иклон маск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iklon-mask/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 20:09:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иклон маск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iklon-mask/ 32 32 Илон Маск лансира стартапот за развој на вештачка интелигенција „xAI“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ilon-mask-lansira-startapot-za-razvoj-na-veshtachka-inteligentsija-xai/ Wed, 12 Jul 2023 20:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=660600

Илон Маск, го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција „xAI“, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за Чет-ГПТ (Chat-GPT).

Стартапот ќе биде предводен од Маск, кој е извршен директор на Тесла и сопственик на Твитер и кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира.

Го објавувам основањето на „@xAI“ за да се разбере реалноста, напиша Маск на Твитер.

Во старт-ап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на Дип мајнд, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл и Грег Јанг, кој работел за Мајкрософт.

Маск е единствен директор, а Џеред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија, е секретар.

Милијардерот во април изјави дека ќе основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција што ќе се залага за вистината што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.

Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако ОпенАИ го лансираше популарниот чет-бот Чет-ГПТ во ноември минатата година, пред Бард и Бинг.

Новата компанија на Маск е одвоена од „X Corp“, но тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.

The post Илон Маск лансира стартапот за развој на вештачка интелигенција „xAI“ appeared first on Република.

]]>

Илон Маск, го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција „xAI“, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за Чет-ГПТ (Chat-GPT). Стартапот ќе биде предводен од Маск, кој е извршен директор на Тесла и сопственик на Твитер и кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира.
Го објавувам основањето на „@xAI“ за да се разбере реалноста, напиша Маск на Твитер.
Во старт-ап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на Дип мајнд, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл и Грег Јанг, кој работел за Мајкрософт. Маск е единствен директор, а Џеред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија, е секретар. Милијардерот во април изјави дека ќе основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција што ќе се залага за вистината што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт. Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако ОпенАИ го лансираше популарниот чет-бот Чет-ГПТ во ноември минатата година, пред Бард и Бинг. Новата компанија на Маск е одвоена од „X Corp“, но тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.

The post Илон Маск лансира стартапот за развој на вештачка интелигенција „xAI“ appeared first on Република.

]]>