илхам алиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilham-aliev/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Sep 2023 21:17:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илхам алиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilham-aliev/ 32 32 Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/azerbejdhan-proglasi-kraj-na-voenata-operatsija-vo-nagorno-karabah/ Wed, 20 Sep 2023 21:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=683621

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во телевизиски говор, го прогласи за завршено распоредувањето на неговите војници против регионот Нагорно-Карабах, населен со Ерменци.

Азербејџан го врати својот суверенитет над областа, изјави Алиев во говорот.

Засега нема коментар од ерменска страна.

Околу три години по последната војна меѓу двете поранешни советски републики, Азербејџан вчера почна воена операција за освојување на спорниот регион во Јужен Кавказ.

Според Ерменците, повеќе од 30 луѓе загинале, а повеќе од 200 се повредени.

Двете страни денеска се согласија на прекин на огнот со посредство на Русија, по што борбите стивнаа. Азербејџанската страна се согласи на прекин на огнот под услов ерменските борци од регионот да се откажат од отпорот и да го положат оружјето.

The post Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во телевизиски говор, го прогласи за завршено распоредувањето на неговите војници против регионот Нагорно-Карабах, населен со Ерменци.
Азербејџан го врати својот суверенитет над областа, изјави Алиев во говорот.
Засега нема коментар од ерменска страна. Околу три години по последната војна меѓу двете поранешни советски републики, Азербејџан вчера почна воена операција за освојување на спорниот регион во Јужен Кавказ. Според Ерменците, повеќе од 30 луѓе загинале, а повеќе од 200 се повредени. Двете страни денеска се согласија на прекин на огнот со посредство на Русија, по што борбите стивнаа. Азербејџанската страна се согласи на прекин на огнот под услов ерменските борци од регионот да се откажат од отпорот и да го положат оружјето.

The post Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
Обид за смирување на напнатоста на Кавказот: Ерменскиот премиер ќе оди во Москва на средба со азербејџанскиот претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/obid-za-smiruvane-na-napnatosta-na-kavkazot-ermenskiot-premier-ke-odi-vo-moskva-na-sredba-so-azerbejdhanskiot-pretsedatel/ Thu, 18 May 2023 15:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=642376

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, соопшти дека се согласил да се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 25 мај во Москва. Разговорите ќе се одржат со посредство на рускиот претседател Владимир Путин во услови на тензии меѓу двете кавкаски земји.

Добивме предлог од Русија да организираме трилатералеа состанок на највисоко ниво на 25 мај, со посредство на рускиот претседател. Го прифативме предлогот“, изјави Пашинјан на седницата на Владата.

Азербејџанскиот претседател се уште не го потврдил своето присуство.

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан утре треба да се сретнат во Москва во рамки на мировните преговори.

Земјите имаат несогласување за контрола на Нагорно-Карабах,територија во која главно живеат Ерменци и која се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна која однесе 30.000 животи во 90-тите години.

The post Обид за смирување на напнатоста на Кавказот: Ерменскиот премиер ќе оди во Москва на средба со азербејџанскиот претседател appeared first on Република.

]]>

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, соопшти дека се согласил да се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 25 мај во Москва. Разговорите ќе се одржат со посредство на рускиот претседател Владимир Путин во услови на тензии меѓу двете кавкаски земји.
Добивме предлог од Русија да организираме трилатералеа состанок на највисоко ниво на 25 мај, со посредство на рускиот претседател. Го прифативме предлогот“, изјави Пашинјан на седницата на Владата.
Азербејџанскиот претседател се уште не го потврдил своето присуство. Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан утре треба да се сретнат во Москва во рамки на мировните преговори. Земјите имаат несогласување за контрола на Нагорно-Карабах,територија во која главно живеат Ерменци и која се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна која однесе 30.000 животи во 90-тите години.

The post Обид за смирување на напнатоста на Кавказот: Ерменскиот премиер ќе оди во Москва на средба со азербејџанскиот претседател appeared first on Република.

]]>