Игор Станоевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-stanoevski/ За подобро да се разбереме Sat, 27 May 2023 13:31:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Станоевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-stanoevski/ 32 32 Цртаа и најмалите: Публиката на Котон блуз фест спонтано се поврза со уметниците од ликовната колонија на фестивалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tsrtaa-i-najmalite-publikata-na-koton-bluz-fest-spontano-se-povrza-so-umetnitsite-od-likovnata-kolonija-na-festivalot/ Sat, 27 May 2023 13:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=645195

Познатиот македонски ликовен и музички уметник, Игор Станоевски, заедно со уметниците Трајче Павлов, Боро Арсовски и Драган Милованов формираa ликовна колонија во склоп на Котон блуз фестивалот.

Со нивно учество, паралелно, за време на концертите, имаше и ликовно творештво, по што следуваше и изложба на делата.

Беа изработени 10 слики во различни варијации на ликови, теми и техники. Сите средства од продадените слики ќе бидат донирани.

Особено позитивно не изненади спонтаната интеракција со публиката која активно комуницираше со уметниците на сцена, истакнувајки особен интерес и задоволство. Во иднина би сакале да го прошириме форматот и да повикаме гости сликари и од други земји – Станоевски го споделува своето доживување на фестивалот.

Станоевски додава дека со такво нешто, оваа колонија ќе добие интернационален карактер, а целта е да се подобри квалитететот на презентација на делата, со придружни активности од типот на работилници и слично.

The post Цртаа и најмалите: Публиката на Котон блуз фест спонтано се поврза со уметниците од ликовната колонија на фестивалот appeared first on Република.

]]>

Познатиот македонски ликовен и музички уметник, Игор Станоевски, заедно со уметниците Трајче Павлов, Боро Арсовски и Драган Милованов формираa ликовна колонија во склоп на Котон блуз фестивалот. Со нивно учество, паралелно, за време на концертите, имаше и ликовно творештво, по што следуваше и изложба на делата. Беа изработени 10 слики во различни варијации на ликови, теми и техники. Сите средства од продадените слики ќе бидат донирани.
Особено позитивно не изненади спонтаната интеракција со публиката која активно комуницираше со уметниците на сцена, истакнувајки особен интерес и задоволство. Во иднина би сакале да го прошириме форматот и да повикаме гости сликари и од други земји – Станоевски го споделува своето доживување на фестивалот.
Станоевски додава дека со такво нешто, оваа колонија ќе добие интернационален карактер, а целта е да се подобри квалитететот на презентација на делата, со придружни активности од типот на работилници и слично.

The post Цртаа и најмалите: Публиката на Котон блуз фест спонтано се поврза со уметниците од ликовната колонија на фестивалот appeared first on Република.

]]>
Работилница за рачна изработка на гитари и ликовна колонија ќе бидат дел од Котон блуз фестивал во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rabotilnitsa-za-rachna-izrabotka-na-gitari-i-likovna-kolonija-ke-bidat-del-od-koton-bluz-festival-vo-skopje/ Mon, 22 May 2023 14:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=643667

Четвртото издание на Котон блуз фестивал, освен квалитетна блуз музика, ќе понуди и работилница за рачна изработка на гитари, од еден од најпознатите светски изработувачи на гитари, Јани Павеза, но и ликовна колонија од неколкумина македонски уметници.

Претставување на Павеза гитарите и предавање за процесот на нивната изработка , што ќе го одржи еден од најпознатите мајстори за рачна изработка на акустични и електрични гитари, Јани Павеза, ќе се одржи на 24 мај, во Горното Фоаје на МКЦ. Влезот ќе биде слободен, а случувањето ќе биде со почеток од 13:00 часот.

Во склоп на Котон блуз фестивалот, познатиот македонски ликовен и музички уметник Игор Станоевски заедно со уметниците Трајче Павлов, Боро Арсовски и Драган Милованов формираше ликовна колонија. За време на концертите, паралелно ќе има и ликовно творештво по што ќе следи и изложба на делата.

Двете вечери на Котон блуз фестивал (24 и 25 мај) ќе бидат одбележани од настапите на данското трио „Трејнмен блуз“, добитници на повеќе европски блуз-награди, како и специјалниот гостин од Чикаго и син на легендарниот Мади Вотерс, Мад Морганфилд, кој во Скопје ќе се претстави со карактеристичниот и енергичен чикашки блуз звук.

https://republika.mk/scena/muzika/bluz-dozhivuvane-vo-mkts-koton-bluz-festival-nudi-spoj-na-domashni-i-svetski-muzichki-imina/

Овие две големи светски имиња, ќе бидат придружувани, некои заедно со нив на сцената, а некои со засебни настапи, од редица македонски музичари, кои го негуваат блуз звукот.

Билетите за двете вечери на Котон блуз фестивал може да се набават онлајн, преку сајтот на МКЦ, а сите средства добиени од продажба на влезници ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

The post Работилница за рачна изработка на гитари и ликовна колонија ќе бидат дел од Котон блуз фестивал во Скопје appeared first on Република.

]]>

Четвртото издание на Котон блуз фестивал, освен квалитетна блуз музика, ќе понуди и работилница за рачна изработка на гитари, од еден од најпознатите светски изработувачи на гитари, Јани Павеза, но и ликовна колонија од неколкумина македонски уметници. Претставување на Павеза гитарите и предавање за процесот на нивната изработка , што ќе го одржи еден од најпознатите мајстори за рачна изработка на акустични и електрични гитари, Јани Павеза, ќе се одржи на 24 мај, во Горното Фоаје на МКЦ. Влезот ќе биде слободен, а случувањето ќе биде со почеток од 13:00 часот. Во склоп на Котон блуз фестивалот, познатиот македонски ликовен и музички уметник Игор Станоевски заедно со уметниците Трајче Павлов, Боро Арсовски и Драган Милованов формираше ликовна колонија. За време на концертите, паралелно ќе има и ликовно творештво по што ќе следи и изложба на делата. Двете вечери на Котон блуз фестивал (24 и 25 мај) ќе бидат одбележани од настапите на данското трио „Трејнмен блуз“, добитници на повеќе европски блуз-награди, како и специјалниот гостин од Чикаго и син на легендарниот Мади Вотерс, Мад Морганфилд, кој во Скопје ќе се претстави со карактеристичниот и енергичен чикашки блуз звук. https://republika.mk/scena/muzika/bluz-dozhivuvane-vo-mkts-koton-bluz-festival-nudi-spoj-na-domashni-i-svetski-muzichki-imina/ Овие две големи светски имиња, ќе бидат придружувани, некои заедно со нив на сцената, а некои со засебни настапи, од редица македонски музичари, кои го негуваат блуз звукот. Билетите за двете вечери на Котон блуз фестивал може да се набават онлајн, преку сајтот на МКЦ, а сите средства добиени од продажба на влезници ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

The post Работилница за рачна изработка на гитари и ликовна колонија ќе бидат дел од Котон блуз фестивал во Скопје appeared first on Република.

]]>