ИД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/id/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 09:47:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/id/ 32 32 Исламска Држава презеде одговорност за смртоносниот напад во Кабул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/islamska-drzhava-prezede-odgovornost-za-smrtonosniot-napad-vo-kabul/ Mon, 12 Aug 2024 09:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=805751

Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад во главниот град на Авганистан, Кабул.

Во соопштението на ИД се наведува дека при нападот врз возило со кое се транспортирале шиити, еден човек загина, а 13 се повредени.

ИД често презема терористички напади врз шиитски училишта, болници и џамии, како во Кабул така и во другите шиитски региони ширум Авганистан.

Огранокот на ИД е главен ривал на исламистичкото фундаменталистичко милитантно движење Талибан во Авганистан откако во август 2021 година талибанците ја презедоа контролата врз земјата.

The post Исламска Држава презеде одговорност за смртоносниот напад во Кабул appeared first on Република.

]]>

Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад во главниот град на Авганистан, Кабул. Во соопштението на ИД се наведува дека при нападот врз возило со кое се транспортирале шиити, еден човек загина, а 13 се повредени. ИД често презема терористички напади врз шиитски училишта, болници и џамии, како во Кабул така и во другите шиитски региони ширум Авганистан. Огранокот на ИД е главен ривал на исламистичкото фундаменталистичко милитантно движење Талибан во Авганистан откако во август 2021 година талибанците ја презедоа контролата врз земјата.

The post Исламска Држава презеде одговорност за смртоносниот напад во Кабул appeared first on Република.

]]>
Борел: Македонија и девет други земји се усогласија со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-makedonija-i-devet-drugi-zemji-se-usoglasija-so-dopolnitelnite-sanktsii-na-eu-za-id-i-al-kaeda/ Wed, 10 Apr 2024 11:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=764551

Земјите кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, членките на ЕФТА и Европската економска област - Исланд и Лихтенштајн, како и Ерменија, се усогласија со Одлуката на Советот на ЕУ од 25 март 2024 година за додавање на едно лице и една група на листата на поединци, организации, компании и субјекти кои се предмет на санкции поради поврзаност со терористичките групи Исламска држава (ИД) и Ал Каеда, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат усогласени со оваа Одлука на Советот. Европската Унија ја нотира и ја поздравува оваа заложба, се наведува во изјавата на Борел во име на ЕУ по повод усогласувањето на 10-те држави со рестриктивните мерки на блокот.

Советот на ЕУ на 25 минатиот месец одлучи на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда да ги додаде Мохамед Ибрахим ал-Шафи Ал Салем, познат како Аба Ал-Сахрави, кој е лидер на групата Исламска држава – Провинција Сахел, што оперира во пограничните област меѓу Буркина Фасо, Нигер и Мали, кои и организацијата Ослободителен фронт на Мацина (Катиба Мацина), која е поврзана со огранокот на Ал Каеда во реонот на Сахел, Група за поддршка на Исламот и муслиманите (ЈНИМ). Катиба Мацина дејствува во централниот дел на Мали, како и во Нигер и Буркина Фасо.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда се наоѓаат вкупно 15 поединци и шест групи. Ним им е замрзнат имотот, а на лица и субјекти од ЕУ им се забранува да им ставаат на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забранет влез на територијата на ЕУ.

Лани на 23 октомври, Советот на ЕУ го продолжи Механизмот на рестриктивни мерки против ИД, Ал Каеда и физички лица, групи, компании и субјекти поврзани со нив, за уште една година до 31 октомври 2024 година.

The post Борел: Македонија и девет други земји се усогласија со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда appeared first on Република.

]]>

Земјите кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, членките на ЕФТА и Европската економска област - Исланд и Лихтенштајн, како и Ерменија, се усогласија со Одлуката на Советот на ЕУ од 25 март 2024 година за додавање на едно лице и една група на листата на поединци, организации, компании и субјекти кои се предмет на санкции поради поврзаност со терористичките групи Исламска држава (ИД) и Ал Каеда, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат усогласени со оваа Одлука на Советот. Европската Унија ја нотира и ја поздравува оваа заложба, се наведува во изјавата на Борел во име на ЕУ по повод усогласувањето на 10-те држави со рестриктивните мерки на блокот. Советот на ЕУ на 25 минатиот месец одлучи на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда да ги додаде Мохамед Ибрахим ал-Шафи Ал Салем, познат како Аба Ал-Сахрави, кој е лидер на групата Исламска држава – Провинција Сахел, што оперира во пограничните област меѓу Буркина Фасо, Нигер и Мали, кои и организацијата Ослободителен фронт на Мацина (Катиба Мацина), која е поврзана со огранокот на Ал Каеда во реонот на Сахел, Група за поддршка на Исламот и муслиманите (ЈНИМ). Катиба Мацина дејствува во централниот дел на Мали, како и во Нигер и Буркина Фасо. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда се наоѓаат вкупно 15 поединци и шест групи. Ним им е замрзнат имотот, а на лица и субјекти од ЕУ им се забранува да им ставаат на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забранет влез на територијата на ЕУ. Лани на 23 октомври, Советот на ЕУ го продолжи Механизмот на рестриктивни мерки против ИД, Ал Каеда и физички лица, групи, компании и субјекти поврзани со нив, за уште една година до 31 октомври 2024 година.

The post Борел: Македонија и девет други земји се усогласија со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда appeared first on Република.

]]>
Турција апси лица поврзани со ИД , досега приведени 147 осомничени во 30 турски провинции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-apsi-litsa-povrzani-so-id-dosega-privedeni-147-osomnicheni-vo-30-turski-provintsii/ Tue, 26 Mar 2024 09:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=758799

Турските власти уапсија 147 лица под сомнение дека се поврзани со Исламската држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој во објава на платформата „Х“ наведе дека полицијата уапсила осомничени во истовремени операции во повеќе од 30 турски провинции.

Јерликаја додаде дека осомничените биле активни во рамките на Исламската држава, дека учествувале во вооружени конфликти со членовите на таа група и дека помагале во нејзиното финансирање.

The post Турција апси лица поврзани со ИД , досега приведени 147 осомничени во 30 турски провинции appeared first on Република.

]]>

Турските власти уапсија 147 лица под сомнение дека се поврзани со Исламската држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој во објава на платформата „Х“ наведе дека полицијата уапсила осомничени во истовремени операции во повеќе од 30 турски провинции. Јерликаја додаде дека осомничените биле активни во рамките на Исламската држава, дека учествувале во вооружени конфликти со членовите на таа група и дека помагале во нејзиното финансирање.

The post Турција апси лица поврзани со ИД , досега приведени 147 осомничени во 30 турски провинции appeared first on Република.

]]>