хуманитарна катастрофа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitarna-katastrofa/ За подобро да се разбереме Sat, 11 May 2024 07:37:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хуманитарна катастрофа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitarna-katastrofa/ 32 32 Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-gi-zasili-napadite-vrz-rafa-se-zakanuva-nova-humanitarna-katastrofa/ Sat, 11 May 2024 07:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=776976

Израелските сили и покрај меѓународните предупредувања ги засилија нападите врз Рафа, од каде досега побегнаа околу 110.000 луѓе. Во тек се жестоки борби во јужниот дел на Рафа. Израелските тенкови навлегуваат подлабоко во градот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ја продолжува борбата против Хамас, како што наведе, „дури и ако остане и сам“.

Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами. Ќе се бориме со нокти и заби. Денес сме многу посилни. Одлучни сме и обединети да го победиме нашиот непријател и оние кои сакаат да не уништат, изјави Нетанјаху.

Израелскиот воен кабинет одобри проширување на областа на операции во Рафа. Неименувани извори за американските медиуми изјавиле дека тоа ќе биде одмерено проширување, кое нема да ја премине црвената линија на американскиот претседател Џо Бајден.

Агенциите за помош на Обединетите нации претходно предупредија дека намалувањето на резервите на храна и гориво може да ги запре операциите за помош во рок од неколку дена во Газа, бидејќи главните премини се затворени, што доведува до затворање на болници и дополнителна неухранетост.

Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата за проширување на палестинските права во Светската организација. Резолуцијата го повикува Советот за безбедност да ја преиспита палестинската апликација за членство во Обединетите нации. САД досега го блокира секој обид со вето.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ, пак, најави дека Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро и официјално ќе ја признаат Палестина, што, како што рече, може да ги поттикне и другите членки на Унијата да го сторат истото.

Во меѓувреме, Франција го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах. Француското Министерство за надворешни работи го повика и на итно отворање на преминот Рафа кон Египет, кој од пред неклку дена е под израелска контрола.

Париз изрази жалење за започнувањето на израелската воена операција во Рафах и ги повика израелските власти „да направат се што е можно за да обезбедат заштита на цивилите и да гарантираат пристап до хуманитарна помош, во согласност со меѓународното право“.

The post Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа appeared first on Република.

]]>

Израелските сили и покрај меѓународните предупредувања ги засилија нападите врз Рафа, од каде досега побегнаа околу 110.000 луѓе. Во тек се жестоки борби во јужниот дел на Рафа. Израелските тенкови навлегуваат подлабоко во градот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ја продолжува борбата против Хамас, како што наведе, „дури и ако остане и сам“.
Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами. Ќе се бориме со нокти и заби. Денес сме многу посилни. Одлучни сме и обединети да го победиме нашиот непријател и оние кои сакаат да не уништат, изјави Нетанјаху.
Израелскиот воен кабинет одобри проширување на областа на операции во Рафа. Неименувани извори за американските медиуми изјавиле дека тоа ќе биде одмерено проширување, кое нема да ја премине црвената линија на американскиот претседател Џо Бајден. Агенциите за помош на Обединетите нации претходно предупредија дека намалувањето на резервите на храна и гориво може да ги запре операциите за помош во рок од неколку дена во Газа, бидејќи главните премини се затворени, што доведува до затворање на болници и дополнителна неухранетост. Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата за проширување на палестинските права во Светската организација. Резолуцијата го повикува Советот за безбедност да ја преиспита палестинската апликација за членство во Обединетите нации. САД досега го блокира секој обид со вето. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ, пак, најави дека Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро и официјално ќе ја признаат Палестина, што, како што рече, може да ги поттикне и другите членки на Унијата да го сторат истото. Во меѓувреме, Франција го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах. Француското Министерство за надворешни работи го повика и на итно отворање на преминот Рафа кон Египет, кој од пред неклку дена е под израелска контрола. Париз изрази жалење за започнувањето на израелската воена операција во Рафах и ги повика израелските власти „да направат се што е можно за да обезбедат заштита на цивилите и да гарантираат пристап до хуманитарна помош, во согласност со меѓународното право“.

The post Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува: Во Газа има вода, струја и гас уште само за 24 часа пред да настапи „вистинската катастрофа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-predupreduva-vo-gaza-ima-voda-struja-i-gas-ushte-samo-za-24-chasa-pred-da-nastapi-vistinskata-katastrofa/ Mon, 16 Oct 2023 16:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=691783

Светската здравствена организација издаде предупредување во кое се наведува дека во Појасот Газа има вода, струја и гориво уште само за 24 часа, пред да се случи „вистинска катастрофа“.

Регионалниот директор на СЗО, Ахмед Ел Мандари, истакна дека на конвоите со помош кои моментално се заглавени на граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, мора да им се дозволи да стигнат до погодената територија.

Доколку не пристигне помош, лекарите ќе мора да подготват потврди за смрт за своите пациенти“, изјави Ел Мандари.

The post СЗО предупредува: Во Газа има вода, струја и гас уште само за 24 часа пред да настапи „вистинската катастрофа“ appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација издаде предупредување во кое се наведува дека во Појасот Газа има вода, струја и гориво уште само за 24 часа, пред да се случи „вистинска катастрофа“. Регионалниот директор на СЗО, Ахмед Ел Мандари, истакна дека на конвоите со помош кои моментално се заглавени на граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, мора да им се дозволи да стигнат до погодената територија.
Доколку не пристигне помош, лекарите ќе мора да подготват потврди за смрт за своите пациенти“, изјави Ел Мандари.

The post СЗО предупредува: Во Газа има вода, струја и гас уште само за 24 часа пред да настапи „вистинската катастрофа“ appeared first on Република.

]]>