија. Како мултиетничка, мултикултурна и мултифункционална, нашата држава е уникатен гоблен извезен од сите различности. Тие различности се темелот врз кој се развива и напредува и денес нашата држава. Ова е во духот на вредностите кои беа промовирани и во Крушевската Република, како и во Асномската независна Македонија, рече Гаши.
Unë nuk jam njeriu që mund të them saktësisht se çfarë ka ndodhur. Vetëm kam ndërhyrë për të qetësuar situatën, që të mos bëhet incident diplomatik dhe mendoj se gjithçka përfundoi siç duhej. Гаши порача дека е потребно да се фокусираме на реформи и напредок во образованието, здравството, судството, дигитализацијата и прашања од чие подобрување зависи и подобрувањето на квалитетот на секојдневието на граѓаните. Најуспешниот резултат е членството во НАТО, но втората траса од нашиот пат - онаа кон Европската Унија, додаде тој, се уште трае.
И покрај низа предизвици, јас сум убеден дека ние ќе изнајдеме решенија, сила и волја и на тој пат, за да ги надминеме и час поскоро да бидеме членка на ЕУ. Ние мора да се фокусираме на нашите аспирации за иднината. Нашето членство во ЕУ не е само политичка цел, тоа е посветеност на збир на вредности и принципи кои ќе ја унапредат нашата држава. Патот до членство во ЕУ  е пат кон економски просперитет, социјален напредок и посилна демократија. Тоа е патување кое бара посветеност, напорна работа и колективна одговорност, рече Гаши потенцирајќи дека е време да ја потврдиме нашата посветеност на единство, солидарност и напредок.
Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче во изјава за медиумите пред Собранието ги честиташе двата Илиндена, истакнувајќи дека „исполнувањето на аманетот на државотворците од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија“. It is impermissible for there to be no official press release from the Interior Ministry over such a serious thing. There is an impression that someone wants to conceal the truth. We urge the
Нашата татковина е земја на вредни луѓе, изминативе години се изборивме за меѓународно признавање и афирмација на нашата земја, влеговме во НАТО, покажавме дека во оваа земја живеат граѓани со голема жилавост, подготвени да ги остварат сопствените цели, за демократска, слободна, праведна европска држава, рече претседателот на СДСМ.
Тој додаде дека политиката не смее да биде пречка за обединување околу илинденските и асномските идеали.
Не смее политиката да биде извор на подеми и падови, уназадување на државата и причина за нови внатрешни кризи и поделби. Ова е време во која борбата е за подобар живот на младите, создавање на демократски институции и владеење на правото, почитување на различностите и создавање општество во кое сите граѓани ќе бидат рамноправни, додаде Филипче.
Чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република со низа свечености почна завчера во Крушево кога делегации ја посетија Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, а попладнето во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ беа пречекани коњаниците од целата држава. Воедно беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со читање на Крушевскиот манифест и  подигање на бајракот на Крушевската Република.

The post Во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности, вели претседателката а Мицкоски порача: Борбата продолжува! appeared first on Република.

]]>
Илинденска средба во Требиште, Темелко повика на семакедонско обединување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ilindenska-sredba-vo-trebishte-temelko-povika-na-semakedonsko-obedinuvane/ Fri, 02 Aug 2024 14:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=802818

Во организација на македонското друштво „Мост“ - Голо Брдо, поддржано од друштвото „Преспа“ денеска беше одржана илинденска средба во селото Требиште.

Ова се случува по седум години, до кога беше традиционална и се одржуваше секоја година на празникот Илинден.

На средбата присуствува голем број Македонци од Голо Брдо, од Пустец и други делови кои на почетокот ги поздрави претседателот на друштвото „Мост“ Бесник Хасани, кој изрази големо задоволство од обновувањето на традицијата и честитајќи го големиот празник.

Пред присутните се обрати и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, поранешен градоначалник на Пустец и експретседател на единствената македонска партија, МАЕИ, кој меѓу другото повика на обединување на Македонците во борбата за остварување на правата во Албанија.

Повикувам на семакедонско помирување и обединување зашто посилни сме заедно во борбата за остварување на нашите легитимни права, како и одбрана од бугарската пропаганда и обидите на Софија и бугарската амбасада во Тирана за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија. Повикувам на обединување со длабока анализа, за пропустите и слабостите на МАЕИ како носител на македонските процеси во Албанија, да се реорганизира Партијата на вонреден конгрес и заедно да продолжиме, да направиме силна партија која ќе биде конкурентна на политичките процеси во Албанија а не како досега како приврзок на еден партија, Социјалистичка партија, рече Темелко.

Потсетувајќи, како што рече, на „болната историја на поделба на Македонија“, посочи дека „денеска постои државата Македонија, носител на државноста во неа е македонскиот народ. Македонците останаа да живеат во Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Косово“.

Денеска бараме унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните. Затоа што Македонците заедно со албанските партизани, се бореа за ослободување на Албанија. Македонците се вградија во темелите на државноста на Албанија. Во Албанија од 1990 година, после падот на режимот на Енвер Хоџа, почнавме борба за права и слободи. Формиравме македонско здружение, друштвото „Преспа“ , почнавме со формирање на македонски здруженија во Врбник, Голо Брдо и Гора. Формиравме Македонска заедница во која се обединија македонските здруженија. И, крајно, формиравме Македонска партија - Македонска алијанса за европска интеграција, чиј прв лидер бев, наведе тој.

До 2019 година до кога бев на чело на МАЕИ, ја „освоивме власта во општина Пустец, ја вративме македонската топонимија, сообраќајните знаци ги напишавме и на македонски јазик, имавме советници во многу општини низ Албанија а по некоја случајност добивме и пратеник во Собранието на Албанија“.

Меѓутоа, браќа и сестри, слободата не е еднаш засекогаш дадена. За неа треба да се бориме и да се избориме. Ние сме Македонци по потекло, ние сме лојални албански државјани, ја почитуваме државата Албанија, но и натаму ќе се бориме за човековите и граѓански права и слободи на Македонците. За многу години празникот Илинден! Да сте здрави и живе сите. Поздрав и честитки до сите Македонци каде и да се во светот, порача Темелко.

Тој повтори дека Македонците не ги признаваат пописните резултати во Албанија а искажа и голема благодарност до македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која на средбата со претставниците на македонските друштва изрази уверување дека Македонија ќе се грижи за унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија.

Средбата беше збогатена со македонски песни а се виореше и оро, за што покрај другите се погрижи и доајенот на македонската песна Круме Спасовски.

The post Илинденска средба во Требиште, Темелко повика на семакедонско обединување appeared first on Република.

]]>

Во организација на македонското друштво „Мост“ - Голо Брдо, поддржано од друштвото „Преспа“ денеска беше одржана илинденска средба во селото Требиште. Ова се случува по седум години, до кога беше традиционална и се одржуваше секоја година на празникот Илинден. На средбата присуствува голем број Македонци од Голо Брдо, од Пустец и други делови кои на почетокот ги поздрави претседателот на друштвото „Мост“ Бесник Хасани, кој изрази големо задоволство од обновувањето на традицијата и честитајќи го големиот празник. Пред присутните се обрати и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, поранешен градоначалник на Пустец и експретседател на единствената македонска партија, МАЕИ, кој меѓу другото повика на обединување на Македонците во борбата за остварување на правата во Албанија.
Повикувам на семакедонско помирување и обединување зашто посилни сме заедно во борбата за остварување на нашите легитимни права, како и одбрана од бугарската пропаганда и обидите на Софија и бугарската амбасада во Тирана за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија. Повикувам на обединување со длабока анализа, за пропустите и слабостите на МАЕИ како носител на македонските процеси во Албанија, да се реорганизира Партијата на вонреден конгрес и заедно да продолжиме, да направиме силна партија која ќе биде конкурентна на политичките процеси во Албанија а не како досега како приврзок на еден партија, Социјалистичка партија, рече Темелко.
Потсетувајќи, како што рече, на „болната историја на поделба на Македонија“, посочи дека „денеска постои државата Македонија, носител на државноста во неа е македонскиот народ. Македонците останаа да живеат во Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Косово“.
Денеска бараме унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните. Затоа што Македонците заедно со албанските партизани, се бореа за ослободување на Албанија. Македонците се вградија во темелите на државноста на Албанија. Во Албанија од 1990 година, после падот на режимот на Енвер Хоџа, почнавме борба за права и слободи. Формиравме македонско здружение, друштвото „Преспа“ , почнавме со формирање на македонски здруженија во Врбник, Голо Брдо и Гора. Формиравме Македонска заедница во која се обединија македонските здруженија. И, крајно, формиравме Македонска партија - Македонска алијанса за европска интеграција, чиј прв лидер бев, наведе тој.
До 2019 година до кога бев на чело на МАЕИ, ја „освоивме власта во општина Пустец, ја вративме македонската топонимија, сообраќајните знаци ги напишавме и на македонски јазик, имавме советници во многу општини низ Албанија а по некоја случајност добивме и пратеник во Собранието на Албанија“.
Меѓутоа, браќа и сестри, слободата не е еднаш засекогаш дадена. За неа треба да се бориме и да се избориме. Ние сме Македонци по потекло, ние сме лојални албански државјани, ја почитуваме државата Албанија, но и натаму ќе се бориме за човековите и граѓански права и слободи на Македонците. За многу години празникот Илинден! Да сте здрави и живе сите. Поздрав и честитки до сите Македонци каде и да се во светот, порача Темелко.
Тој повтори дека Македонците не ги признаваат пописните резултати во Албанија а искажа и голема благодарност до македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која на средбата со претставниците на македонските друштва изрази уверување дека Македонија ќе се грижи за унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија. Средбата беше збогатена со македонски песни а се виореше и оро, за што покрај другите се погрижи и доајенот на македонската песна Круме Спасовски.

The post Илинденска средба во Требиште, Темелко повика на семакедонско обединување appeared first on Република.

]]>
Односите ни се невообичаено скандинавски, се чувствува тоа, вели македонската претседателка, Вучиќ ѝ порача: Овде сте како во своја куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odnosite-ni-se-nevoobichaeno-skandinavski-se-chuvstvuva-toa-veli-makedonskata-pretsedatelka-vuchik-poracha-ovde-ste-kako-vo-svoja-kuka/ Fri, 02 Aug 2024 13:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=802809

Односите меѓу државите се извонредни и невообичаено скандинавски на Балканот, оцени претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со нејзиниот српски колега, Александар Вучиќ, во манастирот Прохор Пчињски. Двајцата претседатели  по билатералната средба изразија задоволство од досегашните односи и уверување оти ќе продолжат да се развиваат.

Сиљановска Давкова посочи дека АСНОМ е нашиот втор Илинден, најважниот или празникот на празниците за нас, бидејќи, вели, тоа е денот на создавањето на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, рече претседателката.

Односите јас денеска ги нареков, и ќе повторам и овде, како невообичаено скандинавски на Балканот, бидејќи она што правеа Данска, Финска и Шведска за Латвија, Летонија и Естонија еве јас денеска го почувствував овде, рече претседателката.

Таа кажа дека се радува што и од едната и од другата страна видела Македонци, Србии други граѓани што покажува дека „односите се извонредни, добрососедски во вистинска смисла на зборот, односи зад кои стои желба за солидарност, за помош и за трајна соработка".

Инспиративен е амбиентот, инспиративна беше духовната храна денеска и уште еднаш благодарност и за разбирањето бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму каде што се случил. Такви денови и Србија има, споменици и мислам дека истото треба да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор, тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример, рече претседателката.

Сиљановска Давкова во изјавата за медиумите рече дека е заговорник на регионалната соработка, и верува во меѓусебната поддршка и разбирањето.

 Затоа треба да сториме се’ да ги решаваме проблемите меѓу себе, да не дозволуваме на „зелени маси“ да се решаваат зошто не случајно живееме едни крај други, рече претседателката која меѓу другото се заблагодари и за помошта од Србија во гасењето на пожарите.

Во однос на железницата таа кажа дека е важна и е надлежност на Владата.

Претседателот Вучиќ по билатералната средба го честиташе празникот Илинден на граѓаните, а на претседателката и посака успешна работа во следните години, а во Србија да се чувствува како во своја куќа оти е декогаш е добредојдена.

Сакам да го честитам денешниот празник Свети Илија на сите во Србија и сакам на вас Македонците да ви го честитам Илинден, голем празник за македонскиот народ и да им посакам уште многу години, децении и векови да го слават својот празник и ја молам претседателската во Србија да се чувствува како во своја куќа. Секогаш е добредојдена, рече Вучиќ.

На средбата разговарале и за политички прашања како евроинтегративниот пат на двете држави, за проблемите со кои се соочуваат, како и за прашања кои се од заеднички интерес на народите и на државите, а ја спомнаа и изгрдабата на брзата пруга од Будимпешта преку Србија и нашата земја до Грција.

Сигурен сум дека Србија и Македонија ќе ги развиваат уште повеќе меѓусебните односи, дека ќе ги градиме внимателно нашите односи со меѓусебна почит и дека ќе работиме на конкретни проекти. Денеска овде е и потпретседателот на Владата г. Стојиљковиќ. Како претседател на Србија изразив волја ние да ја градиме пругата до Прешово, а вие 190 километри од Табановце до Гевгелија за да овозможиме побрзо доаѓање до Солун со брза пруга и мислам дека тоа би било од огромно значење за двете страни, кажа Вучиќ.

Во однос на трговската размена  српскиот претседател укажа дека била 1,75 милијарди евра и изрази уверување дека во наредните две години ќе достигне над две милијарди евра во размена.

Уште многу, многу заеднички да направиме, меѓусебно да се подржуваме не само со иницијативата Отворен Балкан, туку секаде и на сите меѓународни форуми, организации и институции, рече Вучиќ кој очекува Сиљановска Давкова до крајот на годината да оствари официјална посета на Белград.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводеше претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј.

The post Односите ни се невообичаено скандинавски, се чувствува тоа, вели македонската претседателка, Вучиќ ѝ порача: Овде сте како во своја куќа appeared first on Република.

]]>

Односите меѓу државите се извонредни и невообичаено скандинавски на Балканот, оцени претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со нејзиниот српски колега, Александар Вучиќ, во манастирот Прохор Пчињски. Двајцата претседатели  по билатералната средба изразија задоволство од досегашните односи и уверување оти ќе продолжат да се развиваат. Сиљановска Давкова посочи дека АСНОМ е нашиот втор Илинден, најважниот или празникот на празниците за нас, бидејќи, вели, тоа е денот на создавањето на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, рече претседателката.    
Односите јас денеска ги нареков, и ќе повторам и овде, како невообичаено скандинавски на Балканот, бидејќи она што правеа Данска, Финска и Шведска за Латвија, Летонија и Естонија еве јас денеска го почувствував овде, рече претседателката.
Таа кажа дека се радува што и од едната и од другата страна видела Македонци, Србии други граѓани што покажува дека „односите се извонредни, добрососедски во вистинска смисла на зборот, односи зад кои стои желба за солидарност, за помош и за трајна соработка".    
Инспиративен е амбиентот, инспиративна беше духовната храна денеска и уште еднаш благодарност и за разбирањето бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму каде што се случил. Такви денови и Србија има, споменици и мислам дека истото треба да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор, тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример, рече претседателката.
Сиљановска Давкова во изјавата за медиумите рече дека е заговорник на регионалната соработка, и верува во меѓусебната поддршка и разбирањето.  
 Затоа треба да сториме се’ да ги решаваме проблемите меѓу себе, да не дозволуваме на „зелени маси“ да се решаваат зошто не случајно живееме едни крај други, рече претседателката која меѓу другото се заблагодари и за помошта од Србија во гасењето на пожарите.
Во однос на железницата таа кажа дека е важна и е надлежност на Владата. Претседателот Вучиќ по билатералната средба го честиташе празникот Илинден на граѓаните, а на претседателката и посака успешна работа во следните години, а во Србија да се чувствува како во своја куќа оти е декогаш е добредојдена.
Сакам да го честитам денешниот празник Свети Илија на сите во Србија и сакам на вас Македонците да ви го честитам Илинден, голем празник за македонскиот народ и да им посакам уште многу години, децении и векови да го слават својот празник и ја молам претседателската во Србија да се чувствува како во своја куќа. Секогаш е добредојдена, рече Вучиќ.
  На средбата разговарале и за политички прашања како евроинтегративниот пат на двете држави, за проблемите со кои се соочуваат, како и за прашања кои се од заеднички интерес на народите и на државите, а ја спомнаа и изгрдабата на брзата пруга од Будимпешта преку Србија и нашата земја до Грција.
Сигурен сум дека Србија и Македонија ќе ги развиваат уште повеќе меѓусебните односи, дека ќе ги градиме внимателно нашите односи со меѓусебна почит и дека ќе работиме на конкретни проекти. Денеска овде е и потпретседателот на Владата г. Стојиљковиќ. Како претседател на Србија изразив волја ние да ја градиме пругата до Прешово, а вие 190 километри од Табановце до Гевгелија за да овозможиме побрзо доаѓање до Солун со брза пруга и мислам дека тоа би било од огромно значење за двете страни, кажа Вучиќ.
      Во однос на трговската размена  српскиот претседател укажа дека била 1,75 милијарди евра и изрази уверување дека во наредните две години ќе достигне над две милијарди евра во размена.
Уште многу, многу заеднички да направиме, меѓусебно да се подржуваме не само со иницијативата Отворен Балкан, туку секаде и на сите меѓународни форуми, организации и институции, рече Вучиќ кој очекува Сиљановска Давкова до крајот на годината да оствари официјална посета на Белград.
Во состав на државно-црковната делегација која ја предводеше претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј.

The post Односите ни се невообичаено скандинавски, се чувствува тоа, вели македонската претседателка, Вучиќ ѝ порача: Овде сте како во своја куќа appeared first on Република.

]]>
Мисајловски и Минчев положија свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-i-minchev-polozhija-svezho-tsveke-vo-memorijalniot-tsentar-asnom-vo-pelintse/ Fri, 02 Aug 2024 13:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=802808

По повод чествувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како дел од владината делегација предводена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски, положи свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Илинден претставува голем македонски национален празник, кој несомнено има посебно значење за историјата на македонскиот народ, не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин, време кога блескаше духот на единството и издржливоста на нашиот народ. Не само заради важните датуми од историјата кога на 2 август 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, туку овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска, а тоа е современа, независна и меѓународно признаена држава. Им честитаме и упатуваме срдечна благодарност до сите граѓани на нашата држава за нивната посветеност и придонес во градењето на посилна и попросперитетна нација, да се стремиме во мир и заедништво да ја градиме државата во духот на европските вредности. Да ги почитуваме вредностите на демократијата, слободата и просперитетот и да продолжиме да работиме кон посветла иднина за сите граѓани на нашата држава, порачаа од Кабинетот на министерот за јавна администрација.

The post Мисајловски и Минчев положија свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце appeared first on Република.

НИЗ ФОТОГРАФИИ: Како помина прославата на Илинден на Мечкин Камен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/niz-fotografii-kako-pomina-proslavata-na-ilinden-na-mechkin-kamen/ Fri, 02 Aug 2024 12:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=802790

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележуваат 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

Централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката е во Крушево. На месноста Мечкин Камен, која традиционално се посетува на овој ден, свое обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвигот на илјадници кои славната 1903-та година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Борбата трае е повеќе од слоган.
Со оваа порака ние го славиме Илинден и се потсетуваме на нашата одговорност да ја продолжиме борбата за подобра и поправедна држава.
Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме!, порача тој.

The post НИЗ ФОТОГРАФИИ: Како помина прославата на Илинден на Мечкин Камен appeared first on Република.

]]>

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележуваат 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката е во Крушево. На месноста Мечкин Камен, која традиционално се посетува на овој ден, свое обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.
Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвигот на илјадници кои славната 1903-та година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Борбата трае е повеќе од слоган. Со оваа порака ние го славиме Илинден и се потсетуваме на нашата одговорност да ја продолжиме борбата за подобра и поправедна држава. Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме!, порача тој.

The post НИЗ ФОТОГРАФИИ: Како помина прославата на Илинден на Мечкин Камен appeared first on Република.

]]>
Нема да дозволам опозицијата да нè повлече во нивното давење во калта, вети Мицкоски од Мечкин Камен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-dozvolam-opozitsijata-da-ne-povleche-vo-nivnoto-davene-vo-kalta-veti-mitskoski-od-mechkin-kamen/ Fri, 02 Aug 2024 12:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=802787

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски се обрати од Мечкин Камен, каде што се одржува централната прослава на 121 година од Илинденското востание. Во говорот Мицкоски се осврна на идејата вградена во Крушевската Република, но и на темелите кои почиваат на повикот за единство. Сепак, тој изрази и страв дека токму тие темели денеска се длабоко разнишани.

Многу ќе беше полесно, многу ќе беше поедноставно доколку една генерација го наследи делото и продолжи она што го градела претходната. Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри. Не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на владата и оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без било каква организираност. Политиката на ниски страсти која ја водат говори само за недостаток на визионерство, конфликтите од внатре кои сакаат да ги пренесат надвор, нивните проблеми да станат проблеми на нацијата и давењето во калта во која сакаат сите да не повлечат. И тоа нешто кое нема да го дозволам. Вистинското прашање и дилема денес е дали тоа единство постои во состојба кога борбата мора да трае, за да имаме победа. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на тоа единство. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат тоа единство, порача меѓудругото Мицкоски.

Тој повика „да направиме држава каде нема да има граѓани од прв и втор ред“.

Да имаме држава каде секој ќе знае дека е заштитен, а не уплашен ако му се закани некој политичар. Ова не смее да биде држава каде ќе има неправди. Ова не смее да биде држава каде ќе има наредени и потчинети поради политичка припадност. Ова ќе биде земја каде ќе се почитува секој оној што е чесен, искрен и вреден, а ќе се казнува секој оној што е корумпиран. Да ги вратиме вредностите онаму каде е место – тие кои се огрешиле кон законите да одговараат, работниците да бидат со пристојни плати, младите со шанса за иднина, земјоделците да бидат задоволни, лекарите почитувани… Македонија повторно горда и повторно твоја, порача Мицкоски.

The post Нема да дозволам опозицијата да нè повлече во нивното давење во калта, вети Мицкоски од Мечкин Камен appeared first on Република.

Филипче упати честитка за Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-upati-chestitka-za-ilinden/ Fri, 02 Aug 2024 11:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=802751

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во чест на 2 Август, положи свежо цвеќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, „Методија Андонов Ченто“ на плоштадот „Македонија“. Филипче во изјава за медиумите ги честиташе двата Илиндена, истакнувајќи дека исполнувањето на аманетот на државотворците од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија.

,,Овие два Илиндени сами по себе говорат за опстојноста на идејата за слобода, за соживот, за надминување на поделбите, национализмот, пропагандите и за сплотеност околу идејата за еднаквост и рамноправност на сите, независно од различноста и уверувањата. Слободарскиот дух, на илинденците и на асномците ги сплоти сите кои сакаат слобода, правда и социјална еднаквост, независно дали таа нивна борба се водела во епоха на монархии или во време на фашистичка окупација" - рече Филипче во изјава за медиумите.

Филипче, истакна дека Македонија денес е членка на НАТО, меѓународно афирмирана држава.

,,Нашата татковина е земја на вредни луѓе, изминативе години се изборивме за меѓународно признавање и афирмација на нашата земја, влеговме во НАТО, покажавме дека во оваа земја живеат граѓани со голема жилавост, подготвени да ги остварат сопствените цели, за демократска, слободна, праведна европска држава" - рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој додаде дека политиката не смее да биде пречка за обединување околу илинденските и асномските идеали.

Не смее политиката да биде извор на подеми и падови, уназадување на државата и причина за нови внатрешни кризи и поделби. Ова е време во која борбата е за подобар живот на младите, создавање на демократски институции и владеење на правото, почитување на различностите и создавање општество во кое сите граѓани ќе бидат рамноправни"-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во апртиското соопштение.

The post Филипче упати честитка за Илинден appeared first on Република.

Републиката постои заради вас граѓаните, за да ви овозможи да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obrakane-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-chestvuvaneto-na-2-avgust-ilinden-denot-na-republikata-vo-pelintse/ Fri, 02 Aug 2024 11:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=802746

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката што под нејзино покровителство се одржа во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Претседателката Сиљановска Давкова положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова рече дека на 2 Август 1944-тата, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи, како што посочи, пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес, рече претседателката Сиљановска Давкова, нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности.

Според претседателката Сиљановска Давкова, успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите.

Според претседателката Сиљановска Давкова, македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, како што посочи, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место, рече претседателката, беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитувани граѓани,
Почитувани потомци на нашите знајни и незнајни херои кои своите животи ги положија за татковината Македонија,

Ќе зборувам како партизанска ќерка. Илинден е ден на светлината и на слободата. На овој празник над празниците се потсетуваме на двете етапи на вековната македонска борба за слобода и за државност. На овој ден над деновите се сеќаваме на двете илинденски поколенија – на Гоце Делчев и на Кузман Јосифовски-Питу, на Никола Карев и на Методија Андонов-Ченто. А таа силна врска меѓу двете етапи и двете генерации најдобро ја изрази Панко Брашнаров, живиот сведок на двата Илиндени. Пред 80 години, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, тој со треперлив глас, како мојов, воскликна дека по вековните борби и жртви „се роди нова, светла и слободна македонска држава“.

Но, како дојдовме до тој победоносен Илинден?

Во 1939-тата, пред 85 години, неколкумина млади напредни македонски интелектуалци објавија една мала, но многу важна книга. Насловена „150 години од Француската револуција“, оваа брошура меѓу кориците ги собра француската Декларација за правата на човекот и граѓанинот од 1789-тата и Крушевскиот манифест од 1903-тата година.

Клучната поента на оваа книга е дека секој народ има своја Француска револуција. И дека токму Крушевската Република, „иако мала по обем и краткотрајна“, со својот полет, одушевување и идеали „многу потсетува на првите денови на Големата револуција“.

Со Француската револуција започна нова епоха. Револуцијата стана патоказ за народите на Европа и на светот како да се пресметаат со непријателите на слободата и напредокот. Врз урнатините на старите монархии се издигнаа модерните егалитарни републики. Нејзините демократски придобивки станаа инспирација и за македонската револуционерна интелигенција којашто ги вгради идеалите за слобода, еднаквост и братство, за неотуѓиви човекови и граѓански права во сите наши востанички устави, прогласи и манифести.

Не случајно, Гоце Делчев се бореше за „слободна Македонија со широки права за сите сиромаси од сите нации, религии и јазици во неа“.

Не случајно, Васил Главинов се залагаше за слободна македонска република како центар на балканската демократија.

Не случајно, Крушевскиот манифест прокламираше слобода, братство и рамноправност, независно од вера, народност и убедување.

Малата книга била најпрво цензурирана, а потоа и забранета. Но, пред да биде запленета и уништена, таа веќе била поделена меѓу македонската младина, којашто станала свесна дека е наследник на две големи револуционерни традиции – француската и илинденската. И дека нивна генерациска одговорност е да го продолжат незапирливиот марш кон слободна македонска република.

Во предвечерјето на Втората светска војна и на фашистичкиот мрак којшто се спушти над Европа, оваа мала книга ги мобилизираше напредните сили и ги фокусираше нивните напори кон претстојната народноослободителна и антифашистичка борба. Во неа, тие најдоа инспирација за прогласите, за паролите и за манифестите со кои се окрупнуваше фронтот и се ослободуваше татковината.

И конечно, на 2 Август 1944-тата, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности.

Земете ја Декларацијата на АСНОМ за правата на граѓаните. Во неа се гледа дека нашите основоположници не биле реалисти коишто се адаптирале кон моќта, туку биле идеалисти ко создавале република на национална слобода и социјална правда, на рамноправни граѓани, „не гледајќи на нивната народност, пол, раса и вероисповедание“. Тие создале република на гарантирани човекови права и слободи.

Драги сограѓани, почитувани присутни,

Секоја генерација има право и должност да го обнови духот на републиката и да го усогласи со новите околности и новите можности.

Ако денес, 80 години потоа, ги прашате младите генерации, кое човеково право им е најважно, верувам дека огромен дел од нив ќе речат – правото на напредок, правото на потрага по среќа. Потрагата по среќа, за мене, не е холивудско клише, туку насушна потреба на човекот осмислено да придонесува за доброто на заедницата во која и самиот припаѓа. Ова право, што најпрво било прокламирано со Американската револуција, и било потврдено со Француската револуција, било прегрнато од нашите илинденци и асномци и, преку нив, вградено во македонската република.

И тоа не е случајно, бидејќи републиката постои заради граѓаните, заради вас, за да им овозможи, за да ви овозможи, да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате не врз основа на врски, привилегии и протекции, туку само и само со врз основа на знаењето, квалитетот и способностите. Тоа е целта на постоењето на секоја република, вклучително и нашата, независна македонска република. Во 1991 година, таа беше конституирана за да „се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок“, повторувам, „напредок на личниот и заедничкиот живот“.

Повеќе од многу други човекови права и слободи, токму правото на напредок, на потрага по среќа е сврзано со младите. Тоа е нервот што ги придвижува младите луѓе, ги мотивира да се надградуваат, да се натпреваруваат, да бидат активни, да бидат граѓани коишто се залагаат за позитивни општествени промени. И затоа, повеќе од многу други права, токму од правото на прогрес зависи иднината на републиката.

Да се запрашаме: Зошто многу млади луѓе ја напуштија нашата држава изминативе години и децении? Зошто си заминаа од Македонија? Зошто имаме сè помалку деца во градинките, сè помалку ученици во училиштата, сè помалку студенти на факултетите? Причината, за мене, не се само платите и примањата бидејќи, статистички, низ годиниве доходот растеше. Животниот стандард е многу повеќе од пари и од куповната моќ на граѓаните. Животниот стандард се и вредностите, владеењето на правото, односот на институциите кон граѓаните и меѓучовечките односи.

Успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто, изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата.

Затоа, сè повеќе млади Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други, веруваат дека потрагата по среќа и по напредок ги води надвор од нашата единствена заедничка татковина. За некои од нив татковината станува само место за привремен престој, хотел, наместо дом во кој би основале семејство.

Свесна сум дека многу млади луѓе со големо внимание и со голема надеж ги следат зборовите и чекорите на новоизбраната власт. Свесна сум дека кај многу млади луѓе еден наш збор или една наша одлука може да биде пресудна – дали да останат тука и да ѝ дадат шанса на државата или, пак, да си заминат, и да ја бараат среќата во туѓина. А таквата нивна одлука влијае и на нивните семејства.

Почитувани граѓани, почитувани присутни,

Поклонувајќи се пред спомениците на нашите илинденци, партизани и асномци, ќе забележиме дека и покрај разликите, речиси сите имаат две нешта заеднички. Тоа се нивните идеали и нивната младост.

Во минатото, младите се жртвуваа за нашата слобода. Денес, ние мора да се жртвуваме за иднината на младите.

Таа наша жртва подразбира да не правиме компромис со нивната иднина. Колку и да е тешко, ние мора да создаваме услови за младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други, не само да трагаат, туку и да ја остваруваат својата среќа тука, во нашата единствена и нивна заедничка татковина. Да ги оставиме на страна поделбите и караниците, тесните партиски и лични интереси, и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Преку таа жртва, ние всушност ќе учествуваме во создавањето на новата, четврта македонска република.

Таа република мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. Грижлива бидејќи најдобрите, најуспешните се предуслов за нашиот успех. Републиката мора да биде инклузивна бидејќи нашата сила е во нашата различност, етничка, верска, јазична, генерациска. Инклузивноста не трпи поделби и предрасуди. Четвртата македонска република мора да биде и солидарна бидејќи грижата за сиромашните, ранливите и маргинализираните е аршинот за мерење на вистинската вредност на општеството. И, конечно, таа република мора да биде праведна бидејќи правдата е врската меѓу граѓанинот и државата.

Драги и поитувани сограѓани, присутни,

Битката за младите е битка за четвртата македонска република.

Битката за најдобрите и на најталентираните е битка за четвртата македонска република.

Битката за знаењето наспроти незнаењето, за извонредноста наспроти просечноста, за креативноста наспроти деструктивноста, е битка за четвртата македонска република.

Битката за заштита на нашите шуми, на животите и имотите на нашите граѓани од огнените стихии, е битка за четвртата македонска република.

Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, конечно, со функционални системи што ќе можат да се справат со пожарите, поплавите и другите елементарни непогоди. За да ја добиеме оваа битка, мора да ги вклучиме младите во секоја етапа на носење одлуки што се однесуваат на нив и на нивната иднина. Ние не смееме да носиме одлуки за младите без младите. Оваа битка е и нивна битка, ваша битка, што можете да ја водите само тука, во својата татковина.

Оваа битка мора да започне уште денес и ние мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети.

Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд.

Јас веќе се вклучив во оваа битка. Ќе ги искористам моите уставни и законски ингеренции за доброто на граѓаните и за иднината на републиката. Наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро, како да се издигнеме и да постигнеме нови успеси и победи.

Почитувани,

На овој план, соработката со нашите стратешки партнери и европски пријатели е врвен приоритет. Нашата република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија.

Ниту илинденците, ниту асномците не беа имитатори, туку креативни интерпретатори на историјата на Француската револуција. Како автентични борци за македонската кауза, тие свесно ги избегнале недостатоците и ги критикувале недоследностите, а ги презеле придобивките на таа демократска револуционерна традиција. И ние денес треба да го следиме нивниот пример. Да им помогнеме на нашите денешни млади генерации да не бидат имитатори, туку креативни интерпретатори на европските вредности и придобивки. На свој, автентичен начин, да се борат за просперитетна сегашност и иднина.

Така ќе ја направиме нашата република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, независно од етничката, верската, јазичната, политичката или која било друга припадност. Така ќе ја исполниме нашата генерациска должност и ќе го обновиме духот на нашата македонска република.

Драги сограѓани,

Ќе завршам како што почнав. Истата 1939-та, кога 150-годишнината од Француската револуција се одбележуваше во сенката на Втората светска војна, од печат излезе уште една мала, но многу важна книга, којашто исто така беше цензурирана и забранувана. Но, пред да биде запленета и уништена, и оваа книга беше поделена меѓу напредната македонска младина. Во фашистичкиот мрак којшто во тој период веќе се спушти над Европа, авторот на оваа книга ги навести белите мугри на македонската слобода.

Во последната строфа, од последната песна, нашиот поет Кочо Рацин запиша:

„Се к'ти ноќта црна!

Се рути карпа – мрак!

И петли в село пеат

и зората се зори −

над карпа в крв се мие

и темнината пие

cилнo

светнал

ден!“

И навистина. Пет години подоцна, на Илинден, силно светна денот за нашата слобода.

Почитувани присутни, млади,

Нека ни е за многу години Илинден!

Да ни е вековита македонската република!

The post Републиката постои заради вас граѓаните, за да ви овозможи да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката што под нејзино покровителство се одржа во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Претседателката Сиљановска Давкова положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова рече дека на 2 Август 1944-тата, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи, како што посочи, пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес, рече претседателката Сиљановска Давкова, нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности. Според претседателката Сиљановска Давкова, успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Според претседателката Сиљановска Давкова, македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, како што посочи, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место, рече претседателката, беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова. Почитувани граѓани, Почитувани потомци на нашите знајни и незнајни херои кои своите животи ги положија за татковината Македонија, Ќе зборувам како партизанска ќерка. Илинден е ден на светлината и на слободата. На овој празник над празниците се потсетуваме на двете етапи на вековната македонска борба за слобода и за државност. На овој ден над деновите се сеќаваме на двете илинденски поколенија – на Гоце Делчев и на Кузман Јосифовски-Питу, на Никола Карев и на Методија Андонов-Ченто. А таа силна врска меѓу двете етапи и двете генерации најдобро ја изрази Панко Брашнаров, живиот сведок на двата Илиндени. Пред 80 години, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, тој со треперлив глас, како мојов, воскликна дека по вековните борби и жртви „се роди нова, светла и слободна македонска држава“. Но, како дојдовме до тој победоносен Илинден? Во 1939-тата, пред 85 години, неколкумина млади напредни македонски интелектуалци објавија една мала, но многу важна книга. Насловена „150 години од Француската револуција“, оваа брошура меѓу кориците ги собра француската Декларација за правата на човекот и граѓанинот од 1789-тата и Крушевскиот манифест од 1903-тата година. Клучната поента на оваа книга е дека секој народ има своја Француска револуција. И дека токму Крушевската Република, „иако мала по обем и краткотрајна“, со својот полет, одушевување и идеали „многу потсетува на првите денови на Големата револуција“. Со Француската револуција започна нова епоха. Револуцијата стана патоказ за народите на Европа и на светот како да се пресметаат со непријателите на слободата и напредокот. Врз урнатините на старите монархии се издигнаа модерните егалитарни републики. Нејзините демократски придобивки станаа инспирација и за македонската револуционерна интелигенција којашто ги вгради идеалите за слобода, еднаквост и братство, за неотуѓиви човекови и граѓански права во сите наши востанички устави, прогласи и манифести. Не случајно, Гоце Делчев се бореше за „слободна Македонија со широки права за сите сиромаси од сите нации, религии и јазици во неа“. Не случајно, Васил Главинов се залагаше за слободна македонска република како центар на балканската демократија. Не случајно, Крушевскиот манифест прокламираше слобода, братство и рамноправност, независно од вера, народност и убедување. Малата книга била најпрво цензурирана, а потоа и забранета. Но, пред да биде запленета и уништена, таа веќе била поделена меѓу македонската младина, којашто станала свесна дека е наследник на две големи револуционерни традиции – француската и илинденската. И дека нивна генерациска одговорност е да го продолжат незапирливиот марш кон слободна македонска република. Во предвечерјето на Втората светска војна и на фашистичкиот мрак којшто се спушти над Европа, оваа мала книга ги мобилизираше напредните сили и ги фокусираше нивните напори кон претстојната народноослободителна и антифашистичка борба. Во неа, тие најдоа инспирација за прогласите, за паролите и за манифестите со кои се окрупнуваше фронтот и се ослободуваше татковината. И конечно, на 2 Август 1944-тата, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности. Земете ја Декларацијата на АСНОМ за правата на граѓаните. Во неа се гледа дека нашите основоположници не биле реалисти коишто се адаптирале кон моќта, туку биле идеалисти ко создавале република на национална слобода и социјална правда, на рамноправни граѓани, „не гледајќи на нивната народност, пол, раса и вероисповедание“. Тие создале република на гарантирани човекови права и слободи. Драги сограѓани, почитувани присутни, Секоја генерација има право и должност да го обнови духот на републиката и да го усогласи со новите околности и новите можности. Ако денес, 80 години потоа, ги прашате младите генерации, кое човеково право им е најважно, верувам дека огромен дел од нив ќе речат – правото на напредок, правото на потрага по среќа. Потрагата по среќа, за мене, не е холивудско клише, туку насушна потреба на човекот осмислено да придонесува за доброто на заедницата во која и самиот припаѓа. Ова право, што најпрво било прокламирано со Американската револуција, и било потврдено со Француската револуција, било прегрнато од нашите илинденци и асномци и, преку нив, вградено во македонската република. И тоа не е случајно, бидејќи републиката постои заради граѓаните, заради вас, за да им овозможи, за да ви овозможи, да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате не врз основа на врски, привилегии и протекции, туку само и само со врз основа на знаењето, квалитетот и способностите. Тоа е целта на постоењето на секоја република, вклучително и нашата, независна македонска република. Во 1991 година, таа беше конституирана за да „се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок“, повторувам, „напредок на личниот и заедничкиот живот“. Повеќе од многу други човекови права и слободи, токму правото на напредок, на потрага по среќа е сврзано со младите. Тоа е нервот што ги придвижува младите луѓе, ги мотивира да се надградуваат, да се натпреваруваат, да бидат активни, да бидат граѓани коишто се залагаат за позитивни општествени промени. И затоа, повеќе од многу други права, токму од правото на прогрес зависи иднината на републиката. Да се запрашаме: Зошто многу млади луѓе ја напуштија нашата држава изминативе години и децении? Зошто си заминаа од Македонија? Зошто имаме сè помалку деца во градинките, сè помалку ученици во училиштата, сè помалку студенти на факултетите? Причината, за мене, не се само платите и примањата бидејќи, статистички, низ годиниве доходот растеше. Животниот стандард е многу повеќе од пари и од куповната моќ на граѓаните. Животниот стандард се и вредностите, владеењето на правото, односот на институциите кон граѓаните и меѓучовечките односи. Успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто, изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата. Затоа, сè повеќе млади Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други, веруваат дека потрагата по среќа и по напредок ги води надвор од нашата единствена заедничка татковина. За некои од нив татковината станува само место за привремен престој, хотел, наместо дом во кој би основале семејство. Свесна сум дека многу млади луѓе со големо внимание и со голема надеж ги следат зборовите и чекорите на новоизбраната власт. Свесна сум дека кај многу млади луѓе еден наш збор или една наша одлука може да биде пресудна – дали да останат тука и да ѝ дадат шанса на државата или, пак, да си заминат, и да ја бараат среќата во туѓина. А таквата нивна одлука влијае и на нивните семејства. Почитувани граѓани, почитувани присутни, Поклонувајќи се пред спомениците на нашите илинденци, партизани и асномци, ќе забележиме дека и покрај разликите, речиси сите имаат две нешта заеднички. Тоа се нивните идеали и нивната младост. Во минатото, младите се жртвуваа за нашата слобода. Денес, ние мора да се жртвуваме за иднината на младите. Таа наша жртва подразбира да не правиме компромис со нивната иднина. Колку и да е тешко, ние мора да создаваме услови за младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други, не само да трагаат, туку и да ја остваруваат својата среќа тука, во нашата единствена и нивна заедничка татковина. Да ги оставиме на страна поделбите и караниците, тесните партиски и лични интереси, и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Преку таа жртва, ние всушност ќе учествуваме во создавањето на новата, четврта македонска република. Таа република мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. Грижлива бидејќи најдобрите, најуспешните се предуслов за нашиот успех. Републиката мора да биде инклузивна бидејќи нашата сила е во нашата различност, етничка, верска, јазична, генерациска. Инклузивноста не трпи поделби и предрасуди. Четвртата македонска република мора да биде и солидарна бидејќи грижата за сиромашните, ранливите и маргинализираните е аршинот за мерење на вистинската вредност на општеството. И, конечно, таа република мора да биде праведна бидејќи правдата е врската меѓу граѓанинот и државата. Драги и поитувани сограѓани, присутни, Битката за младите е битка за четвртата македонска република. Битката за најдобрите и на најталентираните е битка за четвртата македонска република. Битката за знаењето наспроти незнаењето, за извонредноста наспроти просечноста, за креативноста наспроти деструктивноста, е битка за четвртата македонска република. Битката за заштита на нашите шуми, на животите и имотите на нашите граѓани од огнените стихии, е битка за четвртата македонска република. Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, конечно, со функционални системи што ќе можат да се справат со пожарите, поплавите и другите елементарни непогоди. За да ја добиеме оваа битка, мора да ги вклучиме младите во секоја етапа на носење одлуки што се однесуваат на нив и на нивната иднина. Ние не смееме да носиме одлуки за младите без младите. Оваа битка е и нивна битка, ваша битка, што можете да ја водите само тука, во својата татковина. Оваа битка мора да започне уште денес и ние мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети. Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд. Јас веќе се вклучив во оваа битка. Ќе ги искористам моите уставни и законски ингеренции за доброто на граѓаните и за иднината на републиката. Наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро, како да се издигнеме и да постигнеме нови успеси и победи. Почитувани, На овој план, соработката со нашите стратешки партнери и европски пријатели е врвен приоритет. Нашата република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија. Ниту илинденците, ниту асномците не беа имитатори, туку креативни интерпретатори на историјата на Француската револуција. Како автентични борци за македонската кауза, тие свесно ги избегнале недостатоците и ги критикувале недоследностите, а ги презеле придобивките на таа демократска револуционерна традиција. И ние денес треба да го следиме нивниот пример. Да им помогнеме на нашите денешни млади генерации да не бидат имитатори, туку креативни интерпретатори на европските вредности и придобивки. На свој, автентичен начин, да се борат за просперитетна сегашност и иднина. Така ќе ја направиме нашата република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, независно од етничката, верската, јазичната, политичката или која било друга припадност. Така ќе ја исполниме нашата генерациска должност и ќе го обновиме духот на нашата македонска република. Драги сограѓани, Ќе завршам како што почнав. Истата 1939-та, кога 150-годишнината од Француската револуција се одбележуваше во сенката на Втората светска војна, од печат излезе уште една мала, но многу важна книга, којашто исто така беше цензурирана и забранувана. Но, пред да биде запленета и уништена, и оваа книга беше поделена меѓу напредната македонска младина. Во фашистичкиот мрак којшто во тој период веќе се спушти над Европа, авторот на оваа книга ги навести белите мугри на македонската слобода. Во последната строфа, од последната песна, нашиот поет Кочо Рацин запиша: „Се к'ти ноќта црна! Се рути карпа – мрак! И петли в село пеат и зората се зори − над карпа в крв се мие и темнината пие cилнo светнал ден!“ И навистина. Пет години подоцна, на Илинден, силно светна денот за нашата слобода. Почитувани присутни, млади, Нека ни е за многу години Илинден! Да ни е вековита македонската република!

The post Републиката постои заради вас граѓаните, за да ви овозможи да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ја пречека Силјановска со цвеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vuchik-ja-precheka-siljanovska-so-tsveke/ Fri, 02 Aug 2024 11:37:13 +0000 https://republika.mk/?p=802744

Српскиот претседател Александар Вучиќ, и посака добредојде на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова во манастирот „Св. Прохор Пчињски“.

Претседателот на Србија при дочекот и подари цвеќе на македонската претседателка.

„И посакав добродојде на претседателката Гордана Силјановска Давкова. Оваа посета претставува одлична можност да се зајакне партнерството и да се афирмираат заедничките вредности на Србија и Македонија со цел напредок и развој на целиот регион.

Манастирот Свети Прохор Пчињски е најдоброто место за оваа средба, бидејќи ја симболизира врската меѓу Србија и Македонија, вкоренета во заедничката традиција, култура и предизвикувачки историски околности кои ги обликувале идентитетите на нашите народи. Илиндан, односно Илинден е уште една допирна точка на која треба да го засноваме натамошното поврзување на нашите две земји“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

The post Вучиќ ја пречека Силјановска со цвеќе appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ, и посака добредојде на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова во манастирот „Св. Прохор Пчињски“. Претседателот на Србија при дочекот и подари цвеќе на македонската претседателка. „И посакав добродојде на претседателката Гордана Силјановска Давкова. Оваа посета претставува одлична можност да се зајакне партнерството и да се афирмираат заедничките вредности на Србија и Македонија со цел напредок и развој на целиот регион. Манастирот Свети Прохор Пчињски е најдоброто место за оваа средба, бидејќи ја симболизира врската меѓу Србија и Македонија, вкоренета во заедничката традиција, култура и предизвикувачки историски околности кои ги обликувале идентитетите на нашите народи. Илиндан, односно Илинден е уште една допирна точка на која треба да го засноваме натамошното поврзување на нашите две земји“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

The post Вучиќ ја пречека Силјановска со цвеќе appeared first on Република.

]]>
Нашата сила е во нашето единство и заедништво: Да изградиме посилна држава на еднакви граѓани! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nashata-sila-e-vo-nasheto-edinstvo-i-zaednishtvo-da-izgradime-posilna-drzhava-na-ednakvi-gragani/ Fri, 02 Aug 2024 11:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=802615

Младите се нашата иднина. Тие се нашата надеж и нашата сила. Вложуваме во нивното образование и во нивниот развој за да ги подготвиме за предизвиците на иднината. Младите се тие што ќе ја водат државата напред, а ние сме тука да ги поддржиме на секој чекор од нивниот пат. Им порачувам на младите: не плашете се од предизвиците, бидејќи вие сте тие што ќе ја градите иднината на нашата земја. И вие сте тие кои мора да го негувате, браните и да се борите за единството, се обрати претседателот на Владата на Република Македонија до младите кои во голем број ја следат свеченоста на Гумење по повод одбележувањето 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република.

Македонија е заеднички дом на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други. Заедно се боревме во Илинден и заедно ќе ја изградиме новата и силна Македонија. Нашата сила е во нашата различност и нашето единство. Само заедно можеме да изградиме општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ценет. Илинден е нашиот заеднички светилник во темнината. Илинден е нашата заедничка инспирација и нашиот најголем потсетник дека секоја генерација има своја борба. Како што нашите предци се бореа за слобода и правда, така и ние денес заедно се бориме за нашите идеали. Ова е нашата заклетва дека никогаш нема да се откажеме, дека секогаш ќе се бориме за нашата татковина, за нашите деца и за нашата иднина. Без разлика на различностите, сите ние сме дел од една поголема цел – Македонија! Ова е повик за солидарност за да изградиме посилна држава на еднакви граѓани! Во оваа смисла, од тука, на славниот Мечкин Камен повикувам на единство и со нашите политички противници. Да ја имаме пред нас големата слика на развиена и европска држава. Држава која е обединета независно од нашите политички разлики. Да зборуваме во еден глас! Да се бориме заедно и да освојуваме големи врвови и да победуваме заедно! Само со заеднички сили и заеднички цели можеме да ја изградиме држава од нашите соништа. Борбата трае е повеќе од слоган. Со оваа порака ние го славиме Илинден и се потсетуваме на нашата одговорност да ја продолжиме борбата за подобра и поправедна држава. Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме. Нека секој збор, секоја акција и секој сон за подобра иднина бидат нашата борба. Нека нашата борба трае, како што траеше и во времето на нашите предци. Како што рекол Винстон Черчил: „Крајот на една ера значи почеток на нова. Најдоброто нешто што можеме да го направиме е да ја прифатиме промената со надеж и да се стремиме кон подобра иднина.“, заврши Мицкоски.

The post Нашата сила е во нашето единство и заедништво: Да изградиме посилна држава на еднакви граѓани! appeared first on Република.

Мицкоски: Прогласувам мораториум на теми кои разделуваат и подавам рака за конструктивни дијалози https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-proglasuvam-moratorium-na-temi-koi-razdeluvaat-i-podavam-raka-za-konstruktivni-dijalozi/ Fri, 02 Aug 2024 11:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=802612

Во говорот од Гумење, по повод одбележувањето на 121 година од Илинденското востание, претседателот на Владата Христијан Мицкоски се осврна на барањата кои создаваат конфликти и го напаѓаат единството и целовитоста на Македонија.

Неодминливо е чуството дека не сите субјекти и политички чинители ја чуствуваат Македонија како своја татковина. Односно во наративите тие секогаш ќе ја почитуваат, но со делата и барањата кои ги ставаат на маса тие го прават токму спротивното. Било тоа да се барања за регионализација, дводомност и слични чекори на редефинирање. И затоа претходно ви говорев за единството врз кое се градеше Крушевскиот манифест а кое денес се помалку го имаме, а е идеал за кој вреди секоја борба денес и затоа борбата мора да трае. И ова е политичкиот фолклор, иако во самата суштина мотивите за ваквото однесување кон државата како да е туѓа, се наоѓаат во личните интереси и лукративните цели кои ги имаат. Смислуваат барања за да дојдат до власт која за нив значи привилегии, пари, империи, згради, имоти, удобства стекнати на грбот на народот. И кога така се расфлаат со барања со кои удираат по државата, треба да се свесни дека и јас како лидер можам и во суштина имам барања кои лесно може да се извадат на маса, но дали тоа ќе ги реши проблемите. Дали тоа ќе донесе доверба едни кон други и дали тоа ќе обезбеди иднина за сите нас. А сите сме под едно исто небо и делиме една заедничка судбина. Суштината не се политичките барања што може да се измислат, туку напорот да го направиме животот на граѓаните подобар. Не е поважно какво слово ќе има на парче хартија, од тоа каков живот има во реалноста. Не е поважно од тоа каков закон ќе има од тоа дали Липково, Желино, Тетово или Делчево има вода за пиење. И Македонците, и Албанците, И Турците, и Ромите, и Србите, И Власите, и Бошњаците се вистински уморни од злоупотребата на нивните позиции и фактот што политички елити градат кариери на нивниот грб додека сите заедно делиме една иста судбина, рече Мицкоски.

Затоа во име на подобар живот за сите Мицкоски прогласи мораториум на разговор на теми кои делат, создаваат тензии и се злоупотребуваат етничките прашања, и ги повика сите партии, субјекти и лидери да зборуваат за она што е вистински важно, економијата, образованието и иновациите кои носат иднина.

Ајде да збориме за повеќе пари за народот и економија. Ајде да отвориме дебата за економијата и како да ги решиме проблемите на граѓаните овде во Крушево, Гостивар, Дебар или Струмица и Прилеп, Кавадрци или Кичево. Подавам рака за решавање на проблеми, за конструктивни дијалози и за предлози како до подобар живот. Еве ги слушам вашите предлози. Да обезбедиме единство за економска иднина, повика Мицкоски во својата илинденска порака.

Така ќе го градиме единството и ќе создадеме иднина за сите.

Имаме економска визија за развиена Македонија. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почетокот на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина.

The post Мицкоски: Прогласувам мораториум на теми кои разделуваат и подавам рака за конструктивни дијалози appeared first on Република.

Мицкоски за спорот со Бугарија: Верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sporot-so-bugarija-veruvam-vo-reshenija-diktirani-od-razumot-a-ne-od-silata/ Fri, 02 Aug 2024 11:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=802603

Додека ја решаваме катастрофата која ја наследивме, се борам и за нови инвестиции, за повисоки пензии и за нови пари за капитални инвестиции во општините и поддршка на домашниот бизнис, порача Христијан Мицкоски во првото обраќање пред народот откако е на чело на владата.

Тоа што ќе се менуваат работите не им одговара на оние кои со децении ја краделе оваа држава, се однесувале како моќници, се заканувале, се богателе на грбот на граѓаните. Не им одговара на сите оние кои научија дека во оваа држава за едни е мајка, за друѓи маќеа. Мора да ставиме ред, бидејќи кога нема систем постои мито и корупција, рече Мицкоски.

Тој потсети на заветот дека Македонија е неговото семејство и дека нема да ја изневери дадената поддршка.

Оние кои ме познаваат, знаат дека сум човек кој се држи до својот збор. А пред вас дадов завет дека оваа држава е моето семејство и дека ќе се грижам за неа како да се грижам за семејството. Дадов завет дека нема да ве разочарам, бидејќи не барав ваша поддршка да продолжиме и како досега – што милуваа нашите претходници да кажат, туку да воспоставиме систем што ќе функционира. Да направиме држава каде нема да има граѓани од прв и втор ред. Да имаме држава каде секој ќе знае дека е заштитен, а не уплашен ако му се закани некој политичар. Ова не смее да биде држава каде ќе има неправди. Ова не смее да биде држава каде ќе има наредени и потчинети поради политичка припадност. Ова ќе биде држава каде ќе се почитува секој оној што е чесен, искрен и вреден, а ќе се казнува секој оној што е корумпиран, и неработник. Да ги вратиме вредностите онаму каде што им е местото – тие кои се огрешиле кон законите да одговараат, работниците да бидат со пристојни плати, младите со шанса за иднина, земјоделците да бидат задоволни, лекарите почитувани... Македонија повторно горда и повторно твоја, рече Мицкоски.

Направени се големи национални предавства. Но, ќе се носиме достоинствено со овие проблеми и ќе градиме принципиелни односи помеѓу рамноправни партнери, а не помеѓу господари и поданици.

Македонија ќе стои гордо, силна и независна. И колку и пати да ме прашаат и во колку и форми да се постави прашањето за Бугарија, одговорот секогаш ќе биде единствен. Ние сме за достоинствено решение, и сакаме решение, но не по цена на нашиот иденитет и по цена на погазено достоинство. Воедно неспорна е нашата заложба за членство во Европската Унија, исто како што е неспорен и нашиот ангажман во исполнување на критериумите. И ова го правиме не за да угодиме на некој однадвор туку да си помогнеме себе си одвнатре, но воедно неодминлива е и забелешката дека овој процес трае предолго, со премногу пречки, сопки и барања кои не секогаш се разумни, а многу повеќе политички. Ние ќе водиме дијалог, но со блага горчина ќе се присетиме дека држави кои направија многу помалку од нас, но и без политички сопки на тој план сега се рамноправни членки. Тој интегративен процес мора да биде двонасочна улица во кој ќе се слуша и нашиот глас. И верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата. Решенија кои ќе создаваат и носат иднина, наместо живот во минатото.

The post Мицкоски за спорот со Бугарија: Верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата appeared first on Република.

Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-opozitsijata-im-se-raduva-na-pozharite-im-oddavam-pochit-na-pozharnikarite/ Fri, 02 Aug 2024 11:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=802578

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски се обрати од Мечкин Камен, каде што се одржува централната прослава на 121 година од Илинденското востание. Во говорот Мицкоски се осврна на идејата вградена во Крушевската Република, но и на темелите кои почиваат на повикот за единство. Сепак, тој изрази и страв дека токму тие темели денеска се длабоко разнишани.

Навистина посакувам секоја генерација да создава и остава зад себе меморија и дела за тоа како се гради, инвестира и создава. Многу ќе беше полесно, многу ќе беше поедноставно доколку една генерација го наследи делото и продолжи она што го градела претходната. Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри.   

И не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на владата ѝ оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без каква било организираност.

Политиката на ниски страсти која ја води опозицијата за Мицкоски е недостаток на визионерство.

И додека го држам овој говор сакам да им одадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ние ќе продолжиме да го даваме својот максимум независно од се што зборува опозицијата, рече Мицкоски наглаувајќи дека нема да го оптоварува говорот со главната политичка преокупација на опозицијата - разградување на единството .

The post Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски се обрати од Мечкин Камен, каде што се одржува централната прослава на 121 година од Илинденското востание. Во говорот Мицкоски се осврна на идејата вградена во Крушевската Република, но и на темелите кои почиваат на повикот за единство. Сепак, тој изрази и страв дека токму тие темели денеска се длабоко разнишани.
Навистина посакувам секоја генерација да создава и остава зад себе меморија и дела за тоа како се гради, инвестира и создава. Многу ќе беше полесно, многу ќе беше поедноставно доколку една генерација го наследи делото и продолжи она што го градела претходната. Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри.    И не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на владата ѝ оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без каква било организираност.
Политиката на ниски страсти која ја води опозицијата за Мицкоски е недостаток на визионерство.
И додека го држам овој говор сакам да им одадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ние ќе продолжиме да го даваме својот максимум независно од се што зборува опозицијата, рече Мицкоски наглаувајќи дека нема да го оптоварува говорот со главната политичка преокупација на опозицијата - разградување на единството .
 
The post Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите appeared first on Република.

]]>
Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrz-edinstvo-se-gradeshe-krushevskata-republika-a-denes-poedintsi-go-prodavaat/ Fri, 02 Aug 2024 11:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=802561

Во време на глобални предизвици, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Оваа порака ја испрати денеска претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски одцентралната прослава за одбележување на 121 година Илинден од Крушево.

Во својот говор Мицкоски се осврна на значењето на Илинден како историска вистина, на храброста, но и визијата на Илинденците.

Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена, борбата продолжува. Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек на Македонија. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, рече Мицкоски.

Најважниот дел од секоја борба е единството, потенцира премиерот осврнувајќи се зборовите од Крушевскиот манифест, кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, повикува и на единство.

Врз тоа единство се градеше Крушевската Република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат единството, рече Мицкоски.

The post Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат appeared first on Република.

]]>

Во време на глобални предизвици, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Оваа порака ја испрати денеска претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски одцентралната прослава за одбележување на 121 година Илинден од Крушево. Во својот говор Мицкоски се осврна на значењето на Илинден како историска вистина, на храброста, но и визијата на Илинденците.
Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена, борбата продолжува. Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек на Македонија. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, рече Мицкоски.
Најважниот дел од секоја борба е единството, потенцира премиерот осврнувајќи се зборовите од Крушевскиот манифест, кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, повикува и на единство.
Врз тоа единство се градеше Крушевската Република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат единството, рече Мицкоски.
 
The post Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-krushevo-dodeka-vo-evropa-vladeat-monarhiite-vo-porobena-makedonija-se-raga-republikata/ Fri, 02 Aug 2024 11:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=802556

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележува 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

На централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката во Крушево на Гумење и на Мечкин Камен, се обраќа премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвикот на илјадници кои славната 1903 година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Треба секој од нас овде, и насекаде низ светот, да знае дека хероите на оваа земја беа скромни и пркосни луѓе кои со своите животи ја плаќаа слободата која денес ја имаме и живееме. Секое парче земја по која денес се движиме е натопено со крвта на Илинденците, со маката и жртвата на илјадници пред тоа, што само дава одговор дека нашата борба има континуитет, таа траела и опстојувала, дека хероите на оваа земја се сите оние кои на свои плеќи со своја жртва ја плаќаа скапата цена на слободата која имаме денес, започна премиерот Мицкоски.

Во говорот тој се осврна и на визијата на илинденската генерација. Во време кога во Европа монархиите го доживуваат својот врв, на Балканот се раѓа република.

Овде среде лутиот Балкан, во поробена Македонија, во малото и славно Крушево се раѓа Републиката, чии темели се потпираат врз идејата за демократија, народно владеење и целосно почитување на човековите права, Мицкоски го потенцира фактот дека секогаш во кодот на нашиот народ била почита на народната волја, колективните права и достоинството на поединецот.

Овие шуми и падини не се сведоци само за громогрласното ехо УРА за слободна Македонија, туку и на жртвата која ја дале комитите за слободата што ја имаме денес, но и за неспорното дело на Внатрешната македонска револуционерна организација ВМРО, мајката на македонската борба за слобода.

Дел од луѓето на четите на славните војводи Никола Карев и Питу Гули беа и со ненавршени 19 и 20 години, со огромна енергија и жар ги положуваа животите водени со мисла, идеја, верба и надеж за слобода каква имаме денес и иднина за која се бориме и денес. Тие го даваа најскапото. За нашата иднина, рече Мицкоски.

Со Крушевската Република тие ни оставија наследство на борба и надеж - наследство кое денес гордо го носиме и го чуваме како најголема светост.

Ехото на денешниот настан, на слоганот „Борбата трае“ извира од зборовите на нашиот голем револуционер Гоце Делчев, кој рекол: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех! Јас сакам револуција со кадарни граѓани подготвени да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба…“.

Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес, рече Мицкоски.

The post Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката appeared first on Република.

]]>

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележува 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. На централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката во Крушево на Гумење и на Мечкин Камен, се обраќа премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.
Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвикот на илјадници кои славната 1903 година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Треба секој од нас овде, и насекаде низ светот, да знае дека хероите на оваа земја беа скромни и пркосни луѓе кои со своите животи ја плаќаа слободата која денес ја имаме и живееме. Секое парче земја по која денес се движиме е натопено со крвта на Илинденците, со маката и жртвата на илјадници пред тоа, што само дава одговор дека нашата борба има континуитет, таа траела и опстојувала, дека хероите на оваа земја се сите оние кои на свои плеќи со своја жртва ја плаќаа скапата цена на слободата која имаме денес, започна премиерот Мицкоски.
Во говорот тој се осврна и на визијата на илинденската генерација. Во време кога во Европа монархиите го доживуваат својот врв, на Балканот се раѓа република.
Овде среде лутиот Балкан, во поробена Македонија, во малото и славно Крушево се раѓа Републиката, чии темели се потпираат врз идејата за демократија, народно владеење и целосно почитување на човековите права, Мицкоски го потенцира фактот дека секогаш во кодот на нашиот народ била почита на народната волја, колективните права и достоинството на поединецот.
Овие шуми и падини не се сведоци само за громогрласното ехо УРА за слободна Македонија, туку и на жртвата која ја дале комитите за слободата што ја имаме денес, но и за неспорното дело на Внатрешната македонска револуционерна организација ВМРО, мајката на македонската борба за слобода.
Дел од луѓето на четите на славните војводи Никола Карев и Питу Гули беа и со ненавршени 19 и 20 години, со огромна енергија и жар ги положуваа животите водени со мисла, идеја, верба и надеж за слобода каква имаме денес и иднина за која се бориме и денес. Тие го даваа најскапото. За нашата иднина, рече Мицкоски.
Со Крушевската Република тие ни оставија наследство на борба и надеж - наследство кое денес гордо го носиме и го чуваме како најголема светост. Ехото на денешниот настан, на слоганот „Борбата трае“ извира од зборовите на нашиот голем револуционер Гоце Делчев, кој рекол: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех! Јас сакам револуција со кадарни граѓани подготвени да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба…“.
Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес, рече Мицкоски.

The post Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката appeared first on Република.

]]>
(ВО ЖИВО ОД КРУШЕВО): Борбата трае: Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borbata-trae-odbelezhuvane-na-ilinden-vo-krushevo-pelintse-i-skopje/ Fri, 02 Aug 2024 06:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=802513

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска ќе биде одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната манифестација за одбележување на Илинден - Денот на Републиката ќе се одржи во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде ќе има обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе има свое обраќање на манифестацијата во Пелинце, каде ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ. Двајцата претседатели на пладне заеднички ќе имаат обиколка на црквата во манастирскиот комлекс, по што ќе одржат состанок, а потоа ќе имаат обраќање пред медиумите и присутните гости.

Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се и потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Белград Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, ќе положи цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. На истите локации цвеќе ќе положи и партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Венко Филипче.

Цвеќе пред спомен обележјата во Крушево, Пелинце и Скопје ќе положат и собраниски делегации и делегации од Кабинетот на претседателот.

Чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република со низа свечености почна вчера во Крушево кога делегации ја посетија Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, а попладнето во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ беа пречекани коњаниците од цела Македонија. Воедно беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со читање на Крушевскиот манифест и подигање на бајракот на Крушевската Република.

The post (ВО ЖИВО ОД КРУШЕВО): Борбата трае: Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје appeared first on Република.

]]>

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска ќе биде одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната манифестација за одбележување на Илинден - Денот на Републиката ќе се одржи во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде ќе има обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе има свое обраќање на манифестацијата во Пелинце, каде ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ. Двајцата претседатели на пладне заеднички ќе имаат обиколка на црквата во манастирскиот комлекс, по што ќе одржат состанок, а потоа ќе имаат обраќање пред медиумите и присутните гости. Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се и потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Белград Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј. Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, ќе положи цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. На истите локации цвеќе ќе положи и партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Венко Филипче. Цвеќе пред спомен обележјата во Крушево, Пелинце и Скопје ќе положат и собраниски делегации и делегации од Кабинетот на претседателот. Чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република со низа свечености почна вчера во Крушево кога делегации ја посетија Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, а попладнето во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ беа пречекани коњаниците од цела Македонија. Воедно беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со читање на Крушевскиот манифест и подигање на бајракот на Крушевската Република.

The post (ВО ЖИВО ОД КРУШЕВО): Борбата трае: Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје appeared first on Република.

]]>
Во Трново утре 53. Семакедонска средба по повод Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-trnovo-utre-53-semakedonska-sredba-po-povod-ilinden/ Thu, 01 Aug 2024 09:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=802215

Во потпелистерското село Трново утре, по повод празникот Илинден и Денот на Републиката, ќе се одржи 53. Семакедонска средба „Трново 2024“ на која, како што соопшти Матицата на иселениците на Македонија, се очекуваат Македонци од сите делови на државата и од дијаспората.

Семакедонската средба ќе се одржи од 10.30 до 12.30 часот во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што претходно, од 7.30 до 10.30, ќе се одржи света богослужба.

Матицата на иселениците на Македонија информира дека 53. Семакедонска средба ќе ја отвори академик Катица Ќулавкова, а присутните ќе ги поздрават Тони Коњановски, градоначалник на Битола и покровител на Средбата, од име на Владата на Македонија ќе се обрати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, обраќања ќе имаат организаторите, како и претставници на Македонците од соседните земји.

Средбата ќе продолжи со општонародна веселба. Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола и естрадни уметници.

Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател. Со Македонија нè има, без Македонија сите заедно ќе нè снема! Затоа, организаторите повикуваат на семакедонското помирување и обединување, бидејќи во единството е силата за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на народот македонски, наведува Матицата на иселениците.

Матицата ја организира 53. Семакедонска средба, заедно со Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон и Светскиот македонски конгрес.

The post Во Трново утре 53. Семакедонска средба по повод Илинден appeared first on Република.

]]>

Во потпелистерското село Трново утре, по повод празникот Илинден и Денот на Републиката, ќе се одржи 53. Семакедонска средба „Трново 2024“ на која, како што соопшти Матицата на иселениците на Македонија, се очекуваат Македонци од сите делови на државата и од дијаспората. Семакедонската средба ќе се одржи од 10.30 до 12.30 часот во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што претходно, од 7.30 до 10.30, ќе се одржи света богослужба. Матицата на иселениците на Македонија информира дека 53. Семакедонска средба ќе ја отвори академик Катица Ќулавкова, а присутните ќе ги поздрават Тони Коњановски, градоначалник на Битола и покровител на Средбата, од име на Владата на Македонија ќе се обрати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, обраќања ќе имаат организаторите, како и претставници на Македонците од соседните земји. Средбата ќе продолжи со општонародна веселба. Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола и естрадни уметници.
Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател. Со Македонија нè има, без Македонија сите заедно ќе нè снема! Затоа, организаторите повикуваат на семакедонското помирување и обединување, бидејќи во единството е силата за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на народот македонски, наведува Матицата на иселениците.
Матицата ја организира 53. Семакедонска средба, заедно со Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон и Светскиот македонски конгрес.

The post Во Трново утре 53. Семакедонска средба по повод Илинден appeared first on Република.

]]>
Потсетување: Патот Прилеп-Крушево е затворен, за Илинден вртете преку Битола или Кичево https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/potsetuvane-patot-prilep-krushevo-e-zatvoren-za-ilinden-vrtete-preku-bitola-ili-kichevo/ Thu, 01 Aug 2024 06:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=802136

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2 Август, кој традиционално се одбележува во Крушево информира дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп - Крушево, истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.

За доаѓање на манифестација во Крушево на 1 и 2 август треба да се користат патните правци: Прилеп - Битола - по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

The post Потсетување: Патот Прилеп-Крушево е затворен, за Илинден вртете преку Битола или Кичево appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2 Август, кој традиционално се одбележува во Крушево информира дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп - Крушево, истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани. За доаѓање на манифестација во Крушево на 1 и 2 август треба да се користат патните правци: Прилеп - Битола - по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

The post Потсетување: Патот Прилеп-Крушево е затворен, за Илинден вртете преку Битола или Кичево appeared first on Република.

]]>
Во Крушево почнуваат чествувањата за 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-krushevo-pochnuvaat-chestvuvanata-za-121-godina-od-ilindenskoto-vostanie-i-krushevskata-republika/ Thu, 01 Aug 2024 06:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=802129

Со низа свечености денеска во Крушево почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. Синоќа во крушево пристигнаа коњаниците од сите страни на Македонија.

Денеска од 10 часот делегации ќе ги посетат Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, каде ќе се поклонат и ќе положат свежи цвеќиња.

Во 18,45 часот во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ ќе бидат пречекани коњаниците од цела Македонија. Традиционално, крушевчани ќе ги пречекаат поддржувачите на традициите од Илинденските денови со леб и сол.

Во пресрет на отворањето на националната манифестација „10 дена Крушевска Република“ од 20 часот на Гумење, почит пред нивните споменици и спомен обележја ќе им биде оддадена на: Веле Марков, на Питу Гули, на Тоше Проески, на нивните вечни почивалишта на Гумење, на загинатите борци пред споменикот на Партизанските гробишта, на борците од Илинден 1903, во криптата во споменичниот комплекс Илинден.

На свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, од 20 часот на Гумење, ќе се прочита Крушевскиот манифест и ќе се подигне бајракот на Крушевската Република. На отворањето се очекува да се обратат Томе Христоски, градоначалник на Крушево и претседател на Манифестацијата, како и министерот за култура Зоран Љутков.

Манифестацијата ќе биде проследена со богат огномет, културно-уметничка програма и импровизиран напад на Крушево, како потсетување на славните илинденски денови и на Првата република на Балканот.

Централните чествувања за 121 година од Илиненското востание и Крушевската Решублика се на 2 август. Почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, на неговото вечно почивалиште во Македониумот, на загинатите борци кај месноста Слива, а во нивни спомен ќе се одржи и панихида во крушевската црква „Свети Никола“. Централното честување е на Мечкин камен од 12,30 часот каде ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

The post Во Крушево почнуваат чествувањата за 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република appeared first on Република.

]]>

Со низа свечености денеска во Крушево почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. Синоќа во крушево пристигнаа коњаниците од сите страни на Македонија. Денеска од 10 часот делегации ќе ги посетат Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, каде ќе се поклонат и ќе положат свежи цвеќиња. Во 18,45 часот во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ ќе бидат пречекани коњаниците од цела Македонија. Традиционално, крушевчани ќе ги пречекаат поддржувачите на традициите од Илинденските денови со леб и сол.   Во пресрет на отворањето на националната манифестација „10 дена Крушевска Република“ од 20 часот на Гумење, почит пред нивните споменици и спомен обележја ќе им биде оддадена на: Веле Марков, на Питу Гули, на Тоше Проески, на нивните вечни почивалишта на Гумење, на загинатите борци пред споменикот на Партизанските гробишта, на борците од Илинден 1903, во криптата во споменичниот комплекс Илинден. На свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, од 20 часот на Гумење, ќе се прочита Крушевскиот манифест и ќе се подигне бајракот на Крушевската Република. На отворањето се очекува да се обратат Томе Христоски, градоначалник на Крушево и претседател на Манифестацијата, како и министерот за култура Зоран Љутков. Манифестацијата ќе биде проследена со богат огномет, културно-уметничка програма и импровизиран напад на Крушево, како потсетување на славните илинденски денови и на Првата република на Балканот. Централните чествувања за 121 година од Илиненското востание и Крушевската Решублика се на 2 август. Почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, на неговото вечно почивалиште во Македониумот, на загинатите борци кај месноста Слива, а во нивни спомен ќе се одржи и панихида во крушевската црква „Свети Никола“. Централното честување е на Мечкин камен од 12,30 часот каде ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

The post Во Крушево почнуваат чествувањата за 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република appeared first on Република.

]]>