хуманитарен коридор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitaren-koridor/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Sep 2023 07:29:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хуманитарен коридор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitaren-koridor/ 32 32 Загинаа петмина од грчкиот хуманитарен тим кој помагаше во Либија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaginaa-petmina-od-grchkiot-humanitaren-tim-koj-pomagashe-vo-libija/ Mon, 18 Sep 2023 07:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=682742

Тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи го загубија животот во сообраќајната несреќа во Либија, што се случи од засега непознати причини и под неразјаснети околности, кога возило удрило во автобусот на грчката хуманитарна мисија додека од аеродромот во Бенгази се упатувале кон градот Дарна, јави дописничката на МИА од Атина.

Телата на загинатите со авион на военото воздухопловство се враќаат во Атина, додека пак во сообраќајната несреќа веројатно има и повредени припадници на грчката армија, меѓутоа официјално не постојат информации.

Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас изрази длабока тага за смртта на тројцата припадници на армијата, како и за загубата на животите на двајцата цивили кои беа дел од истата мисија и соопшти дека со негова одлука, прогласена е тридневна жалост во армијата.

Нашите мисли во овој момент се со семејствата на жртвите во несреќата, на кои им изразуваме најискрено сочувство, како и на повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување, рече Дендиас.

Неколку припадници на грчката армија, дел од хуманитарната помош што денеска пристигна во Либија се повредени во сообраќајна несреќа на пат кон градот Дерна, кога автобусот со медицинскиот пе

За сообраќајната несреќа првичните официјални информации од Генералштабот на националната одбрана на Грција беа дека се полесно повредени неколку припадници на грчката армија кога автобусот со медицински персонал се судрил со возило кое се движело во спротивна насока и истакнаа дека се прават напори грчкиот тим да се врати во Грција, а слично беше и соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција дека по сообраќајната несреќа „во координација со Министерството за национална одбрана, ОН и Европската унија, генералниот конзулат на Грција во Бенгази е во состојба на готовност за обезбедување помош за делегацијата и да помогне во враќањето во Грција“.

Кусо подоцна, светските новински агенции, пренесувајќи изјава на министерот за здравство на Либија, објавија дека во сообраќајната несреќа загинале четири лица.

Неколку часа подоцна, околу полноќ од Генералштабот на грчката армија соопштија дека „тројца членови на грчката хуманитарна мисија ги загубија животите, а двајца се водат за исчезнати“.

Грција вчера испрати хуманитарна помош, во Либија, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна.

The post Загинаа петмина од грчкиот хуманитарен тим кој помагаше во Либија appeared first on Република.

]]>

Тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи го загубија животот во сообраќајната несреќа во Либија, што се случи од засега непознати причини и под неразјаснети околности, кога возило удрило во автобусот на грчката хуманитарна мисија додека од аеродромот во Бенгази се упатувале кон градот Дарна, јави дописничката на МИА од Атина. Телата на загинатите со авион на военото воздухопловство се враќаат во Атина, додека пак во сообраќајната несреќа веројатно има и повредени припадници на грчката армија, меѓутоа официјално не постојат информации. Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас изрази длабока тага за смртта на тројцата припадници на армијата, како и за загубата на животите на двајцата цивили кои беа дел од истата мисија и соопшти дека со негова одлука, прогласена е тридневна жалост во армијата.
Нашите мисли во овој момент се со семејствата на жртвите во несреќата, на кои им изразуваме најискрено сочувство, како и на повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување, рече Дендиас.
Неколку припадници на грчката армија, дел од хуманитарната помош што денеска пристигна во Либија се повредени во сообраќајна несреќа на пат кон градот Дерна, кога автобусот со медицинскиот пе За сообраќајната несреќа првичните официјални информации од Генералштабот на националната одбрана на Грција беа дека се полесно повредени неколку припадници на грчката армија кога автобусот со медицински персонал се судрил со возило кое се движело во спротивна насока и истакнаа дека се прават напори грчкиот тим да се врати во Грција, а слично беше и соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција дека по сообраќајната несреќа „во координација со Министерството за национална одбрана, ОН и Европската унија, генералниот конзулат на Грција во Бенгази е во состојба на готовност за обезбедување помош за делегацијата и да помогне во враќањето во Грција“. Кусо подоцна, светските новински агенции, пренесувајќи изјава на министерот за здравство на Либија, објавија дека во сообраќајната несреќа загинале четири лица. Неколку часа подоцна, околу полноќ од Генералштабот на грчката армија соопштија дека „тројца членови на грчката хуманитарна мисија ги загубија животите, а двајца се водат за исчезнати“. Грција вчера испрати хуманитарна помош, во Либија, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна.

The post Загинаа петмина од грчкиот хуманитарен тим кој помагаше во Либија appeared first on Република.

]]>
Oд 10 утрово Русите ќе прекинат со гранатирање во Мариупол и Волноваха за отворање хуманитарен коридор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-10-utrovo-rusite-kje-prekinat-so-granatiranje-vo-mariupol-i-volnovaha-za-otvoranje-humanitaren-koridor/ Sat, 05 Mar 2022 08:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=468054

Руските сили денеска во 10 часот по московско време ќе го прекинат огнот за да овозможат хуманитарни коридори од украинските градови Мариупол и Волноваха, соопшти руското Министерство за одбрана.

Русија и Украина на разговорите во четвртокот се согласија дека треба да се воспостават хуманитарни коридори и прекин на огнот.

Мариупол, стратешко пристаниште во источна Украина, е под опсада и блокада и трпи немилосрдни напади од руските сили, изјави денеска градоначалникот на овој приморски град, Вадим Боиченко, на десеттиот ден од руската инвазија.

За викендов е договорена третата рунда преговори меѓу руската и украинската страна.

Веќе пет дена нашиот град, нашите семејства и половина милион жители се под немилосрдни напади, напиша на Телеграм градоначалникот Боиченко, притоа повика и на продолжување на отпорот на неговите сограѓани и украинските сили.

Во градот нема струја и вода, а властите велат дека не можат да ги евакуираат ранетите, а ситуацијата многумина ја споредуваат со опсадата на Ленинград во Втората светска војна.

The post Oд 10 утрово Русите ќе прекинат со гранатирање во Мариупол и Волноваха за отворање хуманитарен коридор appeared first on Република.

]]>

Руските сили денеска во 10 часот по московско време ќе го прекинат огнот за да овозможат хуманитарни коридори од украинските градови Мариупол и Волноваха, соопшти руското Министерство за одбрана. Русија и Украина на разговорите во четвртокот се согласија дека треба да се воспостават хуманитарни коридори и прекин на огнот. Мариупол, стратешко пристаниште во источна Украина, е под опсада и блокада и трпи немилосрдни напади од руските сили, изјави денеска градоначалникот на овој приморски град, Вадим Боиченко, на десеттиот ден од руската инвазија. За викендов е договорена третата рунда преговори меѓу руската и украинската страна.
Веќе пет дена нашиот град, нашите семејства и половина милион жители се под немилосрдни напади, напиша на Телеграм градоначалникот Боиченко, притоа повика и на продолжување на отпорот на неговите сограѓани и украинските сили.
Во градот нема струја и вода, а властите велат дека не можат да ги евакуираат ранетите, а ситуацијата многумина ја споредуваат со опсадата на Ленинград во Втората светска војна.

The post Oд 10 утрово Русите ќе прекинат со гранатирање во Мариупол и Волноваха за отворање хуманитарен коридор appeared first on Република.

]]>