хрватски министер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrvatski-minister/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Nov 2023 11:16:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хрватски министер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrvatski-minister/ 32 32 Баножиќ по магла претекнувал камион: Во судирот загинал 40 годишен возач на комбе https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/banozhik-po-magla-preteknuval-kamion-vo-sudirot-zaginal-40-godishen-vozach-na-kombe/ Sat, 11 Nov 2023 11:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=700517

Возачот на комбето кој загина во сообраќајната несреќа во која учествуваше и хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ е 40-годишен маж од Хрватска.

Како што пишува „Јутарњи лист“ мажот е сопственик на градежна фирма и најверојатно утрово заминал во Винковци на градилиште. Тие пишуваат и дека мажот бил оженет и е татко на две малолетни деца.

Министерот за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот одејќи на лов управувал лично возило кое се судрило со комбе, пришто загинал возачот на комбето.

Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Од жупаниската општа болница Винковци потврдија дека министерот е тешко повреден, а владиниот портпарол изјави дека не е во животна опасност. Поради повредите тој ќе биде пренесен во КБЦ Осиек.

Медиумите од Хрватска јавуваат дека за време на судирот, на патот имало густа магла. Според неофицијални информации до кои дојдоа дел од хрватските медиуми, министерот управувајќи џип претекнувал камион кога удрил во комбето кое доаѓало од спротивната насока, меѓутоа се уште нема официјална потврда од хрватската полиција за причините за несреќата.

Во тек е истрага.

The post Баножиќ по магла претекнувал камион: Во судирот загинал 40 годишен возач на комбе appeared first on Република.

]]>

Возачот на комбето кој загина во сообраќајната несреќа во која учествуваше и хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ е 40-годишен маж од Хрватска. Како што пишува „Јутарњи лист“ мажот е сопственик на градежна фирма и најверојатно утрово заминал во Винковци на градилиште. Тие пишуваат и дека мажот бил оженет и е татко на две малолетни деца. Министерот за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот одејќи на лов управувал лично возило кое се судрило со комбе, пришто загинал возачот на комбето. Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Од жупаниската општа болница Винковци потврдија дека министерот е тешко повреден, а владиниот портпарол изјави дека не е во животна опасност. Поради повредите тој ќе биде пренесен во КБЦ Осиек. Медиумите од Хрватска јавуваат дека за време на судирот, на патот имало густа магла. Според неофицијални информации до кои дојдоа дел од хрватските медиуми, министерот управувајќи џип претекнувал камион кога удрил во комбето кое доаѓало од спротивната насока, меѓутоа се уште нема официјална потврда од хрватската полиција за причините за несреќата. Во тек е истрага.

The post Баножиќ по магла претекнувал камион: Во судирот загинал 40 годишен возач на комбе appeared first on Република.

]]>
Хрватски министер тешко повреден во сообраќајна несреќа, едно лице загина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatski-minister-teshko-povreden-vo-soobrakajna-nesreka-edno-litse-zagina/ Sat, 11 Nov 2023 11:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=700514

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на градот Жупања, во која едно лице загина.

Тој управувал со своето возило во кое немало други лица и се судрил со комбе чиј возач загинал.

Според неофицијални информации, Баножиќ утрово заминал на лов.

Причините за несреќата се истражуваат.

Баножиќ од болницата во Жупања е префрлен во Клиничкиот центар во Осиек.

The post Хрватски министер тешко повреден во сообраќајна несреќа, едно лице загина appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на градот Жупања, во која едно лице загина. Тој управувал со своето возило во кое немало други лица и се судрил со комбе чиј возач загинал. Според неофицијални информации, Баножиќ утрово заминал на лов. Причините за несреќата се истражуваат. Баножиќ од болницата во Жупања е префрлен во Клиничкиот центар во Осиек.

The post Хрватски министер тешко повреден во сообраќајна несреќа, едно лице загина appeared first on Република.

]]>