хрситијан мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrsitijan-mitskoski/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 19:23:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хрситијан мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrsitijan-mitskoski/ 32 32 Мицкоски: За мене ова било и ќе остане Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-mene-ova-bilo-i-ke-ostane-makedonija/ Wed, 03 Apr 2024 18:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=761849

Од минатото учиме да не ги правиме грешките во иднина. Ковачевски како да не научи од минатото, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот дуелот со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Говорејќи за двата Договори со Грција и Бугарија, Мицкоски изјави дека историската комисија се охрабрува да ја заврши работата пред влез на Македонија во ЕУ.

„Ова не е храбар чин Ковачевски, туку погрешен и катастрофален потег. Билатералниот договор со Бугарија е дел од преговарачката рамка и тоа веднаш од копенхагеншките критериуми, а не вие како што велите дека не е“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа обраќајќи се на Ковачевски кажа дека сите идни генерации треба да вложат повеќе енергија поради неговата и грешката на оваа Влада.

„До сега беше преговори по копенхашки критериуми, а сега и билатерален договор и сега треба да се враќаме назад да преговараме на основа на критериумите, а не како што направивте вие. Направивте голема грешка“, вели Мицкоски.

Генерациите до сега го посветиле животот на Македонија.

„Јас не ги менувам ставовите, целото свое политичко функционирање и иднина го ставив на маса. Никој тоа не го направил. Да немате дилема дека за мене државата е Македонија и ќе остане да биде Македонија“, заклучи Мицкоски.

Ковачевски на ова пак искоментира дека Мицкоски не ги менува ставовите затоа што нема ставови.

„Мицковски не може да ги менува ставовите од една причина што тој нема став никогаш и кога немате став, вие не може да го менувате. Кога имате став тогаш вие носите одлуки. Еве, прашувате за Преспанскиот договор. Преспанскиот договор е резултат на 30 години работа, ние 30 години имавме посредник од САД, од ОН, меѓутоа, адвокат од САД. И што требаше за да се постигне договор? Не го постигна Метју Нимиц договорот. Договорот го постигнаа двајца лидери коишто постигнаа договор и си пружија рака и ги решија односите помеѓу двете држави. Го решија тоа коешто никој немаше храброст претходно да го реши. Тоа е лидерство и тогаш беа истите обвинувања, немало да бидеме Македонци, јазикот немало да биде македонски и што добивме? Останавме Македонци како што сме и секогаш ќе бидеме и македонскиот јазик е македонски јазик и станавме земја членка на НАТО. Е тоа е лидерство и тоа е носење на одлуки, се друго е немање на став. Имавме референдум, еве ве прашувам уште еднаш, дали господинот Мицкоски гласаше на референдумот? Еве, конечно дознавме дека не сте гласале. Ќе кажам во 12 часот, па не кажувам во 12 часот, тоа беа одговорите колку што јас се сеќавам“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Мицкоски: За мене ова било и ќе остане Македонија appeared first on Република.

]]>

Од минатото учиме да не ги правиме грешките во иднина. Ковачевски како да не научи од минатото, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот дуелот со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Говорејќи за двата Договори со Грција и Бугарија, Мицкоски изјави дека историската комисија се охрабрува да ја заврши работата пред влез на Македонија во ЕУ.