Ибни Пајко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ibni-pajko/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 09:44:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ибни Пајко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ibni-pajko/ 32 32 Целодневен хепенинг во паркот „Ибни Пајко“ за Меѓународниот ден на џезот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tselodneven-hepening-vo-parkot-ibni-pajko-za-megunarodniot-den-na-dhezot/ Fri, 26 Apr 2024 09:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=771313

На 30. април, во паркот „Ибни Пајко," со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на целодневен џез хепенинг со кој Националниот џез оркестар се приклучува кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.

Годинава на сцената ќе ги видиме следните артисти:
Сашко Николовски Септет (МК)
Фани Поса Квартет (ХУ/СРБ/ДЕ)
Гоце Стевковски - Богданци Реунион квартет (МК)
Лана Јањанин Квартет (ХР)
Џијан Емин и Магичниот оркестар (МК)
Карлос Сардуј Грув Месинџерс (КУБА).

На настапите им претходи работилницата Џез за деца која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат музичките инструменти кои се користат во нашиот оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција.

Оваа меѓународна манифестација, поддржана од Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговата иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање, и зајакнување на меѓународната соработка и комуникација.

Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.

The post Целодневен хепенинг во паркот „Ибни Пајко“ за Меѓународниот ден на џезот appeared first on Република.

]]>

На 30. април, во паркот „Ибни Пајко," со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на целодневен џез хепенинг со кој Националниот џез оркестар се приклучува кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот. Годинава на сцената ќе ги видиме следните артисти: Сашко Николовски Септет (МК) Фани Поса Квартет (ХУ/СРБ/ДЕ) Гоце Стевковски - Богданци Реунион квартет (МК) Лана Јањанин Квартет (ХР) Џијан Емин и Магичниот оркестар (МК) Карлос Сардуј Грув Месинџерс (КУБА). На настапите им претходи работилницата Џез за деца која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат музичките инструменти кои се користат во нашиот оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција. Оваа меѓународна манифестација, поддржана од Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговата иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање, и зајакнување на меѓународната соработка и комуникација. Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.  

The post Целодневен хепенинг во паркот „Ибни Пајко“ за Меѓународниот ден на џезот appeared first on Република.

]]>
Со концерт на евергрини во паркот„Ибни Пајко“, започнува „Скопје во пет и седумнаесет“, по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-kontsert-na-evergrini-vo-parkot-ibni-pajko-zapochnuva-skopje-vo-pet-i-sedumnaeset-po-povod-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/ Mon, 24 Jul 2023 14:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=664789

Со низа културни настани во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, Министерството за култура се вклучува во одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, како потсетник за тоа што не смее да се заборави. 

Официјалната програма на „Скопје во пет и седумнаесет“ започнува со вечерен концерт на 25 јули (вторник), од 21 часот, во паркот „Ибни Пајко“, на кој ќе настапат: Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Скопјани и сите љубители на македонските евергрин- композиции ќе се потсетат на најубавите песни и стихови посветени и на градот бидејќи: „Таму крај Вардар свои води точи и лично Водно шири свој мил лик, таму е Скопје, град мој убав личен што ми расцуте сни“.

Во Музејот на современата уметност на 26 јули (среда) ќе биде отворена дигиталната изложбана Државниот архив „Подемот и падот на Скопје“, преку фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 50-тите години на 20 век. Видеоматеријалот содржи над 300 фотографии и документи за денот на земјотресот и за сите случувања до крајот на годината – доаѓањето на армијата, обновата на градот со донации од југословенските републики и од целиот свет, деновите на солидарноста и сите официјални посети на државни претставници. В среда(26 јули) во МСУ граѓаните ќе имаат можност да ја видат изложбата во периодот од 10 до 13 часот и од 15 до 17 часот. Ја покануваме пошироката јавност да ја посети изложбата која ќе ѝ побуди сеќавања и емоции за времето во Скопје по земјотресот пред 60 години.

На 26 јули, со проекција на избор од кратки филмски журнали на „Филмски новости“ по повод земјотресот во Скопје,со почеток во 18 часот, како и со премиерна проекција на дигитализираниот филм „Мементо“ на Димитрие Османли во 20 часот, Кинотеката на Република Македонија ќе се приклучи кон одбележувањето на овој значаен ден, кој пред 60 години го промени животот на овој град.

Вечерта на 26 јули, со почеток во 20 часот, во Шалтер салата на Пошта и на зградата на Телекомуникацискиот центар, креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ ќе изведе аудиовизуелни инсталации со ласерска проекција и 3Д-мапирање како илустративен приказ на  земјотресот и на обновата. Истовремено, на локации на Скопското кале и на високите кули во Карпош 1 и 2 ќе има визуелна проекција со 3Д-мапирање. 

Во партнерство со „Телеком“, истиот ден, дел од видеоинсертите од филмски журнали на „Филмски новости“ ќе одат и на видеоѕидот на „Телеком“ на плоштадот „Македонија“. Филмовите ќе имаат проекција и на видеоѕидот кај Националната  опера и балет, со почеток во 20 часот, а во трговскиот центар „Ист гејт“ во текот на целиот ден. Видеоинсертите ќе бидат прикажани и во МСУ. 

На 26 јули во Музејот на Град Скопје, кој претставува еден од највпечатливите потсетници за скопскиот земјотрес, ќе се одржи мултимедијалниот настан на Терапија –„Зборувај за Скопје“, кој содржи: ликовни изложби, проекции на филмови, визуелна уметност и музичка програма, клупска музика, настан за урбаното и модерно Скопје. Повозрасните ќе се потсетат на минатиот век, а помладите на уникатен начин ќе се запознаат со животот на старо Скопје. Изложбата ќе биде отворена на 26, 27 и 28 јули.

The post Со концерт на евергрини во паркот„Ибни Пајко“, започнува „Скопје во пет и седумнаесет“, по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-vo-temnica-vo-skopsko-maalo-za-vladata-e-dostoinstvena/ Fri, 09 Sep 2022 12:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=549102

„Во целата држава со многубројни музички манифестации и културни настани достојно се чествуваше и се одбележа Денот на независноста – 8 Септември“-сметаат од Владата.

Ваквата реакција од Владата откако во медиумите имаше бројни реакции за тоа како беше прославен денот на независноста-„8 септември“.

Прославата беше во паркот „Ибни Пајко“ пред стотина граѓани кои гледаа скромна прослава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-proslavi-denot-na-nezavisnosta-vo-tesno-uliche/

Во првите редови беа премиерот Ковачевски и претседателката на Уставниот суд со неколкумина министри и пратеници.

Граѓаните се уште се сеќаваат на прославата во 2011 година кога се славеше 20 години од независноста. Тогаш на плоштадот „Македонија“ се собраа околку 50.000 граѓани.

The post Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! appeared first on Република.

]]>

„Во целата држава со многубројни музички манифестации и културни настани достојно се чествуваше и се одбележа Денот на независноста – 8 Септември“-сметаат од Владата.
Ваквата реакција од Владата откако во медиумите имаше бројни реакции за тоа како беше прославен денот на независноста-„8 септември“. Прославата беше во паркот „Ибни Пајко“ пред стотина граѓани кои гледаа скромна прослава. https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-proslavi-denot-na-nezavisnosta-vo-tesno-uliche/ Во првите редови беа премиерот Ковачевски и претседателката на Уставниот суд со неколкумина министри и пратеници. Граѓаните се уште се сеќаваат на прославата во 2011 година кога се славеше 20 години од независноста. Тогаш на плоштадот „Македонија“ се собраа околку 50.000 граѓани.  

The post Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! appeared first on Република.

]]>