игор ангеловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-angelovski/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 10:02:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png игор ангеловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-angelovski/ 32 32 Mрме удри по Милевски: Резултатот е нешто што не можеш да смениш https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mrme-udri-po-milevski-rezultatot-e-neshto-shto-ne-mozhesh-da-smenish/ Wed, 27 Mar 2024 10:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=759231

Поранешниот селектор Игор Ангеловски, со објава на социјалните мрежи им го честиташе големиот успех на грузијците, но и се запраша, каде е сега Македонија после тој голем успех.

„Грузија вечерва заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Честитки. Но каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020. Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се “честита”. Но тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ. Резултатот е  нешто што не можеш да смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи.“ – пишува во објавата на поранешниот селектор, Игор Ангеловски, на социјалните мрежи.

The post Mрме удри по Милевски: Резултатот е нешто што не можеш да смениш appeared first on Република.

]]>

Поранешниот селектор Игор Ангеловски, со објава на социјалните мрежи им го честиташе големиот успех на грузијците, но и се запраша, каде е сега Македонија после тој голем успех.
„Грузија вечерва заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Честитки. Но каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020. Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се “честита”. Но тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ. Резултатот е  нешто што не можеш да смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи.“ – пишува во објавата на поранешниот селектор, Игор Ангеловски, на социјалните мрежи.

The post Mрме удри по Милевски: Резултатот е нешто што не можеш да смениш appeared first on Република.

]]>
Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на казахстанскиот клуб Каспиј https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/igor-angelovski-e-naznachen-za-nov-trener-na-kazahstanskiot-klub-kaspij/ Mon, 17 Apr 2023 13:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=631459

Екс селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, под чие водство Горан Пандев и другарите играа на ЕП 2020 најде нова тренерска работа, во Казахстан.

Ангеловски и официјално е назначен за нов тренер на екипата на Каспиј.

Популарниот Мрме по напуштањето на селекторската позиција, кратко време ја предводеше хрватската екипа Горица, ама поради слаби резултати беше сменет.

– Македонскиот стручњак Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на Каспиј. Игор Ангеловски е добар стручњак кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме успех на нашиот нов тренер – се вели во краткото соопштение.

Неговиот нов тим Каспиј е последнопласиран на табелата во казахстанската Прва лига по шест одиграни кола, со биланс од пет порази и само една победа.

The post Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на казахстанскиот клуб Каспиј appeared first on Република.

]]>

Екс селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, под чие водство Горан Пандев и другарите играа на ЕП 2020 најде нова тренерска работа, во Казахстан. Ангеловски и официјално е назначен за нов тренер на екипата на Каспиј.
Популарниот Мрме по напуштањето на селекторската позиција, кратко време ја предводеше хрватската екипа Горица, ама поради слаби резултати беше сменет. – Македонскиот стручњак Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на Каспиј. Игор Ангеловски е добар стручњак кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме успех на нашиот нов тренер – се вели во краткото соопштение. Неговиот нов тим Каспиј е последнопласиран на табелата во казахстанската Прва лига по шест одиграни кола, со биланс од пет порази и само една победа.

The post Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на казахстанскиот клуб Каспиј appeared first on Република.

]]>
Поранешниот селектор за ФФМ: Со премии се чистат коцкарски долгови, шетаат анонимци ко туристичка агенција https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poraneshniot-selektor-za-ffm-so-premii-se-chistat-kockarski-dolgovi-shetaat-anonimci-ko-turistichka-agencija/ Tue, 20 Dec 2022 10:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=587947

После најновиот грандиозен успех на Хрватска со втор медал по ред на Мундијалите, сега бронзен после среброто пред четири ипол години, главното прашање е како Хрватска успева да има континуитет, а ние не успеваме?

Меѓу најповиканите да даде одговори е и екс-селекторот Игор Ангеловски, човекот кој ја однесе Македонија на едно Европско првенство и кој сега живее во Хрватска. А, не така одамна после година ипол од настапот на континенталниот шампионат си замина зашто му заврши договорот со Фудбалската федерација на Македонија, после бурните месец и половина околу новиот договор откако го обезбеди пласманот и натегањата за да заврши со нова шестмесечна соработка.

„Секоја чест за Златко Далиќ и за фудбалерите за тоа што го направија, зашто случајност може да биде да добиете еден меч, ама да играте две полуфиналиња на СП по ред не може да биде случајност. Хрватска покажа уште еднаш дека системот на вредности функционира, но за жал не и кај нас. Наместо ние да го искористиме моментот од настапот на Еуро 2020 и победата со Италија, фудбалот со крупни чекори да ни оди напред, ние со крупни чекори се враќаме назад и тие што го водат фудбалот треба да одговорат зошто е тоа така?“, почнува Ангеловски.

Ангеловски, кој во изминатиов месец беше стручен аналитичар на Спорт 1 за случувањата на СП во Катар, во успесите на Хрватска потенцираше неколку клучни работи за новата историја – стратегијата на Хрватите, паметната работа на федерацијата која не менува тоа што е успешно, посебно истакнувајќи го уделот на Лука Модриќ како лидер и најдобар на сите времиња, чии зборови се слушаат и се ценат. За разлика од ХНС, ФФМ не е ни близу со работата, со залутани фотелјаши кои низ годиниве покажуваа дека личниот интерес е поважен од мотото на ФФМ – фудбалот на прво место.

„ФФМ се претвори во туристичка агенција. Се закажува меч со Саудиска Арабија, затворен, со 11 измени, се руши сè што е градено, ама ним поважно им е да прошетаат до Дубаи, да го наполнат авионот со личности кои не можат ни сметките за патувањето да ги покажат… Наместо да мислат како да го кренат фудбалот и како да фатиме чекор со другите селекции. Но, одговор треба да дадат тие што го водат, иако за жал не се матурирани како личности“, вели Ангеловски, па продолжува:

„Хрватска покажа како ги почитува своите величини за разлика од нас. Замислете на прошталниот меч на Горан Пандев во Амстердам, не најдоа за сходно да ги повикаат семејствата на фудбалерите, а посебно семејството на Горан и неговите деца зашто тоа беше негов последен меч. Ама важно авионот го наполнија со – ноу-нејм имиња. Уште и лажеа дека во Букурешт (првите мечеви на Еуро 2020 – н.з.) биле платени сместувањата за нашите семејства, ама ние ги имаме сметките, сите фудбалери ги имаат сметките дека сами си ги покривме трошоците за сместувањето на нашите семејства. За разлика од разно-разните гости кои беа на трошок на федерацијата и сега не може ни да ги најдат и да ги покажат тие сметки“.

Ако успехот на младата репрезентација со настапот на Еуро 2017 во Полска беше вовед во успешниот период на А-тимот, а и младинските селекции особено таа до 21 година имаа забележителни настапи, со елитни фази во квалификациите, сега младите национални тимови се топовско место, па само годинава едвај една победа со аматерскиот Сан Марино е ефектот на успех, а сè друго порази, меѓу нив и неколку катастрофални.

„Посебна приказна е работата во младите селекции, каде што за две ипол години во 90 отсто од мечевите се изгубени, дел од нив и со катастрофални резултати, а од тие младински селекции треба да се црпат кадрите за А-селекцијата“, вели Ангеловски.

ФФМ во изминатава деценија ја следеа многу скандали, но посебно во изминативе три години откако Муамед Сејдини запоседна на првата фотелја за да го наследи Илчо Ѓорѓиоски, на кого му беше претходно потпретседател. Па излегуваа аферите со делењето премии за УО во екот на најголемиот успех (по 20.000 евра од член на УО), разно-разните привилегии на фотелјашите, а сè подлабокото пропаѓање на домашниот фудбал со кулминација – четврти одзади на УЕФА-листата и загубено место во Европа Лигата од 2024 година…

Посебна приказна е игнорантскиот однос кон Пандев, рекордерот по настапи (122) и голови (38) и разно-разните сплетки што произлегуваат од „кујната на куќата на фудбалот“.

„Тоа делење на премиите мина без капитенот и селекторот, а учествуваше претседателот, па се делеа премии за расчистувања на коцкарски долгови и за жал некои од фудбалерите во репрезентацијата останаа со помалку пари. Пандев замина во пензија, цел свет му се поклони, сите клубови му оддадоа признание, му кажаа благодарам, а само ФФМ беше единствена која ништо не направи. Па, и таа традиција од 30 години со доделувања на награди за најдобрите во годината ја откажаа. Сега се надевам дека годинава ќе ја направат, зашто беше успешна и ќе си поделат награди за победите со Гибралтар. Уште и (рас)кажуваат после моето заминување дека атмосферата во репрезентацијата не била добра, а еве сега нека кажат – каква е атмосферата во репрезентацијата? За да си го затскријат неуспехот сакаа и вината да ја префрлат врз двајца репрезентативци за кои можам да кажам дека секогаш гинеле за Македонија и повредени доаѓале да играат за А-тимот додека бев јас селектор“, потенцира Ангеловски

Македонија во март беше на еден чекор до СП, успеа да го елиминира европскиот првак Италија, ама пред судирот со Португалија, циркузите што претходеа пред заминувањето за Порто, ја „потресоа“ репрезентацијата, посебно со делењето дипломатски пасоши и дочекот, за нешто што не беше комплетен успех, зашто преостана последниот чекор.

„Наместо да се искористи целата таа еуфорија и само да се мисли на Португалија, се правеа квази прослави со седум репрезентативци пред 200 луѓе на некој дочек на плоштад, па следниот ден се отвораше дури и Министерството за надворешни работи за да се дадат пасоши, наместо сета концентрација да биде за мечот со Португалија и Македонија да има настап на Светско првенство. Македонија имала, и во иднина ќе има многу селектори, ама досега ниту еден не отиде да се тепа со навивачи“, вели Ангеловски.

Од успехот на Хрватска, кој во догледно време тешко дека некој ќе успее да го достигне, а уште помалку да го надмине, Ангеловски ја посочи работата на „пи-арот“ на Хрватите, за разлика од македонскиот и комедиите со дресовите што ги направија пред ланскиот настап на Еуро 2020 и траги-комичниот избор на боите, за кои потоа се вадеа дека ги утнала компанијата „Јако“.

„Морам посебно да го истакнам и „пи-арот“ на Хрватска, како максимално професионално си ја одработи целата работа на СП, бавејќи се со најважното, резултатите и позитивната атмосфера, за разлика од кај нас каде „пи-арот“ го водат луѓе со разноразни пороци, се кријат резултати на млади селекции, во две години каде што младинските селекции се во огромен резултатски пад. Но, со такви луѓе лесно се манипулира, а со тоа не се мисли за доброто на фудбалот.

А, кога сме кај „пи-арот“ на ФФМ, сакаа да ги сменат дресовите пред Еуро 2020 и тоа не им успеа, па се вадеа дека компанијата им била крива, а боите на Македонија се заведени во Обединети нации под број и се црвена и жолта. Македонија е уникат зашто уште игра во дресови од 2012 година. Овие дресови се супер, прекрасен дизајн, ама Македонија е единствена во светот што десет години игра во ист дизајн, не сменила дрес откако не успеаја да ѝ ги сменат боите, а сите други менуваат пред квалификации, пред големи натпреварувања“, заврши Ангеловски.

Извор: sport1.mk

The post Поранешниот селектор за ФФМ: Со премии се чистат коцкарски долгови, шетаат анонимци ко туристичка агенција appeared first on Република.

]]>

После најновиот грандиозен успех на Хрватска со втор медал по ред на Мундијалите, сега бронзен после среброто пред четири ипол години, главното прашање е како Хрватска успева да има континуитет, а ние не успеваме? Меѓу најповиканите да даде одговори е и екс-селекторот Игор Ангеловски, човекот кој ја однесе Македонија на едно Европско првенство и кој сега живее во Хрватска. А, не така одамна после година ипол од настапот на континенталниот шампионат си замина зашто му заврши договорот со Фудбалската федерација на Македонија, после бурните месец и половина околу новиот договор откако го обезбеди пласманот и натегањата за да заврши со нова шестмесечна соработка. „Секоја чест за Златко Далиќ и за фудбалерите за тоа што го направија, зашто случајност може да биде да добиете еден меч, ама да играте две полуфиналиња на СП по ред не може да биде случајност. Хрватска покажа уште еднаш дека системот на вредности функционира, но за жал не и кај нас. Наместо ние да го искористиме моментот од настапот на Еуро 2020 и победата со Италија, фудбалот со крупни чекори да ни оди напред, ние со крупни чекори се враќаме назад и тие што го водат фудбалот треба да одговорат зошто е тоа така?“, почнува Ангеловски. Ангеловски, кој во изминатиов месец беше стручен аналитичар на Спорт 1 за случувањата на СП во Катар, во успесите на Хрватска потенцираше неколку клучни работи за новата историја – стратегијата на Хрватите, паметната работа на федерацијата која не менува тоа што е успешно, посебно истакнувајќи го уделот на Лука Модриќ како лидер и најдобар на сите времиња, чии зборови се слушаат и се ценат. За разлика од ХНС, ФФМ не е ни близу со работата, со залутани фотелјаши кои низ годиниве покажуваа дека личниот интерес е поважен од мотото на ФФМ – фудбалот на прво место. „ФФМ се претвори во туристичка агенција. Се закажува меч со Саудиска Арабија, затворен, со 11 измени, се руши сè што е градено, ама ним поважно им е да прошетаат до Дубаи, да го наполнат авионот со личности кои не можат ни сметките за патувањето да ги покажат… Наместо да мислат како да го кренат фудбалот и како да фатиме чекор со другите селекции. Но, одговор треба да дадат тие што го водат, иако за жал не се матурирани како личности“, вели Ангеловски, па продолжува: „Хрватска покажа како ги почитува своите величини за разлика од нас. Замислете на прошталниот меч на Горан Пандев во Амстердам, не најдоа за сходно да ги повикаат семејствата на фудбалерите, а посебно семејството на Горан и неговите деца зашто тоа беше негов последен меч. Ама важно авионот го наполнија со – ноу-нејм имиња. Уште и лажеа дека во Букурешт (првите мечеви на Еуро 2020 – н.з.) биле платени сместувањата за нашите семејства, ама ние ги имаме сметките, сите фудбалери ги имаат сметките дека сами си ги покривме трошоците за сместувањето на нашите семејства. За разлика од разно-разните гости кои беа на трошок на федерацијата и сега не може ни да ги најдат и да ги покажат тие сметки“. Ако успехот на младата репрезентација со настапот на Еуро 2017 во Полска беше вовед во успешниот период на А-тимот, а и младинските селекции особено таа до 21 година имаа забележителни настапи, со елитни фази во квалификациите, сега младите национални тимови се топовско место, па само годинава едвај една победа со аматерскиот Сан Марино е ефектот на успех, а сè друго порази, меѓу нив и неколку катастрофални. „Посебна приказна е работата во младите селекции, каде што за две ипол години во 90 отсто од мечевите се изгубени, дел од нив и со катастрофални резултати, а од тие младински селекции треба да се црпат кадрите за А-селекцијата“, вели Ангеловски. ФФМ во изминатава деценија ја следеа многу скандали, но посебно во изминативе три години откако Муамед Сејдини запоседна на првата фотелја за да го наследи Илчо Ѓорѓиоски, на кого му беше претходно потпретседател. Па излегуваа аферите со делењето премии за УО во екот на најголемиот успех (по 20.000 евра од член на УО), разно-разните привилегии на фотелјашите, а сè подлабокото пропаѓање на домашниот фудбал со кулминација – четврти одзади на УЕФА-листата и загубено место во Европа Лигата од 2024 година… Посебна приказна е игнорантскиот однос кон Пандев, рекордерот по настапи (122) и голови (38) и разно-разните сплетки што произлегуваат од „кујната на куќата на фудбалот“. „Тоа делење на премиите мина без капитенот и селекторот, а учествуваше претседателот, па се делеа премии за расчистувања на коцкарски долгови и за жал некои од фудбалерите во репрезентацијата останаа со помалку пари. Пандев замина во пензија, цел свет му се поклони, сите клубови му оддадоа признание, му кажаа благодарам, а само ФФМ беше единствена која ништо не направи. Па, и таа традиција од 30 години со доделувања на награди за најдобрите во годината ја откажаа. Сега се надевам дека годинава ќе ја направат, зашто беше успешна и ќе си поделат награди за победите со Гибралтар. Уште и (рас)кажуваат после моето заминување дека атмосферата во репрезентацијата не била добра, а еве сега нека кажат – каква е атмосферата во репрезентацијата? За да си го затскријат неуспехот сакаа и вината да ја префрлат врз двајца репрезентативци за кои можам да кажам дека секогаш гинеле за Македонија и повредени доаѓале да играат за А-тимот додека бев јас селектор“, потенцира Ангеловски Македонија во март беше на еден чекор до СП, успеа да го елиминира европскиот првак Италија, ама пред судирот со Португалија, циркузите што претходеа пред заминувањето за Порто, ја „потресоа“ репрезентацијата, посебно со делењето дипломатски пасоши и дочекот, за нешто што не беше комплетен успех, зашто преостана последниот чекор. „Наместо да се искористи целата таа еуфорија и само да се мисли на Португалија, се правеа квази прослави со седум репрезентативци пред 200 луѓе на некој дочек на плоштад, па следниот ден се отвораше дури и Министерството за надворешни работи за да се дадат пасоши, наместо сета концентрација да биде за мечот со Португалија и Македонија да има настап на Светско првенство. Македонија имала, и во иднина ќе има многу селектори, ама досега ниту еден не отиде да се тепа со навивачи“, вели Ангеловски. Од успехот на Хрватска, кој во догледно време тешко дека некој ќе успее да го достигне, а уште помалку да го надмине, Ангеловски ја посочи работата на „пи-арот“ на Хрватите, за разлика од македонскиот и комедиите со дресовите што ги направија пред ланскиот настап на Еуро 2020 и траги-комичниот избор на боите, за кои потоа се вадеа дека ги утнала компанијата „Јако“. „Морам посебно да го истакнам и „пи-арот“ на Хрватска, како максимално професионално си ја одработи целата работа на СП, бавејќи се со најважното, резултатите и позитивната атмосфера, за разлика од кај нас каде „пи-арот“ го водат луѓе со разноразни пороци, се кријат резултати на млади селекции, во две години каде што младинските селекции се во огромен резултатски пад. Но, со такви луѓе лесно се манипулира, а со тоа не се мисли за доброто на фудбалот. А, кога сме кај „пи-арот“ на ФФМ, сакаа да ги сменат дресовите пред Еуро 2020 и тоа не им успеа, па се вадеа дека компанијата им била крива, а боите на Македонија се заведени во Обединети нации под број и се црвена и жолта. Македонија е уникат зашто уште игра во дресови од 2012 година. Овие дресови се супер, прекрасен дизајн, ама Македонија е единствена во светот што десет години игра во ист дизајн, не сменила дрес откако не успеаја да ѝ ги сменат боите, а сите други менуваат пред квалификации, пред големи натпреварувања“, заврши Ангеловски. Извор: sport1.mk

The post Поранешниот селектор за ФФМ: Со премии се чистат коцкарски долгови, шетаат анонимци ко туристичка агенција appeared first on Република.

]]>
Ангеловски: Кога зборува еден Бекенбауер или Пандев сите треба да молчат, a слушајќи го Модриќ еве до каде дојде Хрватска https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/angelovski-koga-zboruva-eden-bekenbauer-ili-pandev-site-treba-da-molchat-a-slushajkji-go-modrikj-eve-do-kade-dojde-hrvatska/ Mon, 12 Dec 2022 22:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=584947

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, за „Спорт1“ го коментира успехот на хрватската репрезентација на Светското првенство во Катар.

Ангеловски ја опишува еуфоријата што владее во Хрватска деновиве. Тој вели дека Хрватите имаат огромна почит кон својата држава и кон репрезентацијата, дека сè е подредено на хрватската репрезентација и дека сите се надеваат дека ќе дојдат и до финале и до златото.

Каде е силата на Хрватска? Во заедништвото, во тоа што се семејство. Се знае дека Лука Модриќ е лидер, иако во соблекувална е еднаков меѓу еднаквите, сепак го има главниот збор, но тоа што јас многупатии сум го кажувал, дека кога еден Бекенбауер, Пандев зборуваат – сите треба да молчат. Е, слушајќи го Модриќ еве до каде дојде Хрватска. Има пет титули со Реал во Лига на шампиони, Брозовиќ во Интер и е еден од најдбрите последни играчи за врска, Ковачиќ беше во Реал сега во Челси, Перишиќ беше во Интер сега во Тотнем, Гвардиол е одличен, Јурановиќ од Селтик...

 

Хрватите прво вложија во терени со хибридна подлога, која нуди феноменални услови за игра, направија многу помошни терени за да може многу млади таленти да се развиваат, а величенствен е тој извоз на екстра талентирани играчи, вели Ангеловски.

Повеќе на „Спорт1“.

The post Ангеловски: Кога зборува еден Бекенбауер или Пандев сите треба да молчат, a слушајќи го Модриќ еве до каде дојде Хрватска appeared first on Република.

]]>

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, за „Спорт1“ го коментира успехот на хрватската репрезентација на Светското првенство во Катар. Ангеловски ја опишува еуфоријата што владее во Хрватска деновиве. Тој вели дека Хрватите имаат огромна почит кон својата држава и кон репрезентацијата, дека сè е подредено на хрватската репрезентација и дека сите се надеваат дека ќе дојдат и до финале и до златото.
Каде е силата на Хрватска? Во заедништвото, во тоа што се семејство. Се знае дека Лука Модриќ е лидер, иако во соблекувална е еднаков меѓу еднаквите, сепак го има главниот збор, но тоа што јас многупатии сум го кажувал, дека кога еден Бекенбауер, Пандев зборуваат – сите треба да молчат. Е, слушајќи го Модриќ еве до каде дојде Хрватска. Има пет титули со Реал во Лига на шампиони, Брозовиќ во Интер и е еден од најдбрите последни играчи за врска, Ковачиќ беше во Реал сега во Челси, Перишиќ беше во Интер сега во Тотнем, Гвардиол е одличен, Јурановиќ од Селтик...   Хрватите прво вложија во терени со хибридна подлога, која нуди феноменални услови за игра, направија многу помошни терени за да може многу млади таленти да се развиваат, а величенствен е тој извоз на екстра талентирани играчи, вели Ангеловски.
Повеќе на „Спорт1“.

The post Ангеловски: Кога зборува еден Бекенбауер или Пандев сите треба да молчат, a слушајќи го Модриќ еве до каде дојде Хрватска appeared first on Република.

]]>
Мрме доби отказ од клупата на Горица https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mrme-dobi-otkaz-od-klupata-na-gorica/ Sat, 05 Nov 2022 10:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=569837

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски, повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица, откаско претседателот на клубот Ненад Чрнко го разреши од функцијата тренер и спортски директор на тимот.

Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16. коло на хрватскиот шампионат против Истра.

Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци кои ги помина на клупата на Горица, стои во соопштението на клубот.

Во него се додава дека Горица до понеделник ќе ја информира јавноста за назначувањето на нов тренер.

Ангеловски ја предводеше Горица десет натпревари и не успеа да забележи ниту една победа. Хрватскиот клуб под негово водство забележа само два нерешени резултата и осум порази.

The post Мрме доби отказ од клупата на Горица appeared first on Република.

]]>

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски, повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица, откаско претседателот на клубот Ненад Чрнко го разреши од функцијата тренер и спортски директор на тимот. Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16. коло на хрватскиот шампионат против Истра.
Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци кои ги помина на клупата на Горица, стои во соопштението на клубот.
Во него се додава дека Горица до понеделник ќе ја информира јавноста за назначувањето на нов тренер. Ангеловски ја предводеше Горица десет натпревари и не успеа да забележи ниту една победа. Хрватскиот клуб под негово водство забележа само два нерешени резултата и осум порази.

The post Мрме доби отказ од клупата на Горица appeared first on Република.

]]>
Игор Ангеловски ќе биде тренер на хрватска Горица https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/igor-angelovski-kje-bide-trener-na-hrvatska-gorica/ Sat, 27 Aug 2022 11:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=544687

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по пауза од една година, повторно влегува во тренерските води.

Македонскиот стратег по настапот со Македонија на ЕВРО 2020 година беше без ангажман, а по нешто повеќе од една година се договори со хрватскиот прволигаш Горица.

Мојот начин на работа е да одиме мирно и натпревар по натпревар. Прво најважно ни е следното гостување. Мораме добро да се подготвиме за тој меч и да стигнеме до позитивен резултат - изјави Ангеловски, при презентацијата во новиот клуб.

https://twitter.com/hnkgorica/status/1563479815876775936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563479815876775936%7Ctwgr%5E28ba228a8fb8c676eb8ce4a0457a971f51c3af7c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Figor-angelovski-sedna-na-klupata-na-hrvatska-goritsa%2F

The post Игор Ангеловски ќе биде тренер на хрватска Горица appeared first on Република.

]]>

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по пауза од една година, повторно влегува во тренерските води. Македонскиот стратег по настапот со Македонија на ЕВРО 2020 година беше без ангажман, а по нешто повеќе од една година се договори со хрватскиот прволигаш Горица.
Мојот начин на работа е да одиме мирно и натпревар по натпревар. Прво најважно ни е следното гостување. Мораме добро да се подготвиме за тој меч и да стигнеме до позитивен резултат - изјави Ангеловски, при презентацијата во новиот клуб.
https://twitter.com/hnkgorica/status/1563479815876775936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563479815876775936%7Ctwgr%5E28ba228a8fb8c676eb8ce4a0457a971f51c3af7c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Figor-angelovski-sedna-na-klupata-na-hrvatska-goritsa%2F

The post Игор Ангеловски ќе биде тренер на хрватска Горица appeared first on Република.

]]>
Ангеловски: Ви честитам од срце за победата во Италија, уште еден чекор до СП! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/angelovski-vi-chestitam-od-srce-za-pobedata-vo-italija-ushte-eden-chekor-do-sp/ Fri, 25 Mar 2022 09:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=478282

Македонската фудбалска репрезентација ја „стресе чизмата“ и приреди шок за цела италијанска фудбалска јавност, откако со голот на Александар Трајковски синоќа го елиминира европскиот првак од баражот за Мундијалот во Катар.

Честитки за хероите пристигнуваат од сите страни. Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски се огласи на социјалните мрежи.

Момци, ви честитам од срце за победата против Италија, актуелниот европски шампион. Уште еден чекор до Светското првенство во Катар. НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“, напиша човекот кој ја одведе Македонија на Европското првенство минатата година.

Неговиот наследник Милевски има шанса за првпат да ја одведе Македонија на Светско првенство Победа против Португалија во вторник навечер е последната пречка до мундијалскиот сон.

The post Ангеловски: Ви честитам од срце за победата во Италија, уште еден чекор до СП! appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација ја „стресе чизмата“ и приреди шок за цела италијанска фудбалска јавност, откако со голот на Александар Трајковски синоќа го елиминира европскиот првак од баражот за Мундијалот во Катар. Честитки за хероите пристигнуваат од сите страни. Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски се огласи на социјалните мрежи.
Момци, ви честитам од срце за победата против Италија, актуелниот европски шампион. Уште еден чекор до Светското првенство во Катар. НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“, напиша човекот кој ја одведе Македонија на Европското првенство минатата година.
Неговиот наследник Милевски има шанса за првпат да ја одведе Македонија на Светско првенство Победа против Португалија во вторник навечер е последната пречка до мундијалскиот сон.

The post Ангеловски: Ви честитам од срце за победата во Италија, уште еден чекор до СП! appeared first on Република.

]]>
Ангеловски им посака среќа на фудбалерите: Покажавте во Торино дека можете, навиваме за Македонија! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/angelovski-im-posaka-srekja-na-fudbalerite-pokazavte-vo-torino-deka-mozete-navivame-za-makedonija/ Thu, 24 Mar 2022 11:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=477629

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски им посака среќа на фудбалерите за вечерашниот натпревар против Италија. Тој потсети на натпреварот со Италија кој се одигра во Торино и заврши 1-1.

Пред вечерашниот натпревар со Италија четирикратен светски и актуелен европски шампион. Сакам да ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е голем и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа. Навиваме за Македонија, напиша Ангеловски.

 

The post Ангеловски им посака среќа на фудбалерите: Покажавте во Торино дека можете, навиваме за Македонија! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски им посака среќа на фудбалерите за вечерашниот натпревар против Италија. Тој потсети на натпреварот со Италија кој се одигра во Торино и заврши 1-1.
Пред вечерашниот натпревар со Италија четирикратен светски и актуелен европски шампион. Сакам да ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е голем и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа. Навиваме за Македонија, напиша Ангеловски.
 

The post Ангеловски им посака среќа на фудбалерите: Покажавте во Торино дека можете, навиваме за Македонија! appeared first on Република.

]]>
Ништо од Мрме: Словенец седна на клупата на Лудогорец https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nishto-od-mrme-slovenec-sedna-na-klupata-na-ludogorec/ Mon, 03 Jan 2022 19:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=440162

Словенецот Анте Шимунџа е назначен денеска за нов шеф на стручниот штаб на актуелниот бугарски фудбалски шампион Лудогорец, со што стана петтиот странски тренер во историјата на клубот од Разград.

Шимунџа доаѓа во редовите на десеткратниот бугарски шампион од клупата на Мура, која минатото лето ја предводеше на дуелот против Лудогорец во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони, откако словенечкиот тим претходно ја елиминираше тетовска Шкендија.

Новиот тренер на Лудогорец зад себе има три шампионски титули во Словенија, две со Марибор (2013, 2015) и една со Мура (2021).

За тренер на Лудогорец се споменуваше нашиот поранешен селектор Игор Ангеловски.

The post Ништо од Мрме: Словенец седна на клупата на Лудогорец appeared first on Република.

]]>

Словенецот Анте Шимунџа е назначен денеска за нов шеф на стручниот штаб на актуелниот бугарски фудбалски шампион Лудогорец, со што стана петтиот странски тренер во историјата на клубот од Разград. Шимунџа доаѓа во редовите на десеткратниот бугарски шампион од клупата на Мура, која минатото лето ја предводеше на дуелот против Лудогорец во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони, откако словенечкиот тим претходно ја елиминираше тетовска Шкендија. Новиот тренер на Лудогорец зад себе има три шампионски титули во Словенија, две со Марибор (2013, 2015) и една со Мура (2021). За тренер на Лудогорец се споменуваше нашиот поранешен селектор Игор Ангеловски.

The post Ништо од Мрме: Словенец седна на клупата на Лудогорец appeared first on Република.

]]>