илинден 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilinden-2022/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Aug 2022 18:28:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илинден 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilinden-2022/ 32 32 АВМУ со осуда за попречувањето на ТВ Алфа да го проследи настанот на Мечкин Камен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-so-osuda-za-poprechuvanjeto-na-tv-alfa-da-go-prosledi-nastanot-na-mechkin-kamen/ Thu, 04 Aug 2022 18:28:18 +0000 https://republika.mk/?p=536857

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Алфа, да го проследи настанот по повод одбележувањето на празникот Илинден на 2 Aавгуст на Мечкин Камен во Крушево.

Потсетуваме дека е особено важно на сите медиуми без исклучок да им се обезбедат еднакви услови и пристап за известување на настани кои се од јавен интерес, а медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на работните задачи, особено кога се работи за информирање на јавноста за важни општествени случувања, порачуваат од АВМУ.

The post АВМУ со осуда за попречувањето на ТВ Алфа да го проследи настанот на Мечкин Камен appeared first on Република.

]]>

Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/dali-za-pendarovski-bugarskite-vlasti-bile-fashistichki-ili-profashistichki-okupator/ Wed, 03 Aug 2022 12:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=536434

Предраг Димитровски

Во своето последно телевизиско интервју пред 2 Август, Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, меѓу другото, испрати две пораки. Првата, дека и годинава Илинден ќе се празнува како и секогаш порано и втората, дека пред секоја своја одлука, парафразирано, го слуша гласот на народот.

Веројатно слушајќи го гласот на народот, шефот на државата и годинава одлучи да не се соочи директно со него, па илинденските пораки ни ги испрати од Вилата „Водно“. Колку неговата резиденција може да го замени споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, од каде годинава, според ротациониот распоред, требаше да говори, е една работа. Но, сосема друга е потсетувањето дека падот на Љупчо Георгиевски, како премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум, фактички почна со неговото обраќање, дали токму за Илинден или за 11 Октомври, што не е ни толку важно, од скопското Кале. Тогашната слика за политичката елита или аристократија горе, а обичниот народ, односно плебсот долу, остана во длабоко сеќавање.

Пендаровски ќе беше во право и дека и годинава Илинден ќе се чествува како и порано, ако вчера не дојдеше до целосен израз интраетничката подлба на Македонците, ако не беа силните полициски сили на Оливер и параполициските гавази на Спасовски и на владејачките СДСМ и ДУИ, ако му се дозволеше на обичниот народ да биде на Мечкин камен, ако не беа пропагандистичките пропусти од телевизискиот пренос, ако уште еднаш не се потврдеше дека секкоја идеја почнува како револуција, преминува во рекет и завршува како диктатура, и ако кај огромното мнозинство Македонци не беше присутно чувството дека македонскиот Илинден ги брои последните мигови во исчекување на додавање на бугарската додавка од “заедничката историја“ како Илинденско-Преображенско востание.

Иако вчерашниот настап на шефот на државата може да се протолкува и како „Застава филм Пендаровски прикажува“ или како „Пендаровскитурс“, сепак неизбежен е впечатокот дека на годинешната негова улога претходеле сериозни подготовки и длабоки анализи низ кои, за жал, може да се почувствува и „мирисот“ на безбедносните структури. Зашто, во настапот на шефот на државата беше повеќе од очигледен обидот за ревизија на поновата македонска историја во кој, на извесен начин, се расчистува со ортодоксниот комунизам на Лазар Колишевски и во центарот на вниманието се става либералното крило на КПМ/СКМ. Ова од една страна, а од друга, пак, се воспоставува нов политички „новоговор“ во кој бугарскиот фашистички окупатор се промовира во профашистичка власт на царска Бугарија.

А, како основа за се служат признанијата за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња. Внимателното следење, пак, видео-материјалот укажува на извесни недоследности, колизии во улогите што ги имале личностите како Лазар Колишевски и Киро Глигоров, па и различната терминологија во претседателскиот политички „новоговор“.

Останува прашањето зошто Пендаровски не најде за сходно постхумно да одликува и некој од Илинденците, а изборот можеше да го направи отворајќи ја едицијата за носителите на илинденски пензии?! И тие имаат живи наследници, кои можеа да ги примат признанијата.

За да нема никакви дилеми, ордените за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња се повеќе од заслужени и никој, ама апсолутно никој не може и не смее да ги спори.

Наспроти сите партиски и државни функции, што ќе ги извршува до средината на 70-тите години на сега веќе минатиот век, Крсте Црвенковски ќе биде жртва на пресметката на Јосип Броз Тито и неговите најблиски соработници со новите, либерални ветришта, што ќе се појават во сите поранешни југословенски републики, па и во Македонија. Но, либералите ќе бидат етикетирани како националисти! Значи, се користела истата терминологија, што сега во апсолутно негативен контекст им се прилепува и на неистомислениците на актуелната власт!

Во Македонија, носител на борбата против македонските либерали, односно националисти ќе биде вечниот македонски комунистички лидер Лазар Колишевски. А, десна рака, пак, при неговото „враќање“ ќе биде Киро Глигоров, првиот претседател на независна, самостојна и суверена Република Македонија, кој како иронија на судбината и ќе го рехабилитира Црвенковски.

Македонските либерали ќе бидат следени од репресивниот апарат во оперативна акција насловена како „Плави 9“, а кодното име на Црвенковски е „Врховни“. И сигурно не случајно сите тие на Википедија веќе се водат како македонски дисиденти.

Ова е само уште една потврда дека и поблиската македонска историја, исто како и подалечната, изобилува со низа контроверзи, што мораат да бидат внимателно читани и проучувани, без двојни стандарди и аршини.

Приказната со Невена Николова Георгиева-Дуња има сосема друга, би се рекло двојна димензија, едната исто така за расчистување со Колишевизмот, а другата за односите со Бугарија. Крајно дискутабилно е дека кон Дуња бил направен случаен „пропуст“, со тоа што не била прогласена за народен херој. Таа припаѓала на Скопскиот партизански одред, формиран на 22 август 1941 година, кој поради присуството на Методија Шаторов-Шарло во него ќе биде под ембарго се до почетокот на 70-тите години.

Причината за тоа лежела во негативниот однос на маршалот Тито и неговиот главен експонент во Македонија, Колишевски, наводно поради пробугарскиот однос на Шаторов. Активностите и диверзантските акции на одредот ќе бидат во сенка и речиси чисто табу тема се до реакциите на Ќамуран Тахир и Вера Ацева.

Грозоморното убиство на Дуња од страна на, како што рече Пендаровски, „фашистичкиот окупатор и нивните контрачети“, притоа не наведувајќи кој „фашистички окупатор“, му послужи на шефот на државата да испрати силна порака до Софија. Но, притоа ќе се послужи со мала разлика од само три букви! Тоа „фашистичка“ ќе премине во „профашистичка власт на царска Бугарија“. И тие само три букви, всушност, прават длабока разлика, наспроти првичните негативни реакции во Бугарија.

The post Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Во своето последно телевизиско интервју пред 2 Август, Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, меѓу другото, испрати две пораки. Првата, дека и годинава Илинден ќе се празнува како и секогаш порано и втората, дека пред секоја своја одлука, парафразирано, го слуша гласот на народот. Веројатно слушајќи го гласот на народот, шефот на државата и годинава одлучи да не се соочи директно со него, па илинденските пораки ни ги испрати од Вилата „Водно“. Колку неговата резиденција може да го замени споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, од каде годинава, според ротациониот распоред, требаше да говори, е една работа. Но, сосема друга е потсетувањето дека падот на Љупчо Георгиевски, како премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум, фактички почна со неговото обраќање, дали токму за Илинден или за 11 Октомври, што не е ни толку важно, од скопското Кале. Тогашната слика за политичката елита или аристократија горе, а обичниот народ, односно плебсот долу, остана во длабоко сеќавање. Пендаровски ќе беше во право и дека и годинава Илинден ќе се чествува како и порано, ако вчера не дојдеше до целосен израз интраетничката подлба на Македонците, ако не беа силните полициски сили на Оливер и параполициските гавази на Спасовски и на владејачките СДСМ и ДУИ, ако му се дозволеше на обичниот народ да биде на Мечкин камен, ако не беа пропагандистичките пропусти од телевизискиот пренос, ако уште еднаш не се потврдеше дека секкоја идеја почнува како револуција, преминува во рекет и завршува како диктатура, и ако кај огромното мнозинство Македонци не беше присутно чувството дека македонскиот Илинден ги брои последните мигови во исчекување на додавање на бугарската додавка од “заедничката историја“ како Илинденско-Преображенско востание. Иако вчерашниот настап на шефот на државата може да се протолкува и како „Застава филм Пендаровски прикажува“ или како „Пендаровскитурс“, сепак неизбежен е впечатокот дека на годинешната негова улога претходеле сериозни подготовки и длабоки анализи низ кои, за жал, може да се почувствува и „мирисот“ на безбедносните структури. Зашто, во настапот на шефот на државата беше повеќе од очигледен обидот за ревизија на поновата македонска историја во кој, на извесен начин, се расчистува со ортодоксниот комунизам на Лазар Колишевски и во центарот на вниманието се става либералното крило на КПМ/СКМ. Ова од една страна, а од друга, пак, се воспоставува нов политички „новоговор“ во кој бугарскиот фашистички окупатор се промовира во профашистичка власт на царска Бугарија. А, како основа за се служат признанијата за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња. Внимателното следење, пак, видео-материјалот укажува на извесни недоследности, колизии во улогите што ги имале личностите како Лазар Колишевски и Киро Глигоров, па и различната терминологија во претседателскиот политички „новоговор“. Останува прашањето зошто Пендаровски не најде за сходно постхумно да одликува и некој од Илинденците, а изборот можеше да го направи отворајќи ја едицијата за носителите на илинденски пензии?! И тие имаат живи наследници, кои можеа да ги примат признанијата. За да нема никакви дилеми, ордените за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња се повеќе од заслужени и никој, ама апсолутно никој не може и не смее да ги спори. Наспроти сите партиски и државни функции, што ќе ги извршува до средината на 70-тите години на сега веќе минатиот век, Крсте Црвенковски ќе биде жртва на пресметката на Јосип Броз Тито и неговите најблиски соработници со новите, либерални ветришта, што ќе се појават во сите поранешни југословенски републики, па и во Македонија. Но, либералите ќе бидат етикетирани како националисти! Значи, се користела истата терминологија, што сега во апсолутно негативен контекст им се прилепува и на неистомислениците на актуелната власт! Во Македонија, носител на борбата против македонските либерали, односно националисти ќе биде вечниот македонски комунистички лидер Лазар Колишевски. А, десна рака, пак, при неговото „враќање“ ќе биде Киро Глигоров, првиот претседател на независна, самостојна и суверена Република Македонија, кој како иронија на судбината и ќе го рехабилитира Црвенковски. Македонските либерали ќе бидат следени од репресивниот апарат во оперативна акција насловена како „Плави 9“, а кодното име на Црвенковски е „Врховни“. И сигурно не случајно сите тие на Википедија веќе се водат како македонски дисиденти. Ова е само уште една потврда дека и поблиската македонска историја, исто како и подалечната, изобилува со низа контроверзи, што мораат да бидат внимателно читани и проучувани, без двојни стандарди и аршини. Приказната со Невена Николова Георгиева-Дуња има сосема друга, би се рекло двојна димензија, едната исто така за расчистување со Колишевизмот, а другата за односите со Бугарија. Крајно дискутабилно е дека кон Дуња бил направен случаен „пропуст“, со тоа што не била прогласена за народен херој. Таа припаѓала на Скопскиот партизански одред, формиран на 22 август 1941 година, кој поради присуството на Методија Шаторов-Шарло во него ќе биде под ембарго се до почетокот на 70-тите години. Причината за тоа лежела во негативниот однос на маршалот Тито и неговиот главен експонент во Македонија, Колишевски, наводно поради пробугарскиот однос на Шаторов. Активностите и диверзантските акции на одредот ќе бидат во сенка и речиси чисто табу тема се до реакциите на Ќамуран Тахир и Вера Ацева. Грозоморното убиство на Дуња од страна на, како што рече Пендаровски, „фашистичкиот окупатор и нивните контрачети“, притоа не наведувајќи кој „фашистички окупатор“, му послужи на шефот на државата да испрати силна порака до Софија. Но, притоа ќе се послужи со мала разлика од само три букви! Тоа „фашистичка“ ќе премине во „профашистичка власт на царска Бугарија“. И тие само три букви, всушност, прават длабока разлика, наспроти првичните негативни реакции во Бугарија.

The post Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? appeared first on Република.

]]>
Полицијата на Спасовски против народот, Ковачевски исвиркан: Нови снимки од Мечкин Камен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/policijata-na-spasovski-protiv-narodot-kovachevski-isvirkan-novi-snimki-od-mechkin-kamen/ Wed, 03 Aug 2022 08:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=536341

Нови снимки простигнаа од вчерашните случувања на Мечкин Камен во Крушево. Од нив може да се види како полицијата на министерот Оливер Спасовски тргна на народот, а премиерот Димитар Ковачевски беше исвиркан, пишува Курир.

На македонските граѓани не им беше дозволено да пристапат на прославата на Илинден и традиционално да прослават, а како што велат и самите, биле избуткани од страна на полицијата.

За оваа партизација на прославата вчера се огласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-За жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба, обелодени вчера Николоски.

-На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот. Заради ваквото партиско и политичко однесување, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме, истакна тој.

Николоски им одговори на новинарите кои го прашаа што им било објаснето на граѓаните на кои им било забрането да дојдат на прославата.

-Ги немало во протоколарната листа. Јас лично бев да интервенирам кај неколку, го повикав и владиниот протокол, ги немало во протоколарната листа, очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме, рече тој.

Прашан за колку граѓани станува збор, Николоски одговори „За илјадници“!

Бидејќи на граѓаните им беше забранет пристап, а опозицијата го напушти настанот, говорот на Ковачевски го слушаа партиските симпатизери на СДСМ.

Денеска реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ја партизираше прославата на Илинден на Мечкин Камен, не дозволи народ да присуствува, туку само нивни партиски активисти, велат во партиското соопштение.

Власта го ограничи пристапот до Мечкин Камен на народот кој беше отиден во Крушево да оддаде почит на великаните кои ги се вградиле со своите животи за Македонија.

СДСМ покажа примитивизам од невидени размери и не дозволи илјадници наши сограѓани да присуствуваат на Мечкин Камен, како што тоа го правеле децении наназад.

СДСМ од државната прослава по повод Илинден направи партиска забава, со неколку стотина членови на партијата донесени со голем број автобуси кои полупразни тргнаа од градовите ширум државата.

СДСМ и Ковачевски се исплашија од народот, и му го земаа правото да се потсети на жртвата на предците и достојно да ја одбележи.

Илинден е празник кој е темелот и стожерот на Македонија, тој треба да обединува, а СДСМ прави се за тој овој светол ден за македонската државност посее раздор и омраза.

По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Илинден и манифестацијата на Мечкин Камен ќе бидат отворени за сите граѓани, а празникот повторно ќе ги обединува граѓаните без разлика на партија, народност или религија. Поделбите ќе завршат со заминувањето на СДСМ од власт, се вели во партиското соопштение на партијата.

The post Полицијата на Спасовски против народот, Ковачевски исвиркан: Нови снимки од Мечкин Камен appeared first on Република.

]]>

Нови снимки простигнаа од вчерашните случувања на Мечкин Камен во Крушево. Од нив може да се види како полицијата на министерот Оливер Спасовски тргна на народот, а премиерот Димитар Ковачевски беше исвиркан, пишува Курир. На македонските граѓани не им беше дозволено да пристапат на прославата на Илинден и традиционално да прослават, а како што велат и самите, биле избуткани од страна на полицијата. За оваа партизација на прославата вчера се огласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. -За жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба, обелодени вчера Николоски. -На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот. Заради ваквото партиско и политичко однесување, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме, истакна тој. Николоски им одговори на новинарите кои го прашаа што им било објаснето на граѓаните на кои им било забрането да дојдат на прославата. -Ги немало во протоколарната листа. Јас лично бев да интервенирам кај неколку, го повикав и владиниот протокол, ги немало во протоколарната листа, очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме, рече тој. Прашан за колку граѓани станува збор, Николоски одговори „За илјадници“! Бидејќи на граѓаните им беше забранет пристап, а опозицијата го напушти настанот, говорот на Ковачевски го слушаа партиските симпатизери на СДСМ. Денеска реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ ја партизираше прославата на Илинден на Мечкин Камен, не дозволи народ да присуствува, туку само нивни партиски активисти, велат во партиското соопштение. Власта го ограничи пристапот до Мечкин Камен на народот кој беше отиден во Крушево да оддаде почит на великаните кои ги се вградиле со своите животи за Македонија. СДСМ покажа примитивизам од невидени размери и не дозволи илјадници наши сограѓани да присуствуваат на Мечкин Камен, како што тоа го правеле децении наназад. СДСМ од државната прослава по повод Илинден направи партиска забава, со неколку стотина членови на партијата донесени со голем број автобуси кои полупразни тргнаа од градовите ширум државата. СДСМ и Ковачевски се исплашија од народот, и му го земаа правото да се потсети на жртвата на предците и достојно да ја одбележи. Илинден е празник кој е темелот и стожерот на Македонија, тој треба да обединува, а СДСМ прави се за тој овој светол ден за македонската државност посее раздор и омраза. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Илинден и манифестацијата на Мечкин Камен ќе бидат отворени за сите граѓани, а празникот повторно ќе ги обединува граѓаните без разлика на партија, народност или религија. Поделбите ќе завршат со заминувањето на СДСМ од власт, се вели во партиското соопштение на партијата.

The post Полицијата на Спасовски против народот, Ковачевски исвиркан: Нови снимки од Мечкин Камен appeared first on Република.

]]>
Од честитки до закани од „братска“ Софија за Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-chestitki-do-zakani-od-bratska-sofija-za-ilinden/ Wed, 03 Aug 2022 08:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=536309

Прославата на 2 Август, Денот на републиката, во Македонија, донесе дисонантни реакции од Софија, наспроти „францускиот предлог“, што наводно треба да ги смири страстите. Што е поважно, разликите се забележуваат и во содржините на честитките на официјалните институции, иако во медиумите се прави обид за извесно „кроење“ главно во насловите, но и во реакциите на поединци од бугарската политичка елита, анализира „Пресинг“.

Во целина гледано, содржината на честитките и реакциите се движат од честитки за националниот празник, преку употребата на чисто бугарската формулација за Илинднско-преображенско востание, па до закани за последици од ЕУ, особено за настапот на претседателот Стево Пендаровски.

Во честитката на бугарското МНР преку социјалната мрежа Твитер, со која се пофали и нашето Министерство, Денот на републиката е именуван како национален празник.

Искрени честитки до Република Cеверна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи, стоеше во честитката.

Во поздравното писмо, пак, на бугарскиот претседател Румен Радев до својот колега Стево Пендаровски, стои сосема друга формулација.

Одбележувањето на Илинденско-преображенското востание во 1903 година зазема важно место во нашата заедничка историја и е само еден од примерите за богатото културно и историско наследство, што ги поврзува тесно нашите две држави и нивните граѓани.

Во соопштението од кабинетот на Радев уште се посочува дека заедничката историја на Македонија и Бугарија треба да се претвори во реален фактор за зближување меѓу двете земји и оти државниците од двете страни треба да го дадат својот придонес за тоа.

Но, нашите медиуми во своите наслови го потенцираат само Илинден, а не употребениот термин Илинденско-преображенско востание.

Бугарскиот европратеник од редовите на ЕНП Андреј Ковачев преку социјалната мрежа Facebook реагираше на говорот на претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски и го определи како еклатантен пример за „несовесно газење на договорот со протоколите кон него и преговарачката рамка“. Ковачев додаде дека ваквото однесување нема да остане без последици за РС Македонија.

Слично е и со индивидуалните ракции. Додека Илхан Ќучук, специјалниот известувач за Македонија и европратеник, е крајно коректен и умерен, неговиот колега од ГЕРБ и исто така европратеник, Андреј Ковачев, се заканува со последици!

Минатото е патоказ за европската иднина на новите генерации! Честит и вековит Илинден!, напиша Ќучук на Твитер.

Ковачев, пак, го обвини претседателот Пендаровски дека „ги следи стапките на Путин и Вучиќ“!

Денеска не сакав да реагирам негативно. Не сакав, на денот на нашиот заеднички празник, со кој Бугарија и Македонија ја слават годишнината од нашето себугарско Илинденско-Преображенско востание, повторно да се занимавам со бесмислени етикети и непотребни провокации.
Претседателот Пендаровски по којзнае кој пат се докажува како достоен конкурент на опозициските лидери Мицковски и Апасиев во најпопуларниот натпревар во Скопје наречен „Бугарофобија“. Очигледно за него немаат никакво значење европските вредности, пријателството, добрососедството и обврските. Токму на денешен ден, на Илинден, од српскиот манастир „Прохор Пчински“ во Србија, Пендаровски реши повторно да проговори за бугарската окупација, за профашистичката власт во Софија, за Ваташа, за депортацијата на Евреите. Главното за Пендаровски е да не преговара со никого (алудирајќи на Бугарија) за „обновување на империјалистичките концепти од минатите векови“. Додавајќи дека „историската вистина“ – како што тој ја разбира, наследена од времето на Титова Југославија и исполнета со фалсификати и омраза против Бугарите, нема да биде сменета со „никаков протокол и никаков договор“, тој јасно ни кажува да си ја гледаме работата.
И ние ќе си ја гледаме, а таквите еклатантни примери на несовесно газење на договорот со протоколите кон него и преговарачката рамка нема да останат без последици за РСМ.
Пендаровски ги следи стапките на Путин и Вучиќ со аргументите за „фашизам“ и „нацизам“, напиша Ковачев.

The post Од честитки до закани од „братска“ Софија за Илинден appeared first on Република.

]]>

Прославата на 2 Август, Денот на републиката, во Македонија, донесе дисонантни реакции од Софија, наспроти „францускиот предлог“, што наводно треба да ги смири страстите. Што е поважно, разликите се забележуваат и во содржините на честитките на официјалните институции, иако во медиумите се прави обид за извесно „кроење“ главно во насловите, но и во реакциите на поединци од бугарската политичка елита, анализира „Пресинг“. Во целина гледано, содржината на честитките и реакциите се движат од честитки за националниот празник, преку употребата на чисто бугарската формулација за Илинднско-преображенско востание, па до закани за последици од ЕУ, особено за настапот на претседателот Стево Пендаровски. Во честитката на бугарското МНР преку социјалната мрежа Твитер, со која се пофали и нашето Министерство, Денот на републиката е именуван како национален празник.
Искрени честитки до Република Cеверна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи, стоеше во честитката.
Во поздравното писмо, пак, на бугарскиот претседател Румен Радев до својот колега Стево Пендаровски, стои сосема друга формулација.

Одбележувањето на Илинденско-преображенското востание во 1903 година зазема важно место во нашата заедничка историја и е само еден од примерите за богатото културно и историско наследство, што ги поврзува тесно нашите две држави и нивните граѓани.

Во соопштението од кабинетот на Радев уште се посочува дека заедничката историја на Македонија и Бугарија треба да се претвори во реален фактор за зближување меѓу двете земји и оти државниците од двете страни треба да го дадат својот придонес за тоа. Но, нашите медиуми во своите наслови го потенцираат само Илинден, а не употребениот термин Илинденско-преображенско востание. Бугарскиот европратеник од редовите на ЕНП Андреј Ковачев преку социјалната мрежа Facebook реагираше на говорот на претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски и го определи како еклатантен пример за „несовесно газење на договорот со протоколите кон него и преговарачката рамка“. Ковачев додаде дека ваквото однесување нема да остане без последици за РС Македонија.

Слично е и со индивидуалните ракции. Додека Илхан Ќучук, специјалниот известувач за Македонија и европратеник, е крајно коректен и умерен, неговиот колега од ГЕРБ и исто така европратеник, Андреј Ковачев, се заканува со последици!

Минатото е патоказ за европската иднина на новите генерации! Честит и вековит Илинден!, напиша Ќучук на Твитер.
Ковачев, пак, го обвини претседателот Пендаровски дека „ги следи стапките на Путин и Вучиќ“!
Денеска не сакав да реагирам негативно. Не сакав, на денот на нашиот заеднички празник, со кој Бугарија и Македонија ја слават годишнината од нашето себугарско Илинденско-Преображенско востание, повторно да се занимавам со бесмислени етикети и непотребни провокации. Претседателот Пендаровски по којзнае кој пат се докажува како достоен конкурент на опозициските лидери Мицковски и Апасиев во најпопуларниот натпревар во Скопје наречен „Бугарофобија“. Очигледно за него немаат никакво значење европските вредности, пријателството, добрососедството и обврските. Токму на денешен ден, на Илинден, од српскиот манастир „Прохор Пчински“ во Србија, Пендаровски реши повторно да проговори за бугарската окупација, за профашистичката власт во Софија, за Ваташа, за депортацијата на Евреите. Главното за Пендаровски е да не преговара со никого (алудирајќи на Бугарија) за „обновување на империјалистичките концепти од минатите векови“. Додавајќи дека „историската вистина“ – како што тој ја разбира, наследена од времето на Титова Југославија и исполнета со фалсификати и омраза против Бугарите, нема да биде сменета со „никаков протокол и никаков договор“, тој јасно ни кажува да си ја гледаме работата. И ние ќе си ја гледаме, а таквите еклатантни примери на несовесно газење на договорот со протоколите кон него и преговарачката рамка нема да останат без последици за РСМ. Пендаровски ги следи стапките на Путин и Вучиќ со аргументите за „фашизам“ и „нацизам“, напиша Ковачев.
 
The post Од честитки до закани од „братска“ Софија за Илинден appeared first on Република.

]]>
Џамбаски: Слава им на сите Илинденци што загинаа за обединување на Македонија и Одринско со мајка Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dzambaski-slava-im-na-site-ilindenci-shto-zaginaa-za-obedinuvanje-na-makedonija-i-odrinsko-so-majka-bugarija/ Tue, 02 Aug 2022 20:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=536262

Европратеникот на Бугарија, Ангел Џамбаски го честиташе Илинден, за кој вели дека на 2 август пред 119 години избувнало големото востание против турскиот окупатор во бугарската историја.

„Вечна им слава на сите Илинденци. Вечна слава на тие кои го дадоа животот за ослободување на Македонија и Одринско и обединување со мајка Бугарија“, напиша Џамбаски.

The post Џамбаски: Слава им на сите Илинденци што загинаа за обединување на Македонија и Одринско со мајка Бугарија appeared first on Република.

]]>

Европратеникот на Бугарија, Ангел Џамбаски го честиташе Илинден, за кој вели дека на 2 август пред 119 години избувнало големото востание против турскиот окупатор во бугарската историја. „Вечна им слава на сите Илинденци. Вечна слава на тие кои го дадоа животот за ослободување на Македонија и Одринско и обединување со мајка Бугарија“, напиша Џамбаски.

The post Џамбаски: Слава им на сите Илинденци што загинаа за обединување на Македонија и Одринско со мајка Бугарија appeared first on Република.

]]>
Со цитат од Борис Сарафов Никола Груевски го честита Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-citat-od-boris-sarafov-nikola-gruevski-go-chestita-ilinden/ Tue, 02 Aug 2022 20:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=536259

Поранешниот премиер Никола Груевски го честита Илинден со читат од Борис Сарафов, еден од тројцата водачи на Главниот (востаничкиот) штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ.

Честит Илинден!
Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!
“Ние Македонците - не сме ни Срби, не сме ни Бугари, туку едноставно Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот. Ние сочуствуваме и со едните и со другите, и со Бугарите и со Србите: кој ќе го помогне нашето ослободување, нему ќе му бидеме благодарни, но Србите и Бугарите нека не заборават дека Македонија е само за Македонците.
Борис Сарафов
(12. Јуни 1872 - 28. Ноември 1907)
Честитајќи го денот на илинденското востание од 1903 година и првото заседание на АСНОМ од 1944 година, сакам да потсетам на зборовите на Борис Сарафов, еден од трите водачи (покрај Дамјан Груев и Анастас Лозанчев) - членови на Главниот (востаничкиот) штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ каде се воделе и најголемите битки и каде се создале ослободени територии.
Овие зборови на Борис Сарафов долго време беа мото под насловот на корицата на изданието на “Македонски глас”.
Тоа е всушност најзначајниот печатен архив на македонската национална мисла во периодот на балканските војни и почетокот на првата светска војна за одбрана на целоста на Македонија и слободата и обединувањето на македонскиот народ, зад која стои Македонската колонија во Петроград, во чии состав се Димитрие Чуповски, Крсте П.Мисирков и повеќе други.
Во време на големи предизвици за македонскиот народ, во време на секојдневни негирања на нашата историја и тврдења дека сите наши предци пред 2.август 1944 година се чуствувале Бугари, во време на дебатите за периодот на создавање на нацијата, денес кога го славиме Илинденското востание, во 119.година од неговото кревање, се потсетувам на овие зборови на легендарниот македонски револуционер Борис Сарафов.
Познато е дека водачите на Организацијата имале поделени мислења околу кревањето на востанието во 1903 година. Двете спротиставени страни имале свои аргументи. Еден од оние кои на почетокот се приклонил кон мислењето на Гоце Делчев и Ѓорче Петров за тоа дека востанието треба да е само од партизанска природа а подоцна станува најактивен подржувач на востанието како општонародно и директен учесник во него, со секојдневно присуство и борби на теренот е и Борис Сарафов.
Најмногу вооружени борби за време на востанието имало во битолскиот револуционерен округ, односно во Битолско, Костурско, Охридско, Прилепско, Кичевско, Ресенско, Демирхисарско, Крушевско и другите места кои припаѓале под битолскиот револуционерен округ. Борис Сарафов за време на востанието бил постојано присутен, го храбрел и мотивирал населението и директно учествувал во битки и ги обиколувал речисисите овие места.
Харизматичнот, бунтовен и многу храбар револуционер со нескротлив авантуристички дух и претходно, и по илинденското востание бил најмногу од сите активен на меѓународен план, со бројни посети на многу европски земји и метрополи заради огромен број политички средби со значајни политички и воени личности, огромен број интервјуа за најпознатите европски и американски весници и многу успешни напори во собирање финасиски средства и оружје за организацијата.
Неговата активност и присутност надвор од Македонија била толку голема што многумина го сметале за главен водач и организатор на ВМРО (во тоа време ТМОРО).
Неговото наизменично присуство на теренот во крвавите битки каде секогаш животот му бил “на коцка”, присуство и активност на средбите со иделозите на ВМРО каде се кроеле политиките и се носеле одлуките, посети во канцелариите и домовите на бугарски министри кои биле негови пријатели, но и средби со српски преставници во Белград и Будимпешта од кои се обидувал да добие пари и оружје за Организацијата, посети и разговори во канцелариите на странските дипломатски преставништва во Софија но и честото присуство во елитни локали и кабареа на ноќниот живот во Софија и во други големи градови низ Европа, многу често опкружен со марканто женско друштво, го одвоиле како посебен лик кој неможе лесно да се спореди со ниту еден друг револуционер од тоа време. Тој бил исклучително популарен меѓу македонското население уште додека бил жив, а Њујорк Тајмс и неколку европски весници речиси во чекор ги следеле и објавувале неговите позначајни активности.
За жал во Македонија првата асоцијација за него е негативна како врховист.
Но малкумина знаат дека тој е третиот претседател на Врховниот Македонски Комитет (ВМК), после Трајко Китанчев и Данаил Николаев, но и единствен во чие време ВМК има отворено про-македонско делување и активности, заради што, а секако со други изговори и поводи, тој е уапсен од страна на бугарската власт во Софија.
Македонската емиграција во Софија има покренато толку големи, масовни и на моменти до физички инциденти протести, со апсење на некои од поагресивните учесници на протестите за негово ослободување, што набрзо е ослободен со цел да се спречат поголеми немири.
Борис Сарафов за претседател доаѓа со подршка на Гоце Делчев и Ѓорче Петров кои во тоа време се задгранични преставници на Организацијата во Софија, и за жал со подршка на Гоце Делчев бил сменет, за што самиот Делчев неколку месеци подоцна се каел и говорел дека тоа му било голема грешка, но тие и потоа ја продолжиле соработката.
Одлуката на Делчев била мотивирана од фактот што Б.Сарафов почнал да бара да има влијание во назначувањето на војводи во неколку места низ Македонија, а веќе неколку месеци подоцна новото раководство на ВМК инфлиртирало далеку поголем број свои припадници и ги инсталирало во ВМРО, пред Делчев да препознае дека тој состав на ВМК предводен од двоецот Михајловски-Цончев не е про македонски (туку е пробугарски настроен) и пред ВМРО и ВМК да станат отворени противници.
Додека Сарафов е претседател на ВМК огромни пари на ВМК собрани од македонската емиграција во Бугарија, преку македонските клубови, како и прибрани пари од богати поединци делумно и со изнуда ги инвестирал во набавка на оружје кое директно го предавал на ВМРО, а се со цел за кревање на општонародно востание за ослободување на Македонија.
Практично неговото претседалствување со ВМК е период кога ВМК и ВМРО се речиси едно-исто, или поинаку кажано ВМК кој е врховно тело на здруженијата на македонските емигрантски организации е еден вид сервис на ВМРО, тие даваат финасии и оружје на Организацијата во големи размери и токму тоа го има вознемирено бугарскиот политички и воен врв кој проценил дека ВМК не е под нивна контрола и дека треба да издејствуваат смена на Сарафов и инсталирање на водачи кои таа организација ќе ја стават во служба на бугарскиот национален интерес.
Дека уште во тоа време се правела јасна разлика меѓу Македонци и Бугари говори и едно писмо на Сарафов од 25. Фебруари 1902 година испратено од него додека бил во Женева, до задраничното преставништво на ТМОРО (ВМРО) во Софија во кое изразува низа негодувања и незадоволство од некои состојби во Органозацијата за кој бил прилично критички настроен, и сметал дека треба да се променат. Особено критички настроен бил кон претседалствувањето на Гарванов во ЦК на Организацијата (патем напоменувајќи дека во Швајцарија нашол млади студенти кои биле готови да се жртвуваат за македонската кауза, мислејќи на гемиџиите), Сарафов барал Делчев да дојде во Женева за да постигнат усен договор за натамошна соработка и нормално функционирање на Организацијата наведувајќи 11 точки за дискусија како што биле купувањето оружје, создавањето канали кон Србија и Албанија, сојуз со албанската ослободителна организација, начинот на конечното уништување на врховистичките чети (веќе под ново раководство на Михајловски-Цончев), публикување нов весник во странство, создавање нов комитет во Бугарија (се мисли на нов ВМК одкако станала јасна наклонетоста кон Бугарија на новото раководство на ВМК после неговата смена), создавање таен комитет во Србија , организирање сојуз со Ерменците во Цариград, , нови сили и чети во внатрешноста и последната точка на Сарафов била меѓу најважните, каде тој им порачал на членовите на ЗП и на сите нови органи на ТМОРО да расчистат јасно со зборовите: “дали сме Македонски револуционери или бугарски патриоти”, што прави јасна дистинкција на Македонците и Бугарите и негово дефинирање како Македонски револуционер и ништо друго.
Во август 1902 година Б.Сарафов повторно се нашол на страниците на Њујорктајмс каде на 7. Август 1902 година Њујорк тајмс изрично го пренесува ставот на Сарафов според кој: “Македонците неможат понатаму да прават добра за Бугарија…тие мора да се ограничат самите на Македонија”.
За крај потсетување на делови од едно интервју на Борис Сарафов од 11 април 1901 година направено од дописникот на Тајмс во Виена веднаш по апсењето на Сарафов.
Интервјуто не е од 1944 година или подоцна, туку од 1901 година!
Таму ќе видиме како Сарафов вели:
“Ние Македонците се сметаме себе си како посебен национален ентитет, и ни најмалку не сме расположени да дозволиме нашата земја да биде преземена од Бугарија, Србија или Грција”.
…„Голема грешка е да се верува дека сакаме да ја придобиеме Македонија во името на Бугарија. Ние Македонците се сметаме за целосно засебен национален елемент и не сме расположени да дозволиме нашата земја да биде заземена од Бугарија, Србија или Грција. Ние, всушност, ќе се спротивставиме на секое инкорпорирање со сите сили. Македонија мора да им припаѓа на Македонците. Недоразбирање настана преку нашето престојување во Бугарија. Околноста дека сме подготвиле македонско востание додека живеевме во оваа земја, доведе до заклучок дека целиме кон сојуз меѓу двете словенски покраини. Сепак, тоа е сосема апсурдно.
Да не протераа од Бугарија и да се населевме во Швајцарија, никој не би помислил дека сакаме да ја ослободиме Македонија во името на Швајцарија; Само одиме таму каде што наоѓаме најповолни можности за нашата револуционерна работа…
Но, каде и да сме, ние сакаме нашето движење да се разликува од националните аспирации на независните балкански држави. Енергично ќе се спротивставиме на секој обид на тие држави да ја обезбедат Македонија за себе.
Тој понатаму говори дека многу повеќе очекува и посакува помош и соработка со Австроунгарија одколку со Русија, говорејќи дека Русија сака да ја освои османлиската империја а со тоа да ја потчини и Македонија во чии состав тогаш била и Македонија.
Можеби тоа се должи на разговорот воден со Јуриј Бахметев, дипломатски преставник на царска Русија во Софија кон крајот на 1900 година, кога Сарафов е поканет во својство на претседател на ВМК. Пред повикот за средба од страна на Бахметев, Сарафов знаел дека Русија не ја подржува неговата револуционерна дејност по македонското прашање, но не очекувал дека дипломатскиот преставник без многу дипломатски тон директно ќе му предочи на Сарафов дека тој и неговиот Комитет отишле “многу далеку” особено во насилното извлекување пари и дека клучевите за македонското прашање се во Петербург. Тој му рекол на Сарафов дека македонското дело било “студентска фантазија” и дека никој во Европа па дури ни Русија нема да им помогнат во нивната борба. Рускиот дипломат кој подоцна ќе стане и амбасадор на Русија во Јапонија и САД побарал од Сарафов да си даде оставка од позицијата претседател на ВМК. Сарафов возвратил дека неискреноста на европската дипломатија ги принудила нив во ВМК да дејствуваат на таков начин и дека нема право да се меша во револуционернат дејност на македонското револуционерно двожење и потенцирал дека “изнудување пари е систем кон кој што дипломатијата не принуди, со своите неискрени дејства”.
На ваквиот директен одговор на Сарафов, Бахметев повторно се заканил дека и ВМК и ТМОРО (името на ВМРО во тој момент) ќе станат “прав и пепел”.
Во суштина, бугарската влада и кнезот Фердинант ја барале неговата оставка, а 22 години претходно Русија го создала кнежеството Бугарија со цел да биде нивен сателит земја, одкако Русија “до колена” ја поразила Османлиската империја во 1878 година, по што следат мартовскиот Сан Стефански договор со кој планот бил Македонија да биде во една многу поголема бугарска држава, кои планови не се реализирале по противењето на другите големи сили и свикувањето на Берлинскиот конгрес во јуни истата година.

The post Со цитат од Борис Сарафов Никола Груевски го честита Илинден appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола Груевски го честита Илинден со читат од Борис Сарафов, еден од тројцата водачи на Главниот (востаничкиот) штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ. Честит Илинден! Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија! “Ние Македонците - не сме ни Срби, не сме ни Бугари, туку едноставно Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот. Ние сочуствуваме и со едните и со другите, и со Бугарите и со Србите: кој ќе го помогне нашето ослободување, нему ќе му бидеме благодарни, но Србите и Бугарите нека не заборават дека Македонија е само за Македонците. Борис Сарафов (12. Јуни 1872 - 28. Ноември 1907) Честитајќи го денот на илинденското востание од 1903 година и првото заседание на АСНОМ од 1944 година, сакам да потсетам на зборовите на Борис Сарафов, еден од трите водачи (покрај Дамјан Груев и Анастас Лозанчев) - членови на Главниот (востаничкиот) штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ каде се воделе и најголемите битки и каде се создале ослободени територии. Овие зборови на Борис Сарафов долго време беа мото под насловот на корицата на изданието на “Македонски глас”. Тоа е всушност најзначајниот печатен архив на македонската национална мисла во периодот на балканските војни и почетокот на првата светска војна за одбрана на целоста на Македонија и слободата и обединувањето на македонскиот народ, зад која стои Македонската колонија во Петроград, во чии состав се Димитрие Чуповски, Крсте П.Мисирков и повеќе други. Во време на големи предизвици за македонскиот народ, во време на секојдневни негирања на нашата историја и тврдења дека сите наши предци пред 2.август 1944 година се чуствувале Бугари, во време на дебатите за периодот на создавање на нацијата, денес кога го славиме Илинденското востание, во 119.година од неговото кревање, се потсетувам на овие зборови на легендарниот македонски револуционер Борис Сарафов. Познато е дека водачите на Организацијата имале поделени мислења околу кревањето на востанието во 1903 година. Двете спротиставени страни имале свои аргументи. Еден од оние кои на почетокот се приклонил кон мислењето на Гоце Делчев и Ѓорче Петров за тоа дека востанието треба да е само од партизанска природа а подоцна станува најактивен подржувач на востанието како општонародно и директен учесник во него, со секојдневно присуство и борби на теренот е и Борис Сарафов. Најмногу вооружени борби за време на востанието имало во битолскиот револуционерен округ, односно во Битолско, Костурско, Охридско, Прилепско, Кичевско, Ресенско, Демирхисарско, Крушевско и другите места кои припаѓале под битолскиот револуционерен округ. Борис Сарафов за време на востанието бил постојано присутен, го храбрел и мотивирал населението и директно учествувал во битки и ги обиколувал речисисите овие места. Харизматичнот, бунтовен и многу храбар револуционер со нескротлив авантуристички дух и претходно, и по илинденското востание бил најмногу од сите активен на меѓународен план, со бројни посети на многу европски земји и метрополи заради огромен број политички средби со значајни политички и воени личности, огромен број интервјуа за најпознатите европски и американски весници и многу успешни напори во собирање финасиски средства и оружје за организацијата. Неговата активност и присутност надвор од Македонија била толку голема што многумина го сметале за главен водач и организатор на ВМРО (во тоа време ТМОРО). Неговото наизменично присуство на теренот во крвавите битки каде секогаш животот му бил “на коцка”, присуство и активност на средбите со иделозите на ВМРО каде се кроеле политиките и се носеле одлуките, посети во канцелариите и домовите на бугарски министри кои биле негови пријатели, но и средби со српски преставници во Белград и Будимпешта од кои се обидувал да добие пари и оружје за Организацијата, посети и разговори во канцелариите на странските дипломатски преставништва во Софија но и честото присуство во елитни локали и кабареа на ноќниот живот во Софија и во други големи градови низ Европа, многу често опкружен со марканто женско друштво, го одвоиле како посебен лик кој неможе лесно да се спореди со ниту еден друг револуционер од тоа време. Тој бил исклучително популарен меѓу македонското население уште додека бил жив, а Њујорк Тајмс и неколку европски весници речиси во чекор ги следеле и објавувале неговите позначајни активности. За жал во Македонија првата асоцијација за него е негативна како врховист. Но малкумина знаат дека тој е третиот претседател на Врховниот Македонски Комитет (ВМК), после Трајко Китанчев и Данаил Николаев, но и единствен во чие време ВМК има отворено про-македонско делување и активности, заради што, а секако со други изговори и поводи, тој е уапсен од страна на бугарската власт во Софија. Македонската емиграција во Софија има покренато толку големи, масовни и на моменти до физички инциденти протести, со апсење на некои од поагресивните учесници на протестите за негово ослободување, што набрзо е ослободен со цел да се спречат поголеми немири. Борис Сарафов за претседател доаѓа со подршка на Гоце Делчев и Ѓорче Петров кои во тоа време се задгранични преставници на Организацијата во Софија, и за жал со подршка на Гоце Делчев бил сменет, за што самиот Делчев неколку месеци подоцна се каел и говорел дека тоа му било голема грешка, но тие и потоа ја продолжиле соработката. Одлуката на Делчев била мотивирана од фактот што Б.Сарафов почнал да бара да има влијание во назначувањето на војводи во неколку места низ Македонија, а веќе неколку месеци подоцна новото раководство на ВМК инфлиртирало далеку поголем број свои припадници и ги инсталирало во ВМРО, пред Делчев да препознае дека тој состав на ВМК предводен од двоецот Михајловски-Цончев не е про македонски (туку е пробугарски настроен) и пред ВМРО и ВМК да станат отворени противници. Додека Сарафов е претседател на ВМК огромни пари на ВМК собрани од македонската емиграција во Бугарија, преку македонските клубови, како и прибрани пари од богати поединци делумно и со изнуда ги инвестирал во набавка на оружје кое директно го предавал на ВМРО, а се со цел за кревање на општонародно востание за ослободување на Македонија. Практично неговото претседалствување со ВМК е период кога ВМК и ВМРО се речиси едно-исто, или поинаку кажано ВМК кој е врховно тело на здруженијата на македонските емигрантски организации е еден вид сервис на ВМРО, тие даваат финасии и оружје на Организацијата во големи размери и токму тоа го има вознемирено бугарскиот политички и воен врв кој проценил дека ВМК не е под нивна контрола и дека треба да издејствуваат смена на Сарафов и инсталирање на водачи кои таа организација ќе ја стават во служба на бугарскиот национален интерес. Дека уште во тоа време се правела јасна разлика меѓу Македонци и Бугари говори и едно писмо на Сарафов од 25. Фебруари 1902 година испратено од него додека бил во Женева, до задраничното преставништво на ТМОРО (ВМРО) во Софија во кое изразува низа негодувања и незадоволство од некои состојби во Органозацијата за кој бил прилично критички настроен, и сметал дека треба да се променат. Особено критички настроен бил кон претседалствувањето на Гарванов во ЦК на Организацијата (патем напоменувајќи дека во Швајцарија нашол млади студенти кои биле готови да се жртвуваат за македонската кауза, мислејќи на гемиџиите), Сарафов барал Делчев да дојде во Женева за да постигнат усен договор за натамошна соработка и нормално функционирање на Организацијата наведувајќи 11 точки за дискусија како што биле купувањето оружје, создавањето канали кон Србија и Албанија, сојуз со албанската ослободителна организација, начинот на конечното уништување на врховистичките чети (веќе под ново раководство на Михајловски-Цончев), публикување нов весник во странство, создавање нов комитет во Бугарија (се мисли на нов ВМК одкако станала јасна наклонетоста кон Бугарија на новото раководство на ВМК после неговата смена), создавање таен комитет во Србија , организирање сојуз со Ерменците во Цариград, , нови сили и чети во внатрешноста и последната точка на Сарафов била меѓу најважните, каде тој им порачал на членовите на ЗП и на сите нови органи на ТМОРО да расчистат јасно со зборовите: “дали сме Македонски револуционери или бугарски патриоти”, што прави јасна дистинкција на Македонците и Бугарите и негово дефинирање како Македонски револуционер и ништо друго. Во август 1902 година Б.Сарафов повторно се нашол на страниците на Њујорктајмс каде на 7. Август 1902 година Њујорк тајмс изрично го пренесува ставот на Сарафов според кој: “Македонците неможат понатаму да прават добра за Бугарија…тие мора да се ограничат самите на Македонија”. За крај потсетување на делови од едно интервју на Борис Сарафов од 11 април 1901 година направено од дописникот на Тајмс во Виена веднаш по апсењето на Сарафов. Интервјуто не е од 1944 година или подоцна, туку од 1901 година! Таму ќе видиме како Сарафов вели: “Ние Македонците се сметаме себе си како посебен национален ентитет, и ни најмалку не сме расположени да дозволиме нашата земја да биде преземена од Бугарија, Србија или Грција”. …„Голема грешка е да се верува дека сакаме да ја придобиеме Македонија во името на Бугарија. Ние Македонците се сметаме за целосно засебен национален елемент и не сме расположени да дозволиме нашата земја да биде заземена од Бугарија, Србија или Грција. Ние, всушност, ќе се спротивставиме на секое инкорпорирање со сите сили. Македонија мора да им припаѓа на Македонците. Недоразбирање настана преку нашето престојување во Бугарија. Околноста дека сме подготвиле македонско востание додека живеевме во оваа земја, доведе до заклучок дека целиме кон сојуз меѓу двете словенски покраини. Сепак, тоа е сосема апсурдно. Да не протераа од Бугарија и да се населевме во Швајцарија, никој не би помислил дека сакаме да ја ослободиме Македонија во името на Швајцарија; Само одиме таму каде што наоѓаме најповолни можности за нашата револуционерна работа… Но, каде и да сме, ние сакаме нашето движење да се разликува од националните аспирации на независните балкански држави. Енергично ќе се спротивставиме на секој обид на тие држави да ја обезбедат Македонија за себе. Тој понатаму говори дека многу повеќе очекува и посакува помош и соработка со Австроунгарија одколку со Русија, говорејќи дека Русија сака да ја освои османлиската империја а со тоа да ја потчини и Македонија во чии состав тогаш била и Македонија. Можеби тоа се должи на разговорот воден со Јуриј Бахметев, дипломатски преставник на царска Русија во Софија кон крајот на 1900 година, кога Сарафов е поканет во својство на претседател на ВМК. Пред повикот за средба од страна на Бахметев, Сарафов знаел дека Русија не ја подржува неговата револуционерна дејност по македонското прашање, но не очекувал дека дипломатскиот преставник без многу дипломатски тон директно ќе му предочи на Сарафов дека тој и неговиот Комитет отишле “многу далеку” особено во насилното извлекување пари и дека клучевите за македонското прашање се во Петербург. Тој му рекол на Сарафов дека македонското дело било “студентска фантазија” и дека никој во Европа па дури ни Русија нема да им помогнат во нивната борба. Рускиот дипломат кој подоцна ќе стане и амбасадор на Русија во Јапонија и САД побарал од Сарафов да си даде оставка од позицијата претседател на ВМК. Сарафов возвратил дека неискреноста на европската дипломатија ги принудила нив во ВМК да дејствуваат на таков начин и дека нема право да се меша во револуционернат дејност на македонското револуционерно двожење и потенцирал дека “изнудување пари е систем кон кој што дипломатијата не принуди, со своите неискрени дејства”. На ваквиот директен одговор на Сарафов, Бахметев повторно се заканил дека и ВМК и ТМОРО (името на ВМРО во тој момент) ќе станат “прав и пепел”. Во суштина, бугарската влада и кнезот Фердинант ја барале неговата оставка, а 22 години претходно Русија го создала кнежеството Бугарија со цел да биде нивен сателит земја, одкако Русија “до колена” ја поразила Османлиската империја во 1878 година, по што следат мартовскиот Сан Стефански договор со кој планот бил Македонија да биде во една многу поголема бугарска држава, кои планови не се реализирале по противењето на другите големи сили и свикувањето на Берлинскиот конгрес во јуни истата година.

The post Со цитат од Борис Сарафов Никола Груевски го честита Илинден appeared first on Република.

]]>
Спасовски ги пофали полицајците што ја штитеа власта од народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-gi-pofali-policajcite-shto-ja-shtitea-vlasta-od-narodot/ Tue, 02 Aug 2022 20:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=536246

Денеска граѓаните на Македонија, чествувајќи го Илинден, покажаа како се празнува обединето, достоинствено, државнички. Во духот на аманетот на Илинденците, аманетот којшто го продолживме и го пренесуваме на идните поколенија, да ја градиме нашата држава, колоритна во традициите, обединета во различностите – држава на сите што живеат во Република Македонија, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

https://republika.mk/vesti/makedonija/poglednete-kako-policijata-udira-po-narodot-koj-pee-pesni-za-makedonija-i-go-isvirkuva-kovachevski/

Заблагодарувајќи се на граѓаните, би сакал да упатам посебна благодарност на припадниците на македонската полиција кои се погрижија сите реализирани настани да поминат во најдобар ред. Тие уште еднаш покажаа дека се гарант на стабилноста и на безбедноста, дека се во служба на нашите граѓани. Заеднички продолжуваме напред, уште посилно, кон просперитетна и европска Република Македонија, напиша Спасовски на фејсбук.

https://republika.mk/tvitovi/narodot-so-makedonski-znaminja-e-opkolen-so-policija-vo-civil/

The post Спасовски ги пофали полицајците што ја штитеа власта од народот appeared first on Република.

]]>

Денеска граѓаните на Македонија, чествувајќи го Илинден, покажаа како се празнува обединето, достоинствено, државнички. Во духот на аманетот на Илинденците, аманетот којшто го продолживме и го пренесуваме на идните поколенија, да ја градиме нашата држава, колоритна во традициите, обединета во различностите – држава на сите што живеат во Република Македонија, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. https://republika.mk/vesti/makedonija/poglednete-kako-policijata-udira-po-narodot-koj-pee-pesni-za-makedonija-i-go-isvirkuva-kovachevski/
Заблагодарувајќи се на граѓаните, би сакал да упатам посебна благодарност на припадниците на македонската полиција кои се погрижија сите реализирани настани да поминат во најдобар ред. Тие уште еднаш покажаа дека се гарант на стабилноста и на безбедноста, дека се во служба на нашите граѓани. Заеднички продолжуваме напред, уште посилно, кон просперитетна и европска Република Македонија, напиша Спасовски на фејсбук.
https://republika.mk/tvitovi/narodot-so-makedonski-znaminja-e-opkolen-so-policija-vo-civil/

The post Спасовски ги пофали полицајците што ја штитеа власта од народот appeared first on Република.

]]>
Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-polosho-svirezite-na-narodot-gi-prikril-organizatorot-a-ne-mrt/ Tue, 02 Aug 2022 19:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=536247

Македонската радио-телевизија демантира дека со однапред подготвено аудио ги прекрила свирежите упатени кон владината делегација на Мачкин Камен, на прославата на Илинден во Крушево.

Вистината е дека МТВ на ниту еден начин не интервенирала на тонот од преносот, којшто е преземен од миксетата на озвучувањето за коешто е надлежен организаторот. Не е точно дека МТВ имала однапред подготвена музика, велат од националниот сервис.

Реакцијата се однесува на делот „Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио“ од текстот „Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите“, што е доказ дека власта била свесна дека е непожелна на Илинден, па не оставила ништо на случајот.

Сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски.

The post Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ appeared first on Република.

]]>

Македонската радио-телевизија демантира дека со однапред подготвено аудио ги прекрила свирежите упатени кон владината делегација на Мачкин Камен, на прославата на Илинден во Крушево.
Вистината е дека МТВ на ниту еден начин не интервенирала на тонот од преносот, којшто е преземен од миксетата на озвучувањето за коешто е надлежен организаторот. Не е точно дека МТВ имала однапред подготвена музика, велат од националниот сервис.
Реакцијата се однесува на делот „Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио“ од текстот „Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите“, што е доказ дека власта била свесна дека е непожелна на Илинден, па не оставила ништо на случајот. Сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски.  

The post Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Ние одамна си го врвиме својот пат и си ја гледаме својата работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-nie-odamna-si-go-vrvime-svojot-pat-i-si-ja-gledame-svojata-rabota/ Tue, 02 Aug 2022 12:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=536123

Нема Македонец, каде и да е на оваа „дуња“, кому денеска не му доаѓа да заплаче како дете зашто денеска е нашиот празник над сите празници – Илинден, рече во денешниот говор во Смилево министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Овде, во Смилево, каде што се и колепката и гробот на нашиот национален херој Дамјан Груев, е донесена конечната одлука за востание во 1903. Ние, Македонците, никогаш и ништо не сме добиле на подарок. Нас повеќе нė радувала слободата отколку што нė плашела смртта. Илинденското востание е задушено во крв и во солзи, но Илинден е нашата победа и нашата скапо платена слобода, додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска дополни дека Крушевскиот манифест и Декларацијата на АСНОМ се четива со европски вредности, достојни, и денес, и за проучување и за почитување. Воедно, сите наши Илиндени испратија и јасна порака до целиот свет дека – „Македонско име нема да загине“.

Под ова Сонце на слободата, велиме – Илинден е нашиот одговор на секое наше негирање, на секое посегнување по нас, на секое изживување со нас. Ние одамна си го врвиме својот пат и си ја гледаме својата работа. Го подигнавме бајракот за СМРТ или СЛОБОДА, без двоумење застанавме под бајракот на антифашизмот. Секогаш сојузници на доброто, секогаш на страната на праведното, рече таа.

Покрај посетата на Смилево Костадиновска-Стојчевска беше дел и од делегацијата на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Крушево.

Владината делегација се поклони и оддаде почит положувајќи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република.

The post Костадиновска-Стојчевска: Ние одамна си го врвиме својот пат и си ја гледаме својата работа appeared first on Република.

]]>

Нема Македонец, каде и да е на оваа „дуња“, кому денеска не му доаѓа да заплаче како дете зашто денеска е нашиот празник над сите празници – Илинден, рече во денешниот говор во Смилево министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Овде, во Смилево, каде што се и колепката и гробот на нашиот национален херој Дамјан Груев, е донесена конечната одлука за востание во 1903. Ние, Македонците, никогаш и ништо не сме добиле на подарок. Нас повеќе нė радувала слободата отколку што нė плашела смртта. Илинденското востание е задушено во крв и во солзи, но Илинден е нашата победа и нашата скапо платена слобода, додаде таа.
Костадиновска-Стојчевска дополни дека Крушевскиот манифест и Декларацијата на АСНОМ се четива со европски вредности, достојни, и денес, и за проучување и за почитување. Воедно, сите наши Илиндени испратија и јасна порака до целиот свет дека – „Македонско име нема да загине“.
Под ова Сонце на слободата, велиме – Илинден е нашиот одговор на секое наше негирање, на секое посегнување по нас, на секое изживување со нас. Ние одамна си го врвиме својот пат и си ја гледаме својата работа. Го подигнавме бајракот за СМРТ или СЛОБОДА, без двоумење застанавме под бајракот на антифашизмот. Секогаш сојузници на доброто, секогаш на страната на праведното, рече таа.
Покрај посетата на Смилево Костадиновска-Стојчевска беше дел и од делегацијата на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Крушево. Владината делегација се поклони и оддаде почит положувајќи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република.

The post Костадиновска-Стојчевска: Ние одамна си го врвиме својот пат и си ја гледаме својата работа appeared first on Република.

]]>
„Бегај бе, стој таму!“: Видео од инцидентот на Мечкин Камен кога партиското обезбедување на СДСМ се судри со народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/begaj-be-stoj-tamu-video-od-incidentot-na-mechkin-kamen-koga-partiskoto-obezbeduvanje-na-sdsm-se-sudri-so-narodot/ Tue, 02 Aug 2022 12:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=536114

Партиското обезбедување на СДСМ денеска на Мечкин Камен се судри со македонските граѓани, а потоа вербално ја нападна и полицијата.

The post „Бегај бе, стој таму!“: Видео од инцидентот на Мечкин Камен кога партиското обезбедување на СДСМ се судри со народот appeared first on Република.

Пендаровски: Се надевам дека 2 Август во иднина ќе го прославуваме во Прохор Пчински https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-nadevam-deka-2-avgust-vo-idnina-kje-go-proslavuvame-vo-prohor-pchinski/ Tue, 02 Aug 2022 12:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=536112

Претседателот Стево Пендаровски, кој со македонска државно-црковна делегација, по пауза од 18 години денеска на Илинден беше во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“ изјави дека е договорено во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи со Србија која ќе треба да ги договори идните прослави на 2 Август во манастирот.

По посетата на манастирот, каде положи цвеќе, Пендаровски им се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ и на поглаварот на СПЦ Порфириј затоа што, како што рече, ни овозможиле после 18 години пауза да дојдеме на ова свето место и да го одбележиме најголемиот македонски државен празник.

Ова е местото каде што е формирана современата македонска држава и знаете од различни причини не можевме да дојдеме тука и на ова место тука да го прославиме тој празник, па знаете, правевме некои алтернативни паралелни прослави во близина, меѓутоа не и овде каде што навистина е одржано историското заседание на АСНОМ. Јас се надевам дека ова е почеток на една добра традиција во која 2 Август, тоа е нашиот втор Илинден, ќе го прославуваме тука и оттука натаму се разбира дека, како велат старите, со сите нишани ќе доаѓаме да оддадеме почит на оние кои ја формирале македонската држава во 1944 година, изјави Пендаровски.

Тој дополни дека со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ договориле во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи, која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави.

– Со министерот Селаковиќ кој беше морам да кажам исклучително од помош во изминатите неколку недели за сите детали на оваа посета, договоривме во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави, рече шефот на државата.

Потсети дека Скопје и Белград имаат стар договор од 2000 година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји.

Мислам дека тоа можеби послужи како правна основа брзо да ја направиме таа работна група и за следниот пат да ги имаме сите оние обележја кои ги имало ова место во времето кога било одржано историското заседание. Меѓутоа, морам уште еднаш да ги пофалам и да им оддадам почит на српските домаќини затоа што успеаја за рекордно кратко време оригиналната плоча која не можеа да ја најдат да направат нова со оригиналниот текст и пред која денеска се поклонивме, рече Пендаровски.

Прашан дали е разговарано да се обнови Спомен собата, рече дека би можело и оти е во таа насока, како и дека добиле уверување и од домаќинот на манастирот. Идејата, како што рече, е постојано да се слави празникот на ова место.

Јас мислам дека идејата е не да дојдеме само оваа година, туку од оваа година натаму постојано тука да го славиме. Знаете, има нов контекст во политичките односи, ние никогаш не сме имале проблеми, меѓутоа меѓу црквите постоеја одредени проблеми кои се разрешени од мај оваа година и мислам дека тоа треба да го искористиме дополнително да го зацврстиме тоа и црковно и државно пријателство меѓу двете држави и двата народа. Не верувам, такво уверување добив од моите домаќини, дека ова се случува само сега и дека е ПР-настан – сакаат само да се пофалат. Не, ова треба да биде еден камен-темелик, значи да положиме темелник на новите односи и во оваа смисла, оти ако не ги почитуваме светињите, ако не ги почитуваме светите места наши и нивни од нашето минато мислам дека немаме никаква иднина во билатералните односи, изјави Пендаровски.

The post Пендаровски: Се надевам дека 2 Август во иднина ќе го прославуваме во Прохор Пчински appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, кој со македонска државно-црковна делегација, по пауза од 18 години денеска на Илинден беше во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“ изјави дека е договорено во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи со Србија која ќе треба да ги договори идните прослави на 2 Август во манастирот. По посетата на манастирот, каде положи цвеќе, Пендаровски им се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ и на поглаварот на СПЦ Порфириј затоа што, како што рече, ни овозможиле после 18 години пауза да дојдеме на ова свето место и да го одбележиме најголемиот македонски државен празник.
Ова е местото каде што е формирана современата македонска држава и знаете од различни причини не можевме да дојдеме тука и на ова место тука да го прославиме тој празник, па знаете, правевме некои алтернативни паралелни прослави во близина, меѓутоа не и овде каде што навистина е одржано историското заседание на АСНОМ. Јас се надевам дека ова е почеток на една добра традиција во која 2 Август, тоа е нашиот втор Илинден, ќе го прославуваме тука и оттука натаму се разбира дека, како велат старите, со сите нишани ќе доаѓаме да оддадеме почит на оние кои ја формирале македонската држава во 1944 година, изјави Пендаровски.
Тој дополни дека со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ договориле во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи, која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави. – Со министерот Селаковиќ кој беше морам да кажам исклучително од помош во изминатите неколку недели за сите детали на оваа посета, договоривме во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави, рече шефот на државата. Потсети дека Скопје и Белград имаат стар договор од 2000 година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји.
Мислам дека тоа можеби послужи како правна основа брзо да ја направиме таа работна група и за следниот пат да ги имаме сите оние обележја кои ги имало ова место во времето кога било одржано историското заседание. Меѓутоа, морам уште еднаш да ги пофалам и да им оддадам почит на српските домаќини затоа што успеаја за рекордно кратко време оригиналната плоча која не можеа да ја најдат да направат нова со оригиналниот текст и пред која денеска се поклонивме, рече Пендаровски.
Прашан дали е разговарано да се обнови Спомен собата, рече дека би можело и оти е во таа насока, како и дека добиле уверување и од домаќинот на манастирот. Идејата, како што рече, е постојано да се слави празникот на ова место.
Јас мислам дека идејата е не да дојдеме само оваа година, туку од оваа година натаму постојано тука да го славиме. Знаете, има нов контекст во политичките односи, ние никогаш не сме имале проблеми, меѓутоа меѓу црквите постоеја одредени проблеми кои се разрешени од мај оваа година и мислам дека тоа треба да го искористиме дополнително да го зацврстиме тоа и црковно и државно пријателство меѓу двете држави и двата народа. Не верувам, такво уверување добив од моите домаќини, дека ова се случува само сега и дека е ПР-настан – сакаат само да се пофалат. Не, ова треба да биде еден камен-темелик, значи да положиме темелник на новите односи и во оваа смисла, оти ако не ги почитуваме светињите, ако не ги почитуваме светите места наши и нивни од нашето минато мислам дека немаме никаква иднина во билатералните односи, изјави Пендаровски.

The post Пендаровски: Се надевам дека 2 Август во иднина ќе го прославуваме во Прохор Пчински appeared first on Република.

]]>
Власта не го пушти народот што не е за СДСМ да присуствува на Мечкин Камен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-go-pushti-narodot-shto-ne-e-za-sdsm-da-prisustvuva-na-mechkin-kamen/ Tue, 02 Aug 2022 12:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=536094

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од Мечкин Камен го честиташе големиот македонски празник Илинден.

Ако илинденците освојуваа педа по педа, и во 1903-тата година и во 1944 –тата година макотрпно создаваа држава. Гледаме дека таа држава со забрзано темпо се руши. Илинденска и Асномска Македонија се руши. Се рушат идеалите на сите оние кои што ги дадоа своите животи за независна и обединета Македонија. Се рушат идеалите на генерации кои што сонуваа за македонска држава, со македонски јазик како официјален јазик на истата, со македонска култура, со македонска традиција и историја, со македонски корени кои што датираат векови и векови наназад, рече Николоски пред новинарите.

За жал, додаде, гледаме дека една Влада предводена од СДСМ и од ДУИ ги руши овие темели и ги руши овие корени.

Но, оттука од Крушево сакам да порачам дека Македонија и македонскиот народ се многу посилни. И никакви договори, никакви попуштања нема на ниеден начин да ја променат самобитноста на македонската национална борба. Илинденското востание е македонско, и тоа е јасно и го знаат сите, го знае цел свет. Било, е и ќе остане македонско! Исто така би сакал да се осврнам на уште една тема, гледате ние сме тука, но за жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба, порача Николоски.

Потенцираше дека СДСМ на овој начин уште еднаш покажува дека се антидржавна партија и партија која што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот.

Заради ваквото партиско и политичко однесување, порача Николоски, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме.

https://youtu.be/z87K_OxNqMo

The post Власта не го пушти народот што не е за СДСМ да присуствува на Мечкин Камен appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од Мечкин Камен го честиташе големиот македонски празник Илинден.
Ако илинденците освојуваа педа по педа, и во 1903-тата година и во 1944 –тата година макотрпно создаваа држава. Гледаме дека таа држава со забрзано темпо се руши. Илинденска и Асномска Македонија се руши. Се рушат идеалите на сите оние кои што ги дадоа своите животи за независна и обединета Македонија. Се рушат идеалите на генерации кои што сонуваа за македонска држава, со македонски јазик како официјален јазик на истата, со македонска култура, со македонска традиција и историја, со македонски корени кои што датираат векови и векови наназад, рече Николоски пред новинарите.
За жал, додаде, гледаме дека една Влада предводена од СДСМ и од ДУИ ги руши овие темели и ги руши овие корени.
Но, оттука од Крушево сакам да порачам дека Македонија и македонскиот народ се многу посилни. И никакви договори, никакви попуштања нема на ниеден начин да ја променат самобитноста на македонската национална борба. Илинденското востание е македонско, и тоа е јасно и го знаат сите, го знае цел свет. Било, е и ќе остане македонско! Исто така би сакал да се осврнам на уште една тема, гледате ние сме тука, но за жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба, порача Николоски.
Потенцираше дека СДСМ на овој начин уште еднаш покажува дека се антидржавна партија и партија која што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот. Заради ваквото партиско и политичко однесување, порача Николоски, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме. https://youtu.be/z87K_OxNqMo

The post Власта не го пушти народот што не е за СДСМ да присуствува на Мечкин Камен appeared first on Република.

]]>
Свирежите кои не се слушнаа на преносот, ама власта и тоа како ги слушна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svirezite-koi-ne-se-slushnaa-na-prenosot-ama-vlasta-i-toa-kako-gi-slushna/ Tue, 02 Aug 2022 11:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=536102

Свирежите на граѓаните на Мечкин Камен, кои МТВ ги прикри со спремно аудио:

https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-sobra-publika-ama-mtv-pak-morashe-da-pushti-muzika-za-da-ne-se-slushaat-svirezite/

The post Свирежите кои не се слушнаа на преносот, ама власта и тоа како ги слушна appeared first on Република.

]]>

Свирежите на граѓаните на Мечкин Камен, кои МТВ ги прикри со спремно аудио: https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-sobra-publika-ama-mtv-pak-morashe-da-pushti-muzika-za-da-ne-se-slushaat-svirezite/

The post Свирежите кои не се слушнаа на преносот, ама власта и тоа како ги слушна appeared first on Република.

]]>
Народот со македонски знамиња е опколен со полиција во цивил https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/narodot-so-makedonski-znaminja-e-opkolen-so-policija-vo-civil/ Tue, 02 Aug 2022 11:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=536096

The post Народот со македонски знамиња е опколен со полиција во цивил appeared first on Република.

]]>

The post Народот со македонски знамиња е опколен со полиција во цивил appeared first on Република.

]]>
Амбасадорката Брнз положи цвеќе на Меморалниот центар на АСНОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorkata-brnz-polozi-cvekje-na-memoralniot-centar-na-asnom/ Tue, 02 Aug 2022 11:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=536088

Во чест на Илинден, амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз денеска положи свежо цвеќе на Меморалниот центар на АСНОМ.

Честит Илинден! Претставници на Амбасадата, исто така, се приклучија на официјалните церемонии во Крушево и Пелинце во чест на оние кои се бореа за независност, се вели во објавата на фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во земјава.

The post Амбасадорката Брнз положи цвеќе на Меморалниот центар на АСНОМ appeared first on Република.

Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tache-sobra-publika-ama-mtv-pak-morashe-da-pushti-muzika-za-da-ne-se-slushaat-svirezite/ Tue, 02 Aug 2022 11:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=536083

„Или застанете да го одбраниме достоинството на партијата или да си одиме подома сите“ се вели во дел од пораката, за која на социјалните мрежи се тврди дека е само една од повиците кон членството на СДСМ да присуствуваат на денешното одбележување на Илинден на Мечкин Камен, каде се обраќаше премиерот Димитар Ковачевски.

Дека слични пораки и притисок имаше врз сите од партијата, потврдија многу гневни членови на СДСМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chlenovite-na-sdsm-gnevni-n-teraat-da-odime-vo-krushevo-da-mu-dademe-poddrshka-na-kovachevski/

Дел од нив, сепак се одзваа на позивот, па тргнаа кон Крушево „како стока“ - како што милува да каже претседателот Стево Пендаровски. СДСМ уверува дека „интересот на граѓаните бил голем“.

Но, сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски. Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио.

https://republika.mk/tvitovi/dzabe-ja-pojachuvate-muzikata-se-slusha-deka-ve-svirkaat/

За на премиерот да не му фали влакно, на Мечкин Камен беше ставена ограда колку што може подалеку од бината, за ако оние илјада полицајци нарачани да го чуваат не се доволно.

Порака до власта на СДСМ имаше и коњаницата која на премиерот му испрати јасна порака - „За кого – За Македонија“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ilindenskata-konjanica-protiv-severna-na-vladata-na-kovachevski-i-so-jasna-poraka-do-nego-eve-shto-mu-porachaa/

The post Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите appeared first on Република.

]]>

„Или застанете да го одбраниме достоинството на партијата или да си одиме подома сите“ се вели во дел од пораката, за која на социјалните мрежи се тврди дека е само една од повиците кон членството на СДСМ да присуствуваат на денешното одбележување на Илинден на Мечкин Камен, каде се обраќаше премиерот Димитар Ковачевски. Дека слични пораки и притисок имаше врз сите од партијата, потврдија многу гневни членови на СДСМ. https://republika.mk/vesti/makedonija/chlenovite-na-sdsm-gnevni-n-teraat-da-odime-vo-krushevo-da-mu-dademe-poddrshka-na-kovachevski/ Дел од нив, сепак се одзваа на позивот, па тргнаа кон Крушево „како стока“ - како што милува да каже претседателот Стево Пендаровски. СДСМ уверува дека „интересот на граѓаните бил голем“. Но, сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски. Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио. https://republika.mk/tvitovi/dzabe-ja-pojachuvate-muzikata-se-slusha-deka-ve-svirkaat/ За на премиерот да не му фали влакно, на Мечкин Камен беше ставена ограда колку што може подалеку од бината, за ако оние илјада полицајци нарачани да го чуваат не се доволно. Порака до власта на СДСМ имаше и коњаницата која на премиерот му испрати јасна порака - „За кого – За Македонија“. https://republika.mk/vesti/makedonija/ilindenskata-konjanica-protiv-severna-na-vladata-na-kovachevski-i-so-jasna-poraka-do-nego-eve-shto-mu-porachaa/

The post Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите appeared first on Република.

]]>
Џабе ја појачувате музиката, се слуша дека ве свиркаат https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/dzabe-ja-pojachuvate-muzikata-se-slusha-deka-ve-svirkaat/ Tue, 02 Aug 2022 11:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=536078

The post Џабе ја појачувате музиката, се слуша дека ве свиркаат appeared first on Република.

]]>

The post Џабе ја појачувате музиката, се слуша дека ве свиркаат appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Илинден е нашата сила за европска Cеверна Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ilinden-e-nashata-sila-za-evropska-ceverna-makedonija/ Tue, 02 Aug 2022 11:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=536069

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање од Мечкин Камен по повод Денот на Републиката порача дека „Илинден е нашата сила и за современа, модерна, економски развиена и европска Република Cеверна Македонија“. Даваме збор, додаде тој, дека илинденската и асномската идеја за светла и перспективна македонска иднина, ја имаат пред себе и генерациите на денешнината и од неа нема назад, има само напред.

Како илинденците и како асномците во 1944 година и денес во 2022 година во различно време но повторно заедно и повторно со иста цел пред себе, светла иднина, сигурност, и перспективи, рече Ковачевски.

Честитајќи го празникот, премиерот рече дека денеска на Мечкин Камен стоиме исправено во чест на нашето минато и оддаваме длабока почит на илинденците кои пред повеќе од еден век ја создадоа Крушевската република заснована врз длабоки демократски принципи и еднаквост „и даваме збор, идејата илинденска и асномска за светла и перспективна македонска иднина и генерациите на денешнината ја имаат пред себе и од неа нема назад, има само напред“.

Водени од погледот кон иднината на илинденците и асномците создадовме слободна, суверена, независна и самостојна Македонија со сопствен и неоспорен идентитет. Уште одѕвонуваат зборовите на нашиот претседател Киро Глигоров од таа вечер: Ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија со којшто е објавено и потврдено на сонот за слободна и самостојна држава, рече, меѓу другото премиерот.

Овие зборови, посочи, ќе останат запаметени во историскиот континуитет на македонската држава. Премиерот исто така нагласи дека водени од заедничката борба во која животи се положувале за сестрите и браќата од сите народи на ова парче земја, се обединивме од сите етнички заедници во едно и еднакво општество за сите.

На Мечкин Камен, во рамки на одбележувањето, цвеќе положија бројни делегации.

The post Ковачевски: Илинден е нашата сила за европска Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање од Мечкин Камен по повод Денот на Републиката порача дека „Илинден е нашата сила и за современа, модерна, економски развиена и европска Република Cеверна Македонија“. Даваме збор, додаде тој, дека илинденската и асномската идеја за светла и перспективна македонска иднина, ја имаат пред себе и генерациите на денешнината и од неа нема назад, има само напред.
Како илинденците и како асномците во 1944 година и денес во 2022 година во различно време но повторно заедно и повторно со иста цел пред себе, светла иднина, сигурност, и перспективи, рече Ковачевски.
Честитајќи го празникот, премиерот рече дека денеска на Мечкин Камен стоиме исправено во чест на нашето минато и оддаваме длабока почит на илинденците кои пред повеќе од еден век ја создадоа Крушевската република заснована врз длабоки демократски принципи и еднаквост „и даваме збор, идејата илинденска и асномска за светла и перспективна македонска иднина и генерациите на денешнината ја имаат пред себе и од неа нема назад, има само напред“.
Водени од погледот кон иднината на илинденците и асномците создадовме слободна, суверена, независна и самостојна Македонија со сопствен и неоспорен идентитет. Уште одѕвонуваат зборовите на нашиот претседател Киро Глигоров од таа вечер: Ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија со којшто е објавено и потврдено на сонот за слободна и самостојна држава, рече, меѓу другото премиерот.
Овие зборови, посочи, ќе останат запаметени во историскиот континуитет на македонската држава. Премиерот исто така нагласи дека водени од заедничката борба во која животи се положувале за сестрите и браќата од сите народи на ова парче земја, се обединивме од сите етнички заедници во едно и еднакво општество за сите. На Мечкин Камен, во рамки на одбележувањето, цвеќе положија бројни делегации.

The post Ковачевски: Илинден е нашата сила за европска Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>
Илинденската коњаница против Северна на владата на Ковачевски и со јасна порака до него, еве што му порачаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilindenskata-konjanica-protiv-severna-na-vladata-na-kovachevski-i-so-jasna-poraka-do-nego-eve-shto-mu-porachaa/ Tue, 02 Aug 2022 10:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=536058

Илинденската коњаница му испрати јасна порака на Димитар Ковачевски во Крушево „За кого – За Македонија“.

Тие јасно го изразија револтот за придавката Северна.

Денес е Денот на Републиката, а во Крушево се одбележуваат 119 години од првиот Илинден.

The post Илинденската коњаница против Северна на владата на Ковачевски и со јасна порака до него, еве што му порачаа appeared first on Република.

]]>

Илинденската коњаница му испрати јасна порака на Димитар Ковачевски во Крушево „За кого – За Македонија“. Тие јасно го изразија револтот за придавката Северна. Денес е Денот на Републиката, а во Крушево се одбележуваат 119 години од првиот Илинден.

The post Илинденската коњаница против Северна на владата на Ковачевски и со јасна порака до него, еве што му порачаа appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Македонија треба да го поврати изгубеното, народот да не наседнува на лагите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се гаранција дека ќе нема уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-makedonija-treba-da-go-povrati-izgubenoto-narodot-da-ne-nasednuva-na-lagite-na-sdsm-vmro-dpmne-i-koalicijata-se-garancija-deka-kje-nema-ustavni-izmeni/ Tue, 02 Aug 2022 10:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=536053

Драги пријатели, браќа и сестри,

Честит Илинден!

Честит нека ни е најголемиот македонски празник – Свети Илија, Илинден!

Нека е вечен споменот на комитите, на партизаните, на тие снажни мажишта и жени кои се бореа за нашата слобода, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор по повод одбележувањето на најголемиот празник на Македонија, Илинден.

Епска е нашата столетна борба за слобода во која се нижеа падови, но и победи, една ретка крвава драма, почна со страдања, горчина, треперења и мирис на барут кој подеднакво ја пратеше и нашата копнеж за слобода и верувањето во идеалите.

Првиот Илинден е светол, иако Крушевската Република беше крваво задушена, а неуспехот да се ослободиме беше страдањето кое Македонците го прифатија и се носеа со него затоа што не престанаа да веруваат. А, знаеја дека таа борба за своја држава вреди, а успехот дојде четириесетина години по првиот Илинден, оделотворен во Асномска Македонија, Македонија на Ченто, на Петре Пирузе, на Михајло Апостолски, една цела плејада на херои кои ја креваа главата гордо високо, кога многумина им велеа дека треба да клечат. Но ваквата историска читанка ни вели дека Македонија и Македонците секогаш без оглед и на периодите на очигледна слабост на капацитетот на елитите да водат во дадените моменти, раѓала поединци чии дела ечеле во немиот простор на суровата реалност на беспаќата, обезнадеженоста на духот на нацијата и безволноста да се продолжи борбата. Тие поединци ја правеле разликата од останатите и биле примерот во кој народот верувал и по кој тргнувал во борба да го отсонува својот сопствен сон. Овие татковци на нацијата ја пишуваа нашата историја и го водеа нашиот народ. И тие не клечеа, не се колебаа, не тргуваа со светите работи за нашата кауза. Нивните имиња денес ги изговараме со особено чувство на почит и со трепет во нашите срца, затоа што тие веруваа во идејата која многумина се откажуваа. Ако некој се сомнева во нивната припадност, за тоа кои биле и што биле, нивните коски се расфрлани насекаде низ оваа земја и тие извираат и живеат во нашите сеќавања, во раскажувањата на генерациите кои доаѓаат потоа, а нивната слава е неизбришлива. Делата на овие луѓе ја создаваа Македонија и затоа нејзиното постоење нема цена, и ако прашањето е на што сме подготвени да направиме за да Македонија опстои треба да знаат дека ќе ја платиме секоја цена за да го зачуваме непроценливото, а тоа е нашата Македонија - рече Мицкоски.

Она што денес ни се случува со нашата Македонија е едно историско дежа ву на сите аспирации на дел од соседите кои безмалку во различни облици не прателе како проклетство низ вековите. Не е проблем што тие удираат, но болката е што одвнатре Македонија е распродавана.

И тука немаме ние некаков идеолошки судир, туку постои математичка пресметливост на владејачката елита која преку трговијата со најскапото ја задржува власта. Власта за мене е одговорност да се води, власта за оваа моментална елита е да ја крадат нашата Македонија. И затоа во овие пет години оваа власт е најразорната атомска катастрофа која Македонија во не само економски, туку политички контекст ја уназади децениски, правејќи штета по нашите стратешки позиции за кои ќе бидат потребни нови децении заедничка битка да се повратат. И кога тргуваа со заедничкото за нивна лична корист, го убиваа духот на Македонецот, го убиваа тој ентузијазам за новата држава кој полека прерасна во разочарувања, го убиваа сонот на тие момчиња и девојки кои ги вееја македонските сонца тој 8-ми Септември, ја убиваа секоја надеж дека можеме поинаку, секој план, секоја прогресивна размисла за потрага по колективната среќа која без исклучок завршуваше со желбата да бидеме признаени Македонци од Македонија како дел од Европското семејство на рамноправни народи. И сега кој е повеќе за Европската Унија? Ние кои треперевме за идејата да имаме своја независна и суверена држава Македонија која ќе биде дел од семејството на Европската Унија, со зачувано достоинство, име и идентитет, или овие кои сега ја водат земјата, а кои нема европска вредност која не ја погазија, поплукаа, или идентитетска вредност која не ја начнаа или истргуваа само со една цел за да продолжат со богатење на грбот на народот и неговата колективна несреќа - нагласи Мицкоски.

Тој говореше и за стратегијата на власта преку која сака да постигне две значајни цели за нив.

Првата, да ја обвини Европската Унија и меѓународната заедница дека тие се виновни за ова што и се случува денес на Македонија, а не неспособноста, поданичкиот и предавнички карактер на власта и втората цел е да го нападне ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека недоволно се бори за македонскиот национален идентитет. Сигурно си го поставувате прашањето како тие би ја реализирале првата цел, кога вакви политичари, безрбетници кои коленичат каде стигнат, Македонија нема ниту чуено ниту видено во својата независност? Ќе ве потсетам драги пријатели, браќа и сестри на нападите во медиумите од страна на владините гласноговорници кон поранешниот француски амбасадор, г-динот Тимоние кога Франција бараше измена на претпристапната методологија, или пак месеците потоа кога цела Европска Унија и врвните политичари од ЕУ беа виновни затоа што добивавме вето. Тоа е инженерингот што криминалната власта изминативе години го правеше. Преку платените гласноговорници обвинуваа и ја убедуваа јавноста дека ЕУ ни е виновна за неправдата создавајќи преку таквата кампања во народот гнев и недоверба кон ЕУ, а позади завесата го подготвуваа завршниот чин на предавството кое го завршија оваа година и се разбира во целиот тој период не престанаа да крадат и да го пљачкосуваат народот. Втората е да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека недоволно се бори за македонскиот национален идентитет преку сопствените инсталации во опозицијата и помеѓу македонскиот народ, а кои се ништо повеќе од полу свет за кој ќе зборувам малку подоцна. Не смееме браќа и сестри да конзумираме од измамите на власта и нивните лакеи во опозицијата. Не е виновна ЕУ за ова што денес и се случува на Македонија и македонскиот народ, виновникот има име и презиме, Пендаровски, Ковачевски, Османи, Заев итн..., а политичката партија која што е извор на сите овие порази и предавства има име и се вика Социјалдемократски Сојуз на Македонија или СДСМ. Драги пријатели, недалеку од овде има три фабрики кои потекнуваат од ЕУ и илјадници наши сограѓани своите семејства ги хранат, директно или индиректно работејќи во или со тие фабрики. Илјадници граѓани на ЕУ годишниот одмор го поминуваат недалеку од овде на охридско/струшкото крајбрежје, да бидеме супер домаќини, чесни и честити како што може Македонецот да биде, вредни и скромни, секогаш пријателски расположени, па следната година да ги убедиме повеќе туристи од ЕУ да не посетат. Ве молам да не дозволиме на инсталациите на власта, тие лакеи во форма на полусвет да не поделат и фрагментираат. Тие се платени со вашите пари, вашите крадени пари или пак се уценети и чекаат милост од власта. Ќе си го поставите прашањето, кој е излезот? Излезот е избори и мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во парламентот како гаранција дека Македонија ќе го врати загубеното. Тоа е единствениот пат - рече Мицкоски.

А колку реално им значи народот се гледа по тоа колку прифаќаат да го чујат неговото мислење. Референдумот за отфрлање на асимилацијата која тие ја прифатија, е добра можност оваа елита да покаже колку го вреднува ставот на народот дури и тогаш кога поинаку мисли од него. Бегството од референдум на владата е бегство од народот и доказ за тоа колку големо предавство прават на својата земја и на својот народ. Референдумот е огледалото на нивната немоќ, на нивниот морален хазард, и за тоа како бегајќи од референдум сакаат преку трупа, жедни преку езеро, на мала врата да го пренесат народот без да имаат обѕири за тоа каква катастрофа прифаќаат. Јавно повикувам да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и на народот да му дадеме шанса да донесе одлука. И сакам тука да потенцирам уште еднашка по кој знае кој пат, народот да биде спокоен, без оглед на тоа што ќе смисли оваа власт како опструкција или отпор за референдумот, гаранцијата, блокадата и чувањето на уставот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се факт и тоа останува. Нема промена на уставот под овие околности, по ниту една цена.

Тој порача дека не смее да постои разочарување ниту пак губење на надежта.

Поединците за кои на почетокот зборев, не ја губеле вербата и во најтешките времиња воделе храбро. Таквите тивки херои постојат и денес и тие се, тие се нашата надеж. И таквите луѓе се секој еден од вас кој со искрено срце ја сака Македонија и посакува државата да престане да губи. Вие-врз чии плеќи се крепи државата и кои не барате ништо повеќе од само малку достоинство и изгледи за иднина. И знам дека ги живееме најтешките времиња од независноста до денес, но работите никогаш не биле појасни. Во периодот што следи власта ќе продолжи да крева прашина, димни облаци за тоа дека тие биле проЕУ, а сите кои не се како нив одработувале за трети држави. Сум чул во политиката многу манипулации, ама ова е некако најпровидната лага до сега. Од крадци како овие на власт европејци не бива. Втората работа која ќе се обидат да ја прават е да не прикажат за радикали и да внесат етнички поделби. Не верувајте ниту во ова. Нашата љубов кон Македонија не значи омраза кон некој друг туку подадена рака кон секого заеднички да се бориме против власта која носи проблеми кои се исти за сите, впрочем патриотизмот не значи национализам. За овие намери на власта задолжени се оние инсталации кои треба да се преставуваат како се друго, само не она што навистина се, а тоа е продолжена рака на власта на ДУИ и СДС. Тие инсталации се најподлите, или што би рекол Прличев в лице светци, в срце в’лци. Таквиот полу свет дебело финансиран или уценет од власта има за цел да внесува раздор во македонското ткиво, да стимулира жолт печат и невистини, да создава експлозија од ниски страсти и да одвлекува внимание. Со други зборови тој полу свет на СДС и ДУИ постои за да се занимавате со ВМРО-ДПМНЕ за да не се види дебаклот на власта. Тој полу свет се отпадоците на власта, најдобрите чираци на срамното сценарио на релативизрање и рушење на секаков отпор. Една шака платеници, друга шака уценети одработувачи кои ќе сакаат да внесат сомнеж во секој еден кој се бори против предавствата и болната реалност. Бидете претпазливи, тие не се моќни за победа, но имаат сила да внесуваат сомнеж во секоја прогресивна сила која се бори за Македонија. Најдобриот одговор на сето ова е обединувањето. Затоа колку тие ќе се обидуваат да фрагментираат, да не поделат ние треба да се обединиме. И тоа обединување да е на една принципиелна основа каде подаваме рака кон секому на кој Македонија му е на прво место и секоја друга наша разлика е помала од оваа наша појдовна основа и мотив. Да бидеме сите како едно. Затоа одговорот на поделеноста и фрагментирањето е обединувањето, национално, политички. Обединети партии, здруженија, синдикати, поединци и организации, сите против оваа корумпирана ненародна и предавничка власт предводена од СДСМ и ДУИ. Сите против оние кои ја одземаат колективната среќа и иднина. Обединување заосновано на нашиот сон за Македонија - порача Мицкоски.

Да ја вратиме енергијата, да ја вратиме Македонија. Да го вратиме изгубеното и да создаваме иднина. И да можно е сето ова. Како што и илинденците не се откажаа.

И не заборавајте, имаше прв, имаше втор Илинден, третиот Илинден беше 8 Септември 91та, да се избориме за уште еден нов Илинден каде ќе имаме победа на Македонија над сите неправди, инсталации, и сили кои не влечат надоле. Илинден не учи дека нема откажување и дека борбата е константа, а љубовта кон татковината најголема сила. Затоа и Македонија ќе победи и ќе одиме напред. Пламенот е разгорен, промените ќе се случат.

Честит Илинден Македонијо!

Македонија е вечна!

Да сте живи и здрави!, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски: Македонија треба да го поврати изгубеното, народот да не наседнува на лагите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се гаранција дека ќе нема уставни измени appeared first on Република.

]]>

Драги пријатели, браќа и сестри, Честит Илинден! Честит нека ни е најголемиот македонски празник – Свети Илија, Илинден! Нека е вечен споменот на комитите, на партизаните, на тие снажни мажишта и жени кои се бореа за нашата слобода, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор по повод одбележувањето на најголемиот празник на Македонија, Илинден. Епска е нашата столетна борба за слобода во која се нижеа падови, но и победи, една ретка крвава драма, почна со страдања, горчина, треперења и мирис на барут кој подеднакво ја пратеше и нашата копнеж за слобода и верувањето во идеалите.
Првиот Илинден е светол, иако Крушевската Република беше крваво задушена, а неуспехот да се ослободиме беше страдањето кое Македонците го прифатија и се носеа со него затоа што не престанаа да веруваат. А, знаеја дека таа борба за своја држава вреди, а успехот дојде четириесетина години по првиот Илинден, оделотворен во Асномска Македонија, Македонија на Ченто, на Петре Пирузе, на Михајло Апостолски, една цела плејада на херои кои ја креваа главата гордо високо, кога многумина им велеа дека треба да клечат. Но ваквата историска читанка ни вели дека Македонија и Македонците секогаш без оглед и на периодите на очигледна слабост на капацитетот на елитите да водат во дадените моменти, раѓала поединци чии дела ечеле во немиот простор на суровата реалност на беспаќата, обезнадеженоста на духот на нацијата и безволноста да се продолжи борбата. Тие поединци ја правеле разликата од останатите и биле примерот во кој народот верувал и по кој тргнувал во борба да го отсонува својот сопствен сон. Овие татковци на нацијата ја пишуваа нашата историја и го водеа нашиот народ. И тие не клечеа, не се колебаа, не тргуваа со светите работи за нашата кауза. Нивните имиња денес ги изговараме со особено чувство на почит и со трепет во нашите срца, затоа што тие веруваа во идејата која многумина се откажуваа. Ако некој се сомнева во нивната припадност, за тоа кои биле и што биле, нивните коски се расфрлани насекаде низ оваа земја и тие извираат и живеат во нашите сеќавања, во раскажувањата на генерациите кои доаѓаат потоа, а нивната слава е неизбришлива. Делата на овие луѓе ја создаваа Македонија и затоа нејзиното постоење нема цена, и ако прашањето е на што сме подготвени да направиме за да Македонија опстои треба да знаат дека ќе ја платиме секоја цена за да го зачуваме непроценливото, а тоа е нашата Македонија - рече Мицкоски.
Она што денес ни се случува со нашата Македонија е едно историско дежа ву на сите аспирации на дел од соседите кои безмалку во различни облици не прателе како проклетство низ вековите. Не е проблем што тие удираат, но болката е што одвнатре Македонија е распродавана.
И тука немаме ние некаков идеолошки судир, туку постои математичка пресметливост на владејачката елита која преку трговијата со најскапото ја задржува власта. Власта за мене е одговорност да се води, власта за оваа моментална елита е да ја крадат нашата Македонија. И затоа во овие пет години оваа власт е најразорната атомска катастрофа која Македонија во не само економски, туку политички контекст ја уназади децениски, правејќи штета по нашите стратешки позиции за кои ќе бидат потребни нови децении заедничка битка да се повратат. И кога тргуваа со заедничкото за нивна лична корист, го убиваа духот на Македонецот, го убиваа тој ентузијазам за новата држава кој полека прерасна во разочарувања, го убиваа сонот на тие момчиња и девојки кои ги вееја македонските сонца тој 8-ми Септември, ја убиваа секоја надеж дека можеме поинаку, секој план, секоја прогресивна размисла за потрага по колективната среќа која без исклучок завршуваше со желбата да бидеме признаени Македонци од Македонија како дел од Европското семејство на рамноправни народи. И сега кој е повеќе за Европската Унија? Ние кои треперевме за идејата да имаме своја независна и суверена држава Македонија која ќе биде дел од семејството на Европската Унија, со зачувано достоинство, име и идентитет, или овие кои сега ја водат земјата, а кои нема европска вредност која не ја погазија, поплукаа, или идентитетска вредност која не ја начнаа или истргуваа само со една цел за да продолжат со богатење на грбот на народот и неговата колективна несреќа - нагласи Мицкоски.
Тој говореше и за стратегијата на власта преку која сака да постигне две значајни цели за нив.
Првата, да ја обвини Европската Унија и меѓународната заедница дека тие се виновни за ова што и се случува денес на Македонија, а не неспособноста, поданичкиот и предавнички карактер на власта и втората цел е да го нападне ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека недоволно се бори за македонскиот национален идентитет. Сигурно си го поставувате прашањето како тие би ја реализирале првата цел, кога вакви политичари, безрбетници кои коленичат каде стигнат, Македонија нема ниту чуено ниту видено во својата независност? Ќе ве потсетам драги пријатели, браќа и сестри на нападите во медиумите од страна на владините гласноговорници кон поранешниот француски амбасадор, г-динот Тимоние кога Франција бараше измена на претпристапната методологија, или пак месеците потоа кога цела Европска Унија и врвните политичари од ЕУ беа виновни затоа што добивавме вето. Тоа е инженерингот што криминалната власта изминативе години го правеше. Преку платените гласноговорници обвинуваа и ја убедуваа јавноста дека ЕУ ни е виновна за неправдата создавајќи преку таквата кампања во народот гнев и недоверба кон ЕУ, а позади завесата го подготвуваа завршниот чин на предавството кое го завршија оваа година и се разбира во целиот тој период не престанаа да крадат и да го пљачкосуваат народот. Втората е да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека недоволно се бори за македонскиот национален идентитет преку сопствените инсталации во опозицијата и помеѓу македонскиот народ, а кои се ништо повеќе од полу свет за кој ќе зборувам малку подоцна. Не смееме браќа и сестри да конзумираме од измамите на власта и нивните лакеи во опозицијата. Не е виновна ЕУ за ова што денес и се случува на Македонија и македонскиот народ, виновникот има име и презиме, Пендаровски, Ковачевски, Османи, Заев итн..., а политичката партија која што е извор на сите овие порази и предавства има име и се вика Социјалдемократски Сојуз на Македонија или СДСМ. Драги пријатели, недалеку од овде има три фабрики кои потекнуваат од ЕУ и илјадници наши сограѓани своите семејства ги хранат, директно или индиректно работејќи во или со тие фабрики. Илјадници граѓани на ЕУ годишниот одмор го поминуваат недалеку од овде на охридско/струшкото крајбрежје, да бидеме супер домаќини, чесни и честити како што може Македонецот да биде, вредни и скромни, секогаш пријателски расположени, па следната година да ги убедиме повеќе туристи од ЕУ да не посетат. Ве молам да не дозволиме на инсталациите на власта, тие лакеи во форма на полусвет да не поделат и фрагментираат. Тие се платени со вашите пари, вашите крадени пари или пак се уценети и чекаат милост од власта. Ќе си го поставите прашањето, кој е излезот? Излезот е избори и мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во парламентот како гаранција дека Македонија ќе го врати загубеното. Тоа е единствениот пат - рече Мицкоски.
А колку реално им значи народот се гледа по тоа колку прифаќаат да го чујат неговото мислење. Референдумот за отфрлање на асимилацијата која тие ја прифатија, е добра можност оваа елита да покаже колку го вреднува ставот на народот дури и тогаш кога поинаку мисли од него. Бегството од референдум на владата е бегство од народот и доказ за тоа колку големо предавство прават на својата земја и на својот народ. Референдумот е огледалото на нивната немоќ, на нивниот морален хазард, и за тоа како бегајќи од референдум сакаат преку трупа, жедни преку езеро, на мала врата да го пренесат народот без да имаат обѕири за тоа каква катастрофа прифаќаат. Јавно повикувам да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и на народот да му дадеме шанса да донесе одлука. И сакам тука да потенцирам уште еднашка по кој знае кој пат, народот да биде спокоен, без оглед на тоа што ќе смисли оваа власт како опструкција или отпор за референдумот, гаранцијата, блокадата и чувањето на уставот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се факт и тоа останува. Нема промена на уставот под овие околности, по ниту една цена. Тој порача дека не смее да постои разочарување ниту пак губење на надежта.
Поединците за кои на почетокот зборев, не ја губеле вербата и во најтешките времиња воделе храбро. Таквите тивки херои постојат и денес и тие се, тие се нашата надеж. И таквите луѓе се секој еден од вас кој со искрено срце ја сака Македонија и посакува државата да престане да губи. Вие-врз чии плеќи се крепи државата и кои не барате ништо повеќе од само малку достоинство и изгледи за иднина. И знам дека ги живееме најтешките времиња од независноста до денес, но работите никогаш не биле појасни. Во периодот што следи власта ќе продолжи да крева прашина, димни облаци за тоа дека тие биле проЕУ, а сите кои не се како нив одработувале за трети држави. Сум чул во политиката многу манипулации, ама ова е некако најпровидната лага до сега. Од крадци како овие на власт европејци не бива. Втората работа која ќе се обидат да ја прават е да не прикажат за радикали и да внесат етнички поделби. Не верувајте ниту во ова. Нашата љубов кон Македонија не значи омраза кон некој друг туку подадена рака кон секого заеднички да се бориме против власта која носи проблеми кои се исти за сите, впрочем патриотизмот не значи национализам. За овие намери на власта задолжени се оние инсталации кои треба да се преставуваат како се друго, само не она што навистина се, а тоа е продолжена рака на власта на ДУИ и СДС. Тие инсталации се најподлите, или што би рекол Прличев в лице светци, в срце в’лци. Таквиот полу свет дебело финансиран или уценет од власта има за цел да внесува раздор во македонското ткиво, да стимулира жолт печат и невистини, да создава експлозија од ниски страсти и да одвлекува внимание. Со други зборови тој полу свет на СДС и ДУИ постои за да се занимавате со ВМРО-ДПМНЕ за да не се види дебаклот на власта. Тој полу свет се отпадоците на власта, најдобрите чираци на срамното сценарио на релативизрање и рушење на секаков отпор. Една шака платеници, друга шака уценети одработувачи кои ќе сакаат да внесат сомнеж во секој еден кој се бори против предавствата и болната реалност. Бидете претпазливи, тие не се моќни за победа, но имаат сила да внесуваат сомнеж во секоја прогресивна сила која се бори за Македонија. Најдобриот одговор на сето ова е обединувањето. Затоа колку тие ќе се обидуваат да фрагментираат, да не поделат ние треба да се обединиме. И тоа обединување да е на една принципиелна основа каде подаваме рака кон секому на кој Македонија му е на прво место и секоја друга наша разлика е помала од оваа наша појдовна основа и мотив. Да бидеме сите како едно. Затоа одговорот на поделеноста и фрагментирањето е обединувањето, национално, политички. Обединети партии, здруженија, синдикати, поединци и организации, сите против оваа корумпирана ненародна и предавничка власт предводена од СДСМ и ДУИ. Сите против оние кои ја одземаат колективната среќа и иднина. Обединување заосновано на нашиот сон за Македонија - порача Мицкоски.
Да ја вратиме енергијата, да ја вратиме Македонија. Да го вратиме изгубеното и да создаваме иднина. И да можно е сето ова. Како што и илинденците не се откажаа. И не заборавајте, имаше прв, имаше втор Илинден, третиот Илинден беше 8 Септември 91та, да се избориме за уште еден нов Илинден каде ќе имаме победа на Македонија над сите неправди, инсталации, и сили кои не влечат надоле. Илинден не учи дека нема откажување и дека борбата е константа, а љубовта кон татковината најголема сила. Затоа и Македонија ќе победи и ќе одиме напред. Пламенот е разгорен, промените ќе се случат. Честит Илинден Македонијо! Македонија е вечна! Да сте живи и здрави!, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.