икони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ikoni/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 07:42:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png икони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ikoni/ 32 32 Скопјанец фатен на дело како ги оштетува иконите на крстот во Драчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-faten-na-delo-kako-gi-oshtetuva-ikonite-na-krstot-vo-drachevo/ Sat, 12 Oct 2024 08:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=825779

Вчера околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Г.(36) од Скопје.

Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

The post Скопјанец фатен на дело како ги оштетува иконите на крстот во Драчево appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Г.(36) од Скопје. Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

The post Скопјанец фатен на дело како ги оштетува иконите на крстот во Драчево appeared first on Република.

]]>
Во Вевчани пречекани иконите на македонските светители Спасе Вевчански и Спаса Вишенска https://arhiva3.republika.mk/zivot/vo-vevchani-prechekani-ikonite-na-makedonskite-svetiteli-spase-vevchanski-i-spasa-vishenska/ Sun, 16 Jun 2024 14:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=788161

Во Вевчани денеска пред почетокот на светата литургија, со која началствуваа парохискиот свештен во Вевчани, отец Ромео Петрески и свештеникот од храмот „Св. Ѓорѓија“ од Струга, отец Христијан Костоски, беа дочекани иконите на сеправославниот македонски светител, Спасе Вевчански и неговата света сестра, Спаса Вишенска.

Како што посочуваат од храмот „Св. Никола“ од Вевчани, Св. Спасе Вевчански живеел и се подвизувал на Бога во манастирот „Св. Спас Горни“ во Вевчани, кој е посветен на Вознесението Христово - Спасовден.

Голема е радоста денеска што го дочекавме овој голем светол и историски чин, се радувам на вашите солзи радосници со кои се поклонувате пред светава икона на нашиов Свети Спасе Вевчански и на Света Спаса Вишенска. Вакви моменти еднаш во животот човек може да ги доживее ако има среќа и затоа, радувајте се, посочи на проповедта парохискиот свештеник Отец Ромео Петрески.

Како што стои во соопштението, после светата литургија за сите верници во дворот на црквата била организирана закуска, која била донација од сите вевчански угостителски објекти.

The post Во Вевчани пречекани иконите на македонските светители Спасе Вевчански и Спаса Вишенска appeared first on Република.

]]>

Во Вевчани денеска пред почетокот на светата литургија, со која началствуваа парохискиот свештен во Вевчани, отец Ромео Петрески и свештеникот од храмот „Св. Ѓорѓија“ од Струга, отец Христијан Костоски, беа дочекани иконите на сеправославниот македонски светител, Спасе Вевчански и неговата света сестра, Спаса Вишенска. Како што посочуваат од храмот „Св. Никола“ од Вевчани, Св. Спасе Вевчански живеел и се подвизувал на Бога во манастирот „Св. Спас Горни“ во Вевчани, кој е посветен на Вознесението Христово - Спасовден.
Голема е радоста денеска што го дочекавме овој голем светол и историски чин, се радувам на вашите солзи радосници со кои се поклонувате пред светава икона на нашиов Свети Спасе Вевчански и на Света Спаса Вишенска. Вакви моменти еднаш во животот човек може да ги доживее ако има среќа и затоа, радувајте се, посочи на проповедта парохискиот свештеник Отец Ромео Петрески.
Како што стои во соопштението, после светата литургија за сите верници во дворот на црквата била организирана закуска, која била донација од сите вевчански угостителски објекти.

The post Во Вевчани пречекани иконите на македонските светители Спасе Вевчански и Спаса Вишенска appeared first on Република.

]]>
Русија ја обвинува Украина за шверц на експлозиви скриени во икони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-obvinuva-ukraina-za-shverts-na-eksplozivi-skrieni-vo-ikoni/ Tue, 02 Apr 2024 15:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=761339

Руската домашна разузнавачка служба ФСБ денеска соопшти дека спречила обид на Украина да шверцува експлозиви во Русија.

Како што пренесе ДПА, експлозивот бил скриен во православни икони и други предмети за црковна употреба, соопшти ФСБ во Москва.

Нема независна потврда за овие информации, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков упати обвинувања кон Украина.

- Ова е уште еден загрижувачки сигнал кој вешто ги покажува терористичките методи што ги користи режимот во Киев, рече Песков.

ФСБ соопшти дека иконите од Украина, преполни со експлозиви, биле запленети во автомобил на границата меѓу Летонија и Русија. Автомобилот претходно патувал од Украина преку Романија, Унгарија, Словачка, Полска и Литванија.

Во соопштението се додава дека се откриени 27 експлозивни направи маскирани како икони, 70 килограми пластичен експлозив и 91 детонатор.

The post Русија ја обвинува Украина за шверц на експлозиви скриени во икони appeared first on Република.

]]>

Руската домашна разузнавачка служба ФСБ денеска соопшти дека спречила обид на Украина да шверцува експлозиви во Русија. Како што пренесе ДПА, експлозивот бил скриен во православни икони и други предмети за црковна употреба, соопшти ФСБ во Москва. Нема независна потврда за овие информации, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков упати обвинувања кон Украина. - Ова е уште еден загрижувачки сигнал кој вешто ги покажува терористичките методи што ги користи режимот во Киев, рече Песков. ФСБ соопшти дека иконите од Украина, преполни со експлозиви, биле запленети во автомобил на границата меѓу Летонија и Русија. Автомобилот претходно патувал од Украина преку Романија, Унгарија, Словачка, Полска и Литванија. Во соопштението се додава дека се откриени 27 експлозивни направи маскирани како икони, 70 килограми пластичен експлозив и 91 детонатор.

The post Русија ја обвинува Украина за шверц на експлозиви скриени во икони appeared first on Република.

]]>
Во Русија спречен шверц на експлозив од Украина што бил скриен во православни икони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-rusija-sprechen-shverts-na-eksploziv-od-ukraina-shto-bil-skrien-vo-pravoslavni-ikoni/ Tue, 02 Apr 2024 12:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=761276

Товар со експлозив скриен во православни икони, на пат кон Москва, бил пресретнат од руските специјални служби во регионот Псков.

Официјални лица на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), заедно со цариниците спречија шверц на 27 импровизирани експлозивни направи скриени во православните икони од Украина во Русија, соопштија од ФСБ.

Товарот се движел на релација Украина - Романија - Унгарија - Словачка - Полска - Литванија - Летонија - Русија, а во него имало 27 импровизирани експлозивни направи скриени во икони и подготвени за употреба, 70 килограми индустриски произведен пластичен експлозив со голема моќност и 91 електричен детонатори, се наведува во соопштението.

Од одделот појаснуваат дека обемот на експлозив што се шверцувал во Русија бил доволен за да се разнесе петкатна зграда.

The post Во Русија спречен шверц на експлозив од Украина што бил скриен во православни икони appeared first on Република.

]]>

Товар со експлозив скриен во православни икони, на пат кон Москва, бил пресретнат од руските специјални служби во регионот Псков.
Официјални лица на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), заедно со цариниците спречија шверц на 27 импровизирани експлозивни направи скриени во православните икони од Украина во Русија, соопштија од ФСБ.
Товарот се движел на релација Украина - Романија - Унгарија - Словачка - Полска - Литванија - Летонија - Русија, а во него имало 27 импровизирани експлозивни направи скриени во икони и подготвени за употреба, 70 килограми индустриски произведен пластичен експлозив со голема моќност и 91 електричен детонатори, се наведува во соопштението. Од одделот појаснуваат дека обемот на експлозив што се шверцувал во Русија бил доволен за да се разнесе петкатна зграда.  

The post Во Русија спречен шверц на експлозив од Украина што бил скриен во православни икони appeared first on Република.

]]>
Десетици древни православни икони од Украина прошверцувани во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/desetitsi-drevni-pravoslavni-ikoni-od-ukraina-proshvertsuvani-vo-frantsija/ Sun, 28 Jan 2024 20:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=737885

Древни православни икони од Украина биле прошверцувани во Франција.

Како што пишува „Волстрит џурнал“, десетици православни икони биле прошверцувани од Украина во Франција уште во мај 2023 година.

Дел од таквите икони се изложени во музејот Лувр.

Никој освен тесен круг луѓе не знаеше дека го правиме тоа“, вели Максимилиен Дуран, раководител на одделот за византиска и источнохристијанска уметност во Лувр.

Шеснаесет ретки икони, од кои некои датираат од 6 век, од колекцијата на Националниот уметнички музеј во Киев биле пренесени во Франција под воена придружба преку Полска и Германија.

The post Десетици древни православни икони од Украина прошверцувани во Франција appeared first on Република.

]]>

Древни православни икони од Украина биле прошверцувани во Франција. Како што пишува „Волстрит џурнал“, десетици православни икони биле прошверцувани од Украина во Франција уште во мај 2023 година. Дел од таквите икони се изложени во музејот Лувр.
Никој освен тесен круг луѓе не знаеше дека го правиме тоа“, вели Максимилиен Дуран, раководител на одделот за византиска и источнохристијанска уметност во Лувр.
Шеснаесет ретки икони, од кои некои датираат од 6 век, од колекцијата на Националниот уметнички музеј во Киев биле пренесени во Франција под воена придружба преку Полска и Германија.

The post Десетици древни православни икони од Украина прошверцувани во Франција appeared first on Република.

]]>
20 украдени икони од цркви во струшко од Албанија вратени во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/20-ukradeni-ikoni-od-tsrkvi-vo-strushko-od-albanija-vrateni-vo-makedonija/ Fri, 15 Dec 2023 19:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=723443

Украдени икони од македонски цркви, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, Албанија, од вечерва се изложени во Музејот на Македонија. Вкупно 20 икони кои беа украдени од цркви од струшкиот регион беа вратени денеска од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

На изложувањето во Музејот на Македонија присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и членот на МАНУ кој всушност ги препозна иконите, Сашо Цветковски.

По завршувањето на овој процес за враќање на 20- те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија

[caption id="attachment_723447" align="alignnone" width="730"] фото: МИА[/caption]

Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности во последните две години.

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западниот и Југозападниот дел на земјава, од каде што се однесоа стотици икони. Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје.

https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-gi-primi-20-te-ikoni-koi-im-pripagaat-na-makedonskite-tsrkvi-i-manastiri-a-bea-nezakonski-odneseni-vo-albanija/

The post 20 украдени икони од цркви во струшко од Албанија вратени во Македонија appeared first on Република.

]]>

Украдени икони од македонски цркви, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, Албанија, од вечерва се изложени во Музејот на Македонија. Вкупно 20 икони кои беа украдени од цркви од струшкиот регион беа вратени денеска од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. На изложувањето во Музејот на Македонија присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и членот на МАНУ кој всушност ги препозна иконите, Сашо Цветковски. По завршувањето на овој процес за враќање на 20- те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија [caption id="attachment_723447" align="alignnone" width="730"] фото: МИА[/caption] Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности во последните две години. Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западниот и Југозападниот дел на земјава, од каде што се однесоа стотици икони. Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје. https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-gi-primi-20-te-ikoni-koi-im-pripagaat-na-makedonskite-tsrkvi-i-manastiri-a-bea-nezakonski-odneseni-vo-albanija/

The post 20 украдени икони од цркви во струшко од Албанија вратени во Македонија appeared first on Република.

]]>
Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvaeset-ukradeni-ikoni-od-makedonskite-tsrkvi-od-albanija-utre-ke-pristignat-vo-zemjava/ Thu, 14 Dec 2023 14:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=722971

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во  Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

Информацијата за МИА ја потврди тимот кој работи со проектот, а детали околу тоа ќе бидат изнесени по влегувањето на иконите во земјава.

Прв пат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на  Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура.

Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ.

Постапката за враќање на украдените икони од Македонија од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години.

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Само на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Струга, како што информира за МИА портпаролот Стефан Димоски, имало 22 пријави за „кражба“ и „тешка кражба“ на икони од цркви. Три пријави за кривични дела „тешка кражба“ во цркви во струшко, според него, имало и во 2017 година.

– Кривичните дела се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дренок… Во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор, изјави Димоски.

Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија.

Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје.

По завршувањето на овој процес за враќање на 20 – те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.

The post Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава appeared first on Република.

]]>

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во  Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. Информацијата за МИА ја потврди тимот кој работи со проектот, а детали околу тоа ќе бидат изнесени по влегувањето на иконите во земјава. Прв пат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на  Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура. Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ. Постапката за враќање на украдените икони од Македонија од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години. Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Само на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Струга, како што информира за МИА портпаролот Стефан Димоски, имало 22 пријави за „кражба“ и „тешка кражба“ на икони од цркви. Три пријави за кривични дела „тешка кражба“ во цркви во струшко, според него, имало и во 2017 година. – Кривичните дела се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дренок… Во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор, изјави Димоски. Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија. Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје. По завршувањето на овој процес за враќање на 20 – те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.

The post Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава appeared first on Република.

]]>
Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uspeshno-e-zavrshena-restavratsijata-na-tri-ikoni-od-dicho-zograf-koi-se-chuvaat-vo-natsionalniot-istoriski-muzej-vo-tirana/ Fri, 08 Dec 2023 19:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=721134

– Успешно е завршена реставрацијата на трите икони од познатиот македонски зограф Дичо Зограф, кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана, информираше Националниот институт за културно наследство на Албанија на  официјалната страна на Фејсбук.

Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј”,  двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена во 1859 година.

Благодарение на посветената работа на реставраторите на лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, усоешно заврши реставрацијата на трите икони кои биле дел од иконостасот и внатрешноста во црквата „Свети Никола“ во Елбасан (XVII-XVIII век). По нејзиното уривање во 1969 година беа попишани и пренесени во фондот на Заводот за споменици на културата, а потоа во 1999 година во фондот на Националниот историски музеј.

Дичо Зограф е познат македонски иконописец, претставник на дебарската школа и оти е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век, кој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите во регионот.

Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е роден во 1819 година во селото Тресонче, област Мала Река, кај Дебар. Неговото творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите. 

The post Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана appeared first on Република.

]]>

– Успешно е завршена реставрацијата на трите икони од познатиот македонски зограф Дичо Зограф, кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана, информираше Националниот институт за културно наследство на Албанија на  официјалната страна на Фејсбук. Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј”,  двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена во 1859 година.
Благодарение на посветената работа на реставраторите на лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, усоешно заврши реставрацијата на трите икони кои биле дел од иконостасот и внатрешноста во црквата „Свети Никола“ во Елбасан (XVII-XVIII век). По нејзиното уривање во 1969 година беа попишани и пренесени во фондот на Заводот за споменици на културата, а потоа во 1999 година во фондот на Националниот историски музеј.
Дичо Зограф е познат македонски иконописец, претставник на дебарската школа и оти е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век, кој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите во регионот. Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е роден во 1819 година во селото Тресонче, област Мала Река, кај Дебар. Неговото творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите. 

The post Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана appeared first on Република.

]]>
Утврден законот што ќе овозможи враќање на незаконски изнесените икони во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utvrden-zakonot-shto-ke-ovozmozhi-vrakane-na-nezakonski-iznesenite-ikoni-vo-zemjava/ Tue, 07 Mar 2023 17:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=617018

Владата го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија за враќање незаконски изнесени икони во земјата на потекло, предложен од Министерството за надворешни работи и одлучи да го достави до Собранието на Република Македонија.

Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое претходно се договорија Македонија и Албанија, ќе биде вратено во Република Македонија. Ова ќе ги продлабочи и унапреди културните односи меѓу Република Македонија и Република Албанија и ќе ја манифестира сериозната посветеност на двете држави во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област, информираат од Владата.

The post Утврден законот што ќе овозможи враќање на незаконски изнесените икони во земјава appeared first on Република.

Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/ Thu, 02 Feb 2023 17:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=604005

Албанскиот парламент попладнево, на пленарна седница, го ратификуваше договорот за соработка меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА.

Договорот беше изгласан со 73 гласа, со што се отвора патот да се вратат 20 икони во „нивната земја на потекло, кои по заплената во Албанија преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови”.

-Врз основа на направената проценка, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, стои во документот.

Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Македонија, од каде што биле изнесени илегално.

The post Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот парламент попладнево, на пленарна седница, го ратификуваше договорот за соработка меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА. Договорот беше изгласан со 73 гласа, со што се отвора патот да се вратат 20 икони во „нивната земја на потекло, кои по заплената во Албанија преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови”.
-Врз основа на направената проценка, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, стои во документот.
Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Македонија, од каде што биле изнесени илегално.

The post Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија appeared first on Република.

]]>
Албанија пред ратификација на договорот и враќање на 20-те икони во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-pred-ratifikatsija-na-dogovorot-i-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/ Wed, 25 Jan 2023 10:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=600807

Албанската парламентарна комисија за правни прашања, јавна администрација и човекови права го разгледа и одобри предлог-законот за ратификација на договорот за соработка, меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА.

Донесувањето на овој предлог-закон, за соработка меѓу Албанија и  Македонија, има за цел да се вратат 20 икони во нивната земја на потекло, кои се запленети во нашата земја а преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови, образложи Мери Кумбе, заменик министерка за култура.

Дополнително појасни дека врз основа на направената процена, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година.

Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона”, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од  Македонија од каде што биле изнесени илегално.

The post Албанија пред ратификација на договорот и враќање на 20-те икони во Македонија appeared first on Република.

]]>

Албанската парламентарна комисија за правни прашања, јавна администрација и човекови права го разгледа и одобри предлог-законот за ратификација на договорот за соработка, меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА. Донесувањето на овој предлог-закон, за соработка меѓу Албанија и  Македонија, има за цел да се вратат 20 икони во нивната земја на потекло, кои се запленети во нашата земја а преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови, образложи Мери Кумбе, заменик министерка за култура. Дополнително појасни дека врз основа на направената процена, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година. Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона”, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од  Македонија од каде што биле изнесени илегално.

The post Албанија пред ратификација на договорот и враќање на 20-те икони во Македонија appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Со потпишаниот договор со Албанија, 20 икони се враќаат назад во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-so-potpishaniot-dogovor-so-albanija-20-ikoni-se-vrakjaat-nazad-vo-zemjava/ Mon, 14 Nov 2022 13:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=573713

Договор за соработка за враќање на незаконски изнесени икони од земјата на потекло потпишаа министерките за култура на Република Македонија и на Република Албанија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити, како дел од меѓувладината седница на двете земји.

Со потпишувањето на овој Договор се отвора и ново поглавје во односите меѓу двете држави, особено во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област. Македонија и Албанија, земји кои се кандатки за членство во ЕУ, демонстрираат сериозна посветеност кон почитувањето на меѓународните конвенции. Двете земји покажуваат дека соседите може да имаат соработка преку доследно почитување на важни европски документи од областа на заштитата на културното наследство – потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека овој Договор е дел од Конвенцијата за мерките за забрана и спречување на недозволен увоз, извоз и пренос на сопственоста на културните добра на Организацијата на Обединетите нации, за просвета, наука и култура, од 1970 година (чиј потписник е и Република Албанија), како и од Конвенцијата за украдени или незаконски извезени културни добра на Меѓународниот институт за унификација на приватното право, од 1995 година.

Сите податоци поврзани со иконите, Јавното обвинителство на Република Македонија ги достави до надлежните органи во Република Албанија и тие, заедно со запленетите икони, беа доказ во кривичната постапка што за случајот ИКОНА се водеше во Судот на судскиот округ во Тирана, Република Албанија.

Со потпишувањето на овој Договор и враќањето на иконите од македонските цркви и манастири, двете влади манифестираат заедничка посветеност во негувањето на вредното културно наследство, посветеност во продлабочувањето и унапредувањето на односите во областа на културата, почитувајќи ги меѓународните прописи чии потписнички се обете земји.

Во 2013 година на територијата на Република Албанија беа запленети голем број  икони и црковни предмети. Според официјалните податоци во комуникацијата и преку размената на информации и сознанија меѓу надлежните органи на двете земји, беше лоцирано дека 20 икони не се со потекло од Албанија, односно дека постојат индиции дека се нелегално изнесени од Македонија.

При увидот на запленетите икони што го извршија македонски експерти, кои изготвија стручен наод и мислење, се утврди дека потеклото на иконите е од црквите и манастирите на нашата земја.

Во изминатиот период беше разменета целокупната документација за идентификување на 20-те вредни икони, а албански експерти остварија и увид во црквите во Македонија на кои им припаѓаат иконите, со што се утврди дека предметните икони се составен дел на неколку збирки икони, и тоа: на збирката икони од црквата Св. Атанасиј, с. Долно Перово, Општина Ресен, припаѓаат пет икони; три икони се дел од збирката на црквата Св. Богородица, с. Ѓавато, Општина Битола; пет припаѓаат на црквата Св. Атанасиј, с. Селци, Општина Струга; три икони припаѓаат на црквата Св. Никола“, с. Радожда, Општина Струга и три се дел од збирката на црквата Св. Богородица, с. Буринец, Општина Струга – додаде министерката.

Таа информира дека во идентификувањето на иконите голем придонес има историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски, од МАНУ.

Иконите се резултат на богатата домашна иконописна традиција од 19 век и имаат историска, уметничка, културна и научна вредност. Иконите, како автентични предмети од движното културно наследство, се документирани и во посебниот „Регистар на евидентирани икони на територија на СРМ“ од 1987 година што се води во Националниот конзерваторски центар.

Управата за заштита на културното наследство, во 2017 година, иконите ги прогласи за национално богатство.

The post Костадиновска-Стојчевска: Со потпишаниот договор со Албанија, 20 икони се враќаат назад во земјава appeared first on Република.

Во Албанија откриени повеќе од 20 нови украдени икони од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-albanija-otkrieni-povekje-od-20-novi-ukradeni-ikoni-od-makedonija/ Fri, 29 Jul 2022 16:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=534796

Во Албанија се откриени повеќе од 20 украдени икони од Македонија.

Во тој процес на реституција со Република Албанија на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка на икони, каде од 45 икони, веќе 23 или 24 се идентификувани дека се наши. Направивме тим од Министерство за култура и Управа за заштита на културно наследство кои веќе се испратени на терен и работат на препознавање на остатокот од иконите, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на средбата со новинарите.

Таа информира дека треба да имаме подобри законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат и додаде оти сега има само комуникација меѓу инволвирани министерствата од Македонија и од Албанија. Најави дека во овој дел ќе имаат помош од Американската амбасада во земјава.

Негрижа за богатото црквоно наследство, ограбени, опустошени и осквернавени цркви, незаштитени и заборавени локалитети е сликата од македонските светилишта со години наназад. Само во изминатите десетина години од Струшко украдени се 600 икони со непроценлива вредност.

The post Во Албанија откриени повеќе од 20 нови украдени икони од Македонија appeared first on Република.

]]>

Во Албанија се откриени повеќе од 20 украдени икони од Македонија.
Во тој процес на реституција со Република Албанија на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка на икони, каде од 45 икони, веќе 23 или 24 се идентификувани дека се наши. Направивме тим од Министерство за култура и Управа за заштита на културно наследство кои веќе се испратени на терен и работат на препознавање на остатокот од иконите, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на средбата со новинарите.
Таа информира дека треба да имаме подобри законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат и додаде оти сега има само комуникација меѓу инволвирани министерствата од Македонија и од Албанија. Најави дека во овој дел ќе имаат помош од Американската амбасада во земјава. Негрижа за богатото црквоно наследство, ограбени, опустошени и осквернавени цркви, незаштитени и заборавени локалитети е сликата од македонските светилишта со години наназад. Само во изминатите десетина години од Струшко украдени се 600 икони со непроценлива вредност.

The post Во Албанија откриени повеќе од 20 нови украдени икони од Македонија appeared first on Република.

]]>