ID Wallet Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/id-wallet/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 11:46:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ID Wallet Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/id-wallet/ 32 32 Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ja-najavi-prvata-mobilna-aplikatsija-za-lichni-dokumenti-i-uslugi/ Wed, 09 Oct 2024 11:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=824601

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска во новите простории на Министерството за дигитална трансформација пред медиумите и граѓаните го презентира сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада.

Министерот Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI. „Аплицираме на програма на Европската Унија, која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од иницијативата „Дигитална Европа“. ELI ќе биде револуција во пристапот до јавните услуги“, изјави Андоновски.

Андоновски најави дека секој граѓанин ќе има пристап до административните услуги директно преку својот мобилен телефон.

Во рамките на овој проект се работи на воведување дигитална верзија на лични карти и возачки дозволи, познати како мобилен паричник (ID Wallet). Дигиталниот паричник ќе претставува револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услуги.

Андоновски најави и дека Министерството работи на целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk.

„Свесни дека постојниот изглед на порталот за е-услуги не ги исполнува целосно потребите на граѓаните се зафативме со сериозни негови подобрувања. За кратко време ќе имаме обновен портал за услуги со изглед кој е поинтуитивен и полесен за користење, кој ќе понуди нови функционалности и пристапност за лицата со попреченост и нови услуги и ќе се осигураме дека тие одговараат на реалните потреби на граѓаните“, истакна Андоновски. „Веруваме дека со овие подобрувања ќе создадеме портал што навистина ќе ги задоволува потребите на нашите граѓани и ќе прерасне во едноставна и единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите“, потенцира Андоновски.

Во своето излагање Андоновски најави и 100 нови електронски услуги во 2025 година, достапни на порталот за услуги.

The post Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и услуги appeared first on Република.

]]>

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска во новите простории на Министерството за дигитална трансформација пред медиумите и граѓаните го презентира сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада. Министерот Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI. „Аплицираме на програма на Европската Унија, која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од иницијативата „Дигитална Европа“. ELI ќе биде револуција во пристапот до јавните услуги“, изјави Андоновски. Андоновски најави дека секој граѓанин ќе има пристап до административните услуги директно преку својот мобилен телефон. Во рамките на овој проект се работи на воведување дигитална верзија на лични карти и возачки дозволи, познати како мобилен паричник (ID Wallet). Дигиталниот паричник ќе претставува револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услуги. Андоновски најави и дека Министерството работи на целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk.