хрватска полиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrvatska-politsija/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Sep 2023 13:45:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хрватска полиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrvatska-politsija/ 32 32 Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskata-politsija-uapsi-devet-navivachi-na-dinamo-vo-vrska-so-ubistvoto-vo-atina/ Sat, 23 Sep 2023 13:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=684409

Хрватската полиција уапси повеќе навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, кои грчкото правосудство ги поврзува со масовните немири во Атина во кои во август беше убиен грчкиот државјанин Михалис Кацурис, јавија денеска медиуми во Загреб.

Полицијата, засега, не изнесе детали, а медиумите наведуваат дека се лишени од слобода девет припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, а по уште еден се трага.

Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во инциденти кои се случија во Атина ноќта пред квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони.

Ширум Грција потоа беа уапсени вкупно 102 навивачи на загрепски Динамо, кои во грчките затвори чекаат да заврши истрагата, додека некои од осомничените, како што се тврди, успеале да ги напуштат грчките граници. ег/рп/

 

The post Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина appeared first on Република.

]]>

Хрватската полиција уапси повеќе навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, кои грчкото правосудство ги поврзува со масовните немири во Атина во кои во август беше убиен грчкиот државјанин Михалис Кацурис, јавија денеска медиуми во Загреб. Полицијата, засега, не изнесе детали, а медиумите наведуваат дека се лишени од слобода девет припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, а по уште еден се трага. Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во инциденти кои се случија во Атина ноќта пред квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони. Ширум Грција потоа беа уапсени вкупно 102 навивачи на загрепски Динамо, кои во грчките затвори чекаат да заврши истрагата, додека некои од осомничените, како што се тврди, успеале да ги напуштат грчките граници. ег/рп/  

The post Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина appeared first on Република.

]]>
Уапсен маж кој силувал девојче од нејзината шестта до единаесетта година во Задар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-mazh-koj-siluval-devojche-od-nejzinata-shestta-do-edinaesetta-godina-vo-zadar/ Sat, 23 Sep 2023 07:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=684267

Задарската полиција уапси маж поради тежок случај на педофилија што наводно се случувал повеќе години. Случајот е особено чувствителен поради малолетната жртва, девојче кое било сексуално злоставувано од нејзината шестта до единаесетта година, пренесува „Задарски лист“.

Станува збор за постар маж и девојче од задарски крај кои не се во роднинска врска. Според информациите на „Задарски лист“, тие живееле во истата куќа во сопственост на маж, во која како потстанари живеело семејството на девојчето.

Девојчето долго молчело за злоставувањето, а се пожалило кај училишниот психолог кој го алармирал целиот систем. Родителите не обрнувале посебно внимание на мажот поради неговата возраст, па дури и го пуштиле малото девојче да се прошета со него.

Поради малолетната жртва и чувствителноста на случајот, полицијата не смее да излезе во јавноста со информации за овој настан, а како што рече портпаролката на СВР Задар, Ивана Грбин, на овој начин се обидуваат да избегнат понатамошна виктимизација на жртвата.

The post Уапсен маж кој силувал девојче од нејзината шестта до единаесетта година во Задар appeared first on Република.

]]>

Задарската полиција уапси маж поради тежок случај на педофилија што наводно се случувал повеќе години. Случајот е особено чувствителен поради малолетната жртва, девојче кое било сексуално злоставувано од нејзината шестта до единаесетта година, пренесува „Задарски лист“. Станува збор за постар маж и девојче од задарски крај кои не се во роднинска врска. Според информациите на „Задарски лист“, тие живееле во истата куќа во сопственост на маж, во која како потстанари живеело семејството на девојчето. Девојчето долго молчело за злоставувањето, а се пожалило кај училишниот психолог кој го алармирал целиот систем. Родителите не обрнувале посебно внимание на мажот поради неговата возраст, па дури и го пуштиле малото девојче да се прошета со него. Поради малолетната жртва и чувствителноста на случајот, полицијата не смее да излезе во јавноста со информации за овој настан, а како што рече портпаролката на СВР Задар, Ивана Грбин, на овој начин се обидуваат да избегнат понатамошна виктимизација на жртвата.

The post Уапсен маж кој силувал девојче од нејзината шестта до единаесетта година во Задар appeared first on Република.

]]>