Иџет Мемети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/idzet-memeti/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 11:11:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иџет Мемети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/idzet-memeti/ 32 32 Призна вина: Потврден поткупот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети https://arhiva3.republika.mk/vesti/prizna-vina-potvrden-potkupot-na-chlenot-na-sovetot-na-javni-obviniteli-idhet-memeti/ Wed, 14 Aug 2024 13:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=806528

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.

Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат. Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци.

Дополнително, Мемети поднел и оставка која веќе е доставена до Собранието  и до Советот на јавни обвинители.

The post Призна вина: Потврден поткупот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети appeared first on Република.

]]>

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор. Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана. Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат. Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци. Дополнително, Мемети поднел и оставка која веќе е доставена до Собранието  и до Советот на јавни обвинители.

The post Призна вина: Потврден поткупот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети appeared first on Република.

]]>
Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Обвинителството за условна осуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/idhet-memeti-priznal-vina-i-se-spogodil-so-obvinitelstvoto-za-uslovna-osuda/ Wed, 14 Aug 2024 12:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=806513

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.

Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал за Телма кусо одговорија дека ќе следи информација во текот на денот.

Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје кои му ги предал синот на Стојчев. Тврдеше дека Стојчев помладиот го наместил затоа што одбил да издејствува поблага казна во спогодба со обвинителството, за неговиот татко.

Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот Народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат.

Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци а деновиве скопска Апелација ја одбила неговата жалба за притворот.

The post Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Обвинителството за условна осуда appeared first on Република.

]]>

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор. Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана. Од Обвинителството за гонење организиран криминал за Телма кусо одговорија дека ќе следи информација во текот на денот. Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје кои му ги предал синот на Стојчев. Тврдеше дека Стојчев помладиот го наместил затоа што одбил да издејствува поблага казна во спогодба со обвинителството, за неговиот татко. Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот Народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат. Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци а деновиве скопска Апелација ја одбила неговата жалба за притворот.

The post Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Обвинителството за условна осуда appeared first on Република.

]]>
Постои снимка снимка со врховниот судија Георгиев и обвинителот Мемети? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/postoi-snimka-snimka-so-vrhovniot-sudija-georgiev-i-obvinitelot-memeti/ Mon, 03 Jun 2024 19:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=784503

Државниот обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за „360 степени” не одговори директно дали во случајот во кој првосомничен е врховниот судија Наке Георгиев, а второосомничен е членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, има снимка на која се слушаат гласовите на осомничените. Но, индиректно даде потврда, без да соопшти детали.

Сите докази за да имаат правна сила мора да се обезбедат на законит начин. На ова прашање дали има и кој доказ, ќе цени јавниот обвинител што е обработувач на предметот. Знаете, само во одредени случаи, кога, еве, имаше малолетно дете со дадилка, затоа што тоа не може да сведочи, тоа е немоќно лице, тогаш снимките може евентуално да бидат доказ. Меѓутоа, овде не можам да ви кажам во оваа фаза што ќе биде проценка на јавниот обвинител, рече обвинителот за „360 степени”.

The post Постои снимка снимка со врховниот судија Георгиев и обвинителот Мемети? appeared first on Република.

Советот на јавни обвинители не може да го разреши Иџет Мемети, ниту може да му забрани да учествува на седниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-javni-obviniteli-ne-mozhe-da-go-razreshi-idhet-memeti-nitu-mozhe-da-mu-zabrani-da-uchestvuva-na-sednitsite/ Wed, 29 May 2024 17:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=782891

Советот на јавни обвинители нема законска можност да го разреши заменик претседателот и член на ова тело, Иџет Мемети, иако тој е второосомничен во случајот со земање на 10 илјади евра, каде првоосомничен пак е врховниот судија, Наке Георгиев.

Според членовите, Мемети за времетраењето на истрагата не би требало да учествува во работата и одлуките на Советот. Тие образложија дека немаат законски можности за негово разрешување.

Членот Кети Петкова образложи дека Законот за Совет на јавни обвинители не предвидува можност отстранување од работното место додека трае кривичната постапка.

-Од тој аспект на нас како Совет ни се врзани рацете да можеме како било да го тргнеме влијанието на членот. Иако немаме законска можност, да постапиме со таа одредба што би била најлогична, не смееме да останеме неми и да не ги кажеме детектираните слабости по постапувањето по овој предмет, рече таа.

Според неа, отворената кривична постапка и извршениот претрес во Советот, задираат директно на интегритетот на Советот како институција и на нив како членови. Светлана Жупановска, член на СЈОРМ, посочи дека е оставено на доблеста на Мемети, да одлучи дали ќе учествува во неговата работа.

Членот Антонио Јолевски, се согласи со неговите колешки и му препорача на Мемети да не учествува во работата на Советот.

– Оставаме на совеста, на моралот на членот на советот дали би учествувал. Би препорачал, особено кај избори и разрешување, да не учествува бидејќи токму во тие ситуации ќе се доведе во прашање кредибилитетот, дека во тие избори учествувал член на Советот за кој се води постапка во надлежното обвинителство, образложи Јолевски.

Претседателката на Советот, Душица Димитриеска, во изјава за медиуми по расправата, истакна дека Советот ќе го следи текот на кривичната постапка и согласно исходот од неа ќе постапи според законот.

Таа појасни дека постапката за разрешување е предвидена, меѓутоа во овој случај е невозможна.

–Постапка за разрешување е предвидена, меѓутоа, таа постапка треба да отпочне со образложено барање кое треба да биде поднесено од најмалку 20 јавни обвинители и една третина од членови на Совеот, ова барање треба да е поткрепено со докази, во конкретниов случај тоа не може да се донесе, рече таа.

Дополни дека Советот не може да му забрани на Мемети да присуствува на седниците.

–Тоа може да се случи доколку има таква одлука од суд, рече таа.

Претходно, на почетокот на денешната седница, Димитриеска информираше дека Мемети ја информирал дека нема да присуствува на денешната седница и дека размислува да се повлече од функцијата заменик претседател на Советот.

Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојков обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

The post Советот на јавни обвинители не може да го разреши Иџет Мемети, ниту може да му забрани да учествува на седниците appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители нема законска можност да го разреши заменик претседателот и член на ова тело, Иџет Мемети, иако тој е второосомничен во случајот со земање на 10 илјади евра, каде првоосомничен пак е врховниот судија, Наке Георгиев. Според членовите, Мемети за времетраењето на истрагата не би требало да учествува во работата и одлуките на Советот. Тие образложија дека немаат законски можности за негово разрешување. Членот Кети Петкова образложи дека Законот за Совет на јавни обвинители не предвидува можност отстранување од работното место додека трае кривичната постапка.
-Од тој аспект на нас како Совет ни се врзани рацете да можеме како било да го тргнеме влијанието на членот. Иако немаме законска можност, да постапиме со таа одредба што би била најлогична, не смееме да останеме неми и да не ги кажеме детектираните слабости по постапувањето по овој предмет, рече таа.
Според неа, отворената кривична постапка и извршениот претрес во Советот, задираат директно на интегритетот на Советот како институција и на нив како членови. Светлана Жупановска, член на СЈОРМ, посочи дека е оставено на доблеста на Мемети, да одлучи дали ќе учествува во неговата работа. Членот Антонио Јолевски, се согласи со неговите колешки и му препорача на Мемети да не учествува во работата на Советот.
– Оставаме на совеста, на моралот на членот на советот дали би учествувал. Би препорачал, особено кај избори и разрешување, да не учествува бидејќи токму во тие ситуации ќе се доведе во прашање кредибилитетот, дека во тие избори учествувал член на Советот за кој се води постапка во надлежното обвинителство, образложи Јолевски.
Претседателката на Советот, Душица Димитриеска, во изјава за медиуми по расправата, истакна дека Советот ќе го следи текот на кривичната постапка и согласно исходот од неа ќе постапи според законот. Таа појасни дека постапката за разрешување е предвидена, меѓутоа во овој случај е невозможна.
–Постапка за разрешување е предвидена, меѓутоа, таа постапка треба да отпочне со образложено барање кое треба да биде поднесено од најмалку 20 јавни обвинители и една третина од членови на Совеот, ова барање треба да е поткрепено со докази, во конкретниов случај тоа не може да се донесе, рече таа.
Дополни дека Советот не може да му забрани на Мемети да присуствува на седниците.
–Тоа може да се случи доколку има таква одлука од суд, рече таа.
Претходно, на почетокот на денешната седница, Димитриеска информираше дека Мемети ја информирал дека нема да присуствува на денешната седница и дека размислува да се повлече од функцијата заменик претседател на Советот. Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојков обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

The post Советот на јавни обвинители не може да го разреши Иџет Мемети, ниту може да му забрани да учествува на седниците appeared first on Република.

]]>
Размислува да се повлече: Иџет Мемети не се појави на Седница на советот на јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razmisluva-da-se-povleche-idhet-memeti-ne-se-pojavi-na-sednitsa-na-sovetot-na-javni-obviniteli/ Wed, 29 May 2024 09:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=782719

Иџет Мемети, членот на Советот на јавни обвинители кој во моментов е со мерки за претпазливост под сомнение за примање награда за противзаконито влијание денеска не дојде на седница на Советот.

Како што информираше претседателката на СЈОРМ, Душица Димитриеска, Меџити непосредно пред почетокот ја информирал дека нема да присуствува на денешната седница.

- Непосредно пред седницата тој ме информираше дека нема да биде присутен и е на мислење да се повлече од позицијата заменик претседател на Советот на јавни обвинители, рече Димитриеска.

Мемети е второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев.

Во изјава за медиуми по определувањето на мерки на претпазливост изминатата недела, осомниченииот Мемети, пред Кривичен рече дека е во сечиј интерес постапката да заврши што побрзо.

- Од мој интерес, и од интерес на јавноста, е што побрзо органите да ја завршат својата работа. Ова секако како човек ме погодува, меѓутоа, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил, изјави Мемети.

Во однос со релациите со врховниот судија Георгиев, тој рече дека ги познава сите судии и обвинители и со нив се дружи, но, дека не разговарал за предмети.

На врховниот судија Наке Георгиев, поради постоење на сомневања дека може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело му беше определена мерка притвор во  траење од 30 дена.

Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“.

Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Советот денеска ја одржува 103. седница на која ја разгледува информацијата од страна на координатори за подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола.

The post Размислува да се повлече: Иџет Мемети не се појави на Седница на советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Иџет Мемети, членот на Советот на јавни обвинители кој во моментов е со мерки за претпазливост под сомнение за примање награда за противзаконито влијание денеска не дојде на седница на Советот. Како што информираше претседателката на СЈОРМ, Душица Димитриеска, Меџити непосредно пред почетокот ја информирал дека нема да присуствува на денешната седница. - Непосредно пред седницата тој ме информираше дека нема да биде присутен и е на мислење да се повлече од позицијата заменик претседател на Советот на јавни обвинители, рече Димитриеска. Мемети е второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев. Во изјава за медиуми по определувањето на мерки на претпазливост изминатата недела, осомниченииот Мемети, пред Кривичен рече дека е во сечиј интерес постапката да заврши што побрзо.
- Од мој интерес, и од интерес на јавноста, е што побрзо органите да ја завршат својата работа. Ова секако како човек ме погодува, меѓутоа, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил, изјави Мемети.
Во однос со релациите со врховниот судија Георгиев, тој рече дека ги познава сите судии и обвинители и со нив се дружи, но, дека не разговарал за предмети. На врховниот судија Наке Георгиев, поради постоење на сомневања дека може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело му беше определена мерка притвор во  траење од 30 дена. Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Советот денеска ја одржува 103. седница на која ја разгледува информацијата од страна на координатори за подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола.

The post Размислува да се повлече: Иџет Мемети не се појави на Седница на советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Мемети: Ги знам јас сите и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/memeti-gi-znam-jas-site-i-obviniteli-i-sudii-se-druzhime-pieme-kafe-na-krajot-ke-izleze-deka-nishto-protivzakonito-ne-sum-storil/ Thu, 23 May 2024 11:25:15 +0000 https://republika.mk/?p=781164

Денеска дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал повеќе да зборувам а тоа е мислам и добра работа, затоа што е и од мој интерес и од интерес на јавноста е што побрзо органите да ја завршат целата работа, изјави пред новинарите Иџет Мемети, откако судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција му определи мерки на претпазливост и одземање на патната исправа. Тој е второосомничениот во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание.

На прашањето дали му биле презентитрани докази за предметот, Мемети кусо одговори: „Не“.

Мемети пред новинарите рече дека времето ќе покаже дека ништо противзаконито нема сторено.

„Видете, ова секако дека како човек ме погодува, меѓутоа и вчера имав изјава, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Но, ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, кажа тој.

Прашан за релациите со првоосомничениот во случајот, судијата Наќе Георгиев, тој рече дека се познава со судиите и обвинителите.

„Ги знам јас сите и обвинители и судии, и се дружам, разговараме, пиеме кафе, едно-друго“.

Покрај одземањето на патната исправа, Мемети дополнително ќе мора повремено да се јавува на службено лице во Судот.

Судијата Наќе Георгиев и заменик-претседателот на Советот на јавни обвинители, како што соопшти ОЈО ГОКК во вторникот се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание по член 359 од Кривичниот законик (КЗ) и против нив е отворена истрага.

СкопјеИнфо

The post Мемети: Ги знам јас сите и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил appeared first on Република.

]]>

Денеска дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал повеќе да зборувам а тоа е мислам и добра работа, затоа што е и од мој интерес и од интерес на јавноста е што побрзо органите да ја завршат целата работа, изјави пред новинарите Иџет Мемети, откако судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција му определи мерки на претпазливост и одземање на патната исправа. Тој е второосомничениот во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание. На прашањето дали му биле презентитрани докази за предметот, Мемети кусо одговори: „Не“. Мемети пред новинарите рече дека времето ќе покаже дека ништо противзаконито нема сторено.
„Видете, ова секако дека како човек ме погодува, меѓутоа и вчера имав изјава, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Но, ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, кажа тој.
Прашан за релациите со првоосомничениот во случајот, судијата Наќе Георгиев, тој рече дека се познава со судиите и обвинителите.
„Ги знам јас сите и обвинители и судии, и се дружам, разговараме, пиеме кафе, едно-друго“.
Покрај одземањето на патната исправа, Мемети дополнително ќе мора повремено да се јавува на службено лице во Судот. Судијата Наќе Георгиев и заменик-претседателот на Советот на јавни обвинители, како што соопшти ОЈО ГОКК во вторникот се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание по член 359 од Кривичниот законик (КЗ) и против нив е отворена истрага.
СкопјеИнфо

The post Мемети: Ги знам јас сите и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил appeared first on Република.

]]>
Одземен пасошот на Иџет Мемети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odzemen-pasoshot-na-idhet-memeti/ Thu, 23 May 2024 09:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=781047

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за И.М., второосомничен во истрагата поврзана со Примање награда за против законито влијание за која веќе информираа од ОЈО.

По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, донесе решени со кое предлогот се уважува. На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова.

Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, извести Кривичниот суд.

The post Одземен пасошот на Иџет Мемети appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за И.М., второосомничен во истрагата поврзана со Примање награда за против законито влијание за која веќе информираа од ОЈО.
По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, донесе решени со кое предлогот се уважува. На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова. Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, извести Кривичниот суд.
 
The post Одземен пасошот на Иџет Мемети appeared first on Република.

]]>
Претрес и во домот на Иџет Мемети од Советот на обвинители, исто така вмешан во случајот со екс градоначалникот Боро Петрушевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretres-i-vo-domot-na-idhet-memeti-od-sovetot-na-obviniteli-isto-taka-vmeshan-vo-sluchajot-so-eks-gradonachalnikot-boro-petrushevski/ Tue, 21 May 2024 06:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=780311

Синоќа по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители. Сомнежот е дека истиoт заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sudski-sovet-mu-go-odzede-imunitetot-na-sudijata-nake-georgiev/

Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.

Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.

The post Претрес и во домот на Иџет Мемети од Советот на обвинители, исто така вмешан во случајот со екс градоначалникот Боро Петрушевски appeared first on Република.

]]>

Синоќа по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители. Сомнежот е дека истиoт заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски. https://republika.mk/vesti/makedonija/sudski-sovet-mu-go-odzede-imunitetot-na-sudijata-nake-georgiev/ Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија. Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.

The post Претрес и во домот на Иџет Мемети од Советот на обвинители, исто така вмешан во случајот со екс градоначалникот Боро Петрушевски appeared first on Република.

]]>