хуманитарна криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitarna-kriza/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Oct 2023 11:15:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хуманитарна криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitarna-kriza/ 32 32 Според израелската амбасадорка во Лондон во Газа нема хуманитарна криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/spored-izraelskata-ambasadorka-vo-london-vo-gaza-nema-humanitarna-kriza/ Mon, 16 Oct 2023 11:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=691683

Амбасадорката на Израел во Обединетото Кралство Ципи Хотовели оцени дека нема хуманитарна криза во Газа, иако комесарот на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини предупреди дека хуманитарната криза во Газа достигна критична фаза.

На прашањето на новинарката на Скај њуз каков е нејзиниот став за хуманитарната криза, Ципи Хотовели рече дека „Нема хуманитарна криза“.

Израел е одговорен за безбедноста на Израелците, Хамас е одговорен за безбедноста на Палестинците. Ова е време кога Хамас мора да ја плати цената, рече Хотовели.

Таа тврди дека Хамас ги спречува луѓето да се евакуираат и дека на Палестинците им се дава можност да го напуштат Израел. - На луѓето во Израел не им беше дадена шанса да бидат безбедни, тие беа масакрирани во своите кревети“, рече амбасадорката.

Споредувајќи го одговорот на Израел на Хамас со одговорот на Велика Британија на нацистичка Германија за време на Втората светска војна, таа рече дека „го гаѓавте Дрезден бидејќи знаевте дека тоа е единствениот начин“.

„Овие злосторства се такви што ниту еден западен лидер не може да издржи и да каже дека можеме да продолжиме понатаму, посочи Хотовели.

The post Според израелската амбасадорка во Лондон во Газа нема хуманитарна криза appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Израел во Обединетото Кралство Ципи Хотовели оцени дека нема хуманитарна криза во Газа, иако комесарот на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини предупреди дека хуманитарната криза во Газа достигна критична фаза. На прашањето на новинарката на Скај њуз каков е нејзиниот став за хуманитарната криза, Ципи Хотовели рече дека „Нема хуманитарна криза“.
Израел е одговорен за безбедноста на Израелците, Хамас е одговорен за безбедноста на Палестинците. Ова е време кога Хамас мора да ја плати цената, рече Хотовели.
Таа тврди дека Хамас ги спречува луѓето да се евакуираат и дека на Палестинците им се дава можност да го напуштат Израел. - На луѓето во Израел не им беше дадена шанса да бидат безбедни, тие беа масакрирани во своите кревети“, рече амбасадорката. Споредувајќи го одговорот на Израел на Хамас со одговорот на Велика Британија на нацистичка Германија за време на Втората светска војна, таа рече дека „го гаѓавте Дрезден бидејќи знаевте дека тоа е единствениот начин“. „Овие злосторства се такви што ниту еден западен лидер не може да издржи и да каже дека можеме да продолжиме понатаму, посочи Хотовели.

The post Според израелската амбасадорка во Лондон во Газа нема хуманитарна криза appeared first on Република.

]]>
Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-on-pod-itno-treba-da-rasporedi-megjunarodni-specijalizirani-voeni-sili-na-haiti/ Mon, 10 Oct 2022 06:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=559208

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН итно да го разгледа барањето на Хаити за распоредување на меѓународни специјализирани воени сили за да помогнат во решавањето на хуманитарната криза во земјата, изјави вчера портпаролот на ОН.

-Генералниот секретар е многу загрижен за ситуацијата на Хаити, која се соочува со епидемија на колера во услови на драматично влошување на безбедноста, што ја парализираше земјата, рече Стефан Дужариќ.

Животот на Хаити од минатиот месец е речиси замрен откако повеќе банди го блокираа терминалот за гориво во Варо. Недостигот на гориво го оневозможува транспортот и ги принуди бизнисите, како и болниците, да престанат со работа.

Тоа доведе и до недостиг од вода во шишиња, токму во моментот кога земјата ја потврди новата епидемија на колера, чие ширење најдобро се контролира со хигиена и чиста вода.

Владата на Хаити во петокот го овласти премиерот Ариел Анри да побара „специјализирана воена сила“ од меѓународната заедница за да помогне во решавање на кризата предизвикана од блокадата на клучните пристаништа за гориво.

-Гутереш вчера испрати писмо до Советот за безбедност со опции за засилена безбедносна поддршка, додаде Дужариќ.

Група хаитски интелектуалци и активисти кои жестоко го критикуваат премиерот Анри, го опишаа неговиот чин како предавство и додаде дека странските сили само ќе ги влошат работите во земјата.

The post Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН итно да го разгледа барањето на Хаити за распоредување на меѓународни специјализирани воени сили за да помогнат во решавањето на хуманитарната криза во земјата, изјави вчера портпаролот на ОН.
-Генералниот секретар е многу загрижен за ситуацијата на Хаити, која се соочува со епидемија на колера во услови на драматично влошување на безбедноста, што ја парализираше земјата, рече Стефан Дужариќ.
Животот на Хаити од минатиот месец е речиси замрен откако повеќе банди го блокираа терминалот за гориво во Варо. Недостигот на гориво го оневозможува транспортот и ги принуди бизнисите, како и болниците, да престанат со работа. Тоа доведе и до недостиг од вода во шишиња, токму во моментот кога земјата ја потврди новата епидемија на колера, чие ширење најдобро се контролира со хигиена и чиста вода. Владата на Хаити во петокот го овласти премиерот Ариел Анри да побара „специјализирана воена сила“ од меѓународната заедница за да помогне во решавање на кризата предизвикана од блокадата на клучните пристаништа за гориво.