хуманитарен настан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitaren-nastan/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 07:57:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хуманитарен настан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitaren-nastan/ 32 32 По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-povod-15-godishninata-od-preplivuvaneto-na-la-mansh-maratonetsot-tomi-stefanovski-so-podvig-na-ohridskoto-ezero-utre-ke-organizira-humanitaren-nastan/ Tue, 13 Aug 2024 07:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=806029

Македонскиот пливач Томи Стефановски утре ќе плива маратон на Охридското Езеро, со цел подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.

Станува збор за хуманитарен настан насловен „Пливање за инклузија“, со што воедно ќе го одбележи и јубилејот 15 години од неговото препливување на каналот Ла Манш.

Трасата за овој хуманитарен потфат е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10:30 часот од пред хотелот „Десарет“, ќе плива до црквата „Свети Јован Канео“ се до градското пристаниште во Охрид.

Стефановски упати повик до сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата и донираат.

Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чуствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.

Инаку, Стефановски на 14 август 2009 година преплива каналот Ла Манш, по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Нико Нестор (1958 година) и 40- годишнината од препливување на Атина Бојаџи во 1969 година. На Стефановски за препливување на Ла Манш му беа потребни 7:42 часа, што е 13 резултат на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот.

Утрешниот хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација „ИТК Македонија“ од Скопје и Охридскиот пливачки маратон.

 

The post По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пливач Томи Стефановски утре ќе плива маратон на Охридското Езеро, со цел подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. Станува збор за хуманитарен настан насловен „Пливање за инклузија“, со што воедно ќе го одбележи и јубилејот 15 години од неговото препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10:30 часот од пред хотелот „Десарет“, ќе плива до црквата „Свети Јован Канео“ се до градското пристаниште во Охрид. Стефановски упати повик до сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата и донираат.
Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чуствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.
Инаку, Стефановски на 14 август 2009 година преплива каналот Ла Манш, по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Нико Нестор (1958 година) и 40- годишнината од препливување на Атина Бојаџи во 1969 година. На Стефановски за препливување на Ла Манш му беа потребни 7:42 часа, што е 13 резултат на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот. Утрешниот хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација „ИТК Македонија“ од Скопје и Охридскиот пливачки маратон.  

The post По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан appeared first on Република.

]]>
Денеска хуманитарен настан „Да го вратиме звукот на Дамјан“ во паркот во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-humanitaren-nastan-da-go-vratime-zvukot-na-damjan-vo-parkot-vo-gorche-petrov/ Sat, 08 Jun 2024 06:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=785490

Хуманитарен настан под мотото „Да го вратиме звукот на Дамјан“, ќе се одржи денеска во паркот во Ѓорче Петров.

Настанот ќе започне во 11:00 часот и е организиран со цел да се соберат средства за помош на младиот Дамјан, кој има потреба од специјален медицински третман за враќање на слухот.

Во рамките на хуманитарниот настан ќе се одржат различни активности, меѓу кои спортски активности, детска лабораторија, креативна работилница, како и други детски содржини.

Настанот е организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Д.Мед како општествено одговорна компанија.

Телефони за донација за Дамјан: Т-Мобиле 143-183 и А1 143-888.

The post Денеска хуманитарен настан „Да го вратиме звукот на Дамјан“ во паркот во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Хуманитарен настан под мотото „Да го вратиме звукот на Дамјан“, ќе се одржи денеска во паркот во Ѓорче Петров. Настанот ќе започне во 11:00 часот и е организиран со цел да се соберат средства за помош на младиот Дамјан, кој има потреба од специјален медицински третман за враќање на слухот. Во рамките на хуманитарниот настан ќе се одржат различни активности, меѓу кои спортски активности, детска лабораторија, креативна работилница, како и други детски содржини. Настанот е организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Д.Мед како општествено одговорна компанија. Телефони за донација за Дамјан: Т-Мобиле 143-183 и А1 143-888.

The post Денеска хуманитарен настан „Да го вратиме звукот на Дамјан“ во паркот во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа https://arhiva3.republika.mk/zivot/humanitaren-veligdenski-nastan-vo-vero-tsentar-za-litsata-so-tserebralna-paraliza/ Sat, 27 Apr 2024 07:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=771598

Во Веро центар во Скопје денеска од 10 до 14 часот ќе се одржи хуманитарен настан наменет за лицата со церебрална парализа насловен „Хуман Велигден за сите“.

Како што информираат организаторите, на овој настан ќе се изработуваат и продаваат уникатни фигури направени од чоколадо, за најмладите ќе има детска велигденска работилница за креативни изработки, а посетителите ќе уживаат во богата музичка програма, танчерски настапи и во други бројни изненадувања наменети за сите возрасти.

Собраните средства од хуманитарниот настан ќе бидат наменети за опремување на центарот за лицата со церебрална парализа од здружението „Соѕвездие“.

The post Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа appeared first on Република.

]]>

Во Веро центар во Скопје денеска од 10 до 14 часот ќе се одржи хуманитарен настан наменет за лицата со церебрална парализа насловен „Хуман Велигден за сите“. Како што информираат организаторите, на овој настан ќе се изработуваат и продаваат уникатни фигури направени од чоколадо, за најмладите ќе има детска велигденска работилница за креативни изработки, а посетителите ќе уживаат во богата музичка програма, танчерски настапи и во други бројни изненадувања наменети за сите возрасти. Собраните средства од хуманитарниот настан ќе бидат наменети за опремување на центарот за лицата со церебрална парализа од здружението „Соѕвездие“.

The post Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа appeared first on Република.

]]>
Хуманитарен настан за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Градскиот парк во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/humanitaren-nastan-za-poddrshka-na-litsata-so-vilsonova-bolest-vo-gradskiot-park-vo-skopje/ Sun, 08 Oct 2023 07:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=689104

Под слоганот „Подај рака“, денеска на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи 8. хуманитарен настан за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон.

Предвидено е во рамки на настанот да се одржат традиционалната штафетна хуманитарна трка, посебна детска трка, а втора година по ред и трката за домашни миленици. И годинава, настанот ќе биде збогатен и со настап на домашни изведувачи.

Како што информираат од здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест „Вилсон Македонија“, целта на настанот да се подигне јавната свест за ретките болести и поддршка за заболените, но и за нивните семејства во справувањето со предизвиците со кои се соочуваат.

Организаторите осум години по ред на овој начин се трудат да едуцираат и информираат дека кога станува збор за оваа ретка болест, клучни се навременото откривање и редовната терапија.

Како што се појаснува во соопштението, болеста предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес кој се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми. Натрупувањето на бакар во централниот нервен систем, може да доведе до проблеми со говорот и голтањето, потешкотии во координацијата, тремор, неконтролирани движења, мускулна вкочанетост, промени во однесувањето.

Сепак, Вилсоновата болест може успешно да се лекува. При навремено откривање и редовна - доживотна терапија, пациентите со Вилсонова болест можат да имаат нормален живот, со минимални диететски рестрикции.

The post Хуманитарен настан за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Градскиот парк во Скопје appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Подај рака“, денеска на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи 8. хуманитарен настан за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон. Предвидено е во рамки на настанот да се одржат традиционалната штафетна хуманитарна трка, посебна детска трка, а втора година по ред и трката за домашни миленици. И годинава, настанот ќе биде збогатен и со настап на домашни изведувачи. Како што информираат од здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест „Вилсон Македонија“, целта на настанот да се подигне јавната свест за ретките болести и поддршка за заболените, но и за нивните семејства во справувањето со предизвиците со кои се соочуваат. Организаторите осум години по ред на овој начин се трудат да едуцираат и информираат дека кога станува збор за оваа ретка болест, клучни се навременото откривање и редовната терапија. Како што се појаснува во соопштението, болеста предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес кој се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми. Натрупувањето на бакар во централниот нервен систем, може да доведе до проблеми со говорот и голтањето, потешкотии во координацијата, тремор, неконтролирани движења, мускулна вкочанетост, промени во однесувањето. Сепак, Вилсоновата болест може успешно да се лекува. При навремено откривање и редовна - доживотна терапија, пациентите со Вилсонова болест можат да имаат нормален живот, со минимални диететски рестрикции.

The post Хуманитарен настан за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Градскиот парк во Скопје appeared first on Република.

]]>
В сабота хуманитарен настан „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија” https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/v-sabota-humanitaren-nastan-so-lubov-od-skopje-zoo-za-turtsija-i-sirija/ Thu, 23 Feb 2023 17:56:49 +0000 https://republika.mk/?p=612424

В сабота 25.02.2023 година од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов  „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија".

Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно.

Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена.

Програмскиот дел ќе го исполнат: Стела и Сани, ЗОО Азбука /ДКЦ Карпош
ќе им обраќње  на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, ќе даде свое учество и Градскиот мешан хор Вардар а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки.

Голема благодарност до нашите пријатели и соработници од МКЦ, Вива, Телеком, Халк Банка, Пелистерка, кои го поддржаа овој хуманитарен настан, како и до сите учесници.

Ве очекуваме во  сабота во Скопје ЗОО и уште еднаш да покажеме дека сме  хумани и солидарни!

The post В сабота хуманитарен настан „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија” appeared first on Република.

]]>

В сабота 25.02.2023 година од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов  „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија".
Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно. Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена. Програмскиот дел ќе го исполнат: Стела и Сани, ЗОО Азбука /ДКЦ Карпош ќе им обраќње  на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, ќе даде свое учество и Градскиот мешан хор Вардар а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки. Голема благодарност до нашите пријатели и соработници од МКЦ, Вива, Телеком, Халк Банка, Пелистерка, кои го поддржаа овој хуманитарен настан, како и до сите учесници. Ве очекуваме во  сабота во Скопје ЗОО и уште еднаш да покажеме дека сме  хумани и солидарни!

The post В сабота хуманитарен настан „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија” appeared first on Република.

]]>
МКЦ е солидарност: Хуманитарен настан за помош на погодените семејства во Турција и во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mkts-e-solidarnost-humanitaren-nastan-za-pomosh-na-pogodenite-semejstva-vo-turtsija-i-vo-sirija/ Fri, 17 Feb 2023 08:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=607559

МКЦ е институција која е изградена благодарение на светската #солидарност кон #Скопје, со обединувачка мисла - да се сплотиме заедно во моменти кога хуманоста и сочуството се најважни, стои во најавата за хумантарниот настан што утре ќе се одржи во МКЦ;

Во ек на разврската со случувањата по повод катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, МКЦ заедно со долгогодишните соработници на институцијата, организира хуманитарен настан за погодените семејства.

 18 февруари [сабота]
19:00

Програма:

19:00 Аукција на уметнички дела:
...на голем одзив на бројни домашни реномирани ликовни артисти чии имиња и дела ќе ги објавиме наскоро. Аукцијата на делата е во соработка со Друштвото на ликовни уметници на како и уметници кои биле дел од ликовната програма на МКЦ.

19:30 Театарска претстава:
"Шопинг и факинг" во режија на Шенај Мандак, продукција НУ Турски театар Скопје

21:00 Музичка програма:
Добрила и Доријан дуо
Cruel
Џенгиз Ибрахим
Зарина Првасевда
Калата
+more TBA

Во Џебното кино, ќе можеме да уживаме во серијалот "Турски чај" на драгата Петра Селишкар.

Билетите за музичката програма и претставата засебно изнесуваат симболични 150 денари [bileti.mkc.mk].
Проекцијата во Џебно кино е бесплатна.
Средствата од делата кои ќе бидат продадени на аукцијата директно ќе бидат донирани во кутии за донации поставени од Црвениот крст на Град Скопје.

Средствата собрани од продадените билети (ве охрабруваме да купите и повеќе), ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите од земјотресот на Црвениот крст на Град Скопје, отворена за таа намена.

Благодариме на сите уметници и музичари кои учестувуваат без надомест, како и на драгиот Сали Ертунч за прекрасниот дизајн.

За солидарно Скопје!

18.февруари (сабота)
19 часот

The post МКЦ е солидарност: Хуманитарен настан за помош на погодените семејства во Турција и во Сирија appeared first on Република.

]]>

МКЦ е институција која е изградена благодарение на светската #солидарност кон #Скопје, со обединувачка мисла - да се сплотиме заедно во моменти кога хуманоста и сочуството се најважни, стои во најавата за хумантарниот настан што утре ќе се одржи во МКЦ;

Во ек на разврската со случувањата по повод катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, МКЦ заедно со долгогодишните соработници на институцијата, организира хуманитарен настан за погодените семејства.

 18 февруари [сабота] 19:00

Програма:

19:00 Аукција на уметнички дела: ...на голем одзив на бројни домашни реномирани ликовни артисти чии имиња и дела ќе ги објавиме наскоро. Аукцијата на делата е во соработка со Друштвото на ликовни уметници на како и уметници кои биле дел од ликовната програма на МКЦ.

19:30 Театарска претстава: "Шопинг и факинг" во режија на Шенај Мандак, продукција НУ Турски театар Скопје

21:00 Музичка програма: Добрила и Доријан дуо Cruel Џенгиз Ибрахим Зарина Првасевда Калата +more TBA

Во Џебното кино, ќе можеме да уживаме во серијалот "Турски чај" на драгата Петра Селишкар.

Билетите за музичката програма и претставата засебно изнесуваат симболични 150 денари [bileti.mkc.mk]. Проекцијата во Џебно кино е бесплатна. Средствата од делата кои ќе бидат продадени на аукцијата директно ќе бидат донирани во кутии за донации поставени од Црвениот крст на Град Скопје.

Средствата собрани од продадените билети (ве охрабруваме да купите и повеќе), ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите од земјотресот на Црвениот крст на Град Скопје, отворена за таа намена.

Благодариме на сите уметници и музичари кои учестувуваат без надомест, како и на драгиот Сали Ертунч за прекрасниот дизајн.

За солидарно Скопје!

18.февруари (сабота) 19 часот

The post МКЦ е солидарност: Хуманитарен настан за помош на погодените семејства во Турција и во Сирија appeared first on Република.

]]>
Откриен и специјалниот гостин: Хуманитарниот стенд-ап настан за Саше Димовски се преместува во хотел „Глориус“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrien-i-specijalniot-gostin-humanitarniot-stend-ap-nastan-za-sashe-dimovski-se-premestuva-vo-hotel-glorius/ Sat, 26 Nov 2022 08:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=578424

Хуманитарниот стенд-ап настан посветен на новинарот Саше Димовски се преместува во хотелот „Глориус“ на езерото Младост, бидејќи веќе се продадени 500 карти.

Актерот Стефан Николовски, кој е само еден од настапувачите, соопшти дека специјалниот гостин е шоуменот Игор Џамбазов, а настапувачите кои се веќе потврдени се мајсторите - Сашко Коцев, Весна Бејби Петрушевска, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски.

Картата е 300 денари, може да се резервира на телефонскиот број 078/423-401.

30 ноември, среда, 19:30, хотел Глориус. За Саше!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Nikolovski (@stnikolovski)

The post Откриен и специјалниот гостин: Хуманитарниот стенд-ап настан за Саше Димовски се преместува во хотел „Глориус“ appeared first on Република.

]]>

Хуманитарниот стенд-ап настан посветен на новинарот Саше Димовски се преместува во хотелот „Глориус“ на езерото Младост, бидејќи веќе се продадени 500 карти. Актерот Стефан Николовски, кој е само еден од настапувачите, соопшти дека специјалниот гостин е шоуменот Игор Џамбазов, а настапувачите кои се веќе потврдени се мајсторите - Сашко Коцев, Весна Бејби Петрушевска, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски. Картата е 300 денари, може да се резервира на телефонскиот број 078/423-401. 30 ноември, среда, 19:30, хотел Глориус. За Саше!
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Stefan Nikolovski (@stnikolovski)

The post Откриен и специјалниот гостин: Хуманитарниот стенд-ап настан за Саше Димовски се преместува во хотел „Глориус“ appeared first on Република.

]]>