игритека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igriteka/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 08:51:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png игритека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igriteka/ 32 32 Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trigodishno-teshko-podvizhno-dete-so-tserebralna-paraliza-izbrkano-od-skopska-igroteka-komiisijata-utvrdila-diskriminatsija/ Tue, 18 Jun 2024 08:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=788629

Тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го земале, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.

Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.

Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влегуваат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем со девојчето да седи и мајката.

Комисијата донела препорака игротеката да ја отстрани дискриминацијата на начин што ќе им овозможи непречен пристап на лицата со попреченост во услугите и добрата што ги нуди, а ако не го стори тоа, ќе биде пријавена пред надлежен суд.

The post Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација appeared first on Република.

]]>

Тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го земале, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.
Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.
Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влегуваат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем со девојчето да седи и мајката. Комисијата донела препорака игротеката да ја отстрани дискриминацијата на начин што ќе им овозможи непречен пристап на лицата со попреченост во услугите и добрата што ги нуди, а ако не го стори тоа, ќе биде пријавена пред надлежен суд.

The post Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација appeared first on Република.

]]>