Игор Здравковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-zdravkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 09:37:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Здравковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-zdravkovski/ 32 32 Здравковски: СДСМ и ДУИ само трошеле, а ништо не изградиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravkovski-sdsm-i-dui-samo-troshele-a-nishto-ne-izgradile/ Thu, 27 Jun 2024 09:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=791221

СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги кои не само што не ги изградиле, туку не направиле поместување од тоа што го затекнале, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Загрижува фактот што Извештајот на Државниот завод за ревизија, наведува дека кај најголем дел од инфраструктурните проекти не само што се зголемени цените на чинење на проектите како и пролонгирани се роковите за реализација, туку во дел од нив се јавува и опасност од дополнителни трошоци за арбиртражни постапки кои треба да ги плаќа државата, таков е патот Прилеп – Градско, делот Дреново – Фариш. Автопатот Кичево – Охрид што ВМРО-ДПМНЕ го остави во напредна фаза на реализација едвај е поместен од ситуацијата во која е оставен, а според ревизорскиот извештај утврдено е зголемување од 178 милиони евра за доизградба на истиот. Тоа се пари додадени како анекси на договорот, на веќе испроектирани финансии, а патот се уште не е завршен. Лудоста на власта не застанала тука. Таа продолжила и со автопатот Скопје – Блаце, кој за 10 километри, треба да чини над 180 милиони евра, што е за 80 милиони повеќе од првично предвиденото. Зголемување за кое ЈПДП, не дале конкретно објаснување за потребата од зглемување на финаниските средства. До сега броиме 260 милиони евра дубиози на власта. За жал, на оваа листа и нема крај. Најголемата трагедија и грабеж на народот се случува со пругата кон Бугарија. Кај истата, кај третата делница од Крива Паланка до граница се предвидени безобразни 24 милиони евра за километар пруга. Пругата која би била долга 23.4 километри е проектирана од СДС и ДУИ да чини 560 милиони евра, односно за цели 220 милиони евра повеќе од претходно испроектирано. Истата поминува низ центарот на Крива Паланка, за нејзината изградба треба да се срушат стотина куќи и да се реселат исто толку семејства, а завршува со тунел кој не води никаде. Расипништвото на СДС и ДУИ најмногу се гледа во стагнацијата на инфраструктурата во државата, каде очигледно главен приоритет им било пумпање на цените на тендерите, а работата стоела во место, истакна Здравковски.

7 години подоцна, државата е посиромашна од претходно заради расипниците од СДС и ДУИ, а железници и патишта нема. За ова одговорност мора да има. ЈО не смее да остане немо на Извештајот на ДЗР. Истраги и одговорност веднаш, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Здравковски: СДСМ и ДУИ само трошеле, а ништо не изградиле appeared first on Република.

]]>

Здравковски: Доцнат апликациите за субвенции за земјоделците затоа што државната каса е испразнета поради лошите и погубни политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravkovski-dotsnat-aplikatsiite-za-subventsii-za-zemjodeltsite-zatoa-shto-drzhavnata-kasa-e-isprazneta-poradi-loshite-i-pogubni-politiki/ Sun, 28 May 2023 08:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=645373

Денес се наоѓаме во Богомила, село кое што се наоѓа во срцето на Македонија. За жал, како и останатите села  во Република Македонија и ова село кое што до пред 20-тина, 30 години броеше повеќе од 1500 жители, денес брои околу 200 жители, вели пратеникот Игор Здравковски, кој заедно со својот тим беше во посета на населени места и оствари средби со граѓани во рамките на акцијата “Ова е Македонија за сите“.

Здравковски истана дека жителите кои што останаа да живеат во Богомила, претежно, се занимаваат со земјоделие кое во македонското општество стана голема рана, затоа што откако СДСМ се на власт доцнат субвенциите, се зголеми увозот на храна и многу ниви останаа необработени и ненасадени.

Освен доцнење на субвенциите, Здравковски додаде дека земјоделците се соочуват и со проблем на доцнење на процесите што значи доцнење апликациите за нови субвенции затоа и тоа затоа што државната каса е испразнета поради лошите политики и договорите за изградба на коридорите.

„Она што е уште пожално, е тоа што овие кои што останаа тука се занимаваат претежно со земјоделие, меѓутоа земјоделието е една голема рана на македонското општество, затоа што имаме зголеме увоз на храна, имаме намлено производство, имаме многу необработливи површини.  Субвенциите каснат во изминатите години откако СДСМ се на власт и оваа година, долпнително, имаме доцнење со процесите кои што би значеле апликација за нови субвенции, затоа што касата на Република Македонија е испразнета поради лошите и погубни политики и договори што се направија со Бехтел и Енка“, истакна Здравковски.

The post Здравковски: Доцнат апликациите за субвенции за земјоделците затоа што државната каса е испразнета поради лошите и погубни политики appeared first on Република.

]]>

Денес се наоѓаме во Богомила, село кое што се наоѓа во срцето на Македонија. За жал, како и останатите села  во Република Македонија и ова село кое што до пред 20-тина, 30 години броеше повеќе од 1500 жители, денес брои околу 200 жители, вели пратеникот Игор Здравковски, кој заедно со својот тим беше во посета на населени места и оствари средби со граѓани во рамките на акцијата “Ова е Македонија за сите“. Здравковски истана дека жителите кои што останаа да живеат во Богомила, претежно, се занимаваат со земјоделие кое во македонското општество стана голема рана, затоа што откако СДСМ се на власт доцнат субвенциите, се зголеми увозот на храна и многу ниви останаа необработени и ненасадени. Освен доцнење на субвенциите, Здравковски додаде дека земјоделците се соочуват и со проблем на доцнење на процесите што значи доцнење апликациите за нови субвенции затоа и тоа затоа што државната каса е испразнета поради лошите политики и договорите за изградба на коридорите.
„Она што е уште пожално, е тоа што овие кои што останаа тука се занимаваат претежно со земјоделие, меѓутоа земјоделието е една голема рана на македонското општество, затоа што имаме зголеме увоз на храна, имаме намлено производство, имаме многу необработливи површини.  Субвенциите каснат во изминатите години откако СДСМ се на власт и оваа година, долпнително, имаме доцнење со процесите кои што би значеле апликација за нови субвенции, затоа што касата на Република Македонија е испразнета поради лошите и погубни политики и договори што се направија со Бехтел и Енка“, истакна Здравковски.

The post Здравковски: Доцнат апликациите за субвенции за земјоделците затоа што државната каса е испразнета поради лошите и погубни политики appeared first on Република.

]]>
Здравковски: По укинувањето на додатокот за трето дете од страна на Царовска има намалување на наталитетот за 17.8% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravkovski-po-ukinuvanjeto-na-dodatokot-za-treto-dete-od-strana-na-carovska-ima-namaluvanje-na-natalitetot-za-17-8/ Wed, 14 Sep 2022 14:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=550774

Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при денешното негово обраќање во Собранието побара да се изнајде начин да се помогне на семејствата, на младите родители кои што решиле да останат во Република Македонија при добивање на 3 или четврто дете.

Предлагам член 77 став 1 да се дополни дневниот ред со Закон за заштита на децата односно имаме предлог да се избрише членот 38 став 3 каде што имаме еден дополнителен услов. Да прецизирам за јавноста ова е познато како Закон за трето дете каде што имаме условување во однос на приходите кој како може да оствари право за она што го викаме закон за трето дете и во ситуација на овакви говори, економски шокови, инфлации и така натаму гледаме дека се повеќе осиромашен народ, меѓутоа и според Државниот завод за статистика гледаме дека детската сиромаштија во пораст, гледаме се повеќе семејства се во социјален ризик затоа сметам дека мора да се изнајде начин да се помогне на семејствата, на младите родители кои што решиле да останат во Република Македонија - рече Здравковски.

Здравковски во текот на своето обраќање посочи дека по укинувањето на додаток за трето дете од страна на тогашната министерка, Мила Царовска има намалување на новородени деца од 17.8%.

За потсетување до пред 2018 важеше пред никакви услови и без никаква зависност од висината на приходите на мајката или на семејството и сите родители кои што добија 3 или четврто дете и имаа право да ги користат овие средства од државата, но тогаш се постави еден услов кој што кажува дека нели под минимална плата сите тие кои што имаат ќе можат да ги користат овие права. Со едно образложение од страна на тогашната министерка Мила Царовска која што велеше дека не било оправдано, но кога ќе ги видиме овие статистички податоци од државниот завод за статистика гледаме во периодот на важноста на овој закон за трето дете како што го викаме народски имаме намалување на наталитетот од -0.5 проценти во рок од оние години кога важеше од 2009 до 2017 година, за по укинувањето да видиме дека за само 4 години имаме намалување од 17.8% на новородените деца во однос на претходните години и тоа е една загрижувачка бројка. Тоа е една бројка која кажува дека има се помалку млади во Република Македонија или пак од друга страна младите не решаваат да имаат дополнително новороденчиња затоа што е терет и на Буџетот со кој што располагаат и на сето тоа што си го носи семејството со себе како тропок. Инаку во Србија од 2022 година за секое новороденче се дава по 100.000 динари, за второ дете се дава дополнително месечно по 12.000 динари, за трето дете се дава дополнително месечно по 10.000 во рок од 10 години и така натаму - додаде Здравковски.

The post Здравковски: По укинувањето на додатокот за трето дете од страна на Царовска има намалување на наталитетот за 17.8% appeared first on Република.

Здравковски: Власта со ребалансот планира да ги блокира општините за да ги обвинува градоначалниците дека не работат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravkovski-vlasta-so-rebalansot-planira-da-gi-blokira-opshtinite-za-da-gi-obvinuva-gradonachalnicite-deka-ne-rabotat/ Wed, 15 Jun 2022 19:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=515133

Со ребалансот на буџетот нема никакви големи промени за подобрување, туку има намалување на индустријата и власта создава механизам за блокада на општините преку намалување на капитални дотации или финансирање за водовод и канализација, за потоа да може да бара изговор и да вели дека општините не работат - изјави за „Отворено“ на ТВ24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Тој потенцира дека проекциите кои ги гледаме на овој ребаланс на буџетот, наместо да ги намалат оние јазови кои ќе се створат, тие дополнително ги зголемуваат, а кога се работело буџетот за 2022 година власта веќе знаела дека ќе има криза затоа што и претседателот Стево Пендаровски изјави дека уште на 5 ноември знаел и ги информирал во владата за претстојната криза.

Целите ги поставуваше актуелниот премиер кој тогаш беше заменик министер за финансии и тој не убедуваше дека буџетот е развоен и нема непродуктивни трошоци, а по само пет ипол месеци да излезе и да каже дека ќе крати на непродуктивни трошоци. Така што не гледаме некакви промени освен интенции за намалување на индустријата и за блокирање на општините и сметам дека преку овој ребаланс власта ќе воведе механизам за блокада на општините за да може како изговор во наредните месеци да се кажува дека градоначалниците се неспособни и дека единиците за локална самоуправа не си ја работата - истакна Здравковски.

Тој истакна дека власта е свесна дека нема пари и од самиот ребаланс се гледа дека се оди во одбрана на нешто што не е одбранливо, наместо да се направи реална проекција. Здравковски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено амандмани за ребалансот да застане на страната на економијата.

Како политичка партија имаме поднесено 174 амандмани кои се направени и по барање на граѓаните, но и на коморите, синдикатите. Одговорноста е на пратениците и треба да имаме ефикасна расправа да ги согледаме фактите, да ги погледнеме барањата и да донесеме документ кој понатаму би го запрел ова темпо на инфлација и ќе застане на страната на економијата - изјави Здравковски.

The post Здравковски: Власта со ребалансот планира да ги блокира општините за да ги обвинува градоначалниците дека не работат appeared first on Република.

Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-na-48-javen-dolg-sdsm-velea-deka-ne-cheka-grchko-scenario-sega-kakvo-scenario-ne-cheka/ Tue, 14 Jun 2022 09:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=514927

Од она што можеше да го види и слушне македонската јавност очигледно е дека пратениците од владеачкото мнозинство не живеат во реалноста, рече на денешната прес-конференција пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, пред вториот ден од расправата по Ребалансот на буџетот за 2022 година.

Според Здравковски, овој ребаланс е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена и земја во која на дневна основа граѓаните осиромашуваат.

Македонија во 2022 година ќе пробие уште една психолошка граница и јавниот долг ќе надмине 8 милијарди евра. Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? Македонија е една од земјите која има највисок пораст на јавниот долг од периодот пред корона кризата. Од кога се дојдени на власт, јуни 2017, па до крајот на оваа година ќе направиат нов нето долг од над 3,5 милијарди евра, а капиталните расходи никогаш не биле пониски, вели Здравковски.

Тој потенцираше дека Владата со ребалансот ја намалува проекцијата за економскиот раст од 4,6% на 3,2%, но она што не успеваат да ја убедат јавноста е дека и тие проекции ќе ги оставарат.

Еве да го земеме првиот квартал од 2022 година, економски раст 2,4%, а сеуште не се почуствуваа последиците од војната во Украина. Каде е вториот квартал и втората половина од годината? Дали некој верува дека оваа Влада е способна да креира економска политика за раст и развој? За јавноста една споредба со земјите од регионот за прв квартал: растот во Србија е 4,4%, во Бугарија 5%, Романија 6,5%, Словенија 9,8%, Хрватска 7%, вели тој.

Здравковски сподели изјава од претседателот на една од стопанските комори околу владините мерки за поддршка на бизнис секторот:

„Ние треба отворено да кажеме дека државата се наоѓа во тешка ситуација, нешто што го повторувам изминатите шест месеци и барам сериозна акција околу тоа. Имаме неколку состојби коишто дефинитивно констатирани можат многу тешко да ја погодат економската активност и да дојде до затворање на компаниите и намалување на работните места. Чуствуваме дека Владата не е насочена кон фирмите, мислиме дека тој пат не е добар. Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа, со затворање на капацитетите ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален.“.

И ова е реалноста,потенцира Здравковски.

Нека не се обидуваат од власта да замајуваат. Реалниот сектор е на раб до колапс, а власта нема слух. Власта нема слух ни за синдикатите, нема слух ни за здравствените работници, власта нема слух за никој освен за своите апетити.
Претстојат тешки месеци за граѓаните и стопанството. Во исчекување сме за колку проценти повторно ќе поскапи струјата, а со тоа и на сите други производи. Со оваа власт на ДУИ и СДСМ кризата само ќе се продлабочува и тие не знаат како да се справат со истата. Со ребалансот ништо нема да се промени на подобро, напротив, Македонија ќе продолжи да тони уште повеќе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро за доброто на граѓаните и иднината на државата, рече пратеникот.

The post Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? appeared first on Република.

]]>

Од она што можеше да го види и слушне македонската јавност очигледно е дека пратениците од владеачкото мнозинство не живеат во реалноста, рече на денешната прес-конференција пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, пред вториот ден од расправата по Ребалансот на буџетот за 2022 година. Според Здравковски, овој ребаланс е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена и земја во која на дневна основа граѓаните осиромашуваат.
Македонија во 2022 година ќе пробие уште една психолошка граница и јавниот долг ќе надмине 8 милијарди евра. Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека нè чека грчко сценарио, сега какво сценарио нè чека? Македонија е една од земјите која има највисок пораст на јавниот долг од периодот пред корона кризата. Од кога се дојдени на власт, јуни 2017, па до крајот на оваа година ќе направиат нов нето долг од над 3,5 милијарди евра, а капиталните расходи никогаш не биле пониски, вели Здравковски.
Тој потенцираше дека Владата со ребалансот ја намалува проекцијата за економскиот раст од 4,6% на 3,2%, но она што не успеваат да ја убедат јавноста е дека и тие проекции ќе ги оставарат.
Еве да го земеме првиот квартал од 2022 година, економски раст 2,4%, а сеуште не се почуствуваа последиците од војната во Украина. Каде е вториот квартал и втората половина од годината? Дали некој верува дека оваа Влада е способна да креира економска политика за раст и развој? За јавноста една споредба со земјите од регионот за прв квартал: растот во Србија е 4,4%, во Бугарија 5%, Романија 6,5%, Словенија 9,8%, Хрватска 7%, вели тој.
Здравковски сподели изјава од претседателот на една од стопанските комори околу владините мерки за поддршка на бизнис секторот: „Ние треба отворено да кажеме дека државата се наоѓа во тешка ситуација, нешто што го повторувам изминатите шест месеци и барам сериозна акција околу тоа. Имаме неколку состојби коишто дефинитивно констатирани можат многу тешко да ја погодат економската активност и да дојде до затворање на компаниите и намалување на работните места. Чуствуваме дека Владата не е насочена кон фирмите, мислиме дека тој пат не е добар. Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа, со затворање на капацитетите ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален.“. И ова е реалноста,потенцира Здравковски.
Нека не се обидуваат од власта да замајуваат. Реалниот сектор е на раб до колапс, а власта нема слух. Власта нема слух ни за синдикатите, нема слух ни за здравствените работници, власта нема слух за никој освен за своите апетити. Претстојат тешки месеци за граѓаните и стопанството. Во исчекување сме за колку проценти повторно ќе поскапи струјата, а со тоа и на сите други производи. Со оваа власт на ДУИ и СДСМ кризата само ќе се продлабочува и тие не знаат како да се справат со истата. Со ребалансот ништо нема да се промени на подобро, напротив, Македонија ќе продолжи да тони уште повеќе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро за доброто на граѓаните и иднината на државата, рече пратеникот.