Илијана Иванова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilijana-ivanova/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 09:49:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илијана Иванова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilijana-ivanova/ 32 32 Еврокомесарката Иванова: Бугарија губи европски пари затоа што нема стабилна Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/evrokomesarkata-ivanova-bugarija-gubi-evropski-pari-zatoa-shto-nema-stabilna-vlada/ Tue, 16 Jul 2024 09:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=797301

Поради тоа што нема стабилна политичка Влада, Бугарија се соочува со реален ризик да остане без средства предвидени со Планот за закрепнување на ЕУ, предупреди еврокомесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова.

- Немањето редовна Влада нема да влијание добро врз позицијата на Бугарија во Европа, изјави бугарската еврокомесарка Иванова во интервју за софиската телевизија бТВ.

Иванова потенцира дека во рамки на Планот за закрепнување на ЕУ, Бугарија би можела да добие вкупно 5,69 милијарди евра, но поради политичката состојба во земјата постои реален ризик да загуби дел од овие средства.

Поради застој во спроведување на реформите и неусвојувањето на некои закони како резултат на серијата предвремени избори и фактот што со земјата раководат технички Влади, Европската комисија досега исплати само една транша во рамки на Планот, иако Бугарија според планираното требаше да добие средства од четири транши.

Според Иванова, тоа што нема стабилна редовна Влада, покрај на доцнење во исплатата на средства од ЕУ фондовите, може да влијае и врз процесот на приклучување на Бугарија кон Еврозоната.

- Многу е пожелно да има стабилна Влада која дава јасни сигнали и соработува со европските партнери на Бугарија, нагласи Иванова, изразувајќи надеж дека наскоро земјата ќе добие редовна Влада.

Бугарија се соочува со одржување на седми по ред предвремени избори во последниве нешто повеќе од три години, доколку не успеат обидите за формирање политичка Влада по последните избори одржани на 9 јуни.

Поради тоа што нема редовна политичка Влада, Бугарија се уште го нема предложено ниту кандидатот за еврокомесар во идната Европска комисија

The post Еврокомесарката Иванова: Бугарија губи европски пари затоа што нема стабилна Влада appeared first on Република.

]]>

Поради тоа што нема стабилна политичка Влада, Бугарија се соочува со реален ризик да остане без средства предвидени со Планот за закрепнување на ЕУ, предупреди еврокомесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова.
- Немањето редовна Влада нема да влијание добро врз позицијата на Бугарија во Европа, изјави бугарската еврокомесарка Иванова во интервју за софиската телевизија бТВ.
Иванова потенцира дека во рамки на Планот за закрепнување на ЕУ, Бугарија би можела да добие вкупно 5,69 милијарди евра, но поради политичката состојба во земјата постои реален ризик да загуби дел од овие средства. Поради застој во спроведување на реформите и неусвојувањето на некои закони како резултат на серијата предвремени избори и фактот што со земјата раководат технички Влади, Европската комисија досега исплати само една транша во рамки на Планот, иако Бугарија според планираното требаше да добие средства од четири транши. Според Иванова, тоа што нема стабилна редовна Влада, покрај на доцнење во исплатата на средства од ЕУ фондовите, може да влијае и врз процесот на приклучување на Бугарија кон Еврозоната.
- Многу е пожелно да има стабилна Влада која дава јасни сигнали и соработува со европските партнери на Бугарија, нагласи Иванова, изразувајќи надеж дека наскоро земјата ќе добие редовна Влада.
Бугарија се соочува со одржување на седми по ред предвремени избори во последниве нешто повеќе од три години, доколку не успеат обидите за формирање политичка Влада по последните избори одржани на 9 јуни. Поради тоа што нема редовна политичка Влада, Бугарија се уште го нема предложено ниту кандидатот за еврокомесар во идната Европска комисија

The post Еврокомесарката Иванова: Бугарија губи европски пари затоа што нема стабилна Влада appeared first on Република.

]]>
ЕП го одобри именувањето на Илијана Иванова за нов еврокомесар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ep-go-odobri-imenuvaneto-na-ilijana-ivanova-za-nov-evrokomesar/ Tue, 12 Sep 2023 12:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=681284

Европскиот парламент денеска со гласови 522 „за“, 27 „против“ и 51 „воздржани“ го одобри именувањето на Илијана Иванова за нов комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади.

Иванова е номинира за член на Европската комисија на предлог на Бугарија, на местото на Марија Габриел, која во мај се повлече од должноста за да ја преземе функцијата бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи.

Денешното гласањето за именувањето на Иванова се одржи откако минатата недела таа ја презентираше својата програма за работа пред членовите на комитетите за индустрија, истражување и енергетика и за култура и образование на Европарламентот, кои потоа дадоа позитивно мислење за нејзиното назначување.

Покрај за именувањето на Иванова, пратениците денеска гласаа и за законот за зголемена употреба на обновливите извори на енергија, за поттикнувањето на заедничката набавка за одбранбена опрема, новите правила за донации на крв, клетки и ткива од човечко потекло, за одредбите за подобрување на квалитетот на површинските и подземните води во ЕУ, како и новите географски ознаки за занаетчиски и индустриски производи.

На денешната седница на Европскиот парламент предвидена е и точка за дебата на европратениците со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозе Борел поврзана со состојбата во Западна и Централна Африка по „низата државни удари и други неодамнешни и загрижувачки случувања“ во тој регион, како и за состојбите во Турција, Белорусија и Иран и односите на Унијата со Економската заедница на Латинска Америка и Карибите.

Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот.

Во однос на Турција и Белорусија во вечерните часови е предвидено разгледување на нацрт-извештаите за овие две земји, по кои европратениците ќе гласаат на утрешното продолжение на заседанието.

Европратениците попладнево ќе дебатираат и со еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус за предлогот за подобрување на квалитетот на воздухот во ЕУ, со кој се поставуваат построги ограничувања и целни вредности за главните загадувачи до 2030 година, со цел воздухот во Унијата да не биде штетен за здравјето на луѓето, природните екосистеми и биолошката разновидност. Гласањето за овој предлогот ќе се одржи утре.

За попладне е предвидена и расправа за влијанието на украинскиот извоз на жито врз земјоделците во ЕУ, поврзана со одлуката за забрана за увоз на житни култури од Украина во Полска, Унгарија, Бугарија, Романија и Словачка, чија важност истекува на 15 септември, како и за повлекувањето на Русија од Црноморската иницијатива за житото.

Во вечерните часови е закажана дебата за новите правила за минималниот удел на поеколошки авионски горива што ќе мора да бидат достапни на аеродромите во ЕУ, како дел од напорите за намалување на емисиите на штетни гасови од страна на транспортниот сектор, по кои европратениците треба за гласаат утре.

Пред денешните гласања, за време на претпладневната дебата европратениците расправаа за соработката на ЕУ со Тунис во однос на проблемот со миграцијата во која учествуваше и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

The post ЕП го одобри именувањето на Илијана Иванова за нов еврокомесар appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент денеска со гласови 522 „за“, 27 „против“ и 51 „воздржани“ го одобри именувањето на Илијана Иванова за нов комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади. Иванова е номинира за член на Европската комисија на предлог на Бугарија, на местото на Марија Габриел, која во мај се повлече од должноста за да ја преземе функцијата бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи. Денешното гласањето за именувањето на Иванова се одржи откако минатата недела таа ја презентираше својата програма за работа пред членовите на комитетите за индустрија, истражување и енергетика и за култура и образование на Европарламентот, кои потоа дадоа позитивно мислење за нејзиното назначување. Покрај за именувањето на Иванова, пратениците денеска гласаа и за законот за зголемена употреба на обновливите извори на енергија, за поттикнувањето на заедничката набавка за одбранбена опрема, новите правила за донации на крв, клетки и ткива од човечко потекло, за одредбите за подобрување на квалитетот на површинските и подземните води во ЕУ, како и новите географски ознаки за занаетчиски и индустриски производи. На денешната седница на Европскиот парламент предвидена е и точка за дебата на европратениците со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозе Борел поврзана со состојбата во Западна и Централна Африка по „низата државни удари и други неодамнешни и загрижувачки случувања“ во тој регион, како и за состојбите во Турција, Белорусија и Иран и односите на Унијата со Економската заедница на Латинска Америка и Карибите. Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот. Во однос на Турција и Белорусија во вечерните часови е предвидено разгледување на нацрт-извештаите за овие две земји, по кои европратениците ќе гласаат на утрешното продолжение на заседанието. Европратениците попладнево ќе дебатираат и со еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус за предлогот за подобрување на квалитетот на воздухот во ЕУ, со кој се поставуваат построги ограничувања и целни вредности за главните загадувачи до 2030 година, со цел воздухот во Унијата да не биде штетен за здравјето на луѓето, природните екосистеми и биолошката разновидност. Гласањето за овој предлогот ќе се одржи утре. За попладне е предвидена и расправа за влијанието на украинскиот извоз на жито врз земјоделците во ЕУ, поврзана со одлуката за забрана за увоз на житни култури од Украина во Полска, Унгарија, Бугарија, Романија и Словачка, чија важност истекува на 15 септември, како и за повлекувањето на Русија од Црноморската иницијатива за житото. Во вечерните часови е закажана дебата за новите правила за минималниот удел на поеколошки авионски горива што ќе мора да бидат достапни на аеродромите во ЕУ, како дел од напорите за намалување на емисиите на штетни гасови од страна на транспортниот сектор, по кои европратениците треба за гласаат утре. Пред денешните гласања, за време на претпладневната дебата европратениците расправаа за соработката на ЕУ со Тунис во однос на проблемот со миграцијата во која учествуваше и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

The post ЕП го одобри именувањето на Илијана Иванова за нов еврокомесар appeared first on Република.

]]>