Игуменица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igumenica/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 15:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игуменица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igumenica/ 32 32 За дрога уапсени двајца полицајци во грчкиот град Игуменица, кај едниот пронајдени над 100 килограми канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-droga-uapseni-dvajtsa-politsajtsi-vo-grchkiot-grad-igumenitsa-kaj-edniot-pronajdeni-nad-100-kilogrami-kanabis/ Fri, 15 Mar 2024 15:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=755188

Припадници на Секторот за борба против дрога во грчкиот град Игуменица, утрово уапсила двајца полицајци и еден странски државјанин за поседување дрога, а кај едниот полициски службеник биле пронајдени над 100 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, во рамки на акцијата, еден од уапсените полицајци заедно со неговиот сопатник, странскиот државјанин се превезувале со службено возило и не запреле на знаците на полицајците, возачот продолжил да вози низ градот и застанал поради сообраќајна несреќа.

Во контролата што следела во возилото биле пронајдени и одземени 19 пакувања чист канабис со тежина од 102- килограми и 670 грама.

Полицаецот- возач бил на ноќна патрола, при што било констатирано дека и неговиот колега на смената е инволвиран, по што исто така бил уапсен.

The post За дрога уапсени двајца полицајци во грчкиот град Игуменица, кај едниот пронајдени над 100 килограми канабис appeared first on Република.

]]>

Припадници на Секторот за борба против дрога во грчкиот град Игуменица, утрово уапсила двајца полицајци и еден странски државјанин за поседување дрога, а кај едниот полициски службеник биле пронајдени над 100 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, во рамки на акцијата, еден од уапсените полицајци заедно со неговиот сопатник, странскиот државјанин се превезувале со службено возило и не запреле на знаците на полицајците, возачот продолжил да вози низ градот и застанал поради сообраќајна несреќа. Во контролата што следела во возилото биле пронајдени и одземени 19 пакувања чист канабис со тежина од 102- килограми и 670 грама. Полицаецот- возач бил на ноќна патрола, при што било констатирано дека и неговиот колега на смената е инволвиран, по што исто така бил уапсен.

The post За дрога уапсени двајца полицајци во грчкиот град Игуменица, кај едниот пронајдени над 100 килограми канабис appeared first on Република.

]]>
Хрватските навивачи сакале преку Игуменица да избегаат во Бари, Италија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/hrvatskite-navivachi-sakale-preku-igumenitsa-da-izbegaat-vo-bari-italija/ Wed, 09 Aug 2023 08:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=670210

Грчката полиција постојано трага по виновниците за страшниот инцидент во кој животот го загуби 29-годишниот грчки навивач на АЕК, Михалис Кацурис.

По страшните нереди кои ги предизвикаа хулиганите на Динамо Загреб во близина на стадионот во атинската населба Нова Филаделфија, полицијата приведе 98 лица. Како што јавија грчките медиуми, полицијата трага по уште најмалку 50 хулигани кои учествуваа во крвавите нереди во „ОПАП Арената“.

Тие пребаруваат хотели и приватни сместувања, патролираат по границите и бараат хулигани кои избегале.

Порталот „Нафтемборики“ јавува дека во вторникот доцна вечерта полицијата уапсила петмина Хрвати во пристанишниот град Игуменица. Тие се обиделе да се качат на брод за Бари и на тој начин да избегаат од земјата.

https://republika.mk/sport/fudbal/hrvatskite-navivachi-namerno-ja-zaobikolile-srbija-i-makedonija-na-pat-kon-atina/

Станува збор за хрватски државјани на возраст од 25, 41, 29, 31, 25 години.

Не можеа да ги оправдаат причините за престојот во Грција. Очигледно изјавиле дека се на одмор, но нивната приказна брзо пропаднала бидејќи патувале без багаж.

Од уапсените Хрвати веднаш е земен ДНК примерок за да се утврди одговорност за убиството на 29-годишниот навивач.Уапсените денеска ќе бидат предадени на обвинител.

The post Хрватските навивачи сакале преку Игуменица да избегаат во Бари, Италија appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција постојано трага по виновниците за страшниот инцидент во кој животот го загуби 29-годишниот грчки навивач на АЕК, Михалис Кацурис. По страшните нереди кои ги предизвикаа хулиганите на Динамо Загреб во близина на стадионот во атинската населба Нова Филаделфија, полицијата приведе 98 лица. Како што јавија грчките медиуми, полицијата трага по уште најмалку 50 хулигани кои учествуваа во крвавите нереди во „ОПАП Арената“. Тие пребаруваат хотели и приватни сместувања, патролираат по границите и бараат хулигани кои избегале. Порталот „Нафтемборики“ јавува дека во вторникот доцна вечерта полицијата уапсила петмина Хрвати во пристанишниот град Игуменица. Тие се обиделе да се качат на брод за Бари и на тој начин да избегаат од земјата. https://republika.mk/sport/fudbal/hrvatskite-navivachi-namerno-ja-zaobikolile-srbija-i-makedonija-na-pat-kon-atina/ Станува збор за хрватски државјани на возраст од 25, 41, 29, 31, 25 години. Не можеа да ги оправдаат причините за престојот во Грција. Очигледно изјавиле дека се на одмор, но нивната приказна брзо пропаднала бидејќи патувале без багаж. Од уапсените Хрвати веднаш е земен ДНК примерок за да се утврди одговорност за убиството на 29-годишниот навивач.Уапсените денеска ќе бидат предадени на обвинител.

The post Хрватските навивачи сакале преку Игуменица да избегаат во Бари, Италија appeared first on Република.

]]>
Со возило на брзата помош се обидел да пренесе 320 килограми канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-vozilo-na-brzata-pomosh-se-obidel-da-prenese-320-kilogrami-kanabis/ Mon, 17 Jan 2022 12:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=445828

Со возило на Брза помош од приватна клиника, Грк се обидел да пренесе нешто помалку од 320 килограми суров канабис, но бил откриен и уапсен во грчкиот град Игуменица.

Како што соопштија од грчката полиција, при претресот на амбулантно возило во сопственост на приватна болница, биле пронајдени 13 торби во кои имало вкупно 129 пакувања канабис со вкупна тежина од 319 килограми и 200 грама.

Кај возачот било пронајдено и одземено мало количество кокаин, 900 евра и три мобилни телефони.

Полицијата го конфискувала и возилото на брза помош, а уапсениот ќе одговара за поседување, пренесување и трговија со дрога.

The post Со возило на брзата помош се обидел да пренесе 320 килограми канабис appeared first on Република.

]]>

Со возило на Брза помош од приватна клиника, Грк се обидел да пренесе нешто помалку од 320 килограми суров канабис, но бил откриен и уапсен во грчкиот град Игуменица. Како што соопштија од грчката полиција, при претресот на амбулантно возило во сопственост на приватна болница, биле пронајдени 13 торби во кои имало вкупно 129 пакувања канабис со вкупна тежина од 319 килограми и 200 грама. Кај возачот било пронајдено и одземено мало количество кокаин, 900 евра и три мобилни телефони. Полицијата го конфискувала и возилото на брза помош, а уапсениот ќе одговара за поседување, пренесување и трговија со дрога.

The post Со возило на брзата помош се обидел да пренесе 320 килограми канабис appeared first on Република.

]]>