Игор Ангелов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-angelov/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 10:10:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Ангелов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/igor-angelov/ 32 32 Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-monodramata-site-najubavi-neshta-so-igor-angelov/ Thu, 26 Sep 2024 10:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=819796

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан
МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор
Ангелов закажана е на 1 октомври во Центар – Јадро.

Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното
здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за
механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на
растењето и на животот како возрасни. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа
монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на
животниот список се причина за радување.

Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта” гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза, вели Игор Ангелов.

Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола.

Влезниците за премиерата се веќе распродадени, а следните изведби се закажани на 4, 14 и 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот.

The post Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов appeared first on Република.

]]>

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор Ангелов закажана е на 1 октомври во Центар – Јадро. Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на животниот список се причина за радување.
Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта” гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза, вели Игор Ангелов.
Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола. Влезниците за премиерата се веќе распродадени, а следните изведби се закажани на 4, 14 и 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот.

The post Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов appeared first on Република.

]]>
Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/akterite-igor-angelov-driton-vejseli-pancho-od-dnk-ke-sednat-vo-berberski-stolchina-da-im-gi-sredat-bradata-i-mustakite-vo-mesetsot-posveten-na-mashkoto-zdravje/ Mon, 06 Nov 2023 08:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=698640

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот.

Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите.

Овој забавен настан организаторите го најавуваат како: „Најмажествената битка на годината и највозбудлив настан за мажите. Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“.

Настанот ќе го модерира актерското дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели.

На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели.

Меѓу останатите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери Игор Ангелов и Дритон Вејсели, Панчо од позната поп група ДНК, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје.

Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia.

На посебна локација предвиден е засебен дел „Бербер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега.

Настанот ќе биде заокружен со доделување награди на сите учесници и бербери.

The post Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје appeared first on Република.

]]>

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот. Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите. Овој забавен настан организаторите го најавуваат како: „Најмажествената битка на годината и највозбудлив настан за мажите. Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“. Настанот ќе го модерира актерското дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели. На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели. Меѓу останатите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери Игор Ангелов и Дритон Вејсели, Панчо од позната поп група ДНК, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје. Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia. На посебна локација предвиден е засебен дел „Бербер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега. Настанот ќе биде заокружен со доделување награди на сите учесници и бербери.

The post Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје appeared first on Република.

]]>
Бугарски филм во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е кандидат за Оскар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bugarski-film-vo-koj-igra-makedonskiot-akter-igor-angelov-e-kandidat-za-oskar/ Sat, 24 Sep 2022 11:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=553773

Филмот „Во срцето на машината“ на режисерот Мартин Макариев во кој игра и познатиот македонски актер Игор Ангелов, е предлогот на комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, со комисијата за избор на бугарски филм за Оскар претседаваше првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ во режија на Саша Барон Коен – Марија Бакалова.

Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика.

„Во срцето на машината“ на Макариев е бугарски трилер, награден со „Златна роза“ на познатиот филмски фестивал во Варна во 2021 година и добитник на наградата за најдобар филм на Софија филм фест во 2022 година. Неодамна, за дописникот на МИА од Софија, Ангелов коментираше дека е пријатно изненаден што преку своите улоги станал многу популарен во Бугарија и рече дека ова е признание за неговата работа. Игор Ангелов во Бугарија е познат и по улогата во македонската серија „Преспав“, каде еден од тимот сценаристи е познатиот бугарски писател Александар Попов. Во моментов познатата бугарска Нова ТВ го емитува филмот „Со река на срцето“ во кој ја игра македонскиот актер Игор Ангелов.

 

The post Бугарски филм во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е кандидат за Оскар appeared first on Република.

]]>

Филмот „Во срцето на машината“ на режисерот Мартин Макариев во кој игра и познатиот македонски актер Игор Ангелов, е предлогот на комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, со комисијата за избор на бугарски филм за Оскар претседаваше првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ во режија на Саша Барон Коен – Марија Бакалова. Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика. „Во срцето на машината“ на Макариев е бугарски трилер, награден со „Златна роза“ на познатиот филмски фестивал во Варна во 2021 година и добитник на наградата за најдобар филм на Софија филм фест во 2022 година. Неодамна, за дописникот на МИА од Софија, Ангелов коментираше дека е пријатно изненаден што преку своите улоги станал многу популарен во Бугарија и рече дека ова е признание за неговата работа. Игор Ангелов во Бугарија е познат и по улогата во македонската серија „Преспав“, каде еден од тимот сценаристи е познатиот бугарски писател Александар Попов. Во моментов познатата бугарска Нова ТВ го емитува филмот „Со река на срцето“ во кој ја игра македонскиот актер Игор Ангелов.  

The post Бугарски филм во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е кандидат за Оскар appeared first on Република.

]]>
Филмот „Во срцето на машината“ во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е бугарски кандидат за Оскар https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmot-vo-srceto-na-mashinata-vo-koj-igra-makedonskiot-akter-igor-angelov-e-bugarski-kandidat-za-oskar/ Sat, 24 Sep 2022 08:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=553699

Филмот „Во срцето на машината“ на режисерот Мартин Макариев во кој игра и познатиот македонски актер Игор Ангелов, е предлогот на Комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, со комисијата за избор на бугарски филм за Оскар претседаваше првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ во режија на Саша Барон Коен – Марија Бакалова.

Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика.

The post Филмот „Во срцето на машината“ во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е бугарски кандидат за Оскар appeared first on Република.

]]>

Филмот „Во срцето на машината“ на режисерот Мартин Макариев во кој игра и познатиот македонски актер Игор Ангелов, е предлогот на Комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, со комисијата за избор на бугарски филм за Оскар претседаваше првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ во режија на Саша Барон Коен – Марија Бакалова. Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика.

The post Филмот „Во срцето на машината“ во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е бугарски кандидат за Оскар appeared first on Република.

]]>