хуманитарни цели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitarni-tseli/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 08:23:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хуманитарни цели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitarni-tseli/ 32 32 Томи Стефановски ќе плива 15 километри во Охридското Езеро за хуманитарни цели https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tomi-stefanovski-ke-pliva-15-kilometri-vo-ohridskoto-ezero-za-humanitarni-tseli/ Wed, 14 Aug 2024 08:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=806383

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски денеска организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ по повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат за препливување во Охридското Езеро е во должина од 15 километри.

Стефановски ќе стартува во 10 часот и 30 минути од хотел Десарет во месноста Пештани, ќе плива до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште.

Стефановски ги повикува сите хумани луѓе да донираат за подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.

Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чувствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.

На 14 август 2009 година, Стефановски го преплива каналот Ла Манш по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Македонецот Нико Нестор (1958) и 40- годишнината од препливување на првата Македонка, Атина Бојаџи (1969). Потфатот на Стефановски тогаш траеше цели 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13-ти на вечната листа во 149-годишната историја на препливување на каналот.

Овој хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација ИТК Македонија – Скопје и Охридскиот пливачки маратон.

 

The post Томи Стефановски ќе плива 15 километри во Охридското Езеро за хуманитарни цели appeared first on Република.

]]>

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски денеска организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ по повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат за препливување во Охридското Езеро е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10 часот и 30 минути од хотел Десарет во месноста Пештани, ќе плива до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште. Стефановски ги повикува сите хумани луѓе да донираат за подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.
Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чувствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.
На 14 август 2009 година, Стефановски го преплива каналот Ла Манш по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Македонецот Нико Нестор (1958) и 40- годишнината од препливување на првата Македонка, Атина Бојаџи (1969). Потфатот на Стефановски тогаш траеше цели 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13-ти на вечната листа во 149-годишната историја на препливување на каналот. Овој хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација ИТК Македонија – Скопје и Охридскиот пливачки маратон.  

The post Томи Стефановски ќе плива 15 километри во Охридското Езеро за хуманитарни цели appeared first on Република.

]]>