хуманитарен конвој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitaren-konvoj/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Feb 2023 16:22:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хуманитарен конвој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humanitaren-konvoj/ 32 32 Хуманитарен конвој на УТМС пристигна во Турција https://arhiva3.republika.mk/zivot/humanitaren-konvoj-na-utms-pristigna-vo-turtsija/ Thu, 23 Feb 2023 19:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=612444

Хуманитарниот конвој на Универзитетот за туризам и менаџмент вчера пристигна во Истанбул, Турција. Денеска, во координација со Амбасадата на Република Турција, хуманитарната помош што ја превезуваше конвојот ѝ беше предадена на АФАД, агенцијата за управување со кризи на турското Министерство за внатрешни работи. Ова тело на турската влада е одговорно хуманитарната помош што пристига во моментов во Турција од целиот свет да дојде до преживеаните во областите зафатени од катастрофалниот земјотрес што ја погодија земјата на 6 февруари годинава, а во кој, според официјалните бројки, загинаа околу 41.000 луѓе.

Конвојот на УТМС, високообразовна и општествено одговорна установа, вчера, на иницијатива на ректорот проф. д-р Аце Миленковски, се упати кон Турција. Дел од вработените од Универзитетот, а во име на целиот колектив и во име на студентите на УТМС, сесрдно се нафатија да ја испорачаат лично, хуманитарната помош што ја обезбеди Универзитетот за настраданите во земјотресот, а која се состои од храна, пијалаци и ќебиња со вредност од над 1,5 милиони денари. Посакаа, со своето директно присуство, да ја изразат својата солидарност со народот на Турција во овие тешки мигови за нацијата.

Писмо на жалење за катастрофата што ја погоди Турција упати и ректорот Миленковски веднаш по несреќните настани на 6 февруари годинава. „Нашиот народ стои рамо до рамо со турскиот народ. Спремни сме да помогнеме на секаков начин, како Универзитет, но пред сѐ како луѓе“, истакна ректорот Миленковски во своето јавно писмо упатено до турскиот народ на денот на катастрофата. Вчера и денеска, неговиот тим ја покажа оваа посветеност на дело, во Истанбул, рамо до рамо со турскиот народ.

Колективот на УТМС ѝ посакува брзо закрепнување на турската нација, изразувајќи надеж дека ваква катастрофа никогаш повеќе нема никому да се случи!

The post Хуманитарен конвој на УТМС пристигна во Турција appeared first on Република.

]]>

Хуманитарниот конвој на Универзитетот за туризам и менаџмент вчера пристигна во Истанбул, Турција. Денеска, во координација со Амбасадата на Република Турција, хуманитарната помош што ја превезуваше конвојот ѝ беше предадена на АФАД, агенцијата за управување со кризи на турското Министерство за внатрешни работи. Ова тело на турската влада е одговорно хуманитарната помош што пристига во моментов во Турција од целиот свет да дојде до преживеаните во областите зафатени од катастрофалниот земјотрес што ја погодија земјата на 6 февруари годинава, а во кој, според официјалните бројки, загинаа околу 41.000 луѓе. Конвојот на УТМС, високообразовна и општествено одговорна установа, вчера, на иницијатива на ректорот проф. д-р Аце Миленковски, се упати кон Турција. Дел од вработените од Универзитетот, а во име на целиот колектив и во име на студентите на УТМС, сесрдно се нафатија да ја испорачаат лично, хуманитарната помош што ја обезбеди Универзитетот за настраданите во земјотресот, а која се состои од храна, пијалаци и ќебиња со вредност од над 1,5 милиони денари. Посакаа, со своето директно присуство, да ја изразат својата солидарност со народот на Турција во овие тешки мигови за нацијата. Писмо на жалење за катастрофата што ја погоди Турција упати и ректорот Миленковски веднаш по несреќните настани на 6 февруари годинава. „Нашиот народ стои рамо до рамо со турскиот народ. Спремни сме да помогнеме на секаков начин, како Универзитет, но пред сѐ како луѓе“, истакна ректорот Миленковски во своето јавно писмо упатено до турскиот народ на денот на катастрофата. Вчера и денеска, неговиот тим ја покажа оваа посветеност на дело, во Истанбул, рамо до рамо со турскиот народ. Колективот на УТМС ѝ посакува брзо закрепнување на турската нација, изразувајќи надеж дека ваква катастрофа никогаш повеќе нема никому да се случи!

The post Хуманитарен конвој на УТМС пристигна во Турција appeared first on Република.

]]>
Во украинскиот град Суми се отворени хуманитарни коридори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ukrainskiot-grad-sumi-se-otvoreni-humanitarni-koridori/ Sat, 12 Mar 2022 18:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=471861

Хуманитарни коридори денеска се воспоставени за североисточниот украински град, Суми.

Веста ја објави градоначалникот Дмитри Живицки на Телеграм, при што додаде дека напорите за евакуација вклучуваат возила кои заминуваат од шест дестинации низ регионот.

Сите конвои се упатуваат кон централниот град Полтава и се очекува да пристигнат за неколку часа.

The post Во украинскиот град Суми се отворени хуманитарни коридори appeared first on Република.

]]>

Хуманитарни коридори денеска се воспоставени за североисточниот украински град, Суми. Веста ја објави градоначалникот Дмитри Живицки на Телеграм, при што додаде дека напорите за евакуација вклучуваат возила кои заминуваат од шест дестинации низ регионот. Сите конвои се упатуваат кон централниот град Полтава и се очекува да пристигнат за неколку часа.

The post Во украинскиот град Суми се отворени хуманитарни коридори appeared first on Република.

]]>
Русија за утре наутро нуди ново хуманитарно примирје за евакуација на цивили во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-za-utre-nautro-nudi-novo-humanitarno-primirje-za-evakuacija-na-civili-vo-ukraina/ Tue, 08 Mar 2022 21:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=469812

Руската армија најави дека утре наутро ќе воведе ново примирје за евакуација на цивили од Украина, по воспоставувањето на хуманитарни коридори.

 Русија најавува прекин на огнот на 9 март во 10 часот по московско време (08:00 часот по средноевропско време) и е подготвена да воспостави хуманитарни коридори - соопшти одделот задолжен за овие прашања во руската Влада.

Според официјална Москва, предлогот ќе им биде пренесен на украинските власти, кои до полноќ треба да го потврдат воспоставувањето на хуманитарните коридори и од колку часот тие ќе бидат во функција.

Утринава беа воспоставени патишта за евакуација на цивили, особено од местото Суми на североисток, од каде во текот на денот тргнаа два конвои. Продолжуваат евакуациите и во регионот на Киев.

Во другите градови, како Буча на север и Мариупол на југ, цивилите сè уште се блокирани.

The post Русија за утре наутро нуди ново хуманитарно примирје за евакуација на цивили во Украина appeared first on Република.

]]>

Руската армија најави дека утре наутро ќе воведе ново примирје за евакуација на цивили од Украина, по воспоставувањето на хуманитарни коридори.
 Русија најавува прекин на огнот на 9 март во 10 часот по московско време (08:00 часот по средноевропско време) и е подготвена да воспостави хуманитарни коридори - соопшти одделот задолжен за овие прашања во руската Влада.
Според официјална Москва, предлогот ќе им биде пренесен на украинските власти, кои до полноќ треба да го потврдат воспоставувањето на хуманитарните коридори и од колку часот тие ќе бидат во функција. Утринава беа воспоставени патишта за евакуација на цивили, особено од местото Суми на североисток, од каде во текот на денот тргнаа два конвои. Продолжуваат евакуациите и во регионот на Киев. Во другите градови, како Буча на север и Мариупол на југ, цивилите сè уште се блокирани.

The post Русија за утре наутро нуди ново хуманитарно примирје за евакуација на цивили во Украина appeared first on Република.

]]>