хуманитарна акција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitarna-akcija/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 08:27:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хуманитарна акција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitarna-akcija/ 32 32 Од денеска во Скопје хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-vo-skopje-humanitaren-punkt-za-nastradanite-semejstva-od-pozharite/ Mon, 05 Aug 2024 08:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=803401

Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие.

Акцијата е во координација на Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.

Хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донираат и врати и прозорци, што е планиарно за втората фаза од акцијата.

Според организаторите, се водела голема Фејсбук кампања за отворањето на хуманитарниот пункт. Веќе имаат собрано лекови и се надеваат дека за четири до пет дена ќе се координираат сите со автомобили и со комбиња за да ги однесат до семејствата.

Ги повикуваат сите граѓани да дојдат со своите донации, кои потоа ќе бидат однесени до семејствата кои се загрозени од пожарите.

The post Од денеска во Скопје хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите appeared first on Република.

]]>

Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие. Акцијата е во координација на Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација. Хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донираат и врати и прозорци, што е планиарно за втората фаза од акцијата. Според организаторите, се водела голема Фејсбук кампања за отворањето на хуманитарниот пункт. Веќе имаат собрано лекови и се надеваат дека за четири до пет дена ќе се координираат сите со автомобили и со комбиња за да ги однесат до семејствата. Ги повикуваат сите граѓани да дојдат со своите донации, кои потоа ќе бидат однесени до семејствата кои се загрозени од пожарите.

The post Од денеска во Скопје хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите appeared first on Република.

]]>
Хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден” https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/humanitarna-aktsija-podaj-raka-humana-opshtina-ilinden-2/ Tue, 02 Jul 2024 14:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=792824

Општина Илинден и оваа година ја спроведува хуманитарната акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден.

Локалната самоуправа оваа голема хуманитарната акција ја спроведува во соработка со Црвениот крст и бизнис заедницата од општина Илинден, кои несебично подадоа рака на ранливите категории граѓани од Илинден. Во рамки на акцијата под мотото „Подај рака-хумана општина Илинден”, досега собрани се околу 200 хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи кои ги донираат компаниите.

Градоначалникот Александар Георгиевски изрази голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои овозможуваат преку свои донации успешно да се спроведува оваа голема хумана акција, која има за цел да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден.

Како општествено одговорна компанија е и ТАВ Македонија, пришто денеска ја предадоа донацијата со прехрамбени и хигиенски производи, а градоначалникот Александар Георгиевски и генералниот директор Неџат Курт остварија средба, на која градоначалникот им изрази голема благодарност што активно учествуваат во оваа голема хуманитарна акција. По приемот на донацијата градоначалникот заедно со општинската администрација и тимовите од Црвен крст посетија неколку семејства на кои им беа донирани хуманитарните пакети.

Освен ТАВ Македонија останатите општествено одговорни компании кои земаа учество се: Гранд Слот Клуб, Дени Интернационал, Пекабеско, МАН, СИГО, Ависо.

The post Хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден” appeared first on Република.

]]>

Општина Илинден и оваа година ја спроведува хуманитарната акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден. Локалната самоуправа оваа голема хуманитарната акција ја спроведува во соработка со Црвениот крст и бизнис заедницата од општина Илинден, кои несебично подадоа рака на ранливите категории граѓани од Илинден. Во рамки на акцијата под мотото „Подај рака-хумана општина Илинден”, досега собрани се околу 200 хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи кои ги донираат компаниите. Градоначалникот Александар Георгиевски изрази голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои овозможуваат преку свои донации успешно да се спроведува оваа голема хумана акција, која има за цел да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден. Како општествено одговорна компанија е и ТАВ Македонија, пришто денеска ја предадоа донацијата со прехрамбени и хигиенски производи, а градоначалникот Александар Георгиевски и генералниот директор Неџат Курт остварија средба, на која градоначалникот им изрази голема благодарност што активно учествуваат во оваа голема хуманитарна акција. По приемот на донацијата градоначалникот заедно со општинската администрација и тимовите од Црвен крст посетија неколку семејства на кои им беа донирани хуманитарните пакети. Освен ТАВ Македонија останатите општествено одговорни компании кои земаа учество се: Гранд Слот Клуб, Дени Интернационал, Пекабеско, МАН, СИГО, Ависо.

The post Хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден” appeared first on Република.

]]>
МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден: Сретствата од продадените билети за „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ ќе бидат наменети за Леонид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-humanitarno-ke-go-odbelezhi-svojot-79-rodenden-sretstvata-od-prodadenite-bileti-za-siljan-shtrkot-shantsa-i-site-sme-ptitsi-ke-bidat-nameneti-za-leonid/ Fri, 22 Mar 2024 09:54:39 +0000 https://republika.mk/?p=757342

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“.

Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид.

The post МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден: Сретствата од продадените билети за „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ ќе бидат наменети за Леонид appeared first on Република.

]]>

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“. Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид.

The post МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден: Сретствата од продадените билети за „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ ќе бидат наменети за Леонид appeared first on Република.

]]>
Хуманитарна акција „Од срце за Леонид Индов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/humanitarna-aktsija-od-srtse-za-leonid-indov/ Wed, 21 Feb 2024 16:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=746675

Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.

Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓанхуманитарна акцијаи што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија.

Дополнително, во петок 23.02.2024 година во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје Георги Димитров ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје.

Градот Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, за доброто на нашите деца и за најранливите категории граѓани на кои сме им најпотребни.

The post Хуманитарна акција „Од срце за Леонид Индов“ appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов. Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓанхуманитарна акцијаи што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија. Дополнително, во петок 23.02.2024 година во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје Георги Димитров ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје. Градот Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, за доброто на нашите деца и за најранливите категории граѓани на кои сме им најпотребни.

The post Хуманитарна акција „Од срце за Леонид Индов“ appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во хуманитарна акција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-vmro-dpmne-vo-humanitarna-aktsija/ Sat, 30 Dec 2023 15:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=728243

Да бидеме хумани и да ја одразуваме човечката добрина, во овие празнични денови да се разбираме и почитуваме едни кон други, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во хуманитарна акција appeared first on Република.

]]>

Да бидеме хумани и да ја одразуваме човечката добрина, во овие празнични денови да се разбираме и почитуваме едни кон други, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во хуманитарна акција appeared first on Република.

]]>
Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vrabotenite-vo-alkaloid-doniraa-krv-sobraa-ton-hrana-i-ton-obleka-pomagaat-kade-shto-e-najpotrebno/ Mon, 27 Nov 2023 12:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=716786

Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина.

Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат.

Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување.

Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата.

Комерцијален текст

The post Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно appeared first on Република.

]]>

Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина. Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат. Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување. Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата. Комерцијален текст

The post Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно appeared first on Република.

]]>
Добрината ќе победи над вашата злоба, им порача Томовски на оние што го напаѓаат Мицкоски „оној што дава без да праша“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobrinata-ke-pobedi-nad-vashata-zloba-im-poracha-tomovski-na-onie-shto-go-napagaat-mitskoski-onoj-shto-dava-bez-da-prasha/ Fri, 30 Dec 2022 12:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=591859

Преку Куманово, на влезот во Овчеполието се наоѓа селото Градиште. Македонско село со помалку од двесте жители. Куќите трошни, но сè уште живи. На крајот од селото се наоѓа куќата на Добре и Василка Лазаревски, каде во трошната, и во распаѓање куќа живееа до скоро со нивните 5 деца, Ивана, Ангела, Јован, Велика и Јована.

За месец и половина од обзнанувањето на емисијата „Срце на дланка“, тие добија топол дом, нов мебел, облека, храна, објави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

И знам дека тоа тој кој го обезбеди и покрена сето ова нема да го каже до крај, но сметам дека треба да се знае за да служи за пример кој треба да биде следен.
Без многу двоумење со голем ентузијазам говореше за потребата да се помогне на ова семејство иако не сакаше да се знае за тоа се додека не биде се готово.
Сите помагавме, а највеќе човекот Христијан Мицкоски кој раководејќи се од тоа дека раката која дава не суши, и стотиците други случаи каде помогнал без да се знае, а за кои ние кои работиме со него знаеме по нешто за тоа, сакаше да измами насмевка и малку среќа за ова семејство.
Вчера конечно семејството доби пристоен дом, а малите Ивана, Ангела, Јован, Велика и Јована многу радост.
И секако на крај би додал нешто за општествената дразба и определба на оние гласни поединци и политички центри да го напаѓаат токму Мицкоски, оној кој дава без да праша, и е предмет на најбруталната црна кампања, на многу невистини и лаги, на сите оние кои стојат зад тие пера, би им порачал само едно-има разлика, добрината е таа што е најголем непријател на вашата злоба, и да таа добрина ќе победи!, порача тој.

The post Добрината ќе победи над вашата злоба, им порача Томовски на оние што го напаѓаат Мицкоски „оној што дава без да праша“ appeared first on Република.

]]>

Преку Куманово, на влезот во Овчеполието се наоѓа селото Градиште. Македонско село со помалку од двесте жители. Куќите трошни, но сè уште живи. На крајот од селото се наоѓа куќата на Добре и Василка Лазаревски, каде во трошната, и во распаѓање куќа живееа до скоро со нивните 5 деца, Ивана, Ангела, Јован, Велика и Јована. За месец и половина од обзнанувањето на емисијата „Срце на дланка“, тие добија топол дом, нов мебел, облека, храна, објави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.
И знам дека тоа тој кој го обезбеди и покрена сето ова нема да го каже до крај, но сметам дека треба да се знае за да служи за пример кој треба да биде следен. Без многу двоумење со голем ентузијазам говореше за потребата да се помогне на ова семејство иако не сакаше да се знае за тоа се додека не биде се готово. Сите помагавме, а највеќе човекот Христијан Мицкоски кој раководејќи се од тоа дека раката која дава не суши, и стотиците други случаи каде помогнал без да се знае, а за кои ние кои работиме со него знаеме по нешто за тоа, сакаше да измами насмевка и малку среќа за ова семејство. Вчера конечно семејството доби пристоен дом, а малите Ивана, Ангела, Јован, Велика и Јована многу радост. И секако на крај би додал нешто за општествената дразба и определба на оние гласни поединци и политички центри да го напаѓаат токму Мицкоски, оној кој дава без да праша, и е предмет на најбруталната црна кампања, на многу невистини и лаги, на сите оние кои стојат зад тие пера, би им порачал само едно-има разлика, добрината е таа што е најголем непријател на вашата злоба, и да таа добрина ќе победи!, порача тој.

The post Добрината ќе победи над вашата злоба, им порача Томовски на оние што го напаѓаат Мицкоски „оној што дава без да праша“ appeared first on Република.

]]>
Радост во домот на семејството Давитковиќ: Куќата реновирана, а Иван од утре почнува на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/radost-vo-domot-na-semejstvoto-davitkovikj-kukjata-renovirana-a-ivan-od-utre-pochnuva-na-rabota/ Wed, 09 Nov 2022 11:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=571776

Градоначалникот на Бутел Дарко Косотовски по десетина месци повторно се јави од домот на семејството Давитковиќ од Радишани. И овојпат со убави вести.

Костовски информира дека покрај сериозната финансиска помош, семејството на Влатче добило нов патос, нови плочки, нов мебел, нова кујна, нови средства за греење, нова бела техника, а пред Нова година ова многу мило семејство ќе добие сериозен прилив на храна и дополнителна финанскиска помош.

https://republika.mk/vesti/skopje/kostovski-srdechna-blagodarnost-do-site-shto-dadoa-pomosh-za-vlatko-i-semejstvoto-davitkovikj-od-radishani/

Од утре Иван, помалиот брат на Влатче ќе почне со работа во општина Бутел.

Се сеќаваме на семејството Давитковиќ, Влатче, неговите браќа и сестричка!?
Се обврзав лично да бидам нивен доживотен пријател, додека сум во можност да се трудам да не им недостасува ништо што е неопходно.
Семејството Давитковиќ покрај сериозната финансиска помош, доби нов патос, нови плочки, нов мебел, нова кујна, нови средства за греење, нова бела техника. За слениот период ќе ни остане да ги замениме старите прозорци и некои ситни работи.
Пред Нова година ова многу мило семејство ќе добие сериозен прилив на храна и дополнителна финанскиска помош.
Од утре Иван, помалиот брат на Влатче, ќе почне со работа во општина Бутел 😇
Не е мој начин хуманите обврски јавно да ги презентирам, но за ова семејство излезе сторија во јавноста, па од таму помислив да објавам дека се добро, да не се грижиме за нив, да бидете спокојни. Бидејќи знам колку луѓе ги допре нивната тогашна тешка состојба. Исто така да ја искористам приликава јавно да им се заблагодарам на сите хумани луѓе кои помогнаа во оваа акција, напиша Косовски на Фејсбук.

The post Радост во домот на семејството Давитковиќ: Куќата реновирана, а Иван од утре почнува на работа appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Бутел Дарко Косотовски по десетина месци повторно се јави од домот на семејството Давитковиќ од Радишани. И овојпат со убави вести. Костовски информира дека покрај сериозната финансиска помош, семејството на Влатче добило нов патос, нови плочки, нов мебел, нова кујна, нови средства за греење, нова бела техника, а пред Нова година ова многу мило семејство ќе добие сериозен прилив на храна и дополнителна финанскиска помош. https://republika.mk/vesti/skopje/kostovski-srdechna-blagodarnost-do-site-shto-dadoa-pomosh-za-vlatko-i-semejstvoto-davitkovikj-od-radishani/ Од утре Иван, помалиот брат на Влатче ќе почне со работа во општина Бутел.
Се сеќаваме на семејството Давитковиќ, Влатче, неговите браќа и сестричка!? Се обврзав лично да бидам нивен доживотен пријател, додека сум во можност да се трудам да не им недостасува ништо што е неопходно. Семејството Давитковиќ покрај сериозната финансиска помош, доби нов патос, нови плочки, нов мебел, нова кујна, нови средства за греење, нова бела техника. За слениот период ќе ни остане да ги замениме старите прозорци и некои ситни работи. Пред Нова година ова многу мило семејство ќе добие сериозен прилив на храна и дополнителна финанскиска помош. Од утре Иван, помалиот брат на Влатче, ќе почне со работа во општина Бутел 😇 Не е мој начин хуманите обврски јавно да ги презентирам, но за ова семејство излезе сторија во јавноста, па од таму помислив да објавам дека се добро, да не се грижиме за нив, да бидете спокојни. Бидејќи знам колку луѓе ги допре нивната тогашна тешка состојба. Исто така да ја искористам приликава јавно да им се заблагодарам на сите хумани луѓе кои помогнаа во оваа акција, напиша Косовски на Фејсбук.

The post Радост во домот на семејството Давитковиќ: Куќата реновирана, а Иван од утре почнува на работа appeared first on Република.

]]>
Стефковски во хуманитарна посета на семејство во Ченто https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-vo-humanitarna-poseta-na-semejstvo-vo-chento/ Mon, 05 Sep 2022 13:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=547666

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во хуманитарна посета на семејство во населба Ченто. Посетата доаѓа по вчерашната објавена сторија на социјалните мрежи за тешката состојба во која се наоѓа семејството.

По вчерашната објава на социјалните мрежи за сторијата на семејството на Дијана од Ченто, утрово го посетив нивниот дом.За трите дечиња на Дијана кои се ученици обезбедив ранци и целосен училишен прибор како и намирници за храна, а во следните денови ќе им бидат доставени и дрва за греење. На семејството на Дијана им порачав дека од мене и од општината ќе ја имаат поддршката со цел да успеат да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат во моментот. Среќен сум што трите мали дечиња не испратија со топла детска насмевка!, напиша Стефковски на Фејсбук.

The post Стефковски во хуманитарна посета на семејство во Ченто appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во хуманитарна посета на семејство во населба Ченто. Посетата доаѓа по вчерашната објавена сторија на социјалните мрежи за тешката состојба во која се наоѓа семејството.
По вчерашната објава на социјалните мрежи за сторијата на семејството на Дијана од Ченто, утрово го посетив нивниот дом.За трите дечиња на Дијана кои се ученици обезбедив ранци и целосен училишен прибор како и намирници за храна, а во следните денови ќе им бидат доставени и дрва за греење. На семејството на Дијана им порачав дека од мене и од општината ќе ја имаат поддршката со цел да успеат да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат во моментот. Среќен сум што трите мали дечиња не испратија со топла детска насмевка!, напиша Стефковски на Фејсбук.

The post Стефковски во хуманитарна посета на семејство во Ченто appeared first on Република.

]]>
Костовски: Срдечна благодарност до сите што дадоа помош за Влатко и семејството Давитковиќ од Радишани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-srdechna-blagodarnost-do-site-shto-dadoa-pomosh-za-vlatko-i-semejstvoto-davitkovikj-od-radishani/ Wed, 26 Jan 2022 08:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=449496

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, беше во Радишани во посета на семејството Давитковиќ, односно Влатко, Иван, Марина, Елена и Мирослав, кои живеат во голема сиромаштија и за кое организираше хуманитарна акција.

Влатко е екстремно чесно момче кое лавовски се бори за своите браќа и сестри, пример кој ќе го прераскажувам насекаде.

 

Денеска го одржав мојот даден збор, но она што е поважно е мојата срдечна благодарност кон сите хумани луѓе, фирми и МПЦ што ме исконтактираа и се вклучија во оваа акција за помош на семејството Давитковиќ.

 

Покрај солидната финансиска помош и големата количина храна која што ја доби ова семејство, за извесен период ќе започне и целосно реновирање на нивниот дом. Нова кујна, потребни апарати за домакинство, кревети, реновирање на тоалетот и тн.

 

Од денес јас и моите блиски пријатели и соработници имаме нови блиски пријатели за кои ќе бидеме секогаш тука. Влатко, Иван, Марина, Мирослав и Елена тука сме за се - порача Костовски.

https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-kostovski-donira-pola-plata-za-semejstvoto-davitkovikj-i-pochna-akcija-za-pomosh-na-brakjata-i-sestrite/

The post Костовски: Срдечна благодарност до сите што дадоа помош за Влатко и семејството Давитковиќ од Радишани appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, беше во Радишани во посета на семејството Давитковиќ, односно Влатко, Иван, Марина, Елена и Мирослав, кои живеат во голема сиромаштија и за кое организираше хуманитарна акција.
Влатко е екстремно чесно момче кое лавовски се бори за своите браќа и сестри, пример кој ќе го прераскажувам насекаде.   Денеска го одржав мојот даден збор, но она што е поважно е мојата срдечна благодарност кон сите хумани луѓе, фирми и МПЦ што ме исконтактираа и се вклучија во оваа акција за помош на семејството Давитковиќ.   Покрај солидната финансиска помош и големата количина храна која што ја доби ова семејство, за извесен период ќе започне и целосно реновирање на нивниот дом. Нова кујна, потребни апарати за домакинство, кревети, реновирање на тоалетот и тн.   Од денес јас и моите блиски пријатели и соработници имаме нови блиски пријатели за кои ќе бидеме секогаш тука. Влатко, Иван, Марина, Мирослав и Елена тука сме за се - порача Костовски.
https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-kostovski-donira-pola-plata-za-semejstvoto-davitkovikj-i-pochna-akcija-za-pomosh-na-brakjata-i-sestrite/

The post Костовски: Срдечна благодарност до сите што дадоа помош за Влатко и семејството Давитковиќ од Радишани appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Костовски донира половина плата за семејството Давитковиќ и почна акција за помош на браќата и сестрата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-kostovski-donira-pola-plata-za-semejstvoto-davitkovikj-i-pochna-akcija-za-pomosh-na-brakjata-i-sestrite/ Mon, 24 Jan 2022 10:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=448666

По објавувањето на сторијата за Влатко Давитковиќ, кој живее во голема сиромаштија и сам се грижи за своите браќа и сестрата, кои се со посебни потреби, градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски започна акција за помош на семејството, која вели лично ќе ја координира.

Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестричката живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња.
Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби.
Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел.
Јас лично ќе се вклучам да му помогнам на ова семејство од нашата општина, ќе им подарам 50% од мојата месечна плата, дополнително со мој налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош. Ќе ги замолам советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал.
Ќе се потрудам да најдам општествено одговорни фирми кои егзистираат на нашата територија и ќе ги замолам да се вклучат во оваа активност, целта е семејството Давитковиќ да добие пристојни услови за живот, нова кујна, апарати за домаќинство и слично.
Ги повикувам сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да ме исконтактираат лично за оваа тема, порача Костовски.

The post Градоначалникот Костовски донира половина плата за семејството Давитковиќ и почна акција за помош на браќата и сестрата appeared first on Република.

]]>

По објавувањето на сторијата за Влатко Давитковиќ, кој живее во голема сиромаштија и сам се грижи за своите браќа и сестрата, кои се со посебни потреби, градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски започна акција за помош на семејството, која вели лично ќе ја координира.

Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестричката живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња. Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби. Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел. Јас лично ќе се вклучам да му помогнам на ова семејство од нашата општина, ќе им подарам 50% од мојата месечна плата, дополнително со мој налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош. Ќе ги замолам советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал. Ќе се потрудам да најдам општествено одговорни фирми кои егзистираат на нашата територија и ќе ги замолам да се вклучат во оваа активност, целта е семејството Давитковиќ да добие пристојни услови за живот, нова кујна, апарати за домаќинство и слично. Ги повикувам сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да ме исконтактираат лично за оваа тема, порача Костовски.

The post Градоначалникот Костовски донира половина плата за семејството Давитковиќ и почна акција за помош на браќата и сестрата appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Пецаков донираше пакети за акцијата „Црвен тепих на хуманоста“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-pecakov-donirashe-paketi-za-akcijata-crven-tepih-na-humanosta/ Tue, 04 Jan 2022 17:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=440604

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков донираше хуманитарни пакети во рамки на акцијата „Црвен тепих на хуманоста“, која се организираше денеска во пресрет на божикните празници за помош и поддршка на социјално ранливите категории.

Оваа акција се организира втора година по ред, каде поради пандемиските мерки и протоколи за заштита наместо традициналните Бадникови поворки на радоста се организира „Црвен тепих на хуманоста“.

Ваквите настани треба да бидат поттик за поголема хуманост и личен пример за солидарност. Како Локална самоуправа во рамките на своите можности продолжуваме да обезбедуваме помош за ранливите категории на граѓани и да даваме поддршка на ваквите настани, рече Пецаков.

Во хуманитарната акцијата која се одржа на градски плоштад„ Св.Климент Охридски“ се вклучија дечиња од основите училишта, голем број хумани граѓани и фирми. Беше донирана голема количина на нерасиплива храна која ќе биде поделена на семејствата со социјален ризик.

The post Градоначалникот Пецаков донираше пакети за акцијата „Црвен тепих на хуманоста“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков донираше хуманитарни пакети во рамки на акцијата „Црвен тепих на хуманоста“, која се организираше денеска во пресрет на божикните празници за помош и поддршка на социјално ранливите категории. Оваа акција се организира втора година по ред, каде поради пандемиските мерки и протоколи за заштита наместо традициналните Бадникови поворки на радоста се организира „Црвен тепих на хуманоста“.
Ваквите настани треба да бидат поттик за поголема хуманост и личен пример за солидарност. Како Локална самоуправа во рамките на своите можности продолжуваме да обезбедуваме помош за ранливите категории на граѓани и да даваме поддршка на ваквите настани, рече Пецаков.
Во хуманитарната акцијата која се одржа на градски плоштад„ Св.Климент Охридски“ се вклучија дечиња од основите училишта, голем број хумани граѓани и фирми. Беше донирана голема количина на нерасиплива храна која ќе биде поделена на семејствата со социјален ризик.

The post Градоначалникот Пецаков донираше пакети за акцијата „Црвен тепих на хуманоста“ appeared first on Република.

]]>