Илија Николовски Луј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilija-nikolovski-luj/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 17:26:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илија Николовски Луј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilija-nikolovski-luj/ 32 32 Концерт на Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-drzavniot-muzichko-baletski-uchilishten-centar-ilija-nikolovski-luj-vo-filharmonija/ Mon, 17 Oct 2022 17:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=562221

„Луј – 77 години на сцена“ е насловот на концерот кој вечерва во 20 часот ќе се одржи во Фиулхармонијата по повод патрониот празник на Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ од Скопје. Ќе настапат гудачки камерен оркестар со детски хор „Пиколо“, насоките за класичен балет, за современ танц и за традиционална музика и игра, хорот, женскиот хор и гудачки оркестар и симфонискиот оркестар.

 

The post Концерт на Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

„Луј – 77 години на сцена“ е насловот на концерот кој вечерва во 20 часот ќе се одржи во Фиулхармонијата по повод патрониот празник на Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ од Скопје. Ќе настапат гудачки камерен оркестар со детски хор „Пиколо“, насоките за класичен балет, за современ танц и за традиционална музика и игра, хорот, женскиот хор и гудачки оркестар и симфонискиот оркестар.  

The post Концерт на Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Учениците да не потклекнуваат на заканите од наставниците, а институциите да постапат против насилниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/uchenicite-da-ne-potkleknuvaat-na-zakanite-od-nastavnicite-a-instituciite-da-postapat-protiv-nasilnicite/ Wed, 10 Aug 2022 07:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=538555

Кога училиштето станува небезбедна средина во која децата се подложени на малтретирање, омаловажувања и притисоци, тоа не значи само кршење на Конвенцијата за правата на детето, туку остава долгорочни последици врз нивното здравје и понатамошниот животен развој, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци на РСМ во заедничка реакција откако медиуми објавија сведоштво на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“.

Во соопштението тие наведуваат дека ова го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошки, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците и дека досегашната пракса покажала оти институциите несоодветно или воопшто не постапуваат по пријави за деградирачко, дискриминаторно и несовесно однесување на наставници кон ученици.

– Ние од Хелсиншкиот комитет за човекови права и младинските организации – Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци имаме заедничка намера да не дозволиме и овој случај да се заборави откако ќе згасне медиумскиот интерес, туку кон прашањето да се пристапи системски. Ги охрабруваме сите ученици да пријават вакви искуства и заедно да извршиме притисок за институционално справување со овој проблем. Поради бројните проблеми со кои со соочува образовниот систем, кадарот кој ги крши основните педагошки начела и закони во својата работа несомнено придонесува за очигледната дисфункционалност на образованието, слабите резултати и трауми кај учениците. Училиштата мора да бидат безбедна средина за нивните ученици – истакнуваат во заедничкото соопштение.

Хелсиншкиот комитет информира дека веќе постапува по пријавите кои пристигнаа веднаш по објавата за музичкото училиште.

– По добиени сознанија дека професорите вршат притисоци за повлекување на сведоштвата по излегувањето на приказната во јавност, ги охрабруваме учениците да ги пријават и ваквите случувања. НМСМ, МОФ или ССРСМ ќе им помогнат на учениците да стапат во контакт со тимот за бесплатна правна помош на Хелсиншкиот комитет. Доколку сте имале слично искуство, обратете се на правниот тим во канцеларијата на улица Наум Наумовски Борче 83 во Скопје или на helkom@mhc.org.mk, +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436 – се наведува во соопштението.

The post Учениците да не потклекнуваат на заканите од наставниците, а институциите да постапат против насилниците appeared first on Република.

]]>

Кога училиштето станува небезбедна средина во која децата се подложени на малтретирање, омаловажувања и притисоци, тоа не значи само кршење на Конвенцијата за правата на детето, туку остава долгорочни последици врз нивното здравје и понатамошниот животен развој, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци на РСМ во заедничка реакција откако медиуми објавија сведоштво на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“. Во соопштението тие наведуваат дека ова го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошки, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците и дека досегашната пракса покажала оти институциите несоодветно или воопшто не постапуваат по пријави за деградирачко, дискриминаторно и несовесно однесување на наставници кон ученици.
– Ние од Хелсиншкиот комитет за човекови права и младинските организации – Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци имаме заедничка намера да не дозволиме и овој случај да се заборави откако ќе згасне медиумскиот интерес, туку кон прашањето да се пристапи системски. Ги охрабруваме сите ученици да пријават вакви искуства и заедно да извршиме притисок за институционално справување со овој проблем. Поради бројните проблеми со кои со соочува образовниот систем, кадарот кој ги крши основните педагошки начела и закони во својата работа несомнено придонесува за очигледната дисфункционалност на образованието, слабите резултати и трауми кај учениците. Училиштата мора да бидат безбедна средина за нивните ученици – истакнуваат во заедничкото соопштение.
Хелсиншкиот комитет информира дека веќе постапува по пријавите кои пристигнаа веднаш по објавата за музичкото училиште.
– По добиени сознанија дека професорите вршат притисоци за повлекување на сведоштвата по излегувањето на приказната во јавност, ги охрабруваме учениците да ги пријават и ваквите случувања. НМСМ, МОФ или ССРСМ ќе им помогнат на учениците да стапат во контакт со тимот за бесплатна правна помош на Хелсиншкиот комитет. Доколку сте имале слично искуство, обратете се на правниот тим во канцеларијата на улица Наум Наумовски Борче 83 во Скопје или на helkom@mhc.org.mk, +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436 – се наведува во соопштението.

The post Учениците да не потклекнуваат на заканите од наставниците, а институциите да постапат против насилниците appeared first on Република.

]]>
Храброста на Маја Блажевска од средното музичко училиште им даде крилја и на други жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/hrabrosta-na-maja-blazevska-od-srednoto-muzichko-uchilishte-im-dade-krilja-i-na-drugi-zrtvi-stravotni-svedoshtva-na-deca-koi-imale-niz-hodnicite-na-uzasot/ Fri, 05 Aug 2022 07:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=536926

Маја Блажевска, ученичка која завршила во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, и која одлучи да го сподели своето, како што вели таа, ужасно искуство за време на нејзините средношколски денови не остана осамена во храброста. Нејзиното „олеснување на душата“ им даде крилја и на други жртви на насилството во училиштето да си ја отворат душата и да проговорат за своите страдања. Поддршка добива и од поранешни ученици во училиштето, од соученици, но и професори од други училишта.

https://republika.mk/zivot/kariera/na-niedno-15-godishno-dete-ne-mu-posakuvam-da-slusha-glup-debela-seljak-hemiski-ekperiment-kje-te-padnam/

Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук, за која вели дека е нејзиниот најискрен текст кој го напишала, Блажевска пишува дека „ниедно дете не заслужува да биде под постојан притисок на нечие променливо расположение и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование“.

Покрај текстот, во објавата се означени ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Министерството за образование, Град Скопје и директорката на училиштето.

Во продолжение, ви ја пренесуваме нејзината објава во целост.

„Четири ужасни години. Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш ‘најубавите години’, средношколските денови и, како надарено дете и перспективен иден уметник/музичар, да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди ‘Луј’, сметам дека нема повеќе простор за молчење и страв од уцени и дека ако веќе рекламираме ‘вистински вредности’ без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за ‘Луј’ и верувам, за жал, дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики на социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете.

На ниедно 15-годишно дете не му посакувам за „добро утро“ да слуша пцовки и навреди како ‘глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак’ и куп други што ми е гад да ги набројам и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со ‘ќе те паднам година’, ‘ќе попиеш бокс’ и разноразни уцени.

Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога тоа доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали нѐ учеа да ги гледаме како ‘втори родители’. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек.

Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во ‘Луј’, не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да нѐ срушите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да нѐ нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете?

Секоја чест на малиот процент педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често ‘мета’ на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто.

Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8 до 12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од дваесетина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно нѐ туркаа со пониски оценки слушавме ‘е, па ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш’, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат.

И драга директоре Даница, пред да нѐ нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви ‘вредности’ презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите двапати пред безчувствително да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате предвид и дека можеби и ‘туѓите деца’ заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријателите и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли кој било пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе.

Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од ‘зашо така сакам бе’ и ‘е сеа ќе видиш’, сите паднати аудиции затоа што ‘него/нејзе мораа да го/ја примат’ и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате.

Не го доживувајте ова како напад, туку повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но, нема оправдувања и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени.

Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте нѐ нас ‘неблагодарните дечишта’, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите“, пишува Маја Блажевска.

Во коменарите на објавата на Маја можете да ги прочитате тажните приказни на деца, сега веќе возрасни луѓе, кои минале низ ходниците на ужасот во средното музичко училиште. Некои од нив се охрабриле и да ги наведат професорите со имиња.

Се до збор е точно, но прво да завршам, па ќе отворам уста, потврдува ученик од ова училиште во неврзан разговор за Република, но се плаши повеќе да зборува за она низ што минуваат тој и неговите другари додека е се уште во училишните клупи.

Исто така, има и коментари на поранешни ученици, кои не можат да се изначудат во што се претворило училиштето.

The post Храброста на Маја Блажевска од средното музичко училиште им даде крилја и на други жртви appeared first on Република.

]]>

Маја Блажевска, ученичка која завршила во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, и која одлучи да го сподели своето, како што вели таа, ужасно искуство за време на нејзините средношколски денови не остана осамена во храброста. Нејзиното „олеснување на душата“ им даде крилја и на други жртви на насилството во училиштето да си ја отворат душата и да проговорат за своите страдања. Поддршка добива и од поранешни ученици во училиштето, од соученици, но и професори од други училишта. https://republika.mk/zivot/kariera/na-niedno-15-godishno-dete-ne-mu-posakuvam-da-slusha-glup-debela-seljak-hemiski-ekperiment-kje-te-padnam/ Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук, за која вели дека е нејзиниот најискрен текст кој го напишала, Блажевска пишува дека „ниедно дете не заслужува да биде под постојан притисок на нечие променливо расположение и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование“. Покрај текстот, во објавата се означени ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Министерството за образование, Град Скопје и директорката на училиштето. Во продолжение, ви ја пренесуваме нејзината објава во целост.
„Четири ужасни години. Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш ‘најубавите години’, средношколските денови и, како надарено дете и перспективен иден уметник/музичар, да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди ‘Луј’, сметам дека нема повеќе простор за молчење и страв од уцени и дека ако веќе рекламираме ‘вистински вредности’ без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за ‘Луј’ и верувам, за жал, дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики на социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете. На ниедно 15-годишно дете не му посакувам за „добро утро“ да слуша пцовки и навреди како ‘глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак’ и куп други што ми е гад да ги набројам и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со ‘ќе те паднам година’, ‘ќе попиеш бокс’ и разноразни уцени. Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога тоа доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали нѐ учеа да ги гледаме како ‘втори родители’. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек. Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во ‘Луј’, не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да нѐ срушите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да нѐ нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете? Секоја чест на малиот процент педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често ‘мета’ на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто. Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8 до 12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од дваесетина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно нѐ туркаа со пониски оценки слушавме ‘е, па ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш’, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат. И драга директоре Даница, пред да нѐ нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви ‘вредности’ презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите двапати пред безчувствително да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате предвид и дека можеби и ‘туѓите деца’ заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријателите и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли кој било пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе. Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од ‘зашо така сакам бе’ и ‘е сеа ќе видиш’, сите паднати аудиции затоа што ‘него/нејзе мораа да го/ја примат’ и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате. Не го доживувајте ова како напад, туку повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но, нема оправдувања и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени. Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте нѐ нас ‘неблагодарните дечишта’, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите“, пишува Маја Блажевска.
Во коменарите на објавата на Маја можете да ги прочитате тажните приказни на деца, сега веќе возрасни луѓе, кои минале низ ходниците на ужасот во средното музичко училиште. Некои од нив се охрабриле и да ги наведат професорите со имиња.
Се до збор е точно, но прво да завршам, па ќе отворам уста, потврдува ученик од ова училиште во неврзан разговор за Република, но се плаши повеќе да зборува за она низ што минуваат тој и неговите другари додека е се уште во училишните клупи.
Исто така, има и коментари на поранешни ученици, кои не можат да се изначудат во што се претворило училиштето.

The post Храброста на Маја Блажевска од средното музичко училиште им даде крилја и на други жртви appeared first on Република.

]]>
На ниедно 15-годишно дете не му посакувам да слуша „глуп, дебела, сељак, хемиски екперимент, ќе те паднам…“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-niedno-15-godishno-dete-ne-mu-posakuvam-da-slusha-glup-debela-seljak-hemiski-ekperiment-kje-te-padnam/ Thu, 04 Aug 2022 15:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=536827

Ова е најискрениот текст што сум го напишала во животот и многу би ми значело ако одвоите 5 минути да го прочитате.

Четири ужасни години.

Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш “најубавите години”, средношколските денови, и како надарено дете, перспективен иден уметник/музичар да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди “Луј”, сметам дека нема повеќе простор за ќутење и страв од уцени, и дека ако веќе рекламираме “вистински вредности” без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за “Луј” и верувам ,за жал ,дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики по социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете.

На ниедно 15 годишно дете не му посакувам за добро утро да слуша пцовки и навреди како глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак и куп други што ми е гад да ги набројам, и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со “ќе те паднам година”, “ќе попиеш бокс” и разноразни уцени.

Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали не учеа да ги гледаме како “втори родители”. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек.

Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во “Луј” не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да не оборите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да не нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете? Секоја чест на малиот процент на педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често “мета” на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто.

Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8-12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од 20тина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно не туркаа со пониски оценки слушавме “епа ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш”, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат.
И драга директоре Danica, пред да не нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви “вредности” презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите два пати пред безосетно да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате во предвид и дека можеби и “туѓите деца” заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријатели и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли било кој пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе.

Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од “зашо така сакам бе” и “е сеа ќе видиш”, сите паднати аудиции затоа што “него/нејзе мораа да го/ја примат” и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате.

Не го доживувајте ова како напад, повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но , нема оправдувања, и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени.

Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте не нас “неблагодарните дечишта”, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите.

Со љубов❤️

Фејсбук-статус на Маја Блажевска

The post На ниедно 15-годишно дете не му посакувам да слуша „глуп, дебела, сељак, хемиски екперимент, ќе те паднам…“ appeared first on Република.

]]>

Ова е најискрениот текст што сум го напишала во животот и многу би ми значело ако одвоите 5 минути да го прочитате. Четири ужасни години. Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш “најубавите години”, средношколските денови, и како надарено дете, перспективен иден уметник/музичар да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди “Луј”, сметам дека нема повеќе простор за ќутење и страв од уцени, и дека ако веќе рекламираме “вистински вредности” без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за “Луј” и верувам ,за жал ,дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики по социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете. На ниедно 15 годишно дете не му посакувам за добро утро да слуша пцовки и навреди како глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак и куп други што ми е гад да ги набројам, и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со “ќе те паднам година”, “ќе попиеш бокс” и разноразни уцени. Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали не учеа да ги гледаме како “втори родители”. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек. Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во “Луј” не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да не оборите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да не нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете? Секоја чест на малиот процент на педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често “мета” на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто. Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8-12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од 20тина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно не туркаа со пониски оценки слушавме “епа ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш”, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат. И драга директоре Danica, пред да не нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви “вредности” презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите два пати пред безосетно да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате во предвид и дека можеби и “туѓите деца” заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријатели и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли било кој пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе. Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од “зашо така сакам бе” и “е сеа ќе видиш”, сите паднати аудиции затоа што “него/нејзе мораа да го/ја примат” и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате. Не го доживувајте ова како напад, повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но , нема оправдувања, и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени. Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте не нас “неблагодарните дечишта”, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите. Со љубов❤️ Фејсбук-статус на Маја Блажевска

The post На ниедно 15-годишно дете не му посакувам да слуша „глуп, дебела, сељак, хемиски екперимент, ќе те паднам…“ appeared first on Република.

]]>
Во Сарај се отвара дисперзирана паралелка на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за основно музичко образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-saraj-se-otvara-disperzirana-paralelka-na-dmbuc-ilija-nikolovski-luj-za-osnovno-muzichko-obrazovanie/ Wed, 06 Jul 2022 13:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=524827

Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски - Луј“ чии простории се наоѓаат во центарот на Скопје, од учебната 2022-2023 година ќе има дисперзирана паралелка за основно музичко образование во општина Сарај.

Паралелката се отвора по барање и на иницијатива на родителите и училиштето, со согласност од Министерството за образование и наука и општина Сарај и истата ќе функционира во склоп на основното општинско училиште „Дитурија“.

Иницијативата е покрената со цел да се излезе во пресрет на младите од оваа општина, кои секоја година покажуваат поголем интерес за вклучување во музичкото образование. Во новата учебна 2022-2023 вкупно 8 ученици се запишаа во државниот музичко балетски училишен центар, но наместо секојдневно да патуваат, а воедно и со цел да се намалат трошоците и грижите на нивните семејства, тие наставата ќе ја следат во својата општина и населено место, соопштија од МОН.

 

The post Во Сарај се отвара дисперзирана паралелка на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за основно музичко образование appeared first on Република.

]]>

Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски - Луј“ чии простории се наоѓаат во центарот на Скопје, од учебната 2022-2023 година ќе има дисперзирана паралелка за основно музичко образование во општина Сарај. Паралелката се отвора по барање и на иницијатива на родителите и училиштето, со согласност од Министерството за образование и наука и општина Сарај и истата ќе функционира во склоп на основното општинско училиште „Дитурија“.
Иницијативата е покрената со цел да се излезе во пресрет на младите од оваа општина, кои секоја година покажуваат поголем интерес за вклучување во музичкото образование. Во новата учебна 2022-2023 вкупно 8 ученици се запишаа во државниот музичко балетски училишен центар, но наместо секојдневно да патуваат, а воедно и со цел да се намалат трошоците и грижите на нивните семејства, тие наставата ќе ја следат во својата општина и населено место, соопштија од МОН.
 

The post Во Сарај се отвара дисперзирана паралелка на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за основно музичко образование appeared first on Република.

]]>