ИК на ВМРО-ДПМНЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ik-na-vmro-dpmne/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jan 2024 21:22:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИК на ВМРО-ДПМНЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ik-na-vmro-dpmne/ 32 32 Муцунски: Тошковски, Петрова, Велковски, Трипуновски и Андоновски се луѓето кои во техничката влада имаат обврска да обезбедат фер и демократски избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-toshkovski-petrova-velkovski-tripunovski-i-andonovski-se-lugeto-koi-vo-tehnichkata-vlada-imaat-obvrska-da-obezbedat-fer-i-demokratski-izbori/ Wed, 24 Jan 2024 21:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=736512

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри.

Во насока на обезбедување кредибилен процес, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во техничката влада. Во рамки на ставот кој што досега го имавме ќе предложиме технички минстри, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на партијата по седницата на ИК.

Потврди дека во преодната влада, Панче Тошковски ќе биде технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за труд и социјална политика, додека за дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Ова се петте кадровски решенија со кои ВМРО-ДПМННЕ ќе го даде својот максимум за одржување на фер и демократски избори, што практично е и причината за формирање на техничката влада. Причината поради која ВМРО-ДПММНЕ одлучи да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација заглавена во криминал и корупција. СДС и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, за многу бргу од денес ќе бидат политичко минато. Важно е да ги поразиме, за да имаме иднина за Македонија, каква што посакуваме, рече Муцунски.

На новинарско прашање како ќе гласаат, го повтори партискиот став дека нема да гласаат за техничка влада предложена од лице од ДУИ.

Ние ќе ги дадеме нашите предлози, но поддршка од нашите пратеници за таа влада нема да ја има, наведе Муцунски.

Предлозите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министри и дополнителни заменици министри во техничката влада претходно вечерва ги соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски, во телевизиско гостување.

The post Муцунски: Тошковски, Петрова, Велковски, Трипуновски и Андоновски се луѓето кои во техничката влада имаат обврска да обезбедат фер и демократски избори appeared first on Република.

]]>

Муцунски: Овластен е Мицкоски да ги одбере кадрите за техничката влада, а Џафери нема да биде поддржан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-ovlasten-e-mitskoski-da-gi-odbere-kadrite-za-tehnichkata-vlada-a-dhaferi-nema-da-bide-poddrzhan-od-pratenitsite-na-vmro-dpmne/ Thu, 11 Jan 2024 20:15:13 +0000 https://republika.mk/?p=732133

⁹2024 година за граѓаните на Македонија е година на промени, година во која ќе се ослободиме од криминалната власт на СДС и ДУИ и година во која ќе се донесат промените кои ги заслужува народот.
На вечерашната седница на ИК се донесоа 5 клучни одлуки за изборниот процес, дозволете ми да ги прочитам и да ја информирам јавноста за истите:
1.      ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, што би значело именување на лица кои согласно законот за техничка влада треба да бидат на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел очекуваме и ЦК да донесе одлука со која што ќе се овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада. Причината поради која ИК донесе ваква одлука е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација. Од криминал, преку корупција до партизација, нема нерегуларност која не е направена од страна на власта. Кронизмот во нашето општество е потврден и од нашите меѓународни партнери. СДС и ДУИ кои се промовираат како европски фронт, се на сериозен пат да ја уништат европската перспектива на Македонија. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Институциите се користат како алатки за тендери, а МВР е партнер на криминалот. Со ваква власт Македонија е се подалеку од ЕУ, со институции контролирани од оваа власт нема независност, непристрасност и професионалност.
2.      Дополнително, поради сите овие горенаведени причини ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазема став да се воздржи од гласањето на техничката влада, која под водство на Талат Џафери од ДУИ, нема никаков легитимитет, истата е само коалициски договор помеѓу СДС и ДУИ.
3.      ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа Делегатите за Конвенцијата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија. Согласно критериумите преку кои се бираат и застапеноста на структурата на партијата, Делегати на Конвенцијата ќе бидат вкупно 475 лица. Исто така, се комплетирани и составите на нашите Општински изборни штабови.
4.      ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе Одлука за формирање на Комисија за преговори со актуелните коалициски партнери, но и сите останати политички партии кои ќе пристапуваат и ќе бидат дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
5.      Со оглед на акутната криза која се однесува на издавањето на пасошите, каде се гледа и актуелната неспособност на власта, ИК донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи. Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и Ковачевски кои директно се виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи.
Со овие одлуки ВМРО-ДПМНЕ е комплетно подготвена за изборниот процес кој следува. Идејата за промени ќе биде водилката која што ќе не движи напред, граѓаните потврдуваат дека никогаш не било полошо. Затоа е потребно да се победи власта на СДС и ДУИ, и на Македонија да и се обезбеди просперитетна иднина!

The post Муцунски: Овластен е Мицкоски да ги одбере кадрите за техничката влада, а Џафери нема да биде поддржан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

⁹2024 година за граѓаните на Македонија е година на промени, година во која ќе се ослободиме од криминалната власт на СДС и ДУИ и година во која ќе се донесат промените кои ги заслужува народот. На вечерашната седница на ИК се донесоа 5 клучни одлуки за изборниот процес, дозволете ми да ги прочитам и да ја информирам јавноста за истите: 1.      ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, што би значело именување на лица кои согласно законот за техничка влада треба да бидат на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел очекуваме и ЦК да донесе одлука со која што ќе се овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада. Причината поради која ИК донесе ваква одлука е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација. Од криминал, преку корупција до партизација, нема нерегуларност која не е направена од страна на власта. Кронизмот во нашето општество е потврден и од нашите меѓународни партнери. СДС и ДУИ кои се промовираат како европски фронт, се на сериозен пат да ја уништат европската перспектива на Македонија. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Институциите се користат како алатки за тендери, а МВР е партнер на криминалот. Со ваква власт Македонија е се подалеку од ЕУ, со институции контролирани од оваа власт нема независност, непристрасност и професионалност. 2.      Дополнително, поради сите овие горенаведени причини ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазема став да се воздржи од гласањето на техничката влада, која под водство на Талат Џафери од ДУИ, нема никаков легитимитет, истата е само коалициски договор помеѓу СДС и ДУИ. 3.      ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа Делегатите за Конвенцијата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија. Согласно критериумите преку кои се бираат и застапеноста на структурата на партијата, Делегати на Конвенцијата ќе бидат вкупно 475 лица. Исто така, се комплетирани и составите на нашите Општински изборни штабови. 4.      ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе Одлука за формирање на Комисија за преговори со актуелните коалициски партнери, но и сите останати политички партии кои ќе пристапуваат и ќе бидат дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 5.      Со оглед на акутната криза која се однесува на издавањето на пасошите, каде се гледа и актуелната неспособност на власта, ИК донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи. Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и Ковачевски кои директно се виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи. Со овие одлуки ВМРО-ДПМНЕ е комплетно подготвена за изборниот процес кој следува. Идејата за промени ќе биде водилката која што ќе не движи напред, граѓаните потврдуваат дека никогаш не било полошо. Затоа е потребно да се победи власта на СДС и ДУИ, и на Македонија да и се обезбеди просперитетна иднина!

The post Муцунски: Овластен е Мицкоски да ги одбере кадрите за техничката влада, а Џафери нема да биде поддржан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ќе го предводи РИШ за следните избори, на Конвенција ќе се бира кандидат за претседател на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-go-predvodi-rish-za-slednite-izbori-na-konventsija-ke-se-bira-kandidat-za-pretsedatel-na-makedonija/ Tue, 05 Dec 2023 18:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=720040

Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржува во моментов, започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од монструозното убиство кое се случи во Скопје и ја потресе целокупната домашна и регионална јавност, соопшти потпретседателот на партијата Александар Николоски.

Како што објасни, оваа седница доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори, 24 април и 8 мај.

Споените избори беа и наше барање затоа што тоа е логичен слет на работите особено што на тој начин се намалуваат и трошоците за одржувањето на истите, исто така се скратува времето во кое што економијата ќе е замрзната, и граѓаните ќе можат во еден изборен циклус да одлучат и за избор на влада и премиер и за претседател, рече Николоски.

Додаде дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а неговзаменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.

Воедно, отпочнаа и подготовките за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.

И за избор за претседател и на парламентарните избори очекуваме историски голема победа по која што ќе се случат промените во Македонија и ќе се стави крај на оваа корупција, како и тонење на економијата. Победата ќе биде силна и убедлива затоа што Македонија заслужува промени и состојбата никогаш не била потешка и подраматична за нашата држава.
Имаме класично неспособна влада на ДУИ со подизведувач СДСМ која 8 години ја турка земјава во провалија. Сликата на власта се тендери во четири очи, неказнета и несанкционирана неспособност, криминал, црни листи, корупција од најниско до највисоко ниво. Урнисана економија, сиромаштија и инфлација. Ова е мака и за македонците и за Албанците. И за србите, власите, бошњаците, ромите и сите луѓе во Македонија. Имаме банди кои управуваат со одлучувачките процеси и како што тие велат се рамо до рамо со највисоките функционери од владата. Имаме токсична атмосфера произведувана само од власта преку прокси истурени платеници кои имаат за цел создавање раздор во националното ткиво. Ова се дилемите и состојбите. Одговорот е народот. Зад параванот и силата со волјата на секој граѓанин и заокружувањето на неговиот избор на гласачкото ливче, рече Николоски.

Потенцираше дека 24 април и 8 мај се датумите кога народот мора да излезе масовно и организирано на избори.

Не се гласа само за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ или ДУИ, тука се гласа за тоа дали ќе има промени или ќе остане стагнација и назадување. Дали Македонија ќе има иднина или ќе имаме држава на колена без систем и вредности како сега. Промените ќе бидат толку големи колку што ќе биде победата голема и убедлива. Одиме на огромна и јасна победа. Да се здружиме сите незадоволни од оваа власт. Сите кои сакаат промени и да се обединиме околу платформа која има иднина за Македонија. Важно е да има големи и крупни промени, рече Николоски.

https://youtu.be/0nXaAvfrCZo?si=ZICOyEUEvafD7_08

The post Мицкоски ќе го предводи РИШ за следните избори, на Конвенција ќе се бира кандидат за претседател на Македонија appeared first on Република.

]]>

Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржува во моментов, започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од монструозното убиство кое се случи во Скопје и ја потресе целокупната домашна и регионална јавност, соопшти потпретседателот на партијата Александар Николоски. Како што објасни, оваа седница доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори, 24 април и 8 мај.
Споените избори беа и наше барање затоа што тоа е логичен слет на работите особено што на тој начин се намалуваат и трошоците за одржувањето на истите, исто така се скратува времето во кое што економијата ќе е замрзната, и граѓаните ќе можат во еден изборен циклус да одлучат и за избор на влада и премиер и за претседател, рече Николоски.
Додаде дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а неговзаменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски. Воедно, отпочнаа и подготовките за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.
И за избор за претседател и на парламентарните избори очекуваме историски голема победа по која што ќе се случат промените во Македонија и ќе се стави крај на оваа корупција, како и тонење на економијата. Победата ќе биде силна и убедлива затоа што Македонија заслужува промени и состојбата никогаш не била потешка и подраматична за нашата држава. Имаме класично неспособна влада на ДУИ со подизведувач СДСМ која 8 години ја турка земјава во провалија. Сликата на власта се тендери во четири очи, неказнета и несанкционирана неспособност, криминал, црни листи, корупција од најниско до највисоко ниво. Урнисана економија, сиромаштија и инфлација. Ова е мака и за македонците и за Албанците. И за србите, власите, бошњаците, ромите и сите луѓе во Македонија. Имаме банди кои управуваат со одлучувачките процеси и како што тие велат се рамо до рамо со највисоките функционери од владата. Имаме токсична атмосфера произведувана само од власта преку прокси истурени платеници кои имаат за цел создавање раздор во националното ткиво. Ова се дилемите и состојбите. Одговорот е народот. Зад параванот и силата со волјата на секој граѓанин и заокружувањето на неговиот избор на гласачкото ливче, рече Николоски.
Потенцираше дека 24 април и 8 мај се датумите кога народот мора да излезе масовно и организирано на избори.
Не се гласа само за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ или ДУИ, тука се гласа за тоа дали ќе има промени или ќе остане стагнација и назадување. Дали Македонија ќе има иднина или ќе имаме држава на колена без систем и вредности како сега. Промените ќе бидат толку големи колку што ќе биде победата голема и убедлива. Одиме на огромна и јасна победа. Да се здружиме сите незадоволни од оваа власт. Сите кои сакаат промени и да се обединиме околу платформа која има иднина за Македонија. Важно е да има големи и крупни промени, рече Николоски.
https://youtu.be/0nXaAvfrCZo?si=ZICOyEUEvafD7_08

The post Мицкоски ќе го предводи РИШ за следните избори, на Конвенција ќе се бира кандидат за претседател на Македонија appeared first on Република.

]]>
Во тек е Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tek-e-izvrshniot-komitet-na-vmro-dpmne/ Mon, 05 Sep 2022 17:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=547768

Заседава Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одлуките ќе се соопштат на прес-конференција.

https://youtu.be/bLr-13SYQ1Q

The post Во тек е Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Заседава Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одлуките ќе се соопштат на прес-конференција. https://youtu.be/bLr-13SYQ1Q

The post Во тек е Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, седницата уште трае https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ik-na-vmro-dpmne-ja-prifati-inicijativata-za-referendum-sednicata-ushte-trae/ Thu, 21 Jul 2022 20:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=531966

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница едногласно и во целост ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски пред централниот партиски штаб.

Во перидот што следи, како што информира тој, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, како што кажа, е „народно спротивставување на идентитетско обезличување“.

Сајкоски посочи дека најпрво ќе направат широка консултација со општестевните чинители, па потоа ќе го водат процесот.

Седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се уште трае, а на нејзе се разговарало за актуелни теми, како што е политичката состојба со посебен осврт кон актуелното прашање врзано со преговарачката рамка и спорот со Бугарија.

На површина излегоа сите лаги на Владата. Ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а преговорите започнаа само за Албанија, рече Сајкоски, додавајќи дека се уште останува ветувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се против уставни промени.

The post ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, седницата уште трае appeared first on Република.

]]>

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница едногласно и во целост ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски пред централниот партиски штаб. Во перидот што следи, како што информира тој, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, како што кажа, е „народно спротивставување на идентитетско обезличување“. Сајкоски посочи дека најпрво ќе направат широка консултација со општестевните чинители, па потоа ќе го водат процесот. Седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се уште трае, а на нејзе се разговарало за актуелни теми, како што е политичката состојба со посебен осврт кон актуелното прашање врзано со преговарачката рамка и спорот со Бугарија.