ИЈЗ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ijz/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 09:36:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИЈЗ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ijz/ 32 32 Институтот за јавно здравје отвори Центар за советување мајки и бремени жени„Инфо бебе“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/institutot-za-javno-zdravje-otvori-tsentar-za-sovetuvane-majki-i-bremeni-zheni-info-bebe/ Wed, 13 Nov 2024 09:36:50 +0000 https://republika.mk/?p=837070

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) отвори телефонска линија за советување „Инфо Бебе" на кој ќе бидат споделени совети за бремени жени, мајки доилки и бебиња, информираат од ИЈЗ.

Сакаме да Ви помогнеме на патот кон здрава бременост, мајчинство и грижа на бебето! Нудиме совети за здрава исхрана, здрави животни навики, хигиена и грижа за бебиња, правилно доење, велат од ИЈЗ.

Линијата за поддршка е активна секој вторник и четврток од 11 до 13 часот, за совет или помош јавете се на: 078 285 613.

Претходно, ИЈЗ отвори телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето.Ллинијата е достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

The post Институтот за јавно здравје отвори Центар за советување мајки и бремени жени„Инфо бебе“ appeared first on Република.

]]>

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-so-telefonska-linija-za-soveti-za-otkazhuvane-od-pushene/ Fri, 08 Nov 2024 08:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=835348

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот.

Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.

The post ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот. Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети. Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.

The post ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење appeared first on Република.

]]>
По појавата на птичји груп, ИЈЗ со препораки до граѓаните https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-pojavata-na-ptichji-grup-ijz-so-preporaki-do-graganite/ Mon, 21 Oct 2024 12:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=829472

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција.

По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици. - Иако можеби имало некои случаи кои не биле откриени, се чини дека вирусот не заразува лесно луѓе и не се шири од човек на човек, врз основа на сегашното знаење и разбирање на оваа болест, велат од ИЈЗ.

Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.

Оттаму потенцираат дека заболените треба да се менаџираат правилно за да се спречат тешки болести и смрт.

Пациентите со лабораториски потврдена инфекција со вирусот на грип со прогресивна, комплицирана или тешка болест - или оние со асимптоматска или лесна болест, но, кои се изложени на зголемен ризик од тешка болест - треба да се лекуваат со антивирусни лекови, на пример „оселтамивир“, што е можно поскоро, наведуваат од ИЈЗ.

Препораките за заштита се да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.

Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.

Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни.

Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска вчера изјави дека од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина, за кои веќе била завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за четворица во текот на денешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја, ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип.

The post По појавата на птичји груп, ИЈЗ со препораки до граѓаните appeared first on Република.

]]>

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција. По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици. - Иако можеби имало некои случаи кои не биле откриени, се чини дека вирусот не заразува лесно луѓе и не се шири од човек на човек, врз основа на сегашното знаење и разбирање на оваа болест, велат од ИЈЗ.
Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.
Оттаму потенцираат дека заболените треба да се менаџираат правилно за да се спречат тешки болести и смрт.
Пациентите со лабораториски потврдена инфекција со вирусот на грип со прогресивна, комплицирана или тешка болест - или оние со асимптоматска или лесна болест, но, кои се изложени на зголемен ризик од тешка болест - треба да се лекуваат со антивирусни лекови, на пример „оселтамивир“, што е можно поскоро, наведуваат од ИЈЗ.
Препораките за заштита се да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.
Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.
Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни.
Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ.
По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска вчера изјави дека од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина, за кои веќе била завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за четворица во текот на денешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја, ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип.

The post По појавата на птичји груп, ИЈЗ со препораки до граѓаните appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: Четворица вработени од Зоолошка одат под здравствен надзор, едно лице ќе биде тестирано за птичји грип оти појавило симптоми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-chetvoritsa-vraboteni-od-zooloshka-odat-pod-zdravstven-nadzor-edno-litse-ke-bide-testirano-za-ptichji-grip-oti-pojavilo-simptomi/ Sun, 20 Oct 2024 12:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=829114

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, даде изјава за медиумите откако беше потврден птичји грип кај гуска во Зоолошката градина во Скопје.

„Во текот на вчерашниот ден извршена е брза и навремена реакција од страна на надлежните институции, согласно законските прописи и протоколи. Имено, веднаш по дојавата од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство до Институтот за јавно здравје дека постои веќе потврден лабораториски испитан случај на живина од зоолошката градина во Скопје, за постоење на птичји грип, веднаш е организиран итен состанок помеѓу претставници од АХВ, епидемиолози од ЦЈЗ, како и епидемиолози од ИЈЗ. На тој состанок, добиена е листа од 16 лица кои се вработени во зоолошката градина и веднаш е започната епидемиолошка анкета. Од податоците кои ги добив од страна на епидемиолозите кои ја извршуваа анкетата, од 16 луѓе од листата, исконтактирано е со 15 лица од истата. Во текот на денешниот ден ќе се направат напори да биде исконтактирано и последното лице. Во однос на веќе исконтактираните 15 лица, епидемиолозите во текот на утрешниот ден ќе издадат решение за 4 од овие лица да одат под здравствен надзор. Ќе се следат и останатите, но официјално под надзор ќе бидат ставени овие 4“, кажа Андоновска.

The post ИЈЗ: Четворица вработени од Зоолошка одат под здравствен надзор, едно лице ќе биде тестирано за птичји грип оти појавило симптоми appeared first on Република.

]]>

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, даде изјава за медиумите откако беше потврден птичји грип кај гуска во Зоолошката градина во Скопје. „Во текот на вчерашниот ден извршена е брза и навремена реакција од страна на надлежните институции, согласно законските прописи и протоколи. Имено, веднаш по дојавата од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство до Институтот за јавно здравје дека постои веќе потврден лабораториски испитан случај на живина од зоолошката градина во Скопје, за постоење на птичји грип, веднаш е организиран итен состанок помеѓу претставници од АХВ, епидемиолози од ЦЈЗ, како и епидемиолози од ИЈЗ. На тој состанок, добиена е листа од 16 лица кои се вработени во зоолошката градина и веднаш е започната епидемиолошка анкета. Од податоците кои ги добив од страна на епидемиолозите кои ја извршуваа анкетата, од 16 луѓе од листата, исконтактирано е со 15 лица од истата. Во текот на денешниот ден ќе се направат напори да биде исконтактирано и последното лице. Во однос на веќе исконтактираните 15 лица, епидемиолозите во текот на утрешниот ден ќе издадат решение за 4 од овие лица да одат под здравствен надзор. Ќе се следат и останатите, но официјално под надзор ќе бидат ставени овие 4“, кажа Андоновска.

The post ИЈЗ: Четворица вработени од Зоолошка одат под здравствен надзор, едно лице ќе биде тестирано за птичји грип оти појавило симптоми appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-za-deset-godini-brojot-na-staroto-naselenie-vo-makedonija-se-zgolemilo-od-13-1-na-18-1-a-brojot-na-novorodeni-se-namaluva/ Tue, 01 Oct 2024 17:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=821496

Населението во светот старее и Македонија не е исклучок во овој тренд, се вели во извештајот на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен по повод 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица.

Во Македонија за десет години, во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува.

Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки.

Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвивува да се зголеми двојно повеќе, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. На глобално ниво, бебињата родени во 2022 година се очекува да живеат 71,7 години во просек, 25 години подолго од оние родени во 1950 година. Стареењето на населението е неповратен глобален тренд. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 година оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.

Вообичаени здравствени состојби поврзани со стареењето се: губење на слухот, катаракта, остеоартритис, хронична опструктивна белодробна болест, дијабетес, деменција и депресија. Како што луѓето стареат, тие имаат поголема веројатност да искусат неколку состојби истовремено, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Во постара возраст карактеристични се и појави на некои по сложени здравствени состојби кои вообичаено се нарекуваат геријатриски синдроми. Тие често се последица на повеќе основни фактори и вклучуваат слабости, уринарна инкотиненција, падови, делириуми, чирови од притисок.

Иако некои од варијациите во здравјето кај постарите лица се генетски, повеќето се должат на физичката и на социјалната средина на луѓето вклучувајќи ги нивните домови, нивните соседства и заедници како и нивните лични карактеристики како што е пол, етничката припадност или социо-економскиот статус. Сите овие карактеристики придонесуваат за тоа на каков начин луѓето ќе стареат. Физичката и социјалната средина може дирекно да влијае на здравјето, преку бариери или пак преку стимулации кои влијаат на можностите како и на одлуките за добро здравственото поведение.

Одржување здраво однесување во текот на животот особено балансирана исхрана, редовна физичка активност и неупотребување на тутун и тутунски производи, сето тоа придонесува за намалување на ризик факторите од незаразни заболување како и подобрување на физичките и менталните капацитети но и одложување на зависност за нега од друго лице.

The post ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува appeared first on Република.

]]>

Населението во светот старее и Македонија не е исклучок во овој тренд, се вели во извештајот на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен по повод 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица. Во Македонија за десет години, во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува. Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки. Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвивува да се зголеми двојно повеќе, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. На глобално ниво, бебињата родени во 2022 година се очекува да живеат 71,7 години во просек, 25 години подолго од оние родени во 1950 година. Стареењето на населението е неповратен глобален тренд. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 година оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.
Вообичаени здравствени состојби поврзани со стареењето се: губење на слухот, катаракта, остеоартритис, хронична опструктивна белодробна болест, дијабетес, деменција и депресија. Како што луѓето стареат, тие имаат поголема веројатност да искусат неколку состојби истовремено, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Во постара возраст карактеристични се и појави на некои по сложени здравствени состојби кои вообичаено се нарекуваат геријатриски синдроми. Тие често се последица на повеќе основни фактори и вклучуваат слабости, уринарна инкотиненција, падови, делириуми, чирови од притисок. Иако некои од варијациите во здравјето кај постарите лица се генетски, повеќето се должат на физичката и на социјалната средина на луѓето вклучувајќи ги нивните домови, нивните соседства и заедници како и нивните лични карактеристики како што е пол, етничката припадност или социо-економскиот статус. Сите овие карактеристики придонесуваат за тоа на каков начин луѓето ќе стареат. Физичката и социјалната средина може дирекно да влијае на здравјето, преку бариери или пак преку стимулации кои влијаат на можностите како и на одлуките за добро здравственото поведение. Одржување здраво однесување во текот на животот особено балансирана исхрана, редовна физичка активност и неупотребување на тутун и тутунски производи, сето тоа придонесува за намалување на ризик факторите од незаразни заболување како и подобрување на физичките и менталните капацитети но и одложување на зависност за нега од друго лице.  

The post ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува appeared first on Република.

]]>
Андоновска: Стафилококус ауреус и ентеротоксин во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovska-stafilokokus-aureus-i-enterotoksin-vo-bombitsi-posluzheni-vo-gorgija-pulevski/ Tue, 01 Oct 2024 12:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=821418

Од мострите храна земени од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин, информираше попладнево директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

– На 27 септември, ИЈЗ доби телефонска дојава од страна на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), за постоење сомнеж за труење во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром. Екипи од ИЈЗ, составени од тим од епидемиолог од Одделот за епидемиологија, лаборант од Одделот за микробиологија, веднаш излегоа на терен и беа земени мостри, четири брисови од работни површини и садови, како и мостри од оброците подготвени и послужени во кујната. Исто така, беа земени примероци од четири вработени во кујната од раце, нос и грло. ИЈЗ работеше и сабота и недела за да можеме да бидеме брзи и да дадеме релевантни резултати, нагласи Андоновска.

По добиените резултати, таа била информирана од страна на микробиолозите, дека од мострите храна, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин позитивен, од сите брисови што се земени од површините и од садовите, само на еден сад било најдено зголемен број аеробни меозфилни бактерии што, нагласи Андоновска, укажуваат на нехигиенски услови.

– Брисевите од раце на сите вработени ги задоволуваат хигиенските стандарди. Брисевите од грло и нос на вработените се негативни. По добиените резултати, ИЈЗ ги препрати веднаш овие резултати, согласно законските позитивни процедури, до Министерството за здравство (МЗ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), подвлече Андоновска.

The post Андоновска: Стафилококус ауреус и ентеротоксин во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ appeared first on Република.

ИЈЗ: Токсини од стафилококус најдени во примероци во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ijz-toksini-od-stafilokokus-najdeni-vo-primerotsi-vo-ou-gorgija-pulevski/ Mon, 30 Sep 2024 19:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=821173

Институтот за јавно здравје за „Канал 5“ потврдил дека токсини од бактеријата стафилокока биле пронајдени во колачиња послужени во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“.

Околу 140 деца од прво до трето одделение се пожалиле на стомачни тегоби и други симптоми на труење откако на 26 септември јаделе мусака и бомбици во училиштето во населбата Аеродром.

За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк.

Од ИЈЗ сега потврдуваат дека во храната послужена на учениците биле пронајдени трагови на присуство на опасните бактерии.

The post ИЈЗ: Токсини од стафилококус најдени во примероци во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје за „Канал 5“ потврдил дека токсини од бактеријата стафилокока биле пронајдени во колачиња послужени во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“. Околу 140 деца од прво до трето одделение се пожалиле на стомачни тегоби и други симптоми на труење откако на 26 септември јаделе мусака и бомбици во училиштето во населбата Аеродром. За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк. Од ИЈЗ сега потврдуваат дека во храната послужена на учениците биле пронајдени трагови на присуство на опасните бактерии.

The post ИЈЗ: Токсини од стафилококус најдени во примероци во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-ne-go-obmanuvajte-narodot-pochinale-so-kovid-ne-od-kovid/ Wed, 18 Sep 2024 05:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=817281

Врие денес „мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19, реагира епидемиологот д-р Драган Даниловски, откако ИЈЗ повторно почна да споделува извештаи за заразени лица.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува:
„Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се
невакцинирани против КОВИД-19.”
Што значи ова?
Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта.
А тоа понатаму значи:
Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна).
Накратко:
Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!)
Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести!
Намерно ли е тоа или од незнаење?
Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!, апелира тој.

The post Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид appeared first on Република.

]]>

Врие денес „мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19, реагира епидемиологот д-р Драган Даниловски, откако ИЈЗ повторно почна да споделува извештаи за заразени лица.
Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува: „Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.” Што значи ова? Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта. А тоа понатаму значи: Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна). Накратко: Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!) Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести! Намерно ли е тоа или од незнаење? Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!, апелира тој.

The post Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид appeared first on Република.

]]>
Андоновска со апел до матичните лекари: Сомнителните случаи на морбили да се праќаат во Инфективната клиника или во ИЈЗ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/andonovska-so-apel-do-matichnite-lekari-somnitelnite-sluchai-na-morbili-da-se-prakaat-vo-infektivnata-klinika-ili-vo-ijz/ Fri, 06 Sep 2024 10:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=813806

Втор случај на морбили е регистриран годинава кај 12-годишно дете од селото Долно Коњаре во Општината Петровец. Се работи за инпортиран случај од Србија, оти детето претходно престојувало во Нови Пазар, каде што веќе има појава на позитивни случаи на морбили. Ова денеска го изјави директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, апелирајќи до матичните лекари веднаш штом забележат сомнителен случај на морбили да го препратат во Инфективната клиника или во ИЈЗ за анализи.

„На 3 септември од Инфективната клиника до Институтот за јавно здравје е пратено 12-годишно дете како суспектно на морбили. После направените анализи, констатирано е дека детето е позитивно на морбили. Анализите се направени истиот ден кога е пристигнато детето, како и епидемиолошката анкета“, рече Андоновска.

Во семејството, како што вели таа, освен ова дете има и пет други деца, од кои три се целосно вакцинирани, а две не, меѓу кои и детето што е позитивно на морбили. Како што рече Андоновска, семејството одбива децата да бидат вакцинирани.

Според епидемиолошката анкета, исказите на членовите на семејството, како што вели Андоновска, се дека детето немало многу контакти во населбата Петровец, село Долно Кочаре.

„Изминатите денови откако се вратило од Србија, детето не идело во училиште, ниту тоа, ниту неговото братче кое исто така е невакцинирано. Негираат повеќе контакти, велат дека контактите биле во кругот на семејството“, вели таа.

Андоновска апелира до матичните лекари кога ќе забележат сомнителен случај веднаш да го пратат на Инфективната клиника, па оттаму да го пратат на анализи во Институтот за јавно здравје или, пак веднаш да дојде во ИЈЗ за анализи.

За конкретниот случај, таа вели дека детето прво се јавило на Инфективната клиника, а потоа е препратено во ИЈЗ.

Нивна обврска, според Андоновска, е по констатирање на позитивен случај на морбили да дадат препораки на семејството за изолација, но како што рече, изолација пропишана со закон за морбили нема.

„Останува на добра волја на семејството дали ќе ги почитува препораките или не. Земени се анализи и од медицинскиот персонал што бил во контакт со детето и истите се следат“, рече директорката на ИЈЗ.

Првиот случај на морбили годинава е регистриран во јуни кај жител на село Лабуништа, Струшко.

Минатата година пријавен е еден случај на заболување од мали сипаници. Во период од 2014 до 2023 година регистрирани се вкупно 2 020 заболени. Епидемии на морбили се регистрирани во 2014, 2017 и 2018 и 2019 година. Последната е регистрирана во 2018 година, а одјавена во 2019 година со 1 901 заболени.

Вакцинацијата против морбили се спроведува задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се дава на првата година од возраста на детето, а ревакцината е на шестгодишна возраст.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, опфатот со првата доза на МРП-вакцината во 2023 година е 73,4 отсто, а во Скопје е 83,7 отсто. Опфатот со ревакцинација за 2023 година изнесува 87,7 отсто, а во Скопје 85,9 отсто.

The post Андоновска со апел до матичните лекари: Сомнителните случаи на морбили да се праќаат во Инфективната клиника или во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Втор случај на морбили е регистриран годинава кај 12-годишно дете од селото Долно Коњаре во Општината Петровец. Се работи за инпортиран случај од Србија, оти детето претходно престојувало во Нови Пазар, каде што веќе има појава на позитивни случаи на морбили. Ова денеска го изјави директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, апелирајќи до матичните лекари веднаш штом забележат сомнителен случај на морбили да го препратат во Инфективната клиника или во ИЈЗ за анализи.
„На 3 септември од Инфективната клиника до Институтот за јавно здравје е пратено 12-годишно дете како суспектно на морбили. После направените анализи, констатирано е дека детето е позитивно на морбили. Анализите се направени истиот ден кога е пристигнато детето, како и епидемиолошката анкета“, рече Андоновска.
Во семејството, како што вели таа, освен ова дете има и пет други деца, од кои три се целосно вакцинирани, а две не, меѓу кои и детето што е позитивно на морбили. Како што рече Андоновска, семејството одбива децата да бидат вакцинирани.
Според епидемиолошката анкета, исказите на членовите на семејството, како што вели Андоновска, се дека детето немало многу контакти во населбата Петровец, село Долно Кочаре.
„Изминатите денови откако се вратило од Србија, детето не идело во училиште, ниту тоа, ниту неговото братче кое исто така е невакцинирано. Негираат повеќе контакти, велат дека контактите биле во кругот на семејството“, вели таа.
Андоновска апелира до матичните лекари кога ќе забележат сомнителен случај веднаш да го пратат на Инфективната клиника, па оттаму да го пратат на анализи во Институтот за јавно здравје или, пак веднаш да дојде во ИЈЗ за анализи. За конкретниот случај, таа вели дека детето прво се јавило на Инфективната клиника, а потоа е препратено во ИЈЗ. Нивна обврска, според Андоновска, е по констатирање на позитивен случај на морбили да дадат препораки на семејството за изолација, но како што рече, изолација пропишана со закон за морбили нема.
„Останува на добра волја на семејството дали ќе ги почитува препораките или не. Земени се анализи и од медицинскиот персонал што бил во контакт со детето и истите се следат“, рече директорката на ИЈЗ.
Првиот случај на морбили годинава е регистриран во јуни кај жител на село Лабуништа, Струшко. Минатата година пријавен е еден случај на заболување од мали сипаници. Во период од 2014 до 2023 година регистрирани се вкупно 2 020 заболени. Епидемии на морбили се регистрирани во 2014, 2017 и 2018 и 2019 година. Последната е регистрирана во 2018 година, а одјавена во 2019 година со 1 901 заболени. Вакцинацијата против морбили се спроведува задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се дава на првата година од возраста на детето, а ревакцината е на шестгодишна возраст. Според податоците на Институтот за јавно здравје, опфатот со првата доза на МРП-вакцината во 2023 година е 73,4 отсто, а во Скопје е 83,7 отсто. Опфатот со ревакцинација за 2023 година изнесува 87,7 отсто, а во Скопје 85,9 отсто.  

The post Андоновска со апел до матичните лекари: Сомнителните случаи на морбили да се праќаат во Инфективната клиника или во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела – најмногу во Скопје, 152 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zgolemuvane-nad-60-protsenti-na-bolni-od-kovid-19-registrirani-271-sluchaj-minatata-nedela-najmnogu-vo-skopje-152/ Wed, 21 Aug 2024 13:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=808703

Од 12 до 18 август во државава регистриран е 271 нов случај на болни од Ковид-19 што претставува зголемување од 60,4 проценти во однос на претходната недела. Тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 33,3 проценти.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 152, Кавадарци - 25, Тетово - 23 и од Охрид - 22, a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје објавен попладнево.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години.

Во текот на минатата недела, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Се работи за лице на возраст над 60 години, со коморбидитети, невакцинирано со вакцина против Ковид-19, појаснуваат од ИЈЗ.

Заклучно со 18 август, пријавени се вкупно 351.364 случаи на Ковид-19 од кои 23.245 реинфекции.

Регистрирани се 167.343 машки и 184.021 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години - 90.796, додека највисок морбидитет (26.333,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, пишува во извештајот.

Комисијата за заразни болести излезе со препораки за почитување на основните мерки за превенција од Ковид-19, а министерот за здравство Арбен Таравари денска на прес-конференција поврди дека има пораст на бројот на заболени и апелираше да се почитуваат препораките од здравствените власти.

Првиот случај на Ковид 19 во земјава беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

The post Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела – најмногу во Скопје, 152 appeared first on Република.

]]>

Од 12 до 18 август во државава регистриран е 271 нов случај на болни од Ковид-19 што претставува зголемување од 60,4 проценти во однос на претходната недела. Тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 33,3 проценти.
Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 152, Кавадарци - 25, Тетово - 23 и од Охрид - 22, a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје објавен попладнево.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години.
Во текот на минатата недела, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Се работи за лице на возраст над 60 години, со коморбидитети, невакцинирано со вакцина против Ковид-19, појаснуваат од ИЈЗ.
Заклучно со 18 август, пријавени се вкупно 351.364 случаи на Ковид-19 од кои 23.245 реинфекции.
Регистрирани се 167.343 машки и 184.021 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години - 90.796, додека највисок морбидитет (26.333,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, пишува во извештајот.
Комисијата за заразни болести излезе со препораки за почитување на основните мерки за превенција од Ковид-19, а министерот за здравство Арбен Таравари денска на прес-конференција поврди дека има пораст на бројот на заболени и апелираше да се почитуваат препораките од здравствените власти. Првиот случај на Ковид 19 во земјава беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

The post Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела – најмногу во Скопје, 152 appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-vkupno-250-sluchai-na-kovid-19-vo-juli-vo-makedonija/ Mon, 12 Aug 2024 20:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=805871

Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број - 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево.

Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години.

Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец - 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители.

Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.

The post ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број - 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево. Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години.
Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец - 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители.
Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.
 
The post ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: Сите реагенси се исправни https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-site-reagensi-se-ispravni/ Fri, 02 Aug 2024 11:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=802757

На ден 31.07.2024 година, беше востановено дека комора и фрижидер на одд. бактериологија во ИЈЗ  беа оставени без електрично напојување поради исклучен осигурувач, информира ИЈЗ.

После реакцијата истите да се стават во употреба, веднаш е направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од комората и фрижидерот кои беа исклучени од електрично напојување.

На ден 01.08.2024 беа направени сите неопходни микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста на истите, а за добивање на резултат беа потребни 24 часа. На ден 02.08.2024, прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на
одделението за бактериологија. Воедно превземени се дополнителни мерки за унапредување на биолошката
сигурност.

Раководството на ИЈЗ ќе ги имплементира сите работни процедури во насока на подобрување на безбедноста како и унапредување на квалитетот на услугите кои ги дава ИЈЗ, нагласува ИЈЗ.

The post ИЈЗ: Сите реагенси се исправни appeared first on Република.

]]>

На ден 31.07.2024 година, беше востановено дека комора и фрижидер на одд. бактериологија во ИЈЗ  беа оставени без електрично напојување поради исклучен осигурувач, информира ИЈЗ.
После реакцијата истите да се стават во употреба, веднаш е направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од комората и фрижидерот кои беа исклучени од електрично напојување.
На ден 01.08.2024 беа направени сите неопходни микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста на истите, а за добивање на резултат беа потребни 24 часа. На ден 02.08.2024, прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија. Воедно превземени се дополнителни мерки за унапредување на биолошката сигурност. Раководството на ИЈЗ ќе ги имплементира сите работни процедури во насока на подобрување на безбедноста како и унапредување на квалитетот на услугите кои ги дава ИЈЗ, нагласува ИЈЗ.

The post ИЈЗ: Сите реагенси се исправни appeared first on Република.

]]>
Сомнеж за саботажа во ИЈЗ, Андоновска потврди: Исклучени се само осигурувачите поврзани со фрижидерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/somnezh-za-sabotazha-vo-ijz-andonovska-potvrdi-isklucheni-se-samo-osiguruvachite-povrzani-so-frizhiderot/ Thu, 01 Aug 2024 12:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=802359

В.д. директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, очекува институциите да ги проверат нивните сомнежи за саботажа, откако вчера на Институтот од струја исклучени биле еден фрижидер и една комора. Таа вели дека за инцидентот дознала непосредно по истекот на работното време, додека сè уште била на Институтот.

„Бев известена од страна на дел од вработените дека не функционираат дел од фрижидерите коишто се наоѓаат на еден од катовите на Одделот на микробиологија, поточно на Бактериологија. Се работи за еден фрижидер и една комора во посебна соба. Колку што сум известена, во овие фрижидери, т.е. во оваа комора се чуваат доста значајни реагенси кои би детектирале низа заболувања. Ние при самото наше доаѓање констатиравме дека се исклучени директно од бушони, има две разводни табли во тој ходник, а во тој ходник поминуваат сите коишто работат во овој дел и отворени се раводните табли. Тоа е претпоставка, ние оставаме тоа да се испита, дали е случајно, дали е намерно, оставаме да се испита“, кажа Андоновска на денешната прес-конференција.

На новинарско прашање дали бројот на вработени кои имаат пристап до овие комори е ограничен или имаат пристап сите, Андоновска кажа дека ИЈЗ немал работни процедури.

„Мене на колегиум ми беше кажано дека нема работни процедури. Дадов насока тие работни процeдури да бидат завршени, доставени, да почнеме да ги практикуваме. Од она што јас го видов во моментот, дел од оваа комора е во посебна просторија каде што има клуч, кога побарав кој го има клучoт, ми кажаа дека тие имаат само еден клуч, а дали има уште клучеви и кој ги има дека не можат да ми дадат одговор. Тој еден клуч го има еден од вработените на тој оддел“, рече таа.

Андоновска вели дека е симптоматично е што од разводните табли со стотина осигурувачи, спуштени се само оние кои се поврзани со фрижидерот.

„Овие две разводни табли, каде што практично беше исклучен осигурувачот, се разводни табли каде што има стотина осигурувачи, беа спуштено само оние поврзани со фрижидерот. Дали е случајно или намерно, не знам, јас само ја информирам јавноста. Ние случајот уште вчера го пријавивме до државните институции и јас искрено верувам дека тие ќе си ја завршат својата работа и ќе констатираат дали е ова диверзија или случајност“, изјави директорката.

Андоновска најави дека во текот на денот ќе има официјален, стручен извештај кој треба да покаже колку и какви реагенси имало, дали има нивно оштетување или е реагирано брзо.

„Едно само ќе ви споменам, таму беа и реагенсите за голема кашлица, во моментов имаме епидемија на голема кашлица и замислете, доколку не реагиравме брзо, ќе немавме ниту еден реагенс денеска“, посочи директорката.

The post Сомнеж за саботажа во ИЈЗ, Андоновска потврди: Исклучени се само осигурувачите поврзани со фрижидерот appeared first on Република.

]]>

В.д. директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, очекува институциите да ги проверат нивните сомнежи за саботажа, откако вчера на Институтот од струја исклучени биле еден фрижидер и една комора. Таа вели дека за инцидентот дознала непосредно по истекот на работното време, додека сè уште била на Институтот.
„Бев известена од страна на дел од вработените дека не функционираат дел од фрижидерите коишто се наоѓаат на еден од катовите на Одделот на микробиологија, поточно на Бактериологија. Се работи за еден фрижидер и една комора во посебна соба. Колку што сум известена, во овие фрижидери, т.е. во оваа комора се чуваат доста значајни реагенси кои би детектирале низа заболувања. Ние при самото наше доаѓање констатиравме дека се исклучени директно од бушони, има две разводни табли во тој ходник, а во тој ходник поминуваат сите коишто работат во овој дел и отворени се раводните табли. Тоа е претпоставка, ние оставаме тоа да се испита, дали е случајно, дали е намерно, оставаме да се испита“, кажа Андоновска на денешната прес-конференција.
На новинарско прашање дали бројот на вработени кои имаат пристап до овие комори е ограничен или имаат пристап сите, Андоновска кажа дека ИЈЗ немал работни процедури.
„Мене на колегиум ми беше кажано дека нема работни процедури. Дадов насока тие работни процeдури да бидат завршени, доставени, да почнеме да ги практикуваме. Од она што јас го видов во моментот, дел од оваа комора е во посебна просторија каде што има клуч, кога побарав кој го има клучoт, ми кажаа дека тие имаат само еден клуч, а дали има уште клучеви и кој ги има дека не можат да ми дадат одговор. Тој еден клуч го има еден од вработените на тој оддел“, рече таа.
Андоновска вели дека е симптоматично е што од разводните табли со стотина осигурувачи, спуштени се само оние кои се поврзани со фрижидерот. „Овие две разводни табли, каде што практично беше исклучен осигурувачот, се разводни табли каде што има стотина осигурувачи, беа спуштено само оние поврзани со фрижидерот. Дали е случајно или намерно, не знам, јас само ја информирам јавноста. Ние случајот уште вчера го пријавивме до државните институции и јас искрено верувам дека тие ќе си ја завршат својата работа и ќе констатираат дали е ова диверзија или случајност“, изјави директорката. Андоновска најави дека во текот на денот ќе има официјален, стручен извештај кој треба да покаже колку и какви реагенси имало, дали има нивно оштетување или е реагирано брзо.
„Едно само ќе ви споменам, таму беа и реагенсите за голема кашлица, во моментов имаме епидемија на голема кашлица и замислете, доколку не реагиравме брзо, ќе немавме ниту еден реагенс денеска“, посочи директорката.

The post Сомнеж за саботажа во ИЈЗ, Андоновска потврди: Исклучени се само осигурувачите поврзани со фрижидерот appeared first on Република.

]]>
МВР: Вработен во ИЈЗ ги исклучил фрижидерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-vraboten-vo-ijz-gi-iskluchil-frizhiderite/ Thu, 01 Aug 2024 11:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=802320

Лице вработено во Институтот за јавно здравје во Скопје, вчера од засега непознати причини ги исклучило фрижидерите во Институтот каде што се чувале реагенсите за заразни и за незаразни болести, соопшти МВР. Јавното обвинителство соопшти дека итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело.

Вчера (31.07.2024) околу 17 часот, во СВР Скопје било пријавено од Институтот за јавно здравје дека во временскиот период од 14:30 до 16 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, кажа МВР.

The post МВР: Вработен во ИЈЗ ги исклучил фрижидерите appeared first on Република.

Изјава на в.д. директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izjava-na-v-d-direktorkata-na-ijz-marija-andonovska/ Thu, 01 Aug 2024 11:15:13 +0000 https://republika.mk/?p=802295

В.Д. директорката на Институтот за Јавно Здравје доктор Марија Андоновска, денес  пред просториите на Институтот за Јавно Здравје (зградата на Министерството за Здравство во кругот на Клинички центар) на прес конференцијата говореше за спречениот обид за диверзија на институцијата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-pribirame-dokazi-i-razgovarame-so-litsa-koi-bi-mozhele-da-imaat-soznanija-za-iskluchenite-komori-so-reagensi-vo-ijz/

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sreka-shto-vednash-reagiravme-posleditsite-ke-bea-nenadomestli-veli-andonovska-otkako-nekoj-gi-iskluchil-frizhiderite-vo-ijz/

The post Изјава на в.д. директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска appeared first on Република.

]]>

В.Д. директорката на Институтот за Јавно Здравје доктор Марија Андоновска, денес  пред просториите на Институтот за Јавно Здравје (зградата на Министерството за Здравство во кругот на Клинички центар) на прес конференцијата говореше за спречениот обид за диверзија на институцијата. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-pribirame-dokazi-i-razgovarame-so-litsa-koi-bi-mozhele-da-imaat-soznanija-za-iskluchenite-komori-so-reagensi-vo-ijz/ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sreka-shto-vednash-reagiravme-posleditsite-ke-bea-nenadomestli-veli-andonovska-otkako-nekoj-gi-iskluchil-frizhiderite-vo-ijz/

The post Изјава на в.д. директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска appeared first on Република.

]]>
ОЈО: Прибираме докази и разговараме со лица кои би можеле да имаат сознанија за исклучените комори со реагенси во ИЈЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-pribirame-dokazi-i-razgovarame-so-litsa-koi-bi-mozhele-da-imaat-soznanija-za-iskluchenite-komori-so-reagensi-vo-ijz/ Thu, 01 Aug 2024 10:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=802272

Јавното обвинителство прибира документација и се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за исклученото напојување со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести во Институтот за јавно здравје.

Како што информираат од Обвинителството, по информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформило предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело.

– Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија, стои во соопштението од Обвинителството.

Оттаму дополнуваат дека се прибира документација, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за настанот и се прават сите неопходни проверки, а за исходот од преземените дејствија јавноста ќе биде известена.

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, за МИА денеска потврди дека се проверува дали има оштетени реагенси, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат.

– Можно е ова да се има случено во периодот помеѓу 14.30 и 15.30 часот. Фрижидерите и коморите што ги имаме се во посебни простории под клуч. Во случајов се работи за широк ходник во кој лево и десно има лаборатории, а во кој исто така се сместени разводни табли со осигурувачи за струја во фрижидерите. Среќа што ние бевме сѐ уште на работа и хигиеничарката, која доаѓа по вработените кои заминуваат, забележа дека има некаков проблем кај разводните табли, таа алармираше, појасни директорката во изјава за МИА.

Во моментов се испитува дали има уништени реагенси, се зема мостра од сите нив, но, таа се надева дека нема да има штети, бидејќи многу брзо се реагирало.

Според Андоновска, симптоматично е тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава. Дополни дека се преземаат безбедносни мерки за алармирање, а по ова, таа рече дека ќе бара дозвола за поставување камери од Министерството за внатрешни работи.

The post ОЈО: Прибираме докази и разговараме со лица кои би можеле да имаат сознанија за исклучените комори со реагенси во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство прибира документација и се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за исклученото напојување со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести во Институтот за јавно здравје. Како што информираат од Обвинителството, по информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформило предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело.
– Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија, стои во соопштението од Обвинителството.
Оттаму дополнуваат дека се прибира документација, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за настанот и се прават сите неопходни проверки, а за исходот од преземените дејствија јавноста ќе биде известена. Директорката на Институтот, Марија Андоновска, за МИА денеска потврди дека се проверува дали има оштетени реагенси, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат.
– Можно е ова да се има случено во периодот помеѓу 14.30 и 15.30 часот. Фрижидерите и коморите што ги имаме се во посебни простории под клуч. Во случајов се работи за широк ходник во кој лево и десно има лаборатории, а во кој исто така се сместени разводни табли со осигурувачи за струја во фрижидерите. Среќа што ние бевме сѐ уште на работа и хигиеничарката, која доаѓа по вработените кои заминуваат, забележа дека има некаков проблем кај разводните табли, таа алармираше, појасни директорката во изјава за МИА.
Во моментов се испитува дали има уништени реагенси, се зема мостра од сите нив, но, таа се надева дека нема да има штети, бидејќи многу брзо се реагирало. Според Андоновска, симптоматично е тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава. Дополни дека се преземаат безбедносни мерки за алармирање, а по ова, таа рече дека ќе бара дозвола за поставување камери од Министерството за внатрешни работи.

The post ОЈО: Прибираме докази и разговараме со лица кои би можеле да имаат сознанија за исклучените комори со реагенси во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Среќа што веднаш реагиравме, последиците ќе беа ненадоместли, вели Андоновска откако некој ги исклучил фрижидерите во ИЈЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sreka-shto-vednash-reagiravme-posleditsite-ke-bea-nenadomestli-veli-andonovska-otkako-nekoj-gi-iskluchil-frizhiderite-vo-ijz/ Thu, 01 Aug 2024 09:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=802243

Се проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат, ова денеска го потврди за МИА, директорката Марија Андоновска, која очекува Јавното обвинителство да покрене постапка околу тоа кој се имал пристап и до осигурувачите за струја за фрижидерите каде се чуваат реагенси за целата држава. Од Институтот, за случајот ги информирале сите надлежни државни органи.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-ijz-vraboten-gi-iskluchil-komorite-so-reagensi/

Можно е ова да се има случено во периодот помеѓу 14.30 и 15.30 часот. Фрижидерите и коморите што ги имаме се во посебни простории под клуч. Во случајов се работи за широк ходник во кој лево и десно има лаборатории, а во кој исто така се сместени разводни табли со осигурувачи за струја во фрижидерите. Среќа што ние бевме сѐ уште на работа и хигиеничарката, која доаѓа по вработените кои заминуваат, забележа дека има некаков проблем кај разводните табли, таа алармираше, појасни директорката во изјава за МИА.

Симптоматично е, рече таа, тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава.

Ако не бевме тука и не реагиравме веднаш, денеска ќе имавме огромно загрозување на општата состојба на граѓаните, загрозување на животот и здравјето нивно, согласно на кривичниот закон, дополнителна штета во милиони. Ќе немавме ниту еден реагенс. Среќа што бевме таму и веднаш реагиравме, повикавме институции да го утврдат тоа и очекуваме дека Јавното обвинителство ќе реагира. Последиците ќе беа ненадоместливи, среќа што бевме таму, подвлече Андоновска.

Сега се преземаат безбедносни мерки за алармирање, доколку некој чепка во тие разводни табли. Првичните информации, според неа, се дека тоа го има направено, некој што точно знае каде треба да се исклучи за да останат баш тие фрижидери без струја, затоа што само тие биле исклучени.

По вакво нешто, таа рече дека ќе бара дозвола за поставување камери од Министерството за внатрешни работи.

Во моментов се испитува дали има уништени реагенси, се зема мостра од сите нив, но, таа се надева дека нема да има штети, бидејќи многу брзо се реагирало. Стручната проверка ќе покаже дали има штета или не, на некои од тие реагенси. Бидејќи, како што рече, секој си има колку време може да стои на одредена температура.

Очекувам да реагира Јавното обвинителство за ваква сериозна работа. Тоа е многу важно за да не се повторуваат вакви работи. Јас ќе ги преземам сите мерки на контрола, колку што ми дозволуваат можностите. Јас сум само пет дена тука. Ако нема истрага од Обвинителството, загрижена сум, да не продолжат ваквите работи, додаде директорката.

The post Среќа што веднаш реагиравме, последиците ќе беа ненадоместли, вели Андоновска откако некој ги исклучил фрижидерите во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Се проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат, ова денеска го потврди за МИА, директорката Марија Андоновска, која очекува Јавното обвинителство да покрене постапка околу тоа кој се имал пристап и до осигурувачите за струја за фрижидерите каде се чуваат реагенси за целата држава. Од Институтот, за случајот ги информирале сите надлежни државни органи. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-ijz-vraboten-gi-iskluchil-komorite-so-reagensi/
Можно е ова да се има случено во периодот помеѓу 14.30 и 15.30 часот. Фрижидерите и коморите што ги имаме се во посебни простории под клуч. Во случајов се работи за широк ходник во кој лево и десно има лаборатории, а во кој исто така се сместени разводни табли со осигурувачи за струја во фрижидерите. Среќа што ние бевме сѐ уште на работа и хигиеничарката, која доаѓа по вработените кои заминуваат, забележа дека има некаков проблем кај разводните табли, таа алармираше, појасни директорката во изјава за МИА.
Симптоматично е, рече таа, тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава.
Ако не бевме тука и не реагиравме веднаш, денеска ќе имавме огромно загрозување на општата состојба на граѓаните, загрозување на животот и здравјето нивно, согласно на кривичниот закон, дополнителна штета во милиони. Ќе немавме ниту еден реагенс. Среќа што бевме таму и веднаш реагиравме, повикавме институции да го утврдат тоа и очекуваме дека Јавното обвинителство ќе реагира. Последиците ќе беа ненадоместливи, среќа што бевме таму, подвлече Андоновска.
Сега се преземаат безбедносни мерки за алармирање, доколку некој чепка во тие разводни табли. Првичните информации, според неа, се дека тоа го има направено, некој што точно знае каде треба да се исклучи за да останат баш тие фрижидери без струја, затоа што само тие биле исклучени. По вакво нешто, таа рече дека ќе бара дозвола за поставување камери од Министерството за внатрешни работи. Во моментов се испитува дали има уништени реагенси, се зема мостра од сите нив, но, таа се надева дека нема да има штети, бидејќи многу брзо се реагирало. Стручната проверка ќе покаже дали има штета или не, на некои од тие реагенси. Бидејќи, како што рече, секој си има колку време може да стои на одредена температура.
Очекувам да реагира Јавното обвинителство за ваква сериозна работа. Тоа е многу важно за да не се повторуваат вакви работи. Јас ќе ги преземам сите мерки на контрола, колку што ми дозволуваат можностите. Јас сум само пет дена тука. Ако нема истрага од Обвинителството, загрижена сум, да не продолжат ваквите работи, додаде директорката.

The post Среќа што веднаш реагиравме, последиците ќе беа ненадоместли, вели Андоновска откако некој ги исклучил фрижидерите во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил коморите со реагенси! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-ijz-vraboten-gi-iskluchil-komorite-so-reagensi/ Thu, 01 Aug 2024 09:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=802238

Вчера (31.07.2024) околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил коморите со реагенси! appeared first on Република.

]]>

Вчера (31.07.2024) околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил коморите со реагенси! appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: Постојаното седење на климатизирано предизвикува респираторни проблеми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-postojanoto-sedene-na-klimatizirano-predizvikuva-respiratorni-problemi/ Tue, 30 Jul 2024 07:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=801506

Неочекуваните промени на температурата и влажноста на воздухот влијаат негативно на респираторниот систем – отежнато дишење, суво грло, сува и надразнителна кашлица, кивавица, симптоми слични на грип односно настинка. Освен тоа, постојаната употреба на клима уредите е поврзана со појавата симптоми од горниот респираторен тракт и влошувањето на хроничниот ринитис, синузитис и фарингитис, иритација на грлото и појава на засипнатост на гласот, ушни инфекции дури и стомачни тегоби.

Ова е наведено во ризиците од престојот во климатизирани простории дома или на работно место, кои ги објавија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму предупредуваат за ризиците, но и за придобивките од клима уредите.

„Во ризици спаѓаат и сушењето и иритацијата на мукозните мембрани. Клима уредите може да ги поттикнат или интензивираат проблемите со очите како што се конјунктивитис и блефаритис, а предизвикуваат и проблеми со контактните леќи кај лицата кои истите редовно ги користат. Може да предизвикаат мускулна пареза. Клима уредите ги влошуваат ефектите од артритисот и невритисот. Со постојаната циркулација на воздухот може да се пренесат причинители на инфективни заболувања на дишните органи. Прашината, органските честички и габите може да предизвикаат алергиски реакции“, наведено е во објавата на ИЈЗ.

Во врска со придобивките, наведено е дека интензивната топлина има негативно влијание врз менталната и физичката активност на човекот, а употребата на клима уредите во одреден степен ги подобрува истите во периодот на летните месеци.

„Клима уредите ги подобруваат и зголемуваат нивоата на удобност при работа и одмор. Ја подобруваат ефикасноста на работата и може да резултираат со зголемена физичка и интелектуална активност. Пониската температура го намалува присуството на паразити, инсекти, влечуги и други видови животни. Пониската температура придонесува за помалку потење, намален губиток на течности и намалување на ризикот од дехидрација. Чистиот систем за климатизација помага во отстранувањето на надворешните алергени како што се полените. Ако уредот за климатизација е добар и добро се одржува, го обновува и го подобрува квалитетот на воздухот во внатрешната средина“, наведуваат во ИЈЗ.

Оттаму препорачуваат климатизираните простории редовно да се проветруваат.

„Професионалната инсталација и одржување се од суштинско значење и за уредите за централна климатизација и за клима уредите со внатрешна и надворешна единица. Најдобро е собна температура да се одржи во интервалот 21º до 25ºC. Меѓутоа, за време на топлотен бран, собната температура не треба да биде под 25ºC. Потребно е да се одржува релативната влажност на просторијата помеѓу 60 отсто и 70 отсто. Клима уредите треба редовно и правилно да се чистат и дезинфицираат, по можност два пати годишно пред зимската и летната сезона“, наведено е во препораките.

Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Американски Држави (USEPA или ЕРА) предупредува дека концентрацијата на загадувачките честички во воздухот во затворените простории може да биде поголема од тие во загадениот воздух во надворешната средина. Ова значително го зголемува ризикот за луѓето со респираторни проблеми и кардиоваскуларни болести кои поминуваат дел од своето време во затворен простор.

„Климатизацијата, според EPA, може да придонесе за контаминација и ширење на бактериите, мувлата, вирусите, полените и животинските секрети и екстракти. Како и во случајот со многу други болести, ризична група се децата, адолесцентите, бремените жени и постарите лица, посебно оние со респираторни заболувања и слаб имунолошки систем. ИЈЗ препорачува прилагодување на телото од најмалку 15 минути во просторија со температура поприближна на надворешната температура. Тоа може да го направите, на пример, со исклучување на климата, престој во потопла просторија и слично“, наведуваат во ИЈЗ.

The post ИЈЗ: Постојаното седење на климатизирано предизвикува респираторни проблеми appeared first on Република.

]]>

Неочекуваните промени на температурата и влажноста на воздухот влијаат негативно на респираторниот систем – отежнато дишење, суво грло, сува и надразнителна кашлица, кивавица, симптоми слични на грип односно настинка. Освен тоа, постојаната употреба на клима уредите е поврзана со појавата симптоми од горниот респираторен тракт и влошувањето на хроничниот ринитис, синузитис и фарингитис, иритација на грлото и појава на засипнатост на гласот, ушни инфекции дури и стомачни тегоби.
Ова е наведено во ризиците од престојот во климатизирани простории дома или на работно место, кои ги објавија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму предупредуваат за ризиците, но и за придобивките од клима уредите.
„Во ризици спаѓаат и сушењето и иритацијата на мукозните мембрани. Клима уредите може да ги поттикнат или интензивираат проблемите со очите како што се конјунктивитис и блефаритис, а предизвикуваат и проблеми со контактните леќи кај лицата кои истите редовно ги користат. Може да предизвикаат мускулна пареза. Клима уредите ги влошуваат ефектите од артритисот и невритисот. Со постојаната циркулација на воздухот може да се пренесат причинители на инфективни заболувања на дишните органи. Прашината, органските честички и габите може да предизвикаат алергиски реакции“, наведено е во објавата на ИЈЗ. Во врска со придобивките, наведено е дека интензивната топлина има негативно влијание врз менталната и физичката активност на човекот, а употребата на клима уредите во одреден степен ги подобрува истите во периодот на летните месеци.
„Клима уредите ги подобруваат и зголемуваат нивоата на удобност при работа и одмор. Ја подобруваат ефикасноста на работата и може да резултираат со зголемена физичка и интелектуална активност. Пониската температура го намалува присуството на паразити, инсекти, влечуги и други видови животни. Пониската температура придонесува за помалку потење, намален губиток на течности и намалување на ризикот од дехидрација. Чистиот систем за климатизација помага во отстранувањето на надворешните алергени како што се полените. Ако уредот за климатизација е добар и добро се одржува, го обновува и го подобрува квалитетот на воздухот во внатрешната средина“, наведуваат во ИЈЗ. Оттаму препорачуваат климатизираните простории редовно да се проветруваат. „Професионалната инсталација и одржување се од суштинско значење и за уредите за централна климатизација и за клима уредите со внатрешна и надворешна единица. Најдобро е собна температура да се одржи во интервалот 21º до 25ºC. Меѓутоа, за време на топлотен бран, собната температура не треба да биде под 25ºC. Потребно е да се одржува релативната влажност на просторијата помеѓу 60 отсто и 70 отсто. Клима уредите треба редовно и правилно да се чистат и дезинфицираат, по можност два пати годишно пред зимската и летната сезона“, наведено е во препораките. Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Американски Држави (USEPA или ЕРА) предупредува дека концентрацијата на загадувачките честички во воздухот во затворените простории може да биде поголема од тие во загадениот воздух во надворешната средина. Ова значително го зголемува ризикот за луѓето со респираторни проблеми и кардиоваскуларни болести кои поминуваат дел од своето време во затворен простор. „Климатизацијата, според EPA, може да придонесе за контаминација и ширење на бактериите, мувлата, вирусите, полените и животинските секрети и екстракти. Како и во случајот со многу други болести, ризична група се децата, адолесцентите, бремените жени и постарите лица, посебно оние со респираторни заболувања и слаб имунолошки систем. ИЈЗ препорачува прилагодување на телото од најмалку 15 минути во просторија со температура поприближна на надворешната температура. Тоа може да го направите, на пример, со исклучување на климата, престој во потопла просторија и слично“, наведуваат во ИЈЗ.

The post ИЈЗ: Постојаното седење на климатизирано предизвикува респираторни проблеми appeared first on Република.

]]>
Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита на бебињата и децата од сонце https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/preporaki-od-institutot-za-javno-zdravje-za-zashtita-na-bebinata-i-detsata-od-sontse/ Thu, 18 Jul 2024 12:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=798100

Инстутотот за јавно здравје (ИЗЈ) објави препораки за заштита на доенчињата и децата од сонце. Македонија и регионот се во портокалова и црвена фаза поради високите температури на воздухот.

Од 0 до 6 месеци

Доенчињата на возраст под 6 месеци треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина.

Избегнувајте користење крем за сончање. Младата кожа на бебето нема способност да метаболизира и излачува хемикалии кои често се наоѓаат во кремите за сончање.

Облечете го бебето во лесна сончева облека – заштитна облека што дише и ги покрива рацете и нозете.

Секогаш заштитувајте ги главата, лицето, ушите и вратот на вашето бебе со капа со широк обод и/или чадор. Бебето кое носи капа во првите неколку месеци ќе се навикне да ја носи.

Користете очила за сонце со UVA/UVB заштита. Очите се погодени од изложеноста на зраците на УВ зрачењето.

Прошетајте рано наутро пред 10 часот или после 17 часот и користете светлобојна количка со заштитна покривка од сонце.

UV-апсорбирачки заштитен слој за прозорци во автомобилите.

6-12 месеци:

Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија, но, сега, може да се вклучи употребата на креми за сончање.

Одберете крем за сончање наменета за детска кожа во консултација со Вашиот лекар или фармацевт.

Нанесете крем за сончање со широк спектар со минимум 30 фактор на сончева заштита, особено местата непокриени, како што се рацете, вратот, ушите и нозете на бебето.

Што е најважно, кремот за сончање мора да се нанесува 30 минути пред да излезете надвор и повторно да се нанесува на секои два часа или по пливање или прекумерно потење.

Предучилишна возраст:

Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија.

Заштитата на малите деца од сонцето бара малку повеќе размислување и труд. Важно е да гo едуцирате вашето дете и старателите.

Проверете го просторот на отворено каде што вашето дете игра за да се уверите дека има соодветна сенка.

Погрижете се малите деца да бидат покриени. Облеката од памук со долги ракави, светлобојна, удобна, а истовремено и високозаштитна.

The post Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита на бебињата и децата од сонце appeared first on Република.

]]>

Инстутотот за јавно здравје (ИЗЈ) објави препораки за заштита на доенчињата и децата од сонце. Македонија и регионот се во портокалова и црвена фаза поради високите температури на воздухот. Од 0 до 6 месеци Доенчињата на возраст под 6 месеци треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина. Избегнувајте користење крем за сончање. Младата кожа на бебето нема способност да метаболизира и излачува хемикалии кои често се наоѓаат во кремите за сончање. Облечете го бебето во лесна сончева облека – заштитна облека што дише и ги покрива рацете и нозете. Секогаш заштитувајте ги главата, лицето, ушите и вратот на вашето бебе со капа со широк обод и/или чадор. Бебето кое носи капа во првите неколку месеци ќе се навикне да ја носи. Користете очила за сонце со UVA/UVB заштита. Очите се погодени од изложеноста на зраците на УВ зрачењето. Прошетајте рано наутро пред 10 часот или после 17 часот и користете светлобојна количка со заштитна покривка од сонце. UV-апсорбирачки заштитен слој за прозорци во автомобилите. 6-12 месеци: Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија, но, сега, може да се вклучи употребата на креми за сончање. Одберете крем за сончање наменета за детска кожа во консултација со Вашиот лекар или фармацевт. Нанесете крем за сончање со широк спектар со минимум 30 фактор на сончева заштита, особено местата непокриени, како што се рацете, вратот, ушите и нозете на бебето. Што е најважно, кремот за сончање мора да се нанесува 30 минути пред да излезете надвор и повторно да се нанесува на секои два часа или по пливање или прекумерно потење. Предучилишна возраст: Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија. Заштитата на малите деца од сонцето бара малку повеќе размислување и труд. Важно е да гo едуцирате вашето дете и старателите. Проверете го просторот на отворено каде што вашето дете игра за да се уверите дека има соодветна сенка. Погрижете се малите деца да бидат покриени. Облеката од памук со долги ракави, светлобојна, удобна, а истовремено и високозаштитна.

The post Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита на бебињата и децата од сонце appeared first on Република.

]]>