хуан мата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/huan-mata/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 07:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хуан мата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/huan-mata/ 32 32 Се се сеќавате на Мата, ќе игра во Австралија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/se-se-sekavate-na-mata-ke-igra-vo-avstralija/ Fri, 06 Sep 2024 13:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=813682

Шпанскиот фудбалер Хуан Мата потпиша договор со Вестерн Сиднеј Вондерерс од Австралија.
Австралискиот клуб го потврди трансферот синоќа преку социјалните мрежи.

Прославениот Мата (36) им се приклучува на Вондерерс како слободен играч откако во јануари оваа година го раскина договорот со јапонскиот Висел Кобе.

„Се приклучувам на Вестерн Сиднеј Вондерерс, единствениот австралиски тим кој некогаш ја освоил азиската Лига на шампиони, и едвај чекам да стигнам таму и да почнам да тренирам со тимот за да се подготвам за претстојната сезона“, објави Мата на социјалните мрежи.

Мата ја освои јапонската лига минатата сезона со Висел Кобе, иако одигра само еден натпревар за клубот.
„Трансферот на Хуан во нашиот клуб и тим е бесценет. Хуан ќе му помогне на нашиот тим на теренот, но уште поважно е дека тој ќе биде важна фигура во забрзувањето на напредокот и развојот на нашиот млад тим“, изјави тренерот на Вондерерс, Ален Стајчиќ.
Во својата кариера Мата настапуваше за Реал Мадрид Б, Валенсија, Челзи, Манчестер Јунајтед, Галатасарај и Висел Кобе.
Со Челзи во 2012 година ја освои Лигата на шампиони, додека Светското првенство во 2010 година го освои со шпанската репрезентација, за која забележа 41 настапи и постигна 10 голови.

The post Се се сеќавате на Мата, ќе игра во Австралија appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот фудбалер Хуан Мата потпиша договор со Вестерн Сиднеј Вондерерс од Австралија. Австралискиот клуб го потврди трансферот синоќа преку социјалните мрежи. Прославениот Мата (36) им се приклучува на Вондерерс како слободен играч откако во јануари оваа година го раскина договорот со јапонскиот Висел Кобе.
„Се приклучувам на Вестерн Сиднеј Вондерерс, единствениот австралиски тим кој некогаш ја освоил азиската Лига на шампиони, и едвај чекам да стигнам таму и да почнам да тренирам со тимот за да се подготвам за претстојната сезона“, објави Мата на социјалните мрежи.
Мата ја освои јапонската лига минатата сезона со Висел Кобе, иако одигра само еден натпревар за клубот. „Трансферот на Хуан во нашиот клуб и тим е бесценет. Хуан ќе му помогне на нашиот тим на теренот, но уште поважно е дека тој ќе биде важна фигура во забрзувањето на напредокот и развојот на нашиот млад тим“, изјави тренерот на Вондерерс, Ален Стајчиќ. Во својата кариера Мата настапуваше за Реал Мадрид Б, Валенсија, Челзи, Манчестер Јунајтед, Галатасарај и Висел Кобе. Со Челзи во 2012 година ја освои Лигата на шампиони, додека Светското првенство во 2010 година го освои со шпанската репрезентација, за која забележа 41 настапи и постигна 10 голови.

The post Се се сеќавате на Мата, ќе игра во Австралија appeared first on Република.

]]>