илегални мигранти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilegalni-migranti/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 20:42:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илегални мигранти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ilegalni-migranti/ 32 32 Каде ќе завршат? Иран протерува околу два милиона илегални мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kade-ke-zavrshat-iran-proteruva-okolu-dva-miliona-ilegalni-migranti/ Fri, 13 Sep 2024 20:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=814896

Властите во Иран планираат до крајот на март мерки за депортација на околу два милиони луѓе без статус на легален престој, соопшти командантот на безбедносните сили, Ахмад-Реса Радан.

Во Иран со месеци се води дебата за големиот број мигранти од соседен Авганистан, кои бегаат од својата земја откако талибанците ја преземаа власта во 2021 година.

Иранскиот министер за внатрешни работи Ескандар Момени ја нагласи маката на Авганистанците, велејќи дека тие се „културни луѓе“, но додаде дека Иран „не може да прими толку многу мигранти“.

Околу 4,5 милиони авганистански бегалци моментално живеат во Иран, многу од нив без дозвола за престој, според Агенцијата за бегалци на ОН. Според иранските медиуми, неофицијалната бројка е многу поголема.

The post Каде ќе завршат? Иран протерува околу два милиона илегални мигранти appeared first on Република.

]]>

Властите во Иран планираат до крајот на март мерки за депортација на околу два милиони луѓе без статус на легален престој, соопшти командантот на безбедносните сили, Ахмад-Реса Радан. Во Иран со месеци се води дебата за големиот број мигранти од соседен Авганистан, кои бегаат од својата земја откако талибанците ја преземаа власта во 2021 година. Иранскиот министер за внатрешни работи Ескандар Момени ја нагласи маката на Авганистанците, велејќи дека тие се „културни луѓе“, но додаде дека Иран „не може да прими толку многу мигранти“. Околу 4,5 милиони авганистански бегалци моментално живеат во Иран, многу од нив без дозвола за престој, според Агенцијата за бегалци на ОН. Според иранските медиуми, неофицијалната бројка е многу поголема.

The post Каде ќе завршат? Иран протерува околу два милиона илегални мигранти appeared first on Република.

]]>
Фијаското ќе го достигне врвот на 3 февруари, в сабота се очекуваат 700.000 луѓе на границата со Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fijaskoto-ke-go-dostigne-vrvot-na-3-fevruari-v-sabota-se-ochekuvaat-700-000-luge-na-granitsata-so-meksiko/ Thu, 01 Feb 2024 13:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=739411

Фијаското на границата на американската држава Тексас и Мексико може да го достигне врвот на 3 февруари кога најавено е дека најмалку 700.000 луѓе да пристигнат и да му дадат поддршка на гувернерот Грег Абот. Според зборовите на организаторот на Ким Џитер, тоа сепак ќе биде мирен собир.

До оние кои изразуваат незадоволство: ние сме обични граѓани, земјоделци, сточари, пензионирани полицајци, а не луди теоретичари на заговор. Тоа ќе биде мирен собир на Американците од сите политички класи и сите етнички групи. Има камионџии, мотоцикли, мајки и татковци. Мислам дека ќе има повеќе од 700.000 луѓе (во сабота), изјави Џитер за „Њујорк пост“.

Во понеделникот конвој од 40.000 камиони тргна кон границата со транспаренти „Вратете ја нашата граница“.

Во оградите има огромни отвори, поради што границата не може да се обезбеди. Тие треба да се затворат. Нашиот заеднички став е дека мораме да ги обезбедиме нашите граници. Сите ние се залагаме за безбедна, легална миграција. Луѓето кои доаѓаат мора да поминат низ проверка. На митингот ќе зборуваат мајки чии деца починале од фентанил, една од нив е Анже Џибони. Еден од нас имаше дете убиено од илегалец, вели тој.

Организаторите на конвојот ја напуштија Вирџинија во понеделникот и ја поминаа ноќта на Флорида, каде што им се придружија и други групи луѓе. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат комбиња и камиони кои се упатиле од Џексонвил, Флорида преку Алабама, Мисисипи и Луизијана до Кемада, Тексас, во близина на Орловиот премин, односно „Игл Пас“.

Додека гувернерите на 26 држави во САД го поддржаа колегата од Тексас во врска со бодликавата жица на границата и борбата со илегалните мигранти, Тексас ги извади армијата и тенковите на терен. Судирот меѓу администрацијата на Бајден и државата Тексас ги разбуди стравувањата од граѓанска војна.

Џитер истакна дека конвоите не се против миграцијата во САД, туку дека работите излегле од контрола, бидејќи минатата година повеќе од 2,4 милиони луѓе илегално ја преминале јужната граница, а според Одделот за домашна безбедност, само во декември, тој број достигна рекордни 300.000.

Членовите на американскиот Сенат во Вашингтон работат на можен договор за имиграцијата што ќе му даде овластување на претседателот да го паузира процесирањето на барањата за азил и да ги забрзи мерките за депортација, но и за добивање азил.

The post Фијаското ќе го достигне врвот на 3 февруари, в сабота се очекуваат 700.000 луѓе на границата со Мексико appeared first on Република.

]]>

Фијаското на границата на американската држава Тексас и Мексико може да го достигне врвот на 3 февруари кога најавено е дека најмалку 700.000 луѓе да пристигнат и да му дадат поддршка на гувернерот Грег Абот. Според зборовите на организаторот на Ким Џитер, тоа сепак ќе биде мирен собир.
До оние кои изразуваат незадоволство: ние сме обични граѓани, земјоделци, сточари, пензионирани полицајци, а не луди теоретичари на заговор. Тоа ќе биде мирен собир на Американците од сите политички класи и сите етнички групи. Има камионџии, мотоцикли, мајки и татковци. Мислам дека ќе има повеќе од 700.000 луѓе (во сабота), изјави Џитер за „Њујорк пост“.
Во понеделникот конвој од 40.000 камиони тргна кон границата со транспаренти „Вратете ја нашата граница“.
Во оградите има огромни отвори, поради што границата не може да се обезбеди. Тие треба да се затворат. Нашиот заеднички став е дека мораме да ги обезбедиме нашите граници. Сите ние се залагаме за безбедна, легална миграција. Луѓето кои доаѓаат мора да поминат низ проверка. На митингот ќе зборуваат мајки чии деца починале од фентанил, една од нив е Анже Џибони. Еден од нас имаше дете убиено од илегалец, вели тој.
Организаторите на конвојот ја напуштија Вирџинија во понеделникот и ја поминаа ноќта на Флорида, каде што им се придружија и други групи луѓе. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат комбиња и камиони кои се упатиле од Џексонвил, Флорида преку Алабама, Мисисипи и Луизијана до Кемада, Тексас, во близина на Орловиот премин, односно „Игл Пас“. Додека гувернерите на 26 држави во САД го поддржаа колегата од Тексас во врска со бодликавата жица на границата и борбата со илегалните мигранти, Тексас ги извади армијата и тенковите на терен. Судирот меѓу администрацијата на Бајден и државата Тексас ги разбуди стравувањата од граѓанска војна. Џитер истакна дека конвоите не се против миграцијата во САД, туку дека работите излегле од контрола, бидејќи минатата година повеќе од 2,4 милиони луѓе илегално ја преминале јужната граница, а според Одделот за домашна безбедност, само во декември, тој број достигна рекордни 300.000. Членовите на американскиот Сенат во Вашингтон работат на можен договор за имиграцијата што ќе му даде овластување на претседателот да го паузира процесирањето на барањата за азил и да ги забрзи мерките за депортација, но и за добивање азил.

The post Фијаското ќе го достигне врвот на 3 февруари, в сабота се очекуваат 700.000 луѓе на границата со Мексико appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Мора да постои јасна разлика меѓу бегалци и илегални мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-mora-da-postoi-jasna-razlika-megu-begaltsi-i-ilegalni-migranti/ Wed, 13 Dec 2023 19:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=722690

Меѓународната заедница треба јасно да стави до знаење дека постои недвосмислена разлика меѓу бегалци и илегални мигранти и да се однесува во согласност со тоа, изјави денеска во Женева унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто на пленарната сесија на Глобалниот форум за бегалци рече дека Унгарија е под двоен притисок, од исток поради војната во Украина и од југ поради сериозниот предизвик за заштита на надворешната граница на ЕУ од насоката на моментално најпрометната миграциската рута од Западен Балкан, соопшти Министерството за надворешни работи, пренесе унгарска новинска агенција.

Меѓународното право јасно наведува дека луѓето кои се принудени да ја напуштат земјата имаат право да останат привремено во првата безбедна земја во која ќе влезат, но немаат право да поминат низ неколку безбедни земји за да стигнат до дестинација по сопствен избор“, додаде Сијарто.

The post Сијарто: Мора да постои јасна разлика меѓу бегалци и илегални мигранти appeared first on Република.

]]>

Меѓународната заедница треба јасно да стави до знаење дека постои недвосмислена разлика меѓу бегалци и илегални мигранти и да се однесува во согласност со тоа, изјави денеска во Женева унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто на пленарната сесија на Глобалниот форум за бегалци рече дека Унгарија е под двоен притисок, од исток поради војната во Украина и од југ поради сериозниот предизвик за заштита на надворешната граница на ЕУ од насоката на моментално најпрометната миграциската рута од Западен Балкан, соопшти Министерството за надворешни работи, пренесе унгарска новинска агенција.