Игор Анѓелков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-angjelkov/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 09:07:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Анѓелков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-angjelkov/ 32 32 „Ветрилиште“, нов роман на Игор Анѓелков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vetrilishte-nov-roman-na-igor-angelkov/ Mon, 04 Nov 2024 10:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=833936

Утре излегува од печат новиот роман „Ветрилиште“ на Игор Анѓелков, соопштија од издавачката куќа „Или-Или“.

Со новата книжевна објава авторот прославува неколку јубилеи: десеттата издадена книга, петтиот роман, книжевно полнолетство (осумнаесет години од објавувањето на дебитантската збирка раскази „Кротки приказни“), и сето тоа на неговиот педесетти роденден.

Во најавата за „Ветрилиште“ се вели:

Секоја приказна треба да има почеток, средина и крај, но не секогаш по тој редослед, велеше Жан Лик Годар. Овој роман се одвива за време на едно деноноќие (па ни толку!) во животот на Борис, или ако повеќе сакате, на Писателот. Не е експериментален во формата, туку си тече класично, од почеток до крај, без поместувања во зацртаниот редослед, освен ако не се земат предвид постојаните размислувања и реминисценции во однос на нештата што се случуваат околу главниот протагонист, кои вешто ги испреплетуваат минатото, сегашноста и иднината, што работите ги прави неизвесни. Но, она што е сосема извесно е дека оваа приказна започнува и завршува со пеењето на еден петел-ранобудник: Кукуригууууууууу...“

Во поговорот во книгата, нашата еминентна писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска нагласува:

„Петтиот роман на Игор Анѓелков, неговата десетта книга, и покрај бруталната искреност и соголувањето и на текстот и на авторот, успева да ја зачува потентната „недореченост“ како внимателно одбран крај. Но, тоа е тоа што текстот и го заслужува и го бара од финишот. Романизирајќи го сето она што сите го помислуваме или го премолчуваме, Анѓелков останува доследно недоследен, свој, автентичен, изграден и неодминлив романсиер во современата македонска книжевност од последните речиси две децении. Оксиморонот „доследно недоследен“ совршено го надополнува „издвојувањето на несекојдневното за да се исцрта што пореално токму секојдневното“ како негово творечко кредо. На читателите им останува да решат дали (не)добивањето награди ќе го сфатат како секојдневна или како несекојдневна практика во домашниот културен контекст. И, што е уште поинтригантно, прашањето што останува да лебди над „Ветрилиште“, но и над сите нас, е дали и што можат да променат наградите кога доаѓаат или кога не доаѓаат? Дали ним им е понеопходна книжевноста отколку што тие ù се неопходни нејзе?“

Игор Анѓелков досега ги објавил следните дела: „Кротки приказни“ (раскази, 2006), „Крај-пат“ (роман, 2010), „Фото синтеза“ (роман, 2013), „Филм.мкд“ (филмска есеистика, 2015), „Филмски град“ (филмска есеистика, 2018), „Шрапнел“ (роман, 2020), „Филмотопија“ (филмска есеистика, 2022), „Двојна експозиција“ (раскази, 2022), „Мина“ (роман, 2023).

The post „Ветрилиште“, нов роман на Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>

Утре излегува од печат новиот роман „Ветрилиште“ на Игор Анѓелков, соопштија од издавачката куќа „Или-Или“. Со новата книжевна објава авторот прославува неколку јубилеи: десеттата издадена книга, петтиот роман, книжевно полнолетство (осумнаесет години од објавувањето на дебитантската збирка раскази „Кротки приказни“), и сето тоа на неговиот педесетти роденден. Во најавата за „Ветрилиште“ се вели:
Секоја приказна треба да има почеток, средина и крај, но не секогаш по тој редослед, велеше Жан Лик Годар. Овој роман се одвива за време на едно деноноќие (па ни толку!) во животот на Борис, или ако повеќе сакате, на Писателот. Не е експериментален во формата, туку си тече класично, од почеток до крај, без поместувања во зацртаниот редослед, освен ако не се земат предвид постојаните размислувања и реминисценции во однос на нештата што се случуваат околу главниот протагонист, кои вешто ги испреплетуваат минатото, сегашноста и иднината, што работите ги прави неизвесни. Но, она што е сосема извесно е дека оваа приказна започнува и завршува со пеењето на еден петел-ранобудник: Кукуригууууууууу...“
Во поговорот во книгата, нашата еминентна писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска нагласува:
„Петтиот роман на Игор Анѓелков, неговата десетта книга, и покрај бруталната искреност и соголувањето и на текстот и на авторот, успева да ја зачува потентната „недореченост“ како внимателно одбран крај. Но, тоа е тоа што текстот и го заслужува и го бара од финишот. Романизирајќи го сето она што сите го помислуваме или го премолчуваме, Анѓелков останува доследно недоследен, свој, автентичен, изграден и неодминлив романсиер во современата македонска книжевност од последните речиси две децении. Оксиморонот „доследно недоследен“ совршено го надополнува „издвојувањето на несекојдневното за да се исцрта што пореално токму секојдневното“ како негово творечко кредо. На читателите им останува да решат дали (не)добивањето награди ќе го сфатат како секојдневна или како несекојдневна практика во домашниот културен контекст. И, што е уште поинтригантно, прашањето што останува да лебди над „Ветрилиште“, но и над сите нас, е дали и што можат да променат наградите кога доаѓаат или кога не доаѓаат? Дали ним им е понеопходна книжевноста отколку што тие ù се неопходни нејзе?“
Игор Анѓелков досега ги објавил следните дела: „Кротки приказни“ (раскази, 2006), „Крај-пат“ (роман, 2010), „Фото синтеза“ (роман, 2013), „Филм.мкд“ (филмска есеистика, 2015), „Филмски град“ (филмска есеистика, 2018), „Шрапнел“ (роман, 2020), „Филмотопија“ (филмска есеистика, 2022), „Двојна експозиција“ (раскази, 2022), „Мина“ (роман, 2023).

The post „Ветрилиште“, нов роман на Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-mina-od-igor-angelkov/ Thu, 14 Sep 2023 09:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=681808

Утревечер, петок, 15 септември, со почеток во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, ќе се одржи промоцијата на романот „Мина“ од Игор Анѓелков. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески, кои низ разговор со авторот ќе се обидат да дојдат до суштината на ова дело, кое беше објавено во мај како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Ова е шеста прозна книга на писателот, а негов четврти роман. Промоцијата е воведен настан на фестивалот „АртАреа“, кој за време на викендот нуди и други возбудливи книжевни доживувања.

Се обидов да напишам роман кој ќе биде голем како и самиот живот. За таа цел се повикав на сеќавањата кои се најповикуваното и најпосакуваното задоволство за писателите. Тие ми помогнаа да антиципирам еден книжевен став за некои минати времиња кои ги детерминираат овие во кои живуркаме денес и овде. Како централен лик земав жена-борец која всушност е комплетен аутсајдер, но јас верувам во моќта на „малиот“ човек, бидејќи не секогаш низ книжевноста и уметноста мора да се третираат приказните на значајните историски фигури или личности од нивната блиска околина за да се пренесе одредена книжевна „вистина“. Паралелно со ова во книгата се одвиваат и размислувањата за тоа што значи да се биде писател денес и овде, во овој контекст во кој живееме, а самата книжевност е прекрасна платформа за тоа, бидејќи таа остана последниоит бастион каде слободно може да се трага по вистинската вистина, вели Анѓелков.

Според промотерката на романот, Ана Мартиноска, покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“, Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“.

Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација, вели Мартиноска.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а
магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе две ипол децении активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, уметноста... Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше со збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020) (последните два беа финалисти за „Рациновото признание“). Минатата година ја објави збирката раскази „Двојна експозиција“ (2022). Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015, Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“), „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022).

The post Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>

Утревечер, петок, 15 септември, со почеток во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, ќе се одржи промоцијата на романот „Мина“ од Игор Анѓелков. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески, кои низ разговор со авторот ќе се обидат да дојдат до суштината на ова дело, кое беше објавено во мај како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Ова е шеста прозна книга на писателот, а негов четврти роман. Промоцијата е воведен настан на фестивалот „АртАреа“, кој за време на викендот нуди и други возбудливи книжевни доживувања.
Се обидов да напишам роман кој ќе биде голем како и самиот живот. За таа цел се повикав на сеќавањата кои се најповикуваното и најпосакуваното задоволство за писателите. Тие ми помогнаа да антиципирам еден книжевен став за некои минати времиња кои ги детерминираат овие во кои живуркаме денес и овде. Како централен лик земав жена-борец која всушност е комплетен аутсајдер, но јас верувам во моќта на „малиот“ човек, бидејќи не секогаш низ книжевноста и уметноста мора да се третираат приказните на значајните историски фигури или личности од нивната блиска околина за да се пренесе одредена книжевна „вистина“. Паралелно со ова во книгата се одвиваат и размислувањата за тоа што значи да се биде писател денес и овде, во овој контекст во кој живееме, а самата книжевност е прекрасна платформа за тоа, бидејќи таа остана последниоит бастион каде слободно може да се трага по вистинската вистина, вели Анѓелков.
Според промотерката на романот, Ана Мартиноска, покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“, Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“.
Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација, вели Мартиноска.
Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе две ипол децении активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, уметноста... Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше со збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020) (последните два беа финалисти за „Рациновото признание“). Минатата година ја објави збирката раскази „Двојна експозиција“ (2022). Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015, Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“), „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022).

The post Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>
„Мина“ – нов роман на Игор Анѓелков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mina-nov-roman-na-igor-angelkov/ Thu, 04 May 2023 18:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=637053

Деновиве од печат излезе новиот роман „Мина“ од Игор Анѓелков, како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. По збирката раскази „Двојна експозиција“ објавена минатиот септември, ова е четврти роман, а вкупно шеста прозна книга на авторот, роман со мирис на чај од тегавец, вкус на палачинки со шеќер, завиен во плетен џемпер, со календарче под перница… како што гласи поднасловот на книгата.

Ана Мартиноска во поговорот насловен „Експлозивна семејна сага за ретка жена со ретко име“ пишува:

Покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“ Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“. Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација.

Покрај навигирањето низ овие лавиринти низ туѓата приказна, она што за секој читател е веројатно најважно е дека оваа книга ќе ве упати на зрело преиспитување на сопственото семејно наследство кое, сакале да признаеме или не, ја одредува насоката на нашата, лична животна авантура и со тоа, нé потсетува на сопствената минливост. Од сите овие причини, и уште многу кои допрва ќе ги откриваме со секое следно препрочитување, сé појасно станува дека секое ново дело на Анѓелков веќе нема да се чита исклучиво само по себе, туку и како дел од еден поголем циклус на дела кои создаваат една голема книжевна приказна или дури и во контекст на комплетниот опус на авторот“.

Деновиве Анѓелков ќе ја промовира и потпишува книгата на штандот на ИЛИ-ИЛИ на актуелниот Саем на книгата во „Борис Трајковски“.

 

The post „Мина“ – нов роман на Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>

Деновиве од печат излезе новиот роман „Мина“ од Игор Анѓелков, како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. По збирката раскази „Двојна експозиција“ објавена минатиот септември, ова е четврти роман, а вкупно шеста прозна книга на авторот, роман со мирис на чај од тегавец, вкус на палачинки со шеќер, завиен во плетен џемпер, со календарче под перница… како што гласи поднасловот на книгата. Ана Мартиноска во поговорот насловен „Експлозивна семејна сага за ретка жена со ретко име“ пишува:
Покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“ Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“. Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација. Покрај навигирањето низ овие лавиринти низ туѓата приказна, она што за секој читател е веројатно најважно е дека оваа книга ќе ве упати на зрело преиспитување на сопственото семејно наследство кое, сакале да признаеме или не, ја одредува насоката на нашата, лична животна авантура и со тоа, нé потсетува на сопствената минливост. Од сите овие причини, и уште многу кои допрва ќе ги откриваме со секое следно препрочитување, сé појасно станува дека секое ново дело на Анѓелков веќе нема да се чита исклучиво само по себе, туку и како дел од еден поголем циклус на дела кои создаваат една голема книжевна приказна или дури и во контекст на комплетниот опус на авторот“.
Деновиве Анѓелков ќе ја промовира и потпишува книгата на штандот на ИЛИ-ИЛИ на актуелниот Саем на книгата во „Борис Трајковски“.  

The post „Мина“ – нов роман на Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>
Разговор со Игор Анѓелков во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-igor-angelkov-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje-2/ Tue, 04 Apr 2023 06:55:28 +0000 https://republika.mk/?p=626957

Разговор со Игор Анѓелков, авторот на „Двојна експозиција“, книга на месец април во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи вечерва, со почеток во 19 часот, во спомен-собата „Т’га за југ“. Разговорот со Анѓелков е дел од активностите на кампањата „Читаме современи македонски автори“.

„Двојна експозиција“ е збирка од дванаесет раскази поделени по два во шест циклуси: Невиност, Љубов, Бизар, Афион, Статус, Смрт.

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

- Збирката раскази „Двојна експозиција“ ќе биде тема и на Клубот на читатели предвиден за 29 април, информираат од Градската библиотека во Скопје.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на медиуми и комуникации на Правниот факултет при УКИМ во Скопје. Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, а во последниве петнаесет години, како ко-сопственик и уредник во издавачката куќа „Или-Или“.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“, која Градската библиотека во Скопје ја започна во септември минатата година, по завршувањето на првиот циклус во мај, ќе продолжи во септември со нови осум наслови од исто толку домашни автори.

 

The post Разговор со Игор Анѓелков во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Разговор со Игор Анѓелков, авторот на „Двојна експозиција“, книга на месец април во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи вечерва, со почеток во 19 часот, во спомен-собата „Т’га за југ“. Разговорот со Анѓелков е дел од активностите на кампањата „Читаме современи македонски автори“. „Двојна експозиција“ е збирка од дванаесет раскази поделени по два во шест циклуси: Невиност, Љубов, Бизар, Афион, Статус, Смрт. Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. - Збирката раскази „Двојна експозиција“ ќе биде тема и на Клубот на читатели предвиден за 29 април, информираат од Градската библиотека во Скопје. Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на медиуми и комуникации на Правниот факултет при УКИМ во Скопје. Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, а во последниве петнаесет години, како ко-сопственик и уредник во издавачката куќа „Или-Или“. Кампањата „Читаме современи македонски автори“, која Градската библиотека во Скопје ја започна во септември минатата година, по завршувањето на првиот циклус во мај, ќе продолжи во септември со нови осум наслови од исто толку домашни автори.  

The post Разговор со Игор Анѓелков во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Разговор со Игор Анѓелков во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-igor-angelkov-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Mon, 03 Apr 2023 07:08:18 +0000 https://republika.mk/?p=626452

Утре (4 април, вторник) ќе се одржи разговор со Игор Анѓелков авторот на „Двојна експозиција“, книга на месец април во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Разговорот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток од 19 часот, како дел од активностите од големата кампања „Читаме современи македонски автори“.

„Двојна експозиција“ (издание на Или -Или, 2022) е збирка од дванаесет раскази поделени по два во шест циклуси: Невиност, Љубов, Бизар, Афион, Статус, Смрт.

Анѓелков во оваа збирка раскази ги вткаил двата аспекти на човековиот живот: оној намислениот и оној одживеаниот. Се чини дека токму затоа и сите делови имаат по два раскази. Затоа и „двојната експозиција“ која со себе ја носи таа неизбежна феноменолошка спротивставеност на одживеаното и замисленото, но нереализираното, подвлекува во критиката за книгата, Сашо Огненовски.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на медиуми и комуникации на Правниот факултет при УКИМ во Скопје. Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, а во последниве петнаесет години, како ко-сопственик и уредник во издавачката куќа „Или-Или“. Својата нулта, самиздат книга „Четири“ ја објави во 1996 година под псевдонимот Ангел Горски. Официјалното деби како писател го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013). Во 2020 година излезе неговиот нов роман „Шрапнел“, а во моментов е актуелен со збирката раскази „Двојна експозиција“ (2022). Анѓелков е препознатлив и по медиското третирање на филмската уметност, со кое активно се занимава од 1997 година како автор на филмската радио-емисија „РЕДРУМ“ на Канал 103 (1997-2003), како и на филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма (2003-2014). Досега има членувано во жиријата на неколку домашни фестивали, член е на меѓународната организација на филмски критичари „Фипресци“, а од 2018 е програмски селектор на Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“ во Скопје. Зад себе има и три публицистички дела од областа на филмската уметност: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во 2016 година, „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022).

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Збирката раскази „Двојна експозиција“ ќе биде тема и на Клубот на читатели предвиден за 29 април.

Настаните се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Градската библиотека во Скопје ја започна во септември минатата година. По завршувањето на првиот циклус во мај, кампањата ќе продолжи во септември со нови осум наслови од исто толку домашни автори.

The post Разговор со Игор Анѓелков во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Утре (4 април, вторник) ќе се одржи разговор со Игор Анѓелков авторот на „Двојна експозиција“, книга на месец април во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Разговорот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток од 19 часот, како дел од активностите од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. „Двојна експозиција“ (издание на Или -Или, 2022) е збирка од дванаесет раскази поделени по два во шест циклуси: Невиност, Љубов, Бизар, Афион, Статус, Смрт.
Анѓелков во оваа збирка раскази ги вткаил двата аспекти на човековиот живот: оној намислениот и оној одживеаниот. Се чини дека токму затоа и сите делови имаат по два раскази. Затоа и „двојната експозиција“ која со себе ја носи таа неизбежна феноменолошка спротивставеност на одживеаното и замисленото, но нереализираното, подвлекува во критиката за книгата, Сашо Огненовски.
Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на медиуми и комуникации на Правниот факултет при УКИМ во Скопје. Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, а во последниве петнаесет години, како ко-сопственик и уредник во издавачката куќа „Или-Или“. Својата нулта, самиздат книга „Четири“ ја објави во 1996 година под псевдонимот Ангел Горски. Официјалното деби како писател го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013). Во 2020 година излезе неговиот нов роман „Шрапнел“, а во моментов е актуелен со збирката раскази „Двојна експозиција“ (2022). Анѓелков е препознатлив и по медиското третирање на филмската уметност, со кое активно се занимава од 1997 година како автор на филмската радио-емисија „РЕДРУМ“ на Канал 103 (1997-2003), како и на филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма (2003-2014). Досега има членувано во жиријата на неколку домашни фестивали, член е на меѓународната организација на филмски критичари „Фипресци“, а од 2018 е програмски селектор на Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“ во Скопје. Зад себе има и три публицистички дела од областа на филмската уметност: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во 2016 година, „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022). Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Збирката раскази „Двојна експозиција“ ќе биде тема и на Клубот на читатели предвиден за 29 април. Настаните се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Градската библиотека во Скопје ја започна во септември минатата година. По завршувањето на првиот циклус во мај, кампањата ќе продолжи во септември со нови осум наслови од исто толку домашни автори.

The post Разговор со Игор Анѓелков во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-dvojna-ekspozicija-od-igor-angjelkov/ Mon, 05 Sep 2022 21:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=547732

Во вторник, на шестти септември, во МКЦ КЛУБ ресторанот во 20 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков, која излезе неодамна како 210 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски, а вечерта со свој музички настап ќе ја збогати актуелниот скопски бенд „Хајка“.

По третата книга од серијалот со филмска есеистика „Филмотопија“ која излезе пролетта, Игор Анѓелков оваа година на читателите им „подарува“ и ново прозно дело, кое следи по романот „Шрапнел“ од 2020 година. Збирката „Двојна експозиција“ содржи 12 раскази дуално распоредени во шест целини, и нивната содржина го опфаќа целото човеково постоење. Тоа се приказни за растењето, созревањето, бизарноста, кризата на средните години и умирањето.

Промоторката Ана Мартиноска во поговорот кон книгата забележа:

Немам двојба дека темите кои Анѓелков ги третира ја имаат примамлива моќ да ја заскокоткаат публиката и да не ја остават индиферентна, бидејќи иако не секогаш видливо на прв поглед, расказите на Анѓелков се ангажирани и отвораат актуелни и суштински прашања, како додатна вредност на новата македонска проза. Верувам дека тие ќе ги поттикнат читателите на длабокомислечки и себеспознајни моменти, што впрочем е ултимативната цел на добрата литература.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе две ипол децении активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, уметноста... Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“, и „Шрапнел“ (2020). Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022). „Двојна експозиција“ е негова втора збирка раскази.

The post Промоција на „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на шестти септември, во МКЦ КЛУБ ресторанот во 20 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков, која излезе неодамна како 210 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски, а вечерта со свој музички настап ќе ја збогати актуелниот скопски бенд „Хајка“. По третата книга од серијалот со филмска есеистика „Филмотопија“ која излезе пролетта, Игор Анѓелков оваа година на читателите им „подарува“ и ново прозно дело, кое следи по романот „Шрапнел“ од 2020 година. Збирката „Двојна експозиција“ содржи 12 раскази дуално распоредени во шест целини, и нивната содржина го опфаќа целото човеково постоење. Тоа се приказни за растењето, созревањето, бизарноста, кризата на средните години и умирањето. Промоторката Ана Мартиноска во поговорот кон книгата забележа:
Немам двојба дека темите кои Анѓелков ги третира ја имаат примамлива моќ да ја заскокоткаат публиката и да не ја остават индиферентна, бидејќи иако не секогаш видливо на прв поглед, расказите на Анѓелков се ангажирани и отвораат актуелни и суштински прашања, како додатна вредност на новата македонска проза. Верувам дека тие ќе ги поттикнат читателите на длабокомислечки и себеспознајни моменти, што впрочем е ултимативната цел на добрата литература.
Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе две ипол децении активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, уметноста... Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“, и „Шрапнел“ (2020). Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022). „Двојна експозиција“ е негова втора збирка раскази.

The post Промоција на „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>
Игор Анѓелков ја објави збирката раскази „Двојна експозиција“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/igor-angjelkov-ja-objavi-zbirkata-raskazi-dvojna-ekspozicija/ Tue, 23 Aug 2022 06:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=543059

Излезе во печат новата книга на Игор Анѓелков насловена „Двојна експозиција“, како 210-то издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. По неговата прва книжевна објава, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), авторот ѝ се враќа на кусата прозна форма и ни „подарува“ дванаесет нови раскази поделени во шест целини, при што секоја од нив следи една животна фаза, од раѓањето кон смртта.

Расказите од „Двојна експозиција“ се непретенциозни во пристапот, барем навидум во насока на кроткоста и обичноста на неговото писмо сфатени како врвен комплимент од блажеконески тип, без оглед на тоа дека нарацијата всушност често крие комплексни и повеќеслојни нијанси. Анѓелков со манир на зрел и искусен писател успева да ја вметне својата поента во израз доволно концизен за да се потврди како квалитет на краткиот расказ, но не претерано збиен, туку во прецизна мера натопен со описи и дигресии кои се освежувачки и додаваат текстура на напишаното без притоа да ја обременат основната наративна нишка. Тоа само го потврдува она што критиката го одбележа уште од почеток на неговата кариера, дека овој автор пишува „зрела проза, суверена во концептот, опстојна во реализацијата, со мерка натопенета во автобиографско и спонтано исушена од патос, од предозираност, од пренапишаност, вели Ана Мартиноска во поговорот кон збирката раскази.

Како логично надоврзување на романот „Шрапнел“ (2020), кој Мартиноска во својот осврт го одреди како „генерациски роман, искрен до коска“, и во збирката раскази „Двојна експозизија“ ја препознаваме дихотомијата на личното кое се испреплетува со колективното, создавајќи ефектен впечаток на реалистични раскази, на приказни што се (како) извадени од стварноста, без разлика дали се автобиографски или не.

Во фокусот на секоја од приказните лежи едно централно животно прашање, типично за возраста и биолошко-социолошката фаза на ликовите кои се портретираат. Нивниот спектар се движи од оние општоважечки мотиви, па сè до ултимативната дилема што останува по смртта. Немам двојба дека темите кои Анѓелков ги третира ја имаат примамлива моќ да ја заскокоткаат публиката и да не ја остават индиферентна, бидејќи иако не секогаш видливо на прв поглед, расказите на Анѓелков се ангажирани и отвораат актуелни и суштински прашања, како додатна вредност на новата македонска проза. Верувам дека тие ќе ги поттикнат читателите на длабокомислечки и себеспознајни моменти, што впрочем е ултимативната цел на добрата литература. Покрај естетското задоволство таа треба да понуди нова перспектива, да поттикне критичка мисла и, да го парафразирам Френсис Скот Фицџералд, да ни понуди утеха дека нашите копнежи се универзални, дека ние луѓето не сме осамени и изолирани едни од други, туку дека припаѓаме – на група истомисленици, добронамерници, сострадалници, вљубеници...“, поентира Мартиноска.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе две ипол децении активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, уметноста... Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk.
Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“, и „Шрапнел“ (2020). Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022).

„Двојна експозиција“ е негова втора збирка раскази.

 

The post Игор Анѓелков ја објави збирката раскази „Двојна експозиција“ appeared first on Република.

]]>

Излезе во печат новата книга на Игор Анѓелков насловена „Двојна експозиција“, како 210-то издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. По неговата прва книжевна објава, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), авторот ѝ се враќа на кусата прозна форма и ни „подарува“ дванаесет нови раскази поделени во шест целини, при што секоја од нив следи една животна фаза, од раѓањето кон смртта.
Расказите од „Двојна експозиција“ се непретенциозни во пристапот, барем навидум во насока на кроткоста и обичноста на неговото писмо сфатени како врвен комплимент од блажеконески тип, без оглед на тоа дека нарацијата всушност често крие комплексни и повеќеслојни нијанси. Анѓелков со манир на зрел и искусен писател успева да ја вметне својата поента во израз доволно концизен за да се потврди како квалитет на краткиот расказ, но не претерано збиен, туку во прецизна мера натопен со описи и дигресии кои се освежувачки и додаваат текстура на напишаното без притоа да ја обременат основната наративна нишка. Тоа само го потврдува она што критиката го одбележа уште од почеток на неговата кариера, дека овој автор пишува „зрела проза, суверена во концептот, опстојна во реализацијата, со мерка натопенета во автобиографско и спонтано исушена од патос, од предозираност, од пренапишаност, вели Ана Мартиноска во поговорот кон збирката раскази.
Како логично надоврзување на романот „Шрапнел“ (2020), кој Мартиноска во својот осврт го одреди како „генерациски роман, искрен до коска“, и во збирката раскази „Двојна експозизија“ ја препознаваме дихотомијата на личното кое се испреплетува со колективното, создавајќи ефектен впечаток на реалистични раскази, на приказни што се (како) извадени од стварноста, без разлика дали се автобиографски или не.
Во фокусот на секоја од приказните лежи едно централно животно прашање, типично за возраста и биолошко-социолошката фаза на ликовите кои се портретираат. Нивниот спектар се движи од оние општоважечки мотиви, па сè до ултимативната дилема што останува по смртта. Немам двојба дека темите кои Анѓелков ги третира ја имаат примамлива моќ да ја заскокоткаат публиката и да не ја остават индиферентна, бидејќи иако не секогаш видливо на прв поглед, расказите на Анѓелков се ангажирани и отвораат актуелни и суштински прашања, како додатна вредност на новата македонска проза. Верувам дека тие ќе ги поттикнат читателите на длабокомислечки и себеспознајни моменти, што впрочем е ултимативната цел на добрата литература. Покрај естетското задоволство таа треба да понуди нова перспектива, да поттикне критичка мисла и, да го парафразирам Френсис Скот Фицџералд, да ни понуди утеха дека нашите копнежи се универзални, дека ние луѓето не сме осамени и изолирани едни од други, туку дека припаѓаме – на група истомисленици, добронамерници, сострадалници, вљубеници...“, поентира Мартиноска.
Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе две ипол децении активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, уметноста... Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“, и „Шрапнел“ (2020). Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022). „Двојна експозиција“ е негова втора збирка раскази.  

The post Игор Анѓелков ја објави збирката раскази „Двојна експозиција“ appeared first on Република.

]]>
„Филмотопија“-новата книга од Игор Анѓелков излегува утре од печат https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filmotopija-novata-kniga-od-igor-angjelkov-izleguva-utre-od-pechat/ Fri, 15 Apr 2022 10:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=488909

Утре, од печат ќе излезе книгата со филмска есеистика „Филмотопија“ од Игор Анѓелков, со што авторот на најдобар можен начин ја заокружува трилогијата составена и од книгите „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018).

Анѓелков продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот, и низ рецензентски и есеистички осврти на публиката навремено ѝ нуди увид во случувањата во филмската уметност.

Низ неколку поглавја, во книгата се покриени филмовите од новата македонска продукција, новото европско кино, светската продукција, тука се и секогаш интересните фестивалски случувања кои авторот ги покрива со присуство и искуство на самото место, а во последното поглавје авторот остава простор за класикот Алфред Хичкок.

Со оваа книга Анѓелков на одличен начин пополнува еден празен простор во македонското издаваштво, издавајќи книги посветени на филмот, изданија кои, за жал, во годините наназад, можат да се набројат на прсти.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со „Филмотопија“ тој ја заокружува трилогијата со филмска есеистика која ги вклучува и книгите „Филмски град“ (2018) и „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Анѓелков е автор и на прозните книги, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020)

The post „Филмотопија“-новата книга од Игор Анѓелков излегува утре од печат appeared first on Република.

]]>

Утре, од печат ќе излезе книгата со филмска есеистика „Филмотопија“ од Игор Анѓелков, со што авторот на најдобар можен начин ја заокружува трилогијата составена и од книгите „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018). Анѓелков продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот, и низ рецензентски и есеистички осврти на публиката навремено ѝ нуди увид во случувањата во филмската уметност. Низ неколку поглавја, во книгата се покриени филмовите од новата македонска продукција, новото европско кино, светската продукција, тука се и секогаш интересните фестивалски случувања кои авторот ги покрива со присуство и искуство на самото место, а во последното поглавје авторот остава простор за класикот Алфред Хичкок. Со оваа книга Анѓелков на одличен начин пополнува еден празен простор во македонското издаваштво, издавајќи книги посветени на филмот, изданија кои, за жал, во годините наназад, можат да се набројат на прсти. Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со „Филмотопија“ тој ја заокружува трилогијата со филмска есеистика која ги вклучува и книгите „Филмски град“ (2018) и „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Анѓелков е автор и на прозните книги, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020)

The post „Филмотопија“-новата книга од Игор Анѓелков излегува утре од печат appeared first on Република.

]]>