хрватска - украина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrvatska-ukraina/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Oct 2022 19:39:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хрватска - украина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrvatska-ukraina/ 32 32 Пелоси ѝ заблагодари на Хрватска што го користи своето воено искуство за да ѝ помогне на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pelosi-zablagodari-na-hrvatska-shto-go-koristi-svoeto-voeno-iskustvo-za-da-pomogne-na-ukraina/ Mon, 24 Oct 2022 19:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=565090

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во парламентот се заблагодари за хрватската воена помош за Украина, за гостопримството кон украинските бегалци и за користењето на сопственото искуство за да и’ помогне на Украина да победи во војната против Русија.

Во хрватскиот парламент Пелоси потсети како била во Хрватска за првпат во 90-тите години како лидер на демократите во поткомитетот за странска помош и „од прва рака ја посведочила храброста на хрватскиот народ и страдањето што Хрватска го чувствувала во рацете на својот сосед“.

Ѝ благодарам на Хрватска што го искористи тоа искуство за поддршка на Украина, додаде Пелоси на заедничката прес-конференција со претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ.

Јандроковиќ истакна дека првата посета на претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД покажува дека нивото на хрватско-американските односи е „навистина високо“.

Нашите односи се пријателски, партнерски, сојузнички, а Хрватска и САД ги делат истите вредности – слобода, мир, демократија, заштита на човековите права и основни слободи, додаде Јандроковиќ.

Пелоси оцени дека односите на САД со Хрватска растат на сите нивоа.

Нашата безбедносна соработка е важна не само за регионот, туку и за мирот во поширока смисла, рече таа.

Пелоси и Јандроковиќ посочија и дека постигнувањето договор за избегнување на двојното оданочување ќе доведе до зајакнување на економските врски и инвестициите.

Претседателот на хрватскиот Сабор рече и дека разговарале за ситуацијата во регионот и „искажале цврсто уверување дека процесот на проширување на Европската унија и НАТО е корисен за стабилноста на регионот“.

Но, сите земји кои сакаат да го достигнат тоа ниво мора да ги исполнат критериумите и неопходните стандарди, додаде тој.

The post Пелоси ѝ заблагодари на Хрватска што го користи своето воено искуство за да ѝ помогне на Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во парламентот се заблагодари за хрватската воена помош за Украина, за гостопримството кон украинските бегалци и за користењето на сопственото искуство за да и’ помогне на Украина да победи во војната против Русија. Во хрватскиот парламент Пелоси потсети како била во Хрватска за првпат во 90-тите години како лидер на демократите во поткомитетот за странска помош и „од прва рака ја посведочила храброста на хрватскиот народ и страдањето што Хрватска го чувствувала во рацете на својот сосед“.
Ѝ благодарам на Хрватска што го искористи тоа искуство за поддршка на Украина, додаде Пелоси на заедничката прес-конференција со претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ.
Јандроковиќ истакна дека првата посета на претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД покажува дека нивото на хрватско-американските односи е „навистина високо“.
Нашите односи се пријателски, партнерски, сојузнички, а Хрватска и САД ги делат истите вредности – слобода, мир, демократија, заштита на човековите права и основни слободи, додаде Јандроковиќ.
Пелоси оцени дека односите на САД со Хрватска растат на сите нивоа.
Нашата безбедносна соработка е важна не само за регионот, туку и за мирот во поширока смисла, рече таа.
Пелоси и Јандроковиќ посочија и дека постигнувањето договор за избегнување на двојното оданочување ќе доведе до зајакнување на економските врски и инвестициите. Претседателот на хрватскиот Сабор рече и дека разговарале за ситуацијата во регионот и „искажале цврсто уверување дека процесот на проширување на Европската унија и НАТО е корисен за стабилноста на регионот“.