хумана акција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humana-akcija/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jan 2024 09:41:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хумана акција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/humana-akcija/ 32 32 Парите дарувани за Светиот крст во Кавадарци ќе се донираат за лекување на младиот Бошко https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/parite-daruvani-za-svetiot-krst-vo-kavadartsi-ke-se-doniraat-za-lekuvane-na-mladiot-boshko/ Sat, 20 Jan 2024 09:41:33 +0000 https://republika.mk/?p=734865

Светиот крст изваден од осветената вода на реката Луда Мара вчера на верскиот празник Водици, денеска ќе биде изложен на градскиот плоштад во Кавадарци. Даруваните пари ќе се донираат за лекување на кавадарчанец.

Нека духот на овој голем празник Богојавление биде поттик за сплотување и обединување, за грижата на целата заедница, за подадена рака, насмевка и љубов на секој еден во заедницата, напиша на „Фејсбук“ 32-годишниот Илија Петров кој вчера го фати крстот во реката Луда Мара.

Петров веќе 15 години учествува на манифестацијата за Богојавление-Водици, а втор пат успева да го фати крстот.

Крстот, како што напиша тој во објавата, ќе биде изложен од 9 до 15 часот, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекувањето на кавадарчанецот Бошко Јанкулов.

https://republika.mk/zivot/servisi/site-zaedno-za-boshko-jankulov-da-pomogneme-da-go-pobedi-rakot/

The post Парите дарувани за Светиот крст во Кавадарци ќе се донираат за лекување на младиот Бошко appeared first on Република.

]]>

Светиот крст изваден од осветената вода на реката Луда Мара вчера на верскиот празник Водици, денеска ќе биде изложен на градскиот плоштад во Кавадарци. Даруваните пари ќе се донираат за лекување на кавадарчанец.
Нека духот на овој голем празник Богојавление биде поттик за сплотување и обединување, за грижата на целата заедница, за подадена рака, насмевка и љубов на секој еден во заедницата, напиша на „Фејсбук“ 32-годишниот Илија Петров кој вчера го фати крстот во реката Луда Мара.
Петров веќе 15 години учествува на манифестацијата за Богојавление-Водици, а втор пат успева да го фати крстот. Крстот, како што напиша тој во објавата, ќе биде изложен од 9 до 15 часот, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекувањето на кавадарчанецот Бошко Јанкулов. https://republika.mk/zivot/servisi/site-zaedno-za-boshko-jankulov-da-pomogneme-da-go-pobedi-rakot/

The post Парите дарувани за Светиот крст во Кавадарци ќе се донираат за лекување на младиот Бошко appeared first on Република.

]]>
Хуман предлог од кој ќе се чувствувате подобро се шири по социјалните мрежи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/human-predlog-od-koj-ke-se-chuvstvuvate-podobro-se-shiri-po-sotsijalnite-mrezhi/ Wed, 25 Oct 2023 16:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=694994

На социјалните мрежи се шири предлог за хумана акција, со која ем ќе помогнете некому кому му треба, ем ќе се чувствувате подобро поради тоа.

Имам еден хуман предлог за овој период од годината:
Сите вие кои по цел ден, а некои и ноќ, одат по теретани, фитнеси и сл., прашајте дедовци и баби по комшии коиживеат сами и не можат да си ги исцепат и пренесат дрвата, да им помогнете!
Ќе се чувствувате поубаво, верувајте, после едно добро дело доаѓа и второ па трето итн.,а така се станува подобар човек.
Споделете ако ви се допага идејата, се вели во предлогот.

The post Хуман предлог од кој ќе се чувствувате подобро се шири по социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се шири предлог за хумана акција, со која ем ќе помогнете некому кому му треба, ем ќе се чувствувате подобро поради тоа.
Имам еден хуман предлог за овој период од годината: Сите вие кои по цел ден, а некои и ноќ, одат по теретани, фитнеси и сл., прашајте дедовци и баби по комшии коиживеат сами и не можат да си ги исцепат и пренесат дрвата, да им помогнете! Ќе се чувствувате поубаво, верувајте, после едно добро дело доаѓа и второ па трето итн.,а така се станува подобар човек. Споделете ако ви се допага идејата, се вели во предлогот.

The post Хуман предлог од кој ќе се чувствувате подобро се шири по социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
„Бимилк“ подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bimilk-podarotsi-za-detsata-od-sotsijalno-zagrozenite-i-ranlivite-kategorii-niz-tsela-makedonija/ Tue, 27 Dec 2022 11:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=590481

За повесели и посреќни празници „Бимилк“ и оваа година за децата од ранливите категории донираше новогодишни пакетчиња низ цела Македонија, со што придонесе за новогодишната и празничната радост да стигне во што повеќе домови и до секое дете.

Празниците се период за споделување, а новогодишните празници се најголемата радост за децата. Тоа што живееме во време на економска нестабилност не треба да нè спречува како општествено одговорни компании сите да помогнеме и да придонесеме за секое дете да ја почувствува радоста и задоволството на празниците. Лично сметам дека е наша обврска да ѝ вратиме на заедницата во која дејствуваме, бидејќи токму таа заедница е онаа што го гради брендот на Бимилк веќе 70 години наназад. Децата се нашата клучна категорија и секој придонес за нивно подобро здравје е наша долгорочна цел и заложба на која континуирано работиме, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во „Бимилк“.

За донацијата се избрани омилените производи за децата така што пакетчињата содржат различни млечни производи со овошнии чоколадни вкусови и сокови од портфолиото на компанијата. Новогодишни подароци од Бимилк ќе добијат 780 деца од осум социјални и згрижувачки центри од целата држава. Распределбата и доставата до децата се одвива преку организациите на Црвен крст, општинска организација Кисела Вода и општинска организација Битола, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Институт за Церебрална парализа - Битола, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Центар за лица со Даунов Синдром/Инвалидитет – Битола, СОС детско село и Детскиот креативен центар во склоп на МКЦ, Аутизам ААМК.

Битолска млекара и во минатото помагала на најразлични начини за социјално ранливите категории и за добросостојбата на заедницата воопшто, соработувајќи со повеќе невладини организации и здруженија.

The post „Бимилк“ подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>

За повесели и посреќни празници „Бимилк“ и оваа година за децата од ранливите категории донираше новогодишни пакетчиња низ цела Македонија, со што придонесе за новогодишната и празничната радост да стигне во што повеќе домови и до секое дете.
Празниците се период за споделување, а новогодишните празници се најголемата радост за децата. Тоа што живееме во време на економска нестабилност не треба да нè спречува како општествено одговорни компании сите да помогнеме и да придонесеме за секое дете да ја почувствува радоста и задоволството на празниците. Лично сметам дека е наша обврска да ѝ вратиме на заедницата во која дејствуваме, бидејќи токму таа заедница е онаа што го гради брендот на Бимилк веќе 70 години наназад. Децата се нашата клучна категорија и секој придонес за нивно подобро здравје е наша долгорочна цел и заложба на која континуирано работиме, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во „Бимилк“.
За донацијата се избрани омилените производи за децата така што пакетчињата содржат различни млечни производи со овошнии чоколадни вкусови и сокови од портфолиото на компанијата. Новогодишни подароци од Бимилк ќе добијат 780 деца од осум социјални и згрижувачки центри од целата држава. Распределбата и доставата до децата се одвива преку организациите на Црвен крст, општинска организација Кисела Вода и општинска организација Битола, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Институт за Церебрална парализа - Битола, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Центар за лица со Даунов Синдром/Инвалидитет – Битола, СОС детско село и Детскиот креативен центар во склоп на МКЦ, Аутизам ААМК. Битолска млекара и во минатото помагала на најразлични начини за социјално ранливите категории и за добросостојбата на заедницата воопшто, соработувајќи со повеќе невладини организации и здруженија.

The post „Бимилк“ подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>
Да бидеме хумани: Да обезбедиме новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-bideme-humani-da-obezbedime-novogodishni-paketchinja-za-decata-od-socijalno-zagrozeni-semejstva/ Mon, 05 Dec 2022 10:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=582080

Четврта година по ред, преку нејзиниот инстаграм профил кој е инспирација за многу мајки, Елена Гагиќ во соработка и со други мајки преку својата мисија на проектот „Да бидеме хумани“ подаруваат искрени насмевки и радост за новогодишните празници. Токму таа изминатите години како активистка на социјалните мрежи потикнаа многу граѓани и компании заедно да донираат за децата од социјално загрозените семејства да ја почувствуваат новогодишната магија, во соработка со здружението „Љубезност" и здружението „Линк“.

Навистина тешки мигови пребродувавме за време на Ковид пандемијата сега и за енергетска криза, но секогаш треба да бидеме хумани и да помогнеме барем за новогодишните празници секое дете да му подариме насмевка со едно пакетче. Затоа испраќам апел до секој поединец и до секоја компанија да се обединиме и да бидеме сите хумани. Секој кој сака да биде дел од оваа приказна може да донира директно преку телефонот на Телеком: 070/143-100 и А1: 143-777 или преку жиро сметка на „Љубезност“, на Комерцијална банка 300-00000-429785 со назнака Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца и исто така може да креирате пакетче и да го доставите, вели Елена Гагиќ Стојчевска.

Таа пресреќна додава дека пред четири години на социјалните мрежи промовираме како родителите дома заедно со децата активно да поминат квалитетно време, да се забавуваат а воедно да ги оттргнат децата од модерните технологии. Така и оваа година е истиот концепт и благодарна е што секоја година се донираат над 1500 новогодишни пакетчиња. Целта на проектот е да соберат што повеќе донации, а се промовира преку социјалната мрежа Инстаграм, на која работат со повеќе групи. Оваа година ќе промовираат и поддржат над 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој проект.

Проектот е да создадат што повеќе детски насмевки, така што собраните средства од донациите заедно со здружението "Љубезност" кои се нивна водилка во проектот, ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, додека преку здружението „Линк“ пакетчиња наменети за деца во од руралните средини во тетовско и кумановско.

Елена порачува: „Секое дете на светот е исто и секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови. Да бидеме сите хумани и да создаваме насмевки"

 

The post Да бидеме хумани: Да обезбедиме новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства appeared first on Република.

]]>

Четврта година по ред, преку нејзиниот инстаграм профил кој е инспирација за многу мајки, Елена Гагиќ во соработка и со други мајки преку својата мисија на проектот „Да бидеме хумани“ подаруваат искрени насмевки и радост за новогодишните празници. Токму таа изминатите години како активистка на социјалните мрежи потикнаа многу граѓани и компании заедно да донираат за децата од социјално загрозените семејства да ја почувствуваат новогодишната магија, во соработка со здружението „Љубезност" и здружението „Линк“.
Навистина тешки мигови пребродувавме за време на Ковид пандемијата сега и за енергетска криза, но секогаш треба да бидеме хумани и да помогнеме барем за новогодишните празници секое дете да му подариме насмевка со едно пакетче. Затоа испраќам апел до секој поединец и до секоја компанија да се обединиме и да бидеме сите хумани. Секој кој сака да биде дел од оваа приказна може да донира директно преку телефонот на Телеком: 070/143-100 и А1: 143-777 или преку жиро сметка на „Љубезност“, на Комерцијална банка 300-00000-429785 со назнака Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца и исто така може да креирате пакетче и да го доставите, вели Елена Гагиќ Стојчевска.
Таа пресреќна додава дека пред четири години на социјалните мрежи промовираме како родителите дома заедно со децата активно да поминат квалитетно време, да се забавуваат а воедно да ги оттргнат децата од модерните технологии. Така и оваа година е истиот концепт и благодарна е што секоја година се донираат над 1500 новогодишни пакетчиња. Целта на проектот е да соберат што повеќе донации, а се промовира преку социјалната мрежа Инстаграм, на која работат со повеќе групи. Оваа година ќе промовираат и поддржат над 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој проект. Проектот е да создадат што повеќе детски насмевки, така што собраните средства од донациите заедно со здружението "Љубезност" кои се нивна водилка во проектот, ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, додека преку здружението „Линк“ пакетчиња наменети за деца во од руралните средини во тетовско и кумановско. Елена порачува: „Секое дете на светот е исто и секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови. Да бидеме сите хумани и да создаваме насмевки"  

The post Да бидеме хумани: Да обезбедиме новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства appeared first on Република.

]]>
Хумана акција на центарските градинки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/humana-akcija-na-centarskite-gradinki/ Tue, 01 Nov 2022 12:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=568302

Во соработка со децата и родителите од трите центарски градинки, поделивме пакети со храна и хигиенски производи на згрижувачките семејства на деца без родители од Кале и малите групни домови во Капиштец, сподели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во рамки на акцијата реализирана од детските градинки, „Од дете за дете“, денес беше поделен 31 пакет на децата од социјално загрозените категории.

Сакам да им се заблагодарам и на нашите пријатели од невладината „Банка за Храна“, без кои овие хумани акции немаше да бидат можни, рече градоначалникот.

The post Хумана акција на центарските градинки appeared first on Република.

]]>

Во соработка со децата и родителите од трите центарски градинки, поделивме пакети со храна и хигиенски производи на згрижувачките семејства на деца без родители од Кале и малите групни домови во Капиштец, сподели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Во рамки на акцијата реализирана од детските градинки, „Од дете за дете“, денес беше поделен 31 пакет на децата од социјално загрозените категории. Сакам да им се заблагодарам и на нашите пријатели од невладината „Банка за Храна“, без кои овие хумани акции немаше да бидат можни, рече градоначалникот.

The post Хумана акција на центарските градинки appeared first on Република.

]]>