И јас сум Сирма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/i-jas-sum-sirma/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 13:49:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png И јас сум Сирма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/i-jas-sum-sirma/ 32 32 Книгата „И јас сум Сирма“ ја пишував со смеа и солзи, кажа на промоцијата авторот Зоран Спасов Ѕоф https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigata-i-jas-sum-sirma-ja-pishuvav-so-smea-i-solzi-kazha-na-promotsijata-avtorot-zoran-spasov-zof/ Fri, 15 Nov 2024 13:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=838160

„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никого нема да остави рамнодушен.
Со овие зборови вчеравечер (14 ноември) во преполниот Младинскиот културен центар – Скопје беше претставен новиот, и досега најсложен и најсериозен роман на популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“. Кон книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа промоторката Татјана Алексиќ и уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

Ова е петта книга на Зоран Спасов Sоф во издание на „Арс Ламина“, по хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Во своето обраќање Ѕоф истакна дека Сирма е всушност симбол за Македонија, а „И јас сум Сирма“ е приказна за Македонија.

- Сирма напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. Не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат... Книгата има многу слоеви. Има многу пораки меѓу редови и многу ликови. Една од ретките книги каде што на едно место ги има Страшо Пинџур, Нострадамус, Невена Георгиева-Дуња, Данте Алигери, Ибе Паликуќа и други... и се сместени на местото каде што припаѓаат. Еден од рецензентите на книгата ме праша како успеав една долга историја од 3000 страни, да ја спакувам во 200 страници... Но, книгата е проследена и со веб-сајт ijassumsirma.mk каде што се објавени рецензиите и сите материјали поврзани со книгата, а има и проверка на фактите во книгата. Факти што не му се познати на Македонецот. Ќе се зачудат читателите како јас некои луѓе, кои се антихерои, ги носам на пиедестал, како големи Македонци, а имам и некои „величини“ кои малку ги имам намалено... Во книгата ве чекаат многу изненадувања –пријатни и непријатни, ако не се расплачеш, не си човек, и ако не се намееш –пак не си човек... така ја пишував, со смеа и солзи – рече Ѕоф.

Одамна имал желба да напише книга за Сирма Војвода, која ја смета за олицетворение на непокор, рамо до рамо со Роза Луксембург, Клара Цеткин, или Милунка Савиќ. Според него Сирма е трагичен лик, со трагична судбина, како што е трагична судбината на Македонија.

Уредничката на книгата Татјана Димовска-Атанасова истакна дека „И јас сум Сирма“ е најамбициозното дело на Зоран Спасов Ѕоф досега. Станува збор за своевиден книжевен експеримент, што може да се перципира како хибрид, фрагментарен роман или пак, како збирка раскази што може да се читаат засебно и без одреден редослед. Жанровски е ситуиран како историска фикција со примеси на драма, политички трилер, сатира, магичен реализам и дистопија.

Она што најпрецизно би ја дефинирало оваа книга е книжевен пачворк. Авторот зема парчиња од нашата историја, од сосем различни временски контексти и педантно ги пришива едно за друго со една заедничка нишка – ликот на Сирма Војвода. Навидум неповрзани меѓу себе, приказните во романот се слеваат во еден вид наративен кластер кон центарот на романот - Сирма. Користејќи се со социјални типови, преместување на перспективата, инверзија и иронија, Ѕоф ги карикира колективните митови, си поигрува и се пресметува со стереотипите и со сето она што е типично за ова општествено-политичко и историско милје. Романот е импресивна вивисекција на македонскиот дух прикажана преку внатрешна и надворешна фокализација на главната хероина Сирма, која авторот ја издига на ниво на митолошка парадигма - синоним за сила, истрајност, храброст, бескомпромисност, но пред сè синоним за Македонија – рече Димовска-Атанасова.

Промоторката на книгата Татјана Алексиќ рече дека „сите ние, помалку или повеќе, сме Сирми“.

Мерак ми е што вечерва и јас сум Сирма! Сите ние сме Сирми. Ова не е омаж за Сирма, туку женски родослов... Сите ние, помалку или повеќе сме Сирми, и треба да ѝ се поклониме, како што Sоф, писател и женољубец со култ кон македонската жена, им се поклони - оживувајќи ја Сирма, во еден современ роман - сага, приказна во приказна, затоа што „сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни“, што би рекол генијалниот Горан Стефановски, со кого нашиот ткаач на приказни Sоф, го почнува второто поглавје на романот „И јас сум Сирма“. Можете да го читате романот од напред од средина, а и од назад... како Хазарски речник. Хронологијата нема свој крај во романот, како ни идеологијата на Сирма. Да напишеш ваков роман фикција, фузија од историски факти и митови, среќа и горчина, реалност и фантазија, треба да си начитан, наслушан, нагледан, нашетан и наигран. Да си доообар играч на полето (терен) на културата. Не мора да си најаден и напиен, затоа што испишаните страници се храна и вино. Дегустаторите на романот ,,И јас сум Сирма" ќе имаат сервирана богата трпеза на пикантерии од далечното минато, поблиското минато и блиската иднина, без да почувствуваат дека се во сегашноста, качени на временската машина ала автобусот од филмот „Ко то тамо пева“ - рече Алексиќ.

Специјална гостинка на настанот беше младата актерка Јована Спасиќ, која беше во улога на Сирма. Со доза на драматичност, хумор и сарказам таа ја „оживеа“ Сирма на бината во денсинг-салата на МКЦ, претставувајќи ја истовремено нејзината храброст и сила, но и нежност и убавина. По промоцијата, забавата продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“, кој изведе познати рок и поп-нумери од домашната и светската сцена.

Како што беше случајот со претходните книги, така и со новата – заработката од продажбата на „И јас сум Сирма“, Ѕоф ќе ја донира во хумани цели. Вчера на Детската клиника во Скопје беше отворена библиотеката „Соба на бајките“ – донација на Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“. Библиотеката е направена и опремена со средства од продажбата на претходната хит-книга на Ѕоф – „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Во библиотеката се застапени околу 100 книги за деца, сликовници, читанки и лектири на македонски и на албански јазик. Со оваа донација Ѕоф и „Арс Ламина“ ја продолжуваат заедничката мисија да им помогнат на најранливите категории, особено на децата.

The post Книгата „И јас сум Сирма“ ја пишував со смеа и солзи, кажа на промоцијата авторот Зоран Спасов Ѕоф appeared first on Република.

]]>

„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никого нема да остави рамнодушен. Со овие зборови вчеравечер (14 ноември) во преполниот Младинскиот културен центар – Скопје беше претставен новиот, и досега најсложен и најсериозен роман на популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“. Кон книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа промоторката Татјана Алексиќ и уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Ова е петта книга на Зоран Спасов Sоф во издание на „Арс Ламина“, по хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Во своето обраќање Ѕоф истакна дека Сирма е всушност симбол за Македонија, а „И јас сум Сирма“ е приказна за Македонија.
- Сирма напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. Не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат... Книгата има многу слоеви. Има многу пораки меѓу редови и многу ликови. Една од ретките книги каде што на едно место ги има Страшо Пинџур, Нострадамус, Невена Георгиева-Дуња, Данте Алигери, Ибе Паликуќа и други... и се сместени на местото каде што припаѓаат. Еден од рецензентите на книгата ме праша како успеав една долга историја од 3000 страни, да ја спакувам во 200 страници... Но, книгата е проследена и со веб-сајт ijassumsirma.mk каде што се објавени рецензиите и сите материјали поврзани со книгата, а има и проверка на фактите во книгата. Факти што не му се познати на Македонецот. Ќе се зачудат читателите како јас некои луѓе, кои се антихерои, ги носам на пиедестал, како големи Македонци, а имам и некои „величини“ кои малку ги имам намалено... Во книгата ве чекаат многу изненадувања –пријатни и непријатни, ако не се расплачеш, не си човек, и ако не се намееш –пак не си човек... така ја пишував, со смеа и солзи – рече Ѕоф.
Одамна имал желба да напише книга за Сирма Војвода, која ја смета за олицетворение на непокор, рамо до рамо со Роза Луксембург, Клара Цеткин, или Милунка Савиќ. Според него Сирма е трагичен лик, со трагична судбина, како што е трагична судбината на Македонија. Уредничката на книгата Татјана Димовска-Атанасова истакна дека „И јас сум Сирма“ е најамбициозното дело на Зоран Спасов Ѕоф досега. Станува збор за своевиден книжевен експеримент, што може да се перципира како хибрид, фрагментарен роман или пак, како збирка раскази што може да се читаат засебно и без одреден редослед. Жанровски е ситуиран како историска фикција со примеси на драма, политички трилер, сатира, магичен реализам и дистопија.
Она што најпрецизно би ја дефинирало оваа книга е книжевен пачворк. Авторот зема парчиња од нашата историја, од сосем различни временски контексти и педантно ги пришива едно за друго со една заедничка нишка – ликот на Сирма Војвода. Навидум неповрзани меѓу себе, приказните во романот се слеваат во еден вид наративен кластер кон центарот на романот - Сирма. Користејќи се со социјални типови, преместување на перспективата, инверзија и иронија, Ѕоф ги карикира колективните митови, си поигрува и се пресметува со стереотипите и со сето она што е типично за ова општествено-политичко и историско милје. Романот е импресивна вивисекција на македонскиот дух прикажана преку внатрешна и надворешна фокализација на главната хероина Сирма, која авторот ја издига на ниво на митолошка парадигма - синоним за сила, истрајност, храброст, бескомпромисност, но пред сè синоним за Македонија – рече Димовска-Атанасова.
Промоторката на книгата Татјана Алексиќ рече дека „сите ние, помалку или повеќе, сме Сирми“.
Мерак ми е што вечерва и јас сум Сирма! Сите ние сме Сирми. Ова не е омаж за Сирма, туку женски родослов... Сите ние, помалку или повеќе сме Сирми, и треба да ѝ се поклониме, како што Sоф, писател и женољубец со култ кон македонската жена, им се поклони - оживувајќи ја Сирма, во еден современ роман - сага, приказна во приказна, затоа што „сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни“, што би рекол генијалниот Горан Стефановски, со кого нашиот ткаач на приказни Sоф, го почнува второто поглавје на романот „И јас сум Сирма“. Можете да го читате романот од напред од средина, а и од назад... како Хазарски речник. Хронологијата нема свој крај во романот, како ни идеологијата на Сирма. Да напишеш ваков роман фикција, фузија од историски факти и митови, среќа и горчина, реалност и фантазија, треба да си начитан, наслушан, нагледан, нашетан и наигран. Да си доообар играч на полето (терен) на културата. Не мора да си најаден и напиен, затоа што испишаните страници се храна и вино. Дегустаторите на романот ,,И јас сум Сирма" ќе имаат сервирана богата трпеза на пикантерии од далечното минато, поблиското минато и блиската иднина, без да почувствуваат дека се во сегашноста, качени на временската машина ала автобусот од филмот „Ко то тамо пева“ - рече Алексиќ.
Специјална гостинка на настанот беше младата актерка Јована Спасиќ, која беше во улога на Сирма. Со доза на драматичност, хумор и сарказам таа ја „оживеа“ Сирма на бината во денсинг-салата на МКЦ, претставувајќи ја истовремено нејзината храброст и сила, но и нежност и убавина. По промоцијата, забавата продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“, кој изведе познати рок и поп-нумери од домашната и светската сцена. Како што беше случајот со претходните книги, така и со новата – заработката од продажбата на „И јас сум Сирма“, Ѕоф ќе ја донира во хумани цели. Вчера на Детската клиника во Скопје беше отворена библиотеката „Соба на бајките“ – донација на Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“. Библиотеката е направена и опремена со средства од продажбата на претходната хит-книга на Ѕоф – „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Во библиотеката се застапени околу 100 книги за деца, сликовници, читанки и лектири на македонски и на албански јазик. Со оваа донација Ѕоф и „Арс Ламина“ ја продолжуваат заедничката мисија да им помогнат на најранливите категории, особено на децата.

The post Книгата „И јас сум Сирма“ ја пишував со смеа и солзи, кажа на промоцијата авторот Зоран Спасов Ѕоф appeared first on Република.

]]>
Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-i-jas-sum-sirma-od-zoran-spasov-sof-vo-mkts/ Thu, 14 Nov 2024 09:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=837478

Новиот роман од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, забавата ќе продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“.

- „И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени. За некои од ликовите можеби не сте чуле или, пак, имате погрешна слика, но сите тие се јунаци. Драг читателу, ти можеш да кажеш дека ништо од ова не е точно, но нема да можеш да не ја дочиташ книгава докрај, затоа што цел живот ќе ти ја јаде душата. Однатре. Тивко, полека, наведуваат од „Арс Ламина – публикации“.

Зоран Спасов Sоф е познат скопски лик, филантроп и автор на хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Важи за еден од најпродаваните автори во книжарниците „Литератира.мк“.са/

The post Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Новиот роман од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, забавата ќе продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“. - „И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени. За некои од ликовите можеби не сте чуле или, пак, имате погрешна слика, но сите тие се јунаци. Драг читателу, ти можеш да кажеш дека ништо од ова не е точно, но нема да можеш да не ја дочиташ книгава докрај, затоа што цел живот ќе ти ја јаде душата. Однатре. Тивко, полека, наведуваат од „Арс Ламина – публикации“. Зоран Спасов Sоф е познат скопски лик, филантроп и автор на хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Важи за еден од најпродаваните автори во книжарниците „Литератира.мк“.са/  

The post Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Утре во МКЦ промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utre-vo-mkts-promotsija-na-i-jas-sum-sirma-od-zoran-spasov-sof/ Wed, 13 Nov 2024 11:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=837132

Новиот роман од популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран утре (14 ноември, четврток) во 20 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, забавата ќе продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“.

„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени. За некои од ликовите можеби не сте чуле или, пак, имате погрешна слика, но сите тие се јунаци. Драг читателу, ти можеш да кажеш дека ништо од ова не е точно, но нема да можеш да не ја дочиташ книгава докрај, затоа што цел живот ќе ти ја јаде душата. Однатре. Тивко, полека.

Зоран Спасов Sоф е познат скопски лик, филантроп и автор на хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Важи за еден од најпродаваните автори во книжарниците „Литератира.мк“.

The post Утре во МКЦ промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф appeared first on Република.

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novata-kniga-od-zoran-spasov-sof-i-jas-sum-sirma-ke-bide-promovirana-vo-mkts/ Fri, 08 Nov 2024 11:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=835510

Новиот роман од популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран на 14 ноември (четврток) во 20 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, забавата ќе продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“.

„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени. За некои од ликовите можеби не сте чуле или, пак, имате погрешна слика, но сите тие се јунаци. Драг читателу, ти можеш да кажеш дека ништо од ова не е точно, но нема да можеш да не ја дочиташ книгава докрај, затоа што цел живот ќе ти ја јаде душата. Однатре. Тивко, полека.

Зоран Спасов Sоф е познат скопски лик, филантроп и автор на хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Важи за еден од најпродаваните автори во книжарниците „Литератира.мк“.

The post Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ appeared first on Република.