ИФФК Браќа Манаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iffk-brakja-manaki/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Sep 2023 13:12:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИФФК Браќа Манаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iffk-brakja-manaki/ 32 32 Симеон Мони Дамевски: На ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде изработен „Манаки Манифест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/simeon-moni-damevski-na-iffk-braka-manaki-ke-bide-izraboten-manaki-manifest/ Thu, 21 Sep 2023 12:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=683756

Балканската конференција на кинематографери која ќе се одржи во Битола, за време на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе промовира документ Манаки Манифест, изјави на прес конференција директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Целта е, рече Дамевски, балканските кинематографери да подготват проглас што ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот.

За време на фестивалот во Битола ќе организираме неколку исклучително важни општествени настани. На 24. септември по отворањето на фестивалот ќе организираме тркалезна маса на која ќе учествуваат моќни кинематограферки од Австралија, Полска и други држави чиј основен мотив е да ги охрабруваат жените во Македонија да бидат кинематограферки. За жал кај нас имаше само две кинематограферки кои повеќе не се занимаваат со тоа. Вториот општествен настан е Балканската конференција на кинематографери кои ќе промовираат документ Манаки Манифест. Целта е балканските кинематографери да подготват проглас кој ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот. Третиот настан е врзан со Меморандум кој ќе го потпишат сите киноприкажувачи, а со цел да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината. На ИФФК Браќа Манаки ќе го промовираме и проектот „Битола град на амбасадорите“, а тоа значи одржување „Вечери на култура“ кои годинава ќе ги приредат амбасадите на Германија, Италија и Франција, истакна Дамевски.

Организаторите подготвуваат спектакуларно отворање на фестивалот и промоција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски.

Во периодот од 23 до 29 септември ќе бидат емитувани 79 филмови, а од странство ќе пристигнат 350 гости за кои е подготвена дополнителна програма во која се содржани работилници, изложби, кабаре и многу дружење во Битола.

Дополнителната програма ќе го поврзе фестивалот со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. На ваков начин се обезбедува интерсекторска соработка со интердисциплинарна програма, посочи Маја Ангеловска, координаторка за офф-програмата на фестивалот.

The post Симеон Мони Дамевски: На ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде изработен „Манаки Манифест“ appeared first on Република.

]]>

Балканската конференција на кинематографери која ќе се одржи во Битола, за време на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе промовира документ Манаки Манифест, изјави на прес конференција директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски. Целта е, рече Дамевски, балканските кинематографери да подготват проглас што ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот.
За време на фестивалот во Битола ќе организираме неколку исклучително важни општествени настани. На 24. септември по отворањето на фестивалот ќе организираме тркалезна маса на која ќе учествуваат моќни кинематограферки од Австралија, Полска и други држави чиј основен мотив е да ги охрабруваат жените во Македонија да бидат кинематограферки. За жал кај нас имаше само две кинематограферки кои повеќе не се занимаваат со тоа. Вториот општествен настан е Балканската конференција на кинематографери кои ќе промовираат документ Манаки Манифест. Целта е балканските кинематографери да подготват проглас кој ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот. Третиот настан е врзан со Меморандум кој ќе го потпишат сите киноприкажувачи, а со цел да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината. На ИФФК Браќа Манаки ќе го промовираме и проектот „Битола град на амбасадорите“, а тоа значи одржување „Вечери на култура“ кои годинава ќе ги приредат амбасадите на Германија, Италија и Франција, истакна Дамевски.
Организаторите подготвуваат спектакуларно отворање на фестивалот и промоција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски. Во периодот од 23 до 29 септември ќе бидат емитувани 79 филмови, а од странство ќе пристигнат 350 гости за кои е подготвена дополнителна програма во која се содржани работилници, изложби, кабаре и многу дружење во Битола.
Дополнителната програма ќе го поврзе фестивалот со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. На ваков начин се обезбедува интерсекторска соработка со интердисциплинарна програма, посочи Маја Ангеловска, координаторка за офф-програмата на фестивалот.

The post Симеон Мони Дамевски: На ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде изработен „Манаки Манифест“ appeared first on Република.

]]>
Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shejmus-mekgarvi-dobitnik-na-spetsijalna-zlatna-kamera-300-na-iffk-braka-manaki-za-osoben-pridones-vo-svetskata-filmska-umetnost/ Fri, 01 Sep 2023 11:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=677875

Шеjмус Мекгарви е добитник на Специјалната Златна камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност, објави на денешната прес-конференција Симеон Мони Дамевски.

Годинашното, 44. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола.

Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том Форд), „Треба да разговараме за Кевин“ (Лин Ремзи), „Светски трговски центар“ (Оливер Стоун), „Часови“ (Стивен Долдри), „Висока верност“ (Стивен Фрирс), „Бакнежот на пеперутката“ (Мајкл Винтерботом), како и зад епизодата „Скок на глава“ од серијата „Црно огледало“, за која освои ЕМИ награда и БАФТА номинација за најдобра фотографија (кинематографија), оваа година во Битола ќе стане дел од големото филмско семејство на Фестивалот како добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, рече Дамевски.

Мекгарви е два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија (кинематографија) – за „Покајание“ (2007) и за „Ана Каренина“ (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина“ и за „Ноќни животни“ (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со Лимиер медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво.

На конференцијата, селекторите на Интернационалниот фестивал на филмската камера ја објавија програмата на овогодишното 44. фестивалско издание.

Селекторот на програмата Камера 300 за долгометражни играни филмови, Слаѓан Пенев, ја најави исклучително богатата и атрактивна селекција. Освен претходно објавените македонски филмови на отворање и затворање на фестивалот, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“, од филмовите што ги најави Пенев ќе ги издвоиме пролетерската трагикомедија на Аки Каурисмаки, ПАДНАТИТЕ ЛИСЈА/FALLEN LEAVES, во тандем со неговиот редовен кинематограферски соработник Тимо Салминен, кој ќе биде гостин на фестивалот, мистичното трагање по недофатливото во фотографијата и музиката на Вим Вендерс, СОВРШЕНИ ДЕНОВИ/PERFECT DAYS, во соработка со директорот на фотографијата Франц Лустиг, кој исто така ќе биде присутен во Битола, медитативната чеховско-ромеровска драма нa Нури Билге Чејлан, ЗА СУВИТЕ ТРЕВИ/ABOUT DRY GRASSES, во прва соработка со два кинематографери, Џеваир Сахин и Курсат Уресин, кои во тандем ќе се појават и на проекцијата во Битола, Хичкоковскиот трилер АНАТОМИЈА НА ЕДНО ПАЃАЊЕ/ANATOMY OF A FALL, кој ја доби Златната палма на последниот Кански фестивал, дело на режисерката Жустин Трие и кинематограферот Симон Буфил, како и богатата симфонија на ѕвезди и стил на Вес Андерсон, АСТЕРОИД СИТИ/ASTEROID CITY, со најчестиот негов соработник, искусниот кинематографер Роберт Д. Јеоман.

Селекторите на програмите за кратка, документарна и студентска програма, Марија Апчевска, Кумјана Новакова и Ѓорѓи Пулевски, ги објавија селекциите во своите програми, каде што исто така има атрактивни наслови, како документарниот филм ЧОВЕК ВО ЦРНО/MAN IN BLACK на Ванг Бинг, чија кинематограферка, Каролин Шампетие, позната по соработките со Лео Каракс (HOLY MOTORS), исто така ќе биде гостин на Фестивалот.

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски ќе го отвори 44. издание на „Браќа Манаки“. „Домаќинство за почетници“ е трет филм на Столевски, а негов прв македонски и ќе има светска премиера во селекцијата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција на 6 септември.

Претходно беше соопштено дека Питер Бижу е добитник на Златна камера 300 за животен опус, а актерката и продуцентка Лабина Митевска е лауреат на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм.

The post Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност appeared first on Република.

]]>

Шеjмус Мекгарви е добитник на Специјалната Златна камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност, објави на денешната прес-конференција Симеон Мони Дамевски. Годинашното, 44. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола.
Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том Форд), „Треба да разговараме за Кевин“ (Лин Ремзи), „Светски трговски центар“ (Оливер Стоун), „Часови“ (Стивен Долдри), „Висока верност“ (Стивен Фрирс), „Бакнежот на пеперутката“ (Мајкл Винтерботом), како и зад епизодата „Скок на глава“ од серијата „Црно огледало“, за која освои ЕМИ награда и БАФТА номинација за најдобра фотографија (кинематографија), оваа година во Битола ќе стане дел од големото филмско семејство на Фестивалот како добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, рече Дамевски.
Мекгарви е два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија (кинематографија) – за „Покајание“ (2007) и за „Ана Каренина“ (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина“ и за „Ноќни животни“ (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со Лимиер медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво. На конференцијата, селекторите на Интернационалниот фестивал на филмската камера ја објавија програмата на овогодишното 44. фестивалско издание. Селекторот на програмата Камера 300 за долгометражни играни филмови, Слаѓан Пенев, ја најави исклучително богатата и атрактивна селекција. Освен претходно објавените македонски филмови на отворање и затворање на фестивалот, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“, од филмовите што ги најави Пенев ќе ги издвоиме пролетерската трагикомедија на Аки Каурисмаки, ПАДНАТИТЕ ЛИСЈА/FALLEN LEAVES, во тандем со неговиот редовен кинематограферски соработник Тимо Салминен, кој ќе биде гостин на фестивалот, мистичното трагање по недофатливото во фотографијата и музиката на Вим Вендерс, СОВРШЕНИ ДЕНОВИ/PERFECT DAYS, во соработка со директорот на фотографијата Франц Лустиг, кој исто така ќе биде присутен во Битола, медитативната чеховско-ромеровска драма нa Нури Билге Чејлан, ЗА СУВИТЕ ТРЕВИ/ABOUT DRY GRASSES, во прва соработка со два кинематографери, Џеваир Сахин и Курсат Уресин, кои во тандем ќе се појават и на проекцијата во Битола, Хичкоковскиот трилер АНАТОМИЈА НА ЕДНО ПАЃАЊЕ/ANATOMY OF A FALL, кој ја доби Златната палма на последниот Кански фестивал, дело на режисерката Жустин Трие и кинематограферот Симон Буфил, како и богатата симфонија на ѕвезди и стил на Вес Андерсон, АСТЕРОИД СИТИ/ASTEROID CITY, со најчестиот негов соработник, искусниот кинематографер Роберт Д. Јеоман. Селекторите на програмите за кратка, документарна и студентска програма, Марија Апчевска, Кумјана Новакова и Ѓорѓи Пулевски, ги објавија селекциите во своите програми, каде што исто така има атрактивни наслови, како документарниот филм ЧОВЕК ВО ЦРНО/MAN IN BLACK на Ванг Бинг, чија кинематограферка, Каролин Шампетие, позната по соработките со Лео Каракс (HOLY MOTORS), исто така ќе биде гостин на Фестивалот. Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски ќе го отвори 44. издание на „Браќа Манаки“. „Домаќинство за почетници“ е трет филм на Столевски, а негов прв македонски и ќе има светска премиера во селекцијата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција на 6 септември. Претходно беше соопштено дека Питер Бижу е добитник на Златна камера 300 за животен опус, а актерката и продуцентка Лабина Митевска е лауреат на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм.  

The post Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност appeared first on Република.

]]>
Златна „Камера 300“ на „Браќа Манаки“ за Рубен Импенс за филмот „Осум планини“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-kamera-300-na-brakja-manaki-za-ruben-impens-za-filmot-osum-planini/ Sat, 27 Aug 2022 07:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=544612

Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – добитник на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Меѓународното стручно жири синоќа во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во неговите раце. Второто по ранг одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ годинава отпатува за Италија, затоа што добитничка на сребрена „Камера 300“ е Италијанката Дарија Д’Антонио, додека бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематографот Хидетоши Шиномија од Јапонија.
ИФФК „Браќа Манаки“ на големата сцена во НУ Центар за култура-Битола додели специјална „Камера 300“ на една од легендите во кинематографијата Џон Метисон, а високото фестивалско признание го врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Апсолутно сум воодушевен што сум тука и затоа што ова е единственото место во светот каде што се чувствува нашата работа. Вие го направивте фестивалот „Браќа Манаки“ таков како што доликува. Успевате да не промовирате нас како кинематографи но и самата филмска камера како нешто што заслужува голема важност“, истакна кинематограферот Метисон и додаде дека визуелниот јазик секој го разбира и тоа е така уште со првите слики на браќата Манаки кои сите ги разбираат.

Според востановената традиција. награди се доделија во категориите документарна програма, а железна „Камера 300“ му припадна на кинематогареферот Саша Кулак од Франција, во категоријата краткометражен филм мала „Камера 300“ доби кинематограферот Шад Чабан, а посебно признание и беше доделено и на кинематограферката Жоана Пимента од Бразил за нејзиниот придонес во документарниот филм „Гори сува земја“.

Годинава првпат награда се додели и во категоријата студетнска програма, а со одлука на жирито првата златна „Камера 300“ ја добија кинематограферите Симоне Харт и Кристијан Нојбергер од Филмската академија во Виена.

По доделувањето на наградите и свеченото затворање следуваше проекцијата на „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески.

The post Златна „Камера 300“ на „Браќа Манаки“ за Рубен Импенс за филмот „Осум планини“ appeared first on Република.

]]>

Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – добитник на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Меѓународното стручно жири синоќа во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во неговите раце. Второто по ранг одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ годинава отпатува за Италија, затоа што добитничка на сребрена „Камера 300“ е Италијанката Дарија Д’Антонио, додека бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематографот Хидетоши Шиномија од Јапонија. ИФФК „Браќа Манаки“ на големата сцена во НУ Центар за култура-Битола додели специјална „Камера 300“ на една од легендите во кинематографијата Џон Метисон, а високото фестивалско признание го врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Апсолутно сум воодушевен што сум тука и затоа што ова е единственото место во светот каде што се чувствува нашата работа. Вие го направивте фестивалот „Браќа Манаки“ таков како што доликува. Успевате да не промовирате нас како кинематографи но и самата филмска камера како нешто што заслужува голема важност“, истакна кинематограферот Метисон и додаде дека визуелниот јазик секој го разбира и тоа е така уште со првите слики на браќата Манаки кои сите ги разбираат.
Според востановената традиција. награди се доделија во категориите документарна програма, а железна „Камера 300“ му припадна на кинематогареферот Саша Кулак од Франција, во категоријата краткометражен филм мала „Камера 300“ доби кинематограферот Шад Чабан, а посебно признание и беше доделено и на кинематограферката Жоана Пимента од Бразил за нејзиниот придонес во документарниот филм „Гори сува земја“. Годинава првпат награда се додели и во категоријата студетнска програма, а со одлука на жирито првата златна „Камера 300“ ја добија кинематограферите Симоне Харт и Кристијан Нојбергер од Филмската академија во Виена. По доделувањето на наградите и свеченото затворање следуваше проекцијата на „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески.

The post Златна „Камера 300“ на „Браќа Манаки“ за Рубен Импенс за филмот „Осум планини“ appeared first on Република.

]]>
„Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, вели режисерот Кристијан Ристески со чиј филм се затвора 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/snezana-na-krajot-umira-e-film-za-dobrinata-veli-reziserot-kristijan-risteski-so-chij-film-se-zatvora-43-izdanie-na-iffk-brakja-manaki/ Fri, 26 Aug 2022 13:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=544488

„Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, вели режисерот Кристијан Ристески, чиј дебитантски долгометражен филм вечерва го затвора 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

„Снежана на крајот умира“ имаше светска премиера во јануари, на фестивалот Слемденс во САД. Продукцијата е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности.

Нешто што ми пречи последниве години во нашето општество, а мислам дека тоа е и глобално прашање, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, со другите живи суштества, дури да бидеме добри со самите себе и за себе. Некако ми се чини дека филмот е за неколку луѓе кои успеваат да останат добри, да се заштитат од оваа морална катастрофа што се случува околу нас и успеале да си направат некаква оаза на добрината, по доста висока цена која ја плаќаат во останатите аспекти на нивниот живот, рече режисерот Ристески.

Тој посочи дека филмот добил финансиски сретства во 2017 година од Агенцијата за филм, во текот на развојот бил селектиран во два програми за развој на сценарио, истовремено бил селектиран на два маркети и откако завршиле груба монтажа биле селектирани на три воркинг прогрес програми на филмските фестивали во Карлови Вари, Софија и Рим. Подоцна добиле средства и од Министерството за култура на Кипар, така започнала копродукцијата.

Директори на фотографија се Димо Попов и Севдије Кастрати.

Ова беше еден од моите омилени проекти на кои работев, бидејќи беше една мошне емотивна поетична приказна, секако поради тимот и режисерот Кристијан Ристески кој ми е добар пријател. Ви благодарам што ќе го гледате филмот, се надевам ќе ви се допадне, рече Димо Попов, кој е киноматорафер на филмовите „Панкот не е мртов“, „Три дена во септември“, „Година на мајмунот“, „Ефектот на среќата“....

Тој поради работни обврски, во моментов снима во Момбај, не беше во можност да присуствува на денешната прес конференција, но се вклучи онлајн.

Севдије Кастрати е исто така кинематограферка на филмот, позната е по многу филмови, последен во низата е „Вера сонува за морето“, но и филмовите „Брак“, „Отворена врата“ итн.

Севдије ги сними сите ноќни сцени, а Димо дневните сцени, така што мислам дека тие беа идеална комбинација, бидејќи не можеше ниту едниот ниту другиот да го направи цел филм. Стилот го договоривме сите заедно и воопшто не се забележа дека работеле двајца кинематографери. Доследни беа и едниот и другиот во своите делови, рече Ристески.

Дарко Попов е продуцент на филмот, вклучен е од самиот почеток во проектот.

Филмот почнува да се рекламира на маркетот на филмскиот фестивал во Торонто, веќе имаме агент за продажба, а во македонските кина ќе почне да се прикажува од 6 октомври, најпрвин во скопските кино сали, а потоа и низ цела држава, рече Попов.

Животите на еден самотник што уште живее со родителите, лице со Аспергеров синдром, вработен во видео-клуб, момче од маркетинг агенција, маалски филозоф и гинеколог се испреплетени во три откачени приказни за љубовта, пријателството и посветеноста.

Откако ја видов премиерата на филмот сфатив дека станува збор за комедија. Додека снимавме, Кристијан работеше со нас како да снимаме драма, рече Валентин Костадиновски-Тино.

Дениз Абдула е веќе препознатлив актер и во регионот и рече дека нема некоја голема разлика во поглед на работата со режисерите од регионот.

Во овој филм успеваме да извлечеме посветеност и работа во текот на цело време. Како актери во секоја работа се посветуваме максимално. Сметам дека имаме квалитетни режисери и во областа на филмот сме многу понапред од останатите држави во регионот и тоа е видливо, рече Абдула.

Ивица Димитријевиќ има искуство од двете страни на камерата и ги сподели впечатоците од снимањето на „Снежана на крајот умира“.

Не е важно на која страна од камерата се наоѓаш, туку е важно да си ја сфатиш одговорноста на твојата улога. Сите учесници треба да бидат сериозни и одговорни, а тоа беше случај при снимањето овој филм. Уште од самиот почеток кога отидов на кастинг почувствував дека крајниот резултат ќе биде добар. Имавме одлична соработка, а имавме и проби, нешто што не се практикува многу често кај нас и потоа се одеше мазно и лесно. Осумнаесет снимачки денови поминаа без никакви проблеми. Иако сцените во кои јас учествувам се позахтевни, со добра подготовка и добра мисла се постигнува се, рече Димитријевиќ, кој се заблагодари на ИФФК „Браќа Манаки“ за прикажувањето на филмот.

На актерот Давид Јанакиев ова му е дебитантско појавување во долгометражен филм, толкува лик со нарушување од аутистичен спектар и тој проговори за методот на кој успеал да ја долови улогата.

Уште бев во училиште кога бев информиран дека сум ја добил улогата, не бев свесен, но најпрво се зафатив со психологијата на лицата со нарушување од аутистичен спектар, еден месец читав за тоа, гледав документарни филмови. Сите техники кои ги изучуваме на училиште се исти и потекнуваат од Станиславски, така што сепак сметам дека најважно е што ќе успееш да извлечеш сам од себе, рече Јанакиев.

The post „Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, вели режисерот Кристијан Ристески со чиј филм се затвора 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

„Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, вели режисерот Кристијан Ристески, чиј дебитантски долгометражен филм вечерва го затвора 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. „Снежана на крајот умира“ имаше светска премиера во јануари, на фестивалот Слемденс во САД. Продукцијата е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности.
Нешто што ми пречи последниве години во нашето општество, а мислам дека тоа е и глобално прашање, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, со другите живи суштества, дури да бидеме добри со самите себе и за себе. Некако ми се чини дека филмот е за неколку луѓе кои успеваат да останат добри, да се заштитат од оваа морална катастрофа што се случува околу нас и успеале да си направат некаква оаза на добрината, по доста висока цена која ја плаќаат во останатите аспекти на нивниот живот, рече режисерот Ристески.
Тој посочи дека филмот добил финансиски сретства во 2017 година од Агенцијата за филм, во текот на развојот бил селектиран во два програми за развој на сценарио, истовремено бил селектиран на два маркети и откако завршиле груба монтажа биле селектирани на три воркинг прогрес програми на филмските фестивали во Карлови Вари, Софија и Рим. Подоцна добиле средства и од Министерството за култура на Кипар, така започнала копродукцијата. Директори на фотографија се Димо Попов и Севдије Кастрати.
Ова беше еден од моите омилени проекти на кои работев, бидејќи беше една мошне емотивна поетична приказна, секако поради тимот и режисерот Кристијан Ристески кој ми е добар пријател. Ви благодарам што ќе го гледате филмот, се надевам ќе ви се допадне, рече Димо Попов, кој е киноматорафер на филмовите „Панкот не е мртов“, „Три дена во септември“, „Година на мајмунот“, „Ефектот на среќата“....
Тој поради работни обврски, во моментов снима во Момбај, не беше во можност да присуствува на денешната прес конференција, но се вклучи онлајн. Севдије Кастрати е исто така кинематограферка на филмот, позната е по многу филмови, последен во низата е „Вера сонува за морето“, но и филмовите „Брак“, „Отворена врата“ итн.
Севдије ги сними сите ноќни сцени, а Димо дневните сцени, така што мислам дека тие беа идеална комбинација, бидејќи не можеше ниту едниот ниту другиот да го направи цел филм. Стилот го договоривме сите заедно и воопшто не се забележа дека работеле двајца кинематографери. Доследни беа и едниот и другиот во своите делови, рече Ристески.
Дарко Попов е продуцент на филмот, вклучен е од самиот почеток во проектот.
Филмот почнува да се рекламира на маркетот на филмскиот фестивал во Торонто, веќе имаме агент за продажба, а во македонските кина ќе почне да се прикажува од 6 октомври, најпрвин во скопските кино сали, а потоа и низ цела држава, рече Попов.
Животите на еден самотник што уште живее со родителите, лице со Аспергеров синдром, вработен во видео-клуб, момче од маркетинг агенција, маалски филозоф и гинеколог се испреплетени во три откачени приказни за љубовта, пријателството и посветеноста.
Откако ја видов премиерата на филмот сфатив дека станува збор за комедија. Додека снимавме, Кристијан работеше со нас како да снимаме драма, рече Валентин Костадиновски-Тино.
Дениз Абдула е веќе препознатлив актер и во регионот и рече дека нема некоја голема разлика во поглед на работата со режисерите од регионот.
Во овој филм успеваме да извлечеме посветеност и работа во текот на цело време. Како актери во секоја работа се посветуваме максимално. Сметам дека имаме квалитетни режисери и во областа на филмот сме многу понапред од останатите држави во регионот и тоа е видливо, рече Абдула.
Ивица Димитријевиќ има искуство од двете страни на камерата и ги сподели впечатоците од снимањето на „Снежана на крајот умира“.
Не е важно на која страна од камерата се наоѓаш, туку е важно да си ја сфатиш одговорноста на твојата улога. Сите учесници треба да бидат сериозни и одговорни, а тоа беше случај при снимањето овој филм. Уште од самиот почеток кога отидов на кастинг почувствував дека крајниот резултат ќе биде добар. Имавме одлична соработка, а имавме и проби, нешто што не се практикува многу често кај нас и потоа се одеше мазно и лесно. Осумнаесет снимачки денови поминаа без никакви проблеми. Иако сцените во кои јас учествувам се позахтевни, со добра подготовка и добра мисла се постигнува се, рече Димитријевиќ, кој се заблагодари на ИФФК „Браќа Манаки“ за прикажувањето на филмот.
На актерот Давид Јанакиев ова му е дебитантско појавување во долгометражен филм, толкува лик со нарушување од аутистичен спектар и тој проговори за методот на кој успеал да ја долови улогата.
Уште бев во училиште кога бев информиран дека сум ја добил улогата, не бев свесен, но најпрво се зафатив со психологијата на лицата со нарушување од аутистичен спектар, еден месец читав за тоа, гледав документарни филмови. Сите техники кои ги изучуваме на училиште се исти и потекнуваат од Станиславски, така што сепак сметам дека најважно е што ќе успееш да извлечеш сам од себе, рече Јанакиев.
 
The post „Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, вели режисерот Кристијан Ристески со чиј филм се затвора 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Tри филмa од студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tri-filma-od-studentskata-programa-na-iffk-brakja-manaki/ Tue, 23 Aug 2022 08:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=543116

Студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ предизвикува посебен интерес на фестивалот, годинава е збогатена и со филмови работени на повеќе европски универзитети.

Селекторот Ѓорги Пулевски избра филмови од Академијата од Љубљана, Универзитетот „Хасан Приштина“ од Косово, Универзитетот во Солун, Академијата од Загреб, чешката академија за филм, Унивезритетот за телевизија и филм во Минхен, потоа Лондон филм скул, академии од Мадрид, Виена, од Украина, Полска и Турција, како и од Државниот Универзитет во Тетово и ФДУ Скопје.

Денес на програмата се шпанските филмови „Измачување“ во кој кинематографери се Марта Батилоси и Паула Беса, и филмот „Пролетни ветрови“ во кој кинематографери се Камила Монтој и Паула Романиљос Алиа. Во рамки на студентската програма ќе се емитува и студентскиот филм „Натриум“, претставник на филмската школа од Полска, а во кој кинематографер е Андрзеј Козма Перински.

Капацитетот и можностите на кино „Манаки“ и денес ќе бидат максимално искористени, а според програмата во ова кино ќе биде емитуван играниот филм „Григрис“, како и документарниот хрватски филм „Фабриките на работниците“.

ИФФК „Браќа Манаки“ со посебна програма се реализира и на другите утврдени локации, односно голема и мала сала на НУ Центар за култура и Офицерски дом.

The post Tри филмa од студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ предизвикува посебен интерес на фестивалот, годинава е збогатена и со филмови работени на повеќе европски универзитети. Селекторот Ѓорги Пулевски избра филмови од Академијата од Љубљана, Универзитетот „Хасан Приштина“ од Косово, Универзитетот во Солун, Академијата од Загреб, чешката академија за филм, Унивезритетот за телевизија и филм во Минхен, потоа Лондон филм скул, академии од Мадрид, Виена, од Украина, Полска и Турција, како и од Државниот Универзитет во Тетово и ФДУ Скопје. Денес на програмата се шпанските филмови „Измачување“ во кој кинематографери се Марта Батилоси и Паула Беса, и филмот „Пролетни ветрови“ во кој кинематографери се Камила Монтој и Паула Романиљос Алиа. Во рамки на студентската програма ќе се емитува и студентскиот филм „Натриум“, претставник на филмската школа од Полска, а во кој кинематографер е Андрзеј Козма Перински. Капацитетот и можностите на кино „Манаки“ и денес ќе бидат максимално искористени, а според програмата во ова кино ќе биде емитуван играниот филм „Григрис“, како и документарниот хрватски филм „Фабриките на работниците“. ИФФК „Браќа Манаки“ со посебна програма се реализира и на другите утврдени локации, односно голема и мала сала на НУ Центар за култура и Офицерски дом.  

The post Tри филмa од студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Филмот ми откри дека можеме да комуницираме и без зборови, вели Дариа Д’Антонио, кинематограферка на „Божјата рака“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filmot-mi-otkri-deka-mozeme-da-komunicirame-i-bez-zborovi-veli-daria-d-antonio-kinematograferka-na-bozjata-raka/ Sun, 21 Aug 2022 08:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=543147

Дариа Д’Антонио, една од водечките италијански и европски кинематограферки, е специјална гостинка на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ со гала-проекцијата на ремек-делото „Божјата рака“ (È stata la mano di Dio / The Hand of God) на култниот режисер Паоло Сорентино, кој е денес на фестивалската програма.

По прес-конференцијата Дариа Д’Антонио одржа и мастер клас во Малата сала на Центарот за култура Битола. Родена во Неапол, генерациски исписник на Сорентино, Дариа Д’Антонио најпрвин го изрази нејзиното големо задоволство што ја има честа да го претставува „Божјата рака“, кој досега освои десетици награди и номинации на филмските фестивали ширум светот, и е лична емоционална сторија на авторот за Неапол од 80-те години на минатиот век.

Со искрена скромност и голема емотивност, Дариа Д’Антонио пред присутните го сподели нејзиното чувство на своевидна засраменост откако ја видела фотогалеријата на кинематографери кои досега биле чествувани на ИФФК „Браќа Манаки“ и одржувале мастер класови.

Имам огромно задоволство што можам да зборувам за филмот кој не само што го прикажува градот Неапол, туку и мојата страст кон филмот. Сакам да го споделам со вас задоволството што ми го овозможил филмот, бидејќи сиве овие изминати години имав прилика да работам со луѓе што ги сакам, и мислам дека тоа е спас за мене како кинематографер, бидејќи е голема привилегија да се работи она што се сака, рече Д’Антонио на почетокот, изразувајќи задоволство што пред неа во публиката се луѓе кои се репер во кинематографијата.

Дариа Д’Антонио се наврати на нејзината младост и тешкотијата да се изрази се до моментот кога ја открила фотографијата: кога ја развила првата слика во темната комора почувствувала дека тоа е откритието што потоа и го обележало животот. Но, потоа го открила и филмот како израз, но и како шанса да комуницира на поинаков начин.

Филмот ми откри дека можеме да комуницираме и без зборови, да го прават она што отсекогаш ми се допаѓало – да гледам на нештата со различен тип на учество. Многу и должам на оваа професија и тимскиот дух во работата на филм, истакна Дариа Д’Антонио.

Таа посочи дека во снимањето филмови многу е важно да се почитува приказната што треба да се раскаже, а тоа се постигнува со многу скромност.

Важно е да го заборавиме она што го знаеме за да можеме ја претставиме приказната на нов начин. Скромноста може само да ни помогне. Ова е втората привилегија, бидејќи работата на филм ме направи тоа што сум, вели Дариа Д’Антонио.

На прашањето колку е тешко да се биде ѕвезда, не само во Италија туку и на интернационален план, во една професија која традиционално се смета за „машка“, Д’Антонио е свесна дека е една од малкуте жени-кинемнатографери во Италија, но тоа никогаш не и претставувало некој лимит, бидејќи смета дека луѓето ја перцепираат според работата и креацијата.

Никогаш не сум си го поставила прашањето дека сме малку жени зад камерата. Никогаш не се почувствувам потценето бидејќи имав среќа да работам со интелигентни автори. Машката доминација во филмот во Италија можеби е најмал проблем во споредба со доцнењето на многу општествени процеси во споредба со Франција, на пример, како што се законите за развод и абортус. За среќа, се менуваат и мажите и ситуацијата, посочува Д’Антонио.

Запрашана за нејзините примери во филмот, Дариа Д’Антонио ги истакна режисерите од италијанскиот неореализам, а омилени автори и се Лукино Висконти, Виторио Де Сика, Пјер Паоло Пазолини, како и американскиот режисер Теренс Малик, од кого многу научила.

Многу работев со италијанскиот кинематографер Лука Бигаци, и научив да сфатам многу работи за себе си. Благодарна сум му бидејќи научив како функционираат многу работи на филмскиот сет, истакна Д’Антонио.

Говорејќи за „Божјата рака“ и „улогата“ на Неапол во него, Дариа Д’Антонио смета дека тој град често пати бил злоупотребуван во филмските приказни, бидејќи се работи за комплексен проблем, и не се работи само за Неапол во социолошки поглед.

Тешко е да се опише сопствениот град, бидејќи и јас често посакувам да се разбудам еден ден и да го видам со други очи. Затоа во „Божјата рака“ сакав преку очите на детето да ја прикажам меланхолијата, чувството кога сме млади и кога не знаеме што носи иднината. Сакав да го постигнам токму тоа чувство на заборав за сето она што го знам, и големиот филмски формат ми помогна за да направам таа дистанца, објаснува Д’Антонио.

Запрашана за историската веродостојност на сцената во „Божјата рака“, кога група луѓе одат на аудиција за филм на Федерико Фелини, Дариа Д’Антонио посочи дека Сорентино често прави омажи на овој легендарен режисер во неговите филмови.

Кај Сорентино не може да недостасува Фелини, вели Д’Антонио.

Специјалната гостинка на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ одговараше и на прашањата од присутните за професионалниот преод од филмска лента на дигитална технологија, како и за соработката со новите генерации автори во италијанската кинематографија.

The post Филмот ми откри дека можеме да комуницираме и без зборови, вели Дариа Д’Антонио, кинематограферка на „Божјата рака“ appeared first on Република.

]]>

Дариа Д’Антонио, една од водечките италијански и европски кинематограферки, е специјална гостинка на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ со гала-проекцијата на ремек-делото „Божјата рака“ (È stata la mano di Dio / The Hand of God) на култниот режисер Паоло Сорентино, кој е денес на фестивалската програма. По прес-конференцијата Дариа Д’Антонио одржа и мастер клас во Малата сала на Центарот за култура Битола. Родена во Неапол, генерациски исписник на Сорентино, Дариа Д’Антонио најпрвин го изрази нејзиното големо задоволство што ја има честа да го претставува „Божјата рака“, кој досега освои десетици награди и номинации на филмските фестивали ширум светот, и е лична емоционална сторија на авторот за Неапол од 80-те години на минатиот век. Со искрена скромност и голема емотивност, Дариа Д’Антонио пред присутните го сподели нејзиното чувство на своевидна засраменост откако ја видела фотогалеријата на кинематографери кои досега биле чествувани на ИФФК „Браќа Манаки“ и одржувале мастер класови.
Имам огромно задоволство што можам да зборувам за филмот кој не само што го прикажува градот Неапол, туку и мојата страст кон филмот. Сакам да го споделам со вас задоволството што ми го овозможил филмот, бидејќи сиве овие изминати години имав прилика да работам со луѓе што ги сакам, и мислам дека тоа е спас за мене како кинематографер, бидејќи е голема привилегија да се работи она што се сака, рече Д’Антонио на почетокот, изразувајќи задоволство што пред неа во публиката се луѓе кои се репер во кинематографијата.
Дариа Д’Антонио се наврати на нејзината младост и тешкотијата да се изрази се до моментот кога ја открила фотографијата: кога ја развила првата слика во темната комора почувствувала дека тоа е откритието што потоа и го обележало животот. Но, потоа го открила и филмот како израз, но и како шанса да комуницира на поинаков начин.
Филмот ми откри дека можеме да комуницираме и без зборови, да го прават она што отсекогаш ми се допаѓало – да гледам на нештата со различен тип на учество. Многу и должам на оваа професија и тимскиот дух во работата на филм, истакна Дариа Д’Антонио.
Таа посочи дека во снимањето филмови многу е важно да се почитува приказната што треба да се раскаже, а тоа се постигнува со многу скромност.
Важно е да го заборавиме она што го знаеме за да можеме ја претставиме приказната на нов начин. Скромноста може само да ни помогне. Ова е втората привилегија, бидејќи работата на филм ме направи тоа што сум, вели Дариа Д’Антонио.
На прашањето колку е тешко да се биде ѕвезда, не само во Италија туку и на интернационален план, во една професија која традиционално се смета за „машка“, Д’Антонио е свесна дека е една од малкуте жени-кинемнатографери во Италија, но тоа никогаш не и претставувало некој лимит, бидејќи смета дека луѓето ја перцепираат според работата и креацијата.
Никогаш не сум си го поставила прашањето дека сме малку жени зад камерата. Никогаш не се почувствувам потценето бидејќи имав среќа да работам со интелигентни автори. Машката доминација во филмот во Италија можеби е најмал проблем во споредба со доцнењето на многу општествени процеси во споредба со Франција, на пример, како што се законите за развод и абортус. За среќа, се менуваат и мажите и ситуацијата, посочува Д’Антонио.
Запрашана за нејзините примери во филмот, Дариа Д’Антонио ги истакна режисерите од италијанскиот неореализам, а омилени автори и се Лукино Висконти, Виторио Де Сика, Пјер Паоло Пазолини, како и американскиот режисер Теренс Малик, од кого многу научила.
Многу работев со италијанскиот кинематографер Лука Бигаци, и научив да сфатам многу работи за себе си. Благодарна сум му бидејќи научив како функционираат многу работи на филмскиот сет, истакна Д’Антонио.
Говорејќи за „Божјата рака“ и „улогата“ на Неапол во него, Дариа Д’Антонио смета дека тој град често пати бил злоупотребуван во филмските приказни, бидејќи се работи за комплексен проблем, и не се работи само за Неапол во социолошки поглед.
Тешко е да се опише сопствениот град, бидејќи и јас често посакувам да се разбудам еден ден и да го видам со други очи. Затоа во „Божјата рака“ сакав преку очите на детето да ја прикажам меланхолијата, чувството кога сме млади и кога не знаеме што носи иднината. Сакав да го постигнам токму тоа чувство на заборав за сето она што го знам, и големиот филмски формат ми помогна за да направам таа дистанца, објаснува Д’Антонио.
Запрашана за историската веродостојност на сцената во „Божјата рака“, кога група луѓе одат на аудиција за филм на Федерико Фелини, Дариа Д’Антонио посочи дека Сорентино често прави омажи на овој легендарен режисер во неговите филмови.
Кај Сорентино не може да недостасува Фелини, вели Д’Антонио.
Специјалната гостинка на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ одговараше и на прашањата од присутните за професионалниот преод од филмска лента на дигитална технологија, како и за соработката со новите генерации автори во италијанската кинематографија.

The post Филмот ми откри дека можеме да комуницираме и без зборови, вели Дариа Д’Антонио, кинематограферка на „Божјата рака“ appeared first on Република.

]]>
Битола дотерана: Како излгедаше црвениот килим на вчерашното отворање на „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/bitola-doterana-kako-izlgedashe-crveniot-kilim-na-vcherashnoto-otvoranje-na-brakja-manaki/ Sat, 20 Aug 2022 07:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=542231

Вчера во Центарот за култура во Битола свечено беше отворено 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Покрај покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски, на црвениот килим продефилираа и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е битолчанка.

На отворањето на годинашниот фестивал, чие мото е „Реалноста не е доволна“, најголемо внимание предизвика Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, како и многу познати интернационални филмски работници.

The post Битола дотерана: Како излгедаше црвениот килим на вчерашното отворање на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Вчера во Центарот за култура во Битола свечено беше отворено 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Покрај покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски, на црвениот килим продефилираа и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е битолчанка. На отворањето на годинашниот фестивал, чие мото е „Реалноста не е доволна“, најголемо внимание предизвика Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, како и многу познати интернационални филмски работници.

The post Битола дотерана: Како излгедаше црвениот килим на вчерашното отворање на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Играните филмови „Божја рака“ и „Небеса“ вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/igranite-filmovi-bozja-raka-i-nebesa-vecher-na-iffk-brakja-manaki/ Sat, 20 Aug 2022 06:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=542212

Првиот фестивалски ден на ИФФК „Браќа Манаки“ по синоќешното отворање ќе биде во знакот на мастер класот што денес напладне во Битола ќе го одржи италијанската кинематограферка Дарија Д’Антонио.

Како што е познато Д’Антонио во свои раце ја имаше камерата за филмот „Божја рака“ чиј режисер е Паоло Сорентино, а во кој главните улоги ги толкуваат Филипо Скоти и Тони Сарвило.

Во главната натпреварувачка програма, денес ќе биде емитуван и филмот „Небеса“ кој е во српско, македонска, црногорска и хрватска продукција, а кинематографер е Душан Јоксимовиќ, додека во студетнтската програма која се реализира во кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмовите „И ноќта остана“ од Словенија, „Делба“ од Косово и „Анте’нте“ од Грција.

Од денес почнува и емитувањето филмови на терасата од Офицерскиот дом каде ќе се реализира програмата МК Агол-краток филм со филмовите „Сите ќе умреме“ и „Налепница“, додека пак во големата сала на НУ Центар за култура во 21 часот ќе биде емитуван краткиот филм „Последниот тракет од островот на тревата“ во кој кинематогафер е Јоргос Валсамис.

The post Играните филмови „Божја рака“ и „Небеса“ вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Првиот фестивалски ден на ИФФК „Браќа Манаки“ по синоќешното отворање ќе биде во знакот на мастер класот што денес напладне во Битола ќе го одржи италијанската кинематограферка Дарија Д’Антонио. Како што е познато Д’Антонио во свои раце ја имаше камерата за филмот „Божја рака“ чиј режисер е Паоло Сорентино, а во кој главните улоги ги толкуваат Филипо Скоти и Тони Сарвило. Во главната натпреварувачка програма, денес ќе биде емитуван и филмот „Небеса“ кој е во српско, македонска, црногорска и хрватска продукција, а кинематографер е Душан Јоксимовиќ, додека во студетнтската програма која се реализира во кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмовите „И ноќта остана“ од Словенија, „Делба“ од Косово и „Анте’нте“ од Грција. Од денес почнува и емитувањето филмови на терасата од Офицерскиот дом каде ќе се реализира програмата МК Агол-краток филм со филмовите „Сите ќе умреме“ и „Налепница“, додека пак во големата сала на НУ Центар за култура во 21 часот ќе биде емитуван краткиот филм „Последниот тракет од островот на тревата“ во кој кинематогафер е Јоргос Валсамис.

The post Играните филмови „Божја рака“ и „Небеса“ вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Црвен килим во Битола, почнува 43. издание на „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-zivo-crven-kilim-vo-bitola-pochnuva-43-izdanie-na-brakja-manaki/ Fri, 19 Aug 2022 19:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=542146

Следете го во живо отворањето на 43. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола:

The post ВО ЖИВО: Црвен килим во Битола, почнува 43. издание на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Следете го во живо отворањето на 43. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола:

The post ВО ЖИВО: Црвен килим во Битола, почнува 43. издание на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Со „Раката на господ“ на Паоло Сорентино се отвора, а со „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-rakata-na-gospod-na-paolo-sorentino-se-otvora-a-so-snezana-na-krajot-umira-na-kristijan-risteski-se-zatvora-iffk-brakja-manaki/ Mon, 08 Aug 2022 12:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=538000

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што оваа година ќе се одржува од 19 до 26 август. Фестивалот се затвора со премиера на македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески, објави на денешната прес-конференција во Скопје директорот на Фестивал Симеон Мони Дамевски.

Дамевски кажа дека во Битола ќе пристигне кинематограферката на филмот на Сорентино, Дарија Д‘Антонио, а покрај неа и добитникот на Златната камера 300 за животно дело, Ентони Дод Ментл.

Ги имаме сите предуслови за добар фестивал. Имаме проширена програма. Имаме исклучителни гости кои сами се јавуваат да дојдат на неколку дена во Битола. Имаме неверојатно добра понуда на филмови и ни се доделени доволно пари за да обезбедиме сè што треба. Годинава ќе го имаме Ентони Дод Ментел, директорот на фотографијз и кинематографер како што биле браќата Манаки. Соработувал со одлични режисери, номиниран за Оскар, и тој е првиот кој добил Оскар зашто снимил филм со дигитална камера. Тоа е нашиот лауреат за животно дело. Чекаме да ни потврди и кинематограферот на „Гладијатор“, на „Икс мен“, Џон Метисон. Годинава имаме диџеј од Берлин, по три журки ќе има во Битола секоја вечер. На три локации ќе се одвива фестивалот, во Домот на култура, таму имаме најмногу седишта, втората локација е киното Манаки, каде што ќе се одвива документарната и студентската програма, како и Офицерскиот дом, на летната тераса која ќе биде отворена за Мак корнер програмата. Секоја вечер ќе има филмови, рече директорот на фестивалот Дамовски.

Во четирите натпреварувачки програми ќе се прикажат вкупно 54 филма, од кои 14 во главната, 12 во кратката, 10 во документарната и 18 во студентската.

Во главната програма доминираат наслови од Канскиот фестивал, меѓу кои е и годинашниот победник „Триаголник на тагата“, а само третпат досега се вклучени и два домашни филма, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски. „Мими“ имаше македонска премиера на отворањето на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје, а „Снежана на крајот умира“, е деби на режисерот Ристески, кој имаше светска премиера на фестивалот Слемденс во САД, лани во декември.

„Снежана на крајот умира“ е продукција на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности.

„Ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Баскет“ на Димитар Банов ќе бидат македонските претставници во селекцијата на краткометражни филмови.

The post Со „Раката на господ“ на Паоло Сорентино се отвора, а со „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што оваа година ќе се одржува од 19 до 26 август. Фестивалот се затвора со премиера на македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески, објави на денешната прес-конференција во Скопје директорот на Фестивал Симеон Мони Дамевски. Дамевски кажа дека во Битола ќе пристигне кинематограферката на филмот на Сорентино, Дарија Д‘Антонио, а покрај неа и добитникот на Златната камера 300 за животно дело, Ентони Дод Ментл.
Ги имаме сите предуслови за добар фестивал. Имаме проширена програма. Имаме исклучителни гости кои сами се јавуваат да дојдат на неколку дена во Битола. Имаме неверојатно добра понуда на филмови и ни се доделени доволно пари за да обезбедиме сè што треба. Годинава ќе го имаме Ентони Дод Ментел, директорот на фотографијз и кинематографер како што биле браќата Манаки. Соработувал со одлични режисери, номиниран за Оскар, и тој е првиот кој добил Оскар зашто снимил филм со дигитална камера. Тоа е нашиот лауреат за животно дело. Чекаме да ни потврди и кинематограферот на „Гладијатор“, на „Икс мен“, Џон Метисон. Годинава имаме диџеј од Берлин, по три журки ќе има во Битола секоја вечер. На три локации ќе се одвива фестивалот, во Домот на култура, таму имаме најмногу седишта, втората локација е киното Манаки, каде што ќе се одвива документарната и студентската програма, како и Офицерскиот дом, на летната тераса која ќе биде отворена за Мак корнер програмата. Секоја вечер ќе има филмови, рече директорот на фестивалот Дамовски.
Во четирите натпреварувачки програми ќе се прикажат вкупно 54 филма, од кои 14 во главната, 12 во кратката, 10 во документарната и 18 во студентската. Во главната програма доминираат наслови од Канскиот фестивал, меѓу кои е и годинашниот победник „Триаголник на тагата“, а само третпат досега се вклучени и два домашни филма, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски. „Мими“ имаше македонска премиера на отворањето на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје, а „Снежана на крајот умира“, е деби на режисерот Ристески, кој имаше светска премиера на фестивалот Слемденс во САД, лани во декември. „Снежана на крајот умира“ е продукција на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности. „Ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Баскет“ на Димитар Банов ќе бидат македонските претставници во селекцијата на краткометражни филмови.  

The post Со „Раката на господ“ на Паоло Сорентино се отвора, а со „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-27 август: Ги чествуваме оние кои се пионери во кинематограферската работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/43-izdanie-na-iffk-brakja-manaki-od-20-27-avgust-gi-chestvuvame-onie-koi-se-pioneri-vo-kinematograferskata-rabota/ Wed, 20 Jul 2022 12:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=531410

Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржува од 20-27 август во Битола.

Годинава фестивалот ќе трае подолго, ќе трае осум дена и ќе изобилува со програми. Годинава имаме 14 играни филмови, 12 во кратката програма, ја враќаме документарната програма, студентската програма повторно ја враќаме, ќе имаме гости од светски академии за филм и мак корнер програмата... Годинава имаме добитник, симболот на „Браќа Манаки“, имаме исклучителен добитник, што се смета за пионер на дигиталната камера и е првиот оскаровец кој добил Оскар за филм снимен со дигитална камера, а тоа е господинот Ентони Дод Ментл кој е снимател на филмовите на Ларс фон Трир, на Дени Бојл, и бројни холивудски филмови. Сестран кинематографер со документарни остварувања на дигитални долгометражни, краткометражни филмови. Како и браќата Манаки вистински пионер во својата област. Тој ќе ни дојде и ќе биде гостин во Битола, ќе ја прими наградата која е симболот и знакот на нашиот фестивал, истакна на денешната средба со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Сименон Мони Дамевски, која се одржа во хотел Парк.

За дел од долгометражната програма информираше селекторот Слаѓан Пенев.

14 филмови ќе има оваа година, ќе биде многу голема гужва во тие осум дена, ќе има и по три филмови во еден ден во големата сала на Домот на културата. Се надевам дека домашната и странска публика ќе биде задоволна од изборот и дека ќе го оправдаме името кој го носиме на браќата Манаки. Од тие 14 филмови најмногу доаѓаат од канскиот фестивал, го имаме победникот на Кан годинава, берлинскиот, а и еден од победниците на Карлови вари ќе биде овде. Рјусуке Хамагучи е еден од најбараните, автор на “Вози ја мојата кола“, филмот кој учествувапе на сите важни светски фестивали, добитник на бројни награди.

Ќе го имаме и канскиот победник „Триаголник на тагата“, е филм кој никого не остави рамнодушен. Тоа е еден радикален филм, на ниво на социјален експеримент.

Третиот филм е победникот во Берлин, добитник на „Злата мечка“, кој е една прекрасна социјална приказна, одлично визуелизирана, филм од тлото на оние што се губитници во целата ситуација не само со пандемијата, туку со големите промени на глобално ниво.

Годинава ќе има премиера на наш филм, на Кристијан Ристевски, „Снежана на крајот умира“. Тој веќе играше на „Слемденс“ и заслужува да биде и на нашиот фестивал. Вториот филм е „Мими“, имаше премиера на „Синедејс“, вреди и треба да биде на нашиот фестивал. Ова е место на кое треба да се промовираат и наши филмови, истакна Пенев.

Директорот Дамевски потенцираше дека Фестивалот овие две години се фокусира на пионерската работа.

Веруваме дека треба да ги чествуваме оние кои се пионери во кинематограферската работа, луѓе гои отвараат нови видици, визии, естетики, луѓе кои се општествено ангажирани, се обидуваат да зборуваат преку таа визура и своите естетики за се она што се случува во светот, луѓе кои овој фестивал ќе го доживуваат како семејство, оти ИФФК „Браќа Манаки“ е семејство за кинематограферите, истакна Дамевски.

Селекторката на документарната програма, Кумјана Новакова смета дека ИФФК „Браќа Манаки“ е многу важен фестивал за виталноста на нашето општество.

ИФФК „Браќа Манаки“ како фестивал со најдолго искуство и традиција има некако посебна одговорност да биде простор на промени и простор на креативна храброст. Овие два концепти го дефинираат и програмскиот концепт на документарната натпреварувачка програма оваа година. Програмата е простор на промени зошто 70 проценти ги потпишуваат жени, односно женскиот сензибилитет отвора нов израз и претставува промена на традицијата со која сакаме да раскинеме. Од друга страна простори на креативна храброст затоа што со селекцијата влегуваме во доку фикцијата и на хибридните филмски јазици, рече Новакова.

Таа ги издвои „Три минути продолжување“ и „Фабриките на работниците“, а соопшти и дека жирито на документарната програма е составено од жени.

Марија Апчевска е селектор на кратката програма на годинешното издание на Фестивалот.

Ставен е фокусот на кратки филмови кои имаат извонредна фотографија, бидејќи кинематограферот е значаен за наративот филмот. Имаме селектирано 12 филмови од цел свет. Особено ми е задоволство што во изборот имаме и филмови кои се снимени од жени кинематограферки, бидејќи тоа е сеуште поле во кое доминираат кинематограферите. Имаме и наши домашни македонски филмови, тоа е традиција која ја негуваме во сите програми. Тоа се филмови кои веќе биде на светски фестивали, наградувани се, но и имаме нови гласови, филмови на режисери и кинематографите чие време допрва доаѓа, а тие во Битола ќе уживаат на нашиот фестивал, истакна Апчевска која рече дека не очекува одлично издание.

Минатата година имавме фестивал кој се случуваше наспроти се и тоа беше нашиот слоган на фестивалот, годинава благодарение главно на битолчани и како финансиски поддржувачи и како ангажирани околу реализацијата на Фестивалот, тој е дефинитивно и конечно битолски.

Ѓорѓи Пулевски е селектор на студентската програма. Годинава околу педесеттина студенти од повеќе светски академии за филм доаѓаат во Битола на фестивалот и ќе присуствуваат на мастер класовите, проекциите...

Задоволство ми е што го најавувам враќањето и надградувањето на студентската програма која ја нарекуваме „Први чекори“. Тоа е една визија на фестивалот кој е една покдовна точка на младите кинематографери, им даваме елан, инспирација и препознавање на нивниот квалитет и талент. Ако претходно студентската програма имаше регионален карактер, сега е проширена. Втората поважна промена е трансформацијата на студентската програма од ревијален во натпреварувачки карактер. Избравме 18 филмови од 17 земји во селекцијата од најголемите филмски академии од Лондон, Виена, Полска, Чешка, Минхен, Мадрид итн. Ќе одлучува интернационално жири, а најдобриот кинематографер ќе добие кристална камера 300 , рече Пулевски.

The post 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-27 август: Ги чествуваме оние кои се пионери во кинематограферската работа appeared first on Република.

]]>

Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржува од 20-27 август во Битола.
Годинава фестивалот ќе трае подолго, ќе трае осум дена и ќе изобилува со програми. Годинава имаме 14 играни филмови, 12 во кратката програма, ја враќаме документарната програма, студентската програма повторно ја враќаме, ќе имаме гости од светски академии за филм и мак корнер програмата... Годинава имаме добитник, симболот на „Браќа Манаки“, имаме исклучителен добитник, што се смета за пионер на дигиталната камера и е првиот оскаровец кој добил Оскар за филм снимен со дигитална камера, а тоа е господинот Ентони Дод Ментл кој е снимател на филмовите на Ларс фон Трир, на Дени Бојл, и бројни холивудски филмови. Сестран кинематографер со документарни остварувања на дигитални долгометражни, краткометражни филмови. Како и браќата Манаки вистински пионер во својата област. Тој ќе ни дојде и ќе биде гостин во Битола, ќе ја прими наградата која е симболот и знакот на нашиот фестивал, истакна на денешната средба со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Сименон Мони Дамевски, која се одржа во хотел Парк.
За дел од долгометражната програма информираше селекторот Слаѓан Пенев.
14 филмови ќе има оваа година, ќе биде многу голема гужва во тие осум дена, ќе има и по три филмови во еден ден во големата сала на Домот на културата. Се надевам дека домашната и странска публика ќе биде задоволна од изборот и дека ќе го оправдаме името кој го носиме на браќата Манаки. Од тие 14 филмови најмногу доаѓаат од канскиот фестивал, го имаме победникот на Кан годинава, берлинскиот, а и еден од победниците на Карлови вари ќе биде овде. Рјусуке Хамагучи е еден од најбараните, автор на “Вози ја мојата кола“, филмот кој учествувапе на сите важни светски фестивали, добитник на бројни награди. Ќе го имаме и канскиот победник „Триаголник на тагата“, е филм кој никого не остави рамнодушен. Тоа е еден радикален филм, на ниво на социјален експеримент. Третиот филм е победникот во Берлин, добитник на „Злата мечка“, кој е една прекрасна социјална приказна, одлично визуелизирана, филм од тлото на оние што се губитници во целата ситуација не само со пандемијата, туку со големите промени на глобално ниво. Годинава ќе има премиера на наш филм, на Кристијан Ристевски, „Снежана на крајот умира“. Тој веќе играше на „Слемденс“ и заслужува да биде и на нашиот фестивал. Вториот филм е „Мими“, имаше премиера на „Синедејс“, вреди и треба да биде на нашиот фестивал. Ова е место на кое треба да се промовираат и наши филмови, истакна Пенев.
Директорот Дамевски потенцираше дека Фестивалот овие две години се фокусира на пионерската работа.
Веруваме дека треба да ги чествуваме оние кои се пионери во кинематограферската работа, луѓе гои отвараат нови видици, визии, естетики, луѓе кои се општествено ангажирани, се обидуваат да зборуваат преку таа визура и своите естетики за се она што се случува во светот, луѓе кои овој фестивал ќе го доживуваат како семејство, оти ИФФК „Браќа Манаки“ е семејство за кинематограферите, истакна Дамевски.
Селекторката на документарната програма, Кумјана Новакова смета дека ИФФК „Браќа Манаки“ е многу важен фестивал за виталноста на нашето општество.
ИФФК „Браќа Манаки“ како фестивал со најдолго искуство и традиција има некако посебна одговорност да биде простор на промени и простор на креативна храброст. Овие два концепти го дефинираат и програмскиот концепт на документарната натпреварувачка програма оваа година. Програмата е простор на промени зошто 70 проценти ги потпишуваат жени, односно женскиот сензибилитет отвора нов израз и претставува промена на традицијата со која сакаме да раскинеме. Од друга страна простори на креативна храброст затоа што со селекцијата влегуваме во доку фикцијата и на хибридните филмски јазици, рече Новакова.
Таа ги издвои „Три минути продолжување“ и „Фабриките на работниците“, а соопшти и дека жирито на документарната програма е составено од жени. Марија Апчевска е селектор на кратката програма на годинешното издание на Фестивалот.
Ставен е фокусот на кратки филмови кои имаат извонредна фотографија, бидејќи кинематограферот е значаен за наративот филмот. Имаме селектирано 12 филмови од цел свет. Особено ми е задоволство што во изборот имаме и филмови кои се снимени од жени кинематограферки, бидејќи тоа е сеуште поле во кое доминираат кинематограферите. Имаме и наши домашни македонски филмови, тоа е традиција која ја негуваме во сите програми. Тоа се филмови кои веќе биде на светски фестивали, наградувани се, но и имаме нови гласови, филмови на режисери и кинематографите чие време допрва доаѓа, а тие во Битола ќе уживаат на нашиот фестивал, истакна Апчевска која рече дека не очекува одлично издание.
Минатата година имавме фестивал кој се случуваше наспроти се и тоа беше нашиот слоган на фестивалот, годинава благодарение главно на битолчани и како финансиски поддржувачи и како ангажирани околу реализацијата на Фестивалот, тој е дефинитивно и конечно битолски. Ѓорѓи Пулевски е селектор на студентската програма. Годинава околу педесеттина студенти од повеќе светски академии за филм доаѓаат во Битола на фестивалот и ќе присуствуваат на мастер класовите, проекциите...