идомени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/idomeni/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Oct 2022 15:05:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png идомени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/idomeni/ 32 32 Мигранти се прибираат на неколку километри од македонската граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/migranti-se-pribiraat-na-nekolku-kilometri-od-makedonskata-granica/ Mon, 24 Oct 2022 15:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=565025

Сеништето на „нов Идомени“ почнува да се појавува на северната граница, иако во моментов, се чини дека регионот не може да ги доживее „деновите од 2015 година“, но сепак се испраќаат алармантни пораки. Во време кога во центарот на вниманието е копнениот влез на Еврос и т.н. „балкански коридор“, чиј важен центар е Идомени, вклучен е алармот, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во текстот под наслов „Идомени повторно ја плаши Европа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според весникот, бегалците и мигрантите кои успеваат илегално да ја преминат грчко- турската копнена граница се собираат кај Идомени за да го искористат преминот на долината на реката Вардар и поставуваат, засега мали кампови во селото или престојуваат во хотели во околината или се во шумата, барајќи можност да ја заобиколат оградата и да влезат во Македонија.

За ситуацијата на Идомени, како што пишува „Катимерини“, градоначалникот на општина Пеониа Костас Сионидис, минатиот месеци го информирал државниот министер Јоргос Герапетритис.

-Во последно време се забележуваат зголемени бранови на нелегални мигранти, како и зголемена концентрација во делот на Идомени -Евзони и други погранични населби во нашата општина. Се проценува дека нивниот број надминува илјада и во секој случај е поголем од вкупното остарено население во населбите во областа, напишал Сионидис на 9 септември во документот што му го доставил на Герапетритис за време на неговата посета на регионот.

Додал дека се случиле и инциденти меѓу мигрантите кои резултирале со смрт на млад нелегален мигрант, а бремена жена го загубила бебето.

Претседателката на заедницата на Идомени Ксанти Супли за „Катимерини“ рекла дека околу 150 лица поставиле шатори и чекаат можност нелегално да заминат за Европа и додала дека, иако ситуацијата е далеку од онаа во 2015 година, сепак потребно е да се преземат мерки за да не се зголеми бројот на бегалците и мигрантите.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис на прес конференцијата на крајот од септември, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на балканската рута за мигрантите истакна дека Грција спречува нелегални заминувања од земјата и ги апси мрежите на криумчари кои нелегално пренесуваат баратели на азил кон други земји

The post Мигранти се прибираат на неколку километри од македонската граница appeared first on Република.

]]>

Сеништето на „нов Идомени“ почнува да се појавува на северната граница, иако во моментов, се чини дека регионот не може да ги доживее „деновите од 2015 година“, но сепак се испраќаат алармантни пораки. Во време кога во центарот на вниманието е копнениот влез на Еврос и т.н. „балкански коридор“, чиј важен центар е Идомени, вклучен е алармот, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во текстот под наслов „Идомени повторно ја плаши Европа“, јави дописничката на МИА од Атина. Според весникот, бегалците и мигрантите кои успеваат илегално да ја преминат грчко- турската копнена граница се собираат кај Идомени за да го искористат преминот на долината на реката Вардар и поставуваат, засега мали кампови во селото или престојуваат во хотели во околината или се во шумата, барајќи можност да ја заобиколат оградата и да влезат во Македонија. За ситуацијата на Идомени, како што пишува „Катимерини“, градоначалникот на општина Пеониа Костас Сионидис, минатиот месеци го информирал државниот министер Јоргос Герапетритис. -Во последно време се забележуваат зголемени бранови на нелегални мигранти, како и зголемена концентрација во делот на Идомени -Евзони и други погранични населби во нашата општина. Се проценува дека нивниот број надминува илјада и во секој случај е поголем од вкупното остарено население во населбите во областа, напишал Сионидис на 9 септември во документот што му го доставил на Герапетритис за време на неговата посета на регионот. Додал дека се случиле и инциденти меѓу мигрантите кои резултирале со смрт на млад нелегален мигрант, а бремена жена го загубила бебето. Претседателката на заедницата на Идомени Ксанти Супли за „Катимерини“ рекла дека околу 150 лица поставиле шатори и чекаат можност нелегално да заминат за Европа и додала дека, иако ситуацијата е далеку од онаа во 2015 година, сепак потребно е да се преземат мерки за да не се зголеми бројот на бегалците и мигрантите. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис на прес конференцијата на крајот од септември, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на балканската рута за мигрантите истакна дека Грција спречува нелегални заминувања од земјата и ги апси мрежите на криумчари кои нелегално пренесуваат баратели на азил кон други земји

The post Мигранти се прибираат на неколку километри од македонската граница appeared first on Република.

]]>