хрватска рок група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrvatska-rok-grupa/ За подобро да се разбереме Fri, 06 May 2022 18:33:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хрватска рок група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrvatska-rok-grupa/ 32 32 Се распадна легендарната хрватска група „Прљаво казалиште“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/se-raspadna-legendarnata-hrvatska-grupa-prljavo-kazalishte/ Fri, 06 May 2022 18:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=498792

Хрватската рок-група Прљаво казалиште се распадна по 45 години постоење на регионалната музичка сцена, пишува „Јутарњи лист“.

Имено, главната причина поради која легендарната група ќе се распадне се несогласувањата меѓу основачите – пејачот Јасенко Хоура и тапанарот Тихомир Филеш.

Наводно, тие не се во добри односи и веќе не разговараат, а се спомнуваат и можни тужби. Проблемите настанале кога Хоура почнал да работи на самостојни проекти под името Прљаво казалиште, кои Филеш решил да ги забрани.

Како потсетување, оваа хрватска група настанала во 1977 ходина, под силно влијание на панкот како музички жанр. Првично, тие настапувале во музичкиот состав Цифершлус, во кој свиреле Даворин Боговиќ, Зоран Цветковиќ, Нинослав Храстек и Тихомир Филеш.

Откако им се придружил и Јасенко Хоура, тие го смениле името во Прљаво казалиште, а за името на групата се инспирирале од една епизода од стрипот „Алан Форд“.

Во 1985 година, Младен Бодалец ѝ се придружил на групата и го зазел местото на Даворин Боговиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=M85LQ2qjxU0

The post Се распадна легендарната хрватска група „Прљаво казалиште“ appeared first on Република.

]]>

Хрватската рок-група Прљаво казалиште се распадна по 45 години постоење на регионалната музичка сцена, пишува „Јутарњи лист“. Имено, главната причина поради која легендарната група ќе се распадне се несогласувањата меѓу основачите – пејачот Јасенко Хоура и тапанарот Тихомир Филеш. Наводно, тие не се во добри односи и веќе не разговараат, а се спомнуваат и можни тужби. Проблемите настанале кога Хоура почнал да работи на самостојни проекти под името Прљаво казалиште, кои Филеш решил да ги забрани. Како потсетување, оваа хрватска група настанала во 1977 ходина, под силно влијание на панкот како музички жанр. Првично, тие настапувале во музичкиот состав Цифершлус, во кој свиреле Даворин Боговиќ, Зоран Цветковиќ, Нинослав Храстек и Тихомир Филеш. Откако им се придружил и Јасенко Хоура, тие го смениле името во Прљаво казалиште, а за името на групата се инспирирале од една епизода од стрипот „Алан Форд“. Во 1985 година, Младен Бодалец ѝ се придружил на групата и го зазел местото на Даворин Боговиќ. https://www.youtube.com/watch?v=M85LQ2qjxU0

The post Се распадна легендарната хрватска група „Прљаво казалиште“ appeared first on Република.

]]>