Ибар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ibar/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 18:11:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ибар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ibar/ 32 32 Амбасадорот на Германија во Косово: Во моментов не може да стане збор за отворање на мостот на Ибар во Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadorot-na-germanija-vo-kosovo-vo-momentov-ne-mozhe-da-stane-zbor-za-otvorane-na-mostot-na-ibar-vo-mitrovitsa/ Sat, 24 Aug 2024 19:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=809830

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, го повтори ставот на неговата држава во однос на мостот на реката Ибар во Митровица, оценувајќи дека сегашната безбедносна ситуација не оди во прилог на отворање на мостот кој го дели градот на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со српско мнозинство, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за јавната косовска телевизија, РТК, Роде изјави дека, иако постои договор постигнат пред извесно време за отворање на мостот, постои ризик од тензии доколку тоа се направи во овој момент.

Со Владата на Косово бевме многу јасни. Секако дека и ние имаме исти цели како и Владата, сите минати договори да се спроведат. А, има уште една одлука од овие договори која мора да се спроведе и тоа е постигнатиот договор за отворање на мостот на реката Ибар. Но, времето не е сега, знаете, постои ризик од тензија таму“, рече Роде.

Германскиот амбасадор додаде дека се потребни консултации меѓу Владата на Косово и Западот и дека мостот на Ибар може да се отвори само кога ќе се оцени дека има сигурносни услови тоа да се случи.

Сега мора да има процес, мора да има консултации, но во моментов не станува збор за отворање. Ова ѝ го соопштивме на Владата. Јасно ми е дека мостот треба да се отвори, но потребен ни е дијалог меѓу Владата и Западот, оценката на моменталната безбедносна состојба јасно покажува дека не е време да се отвори мостот. Се додека мислиме дека не е вистинскиот момент да се отвори мостот, мора да останеме во сегашната ситуација“, изјави Роде.

Ден претходно германскиот дипломат се сретна со косовскиот премиер, Албин Курти. Според соопштението на Владата, „на средбата се разговарало за билатералните односи, соработката во развојни проекти меѓу Република Косово и Германија, како и за актуелните случувања и теми во земјата“.

Во втората недела од август, косовските власти започнаа со тестирање на мостот како дел од планот тој да се отвори за сообраќај на возила, освен за пешаци, како што е моментно. На планот се спротивставија земјите сојузнички на Косово, меѓу кои САД, Германија и други. По реакциите, Курти рече дека разговорите и координациите за ова прашање ќе продолжат.

The post Амбасадорот на Германија во Косово: Во моментов не може да стане збор за отворање на мостот на Ибар во Митровица appeared first on Република.

]]>

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, го повтори ставот на неговата држава во однос на мостот на реката Ибар во Митровица, оценувајќи дека сегашната безбедносна ситуација не оди во прилог на отворање на мостот кој го дели градот на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со српско мнозинство, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за јавната косовска телевизија, РТК, Роде изјави дека, иако постои договор постигнат пред извесно време за отворање на мостот, постои ризик од тензии доколку тоа се направи во овој момент.
Со Владата на Косово бевме многу јасни. Секако дека и ние имаме исти цели како и Владата, сите минати договори да се спроведат. А, има уште една одлука од овие договори која мора да се спроведе и тоа е постигнатиот договор за отворање на мостот на реката Ибар. Но, времето не е сега, знаете, постои ризик од тензија таму“, рече Роде.
Германскиот амбасадор додаде дека се потребни консултации меѓу Владата на Косово и Западот и дека мостот на Ибар може да се отвори само кога ќе се оцени дека има сигурносни услови тоа да се случи.
Сега мора да има процес, мора да има консултации, но во моментов не станува збор за отворање. Ова ѝ го соопштивме на Владата. Јасно ми е дека мостот треба да се отвори, но потребен ни е дијалог меѓу Владата и Западот, оценката на моменталната безбедносна состојба јасно покажува дека не е време да се отвори мостот. Се додека мислиме дека не е вистинскиот момент да се отвори мостот, мора да останеме во сегашната ситуација“, изјави Роде.
Ден претходно германскиот дипломат се сретна со косовскиот премиер, Албин Курти. Според соопштението на Владата, „на средбата се разговарало за билатералните односи, соработката во развојни проекти меѓу Република Косово и Германија, како и за актуелните случувања и теми во земјата“. Во втората недела од август, косовските власти започнаа со тестирање на мостот како дел од планот тој да се отвори за сообраќај на возила, освен за пешаци, како што е моментно. На планот се спротивставија земјите сојузнички на Косово, меѓу кои САД, Германија и други. По реакциите, Курти рече дека разговорите и координациите за ова прашање ќе продолжат.

The post Амбасадорот на Германија во Косово: Во моментов не може да стане збор за отворање на мостот на Ибар во Митровица appeared first on Република.

]]>
Османи се налути на Стано: Изјавите за мостот на Ибар се расистички, дијалогот со Србија за тоа е противуставен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-se-naluti-na-stano-izjavite-za-mostot-na-ibar-se-rasistichki-dijalogot-so-srbija-za-toa-e-protivustaven/ Thu, 15 Aug 2024 12:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=806917

Косовската претседателка, Вјоса Османи вели дека изјавите на портпаролот на Европската унија, Петер Стано во врска со отворањето на мостот на реката Ибар, се „расистички“ и доколку се постапи како што тој бара, односно прашањето да се разговара со Србија, тоа ќе биде против Уставот и против суверенитетот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Стано деновиве изјави дека доколку властите во Приштина преземат еднострани дејствија за отворање на мосотот кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со мнозинство Срби, Европската унија може да преземе дополнителни санкции кон Косово.

Косовската претседателка за време на денешниот престој во Липјан, пред новинарите изјави дека Словакот Стано не ги прашува соседните земји кога поминува некој мост во неговата земја, па следствено, порача таа, ни Србија не треба да се прашува за мост на територијата на Косово.

Што се однесува до ЕУ, изјавите на портпаролот на овие институции се пред се расистички, така што не верувам дека заслужуваат поголемо внимание од моја страна. Јас цело време зборував против тие нивни расистички изјави. Нема никаква причина и јас на секој начин се противам на дискусијата во Брисел за прашањето за отворање на мостот. Немаме што да ја прашуваме Србија, исто како и овој портпарол - мислам дека е од Словачка - кој не прашува ниту една од соседните земји кога го поминува сопствениот мост. Значи, нема што да се прашува Србија за мост на територијата на Република Косово, рече Османи.

Таа порача дека никој во Косово „не смее да прифати дијалог со Србија на оваа тема“, а координацијата со сојузниците е пред сé во интерес на Косово.

Ова (дијалогот со Белград) би било против уставот и против суверенитетот на Косово, но дијалогот со нашите спасители, не само што е потребен и неопходен, туку пред сé е во наш интерес, рече Османи.

The post Османи се налути на Стано: Изјавите за мостот на Ибар се расистички, дијалогот со Србија за тоа е противуставен appeared first on Република.

]]>

Косовската претседателка, Вјоса Османи вели дека изјавите на портпаролот на Европската унија, Петер Стано во врска со отворањето на мостот на реката Ибар, се „расистички“ и доколку се постапи како што тој бара, односно прашањето да се разговара со Србија, тоа ќе биде против Уставот и против суверенитетот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Стано деновиве изјави дека доколку властите во Приштина преземат еднострани дејствија за отворање на мосотот кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со мнозинство Срби, Европската унија може да преземе дополнителни санкции кон Косово. Косовската претседателка за време на денешниот престој во Липјан, пред новинарите изјави дека Словакот Стано не ги прашува соседните земји кога поминува некој мост во неговата земја, па следствено, порача таа, ни Србија не треба да се прашува за мост на територијата на Косово. Што се однесува до ЕУ, изјавите на портпаролот на овие институции се пред се расистички, така што не верувам дека заслужуваат поголемо внимание од моја страна. Јас цело време зборував против тие нивни расистички изјави. Нема никаква причина и јас на секој начин се противам на дискусијата во Брисел за прашањето за отворање на мостот. Немаме што да ја прашуваме Србија, исто како и овој портпарол - мислам дека е од Словачка - кој не прашува ниту една од соседните земји кога го поминува сопствениот мост. Значи, нема што да се прашува Србија за мост на територијата на Република Косово, рече Османи. Таа порача дека никој во Косово „не смее да прифати дијалог со Србија на оваа тема“, а координацијата со сојузниците е пред сé во интерес на Косово. Ова (дијалогот со Белград) би било против уставот и против суверенитетот на Косово, но дијалогот со нашите спасители, не само што е потребен и неопходен, туку пред сé е во наш интерес, рече Османи.

The post Османи се налути на Стано: Изјавите за мостот на Ибар се расистички, дијалогот со Србија за тоа е противуставен appeared first on Република.

]]>