Илхан Ќучук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilhan-kjuchuk/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Aug 2023 14:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илхан Ќучук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilhan-kjuchuk/ 32 32 Ќучук предупреди дека Македонија може да заостане зад Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-predupredi-deka-makedonija-mozhe-da-zaostane-zad-albanija/ Wed, 09 Aug 2023 14:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=670455

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук вели дека Македонија ризикува да заостане зад Албанија во преговорите со Европската Унија(ЕУ).

Тој нагласи дека потребни се реформи, но и уставни измени. Според него, никој не поставува нови услови.

„Без промена на Уставот, Република Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС.

Тој предупреди дека ако земјава не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Македонија ќе остане во иста група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи.

„Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа и можноста Украина да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен - дали Република Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествено-социјалните односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ во ЕУ“, рече Ќучук.

Вели дека одлуката е во рацете на македонските политичари. Maкедонија треба да направи уставни измени, но неизвесно е дали ќе има двотретинско мнозинство.

The post Ќучук предупреди дека Македонија може да заостане зад Албанија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук вели дека Македонија ризикува да заостане зад Албанија во преговорите со Европската Унија(ЕУ). Тој нагласи дека потребни се реформи, но и уставни измени. Според него, никој не поставува нови услови.
„Без промена на Уставот, Република Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС.
Тој предупреди дека ако земјава не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Македонија ќе остане во иста група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи.
„Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа и можноста Украина да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен - дали Република Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествено-социјалните односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ во ЕУ“, рече Ќучук.
Вели дека одлуката е во рацете на македонските политичари. Maкедонија треба да направи уставни измени, но неизвесно е дали ќе има двотретинско мнозинство.

The post Ќучук предупреди дека Македонија може да заостане зад Албанија appeared first on Република.

]]>
Ќучук достави писмени прашања до ЕК во врска со мерките против честите манифестации на антисемитизам и говор на омраза во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kuchuk-dostavi-pismeni-prashana-do-ek-vo-vrska-so-merkite-protiv-chestite-manifestatsii-na-antisemitizam-i-govor-na-omraza-vo-bugarija/ Fri, 21 Jul 2023 18:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=664056

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук достави писмени прашања до Европската комисија во врска со мерките што институцијата ги презема против честите манифестации на антисемитизам и употребата на говор на омраза од јавни личности во Бугарија.

Во последниве години, Бугарија доживеа алармантен пораст на јавен говор на омраза и антисемитизам, при што овој тренд се влошува под изговор дека слободата на изразување дозволува такви манифестации, се вели во писмото на Ќучук. Некои политички фракции постојано го користат овој аргумент за да толерираат и негуваат непријателска клима.

Зголемувањето на говорот на омраза предизвика голема загриженост и стравувања дека антисемитската реторика и однесување може да станат секојдневие, посочува бугарскиот европратеник, пренесува БТА.

Најновите примери вклучуваат означување на поранешен министер со еврејско потекло како предавник. Покрај тоа, антисемитски фото-колаж со друг поранешен министер со еврејско потекло, познат по своите евроатлантски ставови, беше споделен на канал на Телеграм на група од партијата „Препород“, резимира Ќучук.

Писмото доставено од Ќучук е во име на 36 европратеници од Обнови Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Европската народна партија. Меѓу бугарските претставници во ЕП кои го потпишаа текстот се Емил Радев, Александар Јорданов, Андреј Ковачев, Цветелина Пенкова, Елена Јончева и Андреј Новаков.

The post Ќучук достави писмени прашања до ЕК во врска со мерките против честите манифестации на антисемитизам и говор на омраза во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук достави писмени прашања до Европската комисија во врска со мерките што институцијата ги презема против честите манифестации на антисемитизам и употребата на говор на омраза од јавни личности во Бугарија. Во последниве години, Бугарија доживеа алармантен пораст на јавен говор на омраза и антисемитизам, при што овој тренд се влошува под изговор дека слободата на изразување дозволува такви манифестации, се вели во писмото на Ќучук. Некои политички фракции постојано го користат овој аргумент за да толерираат и негуваат непријателска клима. Зголемувањето на говорот на омраза предизвика голема загриженост и стравувања дека антисемитската реторика и однесување може да станат секојдневие, посочува бугарскиот европратеник, пренесува БТА. Најновите примери вклучуваат означување на поранешен министер со еврејско потекло како предавник. Покрај тоа, антисемитски фото-колаж со друг поранешен министер со еврејско потекло, познат по своите евроатлантски ставови, беше споделен на канал на Телеграм на група од партијата „Препород“, резимира Ќучук. Писмото доставено од Ќучук е во име на 36 европратеници од Обнови Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Европската народна партија. Меѓу бугарските претставници во ЕП кои го потпишаа текстот се Емил Радев, Александар Јорданов, Андреј Ковачев, Цветелина Пенкова, Елена Јончева и Андреј Новаков.

The post Ќучук достави писмени прашања до ЕК во врска со мерките против честите манифестации на антисемитизам и говор на омраза во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-ustavnite-izmeni-ke-se-najdat-vo-makedonskoto-sobranie-vo-rok-od-dve-nedeli/ Fri, 23 Jun 2023 15:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=654485

Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук.

Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската телевизија бТВ.

Европратеникот кој неделава престојуваше во Скопје во рамки на Жан Моне дијалогот во Собранието, за БНТ пак изјави дека при тоа имал средби со претставници и на власта и на опозицијата.

Според него, вклучувањето на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот на Македонија е многу чувствителен процес и како и при секое отворањето на кој било устав има сложена процедура кој бара јавна, но пред се политичка дебата.

Врз основа на практиката на Европскиот парламент да не се објавуваат извештаи пред важни прашања, предложив разгледувањето на Извештајот за напредокот на земјата да остане за на есен, изјави Ќучук.

Тој смета дека одлагањето на разгледувањето на Извештајот ќе биде во полза за сите, но пред се за земјава, бидејќи ќе го добие потребното политичко време за да ги реши сите проблеми.

Ќучук изјави дека во извештајот се повикува земјава да води сметка за „нападита врз лица со бугарска самосвест“ и да преземе мерки согласно законот. Тој негираше дека во подготовката на извештајот не работел под диктат и ги отфрли тврдењата дека од документот ги исфрлил „барањата на Бугарија за престанок на говорот на омраза и за почитување на правата на луѓето со бугарско национално чувство“.

Тоа е цел компромис. Билатералните прашања се посебно теми во секој извештај. Прашањата за правата на Бугарите, нивното место во јавниот живот на Република Македонија и јазикот на омразата се целосно различно прашање, вели Ќучук.

Тој посочува дека подготвениот извештај претставува консензуален текст што тој заедно со неговите колеги им го доставува на усвојување на пратеничките групи во Европскиот парламент.

Според него, Извештајот не може да ги реши историските прашања и проблемот со идентитетот, посочувајќи дека всушност Договорот од 2017 година, Преспанскиот договор и „францускиот предлог“ се основа на добрососедските односи.

– Европскиот парламент промовира добрососедски односи. Се друго се шпекулации, додаде Ќучук.

The post Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели appeared first on Република.

]]>

Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук. Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската телевизија бТВ. Европратеникот кој неделава престојуваше во Скопје во рамки на Жан Моне дијалогот во Собранието, за БНТ пак изјави дека при тоа имал средби со претставници и на власта и на опозицијата. Според него, вклучувањето на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот на Македонија е многу чувствителен процес и како и при секое отворањето на кој било устав има сложена процедура кој бара јавна, но пред се политичка дебата. Врз основа на практиката на Европскиот парламент да не се објавуваат извештаи пред важни прашања, предложив разгледувањето на Извештајот за напредокот на земјата да остане за на есен, изјави Ќучук. Тој смета дека одлагањето на разгледувањето на Извештајот ќе биде во полза за сите, но пред се за земјава, бидејќи ќе го добие потребното политичко време за да ги реши сите проблеми. Ќучук изјави дека во извештајот се повикува земјава да води сметка за „нападита врз лица со бугарска самосвест“ и да преземе мерки согласно законот. Тој негираше дека во подготовката на извештајот не работел под диктат и ги отфрли тврдењата дека од документот ги исфрлил „барањата на Бугарија за престанок на говорот на омраза и за почитување на правата на луѓето со бугарско национално чувство“. Тоа е цел компромис. Билатералните прашања се посебно теми во секој извештај. Прашањата за правата на Бугарите, нивното место во јавниот живот на Република Македонија и јазикот на омразата се целосно различно прашање, вели Ќучук. Тој посочува дека подготвениот извештај претставува консензуален текст што тој заедно со неговите колеги им го доставува на усвојување на пратеничките групи во Европскиот парламент. Според него, Извештајот не може да ги реши историските прашања и проблемот со идентитетот, посочувајќи дека всушност Договорот од 2017 година, Преспанскиот договор и „францускиот предлог“ се основа на добрососедските односи. – Европскиот парламент промовира добрососедски односи. Се друго се шпекулации, додаде Ќучук.

The post Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да имаат добри односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-ima-nadvoreshni-faktori-koi-ne-sakaat-bugarija-i-makedonija-da-imaat-dobri-odnosi/ Sun, 29 Jan 2023 14:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=602294

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.

Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук.

Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите.

Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.

Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.

The post Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да имаат добри односи appeared first on Република.

]]>

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“. Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.
Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук.
Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите. Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.
Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.
 
The post Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да имаат добри односи appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kuchuk-se-dodeka-ne-se-priznavaat-pravata-na-lugeto-koi-se-smetaat-za-bugari-tenzijata-ke-prodolzhi/ Sun, 29 Jan 2023 09:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=602175

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.

Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

– Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук.

Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите.

Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.

– Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.

The post Ќучук: Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи appeared first on Република.

]]>

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.
Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.
– Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук.
Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите. Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.
– Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.

The post Ќучук: Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Надворешни фактори не сакаат да Македонија да биде во ЕУ и Бугарија да има пријатели на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-nadvoreshni-faktori-ne-sakaat-da-makedonija-da-bide-vo-eu-i-bugarija-da-ima-prijateli-na-balkanot/ Sun, 29 Jan 2023 08:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=602130

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се сите оние луѓе кои не сакаат Македонија да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние кои не сакаат нашата земја да има влијание, бидејќи наметнувањето на вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ. Ова го изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.

Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во РСМ да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

Сè додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари во РСМ, тензијата ќе продолжи. Дополнително, ние сме во ЕУ веќе 17 години, а не можевме да се приклучиме на блокот за важните теми, вклучително и обезбедувањето воена помош за Украина, како и во клучните реформи на ЕУ, рече Ќучук.

Според европратеникот, бугарското ниво на учество паѓа, а нивниот капацитет е многу слаб. Бугарија е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот парламент, вели тој.

Ќучук е категоричен дека имаат интерес помеѓу Бугарија и Македонија да нема ѕидови, туку да се градат пријателства.

Треба да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не се однесува само на бугарската држава, важи и за Скопје, нагласи тој и наведе дека наместо Бугарија да ги прекине врските со РСМ, треба да се најде решение за проблемите.

Во однос на Шенген, тој е категоричен дека не треба да се молат, туку да работат за влез на Бугарија во Шенген зоната.

The post Ќучук: Надворешни фактори не сакаат да Македонија да биде во ЕУ и Бугарија да има пријатели на Балканот appeared first on Република.

]]>

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се сите оние луѓе кои не сакаат Македонија да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние кои не сакаат нашата земја да има влијание, бидејќи наметнувањето на вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ. Ова го изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“. Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во РСМ да има владеење на правото и високи демократски стандарди.
Сè додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари во РСМ, тензијата ќе продолжи. Дополнително, ние сме во ЕУ веќе 17 години, а не можевме да се приклучиме на блокот за важните теми, вклучително и обезбедувањето воена помош за Украина, како и во клучните реформи на ЕУ, рече Ќучук.
Според европратеникот, бугарското ниво на учество паѓа, а нивниот капацитет е многу слаб. Бугарија е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот парламент, вели тој. Ќучук е категоричен дека имаат интерес помеѓу Бугарија и Македонија да нема ѕидови, туку да се градат пријателства.
Треба да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не се однесува само на бугарската држава, важи и за Скопје, нагласи тој и наведе дека наместо Бугарија да ги прекине врските со РСМ, треба да се најде решение за проблемите.
Во однос на Шенген, тој е категоричен дека не треба да се молат, туку да работат за влез на Бугарија во Шенген зоната.

The post Ќучук: Надворешни фактори не сакаат да Македонија да биде во ЕУ и Бугарија да има пријатели на Балканот appeared first on Република.

]]>
Маричиќ од Брисел: Со европски вредности да се надвладеат провокациите и инцидентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-od-brisel-so-evropski-vrednosti-da-se-nadvladeat-provokatsiite-i-intsidentite/ Thu, 26 Jan 2023 11:24:08 +0000 https://republika.mk/?p=601242

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на билатералната средба со бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук рече дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужни и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Меѓусебното почитување и уважување изградено врз европски вредности е единствениот модел за успех за сегашните и идните генерации. Знаеме дека секогаш ќе постојат фактори и од двете страни на границата, а и надвор од тие рамки кои сакаат инциденти, национализам, конфликти и враќање во минатото, кажал Маричиќ на средбата.

Kако што велат од СЕП, вицепремиерот заедно со европратеникот Ќучук потврдиле дека „покрај сите провокации и обиди за нарушување на добрите односи, двајцата, заедно со граѓаните, сакаат и силно се залагаат за соработка и добрососедство кои носат благосостојба за двете држави и двата народи и дека веруваат дека таа опција е и побројна, и посилна и дека со сигурност ќе надвладее во оваа ситуација“.

Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел во Европскиот парламент се сретнал и со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер, со кои разговараа за текот на скрининг процесот, реформскиот план и обврски и задачите кои ги имаме до крајот на оваа година.

На средбата со Мекалистер било истакнато дека сега Македонија мора фокусот да го стави на реформите и на политичкиот консензус, бидејќи тие се гаранти за брз напредок на патот кон ЕУ. Исто така, Мекалистер кажал дека Европа се соочува со безбедносни предизвици и затоа е важно регионот да остане стабилен и на европскиот пат.

Членството во ЕУ е мора да остане наш надворешнополитички приоритет, како и дека ги спроведуваме неопходните реформи за да можеме да ја исполниме нашата цел и визија, 2030 да е година за членство во ЕУ, истакнал Маричиќ.

Вицепремиерот разговарал и со европратеничката Ирена Јовева која му ја потврди позитивната енергија за Македонија и поддршката од европските пратеници и Европскиот парламент за преговорите со ЕУ.

Отворање политички дијалог во Парламентот и заедничка соработка околу евроинтеграциите ќе значи влегување на Македонија во следната фаза од процесот. Македонија има капацитет и сме убедени дека сега е неопходен напредок и опипливи резултати кога станува збор за спроведувањето на реформскиот план и клучните области како владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, посочил Маричиќ.

Денеска во Брисел, Маричиќ ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, со новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ. 

The post Маричиќ од Брисел: Со европски вредности да се надвладеат провокациите и инцидентите appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на билатералната средба со бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук рече дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужни и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Меѓусебното почитување и уважување изградено врз европски вредности е единствениот модел за успех за сегашните и идните генерации. Знаеме дека секогаш ќе постојат фактори и од двете страни на границата, а и надвор од тие рамки кои сакаат инциденти, национализам, конфликти и враќање во минатото, кажал Маричиќ на средбата.
Kако што велат од СЕП, вицепремиерот заедно со европратеникот Ќучук потврдиле дека „покрај сите провокации и обиди за нарушување на добрите односи, двајцата, заедно со граѓаните, сакаат и силно се залагаат за соработка и добрососедство кои носат благосостојба за двете држави и двата народи и дека веруваат дека таа опција е и побројна, и посилна и дека со сигурност ќе надвладее во оваа ситуација“. Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел во Европскиот парламент се сретнал и со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер, со кои разговараа за текот на скрининг процесот, реформскиот план и обврски и задачите кои ги имаме до крајот на оваа година. На средбата со Мекалистер било истакнато дека сега Македонија мора фокусот да го стави на реформите и на политичкиот консензус, бидејќи тие се гаранти за брз напредок на патот кон ЕУ. Исто така, Мекалистер кажал дека Европа се соочува со безбедносни предизвици и затоа е важно регионот да остане стабилен и на европскиот пат.
Членството во ЕУ е мора да остане наш надворешнополитички приоритет, како и дека ги спроведуваме неопходните реформи за да можеме да ја исполниме нашата цел и визија, 2030 да е година за членство во ЕУ, истакнал Маричиќ.
Вицепремиерот разговарал и со европратеничката Ирена Јовева која му ја потврди позитивната енергија за Македонија и поддршката од европските пратеници и Европскиот парламент за преговорите со ЕУ. Отворање политички дијалог во Парламентот и заедничка соработка околу евроинтеграциите ќе значи влегување на Македонија во следната фаза од процесот. Македонија има капацитет и сме убедени дека сега е неопходен напредок и опипливи резултати кога станува збор за спроведувањето на реформскиот план и клучните области како владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, посочил Маричиќ. Денеска во Брисел, Маричиќ ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, со новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ. 

The post Маричиќ од Брисел: Со европски вредности да се надвладеат провокациите и инцидентите appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-bi-bilo-ogromna-greshka-2/ Wed, 25 Jan 2023 11:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=600836

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

– Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР.

Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година.

Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“.

На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“.

– Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат  одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук.

The post Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка appeared first on Република.

]]>

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. – Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР. Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година. Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“. На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“. – Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат  одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук.

The post Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-bi-bilo-ogromna-greshka/ Wed, 25 Jan 2023 10:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=600801

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР.

Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година.

Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на  Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“.

На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“.

Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук.

Изјавата на Ќучук следи по најавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделникот дека не е исклучена можноста од ново вето од Бугарија за земјава, додавајќи оти се надева дека тоа сепак нема да се случи.

Во врска со ова прашање се огласи и европратеникот Ангел Џамбаски, кој по предлогот на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на персона нон-грата еден пратеник во Европскиот парламент и уште неколку лица кои работат на нарушување на односите меѓу  Македонија и Бугарија, во објава на Фејсбук побара „враќање на ветото“ за земјава.

Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за „персона нон-грата во Европската Унија“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република  Македонија е нешто друго, напиша Џамбаски на Фејсбук.

The post Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка appeared first on Република.

]]>

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР. Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година. Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на  Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“. На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“. Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук. Изјавата на Ќучук следи по најавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделникот дека не е исклучена можноста од ново вето од Бугарија за земјава, додавајќи оти се надева дека тоа сепак нема да се случи. Во врска со ова прашање се огласи и европратеникот Ангел Џамбаски, кој по предлогот на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на персона нон-грата еден пратеник во Европскиот парламент и уште неколку лица кои работат на нарушување на односите меѓу  Македонија и Бугарија, во објава на Фејсбук побара „враќање на ветото“ за земјава. Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за „персона нон-грата во Европската Унија“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република  Македонија е нешто друго, напиша Џамбаски на Фејсбук.

The post Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjuchuk-makedonija-nema-drug-pat-osven-da-bide-del-od-evropskata-unija/ Wed, 21 Dec 2022 14:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=588465

Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија. Македонија нема друг пат освен добрососедството. И Бугарија и Македонија и Грција и Романија се мали за да имаат сопствена улога во големата геополитика. Единствено со членство во сојузи, барајќи пријателства и добрососедство и проширување на своите контакти во економијата, во политиката, во образованието, во културата може да направиме големи постигнувања, рече бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук одоговарајќи на новинарско прашање во врска со последните резулатите од анкетата на ИРИ за расположението на Македонците кон ЕУ и ставањето на Бугарите во Уставот.

Тој додаде дека ги почитуваа ставовите на македонските граѓани доколку процениле дека таква е актуелната политичка ситуација, но потенцираше дека полтичарите играат важна улога за тоа како размислува едно општество.

Ако патот на Македонија е во ЕУ и сите работиме на тоа и тежнееме кон тоа, тогаш јас мислам дека проевропските сили треба да соберат во себе поголема храброст и да продолжат со реформите за пат кон ЕУ. И затоа мојот апел до политичарите во Македонија е нека спорат за економијата, за здравство, за пензии, за плати, но кога станува збор за приоритетите на земјата-НАТО и ЕУ, тогаш тие за мене се неспорни работи, подвлече Ќучук.

На дополнително прашање дали може да се надминат проблемите со бугарските клубови тој одговори дека на Балканот има повеќе историја, отколку што може да ја носи.

Ако еден ја прочита историјата, друг треба да ја прочита иднината. Ние живееме денеска и сме актуелни политичари, бугарски, македонски, европски. Ја имаме одговорноста да ги пренесеме двете земји во ЕУ, рече на крајот бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

The post Ќучук: Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија appeared first on Република.

]]>

Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија. Македонија нема друг пат освен добрососедството. И Бугарија и Македонија и Грција и Романија се мали за да имаат сопствена улога во големата геополитика. Единствено со членство во сојузи, барајќи пријателства и добрососедство и проширување на своите контакти во економијата, во политиката, во образованието, во културата може да направиме големи постигнувања, рече бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук одоговарајќи на новинарско прашање во врска со последните резулатите од анкетата на ИРИ за расположението на Македонците кон ЕУ и ставањето на Бугарите во Уставот. Тој додаде дека ги почитуваа ставовите на македонските граѓани доколку процениле дека таква е актуелната политичка ситуација, но потенцираше дека полтичарите играат важна улога за тоа како размислува едно општество.
Ако патот на Македонија е во ЕУ и сите работиме на тоа и тежнееме кон тоа, тогаш јас мислам дека проевропските сили треба да соберат во себе поголема храброст и да продолжат со реформите за пат кон ЕУ. И затоа мојот апел до политичарите во Македонија е нека спорат за економијата, за здравство, за пензии, за плати, но кога станува збор за приоритетите на земјата-НАТО и ЕУ, тогаш тие за мене се неспорни работи, подвлече Ќучук.
На дополнително прашање дали може да се надминат проблемите со бугарските клубови тој одговори дека на Балканот има повеќе историја, отколку што може да ја носи.
Ако еден ја прочита историјата, друг треба да ја прочита иднината. Ние живееме денеска и сме актуелни политичари, бугарски, македонски, европски. Ја имаме одговорноста да ги пренесеме двете земји во ЕУ, рече на крајот бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

The post Ќучук: Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија appeared first on Република.

]]>
Маричиќ-Ќучук: Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-kjuchuk-niz-sorabotka-gradime-prijatelstva-i-sozdavame-novi-moznosti-za-mladite-od-dvete-zemji/ Tue, 27 Sep 2022 09:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=554518

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел заедно европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, се сретнаа со учениците од Македонија и од Бугарија, кои во рамки на студиската посета имаа можност да се запознаат со работата и функционирањето на Европскиот парламент.

– Секогаш ме радуваат иницијативите кои создаваат нови пријателства, искуства, нови знаења и развиваат добрососедски односи. Младите од Македонија и Бугарија покажаа дека знаат да градат мостови кои ќе ги поврзуваат двете држави и се одличен пример дека преку образованието може да се градат соработка и нови проекти кои ќе им донесат нови можности, рече вицепремиерот Маричиќ пред учениците, соопшти СЕП.

Домаќинот на овој настан, европратеникот Ќучук, со вицепремиерот Маричиќ порачаа дека она за што работат и за што се борат е да отворат нови можности за младите од двете земји кои сите разлики ќе знаат да ги надминат во духот на европските вредности.

-Мораме да градиме мостови меѓу двата народа, а не да подигаме ѕидови. Вие сте иднината на нашите две земји и примерот што го давате е значаен за добрососедските односи. Верувам дека ќе продолжиме да ги развиваме и ќе постигнеме многу со заеднички напори, рече Ќучук.

Маричиќ, се посочува, изрази верување дека во иднина ќе има уште повеќе вакви иницијативи, на кои младите од двете земји ќе другаруваат, соработуваат и со меѓусебно почитување ќе напредуваат и ќе носат успеси за своите држави.

Ученици од две збратимени училишта, од Скопје и од Велико Трново, денеска го посетија Европскиот парламент во Брисел, во рамки на заеднички проект, кој има за цел да создаде мостови меѓу младите од двете соседни земји.

Оваа посета на Брисел следува после изложбата што беше организирана во ОУ „Исмаил Ќемали“, Скопје каде што учениците од ова училиште и од ООУ „Бела Благоева“ од Велико Трново, Бугарија, имаа задача да нацртаат она што најмногу ги воодушеви од Република Македонија, а децата од Република Македонија, она на што се сеќаваат и им се допадна во Бугарија, стои во соопштението.

The post Маричиќ-Ќучук: Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел заедно европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, се сретнаа со учениците од Македонија и од Бугарија, кои во рамки на студиската посета имаа можност да се запознаат со работата и функционирањето на Европскиот парламент.
– Секогаш ме радуваат иницијативите кои создаваат нови пријателства, искуства, нови знаења и развиваат добрососедски односи. Младите од Македонија и Бугарија покажаа дека знаат да градат мостови кои ќе ги поврзуваат двете држави и се одличен пример дека преку образованието може да се градат соработка и нови проекти кои ќе им донесат нови можности, рече вицепремиерот Маричиќ пред учениците, соопшти СЕП.
Домаќинот на овој настан, европратеникот Ќучук, со вицепремиерот Маричиќ порачаа дека она за што работат и за што се борат е да отворат нови можности за младите од двете земји кои сите разлики ќе знаат да ги надминат во духот на европските вредности. -Мораме да градиме мостови меѓу двата народа, а не да подигаме ѕидови. Вие сте иднината на нашите две земји и примерот што го давате е значаен за добрососедските односи. Верувам дека ќе продолжиме да ги развиваме и ќе постигнеме многу со заеднички напори, рече Ќучук. Маричиќ, се посочува, изрази верување дека во иднина ќе има уште повеќе вакви иницијативи, на кои младите од двете земји ќе другаруваат, соработуваат и со меѓусебно почитување ќе напредуваат и ќе носат успеси за своите држави. Ученици од две збратимени училишта, од Скопје и од Велико Трново, денеска го посетија Европскиот парламент во Брисел, во рамки на заеднички проект, кој има за цел да создаде мостови меѓу младите од двете соседни земји. Оваа посета на Брисел следува после изложбата што беше организирана во ОУ „Исмаил Ќемали“, Скопје каде што учениците од ова училиште и од ООУ „Бела Благоева“ од Велико Трново, Бугарија, имаа задача да нацртаат она што најмногу ги воодушеви од Република Македонија, а децата од Република Македонија, она на што се сеќаваат и им се допадна во Бугарија, стои во соопштението.

The post Маричиќ-Ќучук: Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Бугарија и Хрватска и Грција и Романија имаат преголемо искуство во пристапниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjuchuk-bugarija-i-hrvatska-i-grcija-i-romanija-imaat-pregolemo-iskustvo-vo-pristapniot-proces/ Fri, 09 Sep 2022 11:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=549054

Известувачот на Европарламентот за земјава Илхан Ќучук, на прашање на МИА во врска со иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, како и во однос на уставните измени, како услов за почеток на преговорите со ЕУ, не даде конкретен одговор, но порача дека Западен Балкан треба да се врати кон својот дом, а тоа е Европа.

– Ја реализиравте големата цел, да бидете дел од НАТО и на тоа сите се гордееме, затоа што тоа означува пространство на сигурност, на заеднички вредности, сега следува уште еден голем чекор, а тоа е Европската Унија, и сите треба да помагаме со големи напори – и Бугарија и Хрватска и Грција и Романија, тие држави имаат преголемо искуство во пристапниот процес, рече Ќучук.

На прашање на новинар од бугарски медиум како гледа на антибугарското расположение присутно на протестите на опозицијата летово, и дали смета дека се уште постои, тој вели дека насекаде има националистички расположенија и оти тоа не води кон иднината.

-Насекаде има такви расположенија многупати сум кажувал дека национализмот го има насекаде, и во Скопје и во Софија, но тоа не води кон иднината, тоа не помага на никого, оцени тој.

Осврнувајќи се на соработката меѓу Македонија и Бугарија, тој рече дека двете земји имаат заеднички проекти и во образованието и во културата што ја докажуваат својата успешност и тоа треба да се надградува преку медиумски проекти, со што тоа треба да доведе до заедничко разбирање меѓу двата народа и да се изнаоѓаат различни начини за меѓусебна соработка.

На Ќучук денеска му беше доделена титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, во рамки на Конференцијата „МКБГ2023: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво

The post Ќучук: Бугарија и Хрватска и Грција и Романија имаат преголемо искуство во пристапниот процес appeared first on Република.

]]>

Известувачот на Европарламентот за земјава Илхан Ќучук, на прашање на МИА во врска со иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, како и во однос на уставните измени, како услов за почеток на преговорите со ЕУ, не даде конкретен одговор, но порача дека Западен Балкан треба да се врати кон својот дом, а тоа е Европа. – Ја реализиравте големата цел, да бидете дел од НАТО и на тоа сите се гордееме, затоа што тоа означува пространство на сигурност, на заеднички вредности, сега следува уште еден голем чекор, а тоа е Европската Унија, и сите треба да помагаме со големи напори – и Бугарија и Хрватска и Грција и Романија, тие држави имаат преголемо искуство во пристапниот процес, рече Ќучук. На прашање на новинар од бугарски медиум како гледа на антибугарското расположение присутно на протестите на опозицијата летово, и дали смета дека се уште постои, тој вели дека насекаде има националистички расположенија и оти тоа не води кон иднината.
-Насекаде има такви расположенија многупати сум кажувал дека национализмот го има насекаде, и во Скопје и во Софија, но тоа не води кон иднината, тоа не помага на никого, оцени тој.
Осврнувајќи се на соработката меѓу Македонија и Бугарија, тој рече дека двете земји имаат заеднички проекти и во образованието и во културата што ја докажуваат својата успешност и тоа треба да се надградува преку медиумски проекти, со што тоа треба да доведе до заедничко разбирање меѓу двата народа и да се изнаоѓаат различни начини за меѓусебна соработка. На Ќучук денеска му беше доделена титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, во рамки на Конференцијата „МКБГ2023: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво

The post Ќучук: Бугарија и Хрватска и Грција и Романија имаат преголемо искуство во пристапниот процес appeared first on Република.

]]>
Илхан Ќучук ќе добие титула почесен доктор од АУЕ-ФОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilhan-kjuchuk-kje-dobie-titula-pochesen-doktor-od-aue-fon/ Fri, 09 Sep 2022 06:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=548901

Конференција „МКБГ2030: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво” ќе се одржи денеска на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. За придонесот на европеизација и креирање на добри политики и добрососедство, АУЕ-ФОН ќе му ја додели титулата почесен доктор (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, лидер на Либералите и европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Македонија.

Наградата на Ќучук ќе му ја додели проф. д-р Насер Етеми, претседател на Сенатот.

Како што е најавено, настанот ќе го отвори претседателот на АУЕ-ФОН Сефер Цаноски, а ќе се обратат и ректорката на Универзитетот проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и ректорот на ВЗУФ Универзитет од Софија, Бугарија проф. д-р Борис Велчев.

Во рамки на панелот „За посилно евроатлантско сојузништво” говорници ќе бидат почесниот претседателот на Атлантскиот клуб во Бугарија Соломон Паси, претседателот на Евроатлантски совет на Македонија Исмет Рамадани, универзитетскиот професор и бугарскиот пратеник од ДПС Четин Казак, пратеничката во Врховната Рада Кира Рудик, пратеничката и поранешна студентка на АУЕ-ФОН Моника Зајкова, професорот на АУЕ-ФОН Нано Ружин, а модератор ќе биде Емил Кирјас.

На конференцијата ќе бидат промовирани двојни програми на АУЕ-ФОН од Германија, Франција, Израел и Бугарија.

Делегацијата од Бугарија, предводена од Ќучук синоќа присуствуваше на прославата за Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември во Скопје.
Како што претходно напиша во својата честитка, тој силно верува во успехот на Македонија и смета дека единството и добрососедските односи се клучот за заедничка иднина во Европа.
Тој заедно со пратениците од ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсоски прошетаа низ Центарот на градот и заедно пристигнаа на прославата во паркот Ибни Пајко, каде ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.

The post Илхан Ќучук ќе добие титула почесен доктор од АУЕ-ФОН appeared first on Република.

]]>

Конференција „МКБГ2030: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво” ќе се одржи денеска на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. За придонесот на европеизација и креирање на добри политики и добрососедство, АУЕ-ФОН ќе му ја додели титулата почесен доктор (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, лидер на Либералите и европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Македонија. Наградата на Ќучук ќе му ја додели проф. д-р Насер Етеми, претседател на Сенатот. Како што е најавено, настанот ќе го отвори претседателот на АУЕ-ФОН Сефер Цаноски, а ќе се обратат и ректорката на Универзитетот проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и ректорот на ВЗУФ Универзитет од Софија, Бугарија проф. д-р Борис Велчев. Во рамки на панелот „За посилно евроатлантско сојузништво” говорници ќе бидат почесниот претседателот на Атлантскиот клуб во Бугарија Соломон Паси, претседателот на Евроатлантски совет на Македонија Исмет Рамадани, универзитетскиот професор и бугарскиот пратеник од ДПС Четин Казак, пратеничката во Врховната Рада Кира Рудик, пратеничката и поранешна студентка на АУЕ-ФОН Моника Зајкова, професорот на АУЕ-ФОН Нано Ружин, а модератор ќе биде Емил Кирјас. На конференцијата ќе бидат промовирани двојни програми на АУЕ-ФОН од Германија, Франција, Израел и Бугарија. Делегацијата од Бугарија, предводена од Ќучук синоќа присуствуваше на прославата за Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември во Скопје. Како што претходно напиша во својата честитка, тој силно верува во успехот на Македонија и смета дека единството и добрососедските односи се клучот за заедничка иднина во Европа. Тој заедно со пратениците од ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсоски прошетаа низ Центарот на градот и заедно пристигнаа на прославата во паркот Ибни Пајко, каде ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.

The post Илхан Ќучук ќе добие титула почесен доктор од АУЕ-ФОН appeared first on Република.

]]>
Ќучук: „Францускиот предлог“ е предлог на ЕУ, прифатен од сите членки и поддржан од бугарското и македонското Собрание  https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kjuchuk-francuskiot-predlog-e-predlog-na-eu-prifaten-od-site-chlenki-i-poddrzan-od-bugarskoto-i-makedonskoto-sobranie/ Fri, 12 Aug 2022 11:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=539617

„Францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук во гостување во емисијата „Ова утро“ на софиската телевизија бТВ Новините.

Во истата емисија, гостуваше и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и бТВ на својата интернет страница дел од неговите изјави ги пренесува како изјави на Ќучук.

Ќучук во својата изјава додава дека процесот на преговори меѓу ЕУ и  Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време.

Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, изјави Ќучук, кој е од редовите на Движењето за права и слободи (ДПС) и во Европскиот парламент е член на либералната Пратеничката група „Обнова на Европа“.

Ковачев, од своја страна, наведе дека доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ.

За жал, во македонскиот Парламент, „францускиот предлог“ беше прифатен само со гласовите на владејачките партии. Опозицијата категорично се спротивстави на овој предлог и најави дека нема да гласа за измените на Уставот и вклучувањето на Бугарите во нивниот Устав. Ова, би рекол, е многу тажен развој на настаните, вели Ковачев во изјавата, која бТВ ја пренесува како изјава на Ќучук.

Согласно „францускиот предлог“, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почне по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата.

Ковачев, кој е член на партијата Граѓани за европски развој на граѓаните (ГЕРБ) и на Пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП) во Европарламентот, изрази надеж дека македонската опозиција ќе го промени својот став и ќе го отвори патот за преговорите на земјава со ЕУ.

The post Ќучук: „Францускиот предлог“ е предлог на ЕУ, прифатен од сите членки и поддржан од бугарското и македонското Собрание  appeared first on Република.

]]>

„Францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук во гостување во емисијата „Ова утро“ на софиската телевизија бТВ Новините. Во истата емисија, гостуваше и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и бТВ на својата интернет страница дел од неговите изјави ги пренесува како изјави на Ќучук. Ќучук во својата изјава додава дека процесот на преговори меѓу ЕУ и  Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време.
Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, изјави Ќучук, кој е од редовите на Движењето за права и слободи (ДПС) и во Европскиот парламент е член на либералната Пратеничката група „Обнова на Европа“.
Ковачев, од своја страна, наведе дека доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ.
За жал, во македонскиот Парламент, „францускиот предлог“ беше прифатен само со гласовите на владејачките партии. Опозицијата категорично се спротивстави на овој предлог и најави дека нема да гласа за измените на Уставот и вклучувањето на Бугарите во нивниот Устав. Ова, би рекол, е многу тажен развој на настаните, вели Ковачев во изјавата, која бТВ ја пренесува како изјава на Ќучук.
Согласно „францускиот предлог“, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почне по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата. Ковачев, кој е член на партијата Граѓани за европски развој на граѓаните (ГЕРБ) и на Пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП) во Европарламентот, изрази надеж дека македонската опозиција ќе го промени својот став и ќе го отвори патот за преговорите на земјава со ЕУ.

The post Ќучук: „Францускиот предлог“ е предлог на ЕУ, прифатен од сите членки и поддржан од бугарското и македонското Собрание  appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Не се согласувам дека историја е турната некаде под килим, прашањето е каде сака да биде Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kjuchuk-ne-se-soglasuvam-deka-istorija-e-turnata-nekade-pod-kilim-prashanjeto-e-kade-saka-da-bide-makedonija/ Fri, 05 Aug 2022 08:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=537000

Историјата е составен дел на преговарачиот процес, таа не е турната под килим, напротив – заедничката историска комисија треба да го исполни со содржина нејзиниот мандат“.

Ова меѓудругото во интервју за бугарското радио „Фокус“ го изјави Илхан Ќучук, бугарски европратеник и известувач за РМ во Европскиот парламент.

На прашање зошто Илинденското востание не се одбележа заеднички, како национален празник на двата народа тој вели:

Не ја пречкртавме, бидејќи историјата е составен дел на преговарачиот процес и не се согласувам дека е турната некаде под килим. Токму обратното, историјата како наука, која е конзервативна, треба да биде оставена во рацете на историчарите. Таков мандат и е даден на соодветната историска комисија, и тој мандат треба да биде исполнет со содржина. И таа навистина да работи во духот на науката, во духот на взаемното разбирање, да бидат најдени оние допирни точки што биле во минатото, и да бидат побарани нови допирни точки кои треба да стапат во иднината. Тоа e неизбежно поврзано со членството на  Македонијa во ЕУ. Таму можат да најдат место и Бугарија, и  Македонија, и тоа не му противречи на националниот интерес на Бугарија – напротив, го збогатува и го задолжува да биде многу посоодветен кон новите реалности што се случуваат“ – вели Ќучук.

Отсуството на заедничко чествување Ќучук го припишува на нестабилната политичка ситуација.

Ќе видиме како ќе биде догодина. Но со сигурност, секој заеднички обид да се одбележат такви датуми е задолжителен во нашите односи, ако тие имаат природно разбирање да врват кон иднината, а не кон национализмот, кон градење допoлнителни ѕидови – рече тој.

Според него, потребна е оценка каде сака да оди македонското општество.

Сега е дојдено времето да се врати довербата, откако се формализираа односите и тоа праведно, со договор кој треба да ги зацврсти односите меѓу двете земји, со посебен протокол, треба да бидат направени сите напори од бугарска и македонска страна за да проработат механизмите што се запишани, а не да останат лист хартија без да бидат реално исполнети. И да оставиме спокојно, во рамките на легитимниот мандат историската комисија да бара различни формулации, ако е неопходно – и со дејство на други нивни колеги, доколку тоа го помага процесот. Така што, прашањето е каде сака да биде Македонија? Знам дека има луѓе кои сакаат да ја извлечат, и политичари кои имаат визија да ја извлечат на правилниот пат, да ја водат, има и такви кои сакаат да ја влечат во обратна насока. Тоа треба да го реши самата македонска елита – вели Ќучук.

The post Ќучук: Не се согласувам дека историја е турната некаде под килим, прашањето е каде сака да биде Македонија appeared first on Република.

]]>

Историјата е составен дел на преговарачиот процес, таа не е турната под килим, напротив – заедничката историска комисија треба да го исполни со содржина нејзиниот мандат“. Ова меѓудругото во интервју за бугарското радио „Фокус“ го изјави Илхан Ќучук, бугарски европратеник и известувач за РМ во Европскиот парламент. На прашање зошто Илинденското востание не се одбележа заеднички, како национален празник на двата народа тој вели:
Не ја пречкртавме, бидејќи историјата е составен дел на преговарачиот процес и не се согласувам дека е турната некаде под килим. Токму обратното, историјата како наука, која е конзервативна, треба да биде оставена во рацете на историчарите. Таков мандат и е даден на соодветната историска комисија, и тој мандат треба да биде исполнет со содржина. И таа навистина да работи во духот на науката, во духот на взаемното разбирање, да бидат најдени оние допирни точки што биле во минатото, и да бидат побарани нови допирни точки кои треба да стапат во иднината. Тоа e неизбежно поврзано со членството на  Македонијa во ЕУ. Таму можат да најдат место и Бугарија, и  Македонија, и тоа не му противречи на националниот интерес на Бугарија – напротив, го збогатува и го задолжува да биде многу посоодветен кон новите реалности што се случуваат“ – вели Ќучук.
Отсуството на заедничко чествување Ќучук го припишува на нестабилната политичка ситуација.
Ќе видиме како ќе биде догодина. Но со сигурност, секој заеднички обид да се одбележат такви датуми е задолжителен во нашите односи, ако тие имаат природно разбирање да врват кон иднината, а не кон национализмот, кон градење допoлнителни ѕидови – рече тој.
Според него, потребна е оценка каде сака да оди македонското општество.
Сега е дојдено времето да се врати довербата, откако се формализираа односите и тоа праведно, со договор кој треба да ги зацврсти односите меѓу двете земји, со посебен протокол, треба да бидат направени сите напори од бугарска и македонска страна за да проработат механизмите што се запишани, а не да останат лист хартија без да бидат реално исполнети. И да оставиме спокојно, во рамките на легитимниот мандат историската комисија да бара различни формулации, ако е неопходно – и со дејство на други нивни колеги, доколку тоа го помага процесот. Така што, прашањето е каде сака да биде Македонија? Знам дека има луѓе кои сакаат да ја извлечат, и политичари кои имаат визија да ја извлечат на правилниот пат, да ја водат, има и такви кои сакаат да ја влечат во обратна насока. Тоа треба да го реши самата македонска елита – вели Ќучук.

The post Ќучук: Не се согласувам дека историја е турната некаде под килим, прашањето е каде сака да биде Македонија appeared first on Република.

]]>
Ќучук го означи како историски ден отворањето на преговорите со Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kjuchuk-go-oznachi-kako-istoriski-den-otvoranjeto-na-pregovorite-so-severna-makedonija-i-albanija/ Tue, 19 Jul 2022 14:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=531136

Бугарскиот европратеник и копретседател на европските либерали АЛДЕ, Илхан Ќучук како историски ден за Македонија и Албанија го означи денешното отворање на преговорите со Европската Унија, јави дописникот на МИА од Софија.

Поздрав, драги пријатели! Да продолжиме заедно!, напиша Ќучук на Твитер.

The post Ќучук го означи како историски ден отворањето на преговорите со Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот европратеник и копретседател на европските либерали АЛДЕ, Илхан Ќучук како историски ден за Македонија и Албанија го означи денешното отворање на преговорите со Европската Унија, јави дописникот на МИА од Софија. Поздрав, драги пријатели! Да продолжиме заедно!, напиша Ќучук на Твитер.

The post Ќучук го означи како историски ден отворањето на преговорите со Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Ќучук на Твитер: Македонското собрание испиша историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjuchuk-na-tviter-makedonskoto-sobranie-ispisha-istorija/ Sat, 16 Jul 2022 12:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=529941

Известувачот за Македонија, Илхан Ќучук, смета дека македонското собрание пишува историја денес за европска иднина на земјата.

Македонското собрание денес испиша историја за иднината на Македонија. Со 68 гласа „ЗА“ беше усвоен францускиот предлог, а со тоа конечно се отворија вратите за членство на земјата во Европска Унија. Време е да се оди напред! [🇪🇺] [🇲🇰] – напиша на Твитер известувачот за Македонија, европратеникот Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.

The post Ќучук на Твитер: Македонското собрание испиша историја appeared first on Република.

Илхан Ќучук на Твитер: Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Македонија може да го постигнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilhan-kjuchuk-na-tviter-francuskiot-predlog-e-najdobroto-shto-bugarija-i-severna-makedonija-moze-da-go-postignat/ Mon, 04 Jul 2022 11:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=523578

 До сите мои пријатели во Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви - вели на Твитер известувачот за Македонија Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.

The post Илхан Ќучук на Твитер: Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Македонија може да го постигнат appeared first on Република.

Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjuchuk-bugarija-stanuva-problematichna-zemja-koja-go-poprechuva-razvojot-na-eu/ Fri, 24 Jun 2022 10:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=519216

Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. Нашето место не треба да е меѓу попречувачите, туку во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес. Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Македонија треба да бидат дел од неа, вели во интервју за БНР Илхан Ќучук, европратеник од „Обнови ја Европа“, член на Комисијата за надворешни работи во ЕП и известувач за Македонија.

Тој е категорично против идејата за радвојување на Македонија и на Албанија на европскиот пат, бидејќи смета дека со тоа дополнително ќе се искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија.

Според него, предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ е најдобар досега за Бугарија.

– Дали ќе биде усвоен од Софија и Скопје е друго прашање… Дефинитивна грешка беше да се префрли прашањето како врел компир во Народното собрание. Позицијата на Бугарија треба да биде изготвена од Министерскиот совет. Според Уставот, надворешна политика ја води Министерскиот совет, а не Парламентот, вели Ќучук.

Тој смета дека доколку Бугарија усвои заеднички став за предлогот за Cеверна Mакедонија, политичкиот притисок повеќе нема да биде врз неа, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог.

– Бугарија ќе има став, бидејќи не може две години да немаме заедничка позиција за ова прашање. Ќе биде големо непочитување кон ЕУ ако нашата земја не излезе со јасен став како гледа на ова прашање. Во предлогот има доста добри гаранции за решавање на тешките проблеми од минатото и за отворените стари емотивни прашања, како и за правата на Бугарите – тие своите гаранции ќе ги остварат на европски начин, изјави Ќучук

The post Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. Нашето место не треба да е меѓу попречувачите, туку во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес. Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Македонија треба да бидат дел од неа, вели во интервју за БНР Илхан Ќучук, европратеник од „Обнови ја Европа“, член на Комисијата за надворешни работи во ЕП и известувач за Македонија.
Тој е категорично против идејата за радвојување на Македонија и на Албанија на европскиот пат, бидејќи смета дека со тоа дополнително ќе се искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија. Според него, предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ е најдобар досега за Бугарија.
– Дали ќе биде усвоен од Софија и Скопје е друго прашање… Дефинитивна грешка беше да се префрли прашањето како врел компир во Народното собрание. Позицијата на Бугарија треба да биде изготвена од Министерскиот совет. Според Уставот, надворешна политика ја води Министерскиот совет, а не Парламентот, вели Ќучук.
Тој смета дека доколку Бугарија усвои заеднички став за предлогот за Cеверна Mакедонија, политичкиот притисок повеќе нема да биде врз неа, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог.
– Бугарија ќе има став, бидејќи не може две години да немаме заедничка позиција за ова прашање. Ќе биде големо непочитување кон ЕУ ако нашата земја не излезе со јасен став како гледа на ова прашање. Во предлогот има доста добри гаранции за решавање на тешките проблеми од минатото и за отворените стари емотивни прашања, како и за правата на Бугарите – тие своите гаранции ќе ги остварат на европски начин, изјави Ќучук

The post Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Знаеме каков ќе биде исходот ако има референдум за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjuchuk-znaeme-kakov-kje-bide-ishodot-ako-ima-referendum-za-makedonija/ Tue, 07 Jun 2022 21:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=512388

Незамисливо е да се има тврдење за геополитички фактор ако претходно не сме биле во можност да го интегрираме населението во регионот, изјавил бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, пренесуваат бугарските медиуми.

Барањето на францускиот претседател Макрон да посредува во односите меѓу Бугарија и Македонија е поангажиран став на земјата, која претседава со Советот на Европската унија. Се разбира, претседателот Макрон, како еден од големите лидери, е, се осмелувам да кажам, еден од луѓето кои се етаблираа како водечка фигура во Европскиот совет и е посветен на политиката за проширување, изјавил европратеникот.

Според европратеникот, референдумот во Бугарија, што беше спомнат од бугарскиот претседател Румен Радев за Македонија, не е вистинскиот пристап.

Таков референдум би имал исход на запирање на добрососедските односи, создавање дополнителни бариери и заковување на една позиција. Мислам дека тоа не е вистинскиот начин. Ако сакаме да го предвидиме неговиот резултат, зошто социолошките истражувања – 80%, и начинот на кој е претставена темата во Бугарија, јасно е, дека нема потреба од одржување референдум, рекол Ќучук.

The post Ќучук: Знаеме каков ќе биде исходот ако има референдум за Македонија appeared first on Република.